Archive for December, 2005
За мојот задњи пост оваа година, се враќаме на рикепите какви што не сум ги направил веќе некое време. Од оправадни причини (кафана) не го фатив почетокот на утакмицата, али она што го видов стварно беше добро за гледање, И двете екипи играа атрактивно, а Мајами одлично се врати у живот по рибањето од Пистонси. Летаа цепелини и куцања од Вејд и Шек, а Визардси само ради Аренас не изгубија со огромна разлика. Идеме со белешките:
2 четвртина:
Се укључуем у игра на минута до крај на 1. полувреме, Мајами води 57-53, као и што очекував, пред се затоа што досега у сезона игра доста салбо у гости за тим кој конкурира за титула. Негде мора да им тргне, па си викам зашто не против редовните пациенти од Вашингтон.
- по две слободни на Вејд и Аренас.
- Никој нема у рекет на Визардси, Зо куца за 61-55, Мајами.
- Толку од 1. халф
- Као што можам да видам од статистикиве, Ентоан Вокер е кључот на водството на Мајами. Типот за 12 минути има 14 поени, осум скокови и 4 асиста. Да не поверуеш.
- Сеа дознавам дека Коби добил суспензија за лактот кој му го акна на Мајк Милер. Без него Лејкерси би требале да ги изгубат и двете средби (и две со Јута), мада глеано долгорочно, ова може да е најдобрата ствар која им се десила сезонава.
3 четвртина:
- Сеа глеам дека ѕверот вечерва не е Вокер, него Аренас кој у 1 халф има 29 поени! Негов рекорд за едно полувреме и рекорд уопште против Мајами.

- Шек куца па парви голтендинг на положување на Гилберт. 63-57, Хит.
- Џ.Вилијамс и Вејд погодуваат по два за 67-57.
- Луд пас од Вилијамс до никој, кој завршува на половината на Мајами. Мораше да потсети на времето од Сакто.
- Шек со куцање од цепелин одговара на 7 поени по ред на Аренас и Џејмисон.
- 2+1 на Гилберт. Момакот засега има 36 поени, а има уште 8 и пол минути до крај на четвртината.Нов цепелин, сеа од Вилијамс до Вејд.
- Аренас враќа со тројка за 73-70, Хит. Негов 39 поен.
- Вилијамс погодува трица.
- 5. фаул на Поузи на 6 и пол мин. до крај на чет.
- Поетот Итан Томас погодува две слободни за 78-77, Мајами. Дали знаете дека Итан има напишано неколку книги поезија и дека својата поезија јавно ја чита по клубови? Не личи на таков, а?
- Аренас, 41 поени на 5:20 до крај на чет.
- Овој период Мајами има шут од поле 8-8, а води само 82-79.
- Судиите му даваат два и додатно на Аренас, иако поените никако не смееа да важат. Со слободното тој има 44 поени, колку и што му е рекордот во кариерата.
- Шек иде на клупа, влегува Зо. Има ли некој тим боља центарска линија од Мајами?
- Пејтон утнуе за три и го расипува % на Мајами. Вејд го исправа, но у следниот напад Вокер промашува за три. 89-87, Мајами.
- Пејтон не му дава да дише на Аренас.
- Вокер пак утнуе за три. Е ова веќе личи на него.
- Исто и Вилијамс.
- Батлер погодува со сирена за три, крај на чет. 93-91, Визардс.
4 четвртина:
- Брзи 6-0 на Мајами за 97- 93.
- Страшно куцање на Вејд под фаул, откако претходно му ги скрши зглобовите на Дениелс.
- Дениелс враќа со 2+1. 100-98, Мајами.
- Тројка на Вокер у контра.
- Шек ис бек.
- Две слоб. на Вејд за 105-98 за Хит.
- Шек си игра со Томас.
- Цепелин Вејд-Шек, 109-98, Хит.
- Аренас нема поени у задњи 10 минути.
- 3 секунди у одбрана на Мајами, шанса за Гилберт да постави нов рекорд на кариера. Погодуе за негови 45 поени.
- Два поени на Џејмисон. 111-101, Хит.
- 113 поени на Мајами се нивен рекорд на еден меч сезонава.
- Вокер пак промашува за три, ама се вади со оф. скок.
- Шек и Вејд имаат по 28 поени ич.
- Трица на Аренас за негови 48 поени.Вејд враќа со два за негови 32 поени и 122-108 за Мајами.
- Уште една минута мучење за Визардс.
- Еди Џордан има 0-16 скор како тренер против Мајами, а Визардси имаат серија од 14 порази против Хит.
- Гилберт иде на клупа со 48п., 7 ск., 8ас.
- Утакмицата завршува со 4 поени по ред на Џејсон Ал Капоно за конечни 128-113 за Хит.
- Толку.
ПС – Стварно е ужасно кога ќе чуеш за повреда на било кој играч, па уште ако е некој кој има одлична сезона за прв пут после некое време и кој е у години у кои секоја повреда може да значи крај на кариера, е прав хорор. Тоа му се деси на Дејмон Стадемаер, кој у победата над Портланд го еба коленото и сеа ќе мора да го пропушти остатокот од сезоната. Права штета, зашто Мајти Маус конечно почна да игра како што знае и беше еден од главните виновници за одличниот скор на Мемфис. Без него ќе се изнамучат.
- Среќна Нова.
December 31st, 2005
Причината поради која Пет Рајли летово реши да направи ремонт во составот на Мајами беше поразот во финалето на Истокот од Пистонси. Со тој, по свој вкус составен тим, Рајли пристигна во Детроит на првата средба меѓу тие два тима по несреќниот 7. меч за Хит. Сега во улога на тренер, Рајли се соочи со истиот резултат како и во претходниот плеј-оф.
Чонси Билапс со 30 поени и осум асистенции и Ричард Хамилтон со 25 поени и рекордни за него сезонава 9 додавања ги предводеа “клиповите” до уште еден триумф од 106-101 над тимот од Флорида, кој и оваа сезона им е најсериозен ривал за врвот на Истокот.
И на оваа средба, Мајами се соочи со истиот проблем, колективот на Детроит и неможноста другите играчи (освен Џејсон Вилијамс) да му помогнат на ударното дуо, Шекил О’Нил и Двејн Вејд.
“Ние сме заедно веќе подолго време и сме поминале низ сито и решето, така да ништо не може да не изфрли од колосек. Некој од нас секогаш се истакнува кога се крши резултатот” - рече Билапс.
Пистонси ја имаат истата прва петорка скоро две години без прекин и во тој период тие пет играчи ги однесоа до титулата во 2004 година и пласман во финалето минатата сезона.
Тоа што е ново кај нив е тренерот. Флип Сандерс ги презема летово и ги направи подобар офанзивен тим, задржувајќи им го интензитетот во одбраната.
Ова е деветта победа по ред за Детроит, кој комотно седи на врвот на НБА со скор од 24 победи и само три порази.
Вејд со 33 и Шек со 26 поени не можеа против колективот на Пистонси, а единствената помош ја добија од Џејсон Вилијамс, кој средбата ја заврши со 20 поени.
“Ја имавме победата во наши раце во текот на цела средба, но направивме многу глупави грешки во финишот. Тоа не смееме да си го дозволиме против тим како Детроит. Сепка, тие се истиот тим од лани, а тоа значи дека не се непобедливи” - изјави О’Нил.
- Со стартот од 24-3, Пистонси го бркаат најдобриот почеток на сезона во историјата на НБА. По 27 средби тие имаат послаб старт од само три тима, тоа е тимот на Филаделфија од сезоната 1966-67 и Њујорк од 1969-70, кога и двата тима сезоната ја отворија со 25-2, додека Булси од 1995-96 имаа идентичен старт како Пистонси сега. Таа сезона Чикаго предводен од Мајкл Џордан, стигна до рекордни 72 победи.
“Ние бркаме нешто поголемо од Мајами или било кој друг клуб во лигата. Имаме можност да направиме нешто посебно, така да целта не ни е да испраќаме пораки со вакви победи. Целта е поголема” - изјави Бен Волас.
* - Ne se cudete ako tekstov vi e malku politeraturen nego obicno. Pisuvam e za u vesnik, a posto nemam vreme da pisam za blog, eve go ona sto ke ide u vesnik. Ponetata e ista, sum kazuval sto puti i ke kazam pak - Pistonsi se zverovi. Tacka.
December 30th, 2005
Само како инфо: Тони Паркер ја предводи цела лига у процент на реализација од рекет!?!?!? Тоа е ваљда резултат на муабетот кој го направи со Грег Поповиќ пред почетокот од сезоната у кој Поп му кажа да не ни помислува да шутира повеќе од една тројка по утакмица, барем не додека не го поправи шутот за три.
Онака ми текна…Што НБА дресови имате?
Никад не сум поштуел посебно НБА дрес, иако увек сум сакал да имам еден. Не сум ги купувал затоа што се ограничени за носење, ваљда затоа повише имам фудбалски дресчиња него НБА. Сега кога ќе ми текне, криво ми е што не купуев дресови, ако не за носење барем онака, чисто колекционерски. Ипак, да не се жалам, не сум баш за нигде, имам цели два дреса, али два вредни. Еве ги на слики, сигурен сум дека ги немате у ваша колекција (или се лажам, а?). Хауевр, тој од Дражен ми е единствениот купен дрес у живот, додека тој од Јао вероватно никад не би го купил, а ми е поклон дури од Хонг Конг (али кога ќе размислам боље, баш е кул).
Освен тоа, још једно питање: Има ли некој од вас НБА трејдинг кардс?
December 28th, 2005
Се разбудив пред крај на втора четвртина. У тој момент Клиперси губеа 14 разлика. Од она што го видов во продолжение ми стана јасно дека утакмицата се прекршила у првиот дел. Cassel у прво полувреме шутирал со катастрофални 1/12. Имаше само три поена. До крајот на утакмицата ми се чини дека се појави само уште еднаш и тоа кратко. Имал солидни 9 ассистенции,ама даде за 13 поени помалку од стандардот.
Кингс, кои играа у жути-ретро дресови, тепаа со 17 разлика и тоа без Abdur-Rahim и без веќе подолго отсутните Пеџа и Wells. Оваа ноќ беше ден на Bibby. Поентираше и од поле и од влезови, а изнуди и неколку два + еден. Растури:) и Kevin Martin. Даде(или поарно дал), за него, неверојатни 20 коша и скокна 8 пути.
Од Клиперси за фалење е само Katino Mo(g)bley. Бар од она шо го видов. Он у последните две третини највише се трудеше. Иако Brand даде највеќе кошеви, тој во второто полувреме не се ни виде. Дали даде еден кош. И едно слободно мислам.

Последната четвртина беше мачна за гледање. Никој не играше. Може да се издојат само двата бунара на Bred Miller и Mobley. Цепки.
И пак од она шо го видов, мислам дека Кингси изиграле добра одбрана у првите две четвртини. Оти у третата(оти само тогаш се играше баскет) се виде дека многу добро ги затворија. Не ми текнува дека Клиперс барем еднаш шутираа од чиста позициија. Освен една контра. И толку!
P.S.
Шо викате за насловот а?
:):)
December 28th, 2005
Глеав вчера Лејкерс-Мајами, али со закаснување, негде од два саат.(Двр, да ми се јавеше ќе ти кажев кога има на НБА ТВ). Тоа што го видов само ми потвдри дека правото дерби се играше неколку саати порано, во Детроит.
Првата четвртина, па и втората до пола, беа прав мерак за гледање, но како што поминуваше време на површина излагаа сите мани на двете екипи. За маните на Лејкерси не треба да зборам, затоа што они и онака не се у конкуренција за титула сезонава, но у Мајами ќе треба да решат некои сериозни проблеми ако сакаат да им се доближат на Пистонси. Најстабилна, барем у поголемиот дел од средбата, им беше играта на плеј, каде Џејсон Вилијамс почна добро, па продужи у свој Спиди Гонзалес стил, што дигурно не му беше по вкус на Рајли. Работата ја спаси Пејтон, кој беше убедливо најбољи на теренот, нешто што не верував дека ќе го напишам пред почетокот на сезоната. И кога не играа Шек и Вејд, кои беа страшно трапави и нервозни, Гери беше тој кој ја зимаше работата у свои раце. И кога Ентоан Вокер стандардно се глупираше, Гери ги спасуваше. И кога Зо ќе шутнеше по некоја, чисто колку да шутне, Гери ја поправаше грешката. Али, освен 9-11 шут од игра, кај Гери ме импресионираше одбраната, која мислев дека му останала у Сиетл кога го трампаа у Милвоки. У второ полувреме го затвори Коби, го стави у мал џеб, иако има 37 години и е за десетина см. понизок од него.
Ипак, колку и да го фалам Пејтон, баш неговата игра и презимањето на играта у свои раце колку е плус за Мајами, толку е и минус, затоа што Вејд и Шек не смеат да си дозволат да бидат така изолирани од играта како што беа вчера, барем не од екипа како Лејкерси. Што ќе биде кога ќе налетаат на Детроит, па дури и Индијана? Али, мислам дека тоа беше само показател на тоа дека се уште не се сите влезени у системот на Рајли и дека кога тоа ќе се деси веројатно се ќе биде ок. Веројатно.
Ипак, наголемата лекција вчера ја одржа Фил Џексон, кој му покажа на се уште зарѓаниот Рајли како се води екипа против у секој поглед појак тим. За тоа, свака част Зен.
Толку од втората средба од Крисмс даблхедерот, која ништо чудно да не значи ништо за некои шест месеци, кога ќе се игра големото Финале. Детроит се ѕверови, тоа не го пишуем прв пут тука, и веројатно не ни последен. На ред за плескање дојдоа и Спарси, кои како попарени си отидоа од Мотор сити. Ѕверови!
December 26th, 2005
Почна ловот на 62 на Коби. Како што предвиде колега Двр Бурд, ѕвездите почнаа да даваат едно чудо кошеви, нешто што не ни е по вкус на ние кои сме дел од олд-скул баскетот. Ипак, тоа не значи дека не поштуем индивидуални партии и дека и ја не остануем со отворена уста кога ќе чујам, а посебно видам кошеви како оние вчера на Винс, кој го напуни Мајами со 51 поени, сите у негов хај-флај стил и типични тројки, плус 23-24 за слободни. Што е најбитно, Нетси победија, а Мајами изгледа прерано му ја мислеше на утрешниот Крисмс спешл со Лејкерси.
Ајверсон џабе даде 53, кога играа со Хотланта. Не се заебавајте со Хоукси, сто пути сум рекол. Плеј-оф нема да играме, али ќе заебеме многу екипи, а тек за некоја година. Нека ги споредува пак ЕСПН, Џо и Борис и нека напише дека Французот е бољи. Шупци.
У ист стил играа и Мајкл Ред, Аренас и Елтон Бренд, кој според мене,заедно со Винс ја имаше најбољата партија синоќа. 38 поени и 20 скокови!!! Ѕвер.
Мислев дека вакво нешто нема никад да напишам, али Клиперси имаат свои Твин Тауерси у Бренд и сурферот Крис Кејмн, кој со Бобкетси имаше феноменален дабл-дабл од 22 поени и 22 скокови.
Тотално очекував ваква партија на Мамба, чисто да покаже дека знае и нешто друго освен да дава поени, контра сите критики по 0 асистенции. У Орландо му успеа. Статистиката на Коби против Орландо сигурно многу повише му беше по вкус на Фил и другите играчи, кои добија шанса да лапнат малце од колачот на Коби. Со таков баланс можат да мислат на плеј-оф. Права партија пред Мајами.
Што викате ваков пост, (со резултати) да има секој ден од сабајле, а?
АТЛАНТА - ФИЛАДЕЛФИЈА 111-108
(30-25, 28-30, 18-29, 35-24)
АТЛАНТА: Џонсон 24п. 9ск. 8ас., Пачулиа 23п. 6ас., Херингтон 22п., Стадемаер 13п., Лу 11п.
ФИЛАДЕЛФИЈА: Ајверсон 53п., Вебер 16п. 11ск. 5ук.т., Игудала 14п., Далембер 12п. 7ск.
МАЈАМИ - ЊУ ЏЕРСИ 88-95
(24-12, 17-24, 19-33, 28-26)
МАЈАМИ: О’Нил 24п. 14ск., Вејд 17п. 7ас., Вокер 12п. 8ск., Поузи 10п.
ЊУ ЏЕРСИ: Картер 51п. 8ск., Кид 12п. 7ск.
ОРЛАНДО - ЛЕЈКЕРС 88-104
(24-26, 16-28, 28-28, 20-22)
ОРЛАНДО: Френсис 28п. 9ас., Хил 13п. 8ск., Стивенсон 11п., Касун 10п., Хауард-повреден
ЛЕЈКЕРС: Брајант 21п. 9ас., Мим 20п., Одом 18п. 8ск. 6ас., Паркер 16п., Кук 12п.
ШАРЛОТ - КЛИПЕРС 88-97
(21-28, 28-28, 17-21, 22-20)
ШАРЛОТ: Најт 20п. 7ас., Брезец 20п., Боганс 12п., Окафор-повреден
КЛИПЕРС: Бренд 38п. 20 ск., Кејмн 22п. 22ск., Кесел 13п.
ФЕНИКС - ВАШИНГТОН 111-112
(31-33, 24-24, 30-30, 26-25)
ФЕНИКС: Неш 27п. 9ас., Џонс 18п. 7ск., Томас 18п., Бел 15п., Мерион 12п. 9ск.
ВАШИНГТОН: Аренас 41п., Батлер 26п., Џејмисон 22п. 13ск.
КЛИВЛЕНД - ИНДИЈАНА 94-89
(29-15, 23-25, 24-21, 18-28)
КЛИВЛЕНД: Гуден 21п. 12ск., Хјуз 18п., Маршал 17п., Илгаускас 15п., Џејмс 14п. 8ск. 9ас.
ИНДИЈАНА: О’Нил 34п. 11ск. 5бл., Тинсли и Џонс по 15п.
СИЕТЛ - ДАЛАС 98-101
(21-20, 31-26, 24-29, 22-26)
СИЕТЛ: Радмановиќ 20п. 9ск., Ален 19п., Луис 16п. 12ск., Мареј 15п.
ДАЛАС: Новицки 34п. 13ск. 7ас., Хауард 20п., Тери 19п.
ДЕНВЕР - ХЈУСТОН 108-86
(22-15, 30-22, 27-18, 29-31)
ДЕНВЕР: Ентони 25п., Милер 19п. 9ас., Кемби 12п. 16ск. 4бл., Џонсон 10п.
ХЈУСТОН: Хауард 18п. 7ск., МекГрејди 17п. 7ск., Свифт 11п., Весли 10п., Минг-повреден
ЊУЈОРК - ЈУТА 98-90
(21-19, 26-26, 22-23, 29-22)
ЊУЈОРК: Крафорд 28п., Марбери 22п. 7ас.
ЈУТА: Гиричек 19п., Харпринг 15п. 9ск., Паласио 13п., Окур 11п. 9ск. 6ас. 6заг.т., Вејли 11п., Кириленко-повреден
МИНЕСОТА - ПОРТЛАНД 83-91
(24-22, 25-26, 21-16, 13-27)
МИНЕСОТА: Шчербијак 26п., Гарнет 24п. 8ск. 6ас., Хесел и Јариќ по 12п.
ПОРТЛАНД: Патерсон 23п., Рендолф 21п. 10ск., Диксон 12п.
ДЕТРОИТ - Г.СТЕЈТ 97-85
(27-22, 23-20, 30-21, 17-22)
ДЕТРОИТ: Хамилтон 28п., Р.Волас 19п., Б.Волас 15п. 14ск., Еванс 13п., Билапс 10п.
Г.СТЕЈТ: Диогу 27п. 7ск., Дејвис 14п. 10ас., Ричардсон 14п. 9ск., Марфи 11п. 11ск.
МЕМФИС - ЧИКАГО 95 - 77
(28-23, 17-13, 26-23, 24-18)
МЕМФИС: Милер 27п. 10ск., Гасол 19п. 11ск. 4бл., Батие 13п., Рајт 10п. 9ск.
ЧИКАГО: Носиони 14п., Сонгаила 11п., Денг 10п.
МИЛВОКИ - Њ.О./ОКЛАХОМА 101-94
(23-22, 21-23, 28-25, 29-24)
МИЛВОКИ: Ред 36п., Богут 14п. 9ск., Форд 12п., Вилијамс 11п. 6ас.
Њ.О./ОКЛАХОМА: Вест 27п. 18ск., Пол 24п. 8ас.
С. АНТОНИО - ТОРОНТО 95-90
(22-16, 27-30, 20-20, 26-24)
С.АНТОНИО: Данкан 27п. 10ск. 8ас., Паркер 13п., Нестеровиќ 12п. 8ск., Бери 11п., Џинобили-повреден
ТОРОНТО: Роуз 19п., Бош 18п. 7ск., Џејмс 14п., Бонер 13п.
December 24th, 2005
По кратка пауза еве го Ивица со добар, темелен пост за нашата Фантази лига. Има анализа на секој тим и неговите плусеви и минуси. Гуд џаб. Што се однесува до мојот тим, да, ми треба висок момак или некој како Џо Џонсон, али со камбекот на ѕверот Амаре многу работи ќе си дојдат на свое место. До тогаш ќе се крпам со што фатам слободно, како сега Хаус.

Дечки еве ме и мене по подолго време. Овој пост ќе го посветам на нешто што е доста актуелно помеѓу нас, активните корисници на сајтов, а тоа е нашата фантази лига на yahoo.sports. Ќе ги анализирам тимовите според моменталниот пласман на табелата.
1. Ivica’s finest- Да не испадне дека си го фалам тимот или нешто слично нема да коментирам кој се позитивните страни на Ivica’s finest, а ќе кажам на што планирам да поработам во наредниов период. Многу сум слаб на бековска позиција, проблем кој мислев дека ќе го решам на лесен начин: со донесување на Поузи од листата на слободни играчи. Се испостави дека Поузи не само што не е доволен, туку и дека е подпросечен и дека од него што се однесува до фантази параметри ќе немам корист. Од статистички категории во кои сум слаб би ги издвоил слободните фрлања и асистенциите. За слободните стварно сум изненаден што имам само 4 поени затоа што имам само три играчи кои го влошуваат тој процент: Окафор, Деламберт и Хауард. Мислам дека во таа категорија ќе се подобрам. Асистенциите се сосема друга приказна затоа што тимов ми е составен главно од високи играчи и би бил пресреќен ако останам на моменталните 6 поени.
Играч кој би му помогнал на овој тим: Чонси Билапс (отворен сум за понуди:-))
2. Vodnjanski Lisici- Бaш ми се допаѓа тимчево од Бето затоа што има кој да си ја врши работата на секоја позиција. Го има Кид на плеј со поддршка од Вилијамс и Фишер, на бек шутер ги има Ричардсон и Џо Џонсон, а од високи играчи ги има Данкан, Гуден и Богут кои би требало да вршат работа до крај на сезона. Сите од нив носат поени во повеќе од една категорија со исклучок на Џонсон кој носи поени во сите:-). Од недостатоци би можел да ја издвојам промајата на ниско крило за која се надевам дека Бето е свесен и дека ќе преземе нешто околу тоа. Мислам дека за тимов е идеално да земе центар кој прави доста блокади (бидејќи има само 5 поени од блокади) или ниско крило со висок процент погодени слободни (да ја поправи единицата која ја има во слободни фрлања Бето:-))
Играч кој би му помогнал на овој тим: Воли Шчербијак или Маркус Кемби
3. Zvezdara- Кому му треба центар нека си побара овде. Драфтот очигледно беше наклонет кон овој тим и му ја додели можеби најдобрата центарска линија во нашава лига. Имајќи го во предвид фактот дека многу центри во екипата автоматски значат и многу скокови и блокади, како и добар шут од поле, единствено нешто на што би требало да се обрати внимание се асистенциите, тројките и украдените топки. Не знам зошто ама тимот се држи и повеќе од добро во две од трите наведени категории (асистенции- 7.5 поени и украдени топки- 9 поени). Очекувам тие бројки да паднат на околу 4-5 доколку не се преземе нешто конкретно во врска со тоа. Идеални за тоа се плејови или бекови со висок assist/ turnover ratio, кои можат ама и не мораат да даваат многу поени. По некоја тројка и тоа ќе е сосем доволно
Играч кој би му помогнал на овој тим: Џејсон Кид или Сем Кесел
4. Courtist- Дечково е еден од малкуте екстерни членови на лигава и изгледа како да знае што прави. Има крајно балансиран тим кој може да оди само нагоре, а никако надолу. Секоја чест. Бидејќи најверојатно нема да го чита постов нема премногу да се задлабочувам во анализа на неговиот тим.
5. Mac 10- Вториот екстерен член со сериозни проблеми на SG
6. Ballers- Во оваа екипа има пар играчи кои е навистина неблагодарно да се добијат при драфт. Туак мислам главно на Ричардсон и Ентоан Вокер кои е навистина тешко да ги трампаш, а и не се тип на играчи кои можеш туку-така да ги отпуштиш. Генерално, тие играчи се заглавени во тимот, а менаџерот со нив си лупа глава дали да ги отпушти или не. Двајцата мислам дека носат огромна вина за тоа што е тимот последен по изгубени топки (има најмногу) и со два бода од FG% (претпоследен). Во конкретниов случај би препорачал да се бенчираат малку се додеке не се соземе барем еден од нив. Вакви какви што се прават повеќе штета од добро. Ballers имаат и уште една слаба точка, а тоа е процентот за слободни фрлања, проблем кој мислам дека тешко ќе се реши, освен ако не се пристапи кон радикални смени на играчкиот кадар.
Играч кој би му помогнал на овој тим: Тони Паркер
7. KangMac- За дечково можам само да кажам дека ако направи уште еден истап ќе го исфрлам од лигава. Толку. Ако не му одговара што пишуваме македонски нека не тужи.
8. Max5- Во овој тим не ми се допаѓа тоа што се случува на ниските позиции. Го има Алстон-тотално промашување, Тинсли- повреден долго време, Крафорд- ја игра најлошата сезона во НБА и Џексон и Мајлс кои и кога играат добро шутираат 40% од поле. Нешто треба да се преземе околу оваа ситуација. Во спротивно не гледам начин како овој тим би се угурал во првите 5. Асистенции и украдени топки се повеќе од потребни во тимот, а кој би го решил тоа подобро од Ален?? Сепак, бидејќи Каракаш беше доволно експлицитен во изјавите дека не го дава, па најверојатно ќе мора да се бара некоја прифатлива алтернатива. И со скокови не е идеална работава па центар кој прави доста асистенции би свршил работа.
Играч кој би му помогнал на овој тим: Бред Милер или Бревин Најт
9. Cair Seirdzis- Тимот на Каракаш ми е црн коњ за влез меѓу првите три екипи. Моментално има проблеми токму на позициите на кои очекувам дека ќе гази со враќањето на Амаре. Лично јас можеби би направил корекции на бек шутер затоа што Мо-Пит и Еди Хаус се непостојани и не верувам дека ќе ја одржиш 11ката во тројки и 9ката во поени само со Реј Ален како екстра бек шутер. Ако некако го изведеш тоа, со враќањето на Стадемаер Cair Seirdzis ќе е незгоден противник. Со Амаре ќе скокне FG%, PTS, OREB, REB i BLKs па ќе е весело:).
Играч кој би му помогнал на овој тим: Џо Џонсон
10.bodan atletiko madrid- Е ова би рекол дека е тим со сериозни проблеми и без идентитет. Во тимот нема играч кој на Бодан би можел да му обезбеди 13ка во било која категорија. Од играчи кои можат нешто да направаат се Бен Волис (многу скокови и урадени топки и ништо друго) и Коби Брајант (мноогу поени и ништо друго:)). Од останатите: Биби е добар играч ама не и во фантази услови, Грент Хил во секој момент може ја заврши кариерата саамо ако свитка зглоб, Џералд Волис е прилично корисен и треба да се задржи, Игуодала знае да блесне ама ретко, а останатите не претставуваат некој фантази фактор. Како би ја спасувал оваа екипа веројатно ни јас не знам. Би се обидел да набавам тешка машинерија под кош па да се проба што се може во скокови, блокади, поени (а сето тоа со добар процент за шут).
Играч кој би му помогнал на овој тим: Дру Гуден, Сем Деламберт, Адонал Фојл
11. Ekipata- За овој тим мислам дека има решение во доведување центар на местото на некој од многуте плејови. На тој начин ќе се подобри лошиот шут од поле, а исто така ќе се подобрат и скоковите и блокадите (кои воопшто не се лоши). Мислам дека со таков потег Екипата значително ќе се подобри и ќе се избори за место меѓу првите 5-6.Само треба да се внимава на тоа кој плеј ќе се трампа за да не дојде ситуација да останеш со 0 бек-шутери. Засега Хајнрих и Јариќ можат да ти играат на таа позиција, па не би ги трампал двајцата…
Играч кој би му помогнал на овој тим: Елтон Бренд, Шек
12. и 13. Екипите на Шепард- Шепард демонстративно истапи од лигата оставајќи не вечно да се прашуваме дали ако продолжеше да игра ќе ги имаше двете последни места или не… Штета баш. Шепарде врати се, лигава без тебе не е иста
Играч кој би им помогнал на овие тимови: Мајкл Џордан (сезона 97/98)
ЕДИТ: Леле реметење.. ја коа истапиф Пуцфрау Хилс беа 9. а Офчетина 12. не зезај. Сеа значи се Н/А
December 24th, 2005
Previous Posts