Archive for October, 2005
Чекањето завршиииии!!! Од утре вечер ни се враќа причината поради која и постои блогов/сајтов, причината поради која нема да бидам наспан во следниве осум месеци, причината поради која и го запознав Shepard, причината која поврзува милиони фанови ширум светот, единствената лига која е подеднакво популарна на цела планета. Ни се враќа нашата тетка НБА, која утре полни цели 59 години, а сепак изгледа као Хајди Клум пред пораѓај:)
Вакумот меѓу двете сезони (првиот за NBA Macedonia) можеби не ни донесе некои спектакуларни трејдови или проблеми со законот како што тоа беше случај минатото лето, но сепак имаше доволно интересни моменти за сечиј вкус:
The Rich…
Hасловот со кој може да се опишат најдобро работите е The Rich are getting richer, затоа што најпрво шампионот Сан Антонио, иако веќе имаше еден од најкомплетните тимови, си ги потпиша докажаните ветерани Мајкл Финли и Ник Ван Ексел, за потоа Мајами второ лето по ред да биде дел од најголемиот трејд по кој на Флорида се преселија Ентоан Вокер, Џејсон Вилијамс, Џејмс Поузи, а нешто подоцна и Гери Пејтон. Факат дека некои од овие имиња веќе некое време се само тоа – имиња, но факат е и дека тие имиња сеуште имаат тежина. Е сеа, чија тежина е потешка ќе дознаеме следниот јуни, а можеби и порано.
The Future
По обичај, муабетот, па и подготовките за секоја нова сезона почнуваат уште со драфтот кој по традиција при крајот на секој јуни се одржува во МSG во Њујорк. На последниот драфт на кој смееја да се пријават средношколци тие останаа у подредена улога во однос на NCАА ѕвездите, а името на Андрија Богут беше првото кое излезе од устата на комесарот. Австралискиот Хрват кого го нарекуваат комбинација од Сабонис и Дивац (се надевам дека преовладува делот на Сабас) ќе биде дел од реновинариот тим на Бакси, кој по кратка пауза планира да се врати во плеј-офот. Од оние имиња кои беа избрани во првата рунда уште во својата 1. НБА сезона најзабележлива трага би требал да остави Крис Пол во кого во Њу Орлеанс/Оклахома/Батон Руж Хорнетс гледаат наследник на Берон Дејвис. Ништо чудно ако одигра според очекувањата, Пол да биде и руки на годината.
Don’t let the SUN go down on me
Само една вест беше доволна оде ден од фаворитите на Западот, Феникс во очите на сите да падне до борба за некое од последните плеј-оф места. Операцијата на коленото на Амаре Стадемаер ги уништи амбициите во Аризона, а според некои извори веста дека тој ќе се врати во февруари е преоптимистична и дека лесно може да се деси тој и да не заигра сезонава. Ауч.
The Devil in Hotlanta
Причата која мене лично најмногу ме изнервира беше целиот хаос кој настана околу преминот на Џо Џонсон од Феникс во Атланта. За тоа пишував доволно летово, а на крајот имавме хепиенд, ем ѓаволот Белкин се отсели од Џорџија, ем Хоукси го лапнаа Џо. Знам дека многумина ќе кажат дека 70 милиони се премногу за Џо, но причата не е у тоа. Кога по незнам колку години некој фри ејџент ја прифати понудата на Атланта, од никаде се појави 1/9 од газдите на тимот, Стив Белкин, кој сакаше Атланта да продолжи да функционира он д чип како Клиперси. Типот за малку ќе ги чинеше Хоукси иден Ол-Стар играч, но што е уште поважно ќе ја направеше Атланта најнепожелна дестинација за било кој играч. За среќа тоа не се деси и сеа моите “јастреби” имаат еден од најатрактивните, млади тимови во НБА.
Кате ја избрка НБА од Њу Орлеанс
Најтрагичниот настан, не само од баскет аспект, беше хаосот кој ураганот Катрина го направи во Њу Орлеанс и неговата околина. Нормално, нас не интересира што значи тоа за Хорнетси, кои годинава сигурно нема да се вратат дома, а привремено “дома” ќе им бидат Оклахома и Батон Руж, кои покажаа солидарност, но и желба да имаат “свој” НБА клуб. Сево ова се дешава во многу лош момент за клубот, кој и онака не можеше да ја наполни арената во NewО откако таму се преселија од Шарлот. Според многумина ова е шанса за газдата Џорџ Шин пак да ги сели Хорнетси, но тој барем засега тоа го негира. Како и да е, Њу Орлеанс нема да гледа НБА сезонава, за убудуче ќе видиме.
Coach me if u can
Зен-мастерот и Коби се пак “у љубав”. Иако у својата ланска книга Фил истури едно чудо камења врз Брајант, тој ја прифати понудата на Лејкерси пак да седне на нивната клупа. Сосема е јасно дека трите титули по ред ќе останат само убав спомен, а Фил и Коби у новата сезона ќе се мучат да ги вратат Лејкерси у плеј-офот. Они рекоа дека се што поминало е зад нив, но кога Коби ми е у прашање ништо не е сигурно.
The tragedy in Hotlanta
На 15.10. од ведро небо пристигна веста дека центарот на Хоукси, Џејсон Кулие веќе не е меѓу нас. Момакот кој според тренерот Мајк Вудсон се наоѓаше во најдобра форма и бeше пред својата најдобра сезона зад себе остави сопруга, која до последен момент се обидуваше да го спаси, и ќеркичка. Кулиуе можеби не беше некое играчиште, но беше најомилениот лик меѓу навивачите на Атланта поради својата несебичност и желба да помогне секому. Ова само уште еднаш не врати сите на земја, потврдувајќи дека колку и да ја сакаме оваа игра, таа сепак е само тоа – ИГРА.
Плус, фрли уште еден сомнеж врз состојбата на Еди Кари кој поради проблеми со срцето го утна плеј-офот, за да потоа откако одби дополнителни тестирања од Булси да заврши во трејд во Њујорк.
Пензионери
Чекот од пензијата од овој ноември редовно ќе стига на адресите на Реџи Милер, Стив Смит, Алан Хјустон и Владе Дивац. За повлекувањето на Реџи се знаеше уште пред нова година, за тоа на Стиви не знаевме, но го очекувавме, Алан ги изненади сите откако изјавуваше дека конечно е подготвен да се врати, со веста дека неговите колена не можат да се вратат во нормала и дека тоа значи крај за неговата љубов со НБА, а за Владе пишувавме доста (еве ви линк), можам само да кажам – време беше.
Нема веќе гето-фраери
Еден од деловите во новиот Колективен договор, кој не спаси од уште една локаут сезона, покрај елиминирањето на средношколците од следните драфтови, беше и елиминирањето на гето стилот на облекување меѓу ѕвездите. Според Штерн и компанија, сликата која играчите ја ствараа за НБА не се совпаѓаше со сликата која тој сакаше таа да ја остава. Така, веќе нема да гледаме ретро дресови, прешироки фармерки, ланчишта до колена, златни протези (да, да), маици без ракави, капи и марами на глава и сл. Мене лично ми се свиџа целата идеја, мада со самото тоа што не беа определени казните за непочитувањето на правилото, се остава простор за негово кршење. Ако таа изнесува некои 5 000 $, тогаш ништо од него, зашто Ајверсон може да си дозволи да плаќа секој ден, но ако биде 25 илјадарки плус суспензии, е онда ќе биде интересантно. Како и да е, мислам дека правилово беше медијски пренапумпано и дека нема да има некој посебен ефект.
NBA in Macedonia
За тоа дали кај нас по една година пауза ќе има НБА преноси се уште немаме официјална информација. Од контактов кој денеска го имав со некои луѓе дознав дека има шанси ТВ4 да биде спасителот. Откако контактирав со нив дознав дека неофицијално се во преговори, но ништо не е дефинитивно. Ајде, ТВ4, не знаете колку ќе добиете со таквиот потег, ако треба и ние ќе фрлиме некој динар:).
Идемо даљe
Во само четири и пол месеци постоење NBA Macedonia ги помина 5 000 unix посети, ви ги сервираше сите 30 најави за новата сезона, ја прошири фамилијата за два нови kонтрибjутинг члена, Бето и Боромир, се збратими со браќата по блог од Хрватска, како и со неколку најчитани сајтови и блогови од преку барата, стана “Сајт на денот” во Време, а најтазе е она што и најмногу ми прави ќејф – Трендо не стави на On.net. Утре очекувајте не на Кајгана, а даље, којзнае, како и да е – only the sky is the limit.
October 31st, 2005
Некоја традиција се изроди последниве години, секоја сезона пред почетокот да биде каша попара. И оваа иде у тој тек, иако со послаб степен на крш од претходните.
Тоа што беше најубитачно меѓу седмицата на Сан Антонио и Детроит, е секако, драфтот. На овој драфт продефелириаа доста битни фаци од НЦАА, и за разлика од прошлите неколку драфтови, средношколците и странците котираа малце послабо. Ако се земе у предвид и зголемувањето на ефикасноста, подеднаквата конкурентност меѓу двата брега, плус и дрескоудот, не треба многу за да се евоцираат спомени од времињата на Баркли, Хаким,Јуинг, Кемп и секако Чикаго.. Следнава сезона ги има сите предиспозиции да биде ѕверска. Еве неколку причини:
- Сите сакаат да видат што понатаму ќе прави Леброн.
- Сан Антонио е веројатно појак од било кој шампион после Селтикс со Бил Расел.
- Али Џи како аналитичар на ТНТ.
- Фил Џексон се враќа кај Коби. На клупа ќе го дружат Пипен и Џабар.
- Артест е спремен да се тепа со навијачи, опет.
- Мајами направи калакурница, која ќе ги носи у екстрем – или ќе играат ненормално јако, или ќе разочараат.
- По Гасол пушти брада.
- Сезона без Дивац (не е баш нешто ексклузивно).
- Сезона без Алан Хјустон, Реџи Милер и Стив Смит (и ако некој сеа има гз да пуца тројки..).
- Јасикевичиус и Мацијаускас во Лигата.
- Го заборавив погоре рап албумот на Артест.. нига факинг бич ес мадафака.. Оникс вода да му носат (иам емпетројки од него, ќе ги закачам кај да е за даунлоад).
- ПРАВИЛА НА ОБЛАКАЊЕ (уште не сум го видел Ајверсон во одело).
- Најавата на МекМилан дека Дариус Мајлс и компанија ќе имаат и правила за облакање на теренот.
- Берон Дејвис не излегол од сала цело лето. Трејси Мекгреди исто. Ќе рокнат.
- Хјустон за прв пат имаат екипа што може да потсети на времето на Хаким.
- Атланта ќе има обратнопропорционален успех и убавина. Цела петорка им се топ тен материјал.
- Дури 4 члена од НЦАА шампионот Северна Каролина, влегоа у прва рунда. Петтиот влезе недрафтуван.
- Баграта на Хорнетс од Њу Орлеанс се пресели во Оклахома. Како ќе се снајдат после гњурењето?!
- Прв пик е белец, и тоа странец.
- Сите сакаат да ги видат новите дресови на Индијана, Сакраменто, и пар нови ретро варијанти.
- Мутомбо и Кевин Вилис, пак ќе играат. Ја би ги тупнал у количка.
- Потенцијален камбек на Џеј Вилијамс. Со две искршени нозе.
- Џулиус Хоџ и Тони Ален се обвинети за силување. Ако идат у затвор, нема да играат. Закон.
- Мене лично ме интересира колку средби ќе го трпат Соникс Вајс на клупата? 4-5 максимум.
- Што ме копка сезонава: Џејсон Кулие, р.и.п, почина.. што ќе биде со Еди Кари?!
- Уште еден момент.. ДАРКО ДА ВЛЕЗЕ!!!
Го чекам Енко да настапи со озбилното привју.
October 31st, 2005

Шампионско лето: Сан Антонио е пример за тоа дека кога тренерот е и претседател за кошаркарски операции, се има сигурна формула за успех. Грег Попович успеа и ова лето да си го појача и подзакрпи и нака екстремно јакиот тим.
Најквалитетниот слободен играч летоска, потпиша за најквалитетниот тим. Засилување на квадрат. Мајкл Финли, тазе шутнат од Кјубан (кој пет сезони уназад нови дрес со неговото име), иако имаше отворени понуди од скоро секој тим во Лигата, се реши баш за ривалот на Мавс, актуелниот шампион. И тоа потпиша за многу помали пари, помалце од 9 милиона за 3 години (помалце од Боуен).
Ако Финли беше колку – толку очекуван ангажман, тогаш следниот потег на Габорот беше тоталка изненадување. Го грабна Ник Д Квик, човекот кој што баш во тандем со Финли во Далас, сееше страв и трепет по западната конференција.
Но и тоа не е све!
Со цел да му донесе другарче на Џинобили и замена на Роботот, Попович се реши да го ангажира Фабрицио Оберто, кој блескаше на Олимпијадата во Атина и веројатно беше најзаслужниот после Ману за медалот.
А и тоа не е се`!
Попович веројатно намириса што им клизна на скаутите на драфтот - Јан Ма`инми наводно од Франција и Џавад Вилијамс (кој сеуште не е сигурен на ростерот). Првиов е играч што единствено знае да куца, да фаќа топки и да блокира, има само 18 години, а тоа го прави неверојатно ефикасно. Викаат дека е неверојатно борбени дека има доста потенцијал. Сепак, не верувам од одма да добие дрес, а не пак минути. Вилијамс пак, е петтиот од ланската шампионска генерација на Северна Каролина после Меј, Меккантс, Фелтон и Марв кој влага у Лигата. Според мене он беше најклучен, али скаутите не гледаа некоја можност за него меѓу професионалците да се истакне, па го прерипаа. Попович пак осетил потенцијал, и сега го има и него „на лагер“. Со овие два потега не дека нешто осетно се појача тимот, ама се инвестираше бар малце во иднината.
Актуелни шампиони: Данкан, Паркер, Ману, Хори, Рашо, Боуен, Глен Робинсон, Нази Мохамед, Бено Удрих, Мајк Вилкс, Шон Маркс, Брент Бери
Во поход по бек ту бек: Финли од Далас, Ван Ексел од Портланд, Иан Ма`инми (28. пик), Џавад Вилијамс од Тар Хилс, Фабрицио Оберто од Памеса Влааенсија
Потрошен материјал: Девин Браун (Јута), Линтон Џонсон (Њу Џерси)
Најважно засилување: тука морам да ги пишам и Финли и Ван Ексел.
Финли – типот е докажан играч. Ги има сите карактеристики на неверојатен бек: брз, експлозивен, скочен, скока како кенгур башка јак е ко бизон = неверојатни куцања и влезови, има убав скок шут, се снаоѓа и со топка и без, работи со нозе, што е најбитно – РАБОТИ, игра одбрана.. единствено, може да се каже дека најдобрите години му поминаа, па сега сите овие негови предиспозиции ќе се „кешираат“ во пониски цифри. На тимот на Спарс им дава неверојатен буст од клупа, веројатно како Стек лани во Далас, со таа разлика што Мајк ќе улетува почесто на местото на Боуен. Втора и трета четвртина за него се резервирани, а за стартерска позиција и минути во завршницата, ќе мора да се помачи. Би требало да оди во двојна цифра поени по натпревар, а ништо чудно и да ги повтори ланските 15 по натпревар од Далас. Од старт е кандидат за шести на годината.
Ник Д Куик - и он е тип на ограч со најдобри години позади него, и кај него со малце побрзо темпо се движат цифрите надоле. Но, неговата важност за овој тим е тоа што Ник игра кога е најпотребно. Во Далас се научи да биде втор плеј или втор бек у екипата, или шести-седми-осми играч, а истовремено и прва опција. Не верувам да има улога на бекап плеј што ќе мести акции, туку ќе има улога кога ќе се играат тесни утакмици на кои треба одредени епизодисти да направат разлика – тука он е неприкосновен. Ќе игра некои 15 минути по натпревар, и нема да има некои невозможни бројки, ама за тимови како Детроит, он ќе биде пеницилинот.
Тренер: Поп Габорот викаат дека е еден од најдобрите тренери во историјата на Лигата. Неговата кариера иде паралелно со онаа на Данкан – он го избра, он го филуваше, и заедно освоија 3 титули од 1999 па навака. Поп изгради една од најреспектабилните и најстабилните екипи евр. Одличен психолог, педагог, тренер, командант и стратег. Има и уиграна екипа, со неколку нови сечива и би требало оваа сезона да коле низ Северна Америка.
Грег Попович статистички стои ненормално јако. Исклучок: првата сезона му ја бришам, затоа што играше со екипа со која и 17 победи му беа успех (Доминик Вилкинс со 150 кила и 40 години му беше прва опција у напад, Шон Елиот мењаше бубрези а Дејвид Робинсон почна под старост да се повредува).
После тој мизерен почеток, почна новата ера на Спарси и од тогаш Попович има накај 70 посто успех во регуларниот дел на сезоната; неиспуштен плејоф; три титули и во 2002-2003 беше прогласен за коуч на годината.
Оптеретен: Тим Данкан. НО, Сан Антонио не е екипа во која до таа мера може еден играч да влијае на успехот на екипата, затоа што тоа е колектив кој функционира како еден. Сепак, Данкан е пример за МВП калибар и неговата улога не смее да се занемари и мора да се потенцира дека тој е битен фактор за Спарс.
Тоа што мора да го направи Данкан оваа сезона е да продолжи во исто темпо како и до сега. Нема да му удри слава у глава, но не смее да се опушти во никој случај. Треба секоја вечер да излезе на теренот и да оди по своите 22-10 бројки, да не форсира во нападот, да остане фокусиран во одбраната и да биде она што е – Робот. Не би го тупел понатаму за двократниот официјално и секогаш неофицијално најкорисен.
Наместо епилог (се знае дека ќе доминираат, ќе имаат јака позиција у плејоф, а таму ќе загризаат како и лани), еве што Спарси не смее да дозволат:
Паркер не смее да ги измеша лончињата и да помисли дека игра за француската репрезентација;
Боуен не смее да почне да мисли дека е ѕвезда;
Џинобили не смее да се повреди;
Хори не смее да се испуца пред плејоф;
Финли не смее да бара ништо повеќе од што и да му дадат, било што, истото важи и за Биг Дог, а и за Ван Ексел;
Попович не смее да изгуби авторитет во соблекувалната и да дозволи сукоб на егата кои сега се присутни (Биг Дог, Финли, Ван Ексел – сите имаат Олстар искуства позади себе);
Целата организација не смее да почне да спие на фактот што сите од страна ги фаворизираат;
Публиката не смее да ги суди ако почнат да не победуваат со очекуваното темпо;
Во глобала, Спарси се истиот тим од лани, само наместо Девин Браун го имаат Финли, плус Ван Ексел, плус Оберто. Објективно, не им бега прстенот. Шпекулантски, имајќи ги в предвид резултатите од предсезоната, нешто шкрипи – дали изгубиле мотивација или што е, не знам..
Сепак, јас отворено кажувам - очекувам бек ту бек. Очекувам машина. Тимот што го имаат (бар на хартија) е појак од Булс на Чикаго. Имаат можност за најмоќната ротација на играчи, која ако се хармонизира, е предиспозиција за пеколна сезона за конкурентите и „втемелување“ нова династија.
Чичко Каракаш и Спарси: Знам, знам дека целово лето само уште повеќе го
зголеми кредитот на Спарси. Кај не изгубија ни еден битен играч, се засилија
со тројца кои би требале одма да им помогнат. Ама штознам, има нешто што ми
кажуе дека работите нема така лагано да течат у Аламо. Никад не ми се
свиќало кога шампионот си игра со својата хемија, доведувајќи познати имиња
кои би требале да бидат засилување, а на крај испаѓаат дистрекшн. Сеа, Мајк
не е таков тип на играч, тој си ќути и работи, но Мајк не ни оној играч кој
некад беше, баш затоа (и 51мил. други причини) го шутнаа од Далас. Просекот
од 15 поени тешко ќе го има во Сан Антонио, но како резерва е важно ново
име. Ник одамна не е Квик, а ако се знае дека Поп игра само со физички
спремни играч, онда Ван Ексел нема да се изнаигра. Знам дека знае да биде
опасен кога се решава, ама тешко дека веќе може да биде пеницилин за било
кого, а камо за Детроит. Попрв би му дал нему пеницилин. Оберто е добар
потег, затоа што им фалеше висок играч, Сеа и дефинитивно нема да мораат да
сметаат на Рашо, што е голем плус. Само, Фабрисио шутира слободни со под
50%, што никако не е предност. Роботот ќе си продужи по свое, Ману би требал
да има напредок во играта, а Мр. Лонгориа ќе треба да има постабилна рег.
сезона. На хартија се пак фаворит, ама лично јас, не сакам да гледам
династија која ќе ми доаѓа од Аламо, затоа ќе навивам за нов НБА шампион.
ПС: Па добро бе Шеп, не можеше без Доминик а? Па уште, 150 кила!?! Таа
сезона Ник иако беше дедо ги носеше Спарси на грб, а единственото фала кое
Поп и Спарси му го кажаа за доаѓањето до Данкан, по чија и заслуга Поп е
уште во Спарси беше непродолжување на договорот со што му ја ускратија
шансата за НБА титула. Копилиња.
October 29th, 2005
Долго топло лето: На Пет Рајли му беше доволен ланскиот плеј-оф за да види кои дупки треба да ги пополни во Мајами. Иако тимот стигма до финалето на Истокот, и да не беа повредите на Шек и Вејд веројатно ќе ги поминеа Пистонси, Рајли не седеше мирен и практично направи ремонт на ланскиот тим, така да од побитните играчи во Мајами веќе не живеат Еди и Дејмон Џонс, Расул Батлер и Кион Дулинг. На нивните места преку најголемиот трејд во историјата на НБА стигнаа Џејсон Вилијамс, Ентоан Вокер и Џејмс Поузи. Рајли одигра паметно и на драфт каде го избра Вејн Симиен од Канзас, играч сличен на Хаслем кој пред две години беше голема колеџ ѕвезда, а пријатно би можел да изненади и Дариус Рајс. По овие потези Пет виде дека му фалат шутери па од Шарлот го собра Џејсон Капоно, а за крај го остави ангажманот на ветеранот Пејтон, но дури како 2. опција откако Дејмон му избега кај Леброн. Како единствен неуспех на Рајли , ако тоа може така да се нарече, беше потписот на Мајкл Финли со Спарси, иако Мајами му понуди поголем договор и поголема минутажа. Но, и без тоа Рајли имаше и тоа како успешно лето опкружувајќи ги Шек и Вејд со играчи кои ќе можат да им помогнат во борбата за тронот на Сан Антонио. Мајами сега има поискусна и покомплетна екипа од ланската и со право се смета за еден од фаворитите.
И даље ќе се “печат”: Шек, Вејд, Јудонис Хаслем, Алонзо Морнинг, Мајкл Долеак, Шендон Андерсон, Дорел Рајт
Дојдоа на сунчање: Ентоан Вокер, Џејсон Вилијамс, Гери Пејтон, Џејмс Поузи, Вејн Симиен, Џејсон Капоно, Ерл Берон, Андре Емет, Џералд Фич, Дариус Рајс, Мет Волш
Отидоа: Расул Батлер, Кион Дулинг, Дејмон Џонс, Еди Џонс, Квинтел Вудс, Кристијан Лејтнер
Нај-нова фаца: Од сите нови имиња кои Рајли го донесе на Флорида летово, притисокот ќе биде најголем врз Џејсон Вилијамс, врз кој ќе биде одговорноста да ја организира играта и на дело да ги спроведува идеите на Рон Џереми. ЕBoy ќе влета на местото на Дејмон Џонс, од кого нема збор дека е поталентиран, и ќе мора да ги храни Шек и Вејд со топки за сметка на неговите неконтролирани шутеви за три. Со Дизелот во екипа, тој и онака ќе има доволно слободни шутчиња за трица, само ако биде трпелив. Позитивно е тоа што последниве две години во Мемфис, Џејсон покажа знаци на смирување, а и ако не биде мирен, тука е секогаш Big Daddy да му плесне некоја и да го спушти на земја. Ако и тоа не успее, тогаш се зголемува важноста на Пејтон, што не е толку добра вест за сите во Мајами.
Коуч: Огромна важност за евентуалниот успех на Мајами лежи во тоа како Стен Ван Ганди ќе ги спои сите коцки кои Рајли му ги поклони летово. Летово процуре шпекулацијата дека на Пет му недостига клупата, што веднаш беше поврзано со заминување на Ван Ганди, но Рајли веднаш го демантираше тоа изразувајќи целосна доверба во својот тренер. Сепак, сасвим е јасно дека ако Мајами го нема очекуваниот старт во првите месец и пол од новата сезона дека првата глава која ќе лета е таа на Рон Џереми. Повисокиот Ван Ганди има тешка задача на елиминирање на неколку големи ега, задача во која ќе мора да му помогне и Шек. Можеби и најтешко ќе му биде да ги убеди Вокер и Пејтон дека им е местото на клупата, од која ќе имаат поголем ефект врз играта. Дуото екс-Ол-Стар играчи во досегашната кариера од вкупно одиграни 1873 средби стартувале на дури1852, така да колку и да изјавуваат дека ќе прифатат се, во рацете на Стен е да ја реши таа ситуација најдобро за тимот. Ако се тргне како што треба, тогаш тој не само што би можел да ги однесе Мајами до Финалето, туку и таму би можел да се сретне со својот помлад брат.
Човекот околу кој се врти светот: Кого и да донесе Рајли на Флорида, тоа нема да вреди ништо ако го нема здрав Шекил. Кога Дизелот е во полна снага, тогаш нема човек на планетава кој може да го сопре и тоа обично се пресликува во титули. Јасно е дека сега, повеќе од било кога во кариерата, Шек има помош од одлични соиграчи, но баш неговото влијание ќе биде еден од клучевите како сите ега ќе се спојат во заедничката цел, симнување од престолот на Данкан и дружината и освојување на првата титула за Мајами. Јасно е дека ни О’Нил не е оној стариот, но тој е сепак најдоминатниот играч на светот, кој секогаш ги правел играчите околу него подобри. Листата на таквите типови е огромна, од Орландо, преку Лејкерси, па лани во Мајами. Оваа година покрај себе има нешто поквалитетни соиграчи што по дифолт значи дека Шек од нив може да направи ѕверови.
Епилог: По ремонтот кој го претрпеа летово, Hеаt, барем на хартија, имаат еден од најдобрите состави во лигата. Достате нови проблематични имиња значат многу работа за Ван Ганди и во најлош случај можат да се покажат како неуспешен експеримент на Рајли, но сепак тоа е само ворс кејс сценарио, кое тешко дека ќе се оствари. Многу поверојатно е Мајами и Индијана цела сезона да се борат за првото место на Истокот, за на крајот, ако нема повреди на клучните играчи, да се сретнат во конф. финале, кое би требало да биде едно од најинтересните последниве десетина години. Во Вејд имаат легитимен сајдкик на Дизелот и една од најдобрите млади НБА ѕвезди, кој сезонава ќе докаже зошто се спомнува во ист контекст со еден Леброн и кој може да ги однесе Хеат и преку планината наречена Сан Антонио.
Мајмифобот Шепард вика: според мене, Рајли успеа од конкурентна екипа да направи каша - попара. Џеј Вил наводно бил смирен.. ама мене прво шо ме асоцира на него се безвезните шутеви за три у контра, слаба игра кога е густо и Ерл Вотсон кој успеа да му го украде стартерското место лани. Вокер, нема потреба да зборам каков шабан е - троши топки, ствара тензии у соблекувална со своето вишак его и ако не доживее некоја метаморфоза, тешко.. а Пејтон е престар, ракавица без прсти, додавач без острина.
Сепак, не се за фрлање, ама конференциско финале им е максимум, и тоа ако успеат да ги избегнат Детроит и Индијана, што и ќе се деси пошто нема да бидат први на Исток. За да стасаат некаде подалеку од лани, ќе треба Дебелиот да се стегне, да почне да се ангажира и сл. Скептички гледам на нив, ама па на хартија сепак се јаки.. затоа се топ - конкуренти на истокот. Сепак, Мајами гледаше една „убава“ епизода со петорката Тим Хардавеј, Еди Џонс, Ентони Мејсон, Брајан Грент и Зо. И тогаш беа најавувани како можни шампиони.
October 29th, 2005
Распуст: Лери Бирд тачно знаеше што им треба на Пејсерси и не се расфрлаше со пари и трампи за да стигне до тоа. Си одигра мирно и го собра човекот кој би требал фановите на Индијана што побрзо да заборават на Реџи Милер, Литванецот Шарунас Јасикевичиус. Дека се створени едни за други покажа и Јаске кој одигра паметно и го избра клубот со кој има најголеми шанси за она што му е најбитно - НБА титулата. Не се залета по повикот на Ззззз од Кливленд и сега е дел од една од најдобрите екипи во лигата. Бирд направи уштее ден ептен паметен потег кога на драфтот го избра Дени Гренџер, момакот кој според талентот мораше да биде меѓу првите десет. Во Дени, Пејсерси покрај Јаске добија уште еден играч кој би требал да ја покрие “двојката” на Реџи. Единствени фаци кои го напуштија Индијанаполис се Д. Дејвис и Џ. Едвардс, кои и онака лани не им беа од многу корист, плус Џејмс Џонс, кого го пратија во Феникс. Старецот Дејл лани не можеше да го прави и единственото за кое го бива, а тоа е да скока и игра одбрана, додека рукито Едвардс и во ретките секунди кога играше, изгледаше тотално изгубен на теренот. Можеби мала загуба е Џејмс, кој осеќам дека во Феникс ќе се развие во солиден НБА играч, но за него едноставно немаше место во Индијана. Можеби мал минус треба да му се даде на Бирд за неангажирањето на некој бек-ап центар кој би им помогнал во борбата со џиновите на Мајами и Детроит. Последна промена беше таа на дресовите, така да веќе нема да ги гледаме во гаднине пижами, туку во сосема неови униформи кои ми личат на комбинација од дресовите на Мемфис и на Лејкерси, како и да е , боље него пижамите. Се на се, солидно лето за Пејсерси во кое добија лик на легитимен кандидат за тронот на Спарси.
И понатаму ќе се тркаат: Џермејн О’Нил, Рон “Ротфајлер” Артест, Стивен “Џекес” Џексон, Џамал Тинсли, Џеф Фостер, Дејвид Херисон, Џонатан Бендер, Скот Полард, Остин Крошир, Еди Гил, Ентони Џонсон, Фред Џонс
Нови тркачи: Шарунас Јасикевичиус, Дени Гренџер
Издишаа: Џејмс Џонс, Дејл Дејвис, Џон Едвардс
Најбитна нова фаца: Доколку брзо се прилагоди на НБА животот и играта на Индијана, нема причина Јаске да ги повтори успесите кои досега ги оствари со Макаби и Литванија. Во прилог му оди тоа што му е многу познат америчкиот живот, затоа што студираше четири години на Мериленд, чиј беше прв плеј, а плус му е и тимскиот стил на игра на Пејсерси. Со своето екстра шутче за три би требал да го надомести неиграњето на клупската легенда Милер, а поснато е дека знае да погоди кога е најпотребно и дека е играч за големи утакмици. Му предвидувам спор старт, но со тек на сезоната работите полека ќе си доаѓаат на место, за во плеј-офот Индијана да има уште едно екстра оружје. Како битно засилување би можел да се покаже и Гренџер, кој беше можеби и најдобриот шутер во својата драфт класа и едно од најдобрите бекжиња.
Коуч: Рик “Џим Кери” Карлајл е еден од тренерите кои најмногу ги почитувам во лигата. Момакот излезе од никаде и со Пистонси две сезони по ред имаше 50 победи, пред Думарс да го избрка И да го замени со Лери Браун, на кој од небо му падна поклон во ликот на Шид Волас и со тимот на Рик, плус Шид ја освои својата прва и единствена НБА титула. Во Индијана Рик продолжи со одличната работа И да не беа некои повреди и суспензии ништо чудно тој да се радуваше на првата титула. Неговиот квалитет беШе највидлив лани, кога откако ги искасапија со суспензии, Пејсерси со Тинсли и еден куп анонимуси успеаа да тепаат неколку пати по ред, кога секој очекуваше убедлив пораз. Сезонава Рик на располагање има мотивиран и комплетен состав и ништо чудно ако биде избран за тренер на годината. Бирд му верува 100%, така да иднината му е сигурна.
Од него зависи сезонава: Рон-Рон годинава е во мисија да им докаже на сите дека тој е најдобртиот дефанзивец во лигата и дека не е чудовиштето кое Штерн и компанија го направија. Рон исто така сака да им се искупи на играчите и навивачите на Индијана кои лани ги остави на цедило. Нормално, секогаш кога од својата професија отсуствиваш една година тоа остава трагиц на тебе, а тоа е посебно случај кај спортистите, меѓутоа Артест целло лето тренираше со соиграчите и сигурно нема да му треба подолго од ноември да се врати во ритам. Самиот е свесен дека уште една глупост ќе го чини место во Индијана и дека само со него фокусиран во составот, Пејсерси имаат шанси за титула.
Епилог: По неколкуте пехови по ред, мислам дека ова е сезоната во која Пејсерси конечно ќе одиграат според својот потенцијал и ќе бидат во игра за освојување на Истокот. Нормално, доколку ги заобиколат повредите, пред се на О’Нил и глупостите на Артест. Годинава се најкомплетни, можеби и во својата историја, а ако Полард и Херисон успеат колку-толку да ги одморат Џермејн и Фостер, тогаш црно им се пишува на Пистонси и Мајами. Јаске ќе биде мотивиран да докаже дека местото му е во НБА, Рон-Рон ќе биде мотивиран да си ја врати титулата најдобар дефанзивец и да го избрише ланскиот грев, Џермејн ќе израсне во сила на својата позиција, а Тинсли ќе покаже дека е еден од најдобрите плејмејкери во лигата. На се тоа, го имаат и Стивен Џексон, дебитантот Гренџер и конечно здравиот Бендер, кој би требал фајнали да проработи. Лани Пејсерси докажаа дека се психички можеби и најјакиот тим во лигата и дека и без Рон можат да се носат со Детроит. Сега, кога имаат комплетен состав плус Јаске, не гледам зошто не би можеле и да го имаат најдобриот скор, па можеби и да го освојат Истокот.
October 28th, 2005

Годинава Хјустон ќе биде домаќин на Олстарот
Летен распуст: Освен помагање на настраданите другарчиња од Њу Орлеанс, Хјустон, и ова лето се заложи во шминкање на ростерот и ангажирање на по некој спавачи шпиун. Прв потег со кој озбилно му се заканија на Сан Антонио во трката за прв на Саутвест, а со тоа веројатно и на Запад, беше ангажманот на Стро Свифт, како фри ејџент и тоа за бааги ниска сума. После тоа, ја исфилуваа задњата линија со ангажирање на еден од најкошаркарски ориентираните кошаркари во Лигата, Дерек Андерсон. Се ослободија од старото железо Ворд (го унапредија во помошник тренер), Бејкер и Ведеспун, а плус ги ќарија Дион Главер, кој се чека на секоја утакмица да пружи што знае и летечите способности конструктивно да ги искористи.
Според мене, плус скил добија и со трампата на Мајк Џејмс за Рејфер Скип Алстон. Едн Уан баскетџијата ги има сите квалитети што ги има Џејмс, со таа разлика што е порафиниран офанзивец, а плус е фаца, ама па и му недостига дисциплина (но мислам дека Џеф Ван Дам брзо ќе му го дотера паметот). Единствено што изгубија оваа сезона е Скот Паџет, одличен шутер за три и типичен епизодист, и сега неговите задачи ќе треба да ги делат Дерек Андерсон, Џон Бери и останатите што ќе играат на 1, 2, и 3 освен ТиМек, кој и онака си има свои обавези. Боб Сура ми е дискутабилен, од здравствени причини.
На драфт пак се одлучија за ненаметлив комбо бек, кој игра ѕверски напад, пристојна одбрана и што е најбитно, имаше една од клучните улоги во Илиноис, на патот до финалето во НЦАА лани. Тоа е Лутер Хед, кој мислам дека нема да има проблем да се снајде во Лигата и да остане како респектабилен епизодист. Некако ми остави впечаток лани, пошто цело време беше играч што води на контри, се жртвува, влага, сам крева цел напад, шутира, а ретко тоа беа исфорсирани или глупи потези. Пристојна замена за коуч Ворд. Лани беше во вториот тим на УСА.. тоа доволно збори за неговите квалитети.
На писта од лани: Трејси Мекгреди, Мао Це Тунг, Џуан Хауард, Дејвид Весли, Џон Бери, Мучи Норис, Рајан Боуен, Тореј Брагз (играчиште!), Дикембе Мутомбо
Новата програма на НАСА: Лутер Хед (24. на драфт), Дерек Андерсон од Портланд, Стомајл Свифт од Мемфис, Дион Главер од Сан Антонио, Лони Бакстер како избеглица од Катрина
Лансирани во орбитата: Скот Паџет (Њу Џерси), Мајк Џејмс (Торонто), Чарли Ворд, Кларенс Ведерспун, Вин Бејкер
И те какво засилување: Стро Свифт. Откако го клонираа во Мемфис со драфтувањето на Хаким Ворик, човекот си одбра место кај што ќе има реална шанса да оди по титулата, кај што ќе го сакаат и кај што ќе игра. Рокетси добија пак феноменален талент, сеуште млад играч, пред све желен за игра и докажување, плус сигурни полна арена, затоа што Свифт е еден од најатрактивните играчи во Лигата. Нема што да го тупиме – ги попунува на четворка (а и петка), иако си го имаат стандардниот ама и стариот Џуан Хауард, и мислам дека тоа што го најавуваа години по ред во Мемфис, ќе го видиме сега, ама во црвен дрес. Освен што е забивач, Стро е и одличен блокер и скокач, и го појачува Хјустон осетно и видливо.
Стро беше играчот кој го посакуваа скоро сите тимови летоска. Едвај чекам да видам што ќе биде сега.
Тренер: Ван Ганди поситниот, лани си потврди дека е одличен тренер – па типот во секоја сезона имал преку 50% победи и нема утнато никад плејоф освен последната во Њу Јорк кога после 19 победи и скор од 10-9 изненадно си замина (уствари не се сеќавам, да не треснам, али тоа е причата у глобала). Лани дојде у пакет со ТиМек и од одма ја најави новата ера во Хјустон. Со Јуинг како асистент специјално задолжен за Конфучие, мислам дека Рокетс го имаат моментално најжустриот „стручен штаб“ после Лејкерси (Фил, Пип, Карим). Неверојатен психолог е, школа Рајли, башка и мозок е типот, викаат дека како што он има репертоар на акции, никој друг нема. Плус и ливчињата вршат работа. Тука Рокетс се чиста десетка.
Саплај менаџер: Трејси Мекгреди дефинитивно. Првин мислев да го пишам Хо Ши Мин, ама типот е три метра висок, не е Бредли, и по дофолт он нема да има послаб учинок од лани, пошто кај него важи дека секоја сезона иде напред.
Ти Мек рецимо, стана тип на играч – носител на екипа, синоним за цел тим, метонимија за Рокетс. Лани беше одличен, годинава мора да биде МВП калибар. Мора да ја раационализира уште малце играта и да повтори пратии како против Сан Антонио кога за 30 секунди сам им даде 13 поена и ги победи.. мора да повтори некои страва шутеви во задњи моменти, мора да игра сестрано, едноставно сега е пуна форма, зенит, зрелост, го има најдоброто опкружување во кариерата и прашање дали некогаш во иднина Рокетси ќе бидат вакак конкурентни. Нека батали топ тен, нека гледа да биде прв у Нестле Кранчтајм. До лани го мислев за тип ко Винс, ама мислам дека вреди малце повеќе. Лани почнаа кај него да се гледаат шампионски искри, оваа сезона мора да се разгорат. Викаат дека ТиМек имал лето слично на Берон Дејвис – теретана, тренинг, тренинг и после шутерски тренинг. Мене ми е еден од фаворитетите за МВП, па ќе видиме..
Епилог: Хјустон после десет години, пак има шанса да се врати на тронот. Реално и ненавијачки. Иако објективно се послаби од Спарси (пред се паѓаат на цврстина и искуство), сепак, ако успеат да дојдат до нив и загризаат јако, тогаш ќе биде вуна. Имаат долга клупа и сестрани орудија, кои Ван Ганди верувам дека успешно ќе ги искомбинира. Но, првин нека стасаат до нив, па отом потом.
Многу важно за Рокетс ќе биде регуларниот дел да го поминат без потешкотии. И да извадат подобар резултат од Спарс, за да ги бутнат на четврто место и да ги соочат евентуално со Далас уште во прво коло. Голема предност им е што Олстарот ќе им биде дома, па нема да мора да се замараат со патувања и кршење форма, што значи дека ќе имаат услови да се разбеснаст веднаш по паузата.
За нив многу тежок испит ќе бидат првите три недели од првенството. До 23 ноември ќе играат со Сакраменто, Мајами, Сан Антонио, Детроит, Индијана, Далас, Феникс. Со сите конкуренти де. Ако победат на повеќе од пола од овие утакмици, тогаш нивната кандидатура ќе биде легитимирана и подвлечена со црвено.
Им предвидувам 60-тина победи, а за пласман, зависи од Спарс, ама и од Далас. Сепак, оваа сезона се појаки од Далас. Ако не бидат први на Саутвест, тогаш ќе бидат четврти/петти со Мавс и ќе играат со нив у прво коло и ќе им се одмаздат за лани. Од второ коло би ги збришале само Сан Антонио, што значи дека ако не нагазат на нив во втора рунда, не им бега конференциско финале.
За дуелите со Спарс, веќе кажав. Можно е да ги поминат, ама првин нека стасаат до нив.
October 27th, 2005
Previous Posts