Шепард е дома, спремете се за ќотек. Österreich се дрва у баскет, ама па и ич не ги интересира, така што моите заебанции на оваа тема таму беа проследени со рамнодушно и зачудено туфкање.
ЊУЗ: Сега повторно можете сите да коментирате, со таа разлика што клаив онакво, да морате да искуцате збор претходно даден на слика пред да постирате. Како кога се регнува мејл.
Деновиве очекувајте мал осврт на Лејкерси, македонската репрезентација и Чарли Вилануева.
Толку од мене. Фала и пријатно.
September 27th, 2005
МАКЕДОНИЈА - АВСТРИЈА 99:62 (26:20, 22:10, 27:16, 24:16)
Влеговме… и толку.
Ај сеа да изгураме добри квалификации и да не има на ЕП у Еспања. Какви моронски репрезентации играа на ова ЕП (и какви морони станаа шампиони), ништо чудно и тоа да се деси.
Иначе, ова не одеше синоќа зашто имав многу побитни работи од тоа да пишувам како сме ја тепале 30 разлика “кошаркарската” земја Австрија.
September 26th, 2005
Синоќа одржаниот хуманитарен меч за жртвите од Њу Орлеанс барем за момент ги натера децата од градот кои бегајќи од Кате се најдоа во Хјустон, да заборават на се што загубија за неколку минути и да заиграат баскет со своите НБА идоли. Мечот наликуваше на Ол-Стар и уште еднаш покажа дека од сите спортисти низ светот, баш НБА играчите најмногу од своите милиони пренасочуваат во хуманитарни цели.
Благодарение на мај мен Заре, овде можете да ѕирнете две солидни клипчиња со хоум-бој Ти-Мек во главна улога. Енџој!
September 12th, 2005
Може ли да има нешто подобро во моментов од тоа да се биде навивач на Сан Антонио. Само два месеци по освојувањето на третата титула во последниве седум години, Спарси во само два дена за ситни пари успеаа да потпишат двајца докажани ветерани. Ако ангажманот на Ник и не беше некое чудо, онда такво нешто сигурно е тој на најбараниот слободен играч во моментов, Мајкл Финли, што преставува изненадување со оглед на тоа дека според многумина Мајами, Феникс и Детроит беа во предност за амнестираниот од Далас во однос на шампионот.
Но, Мајк одигра паметно и се одлучи за клубот со кој ќе има најдобри шанси да ја освои својата прва НБА титула. Со загарантирани 51 милиони во џеб од остатокот од договорот со Мавси, Мајк не се залета за побогатите понуди на др. клубови (Мајами, Минесота) и ги прифати 2.5 милиончиња по сезона од Спарси, што најдобро ја илустрира изјавата на неговиот менаџер, Хенри Томас:
“The money was one of the factors he looked at but in the end the most important thing was the opportunity to win a championship and to have a significant role in that. When it came down to those factors, the Spurs were the best fit.”
Сите знаеме што добива шампионот со ова - играч кој нема да се буни со улогата на резерва, кој во секое време може да им даде напад наместо одбрана (Боувен), да го одмори Ману и да погоди тројка кога противничките одбрани ќе се сконцентрираат на Данкан и Џинобили. Плус, сега со него и Ник, Спарси имаат една од најдобрите (ако не и најдобрата) клупи во НБА. Бено Удрих веќе нема да мора да се мачи со противничкиот пресинг на него, што најдобро се виде лани у плеј-офот, тој проблем го решава Ван Ексел. Брент Бери веќе нема да мора да биде решението од клупата, тоа сега го решава Финли. Едноставно, THE RICH ARE GETTING RICHER.
Но, колку што добија со потписот на Финли играчки, толку Спарси добија и од аспект на ослабување на ривалите за титулата, пред се ланскиот противникот во Финалето на Западот, Феникс.
Санси со се срце се надеваа дека кај Мајк ќе преовлада љубовта за неговиот прв НБА град и пријателството со Стив Неш и тој ќе ја пополни дупката која настана со летот на Џо Џонсон кај Хоукси и трампата на Квентин Ричардсон во Њујорк. Вака, стартери на “двојка” и “тројка” им се Раџа Бел и Џим Џексон со кои тешко дека ќе го повторат ланскиот успех.
Извисија и Пистонси кои во Финли гледаа идеална опција од клупата за Хамилтон и Принс (и кои по ова остануваат трети на Истокот), како и Минесота, која е очајна по квалитетен помошник на Гарнет (и која у сегашниов состав ќе се изнамачи да стигне до плеј-офот).
Можеби звучи чудно, но тимот кој најмалку загуби со потписот на Финли за Спарси е тимот на кој му се даваа најголеми шанси за негов ангажман, Мајами.
Не смее да се заборави дека со останувањето на Мајкл на Западот, па уште кај шампионот, многу загубија и Мавси. Бившиот тим на Финли до 15 август упорно бараше трејд партнер за ветеранот, по можност од спротивната конференција, а кога тоа не им успеа мораа да го “амнестираат”. Познато е дека Кјубан не сакаше да го види Финли во Феникс, заедно со Неш, но не верувам дека ова е нешто помал удар за него.
Покрај за Кјубан, ова е голем удар и за Дирк Новицки, кој за две години остана без двајцата најдобри соиграчи со кои го правеше ударното трио на Мавси. За утеха, Дирк околу себе има доволно квалитетни соиграчи да може да заборави на Неш и Финли, но кога ќе дојде април и ќе почне плеј-офот патот до титулата наместо преку еден, сега ќе води преку двајца добри пријатели.
September 1st, 2005