Archive for August, 2005
Имам една лоша и една (мејби) добра вест за сите навивачи на Лејкерси.
Лошата е тоа дека више нема никакви, ама баш никакви шанси Јао Минг да заигра за вас и да стане следниот голем центар во историјата на Лејкерси, а добрата е тоа што со отпаѓањето од игра на Јао, Бас, Купчак и Фил можат да почнат да сонуваат за некои други млади ѕвезди кои ускоро ќе треба да потпишат нови договори (Амаре-2006, Леброн-2007), иако веројатноста да дојдат до нив е минимална, сепак, надежта умира последни, нели?
Јао нема да го наследи Шек од едноставна причина што утре (или денеска, ако ова го читате во четврток) ќе биде објавено дека Кинезот потпишал нов договор со Рокетси кој во Хјустон ќе го задржи до 2011 год.
Наместо како и секоја ѕвезда да почека дури не се здобие со статусот на ограничен слободен агент, па да си седи дома и да ги разгледува понудите кои сигурно ќе ги имаше едно купче, тој се одлучи уште сега да им покаже верност на “ракетите”. Наместо новинарите секој ден да го поврзуваат со друг клуб, да го ставаат во комбинација со друга ѕвезда, да го “облекуваат” во нова 11, тој уште сега докажа дека смета дека заедно со Ти-Мек можат во Хјустон да ги вратат деновите на Хаким.
Наместо следното лето да одолговлекува и така да си набива цена, да се замишља бог и да бара се што ќе посака, Минг се одлучи да ги ослободи Рокетси од 226 цм. голема главоболка.
Сите овие потези се нетипични за една НБА ѕвезда, но Јао никогаш не ни бил типичен. Тој едноставно не е таков, на работите не гледа како на 99% од НБА играчите. Тој е благодарен на клубот кој веруваше во него и тоа сакаше уште сега да им го докаже. Плус, со ова самиот си ја тргна мувата од капата и го избриша своето име од страниците посветени на шпекулации.
Со ова Јао покажа дека е уникатна појава и дека е доволно паметен да сфати дека у Хјустон му е поубаво, и дека со Рокетси у иднина има поголеми шанси да стигне до тронот.
August 31st, 2005
Има ли боље место за некој кого го викаат Nick the Quick од Аламо, престолнината на револверашите од времето на Вајат Ерп, Бафало Бил итд. Ако го прашате Ник Ван Ексел, а и управата на Спарси, нема, затоа што од вчера ветеранот е нов член на шампионот.
Ник во приказната за револверашите се вклопува одлично и од еден друг аспект, а тоа е податокот дека тој е втор на листата на активни играчи според бројот на постигнати тројки во кариерата (прв е Реј Ален). Токму тоа беше една од главните прични поради кои Поп се одлучи за него, затоа што ако нешто му фали на шампионот тоа е квалитетна измена за мr.Ева Лонгорија и шут за три.
Од Ник ќе се бара да одигра некои 15-20 минути и во тој период да ги искористи удвојувањата на Тим или Ману и да погоди чиста тројка, што тој и тоа како го може.
Каква ли промена за Ван Ексел кој од ситуација во која пред само шест месеци изјавуваше дека летово планира да се пензионира, стигна во редовите на шампионот и повторно главниот фаворит за титула.
Ова е уште еден одличен потег на управата на Спарси, која искрено не можам да се сетам кога последен пат направила грешка во ангажманот или трампањето на некој играч. Уште поголеми честитки заслужува менаџментот ако се знае дека парите кои му се понудени на Ник не се тие кои се планирани за Финли, за кого Спарси се уште остануваат во игра.
August 30th, 2005

У мртвиов НБА период еве мало освежување во форма на македонски блог кој е посветен на НБА клипчиња, во изведба на Заре (или жаре). Како и секој од нас, така и он моментално ги поминува детските блогерски болести, а блогот полека си добива форма. Слободно кликајте…
August 29th, 2005
Како што секогаш по бурата следи мирно време, така и во НБА по фуриозното отварање на трансфер пазарот со најголемата трампа во историјата, неочекуваното заминување на Џо Џонсон во Атланта и целата сапуница која настана меѓу девете газди на Хоукси, Vegas Baby 2007, , откажувањето на Нетси од Риф и неговиот ангажман кај Кингси, девете прсти на Грин и 18 амнестирани у пет до 12, работите се смирија до тоа ниво да вест на денот стигна да биде трејдот на Џејмс Џонс од Индијана во Феникс во размена за пик од 2.рунда на драфтот 2008.
Дека нешто не е во ред покажува и фактот дека главно име на пазарот е Мајкл Финли, кој по клоцата од Далас мирно, во својата соба во еден хотел во Чикаго ги разгледува понудите кои лично досега лично му ги доставија Рајли и Стен Ван Ганди (Мајами), Амаре Стадемаер, Мерион, Џери Коланџело и Д’Антони (Феникс), Попович (Сан Антонио) и Гарнет, Мекхејл, Кејси (Минесота). На пат за Чикаго следната недела се спремаат и некои важни фаци од Детроит и Денвер.
Јас лично мислам дека најдобре решение за Финли е Мајами, каде тој ќе биде дел од првите пет (иако нема да игра на својата природна “двојка”, него на “тројка”), ќе биде дел од една од најдобрите екипи на Истокот и во лигата И ќе игра покрај најдоминантниот играч во историјата. Точно дека на Флорида кетово се преселија доста нови играчи и на сите нив ќе им биде потребно време да се уиграат, но и тоа е ипак боље него да мора пак патот до Финалето да го поминува преку Сан Антонио.
Што не носи кај Шампионот, кој реално е најпростото решение за Мајк. Но, таму тој нема да биде стартер и заедно со “Bones” Бери ќе мора да ги одмара Ману и Боувен. Велам нема да биде у првите пет, затоа што нема појма од играње одбрана, што е специлајност на Брус и е еден од клучевите на успехот на Спарси.
Друга опција за останување на Западот е неговиот прв НБА клуб, Феникс, каде се уште е еден од омилените играчи, каде се уште има куќа, каде пак би играл со Неш и каде би влетал на местата ослободени од Ричардсон и Џонсон. Но, и патот на Санси води преку Данкан и компанија, што и не е баш нешто позитивно, ипак е боље во другата конференција.
Што пак не враќа на Истокот, но овој пат кај ланскиот финалист Детроит, кој би сакал да го види Финли како замена за РИП и Принс, но Мајк би сакал да биде стартер, иако Пистонси звучат интересно.
Денвер е исто така на списокот, но е последен, затоа што Финли мисли дека со нив нема шанси да се бори за титула (плус, пак е на Западот).
Како еден од одлучувачките фактори може да биде и сега екс-газдата Марк Кјубан, кој јавно изјави дека нема да брза со исплаќањето на 51 милиони кои по амнестирањето му ги дужи на Мајк ако овој остане на Западот и му се приклучи на тим кој ќе му биде директен конкурент на Далас. За да биде појасно, газдите на клубовите кои амнестираа играчи немаат обврска веднаш да почнат да им ги исплаќаат сумите кои им остануваат во договорот, тие тоа можат да го одложат и на година-две ако сакаат.
- Нешто што ми прави ќејф летово, а не сум го спомнал до сега е тоа што ни еден клуб не го сака Латрел Спривел, барем не за парите кои он мисли дека ги заслужува. Знаете зашто ми е ќејф? Затоа што кога лани Вулфси му понудија тригодишен договор тежок 21 милиони, Спри навреден ја одби понудата јавно изјавувајќи како со тие пари тој нема да може ни семејството да си го одржува велејќи “Како јас со тие пари ќе си ги нахранам децата?”
Е, баш да го видам сега како ќе преживее со 7-8 милиони за две години. Кретенот веројатно ќе заврши меѓу Пистонси или Нагетси, зависи од Финли, иако тој би сакал меѓу Лејкерси.
- Друг ветеран кој се спомнува у комбинација за Денвер е Ник Ван Ексел, за кој наводно се заинтересирани и Мајами и Спарси, но пак, се зависи од Мајк.
- Ете, немајќи за што да се пишува и ја се изнапишав за Финли, кој несакајќи и во немање права ѕвезда на пазарот, стана една од топ-темите ова лето.
August 26th, 2005
Пред да го напишам текстчево имав еден куп наслови во глава кои вриеа од црн хумор (”Грин на прсти знае да брои до девет”…), но од почит кон тинејџерот (тука негде е генерација со Шепард:) решив да не се зезам, со вака озбилна работа. Уствари, тој и покрај ова успеа да стигне каде што е сега, така да заслужува само почит…

Ви текнуе како пред задњиов драфт скоро секој го најавуваше средношколецот Џералд Грин како сигурен топ 10 (некој и топ 5) пик и како едно од најголемите изненадувања на драфтот беше неговиот избор дури како 18.?
Е па, цели два месеци покасно полека станува јасно зашто Грин доживеа таков пад во очите на НБА скаутите. Иако не ми се веруваше од прва (а ни од втора, ни трета…), момакот има ДЕВЕТ прсти, да, да, не десет, него девет.
Као и ја, сигурно и вие се прашувате како може некој кој му фали прст од десната рака да биде НБА играч, и тоа не било каков, него момак кој е најавуван како новиот Мекгрејди, но ако е за веруваше на сите кои го виделе како игра (добар доказ се неговите партии на летната лига), тоа што му фали прст уопште не влијае на неговата игра. Предност е тоа што повеќе ја користи левата рака, а прстот кој му фале и онака не му врши многу работа на помошната десна рака при шутот. Ипак, уште не ми е јасно како без проблеми води топка и куца со десната рака.
Според повеќе извори, Грин прстот го загубил на крајно бизарен начин, уште пред неколку години при едно куцање, кога несреќниот фингер му се закачил во мрежата, по што му горната половина му се одвоила и подоцна не можела да му биде зашиена. Јајкс.
Овде имате уште некоја фотка каде може да се види дека нешто му фале на Грин. Ѕирнете ги убаво, зашто и мене не ми се веруваше (и уште не му се верува).
August 25th, 2005
Poradi spamerite, ja Ofcharo lichno, duri od ladnata Avstrija, se logirav i prezedov represivni i nedemokratski merki.
Od sega pa natamu, samo registrirani user-i na Blogger kje mozhat da komentiraat.
Lesno se praat akaunti, i ne mora da imate svoj blog.
PS Ajde Aaron McKie u Lakers.. ajdeee nova titula!
PPS R I P Kenyan
August 23rd, 2005

Пред некој ден Комуналец сe интересираше што моментално се дешава со некогашниот 2.пик на Булси, Џеј Вилијамс, кој по не толку успешната руки сезона имаше тешка сообраќајка со својот мотор по кој не само кариерата, него и можноста пак да застане на нозе беше доведена во прашање. По скоро две години напорна работа пак да застане на нозе, Џеј пред половина година почна и да тренира (со намален интензитет).
Ви го ископав линков, кој иако е од пред скоро месец дена , дава убав осврт на се што и се случуваше на некогашната ѕвезда на Дјук.
Баш би сакал да го видам годинава пак у НБА и наместо новиот Боби Харли, да направи камек сличен на оној на Грент Хил лани.
За илустрација за тоа какви баксузи се Булси, еве ви ја комплетната 1.рунда и попознатитре фаци од втората (Бузер-33пик?) од драфтот 2002 год.
Ништо против Џеј, но како можеше Амаре да не биде барем 2.пик, а пред него да бидат избрани папци како Скитишвили, Данливи, Гуден, Вагнер, Нене, Вилкокс!?!?!
Round 1
1. HOU Yao Ming
2. CHI Jay Williams
3. GSW Mike Dunleavy
4. MEM Drew Gooden
5. DEN Nikoloz Tskitishvili
6. CLE Dajuan Wagner
7. NYK Nene Hilario
8. LAC Chris Wilcox
9. PHO Amare Stoudemire
10. MIA Caron Butler
11. WAS Jared Jeffries
12. LAC Melvin Ely
13. MIL Marcus Haislip
14. IND Fred Jones
15. HOU Bostjan Nachbar
16. PHI Jiri Welsch
17. WAS Juan Dixon
18. ORL Curtis Borchardt
19. UTA Ryan Humphrey
20. TOR Kareem Rush
21. POR Qyntel Woods
22. PHO Casey Jacobsen
23. DET Tayshaun Prince
24. NJN Nenad Krstic
25. DEN Frank Williams
26. SAS John Salmons
27. LAL Chris Jefferies
28. SAC Dan Dickau
Round 2
…32.MIL - Dan Gadzuric, 33.CLE - Carlos Boozer, 34.NYK - Milos Vujanic…40.WAS - Juan Carlos Navarro, 41.LAC – Mario Kasun, 42.MIL - Ronald Murray…50.BOS - Darius Songaila…53.MIA - Rasual Butler…56.SAS - Luis Scola
August 22nd, 2005
Previous Posts