Archive for July, 2005

И на “црнците” им треба одмор:)…


NBA Macedonia у следниве недела дена ќе одмара. Ако осетите потреба од нас слободно таа потреба задоволете ја со цурава, т.е. Marisa Miller
(која иначе не навива за Сакраменто).
Море, кога сте више тука, aj, бујрум.

Add comment July 30th, 2005

Имам Лери-нгитис

by Karakash


Бла, бла, бла …. Лери Браун во Њујорк (за огромни пари?!?!?!)
… бла.. бла … бла, бла … некој е ок
со тоа… некој не, бла, бла, бла.
, а некои до толку се заангажирале, што направиле и Head2Head анализа. У меѓувреме New York Post и даље му лиже г’з на Лери (веројатно сакаат да бидат први кои ќе добиваат негови изјави).

Уште пред да го напушти Детроит решив да не му посветувам премногу внимание на Лери Браун и неговите “ќе бидам догодина тренер, нема да бидам догодина тренер. Сигурно останувам во Детроит” муабети.
Најискрено, од времето кога беше у Филаделфија не ми се свиѓа Лери Браун и тоа не се сменило до ден-денес. Не знам што да кажам за неговиот ангажман во Никси (уствари знам, ама не мислам да се замарам со Лери), но да сум јас на местото на играчите и навивачите на Њујорк би се запрашал дали може да му се верува на некој како Лери. И досега имам пишувано за Лери, така да знаете што мислам за него и ова е задње што мислам да го напишам за Браун, затоа што уствари, I couldn’t care less about Lerry.

1 comment July 28th, 2005

Kemp Footage


1. Kemp over Alonzo
2. Rasheed can not play D
3. Rebound Dunk
4. Typical Kemp Dunk
5. MJ is rejected (’96 finals) - 4 my man Dwr Budr[right click - Save Target As]

4 comments July 27th, 2005

Шарац во Индијана

Шарунас Јасикевичиус официјално премина во таборот на Лери Бирд и компанија. И тоа за убава сума од 12 милиони за 3 години - што е прилично висока цифра за недрафтуван странец. Но, Јаске, и не е до толку странец, бидејќи играше за колеџот Мериленд од 1994 до 1998, и важи за еден од најдобрите странци во историјата на NCAA.

Тоа што ме изненади кај Шарко, е што одби понуда од Кливленд, каде што ќе играше со сонародникот и добриот пријател Ззззззз Илгаускас, Лери Хјуз и со Кинг Џејмс. И ќе беа дефинитивно голем фактор.

Шарац се реши сепак за покошаркарската варијанта - Индијана негува тимска игра, Рик Карлајл е тренер од старата школа, и едноставно, Шарац на местото на Тинсли влетува како perfect fit. Плус, Индијана сега е појака од било кога.

Прва петорка: Јасикевичиус, Стивен Џекес Џексон, Рон Рон Артест, Џермејн О`Нил, и еден од тројцата центри Херисон/Полард/Фостер. Јас би го играл Фостер.
Клупа: Дени Гренџер (се очекува експлозија), Тинсли, Фред Џонс, Остин Кроушир.

Уште да го трампаат Џонатан Бендер и ќе ја биде.

Инаку, не треба да се занемари дека последните три екипи во Евролигата за кои играше Јаске, стасаа до тронот. Не ми е јасно како само со репрезентацијата на Литванија си дозволи да се лизне против Италија.

5 comments July 26th, 2005

A tribute to Shawn Kemp

by Anastas Shepard

Енко, што не ти требаше да ме рчкаш за Кемп.

Кемп е официјално човекот поради кого прогледав кошарка. Играч поради кој почнав да играм.. човек кој неизмерно го почитував, а и сеуште го почитувам неговиот лик и дело. Иако заврши како што заврши, сепак, Кемп за мене ќе остане посебен лик – херој од раното детство.

Што толку ми се допаѓаше кај „Дождовниот човек“ ? (За мене во тој период, поради Љубомир Николовски, беше дождовник, и сега глупо ми е да го прекрстам во владетел – дури и на моите цртежи го цртав со прорјни врнежи во позадина.)

Кемп беше еден вид бунтовник. Играч кој отстапуваше од секаква шема, нескротлив и жилав. Со физикус печен за четворка, а подвижен како бекче, моќен како центар. Играч што ако му ја дадеш во рекет, ќе се изгура или ќе направи некој ролинг од типот на Хаким, и ќе ја закуца со авторитет. Или ако му ја дадеш надвор, ќе влезе и ќе ја забие МОЌНО. Или ако му играш агресивно фластер, ќе те излета и ќе се отвори за цепелин. Или на крај краева, фино, скок-шут од полудистанца и лесни два. Знаеше да се избори за офанзивен скок и да ја забие од одбојка. Гинеше и под сопствениот кош, често пати и со стоки поголеми од него. И знаеше да лепне некоја банана, како онаа на Џордан во финалето `96-та. Уф, и знаеше да направи шоу после секој потег. Знаеше.. Едноставно, беше агилен, полн со желба за надигрување, за победа. Зборувам за првите сезони, во Сиетл.. со преминот во Кавси стана сосема друг човек – рамнодушен, со единствена цел – парите. И пропандна. Пропадна од „своја глава“. Еден од ретките случаи кога играч оди кон зајдисонцето, без да доживее катастрофална повреда. Повредата што ја имаше во Кливленд дојде едноставно како капак..

Кемп беше играчиште. Не беше во елитните „носители“ на тимови (дури во Соникси го рачунаа и како втора виолина, после Ракавицата Пејтон), ама беше играч кој секој тим би го посакал. Неговите бројки во кариерата се 14,6 поени и 8,4 скока и реализација од поле скоро 49%. Но, во Сиетл, 6 последователни сезони имаше одлични дабл-дабл бројки и во 5 од нив реализација преку 50% од поле (периодот од 1991 – 1997), а зенитот на неговата кариера беше сезоната 1995-1996, кога Соникси стасаа до финалето и изгубија од машинеријата на Чикаго. Таа сезона Кемп имаше импозантни цифри: 19,6 поени на неверојатни 56,1% од поле, 11,4 скокови, 1,6 банани и сето тоа за само 33 минути по натпревар!!! Имаше и ситна повреда – го истегна левиот глужд, ама прележа само 3 утакмици, и уште три ги почна „од клупа“. Од 79 натпревари, само на 3 постигна помалце од 10 поена, 4 пати пројде преку триесет поени, беше 4 година по ред избран за All Star настап, и тоа во првата петорка на Запад, и два пати беше играч на неделата.
Нема да се заборави и неговиот настап на Светското првенство 1994 во Торонто, каде што беше избран во петорката на Првенството а со Dream Team II освои златен медал.

Profile:
Позиција
– ултимативна четворка. Иако секој натпревар скокаше за топка, сепак четворка е неговата позиција. Во сезоните кога беше свинче го ставаа и центар, ама не му лежи баш.
Почетоци: Роден е на 26.11.1969 – сега има 35 години – во Лигата влезе сезоната 1989-1990, избран како 17 на Драфтот директно од средното школо Конкорд. [Инаку Драфтот од 1989 важи како еден од најлошите во историјата, бидејќи таква 1-2 утка се нема видено.. 1. Первис Елисон; 2. Дени Фери; 3. Шон Елиот (се јаде некако); 4. Глен Рајс… 11. Ник Андерсон; 12. Муки Блејлок… 14. Тим Хардавеј… 26. Владе Дивац… 36. Клифорд Робинсон… 40. Дино Раџа – впрочем, како најдобар дебитант беше избран Дејвид Робинсон, кој влезе 2 години порано, ама тие 2 сезони си ги помина во Морнарицата на САД, а во првата руки петорка беа Дивац, Шерман Даглас, Тим Хардавеј и Пух Ричардсон]
Физикус: Висок е 2,08 (понизок е, ама ова е мерено со патики) а тежок е 127 кила (сега е ослабнат, околу 110 е)
Достигнувања: 5 пати избран на All Star Game, 2 пати избран во втората NBA петорка, избран во првата петорка на Светското Првенство 1994 и златен медал со САД, шампион на Запад со Сиетл во 1996.
Преселби: во 1997 во Кливленд, во 2000 во Портланд, во 2002 во Орландо, во Оклахома Сторм во полуаматерската USBL во 2004.
Опис на Хупсхајп: Once a star… No longer… Could do some of the dirty work… Conditioning was a big concern.

11 comments July 26th, 2005

Here comes the REIGN again?!

by E.Karakash

Ви текнува на Шон Кемп, човекот кого сите вие поради лапсусот на нашиот НБА коментатор го нарекувавте “Дождовниот човек”, иако тоа немаше никаква врска со неговиот вистински прекар? Мора да ви текнуе. Збориме за типот кој по финалето 1996 год. беше на добар пат да си го осигура своето место меѓу најголемите ѕвезди, типот кој во тоа финале ги засени сите, па на моменти и “Најголемиот”. Типот поради кој едно чудо деца почнаа да гледаат НБА и да навиваат за Сиетл. Ма мора да ви текнува на тој Шон Кемп. Не може да не се сетите.
Не зборам за “фабриката за бебиња” – Шон, или пак Шон кој пред сезоната 1999 се појави како ѓуле од 155 кила. Не зборам за Шон кој откако беше трампан од Соникси во Кавси веќе никогаш не ги повтори партиите кои пред тоа ги пружаше секоја вечер. Во никој случај не зборам за Шон наркоманот, кој сред сезона се пријави во клиника за лечење од зависности и кој не многу подоцна беше уапсен за поседување ганџа и кокаин. Шон кој од тој момент се изгуби од радарот на сите баскет фанови.

Ни самиот Кемп не сака да се сеќава на овој вториот, “лошиот” Шон. Токму затоа тој во својот дом во Хјустон напорно работи на својот НБА камбек. Тоа веќе не е оној округлиот Кемп, туку е вратен на тежината која ја имаше кога играше за Сиетл. Тој си има дадено за задача да го смени начинот на кој повеќето луѓе се сеќаваат на него,, иако самиот вели дека не мора никому да се докажува.
“I sit back today, and I look at TV, and I see how they talk about Karl Malone, I see how they talk about Charles Barkley. And I know the look in those guys’ eyes when they used to walk out on the court to guard me. To see the fear in those guys’ eyes because they knew what they had to deal with” – изјави Кемп минатата недела за Seattle Times.
Но, ако можеби ова звучи препотентно. Шон е првиот кој ќе признае дека тој И само тој си е виновен за тоа што му се случи и за дупката во која падна. Токму поради тоа тој сака да покаже дека луѓето, поради неговите глупости имаат погрешна претстава за него, а тоа може најдобро да го направи ако се врати таму каде што беше најдобар – на НБА паркетот.
“I’m going to play again. And if I’m going to play again, there’s only one way to do it. The right way. On my own”
Искрено, едвај чекам.

1 comment July 25th, 2005

ALMOST KINGS

by E.Karakash


“Останавме само ја и ти, Пеџа”

По Хидо, Полард, Дивац, Кристи и Вебер, Кингси овој викенд ја загубија и некогашната златна резерва Боби Џексон. А, не толку одамна скоро секој НБА фан сметаше дека Сакраменто го има најталентираниот состав и најдобрата клупа во лигата. Таквите тврдења уште повеќе “држеа вода” по сезоната 2002-03 која Кингси ја завршија со скор 59-23.
Но, таа година во плеј-офот тие загубија од Далас во 2.коло, а главната вина за тоа сите ја гледаа во повредата на коленото на Крис Вебер во 2. меч од таа серија.
Само една година пред тоа, Big Shot Rob Horry со тројка ги реши Кингси кои беа на чекор до своето прво НБА финале и така им ги скрши срцата на сите нивни навивачи, кои кај нас ги имаше доста, иако тоа ретко беше од некави кошаркарски причини.
И кога сите очекуваа сезоната 2003-04 да биде нивна, дојде до распад на системот и тие веќе никогаш не се вратија при врвот на Западот, добро позната приказна за секој тим кој не е способен да го направи оној последен исчекор напред.
Сега, од тој тим во Сакраменто останаа само Мајк Биби и Пеџа Стојаковиќ, откако и главниот играч од клупата во тие “скоро златни” години овој викенд беше трампан во Мемфис во размена за Бонзи Велс.
Овој потег на Кингси е логичен посебно по заминувањето како слободен играч во Клиперси на Катино Мобли со што се отвори дупка на “двојка” која тешко дека ланскиот руки Кевин Мартин или тазе дебитантот Франциско Гарсија можеа да ја попунат.
Боби беше љубител на публиката во Сакраменто, но од освојувањето на наградата за најдобар “шести” 2003 год. тој не изигра ни една целосна сезона. Лани тој се појави на само 25 средби од регуларната сезона и нешто малце заигра во плеј-офот, што го прави овој потег на генералниот менаџер на Кингси Џеф Питри уште пологичен (чија биографија дава малку простор за сомнеж).
Еве ги сите трејдови на Питри во неговите седум години во Сакраменто (нормално, без овој последниов):

- 1998: Мич Ричмонд за Крис Вебер
Одличен потег на заменување на веќе истрошениот Мич со младиот и желен за докажување во нова средина Крис.

- 2000: Корлис Вилијамсон за Даг Кристи
Кристи беше токму она што им недостасуваше на Кингси кои беа познати по слабата одбрана. Само уште да не мавташе со тоа прстите по секој потег.

- 2001: Џејсон Вилијамс за Мајк Биби
Питри успеа да ги заебе Гризлиси и да им го убута проблематичниот и нестабилен Вилијамс и у исто време да им го земе Биби, на кој му требаа само неколку месеци да стане нов кормилар на Кингси.

- 2003: Хидо Туркоглу и Скот Полард за Бред Милер
Со овој потег Питри почна да ја сецка најдобрата клупа во лигата, но тоа беше неопходно за да го добие Бред кој веднаш стана Ол-Стар и го направи Владе потрошна роба.

- 2005: Кристи за Катино Мобли
Кога му помина времето на Кристи, Питри го прати во Орландо за Мобли кој беше поефтина И помлада опција на “двојка”. Но, тоа што летово тој си замина за Клиперси направи Кингси од овој дил за излезат со празни раце.

- 2005: Вебер за Вилијамсон, Брајан Скинер и Кени Томас
За ѕвездата во заоѓање со огромен договор и лоши колена, Кингси добија три високи играчи кои можат да бидат од корист и кои се многу полесни за трампање од Крис.

2 comments July 24th, 2005

Previous Posts


Календар

July 2005
M T W T F S S
« Jun   Aug »
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Архива

Категории