Posts filed under 'Дневни линкови'
Америте многу сакаат да го користат зборот - Доминација, а после средбите во групи имаат целосно право на такво нешто. Сега, наместо анализа на 1/4 парови, линкови до анализите на најголемите амерички сајтови за она што се дешаваше сега.
- Како по обичај, американските новинари, овој пат од Јаууу, по секоја нова доминантна партија на нивниот тим се повеќе се занимаваат со минатото наместо со сегашноста. Мада, мора да се признае дека прашањето кое се поставува во колумната е интересно.
- Од Си-Ај пак, дојдоа до интересна идеја доминацијата на своите да ја илустрираат преку давање кинески прекари на репрезентативците. Арно ама, не им дале на сите, а има таков потенцијал за такво нешто, посебно кај изоставените Крис Пол и Двајт Хауард. Па и Бузер. Како звучи: The little (и онака има многу литли) Hornet, The Big Smile и The Bear of the mountain. Забегав, а?
- ESPN како по обичај, ништо иновативно.
- Од CBS пак со споредби и со став дека Австралија може да биде предизвик. Како да не.
- Чарли Розен од Фокс многу не го поштуем иако текстот не му е лош.
ПС: Ако некој од вас бил вечерва на Македонија - Монтенегро, нека пиче импресии. Уште боље ако има некоја фотка. Јас, за жал, не можев да се најдам таму. И да направам муабет со единствениот НБА играч на турнирот, Ѓуроски. А како само по нашите медиуми турнирот беше најавен помпезно како “НБА турнир“ или “Турнир на НБА ниво“…со кого бе, со Романија и Пеџа Дробњак? Смешно.
ПС2: Минесота има нови дресови.
ПС3: Уште не ми се верува дека Сиксерси му дадоа 80 милиони за шест години на Игудала.
August 18th, 2008
Кога Комишот зборуваше за Европска НБА дивизија, веројатно не мислеше на тоа уште ова летго еден куп играчи да ја напуштат НБА и да се преселат во ненормално богатите руски и грчки клубови за пари кои веројатно никогаш немаше да ги добијат во Америка. Но, ако до некаде е и нормално Нахбар, Делфино, Брезец, Наваро…да се вратат во Европа, крајно чудна и можеби револуционерна е одлуката на Џош Чилдрес да ја прифати понудата на Олимпијакос, откако Хоукси не му ја исполнија желбата да направат потпис трејд.Останува нивното право врз него кога ќе одлучи да се врати дома.
Чилдрес, кој со афрото ги покрива клемпавите уши, е ограничен слободен агент, но затоа што тој заминува во ФИБА тим, Атланта нема никакво право да ја изедначува понудата на тимот од Пиреа. Што значи овој негов потег и дали ќе има некаков ефект, ќе видиме во иднина, но факт е дека Џош е првиот млад и талентиран НБА играч кој не е руки или ветеран, кој се одлучува на ваков чекор.
Ова е уште едно бизарно поглавје во скорешната историја на Атланта и загуба на важен играч од клупата. После ова тие мораат да го потпишат Џош Смит на нов, богат договор. Мораат.
July 23rd, 2008
На помалку од десет дена пред крајот на сезоната, мислам дека е време да ги промовирам моите кандидати за МВП и за ROY.
Прво со она што мене повеќе ми значи, како еден од ретките фанови на Атланта на планетава.Ал Хорфорд за “Руки на Годината“! Знам дека Дурент има подобри бројки (од аспект на постигнати поени), но Ал е многу важен дел од тим кој (би требал) ќе игра плеј-оф, и тоа по пауза од цели девет години.
Момакот е блиску до дабл-дабл просек и игра позрело од многумина на негови години. Без него Хоукси немаше да бидат во позиција да го држат во канџи осмото место на Истокот. Дурент е единствениот противкандидат, кој веројатно и ќе ја лапне наградата. Но, улогата на Кевин и на Ал е сосема различна во два тима со тотално различни амбиции.
Додека Ал не е прва ѕвезда во Хоукси, и покрај тоа успева да има добри бројки, Дурент пак има тотална слобода на секоја средба на Соникси, без некоја последица ако било што згреши, а имаше едно чудо грешки и слабо партии оваа сезона во која Сиетл е еден од најбедните тимови во лигата.
По некој глас заслужуваат и Ал Торнтон и Џамарио Мун.
* * * * * * *
Со ова знам дека многу од вас нема да се сложат, ама…Крис Пол за МВП!.
Да. Коби и Лејкерси се страшни сезонава, исто како и Бостон со Кеј-Џи, но додека имаше понекој кој тоа го очекуваше од нив до одреден степен, нема тип кој може да ме убеди дека верувал дека Њу Орлеанс на недела дена до крајот на сезоната ќе биде на врвот на Западот пред Сан Антонио, Феникс, Далас, Лејкерси, па и пред Хјустон и Денвер. Причината за тоа е едноставна и се вика - Крис Пол. Секој кој го гледал момакот оваа сезона знае за што зборувам, а Пол дефинитвно е најдобриот плеј во лигата оваа сезона, и тоа во конкуренција на момци како Нешти, Кид и Дерон Вилијамс.
Е сега, и покрај ова некако не ми се верува дека наградата ќе му биде дадена на Пол. Се ми мириса на Гарнет, како главен за рекордниот препород на Бостон (што е навистина така) или па Коби, како поправање за грепките од минатото. Леброн нема шанси, иако има страшни бројки. И тоа е тоа.
April 8th, 2008

Еве еден такозвани брекет кој нема врска со оној кој се дешаваше на NBA.com, а од кој дел беа најдобрите чирлидерки, или пак оној со кој отупеа сите американски медиуми последниве месец дена - НЦАА брекето, шо би рекле во Охрид. Ако не гласавте за нај-чирлидерки, гласајте за ова.
Јас се мислам меѓу…уствари ич не се мислам…Адријана…мммммммммм….Што ти прават екс-Ју фазони, мултимилионски договор со НБА тим, па макар тој бил и најслабиот во лигата кој ради примањата не може да се откачи од тебе. Да не зборам за вистинскиот медиокритет како играч. Како и да, Марко успеа да биде главната приказна поврзана со Вулфси оваа сезона, иако тоа нема никаква врска со тоа што му е навистина работа.
April 4th, 2008
…тоа во саботата вечер го открија Селтикси…со мало закаснување, како и самиов пост.
The Hornets had been playing sensational in fourth quarters. In Wednesday’s 90-69 victory against the Houston Rockets, the Hornets allowed only 10 points in the fourth quarter. In Monday’s 108-97 victory against the Chicago Bulls, they allowed 13.
“I don’t know what has gotten into us in the fourth quarter in three of the past four games, but guys just buckle down and have done a hell of a job of just making sure that we challenge every shot,” Hornets coach Byron Scott said.
ПС: Иначе, дали заврши сезоната за Дирк, а со тоа и за Мавси…ќе видиме наскоро. И да, 0-8 од кога го имаат Кид.
March 23rd, 2008
Малце да разбиеме од муабети поврзани со серијата на Хјустон и садењето дрва. Иако вчера не одигра нешто посебно против Визардси, Леброн заслужи пост со оглед на продолжувањето на своето издигнување (т.е., издигнувањето на својата популарност) откако се појави на насловната на најголемото модно списание на светот - Vogue.
За нас како фанови на НБА, ова и нема некоја посебно голема важност, но не е мала работа кога сте вие само третиот маж кој се појавин на насловната на Vogue после фаци како Ричард Гир и Џорџ Клуни. Тоа уште повеќе добива на тежина ако се знае дека Vogue излегува неверојатни 116 години!!!
ПС: Ова нормално не значи дека Леброн ќе добие некој глас повеќе во гласањето за МВП.
March 14th, 2008
Наместо било каква најава за она што ќе се дешава вечерва, првиот Ол-Стар викенд кој имав прилика да го гледам (на VHS) и кој останува, барем за мене, најдобриот Ол-Стар на сите времиња. Како саботната вечер, така и тоа што се случуваше и во неделата.
ПС:Само што шампион во куцање не беше оној кој си ја заслужи титулата. Јеби га, Чикаго беше домаќин.
ПС2: ЧИКАГО - ПОЛ - ПЕЏА - ГЕЈ
February 16th, 2008
Рано сабајлево уклучувам компјутер и го гледам ОВА!?!?!?
Малце покасно поопширно за целава работа…
February 6th, 2008
МВП муабетите на почеток или на сред сезона отсекогаш ми биле мрски, пред се затоа што е тотално без врска да се зборува за такво нешто кога се уште не се случил најважниот дел од сезоната во кој играчот кој ќе биде МВП најмногу и би требал да се истакне.
Сепак, тоа не ги спречува Америте да си прават разни анкети, како таа која се појави изминатиов викенд, а во која учествуваа 35 од вкупно 125 ликови кои на крајот на сезоната и ќе гласаат за тоа кој треба да биде МВП.
Така, според ова истражување, моментален лидер во трката е Кеј-Џи, кој всушност игра исто како што играше во минатото во Минесота, со таа разлика што сега е дел од победничка екипа која го има најдобриот скор во лигата. Сето тоа е за почит, но да му се даде добра предност на Гарнет пред Леброн и Коби, кои имаат далеку подобри бројки од него и кои се апсолутни лидери на своите екипи ми е малку без везе. Како и целиов муабет.:)
ПС: И како може Пол да има четири гласа, исто колку Леброн, и еден повеќе од Коби?!?!?
Шо викете вие?
ПС2: На крајот на краевите, и самата награда е тотално небитна ако нејзиниот добитник заврши така срамно како Дирк во плеј-офот лани.
February 5th, 2008
The Grizzlies have traded Pau Gasol to the Los Angeles Lakers for center Kwame Brown, rookie guard Javaris Crittenton and first-round draft picks in 2008 and 2010.
The decision was made that the Grizzlies could no longer move forward with Gasol on and off the basketball court.
Тотално неочекуван потег од двете страни. Лејкерси во страшен плус. Повеќе за ова во следниве ден-два.
February 1st, 2008
Previous Posts