Posts filed under 'Дневни линкови'

Колата на Гилберт веќе некое време оди по удолница на која барем за сега, се уште не и се гледа крајот. Она што е најново е дека целиот случај почна да добива и правна димензија.
Она во линкот дека му се заканува казна до пет години затвор веројатно е нешто што никогаш нема да се случи, но тешко дека од оваа каша која сам си ја спреми ќе се извади така лесно. Суспензија до крај на сезоната е речиси неизбежна, а ништо чудно и Визардси да му го раскинат премрсниот договор. Нормално, парична казна исто така не му бега, како и некоја условна, како допуна.
ПС: Знам, фоткава е ептен невкусна.
January 15th, 2010

Кога сите се надеваа на деби на Блејк Грифин, Клиперси ни го соопштуваат ова. Знам дека Клиперси отсекогаш ми биле омилена тема за потсмевање, и не само мене, но ова е премногу. Преголем малер, дури и за нив.
Посебно е лоша вест за Грифин, кој како да влегува во ист калап како и Оден. Единствено добро од ова е, исто како и кај Оден, и двајцата се се уште млади и ова искуство може да ги направи само психички посилни.
January 13th, 2010

Ви текнува на Џонатан Бендер?
Фановите на Индијана не би требале да имаат проблем со ова прашање, иако веројатно немаат убави сеќавања поврзани со дечкото. Бендер беше висок пик на Tоронто (5. пик) и веднаш испратен во Пејсерси каде требаше да биде битен дел од тимот кој според многумина, а посебно според Дони Волш и Лери Бирд, требаше да доминира со Истокот следните неколку сезони.
Но, на дибекот Артест една вечер во Детроит и дефинитивно му издиша главата, на прославата се придружија Стивен Џексон и Џермејн О’Нил. Ал Херингтон уште претходно си побара повеќе простор да се развива, а искуството со Тинсли и не е така далечно.
И како тоа не носи до Бендер? Па, момакот кој на некој начин требаше да биде спасител, не дигна глава од повреди и на 25 години одлучи да се пензионира. Тоа се случи пред некои три и пол години и од тогаш никој не слушна ништо за него. Се до пред некој месец кога читав интервју со него во SLAM, каде НБА и кошарката беа наведени како последното нешто што му паѓа на ум. Не дека не би сакал камбек, но сето тоа е така далечно. Се потенцираше неговата работа како претприемач и лик кој со својата работа и помага на заедницата.
Затоа, навистина ме изненади веста дека Бендер се одлучил за камбек, па уште и со Никси. Ме зачуди затоа што со оглед на состојбата на колената кога ја напушти НБА, се зборуваше дека нема пак да заигра. Но, стариот познаник Волш веројатно знаеше многу повеќе од сите останати.
Бендер до сега одигра две партии за Никси и, барем од New York Post веќе се подготвени да го прогласат овој потег на Волш за Потег на годината. Со оглед на тоа какви потези правеа Никси последниве години, како на драфтот, така и на пазарот на слободни играчи, не чуди и ваквиот “тежок“ наслов во NYPost.
Со оглед на неупотребливоста на Еди Кари, ограниченоста на Џефрис и сировината Џордан Хил, кој иако висок пик уште е зелен за НБА и не добива шанса од Бркот, јасно е дека доколку успее да остане здрав, Бендер е доволно паметен да си го задржи местото во Њујорк.
Тоа би било вистинска Feel Good приказна за оваа сезона.
ПС: Дарк_О не го ни спомнав во муабетот за Кари, Џефрис и Хил. Не ни мора.
December 21st, 2009

Чувствувам дека ова, иако до сега не го сретнав никаде и се држеше во сенка, може да стане една од побитните приказни во следниов период, посебно кога зборуваме за Блејзерси и нивниот лидер Брендон Рој.
Работата е во тоа што Рој, за разлика од сите останати играчи во лигата, па и тие кои не се од САД, веќе две години не присуствува на интонирањето на химната на САД (и Канада) на теренот. Додека тоа се одржува на паркетот пред секоја средба, Рој си заминува во тунелот кој води кон соблекувалните и таму чека да завршат химните за да се врати на теренот.
Ова за некој можеби и не е чудно, но Америте сериозно се палат на својата химна и за нив секој кој не стои мирно додека таа се интонира редовно се означува како предавник. Кај нас можеш да чепкаш нос, да зборуваш на мобилен, па и да седиш и грицкаш семки на “Денес над Македонија“, но во Америка химната е светиња.
Како Рој до сега успеа да остане “незабележан“, не знам, но по текстот, до кој има линк подолу, мислам дека нема да му биде тоа така лесно да го прави тоа и во иднина.
Плус, ми текнува дека пред повеќе од десетина години Махмуд Абдул-Рауф заработи суспензија од една средба за неприсуството на интонирањето на химната на САД. Тоа тогаш беше личен протест на “Баскетџијата некогаш познат како Крис Џексон“, што не мислам дека е случај со Рој.
Но, останува да видиме, а не верувам дека Комишот ќе дозволи ова да помине туку-така.
It is not a political statement. It is not a protest. He said it is not intended as a slap on patriotism, or the ongoing war but Trail Blazers guard Brandon Roy has long been absent from the Rose Garden Arena floor during the national anthem.
For two seasons now, Roy leaves the court before “The Star Spangled Banner” is performed. He waits out of sight, in the arena tunnel, and has a quiet moment of prayer while his teammates stand and honor America together.
Something about that feels troubling.
Целиот текст е од Oregonian.
November 25th, 2009

По се изгледа Ајверсон не е подготвен да се откаже од НБА, а како што стојат работите, ни НБА не е подготвена да се откаже од него. Нормално, ако за дел од НБА се уште ги сметаме Никси.
Последната информација за Ајверсон и неговата иднина е поврзана со ТитаНикси, кои се заинтересирани за него. Предлог за брак помеѓу идеални партнери.
На Њујорк очајно му е потребно име кое колку-толку би привлекло публика, иако тоа не би сменило ништо кога се во прашање победите. Тие и така “имаат“ систем на игра во кој шутира секој кога стигне, со исклучок на неколку партии кога едно 20-тина минути изиграа тимски, така да Ајверсон лесно би се вклопил. Тоа што не играат многу одбрана исто така е плус.
Исто така, Ајверсон нема да ги чини многу и ќе го потпишат на една сезона, што значи нема загрозување на сонот дека следното лето може ќе лапнат нешто од “Колачот 2010“, иако и тоа станува се помалку веројатно.
Идеална комбинација која нема никакво значење во денешната НБА. Кој би рекол такво нешто пред неколку години да му спомневте дека Ајверсон ќе заигра за Њујорк.
ПС: Не знам што мајка бара Мајами да си игра со оган и да се интересира за Ајверсон?!?!?
November 19th, 2009

Ви текнува на Дејвид Вон? Момакот кој беше дел од Орландо во последната сезона на Шек таму? Е па, Вон очигледно е идеалниот кандидат за прашањето “Како да спискате 2.2 милиони долари и на крај да завршите на улиица?“ Ама, буквално на улица.
Отсекогаш сум се чудел како некои професионални спортисти или пак музичари успеваат да банкротираат и во некои случаи и да завршат на улица, каков што е примерот со Вон. И ако тој е за чудење, што да се каже за ликови како Кемп, како Ајзеа Рајдер или пак, она што е последен таков пример, Ентоан Вокер, кој во кариерата имаше заработено преку 108 милиони долари, а сега мака мачи да отплати некои долгови. Бедник.
Пак на Вон. Неговата приказна е вистинска лекција за сите оние ликови и оne hot wonder-и кои ги гледаме на MTV Cribs, како се расфрлаат со луксузни куќи и автомобили.
October 30th, 2009

Мајкл Бизли летово призна дека има проблеми со неодбивање алкохол и лесни дроги, што веројатно и не е така лоша навика, нормално, доколку не сте НБА играч којслучајно можеби е и нечии идол. За да ја исправи таа грешка, Бизли летово, откако на Твитер се појави негова компромитирачка фотка. се пријави на лечење од кое излезе после месец дена со ветување дека се сменил.
И се ќе беше фино, дури и ќе му веруваа, да не се појавеше фотката која ја гледате, која може да сугерира многу работи, а во исто време можеби момакот не правел ништо. Но, кој да знае и кој ќе му верува на Бизли после вториов кикс. Линк до приказната ТУКА.
October 25th, 2009
Previous Posts