Posts filed under 'THE BENCH'

Пост 1111: Блекаут, Бело Чоколадо, Што прават Репторси и МакНБА Фентази, пак

Пак технички проблеми и пак блекаут на неколку дена. Неповторило се. Низ НБА почнаа тренинг-камповите, барем оној нивни дел кој се однесува на задолжителното сликање и интервјуа за медиумите. Некој има да се пофали со скроз нови дресови, како Орландо, Сакраменто, Њу Орлеанс…а се чека на дресот на Оклахома сити.

Некој има нов втор гостински дрес (Торонто), а некој има качено некое килце во мускули (Џош Смит, Рони Бруер, Оден…).

Марбери и Никси уште се тегават, а Еди Кари како по обичај се појавил предебел за тренинг-кампот.

Коби би требал да одмара од претсезоната кај Лејкерси, кај кои Зенот и Одом малце влегоа во “муабет“ за тоа дали овој е 6-ти играч или не. Оден малку го свитка зглобот, а Бен Гордон свесен дека нема да добие подобра понуда, ги прифати 6.4 мил. за да игра уште оваа сезона за Булси, па после, ако се докаже, следното лето да си бара тим кој че го плати колку што тој мисли дека вреди.

Но, можеби најнеочекувана вест беше таа за повлекувањето на Џејсон Вилијамс после 10 НБА сезони. Причините не се познати, а Џеј не ни заигра за Клиперси со кои потпиша пва лето. Сега станува јасно дека имало нешто што ги одбило тимовите без плеј од него (покрај нестабилноста во играта, нерезонските тројки во трк во контра и неиграњето одбрана) ова лето.

Сепак, Џеј заслужи клипче, барем за времињата поминати во Сакто, кога беше диригентот на едно од највозбудливите шоуа во лигата.

———————————–

Photobucket

Raptors Update: -

кампот е во Отава, промовирани се новите црни дресови (не се лоши) и новиот семафор во АСС вреден 8 милиони

- стигна фактурата за O’Neal (и за семафорот)

- ги кренаа цените за 50% - preseason понудата е слаба (NYK, MIN, CSKA, PHI).

Ќе одам против PHI, па ќе пишам некој збор и можеби некое season intro (ако најдам време) Не сум некој голем оптимист за оваа сезона. Причини:

- како ќе функционира тандемот Bosh - O’Neal (првиот е издишан од Олимпијадата, вториот генерално)

- бројките на Calderon ќе паднат, зошто нема вистински back-up (Ukic, Solomon) и ќе игра 35+ минути секоја вечер. Деновиве Solomon се покажа повеќе од Roko.

- Bargnani ми е сомнителен. Colangelo уште има верба во него, ама муабетот шо го кажа на радио дека повремено ќе игра на тројка заедно со Bosh и O’Neal (демек зона кога ќе играле) некако ме загрижува. Денес слушнав дека наводно доста ја подобрил дуел играта, креирањето сопствен шут,… се тоа треба да се потврди од ноември до април, да се надеваме и мај - Kapono треба да биде конзистентен во шутот… Moon од клупа. - нема добра двојка позади Parker Како и да е, стартери - Calderon, Parker, Kapono, Bosh, O’Neal; ротација - Bargnani, Moon, Humphries, Ukic, Adams; сенка - Solomon, Graham, ……. Jawai / Sampson.

Тактика за новата сезона: “The thing I’m telling our guys is, your first look is going to be inside, your second look is going to be inside and if they throw it back out, your third look is going to be inside. Then if they throw it out, then you shoot the basketball” - Sam Mitchell

————————————-

Photobucket

Еве ги и податоците за новото издание на МакНБА Фентази Лигата. Кој сака, бујрум.League Name: NBA Macedonia

Password: maknba.com.mk

League Type: Custom

Draft Type: Autopick Draft

Unique League Name: maknba

Scoring Type: Rotisserie

League ID: 27987

Custom League URL: http://basketball.fantasysports.yahoo.com/league/maknba

Bitno za registriranje na ligata e ID-to (27987) i passwordot.

Max Teams: 16

10 comments October 2nd, 2008

What a play – Tim Hardaway !!!

by Бојан (после подолга пауза)
Коментаторскиов израз што дефинитивно е меѓу топ 10 најчесто употребувани фрази у преносите на NBA утакмици у 90-те.

И тоа не за џабе! Со невидениот crossover и со акробатските шутеви у коишто влагаше на прв, а положуваше на втор обрач и тоа како често беше присутен на Top 10, а и дефинитивно ќе остане запаматен како еден од најбољите плејмејкери у 90-те и до првите години на оваа декада. Вториот играч што најбрзо достигнал 5 000 поени и 2 500 асистенции после, нормално, Oscar Robertson.

Photobucket

Роден у Чикаго на 1-ви септември 1966 и стандард америчката прича; Татко му ги тепал и него и мајка му и морал да ги истура своите фрустрации на баскет терените, вежбал по не знам колку саати, бла бла бла и така ја оформил својата игра. После играњето у Carver High School у Chicago и University of Texas у El Paso каде што у задњата сезона бележи 22 ppg, NBA скаутите почињаат да гледаат на него како на можен избор у топ 15 пикови. Тогаш и ја добива наградата за колеџ играч на годината за играчи до 1,83 метри.

Избран како 14ти пик во драфтот 1989 од GS Warriors и одма вметнат во стартната постава како плеј првите неколку утакмици има проблеми со навивачите на неговиот тим кои го исвиркуваат и ја обвинуваат управата дека е премногу млад и неискусен и не може да го поднесе товарот на вистински плеј. Во првата сезона го носеше бројот 5. пошто 10. ја носеше фамозниот Manute Bol.

Ама со консолидирање на играта и емоциите успева да има 14,7 ppg и 8,7 apg и е избран у NBA All-Rookie Team заедно со Divac, Robinson, Pooh Richardson и Sherman Douglas. Наредната сезона има 22,9 ppg и 9,7 apg и е избран како стартен плеј на Western All-Stars.

Photobucket

Во наредните две сезони има просек 23,4 ppg и 10,0 apg и 21.5 ppg и 10,6 apg соодветно. Во Warriors го води популарниот Run TMC напад (Tim, Mitch, Chris) каде заедно со Richmond и Mullin станувааат еден од најпопуларните тимови за гледање во лигата. Но, после повреда на лигаменти на колената и расправии со (кој друг ако не) Sprewell и тренерот Adelman, Hardaway бара да биде ослободен од договорот или да е трампан.

Adelman му ја исполнува желбата и така Hardaway е трампан во Miami заедно со Chris Gatling во размена за Bimbo Coles и Kevin Willis во 1996. По првата цела сезона во Miami кај што бележи 20,3 ppg и 8,6 apg и е четврт у лига по дадени тројки со 203 погодени тројки е меѓу кандидати за Regular Season MVP и е избран во All-NBA First Team. Јесда у сезоната 96-97 Miami и Hardaway имаат скор 61-21 и стигаат до финалето на Истокот таму ги чека Chicago и Jordan а после тоа три години по ред губат во play-off од NY Knicks (Што ради тепачки и суспензии, што ради Allan Houston, што ради последните шутеви му ги даваа на Clarence Weatherspoon).

Photobucket

Во тие сезони и покрај недостаток на успех во пост-сезоната Hardaway се афирмира како еден од најдобрите плејови (ако не и најдобар) на неговата генерација пришто е избран All-NBA Second Team во 1998 и 1999. Од овој период вредно е да се спомене дека зема и златен медал со Team USA на Олимпијадата во Сиднеј во 2000 година. По падот на форма и очигледната старост во 2001 е трампан во Mavericks за пик од втората рунда. Кога почна да ја грее клупата во Dallas почнувајќи само 2 натпревари од 54 и само 10 поени во просек, на средина на сезона е трампан во Denver за Van Exel. После 14 почнати натпревари за Nuggets и фрлање телевизор на сред терен во акт на нервоза, се повлекува од NBA за во 2003 да потпише договор со Indiana за која во 10 утакмици има 4,9 ppg за 12,7 минути по утакмица.

После повлекувањето најпознато нешто поврзано со него е следнава изјава што у Америка нормално ептен предизвика контроверзии:

-“Well, you know I hate gay people, so I let it be known. I don’t like gay people and I don’t like to be around gay people. I am homophobic. I don’t like it.”

Рекорди и достигнувања:

Points 15 373

Assists 7 095

3-Pointers 1 542

Career highs: Poeni 45 @ Washington 7.3.1997

Asistencii 22 vs. Orlando 16.12.1994

Skokovi 11 2 Times
Ukradeni 8 2 Times

Minuti 55 vs. Cleveland 12.11.1992

* 5x NBA All-Star (1991-1993, 1997-1998) * 1x ALL-NBA First Team Selection (1997) * 3x ALL-NBA Second Team Selection (1992, 1998-1999) * 1x ALL-NBA Third Team Selection (1993) * 1990 NBA All-Rookie Team * Gold Medal Sydney 2000 United States Рекордер во историја на Miami со 1947 асистенции. Втор најголем број на украдени топки во една play-off утакмица со 8 – против Lakers во 91 во Game 2 од Western Conference Semifinals и против Supersonics во 92 во Game 4 од Western Conference First Round.

И еден неславен рекорд… Најлошо шутерско шоу во ЦЕЛАТА историја на NBA – пратете убаво – 0 од 17 против Minnesota на 27.12.1991.

7 comments August 31st, 2008

Кошаркари од времето бај Бојан - парт ту - Еј-Си Грин

Со мало задоцнување, еве го текстот кој Бојан ми го прати уште лани, а се однесува на Вечитата девица - Еј-Си Грин. Искрено, не знам од каде мотив да се пишува за лик како Еј-Си, ама нема да навлегувам во мотивите:)…

1192 одиграни утакмици по ред (19.11.1986 против Сан Антонио – 18.4.2001 против Орландо)

Photobucket

Да ми каже некој дека у тимот на Лејкерс од 2000 што ја освои титулата против Индијана (јез да ја освои веќе Џејлблејзерси коа ги тепаа, али за тоа у друга прилика) дека имало играч што бил и во тимот кога 1987 ја освоија титулата против Бостон (4-2), или би го прогласил луд, или ке помислам дека можда мисли на коментаторот 50 години што е у Лос Анџелес. Али на кој да му текне на Еј-Си Грин покрај симболите на тие титули Џабар, Меџик, Ворти и Шек, Коби и Рајс. Тоа што не ни текнува на него уопште не значи дека не придонел за тимот или пак дека не вреди да се пишат два-три збора за него.

Роден 4.10.1963 у Портланд, после завршувањето средно во средното Бенсон Политекник, се запишува во локалниот колеџ Орегон Стејт кадешто беше несомнено најголемата звезда во своето време таму, завршувајќи како втор во скокови и четврт во поени во историјата на овој колеџ. Во последната сезона има просек 19.1 поени и 9.2 скокови по натпревар, доволно за да биде избран во третиот тим на најдобри колеџ играчи во Америка.

Шампионите од 1985, Лејкерс, го бираат како 23 пик на драфтот 1985, што можеби беше добро за неговата кариера бидејќи не беше под притисок да го подобри тимот. Во неговата втора и трета сезона, 1986/87 и 1987/88 Лејкерс бек ту бек ја освојуваат титулата бележи просек од 11.1 поени и 8.2 скока по натпревар како и шут од поле поголем од 50%. Во сезоната 88/89 е избран во вториот одбранбен тим на годината а во 1990 е избран за стартер на западната конференција на Ол-Стар натпреварот во Мајами. Вредно за спомнување е дека во 1992/93 е на четврто место во лигата со процент на реализација 53.7%. Во 1989 и 1991 со Лејкерс губи во финалето од Детроит и Чикаго соодветно.

На почетокот на сезоната 1993/94 потпишува со тогашниот вице-шампион Феникс Санс кои со тоа мислат дека го напраиле мозаикот за титулата. Токму во таа сезона бележи кариир хај од 14.7 поени по натпревар како и солидни 9.2 скока во просек. Сепак у финалето на западот губат од Хјустон и Д Дрим во 7 утакмици. Наредната сезона пак бележи добри бројки од 11.2 поени и 8.2 скока за во наредната да доживее голем пад во играта со мизерни 7.5 поени и 6.8 скока во просек.

Photobucket

Во 1996, после периодот во Аризона следува преселба у Далас заедно со Финли, Кесел и пик од втора рунда од драфтот 1997 или 1998, а во Феникс доаѓа Џејсон Кид, Тони Думас и некој Лорен Мејер. Во Далас беше прв скокач во тимот на 30 од 56 утакмици што ги изигра таа сезона. Во наредната сезона поставува НБА рекорд со играње на 907 утакмица по ред на 20.11.1996 против Голден Стејт, надминувајќи го рекордот од 906 на Ренди Смит.

Во сезоната 1999/00 се враќа во Лејкерс кадешто ја освојува својата трета титула во финалето против Индијана.

Последната сезона ја заврши со тренерот со кој ја започна својата кариера Пет Рајли, овој пат во Мајами. Почнувајќи само еден од 82 натпревари, ја заврши својата кариера со поразот од 3-0 во првото коло од Шарлот.

- Во 2003 беше примен во Спортската хала на славните во Орегон.

- Неговите иницијали Еј-Си (А.С.) не се скратеница за никое име.

- Длабоко религиозен, официјално изјавувајќи дека ја почнал и завршил својата кариера како девица.

Лични рекорди (во еден натпревар):

Поени: 35 против Сакраменто 15.1.94

Скокови: 20 против Клиперс 9.1.96

Асистенции: 8 против Лејкерс 11.11.97

Украдени: 6 против Кливленд 13.12.87

Банани: 5 против Сакраменто 12.4.86

Минути: 53 против Далас 12.1.96

НБА Рекорд: 1192 одиграни утакмици по ред(19.11.1986 против Сан Антонио – 18.4.2001 против Орландо) – Од тука и прекарот Ајрон Мен.

PS Фала до Никса и Димо што ме потсетија да пишам за овој играч!

4 comments January 9th, 2008

End now, live from NYC it’s…Петар Серафимовски!

Photobucket

Од вчера мислите ми се усте хаос…не знам дали најдоброто беше тесниот резултат…или да го гледаш најдобриот во живо…или еден од најдобрите тренери…или свирењето на сметката на Ајзеа…или легендарната сала…или јубилејот на Кобе…или најпознатите тимови во лигата…или се…

Стварно беше одлично…

MSG е огромна градба…со картите добивме 10 саати паркинг спот и таму го видовме Реналдо Болкман…дечкото е огромен мада уопште не влезе на вчерашната утакмица. Пред салата имаше све и свашта…од луѓе што се караат кој е најбољи: ЛеБрон или Кобе?…до луѓе што продаваат маици со натпис DON’T HATE THE PLAYER OR THE GAME…HATE THE COACH…и слика од Ајзеа Томас.

Photobucket

Кога влеговме имаше саат време до утакмицата па прошетавме низ тоа фан-шоповите на Никси и таму има се што мозеш да замислиш со логото на Никси…што се однесува до јадење и пиење…ИЗГОР…обична вода 5$…мал хот-дог 7.50…али ќе купуваш коа си 4 саати таму…тоа е тоа…

Коби уопште не се појави на загревањето па малце се загрижив да не не игра, али коа се појави цел МSG на нозе…и овации…не знам зашто луѓето у Македонија имаат претстава дека сите останати тимови го мразат Коби…уствари многу го почитуваат…За време на загревањето Брајан Шо шутираше со тимот и типот уште го има оној шут што на Лејкерси им донесе многу 4-th quarter comebacks пред 6-7 години…Бајнам е стока.

Photobucket

Кога ги претставуваа тимовите за Коби имаше најголеми овации, а кога спикерот рече KNICKS COACH ISAIAH THOMAS, цела сала поЧна да скандира - FIRE ISAIAH! и на моменти личеше на Работнички-МЗТ…

Ова ми беше прв пат да ги гледам Никси оваа сезона и слободно можам да кажам дека се еден од најлошите тимови евер… Промашени слободни, положувања, чисти шутеви, лоши пасови…а бе, катастрофа…делуваа ко добар колеџ тим што добил шанса против “големите момци”…Коби одма покажа во кој правец ке оди натпреварот со неколку екстра потези ја придоби публиката која не пропушташе секој лош потег на Никси да го “награди” со свирежи…

Photobucket

Коби стигна до 20 000 поени на почетокот на 3чет., ама никој ништо не кажа, па јас дознав дури после натпреварот…Џил Џексон уште еднаш си поигра со исходот на натпреварот кога ги повлече Коби и Бајнам на 10 минути и Њујорк се разигра…

Photobucket

Kако и да е Лејкерси успеаа да ги задржат во последниот посед и победата од 95-90 не ја дава правата слика на работите на теренот…Ја кај што седев сите навиваа за Лејкерси и кога Фармар ја украде топката на 3 секунди до крај сите се гушкаа…поздрави…а бе, многу закон беше…

На излезите имаат фотки од легендарните серии мегу Њујорк и Мајами, Чикаго, Детроит и останатите некогашни големи тимови на Истокот…Надвор од салата имаше пак луѓе што продаваа маици и збореа нешто во стилот DON;T TELL ME, ANOTHER LOSS BY THE FREAK ISAIAH…Тука луѓето го мразат…стварно не знам зашто толку сака да си ја задржи работата…

Како и да е стварно добро искуство и среќен сум што бев таму во моментот кога Коби ја премина бариерата што само 30-тина играчи во историјата на НБА успеале да ја поминат.

Photobucket

PS: Повеќе фотки тука, тука, тука и тука.

9 comments December 25th, 2007

Кошаркари од времето - бај Бојан - парт уан…Шон Елиот

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Кога се спомнува шампионскиот тим на Сан Антонио од 1999 сигурно ќе ви текне на Робинсон, Данкан, Ејвори Џонсон, по малце на Марио Ели и Малик Роуз ама скоро на никој нема да му текне на Шон Елиот. Но и тоа како заслужува овој играч неговото име да се спомнува меѓу еден од подобрите ол раунд играчи у деведесетите.

Роден 2.2.1968 во Аризона, Елиот имаше повеќе од солидна колеџ кариера на Универзитот Аризона кога во својата претпоследна сезона од колеџ баскетот имаше во просек 19.6 поени и 5.8 скока за во наредната уште повеќе да си ја подобри статистиката достигнувајќи во просек 22.3 поени, 7.2 скока и 4.1 асистенции по натпревар. Тоа беше доволно, покрај многу награди за колеџ играч на годината, Сан Антонио да го избере како трет пик на драфтот 1989. Иако помалку беше затемнет од страна на Робинсон кој истотака таа сезона беше дебитант (језда драфтуван 1987 Робинсон имаше две години обврска према морнарицата) сепак руки сезоната ја заврши со 10.0 поени и 3.7 скока по натпревар и место во вториот руки тим. Со константото подобрување на своите бројки дојде и повикот за настап во Ол-Стар тимот на западот во 1993 сезоната во која Елиот имаше во просек 17.2 поени, 4.6 скока и 3.8 асистенции по натпревар

Во наредната сезона пак беше дел од трејдот што го донесе Денис Родман од Детроит во Сан Антонио. По малиот пад во играта во Детроит во кој во единствената сезона со тимот бележеше 12.1 поени по натпревар следуваше интересна оф-сезона за Елиот. Летото 1994 беше трампан во Хјустон во размена за Роберт Хори. И кога цела работа беше скоро финализирана Елиот падна на медицинските прегледи при што пропадна трејдот и Детроиот пак го потпишаа за наредниот ден да го трампаат назад во Сан Антонио во размена за драфт правата врз некојси Бил Карли и втор пик од драфтот 97. Повторно назад во Сан Антонио се пронаоѓа себеси и бележи највисок просек на поени во кариерата во 1996 кога имаше 20.0 поени по натпревар (нормално уште еден Ол-Стар настап за Елиот).

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Откако во сезоните 96/97 и 97/98 ке изигра само 75 натпревари, следуваше можеби не најдобрата за неговата статистика, но сигурно најдобрата за неговиот тим и неговата кариера. Играјќи ги сите 50 натпревари од лок-аут скратената сезона 1999 и сретнувајќи се со Портланд во финалето на Западот, се деси можеби најпрепознатливиот момент од неговата кариера.

При водство 1-0 за Портланд и губејќи од нив на домашен терен во втората утакмица од западното финале 1999 со 18 разлика, малкумина кој веруваше дека Сан Антонио ке ја направи интересна завршницата а камоли да тепа. Но со неколку мини-серии се доближија на 85-83 на 12 секунди до крајот и топка од страна. По уфрлувањето на топката од страна Елиот се утрча да ја прими топката на тројка од крило притоа избегнувајќи го Стејси Огмон да му ја украде. Откако се стабилизираше со нозете за да не згазне со петите во аут следуваше шут за три преку Рашид Волас и конечно топката влезе во обрачот давајќи му го на Сан Антонио првото водство на натпреварот 86-85. Резултатот остана така до крај и Сан Антонио изедначи на 1-1 што можеби беше клучно за понатамошниот тек на серијата и евентуалното освојување на титулата против Њујорк.


После таа сезона, сите натписи за Елиот во весниците не беа од играчки карактер туку за неговата трансплантација на бубрег, дониран од брат му Ноел. Со тоа стана првиот играч во НБА што успеал да се врати од трансплантација на бубрег (после него нормално и Алонзо). Последните две негови сезони беа повеќе препознаени по кам-бекот отколку по неговата игра. Се пензионираше на крајот на сезоната 2001.

- Рекорд во поени во натпревар: 41 против Далас 1992.

- Рекорд во скокови во натпревар: 17 против Хјустон 1992.

- Рекорд во скокови во натпревар: 12 против Денвер 1990.

- Рекорд во украдени во натпревар: 6 против Њу Џерси 1989.

- Играч на неделата што заврши на 27.12.1992 со просек од 27.3 поени, 6.3 скока и 6.0 асистенции по натпревар.

- Беше член на тимот на Америка за Светското првенство во баскет 1986.

- Во раните денови во Сан Антонио го викале Нинџа поради страотната одбрана што ја играл.

- Спортската сала во неговото средно школо го носи неговото име.

* * * * * *

Еве и како гласал Бојан:

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

12 comments December 16th, 2007

Верувате ли во Магија?…руки-пост на Бојан

(Уште пред некое време пишував дека би сакал некои од вас, кои ја следат МакНБА веќе некое време, да ми пратат некој текст, да напишат нешто и со тоа да се вклучат во градењето/проширувањето на куќава која јас и Шепард ја изградивме. Шеп веќе подолго време е на продолжен годишен одмор, а јас па веќе три месеци немам нет дома, така да апдејтувањето по неколку пати на ден како порано не се случува веќе. Не дека нема, ама за сега сме на 1-2 поста дневно. Бојан ме контактираше минатата недела, и како некој кој веќе подолго време прати НБА, се понуди да шкртне нешто од време на време. Тоа дека е фан на Орландо не мора да ви го кажувам. Нели? Тејк ит авеј, Бојане…)

Дали магијата овој пат ќе остане за време на целата сезона?

Orlando е еден од тимовите со најдобар старт оваа сезона почнувајќи ја сезоната со повеќе од солиден скор 14-5. Младиот нуклеус на тимот и немањето на супер-зведза во тимот што укажува на тимска игра се покажува клучно за тимот од Флорида…

Не, ова не е статија за оваа сезона туку скоро истата статија што се вртеше овој период лани. И годинава приказната за стартот е горе доле иста, но…

За разлика од минатата, оваа година иако се со приближно исти скор (16-4) во Orlando а и во сите NBA кругови се чувствува нешто различно во овој можеби најдобар тим на Орландо после 1996 со O’Neal, Hardaway, Anderson, Scott. Што е тоа што го направи Орландо од симбол за дно на дивизија и чистка во прво коло во легитимен play-off конtендер, дури и кандидат за шампион на дивизијата, земено во предвид дека се заедно со Washington, кој 3 месеци без Arenas и не е некој Washington да бидеме реални, и Miami кој што ради повреди, што ради староста, што ради лоши трампи премина од тим со шампионски амбиции во тим кој успех му е прво коло во play-off.

Orlando пак од друга страна може да се пофали со најголемиот број на победи во лигата (16) и со константото подобрување на тимот. Еве ги најклучните фактори зошто Orlando е најпријатното изненадување во лигата. За тоа најдобро говори и фактот дека ESPN ги категоризираше како најдобар тим во лигата досега.

  1. Досега оваа сезона имаат скор на гости 11-2 (најдобар во лигата) додека лани во тек на целата сезона немаа толку победи на гости (читај: 10-31). Иако сеуште знаат водство од 20 разлика да го доведат во прашање при крај на натпреварот сепак сега знаат и да го запрат моментумот на противникот и со малце смиреност да го приведат натпреварот во нивна корист. Во вакви ситуации најизразит е Rashard Lewis. (за него малце подоле)
  1. Stan Van Gundy кој го презема тимот по дебаклот со Billy Donovan е тренер кој е познат по тоа што го вади максимумот од офанзивниот репертоар на својот тим при што Orlando е еден од тимовите со најголем број на забивања (Dwight Howard нормално), и со најголем број на упатени шутови за тројка(Lewis, Bogans, Turkoglu, Nelson, Dooling). Van Gundy е истотака познат по тоа што е способен да работи со млад тим, како што беше случајот со Miami пред Riley да го замени.
  1. Немањето респект кон никој друг во лигата. За ова најдобро говори фактот дека се првиот тим што му го нанесоа на Boston првиот пораз во оваа сезона како и одличната партија против San Antonio во која имаа 56% шут од поле и 50% шут за три (рака на срце оваа партија ја изгубија али сепак San Antonio си е San Antonio).

Стартната петорка на Orlando Magic.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket
  1. Dwight Howard – Во просек 23,2 поени 15,1 скока и 61% шут од поле по натпревар.Не за џабе на повеќето листи за MVP кандидати се истакнува како прво место The Beast from The East кој има повеќе забивања од 25 други тимови во лигата!!! Овие бројки ги достигнува иако сеуште нема разработено шут од надвор како Duncan на пример иако интензивно работи на својот офанзивен репертоар со помошниот тренер во Orlando – Patrick Ewing. Најинтересното – денес, 8 декември Howard полни 22 години. Колку ли му е само светла иднината и до кај ли ќе скока овој човек само времето ќе ни покаже.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket
  1. Rashard Lewis – Во просек 19,1 поени и 5,2 скока по натпревар. Иако никогаш можеби нема да ги исплати 120те милиони што ги вложија во него сепак се покажа како одлично засилување. Тој е човекот кој со своите тројки ги прекинува сериите на противниците на крајот на натпреварот. Истотака докажува дека не му е проблем да игра четворка. Противничките одбрани сега ќе се подразмислат дали да го удвојат Howard знаејќи дека Lewis стрпеливо си чека на тројка.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket
  1. Hedo Turkoglu – Во просек 18,5 поени, 6,4 скока и 4,2 асистенции по натпревар. Едноставно all-star сезона за Pippen од Босфорот. Секој натпревар го има завршено со двоцифрен број на поени. Истотака ги зголеми и бројот на скокови и асистенции и во неколку наврати флертуваше со трипл дабл. Можеби најголемото изненадување во лигата досега.
  1. Jameer Nelson – Во просек 12,2 поени 4,5 скока и 6,2 асистенции по натпревар. Иако не се некои посебни бројки сепак за забележување се фактите дека има голем број на скокови како за плеј и солидниот број на асистенции (од кои 80% му се цепелини за Howard). Добри бројки за Jameer на кој сеуште многумина гледаат како недоволно добар плејмејкер. Најважно ја разбира играта и го разбира фактот дека не треба да троши многу топки – pass first, shoot second.
  1. Keith Bogans – Во просек 10,3 поени и 4,0 скока по натпревар. Со оглед на тоа што е петта опција во својот тим и има 38% на шутеви за тројка солидни бројки за играчот за којшто скоро никој не знае подалеку од Orlando.

P.S. Тревор Ариза е трампан за Maurice Evans и Brian Cook. Кој ќе профитира од трампава времето ќе покаже, ама им требаше на Orlando високо крило после повредата на Tony Battie со која што му заврши сезоната.

Вредни за спомнување: Keyon Dooling, Adonal Foyle, Carlos Arroyo, JJ Redick, Pat Garrity и Otis Smith (овој последниот им е генерален менаџер).

Иначе, ова е Бојан:

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

15 comments December 10th, 2007


Календар

November 2008
M T W T F S S
« Oct    
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930

Архива

Категории