Posts filed under 'Шек Бургер'

Чиста Физика

Очекувано или не, Санси сабајлево без многу мака си се справија со Пистонси кои во минатото знаеа често да ја напуштат Аризона со победа. Иако резултатот вика дека не станува збор за нешто посебно интересна средба, еден потег го фрла тоа во вода и после средбата предизвика бројни полемики.

Станува збор за она што го гледате на клипот, а тоа е фаулот на Шек над Стаки по кој судиите веднаш му свирнаа неспортска лична од втор степен која автоматски значи и исклучување. Арно ама, за да се досуди таква лична потребно е физичкиот контакт да биде тотално непотребен, намерен и значително претеран во дадена ситуација. Можеби немаше потреба од баш таков фаул на Шек, ама не верувам дека Дизелот го направи тоа намерно или пак со претерана употреба на сила. А и самиот Сатки можеби собра нешто од гостувањето во Холивуд два дена претходн, па при падот како да одглуми дека ја удира главата од паркет.

Веројатно намерна од прв степен би била сосема ОК за овој потег, пред се зошто Шек во оваа ситуација го бранеше својот рекет и сакаше да се осигура дека Стаки нема да добие кош и дополнително слободно. Тој тргна на топката, а не на Стаки и тука има голема разлика, но како што во последно време судиите и Лигата се однесуваат кон Санси, нема да ме изненади да има и дополнителна казна за Супермен.

И на крај, зборовите на оној кој најдобро ја опишува целата ситуација.

“When you understand the laws of physics like I do, the laws of physics state that a body in motion stays in motion,” Shaq said. “So when you have two objects that meet in the air, the smaller object is gonna fall much harder at the same rate of speed. I’ve never been the type of player to take anybody out. I was going for the ball, little guy ran into a brick wall, and you know, he fell, and he added a little bit to the end.

The referees looked at how he fell I think. But it’s nothing I’m worried about, I’ve never been that type of player. If you understand physics like that, anytime you come in there out of control like that and you run into a brick wall, you’re going to get that effect.”

“I know I was going for the ball. I’ve played 17 years, I’m not a dirty player. I don’t get dunked on. Little guy tried to come in my house, I wanted to block the shot, and he fell. If you apply the laws of physics, you know why he fell the way he fell. Period.”

ПС: Иначе, до кобниот момент Шек на терен имаше поминато 13 минути во кои стигна да убаци 12 поени. Дизелот дефинитивно не е за фрлање, иако се изедначија со бензинот во цена.

16 comments November 17th, 2008

Жичките се споија во Ел-Еј

Photobucket

Бргу после Атланта, и Лејкерси го доживеаа првиот пораз оваа сезона, така да после нешто повеќе од две недели немаме тим со совршен скор. Можеби не очекував дека баш Пистонси, и тоа баш во Ел-Еј ќе ги победат Лејкерси, ама сигурно никој не ни очекуваше дека Нагетси ќе слават синоќа сред Бостон. па уште и Хоукси изгубија во Њу Џерси, Санси со препородениот Шек, без Нешти и со просечен Амари тепаа во Сакто, а Грег Оден го имаше првиот НБА дабл-дабл, иако Блејзерси изгубија во Њу Орлеанс.

Не ми е јасно, но веројатно тука игра факторот Аделман, ама Рокетси изгубија во Аламо од Спарси без Точни и Ману со Данкан и еден куп НБА просеци.

И нормално, Далас уште нема победа дома, а вкупно има скор 2-7.

Камбек на почетокот на текстот, Пистонси сигурно чувствуваат потреба да им покажат на сите дека после овој трејд се само посилни, што и ќе бидат кога ќе им се врати назад и Мекдајс за месец дена. Против Бостон пукнаа, ама како што Ајверсон ќе се воигрува со новите соиграчи, така и ќе бидат поопасни. Не викам дека можат да одат до крајот, ама начинот на кој функционираат мозоците на Рашид и Ајверсон се уште се енигма, така да ако им се спојат жичките тие можат да изненадат секого.

Плус, тоа би било одлично збогување пред пензија за Шид, кој сум сигурен дека ќе се пензионира ако Детроит ја освои титулата. Но, има време за тоа.

Топ 10 не ставам, зашто не го бива, исто како и прегледот.

5 comments November 15th, 2008

А, каде е Артест?

Во Феникс во средата имаше гужва (не викам тепачка, зашто никој никого не удри) меѓу Санси и Рокетси, предизвикана од не баш спортскиот и од не баш спортската реакција на Алстон. Плејот на Хјустон не го прими баш најдобро тоа што Барнс се обиде да помине низ него во блокот, па одлучи наместо судиите тој да си дели некохја своја правда. И тоа кога неговиот тим имаше плус 19. Зошто Барнс реагираше така, разбирам, но тоа не вроди со плод и не ги разбуди Санси, но зашто Алстон реагираше на тој начин, не знам, можеби се разбуди њујоршкиот баскет дух во него. После можеме да ги видиме Нешти, Трејси, Јаоза и Шек во целата гужва, но едно име фалеше како капак на целата гужва - Рон Артест, кој за чудо немаше никаков удел во целата гужва. Апчињата за смирување мора да делуваат.

И иако не беше нешто посебно целиот инцидент, Комишот од пред некое време кажа дека нема да толерира никакви испади, па и вакви - без удари, така да за очекување е казна или суспензија за главните актери.

6 comments November 14th, 2008

Полска и Ерика Дампие со брада

Photobucket

Пред да се нафрлам на нешто друго, на кусо да ја анализираме ждрепката од Полска изминатиов викенд која ни ја донесе толку “посакуваната“ Грција во групата за ЕП, заедно со Хрватска и Израел.

Знам дека некои од играчите, па и медиумите кај нас го посакуваа нашиот јужен сосед во група, но јас сигурно не сум еден од нив. Читам сега дека ќе сме ја искористеле мотивацијата во дуелот со Грците, дека имаме посебна причина за победа, како да забораваме дека и тие ќе си имаат свои посебни мотиви. Како да забораваме дека зборуваме за тим кој е еден од најдобрите во Европа и кој има играчи во скоро секој најдобар тим од Евролигата.

Да бевме во некоја група за квалификации - тогаш ОК, и јас ќе сакав да играме со нив, посебно во Скопје пред преполна арена која цело време ќе ори “Ма-ке-донија, Ма-ке-донија“, па макар изгубеле. Ама вака, во Полска, каде ние ќе имаме десетина навијачи, а тие веројатно многу повеќе, не ми е ќејфот што ни се паднаа.

Но, тоа е еден меч, а ние шансата ќе си ја бараме против другите две селекции кои според мене можат да се добијат, нормално, ако играме како што треба и ако добро се подготвиме пред ЕП. Ни Хрватска, ни Израел не се непобедливи, а и немаат некој квалитет од типот на Грција. Тоа што Хрватите после долги години на задњите ОИ се вратија во горниот дом ич не ме плаши, зошто нивната игра лесно може да се прочита, а и немаат некој лидер или класа играч од кој би се плашеле. Подобри се на тренерски план, како и секогаш, ама тоа не мора да биде пресудно. Така.

* * * * * * * * 

- “Ендрју Богут е уствари Ерика Дампие со брада“ - Шек после одличната партија против Богут и Бакси.

После оваа изјава ми дојде да се запрашам - Зошто сите драфтот 2005 го гледаат како најголема утка на Атланта? Знам дека изборот на Марвин Вилијамс со 2. пик не беше баш сјаен потег, ама момакот има потенцијал кој сите во Џорџија чекаат да излезе на површина. Тогаш на Хоукси очајно им беше потребен плеј, ама управата се одлучи за Марвин наместо за некои си таму Крис Пол или Дерон Вилијамс. Тоа нормално е грешка, но дали е уште поголема грешка што Бакси го избраа Богут како 1. пик?

Гледајќи го Андрија станува јасно дека дечкото нема каде веќе да напредува и дека откако е влезен во лигата пред три и пол години тој не е нешто многу подобар играч сега. Во Милвоки секако дека, како и во Атланта, сега ќе сакаа да можат да го вратат времето и да го соберат Пол (или Дерон), но барем за мене, а гледано и според тоа каде се наоѓаат сега во своите конференции, Бакси направија далеку поголема грешка од Хоукси на тој драфт.

* * * * * * * * *

ПС: Да, сликата е како најава за дербито на Истокот вечер. Кој би рекол дека Хоукси би играле дерби во својата конференција, но факт е дека овој тим кој го имаат конечно почна да созрева. Нормално, не очекувам победа против шампионот, посебно не без Џош Смит, ама овој старт од 6-0 е нешто што никој не го очекуваше. Како и партијата на Ал Хорфорд синоќа во Чикаго.

18 comments November 12th, 2008

А што со Тинсли?, Кеј-Џеј за градоначалник, Шек Деди и 0-3 на Спарси

Photobucket

Некако со целава работа со трејдов на Билапс во Денвер и Ајверсон во Детроит вчера заборавив да го спомнам Џамал Тинсли, кој веројатно е најпогоден од овој дил. До пред некоја недела Тинсли беше најблиску до трејд во Денвер, но Нагетси се мислеа и мислеа, и на крајот видовме што смислија, донесувајќи далеку подобра одлука.

Сега Тинсли останува практично без екипа, зошто Пејсерси не го сакаат и тој не ни тренира со нив, а пак останува врзан за нив со договор до 2011. година. Индијана не ни размислува да му ја учини таа услуга да му го откупи договорот, што го остава во небрано. На неколку екипи во лигата, како на пример Мајами, Голден Стејт, Њујорк…им е потребен плеј, но не верувам дека Мајами ќе се одлучи на трејд за Тинсли со оглед на неколкуте солидни млади плејмејкери кои ги има, а тука игра улога и договорот на Џамал. Никси веќе си имаат еден преплатен плеј кој не е дел од екипата и со кој не знаат што да прават, додека не верувам дека Бирд би го земал пак Ал Херингтон во Индијана.

* * * * * * * *

Кампањата “Кевин Џонсон за градоначалник“, конечно успеа и некогашниот плеј на Феникс и официјално е новиот градоначалник на Сакраменто. Колку тоа ќе им користи на Кингси, не знам, но знам дека им е очајно потребна нова арена со оглед на староста и малиот капацитет за денешната НБА на Арко. Тоа што Кеј-Џеј е добар пријател со Малуфите секако дека не е на одмет.

* * * * * * * *

Шек Деди!!!

* * * * * * * * *

Сан Антонио за прв пат откако клубот е дел од НБА, односно за прв пат по 35 години, има стартен скор од 0-3. Изгледа Ману им недостига повеќе отколку што можеме да замислиме. Ако не се оправат изгледа ништо од правилото на Непарна година.

6 comments November 5th, 2008

Шек нешо мрчи

Его трип опасен..

10 comments June 24th, 2008

Сонцето зајде за Бркот и Санси, а и за Ејвори, Хауард и Мавси

Искрено, само Јута ќе беше тимот кој ќе ми го расипеше ливчето доколку поминав во кладилница вчера. Другото што се деси, меѓу кое и победите на Њу Орлеанс и Сан Антонио, беа нешто што го очекував. Да не зборам за победата на Детроит.

Настрана катастрофата на Јута, која од еден од најдобрите напади во лигата синоќа стана напад на нивото на Никси, очекукав елиминации на Феникс и Далас. Неколку луѓе со кои се најдов во муабет на тема плеј-оф ми рекоа дека нема шанси Мавси или Санси да испаднат така рано и дека, барем во случајот на Феникс, тие сигурно ќе тепаат во гости.

Мене ништо до сега во тие две серии не ми даде знак дека такво нешто е можно, така да, иако потајно сакав триумф на Санси, знаев дека најверојатно сезоните за Феникс и Далас ќе завршат синоќа.

Мавси посебно не покажаа апсолутно ништо во овој плеј-оф, а таквиот тренд на потпросечни игри тие го имаа и во текот на сезоната, така да тоа не беше изненадување. И пред трејдот за Кид, и после тоа, нешто чудно ми се дешаваше со тој тим, а веројатно последиците од елиминацијата лани од Вориорси и сомнежот кој се створи помеѓу играчите, направија штета која не можеше да се поправи.

Тука е и немоќта на Ејвори Џонсон да ги стави работите под контрола, како и секогаш манијакалното однесување на Марк Кјубан, кој сака целото внимание да го свртува кон себе.

Photobucket

Сега за очекување се промени во Далас, од тренерот, до Џош Хауард, кој беше тотална утка во овој плеј-оф. Кид ќе мора да си го задржат и да си го чуваат до пензија. Плус, има и други причини за евентуален трејд на Хауард, а една од нив е тоталното уништување на атмосферата во тимот и однесување ала-Кармело со Лејкерси, со тотално занемарување на сериозноста на моментот.

A party held for the birthday of forward Josh Howard after the Mavericks’ Game Four loss to New Orleans infuriated coach Avery Johnson, according to the Star-Telegram.

Johnson stressed a rule of no partying to his team, but a celebration to honor Howard’s birthday was still held hours after the defeat in Dallas.

Two sources confirmed the party to the Telegram, but they differed on how many players actually attended the affair.

Johnson was so livid at the news that he reportedly canceled the team’s practice on Monday, a day before they were eventually eliminated by New Orleans.

Што се однесува до Феникс, за нивната капитална загуба и неспособност да се добие првиот дуел тука се пишуваше доста, исто како и за третиот дуел со кој Спарси практишно ја решија серијата. Неиграњето одбрана и незнаењето како да се решат некои ситуации, како и немањето на втор клач играч по Нешти си го направија своето.

Да не зборам за неможноста на Мајк Д’Антони да се обиде да биде на тренерското ниво на Поп. Менувањето на ротацијата (принудно по повредата на Хил) до некаде беше позитивна промена, но ни тоа не можеше да го спаси Феникс.

Photobucket

Кој може да биде подобро решение за Феникс од Бркот? Не знам, тоа е работа за Стив Кер. Она што го знам е дека во текот на летото тимот мора да развие дефанзивен дух, веројатно со ангажман на некој топ дефанзивец. Но, и главните ѕвезди ќе мораат да покажат дека одбраната е битен дел од играта.

Мора да се најде адекватна замена на плеј за Неш, за да не мора да гине дабл МВП секоја вечер. Исто така, им треба тројка, а и двојка која може да погоди тројка кога ќе биде најпотребно.

Но, тоа е проблемот за луѓето во Феникс. Мислам дека трејдот за Шек не бече така лош потег каков што сега го прават, исто како што мислам дека Мерион секако ќе си отидеше летово, дека беше лошо влијание за соиграчите со своето постојано мрчење и дека и со него Санси немаше да го поминат Сан Антонио.

На кусо да се вратам на серијата на Хорнетси и Мавси која беше чиста потврда зошто Дејвид Вест сезонава беше ол-стар играч, да не зборам за Крис Пол, новиот најдобар плеј во лигата. Хорнетси се тим кој може да биде незгоден за секого, па и за Спарси. Иако не очекувам изненадување, ќе се надевам на него.

ПС: За малце ќе заборавев да спомнам. Каков р’ѓа играч е тој Стекхаус.

16 comments April 30th, 2008

Previous Posts


Календар

November 2008
M T W T F S S
« Oct    
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930

Архива

Категории