Posts filed under 'Шек Бургер'

Кавси, Зи, Ајверсон, Ти-Мек, Супермени, Џез и Тандер

90043631SC014_Cavs_Bobcats

Неколку ствари кои се десија или околу кои се врти некој муабет последниве неколку дена:

- По трејдот за Џејмисон, Кавси имаат скор 0-3. Но, тоа не треба да залажува никого. Два од тие порази беа против Денвер, во овде веќе спомнатата средба за историја и вчера во Орландо, каде Кавси имаа шанса за победа, но Орландо останува нивниот најголем ривал на Истокот. Во поразот во Шарлот Џејмисон имаше не баш добро деби, но се поправи на Флорида и покажа дека може да биде многу важен играч за Кливленд во иднина.

Од голема важност за Кавси ќе биде и евентуалниот камбек на Зи по откупот на договорот од страна на Визардси, нешто што треба да се деси во следните неколку дена. После тоа следува пауза од 30 дена за Илгаускас, па враќање на теренот. Нормално, сите очекуваат пак да заигра за Кавси, но денеска се појави муабет според кој доколку НБА утврди дека постоел претходен договор помеѓу Зи и Кливленд за негово враќање, Комишот ќе ја блокира таа варијанта, па Зи ќе мора да бара друг клуб. Не дека во тој случај не би имало интерес за него, но убеден сум дека Илгаускас едвај чека да се врати во Кливленд, а и многу им е потребен на Кавси за во плеј-офот.

* * * * * * *

- Сиксерси се подготвуваат да ја прекинат соработката со Ајверсон откако овој пак го напушти тимот. Ајверсон не настапи ни на Ол-Старот поради здравствените проблеми на ќерка му, но на Сиксерси им здосадило од неговот “играм-не играм“, а и онака не го постигнаа саканиот ефект со неговиот камбек во градот.

* * * * * * *

90043652NL018_OKLAHOMA_CITY

- Ти-Мек одигра една средба за Никси и сите тоа го прогласија за камбек на Успаниот. Некако до сега во неговата кариера Трејси никогаш не успеал да ме убеди во неговата “големина“ во која некои веруваат. Причината е едноставна, човекот никогаш ништо не освоил или пак добил плеј-оф серија. Сега во Њујорк, со оглед на тоа дека и онака беа очајни и освен Дејвид Ли и немаа асален играч, веруваат во ренесанса со Трејси. Тој пак почна да изјавува дека е подготвен да заработува и минималец за следната година да остане во ТитаНикси ако тие успеат да донесат две големи ѕвезди.

Башка, му лежи системот на Бркот каде не мора да се замара во одбрана и слободно да си фаќа ритам во нападот.

* * * * * * *

- Т.н. “Супермен“ дуел на Флорида покажа дека, колку и да е инфантилен и без смисол самиот дуел, Шек и тоа како може да се носи со Двајт. Медиумите, но и самиот двајт малку повеќе ја напумпаа целата Супермен работа, која не легна кај Шек, па во неколку преноси самиот Реџи Милер изјави дека Шек го замолил да не го внесува во таков муабет, затоа што тој е единствениот и оригинален НБА Супермен.

Додека Двајт не освои титула, и тоа не една, и не почне да доминира на начинот на кој Шек доминираше од својата прва НБА средба, Дизелот останува единствениот со таа титула.

* * * * * * *

- Двете најопасни екипи во НБА во моментов не се ни Кавси, ни Лејкерси, ни Бостон, Денвер или Орландо. Таа титула им припаѓа на Оклахома сити и Јута кои во последните десет средби имаат скор 10-1. Посебно ме импресионираат Дурант и дружбата, кои ако продолжат вака ќе бидат голем проблем во плеј-офот за било кого. Тандер во плеј-оф? Кој би помислил пред стартот на сезонава.

1 comment February 22nd, 2010

Кралска дружба

dzejmison napalen-2904

Чекав поголем трејд за да пишам пост. И бидна трејд. Можеби не оној кој многумина го очекуваа (Амари во Кливленд, Мајами…),  но сепак оној кој може многу да влијае врз тоа кој ќе се радува во јуни. Нормално, може, но и не мора да влијае.

Од една страна секоја чест за Дени Фери и управата на Кавси за потегот во кој тие за речиси ништо успеаја да го ангажираат Ентоан Џејмисон. Тоа што се откажаа од Илгаускас може да се стави само во наводници, затоа што многу е извесно да се слули Визардси да го откупат договорот на Зи и тој за месец дена пак да се најде во тимот на Кливленд, Тоа е една од дупките во моменталните трејд-правила која речиси сигурно ќе биде закрпена ова или следното лето.

Од друга страна, гледам на многу места на Нет како се критикуваат Кавси зошто се  одлучиле за Џејмисон (33 години) наместо за Амари (27) кој можеле да го добијат за речиси ист пакет. Лично не верувам дека Санси ќе прифатеа сличен пакет за Стадемаер. Јасно е дека не сакаат да го загубат во лето за џабе, но сигурно ни не сакаат да го изгубат сега за џабе. Се зборува дека го барале Хиксон од Кавси, но овие не сакале да се откажат од него.

Сега најверојатна опција за Амари е останување во Аризона, најмалку до лето, откако и самиот изјавуваше дела смета дека дуелот со Далас синоќа му е последен во дресот на Феникс. Момакот си ги спакува куферите, но сега ќе мора да се распкаува. Нормално, се уште постои можност за трејд, но сега таа можност е многу помала. А и времето истекува.

Некако ми се чини, а тоа и го Твитнав пред некои недела дена, дека целиот муабет кој се вртеше околу Кавси и Амари како готова работа беше само уште една успешна претстава на Дени Фери и Кавси во намалувањето на цената на Џејмисон, кој вака го добија без да се откажат од Хиксон.

Несомнено е дека Кливленд вака делува посилен. Во Џејмисон, кој може и понекогаш да го одмори Леброн, но најверојатно ќе игра на “четворка“ или на “тројка“ во комбинација со Леброн на “двојка“, добија искуство, некој кој нема да создава гужва во рекетот, некој кој со својот добар шут однадвор ќе ја рашири играта и ќе создаде повеќе простор за Леброн, Мо и Шек, добар скокач и што е моежби најважно, лик кој никогаш не создавал проблеми на и вон теренот и бил добро влијание во соблекувалната.

Неговиот договор од кој има уште две години по оваа сезона вредни 28 милиони можеби е одредена причина за загриженост, но парите очигледно не се пречка за задржувањето на Леброн по секоја цена во Кливленд и исполнувањето на неговите желби.

Малку е чудно како тим кој го има најдобриот кор во лигата се одлучува на ваков чекор, но вака тие сега се подобро екипирани за дуел со Орландо, Бостон и Лејкерси. Тоа сигурно беше една од клучните работи при одлуката за трејд, како и тоа дека можат да го добијат Зи назад за кусо време.

Од аспект на Визардси, нема многу муабет. Колата која тргна надолу со глупоста на Аринас, продолжи со трејдот на Батлер и Хејвуд во Далас и логично беше дека и Џејмисон ќе биде трампан. Сега тие за следното лето ќе имаат некои 30 милиони слободни во селари-капот, сума која може и да порасне ако го раскинат договорот со Аринас и не продолжат со Џош Хауард. Тотален рибилдинг.

ПС: Интересен е и трејдот меѓу Кингси и Рокетси, но некако ми се чини дека таму уште нешто ќе се дешава. Ако тоа е финалниот трејд, за тоа ќе пишам утре.

ПС2: Има уште неколку трампи, но и за нив кога се ќе биде познато.

4 comments February 18th, 2010

The Good, the Bad and the Ugly – Полугодишни оценки (Исток)

shaq i lebron-2710

Тhe Good -

Кој друг ако не Кавси. По трејдот за Шек можеа да се чујат еден куп муабети дека тоа тотално ќе ги успори, дека големото его ќе влијае на атмосферата на тимот, дека ќе го закрчи рекетот итн, итн…Истите муабети добија сила по првите две недели од сезоната кога Кавси се уште се бараа и се воигруваа со Шек.

(Како и летово, така и сега, а и како и со трејдот на Атланта за Џамал Крафорд, не ми беа јасни критиките на сметка на Кавси за дилот со Санси за Шек. Во тој потег тие добија мноооогу повеќе отколку што загубија во Бен Волас и Павловиќ. Исто и Хоукси, кои имаа одредени критики за тоа што за Крафорд се откажаа од Ејси Ло и Спиди Клекстон?!?!?)

По првите две недели до сега работите клизаат многу добро за Кавси кои како тргнале би требале да го имаат најдобриот скор во лигата на крајот. Иако тоа делуваше невозможно, Леброн има дури и подобра сезона од лани. Во моментов Кливленд има рекордни сезонава во НБА 12 победи во низа. И да биде тоа уште поимпресивно, сите 12 победи се без клучните бекчиња Мо Вилијамс и Делонте Вест.

Одземи го Леброн од тој тим и тие тешко дека ќе победат на 2-3 средби по ред и во тоа се гледа големината на Џејмс, кој е еден од ретките кои од просечни и истрошени играчли прави корисни и добри соиграчи. МВП, ко од шала.

Не до толку, но сепак добри: Атланта, Шарлот, Крис Бош, Дејвид Ли, Џош Смит и Милвоки (со оглед на сите малери).

devin heris i bruk lopez

The Bad -

Иако звучи чудно, се мислев да ги ставам Селтикси, кои полека паѓаат под теретот на годините, посебно во дуелите со главните конкуренти. Но, им давам шанса до крај да покажат што можат.

Така, Нетси не можат да избегаат од тоа да бидат најлоши не само на Истокот, туку и во цела лига. Точно е дека оваа сезона за нив требаше да биде транзициска, но некако таа транзиција ги погодува како што не погоди нас по распаѓањето на СФРЈ. Скорот од 4-47 е екстремно беден и ако малку не се оправат ризикуваат да бидат “подобри“ и од најлошите на сите времиња Сиксерси од 1973 и нивните 9-73.

Ова е тажно затоа што во тимот имаат момак како Брук Лопез, кој без употребливи топки скоро редовно е на 20 поени и 10 скокови, а и Девин Херис покажува знаци на живот во последно време.

Можете само да замислите како му е на Кортни Ли?

Не до толку лоши, но сепак: Сиксерси, Ајверсон, Рашид, Детроит, Бен Гордон, Вилануева, Туркоглу, Картер (без последниве две средби) и Гарнет.

The Ugly -

Гилберт Аринас и Визардси. Мислам дека не е потребно објаснување. “Shooting Guard”.

3 comments February 10th, 2010

Фотка на неделата 78 (2.) – 25 000

kobi 98

Само два дена по големото постигнување на Шек, играчот чива кариера засекогаш ќе се поврзува со Дизелот, и обратно го оствари своето голем достигнување. Во дуелот со Кавси, Коби стана најмладиот играч со 25 000 поени зад себе, тренд на “Најмлад играч со ***** поени““кој од самиот старт на кариерата го следи и кој веќе почнува да го наследува Леброн.

Инаку, кога во јуни 1996 година Шарлот (Хорнетси) го избраа како 13. пик, а веднаш потоа го испратија во Лос Анџелес во размена за Владе Дивац, многумина не ја гледаа големината која во себе ја криеше Коби. Во тоа време и не беше некој голем тренд да се драфтуваат средношколци, но сето тоа се смени после Кеј-Џи и Коби. Сега тој трејд помеѓу Хорнетси и Лејкерси делува смешно, иако и Шарлот измолзе некоја солидна сезона од Владе.

Сепак, Кобстерот, и покрај сите споредби и обвинувања за копирање на Мајкл, е приказна сам за себе, некои го сакаат, а некои го мразат, но нема збор дека дечкото кога ќе се спушти завесата ќе влезе во секоја дискусија за “Најголем на сите времиња“.

А она што е најстрашно, уште не сме виделе се од него. Исто како и од неколку други имиња во Лигата, на кои сепак тој им е лидер.

ПС: Само што ја изгледав Кавс-Лејкерс, во која Коби беше добар, но не и остатокот од Лејкерси, барем не кога беше најпотребно против Кливленд без Мо Вилијамс (месец дена пауза најмалку). Баш заради тоа очекувам вечер експлозија во Њујорк.

3 comments January 22nd, 2010

Фотка на неделата 78 – 28 000

shaq ruki

Веста е од вчера, но се “печеше“ цели 17 и пол години, од првиот ден кога НБА го запозна Шекил О’Нил. Сликата е од руки сезоната на Шек, кога тој на светот му се претстави како доминантна сила каква немало од времето на Вилт Чембрлен. Го паметам од LSU и од стартот на неговата кариера и слободно можам да кажам дека пред него, а уште повеќе по него јас немам видено таква појава на теренот. И тоа само од физички аспект. Чиста доминација. Да не зборуваме за неговата уникатна харизма која нема да може да се достигне и доколку денес се спојат персоните на еден куп НБА ѕвезди.

Уникатен во секој поглед, Шек завчера против Торонто стигна до својот 28 000. поен во кариерата. Да ги убацуваше слободните малку попрецизно, како што рече и самиот тој, сега ќе го славеше својот 30 000. поен. Но, никој не е совршен.

ПС: Пред него се, и скоро сигурно ќе останат Карим, Карл Мелоун, Мајкл и Вилт. Па и не е така лошо друштво, иако во следните десет години очекувам некои денешни главни фаци да го престигнат.

8 comments January 21st, 2010

Фотка на неделата 76 – Christmas massacre

90042403LB013_CLEVELAND_CAV

What a difference a year makes…

Лани за Крисмс, исто како и годината пред тоа, имавме неколку екстра средби. Кога беа најавени главните парови за овој 25.12. сите очекуваа спектакл од Орландо-Бостон и Лејкерс-Кавс. Оправдано, со оглед на тоа дека зборуваме за четирите најдобри тима во лигата (од кои три се од Истокот). Арно ама, во поголемиот дел главните средби синоќа беа тапа, во Дизниленд Двајт “доминираше“ против Бостон, кој и без Пирс покажа дека е веројатно најкомплетниот и најопасен тим во Лигата кој доби многу со ангажманот на Шид. Уште со здрави Глен Дејвис и Маркиз Дениелс, плус Пирс, ќе бидат страшни за секого.

Орландо не ми беше по ќејф ни лани, а ни оваа сезона и навистина не верувам дека се способни за рипит на ланскиот успех. Нормално, ако ко лани не се деси некој ментален колапс на Кавси или пак повреда на Гарнет или Пирс на Селтикси.

Во Ел-Еј пак, Кавси одиграа неочекувано зрело и паметно. Мо Вилијамс беше десната рака која се очекува да биде на Леброн, а остатокот од тимот беше агресивен во вистинска мерка. Некој ќе се пожали на судиите, но тие не влиајеа директно на резултатот, а влијаеа директно на фрустрациите на Лејкерси, пред се поради нивната мизерна игра. Кавси докажаа дека не треба да се исклучат од муабетот за финале, но има уште многу да се игра до тој моменат.

90042403AB063_CAVS_LAKERS

За однесувањето на публиката во Стејплс, но комент, тоа го добивате од разгалени богаташи кои се навикнати само на плескање со нивните намачкани рачиња. Веројатно добра работа во целиот хаос беше што за божиќен подарок добија прсти од сунѓер. Всушност, да добија нешто повредно не верувам дека ќе го фрлеа.

2 comments December 26th, 2009

Кобстер, Леброн, па сите други

lebron i kobi

Според гласањето кое го спроведе реноминариот Sporting News, Коби се наоѓа на врвот на  листата на “50 најголеми НБА играчи на денешницата“. Во гласањето учествувале дури 107 познати фаци меѓу кои членови на Хол оф Фејм, НБА оперативци, активни играчи, тренери итн…

Коби добил 62 гласа за прво место, Леброн застанал на 34, а Вејд на 11 први места.

Е сега, нормално, како и со секоја листа така и со оваа, има некои работи со кои добар дел од вас не би се согласил, а ни јас нешто посебно не се согласувам. Сепак, мило ми е што има три играчи на Хоукси во овие 50.

Лично, чудни ми се позициите на еден куп играчи и за добар дел се наметнува прашањето дали некои минати заслуги играле улога, иако пак од друга страна за некои како тоа воопшто да не важи.

Некои фаци не би ни требале да се најдат на оваа листа и мислам дека е лесно да се примети кои се, посебно ако се земе во предвид тоа дека во нивните сопствени екипи не се главни ѕвезди.

Но, на крајот е битен само врвот на кој сосема заслужено, посебно после освоената титула си е Кобстер, иако Леброн му дише во врат и не сумњам дека наскоро ќе си ги заменат местата.

Еве ја комплетната листа:

1. Kobe Bryant, SG, Lakers
2. LeBron James, SF, Cavaliers
3. Dwyane Wade, SG, Heat
4. Dwight Howard, C, Magic
5. Tim Duncan, PF, Spurs
6. Chris Paul, PG, Hornets
7. Kevin Garnett, PF, Celtics
8. Dirk Nowitzki, PF, Mavericks
9. Carmelo Anthony, SF, Nuggets
10. Paul Pierce, SF, Celtics
11. Steve Nash, PG, Suns
12. Deron Williams, PG, Jazz
13. Tony Parker, PG, Spurs
14. Brandon Roy, SG, Trail Blazers
15. Yao Ming, C, Rockets
16. Shaquille O’Neal, C, Cavaliers
17. Pau Gasol, PF, Lakers
18. Chris Bosh, PF, Raptors
19. Amare Stoudemire, PF, Suns
20. Chauncey Billups, PG, Nuggets
21. Kevin Durant, SF, Thunder
22. Manu Ginobili, SG, Spurs
23. Jason Kidd, PG, Mavericks
24. Tracy McGrady, SG, Rockets
25. Joe Johnson, SG, Hawks
26. Derrick Rose, PG, Bulls
27. Ray Allen, SG, Celtics
28. Gilbert Arenas, PG, Wizards
29. Ron Artest, SF, Lakers
30. Vince Carter, SG, Magic
31. Danny Granger, SF, Pacers
32. Baron Davis, PG, Clippers
33. Devin Harris, PG, Nets
34. Ben Gordon, SG, Pistons
35. Al Horford, C, Hawks
36. Carlos Boozer, PF, Jazz
37. Nene, C, Nuggets
38. Rajon Rondo, PG, Celtics
39. Andre Iguodala, SG, 76ers
40. Josh Smith, PF, Hawks
41. Rudy Gay, SF, Grizzlies
42. Hedo Turkoglu, SF, Raptors
43. Lamar Odom, SF, Lakers
44. Shane Battier, SF, Rockets
45. Elton Brand, PF, 76ers
46. Richard Jefferson, SF, Spurs
47. O.J. Mayo, SG, Grizzlies
48. Charlie Villanueva, PF, Pistons
49. Michael Redd, SG, Bucks
50. Andrew Bynum, C, Lakers

4 comments December 4th, 2009

Previous Posts


Календар

March 2010
M T W T F S S
« Feb    
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  

Архива

Категории