Posts filed under 'Old School рикепи'

Успаванка + Top 10 All-Time Greatest dunks (најдоле)

Веројатно ја гледавте вчера Хјустон-Сиетл, која до толку беше успаванка утакмица што заспав на старт од 2.полувреме и не ја догледав. Кога сабајле го видов резултатот, ич не ми беше криво што не останав со шкорчиња у очи до сабајле, како многу пути досега. За оваа утакмица не вредеше да се прави такво нешто.


По неколку пати сезонава имав прилика да ги гледам и двата тима, и тоа у многу поразлични изданија од тие синоќа. Од тимот на Соникси кој го водеше картаџијата Боб Вајс, па до Сиетл без суспендираниот Ален и со понекоја минута за Радмановиќ и ниедна за Роберт Свифт, па до овој на Боб Хил, у кој ротацијата е скроз изменета, ама резултатите си остануваат исти. Ваљда за да се деси нешто поголемо, потребни се посериозни потези.

Што се тиче Рокетси, ги гледав и со Ти-Мек и Јао заедно (како синоќа), но и без двајцата или па без еден од нив. Плус, на ниедна утакмица што ги гледав сезонава не сум ги видел комплетни, на старт фалеше само Алстон, онда Мекгрејди, па се врати Рејфер, ама у аут отиде Јао, а и Дерек Андерсон и така по ред. Синоќа од побитните играчи не играше само Дерек (не, Џон Бери не е битен играч) и како играа, од тоа што го изгледав, Хјустон малку заличи на тимот на кој сите му предвидуваа борба за врвот на Западот. Ама само малку. Мислам дека комбинацијата на играчи и тренер кај нив тотално не ја бива и дека само прашање на време е кога у Хјустон ќе сфатат дека со дефанзивно ориентираниот Ван Грампи и офанзивно ориентираниот Ти-Мек тешко ќе ги вратат златните години од пред една деценија + 1-2 години.

Плус, Ганди никако да пронајде начин да го искористи максимално Јао, никако, што е права штета.

* * * * * *

А сеа малце за коментарот, кој за разлика од претходните средби беше нешто бољи. Али, барем у 1. полувреме, кога се уште бев свесен, беа кажани неколку ствари кои, барем јас мислам така, некој кој коментира НБА не смее да ги утне.
Со должна почит колега, знам дека го читаш ова…

- Соникси не беа на почетокот од 90-те дел од НБА Финалето. Освен ако прошлата деценија не започна со 1996 год. Тоа и типови со многу помалку НБА познавања од тебе го знаат.

- Спомна дека од 1994 год., кога изгубиле од Хјустон, Никси никад пак не дошле блиску до НБА Финалето?!?!?!!? Онда, кој играше против Сан Антонио у Финалето 1999 год?

- Видиш, не сум знаел дека Стромајл Свифт во Хјустон дошол од Вашингтон. Се си мислев дека до лани играше у Мемфис.

- За ова не знам баш, али дури гледав, ниеднаш не спомна чив син и чив внук е Демиен Вилкинс. Ако си се исправил во 2. полувреме, свака част. Ако не, татко му е Џералд, екс-НБА играч кој постарите фанови го памтат како играч на Њујорк, додека чичко му е Доминик Вилкинс, за кој не треба објаснување.

- Operation: Yao Ming. Да, да…

- И за крај најголемиот кикс. Колисон бил 4. пик на драфтот веднаш зад феноменалното трио Леброн, Мело, Вејд. Боже! Еве како изгледаше драфтот 2003 год.:

1.Cleveland - Lebron James
2.Detroit - Darko Milicic
3.Denver - Carmelo Anthony
4.Toronto - Chris Bosh
5.Miami - Dwyane Wade
6.LA Clippers - Chris Kaman
7.Chicago - Kirk Hinrich
8.Milwaukee - TJ Ford
9.New York - Mike Sweetney
10.Washington - Jarvis Hayes
11.Golden State - Mickaël Pietrus
12.Seattle - Nick Collison

Нема смисол нели?

* * * * * *


У други НБА вести, Ајзеа Томас пак почна да тера у свое. Само не знам дали трејдот за Џален Роуз од Торонто е потег со кој сака да ги заташка муабетите дека се обидел сексуално да малтретира некоја госпожа вработена у MSG, или па сака уште повеќе да го заглави селари-капот на Никси и да си заработи отказ. Роуз можда малце ќе ги мрдне, ама многу малце. А тоа не вреди 16,7 милиони долари!?!?!!? колку Роуз ќе лапне следната сезона. Плус, на Антонио летово му истекуваше договорот, а со него у Торонто го испратија и нивниот пик од 1.рунда на следниот драфт. Go, Isaiah!

* * * * * *

За крај, малце куцања, кои идат заедно со претхониот мој пост, за текстот на Фил Тејлор. Само стиснете плеј и уживајте…

22 comments February 4th, 2006

Детроит гази+Ред дебел, а!?!

Бето продужуе со рикепи, и продужуе пак со Милвоки. Сеа у Детроит. Бакси одиграа многу боња утакмица од таа со Хјустон дома, али Бето нека ви објасни тоа. Буцето Мајкл Ред се разигра, а?:)…

Дури сега приметувам дека всушност Детроит се домаќини, а тоа и како ме израдува најмногу поради фактот што нема цела вечер да им го гледам шугавиот терен на Милвоки со тие чкартните,gay бои. Да прејдеме на главното:

STARTING LINEUPS:

За Детроит: Билапс,Хамилтон,Принс,Р.Волaс и Б.Волaс

За Милвоки: Т.Џ. Форд,Ред,Симонс,Меглор и Богут

1.чет.:
Натпреварот почна со серија од 6:0 на Детроит, главно поени на Хамилтон и асистенции на Билапс. Потоа, изненадувачки, гостите се вратија веднаш од таа серија и тоа со водство од 8:6 преку поени на Ред, Форд и Симонс.

Како што би рекол Каракаш, “утакмицаtа почна повуци-потегни” на двете страни. Имаше еден убав цепелин на Билапс и Хамилтон кој заврши со положување од вториов, како нешто да се одбележи од стартните минути кои секогаш се најдосадни. Цела чет. се игра изедначено, онака досадно, ко што знае да биде и на 3:30 минути до крај на прва резултатот е 19:18 за гостите кои како да држеа контрола во првите минути.

Мене лично, интересен ми беше Рашид кој се обидуваше да се расшутира од позади 7 метара, но некако не му идеше, па погоди само една тројка од четири, а можеби и пет обиди. Билапс си делеше асистенции ко бомбони, која на Рашид или Бен, а овие реализираа беспрекорно.

Гаџурич даде четири поени по ред! На минута и дваес-пет до крај на прва у игра влезе и Морис Еванс (мојот омилен играч оd Детроит) кој е голем работник, а токму тоа и го докажа уште во 1.полувреме. Мо Вилијамс даде тројка за највисоко водство на Бакси од 27:22, a Четвртината заврши со поени (два) на МекДајс и 27:24 за Милвоки.

2 чет.:
почна со елегантен шут на Еванс, кој ме изненади со својот убав шут (за око, а според неговата градба, не ми личи на таков. Детроит полека фати ритам и почнаа да си ја играат својата препознатлива игра со многу трчање и одбрана. Во игра Сандерс ги внесе МекДајс, Аројо и Еванс и сите тројца му ја оправдаа довербата буквално прегазувајќи ги резервите на Милвоки кои беа како изгубени (пред се Велш).

Детроит прави многу убава и долга серија од 14:2 (вклучувајќи ги и поените на МекДајс на крајот на првата), а таа убава серија ја прекина Велш со еден влез. Ред со тројка ја намали предоста на Детроит, ама веќе во следниот напад се сплетка со топката. На 3:30 до крај на 2., Детроит има 10 разлика(со поените на Принс).

Тери Стотс се нервира од клупа и бара тајм-аут на 2 минути до крај кој се чини малку ги оправи работите пред паузата. Форд даде 6 поени по ред и така на полувреме се отиде со 50:44 за Детроит. Јас стварно се надевав дека во 2.полувреме Детроит нема многу да се одлепи и дека сепак ова ќе биде интересна утакмица…


3 чет.:
Во 3.четвртина двата тренери во игра ги ставија првите петорки (Normalno - K.). Почнаа повторно изедначено откако Ред даде тројка за израмнување. На др. страна Хамилтон игра одлично без топка и многу ме потсеќа на Реџи Милер, а плус на тоа и поентира. Меглор понатаму ја губи топката во два напада по ред и тоа на многу глуп начин, па на тоа убаво сум се изнасмеал.

Следуваа(некаде кај 7 до крај) неколку напада каде и двата тима ги губеа топките континуирано. Ред з’гна уште една тројка, а на тоа мораше да врати Хамилтон да не остане покус. Почна нивната трка за прв стрелец уште во третата четвртина бидејќи и двајцата се распуцаа. Билапс во 3.четвртина ги даде своите први поени на утакмцата(од слободни), а веќе имаше 9 асистенции.

Две тројки по ред на Детроит(Хамилтон и Билапс) по што нивното водство повторно се качи на + 8. По тајм аутот на Стотс, Богут даде еден хорок, а’ла Олајџувон и тоа од пристојна дистанца. До тој момент Хамилтон имаше 24, а Ред 22 поена.

Резултатот – 71:65 за Детроит на минута до крај на трета. Четвртината заврши со тројка на Билапс за 74:65 за Детроит.

4 чет.:
Четвртината ја отвори повторно Еванс со шутче од полу-дистанца и како да сакаше да навети дека тоа ќе биде лесна завршица за Пистонси.Но…

Со тројка на Шид , Детроит прави +12 на 8 до крај. Ред дава два коша по ред и смалува на 8 поени. Еванс си зема премногу слобода и се распуцава што секако им штети на Детроит .Следуваше атрактивно забивање на Богут за 6 разлика на шест минути до крај…

На пет минути до крај резултатот беше +10 за Детроит. И тогаш кога помислив дека Милвоки немаат теоретски шанси за нешто повеќе, во игра се врати Мо Вилијамс, докажан тројкаш кој оваа сезона реши две средби во последните секунди.

Даде две тројки по ред за неполна минута(онака смирено, лакомо) и намали на +4 за Детроит. Идниот напад го реализираше Симонс за +2. Уф, уф, интересна завршница. Хамилтон даде кош за +4, па украде во одбрана, па направи 2+1 и така предноста си ја качија на 7. Идниот напад: БАМ-Ред тројка. Шид утна, па уште еден шут(длабока двојка) на Ред, па уште едно промашување на Рашид. Милвоки тајм аут(2 разлика) на 92:90 за Детроит. 24 секунди до крај. Ред ја прима и не проаѓа многу време, се дига на шут и погодува! Изедначување на 14 до крај.

Сега тајм аут за Флип и тој му ја дава топката на Билапс(инаку феноменален во 2.полувреме). Мо го чува Хамилтон да не мрдне и оtкако Билапс се најде во небрано му ја дофрли на Шид овој за 3…и утна(т.е. топката излезе од обрачот) и следуваа продолженија….

ВАКВА УТАКМИЦА ОДАМНА НЕАМ ГЛЕДАНО, морам да признаам. Вредеше што останав буден до 5 сабајле.

Продолжението:
Почна со слободни на Чонси за 94:92. Потоа следеше мал пад во играта на Пистонс, а тоа знаеа како да го искористат гостите преку Ред и Мо и со нивни искомбинирани 6 поена доаѓаат до значајно водство од 98:94! Но, на сцена тогаш од никаде(цела утакмица го немаше), Рашид Волис со гоооолема тројка за 98:97. Потоа следуваше промашување на Ред, па Билапс двојка за 100:97.

Богут едно слободно, Билапс уште две слободни за 102:98. Ред повторно промаши и тука е крајот. До самиот финиш Милвоки играа на фаули кои Билапс ги реализираше (втор во НБА по процент на дадени слободни:!!!). Краен резултат 106:102 за Детроит Пистонс.


МЕН ОФ Д МЕЧ
: Иако Хамилтон имаше најмногу кошеви вo Детроит(35), утакмицата ја реши Чонси(23п., 15 асистенции) и затоа признанието за човек на натпреварот според мене треба да оди во негови раце. Инаку, најдобар стрелец беше Ред со 41 кош.
Епа, толку.

2 comments January 25th, 2006

He’s back

by Beto

- Како што бива со секоја НБА утакмица и оваа малце каснеше(тоа веќе станува традиција во НБА) , а тоа за многу малце ќе ме доведеше до тоа да заспијам односно да не го направам овој рикеп.Значи, натпреварот почна негде накај 2 и 20 а во стартните петорки на двата тима беа:

За Милвоки: Т.Џ. Форд,Мајкл Ред , Боби Симонс, Џамал Меглор и Ендрју Богут

За Хјустон: Рафер Алстон , Дејвид Весли , Трејси МекГреди , Џуан Хауард и Дикембе Мутомбо.

1.четвртина:
Двата тима почнаа скоро исто, со индивидуални излети на некои играчи.
Почна како и секој друг натпревар, споро, најмногу на шутеви, а тоа се разбира дека им беше од полза на домаќините кои и тоа како располагаат со прецизни шутери како Ред, Симонс или Мо Вилијамс.

Први повлекоа домаќините и тоа преку две тројки на Симонс и Ред ,а гостите на два пати преку МекГрејди одговараа на другата страна. Најразигран од сите се чини дека бешe Симонс, кој ем погодуваше од дистанца ем имаше некои скок-шутеви од полу-дистанца плус еден влез. Во тимот на Хјустон се издвоија МекГрејди кој си ја играше својата позната игра (сам) и не додаваше никому и на моменти ми се чинеше како да има намера да тргне по лов на Коби ама нема дечкото капацитет за тоа. (Мислиш? - К.)

Иначе Трејси не погоди ниедна тројка во цеа прва четвртинаа имаше два или три шута. Подоцна…во првата четвртина Милвоки беше тимот што ја имаше предноста, а Хјустон ги ловеа. Хјустон едно време паднаа и на -8, но во игра ги врати Дејвид Весли кој ми личи на пекинезер и во фаца и во тело. Дикембе иако беше во стартната петорка на својот тим, ни се виде, ни се примети, па и неприметно седна на клупа и неприметно не се одлепи од неа цело 1.полувреме.

Веќе на две минути до крај на прва, Тери Стотс, тренерот на Милвоки, во игра ги пушти Гаџурич, Кукоч и Вилијамс и ги повлече надвор од игра првите играчи на Милвоки на заслужен одмор. Иначе Богут ми остави пријатен впечаток!

2.четвртина:
вајцата тренери ја почнаа со своите 2. петорки. Само Богут беше дел од тимот што го почна натпреварот и во 2.четвртина. На самиот почеток на вториот дел во крупен кадар го даваат Џеф Ван Ганди кој ги ишишал и оние неколку влакна кои ги имаше и сега ептен ми заличи на Зидан! Каква писта си напраил…Набрзо кошаркарите на Хјустон преку Весли и Алстон од два напада постигнуваат две тројки и успеваат да поведат за прв пат на натпреварот. Вторава постава на Бакс не функционира како што треба, а овој Стотс упорно ги остава да играат. Шупци!

На шест минути до полувреме, резултатот е изедначен 34:34 во корист на Хјустон. Првата постава на Милвоки се враќа на терен дури 7 мин. по стартот на 2.чет. МекГрејди никако да даде тројка, а Меглор скоро и да не се приметува, a до сега има 6 поена и 5 скокови.

Ми се свиѓа како си одработи Хејс од Хјустон,веројатно млад играч,талент ,на позиција 4ка,солидно покриваше коа Хауард се одмараше….Хјустон го има водството од 44:41 на 2:15 до крај. Сепак,пар кошеви на Ред и завршува прво полувреме со резултат од 48:47 за Хјустон.

3.четвртина:
Малце закаснив за глеање, ама коа дојдов резултатот беше изедначен 55:55 овој пат во корист на Милвоки. Потоа почна да игра МекГрејди онака сам и тоа веднаш стана видливо и на семафоpот бидејќи Хјустон го зема водството 60:55. До тој моменат Трејси имаше 18 кошеви. Го забележувам Мутомбо е пак во игра(има 39 години еј), ама со никаков позитивен ефекат за својата екипа.

Трејси го полни кошот на Бакси непрестано поентирајќи најмногу од влезови. Милвоки до крајот на четвртина прави серија од 7-0 и на две минути до крај резултатот е изедначен 67:67.МекГрејди мава трица за 70:67, па Ред има пар слободни ,па Весли и 3.четвртина завршува со резулт од 74:71 за Хјустон.

4.четвртина:
И кога таман мислев дека во 4. четвртина ќе глеам интересен и атрактивен баскеt, се деси и тоа, Трејси МeкГрејди да не утне и ја направи тотално неинтересна последната четвртина: Оd кај шутна-не утна! Праеше ролинзи, нешто па шут, па тројки, па слободни СВЕ ВЛЕЗЕ!!!

Вака сеа…последната четвртина почна атрактивно се цепелин Т.Џ Форд до Гаџурич и закуцавање и тоа беше се што направија домаќините. После МекГрејди имаше симултанка и залудно би си го трошел времето ако ви опишувам какви се шутеви погоди! Му немаше крај за на 5 минути до крај да направи 15 разлика. Милвоки на крајот имаше 80 коша.Значи само срамни 9 во последната четвртина. Тоа ги уништи. Заврши 97:80, а Xјустон извојува победа благодарејќи на МекГрејди.


Лудакот заврши со 41 поен и залужено си го добива тоа МЕН ОФ Д МЕЧ.Толку.

Добро е Бето, само да не требаше да ти ги поправам сите печатни грешки:). За утакмицата си прав, баш беше така, се играше повуци-потегни, додека Ти-Мек не зема се у свои раце у задња четвртина. За Дикембе не би го критикувал толку, зашто како што напишпа и ти, типот има 39 години (и веројатно може да ти биде татко).
Кога играше он у 1.чет., и Богут и Меглор немаа муда да се дигнат на шут у рекет преку него. Можеби немал некој др. квалитет у своја кариера, али барем за плашење играчи у рекет и мењање шутеви мора да му се пружи рака. Ипак, он д енд оф д деј, ова беше вечер на Мек, а никој у дрес на Бакси не ме импресионираше.
Уште на старт на сезона реков дека Тери Стотс не е прав човек за тренер и тоа полека почнува да станува јасно. И уште нешто реков летоска, а тоа е дека Ред не е играч за 90 мил. договор. Никако.
- Каракаш

4 comments January 22nd, 2006

Ева Лонгориа добила, Џинобили скина копач

Малце закаснија Спорт 4 со преносот, а на ХХЛ имаше порно со Лексингтон Стил. Сепак..

  • Се укључуваат на некои 2 мин пред. крај на прва.. и прво шо глеам – цепелин Паркер – Данкан..
  • Џинобили утиња 2 слободни. Ишишан е као Стратокастер. Брр. Вејд враќа со полухорог на другата страна.
  • Рашо прави чекори. На другата страна и Ентоан Вокер исто. Добро е, не сум испуштил многу овие пар месеци.
  • Паркер иде на влез. Се остаи у кош, скрши кичма. Болно изглеаше, али се опраи. Пуцна слободни. Мајами не можат да изведат, Пејтон у фрка, Паркер шпиунски му ја украде и дава тројка од ќуш, од отсвртување, за крај на прва четвртина.

Втора четвртина

  • Зо го лепи Данкан ко мало дете, ама важат поените. Вејд на другата страна, 22-20 Спарс.
  • Зо упати митолошки шут. Пукнав од смеење. Нормално, утна.
  • Лекич разврза муабет околу семафорот. Ајде, опростено му е.
  • Џеј Вил напраи контра. Иако се приметува дека колената му се малце подзар`ѓавени.
  • Ману забораил слободни. До вртљакот е… Бунар од Вокер. Ништо ново… убава аргентинска комбинација Ману – Оберто..
  • Вејд се препичава. Напраи нешто, демек финтаџиски влез, ама неуспешен. И некоја реприза видов од испуштениот дел, губи топки. Почнал да глуми ѕвезда. Данкан си дава кош, 27-26 за Спарс. Тајм аут.
  • Трица на Ван Ексел. Џеј Вил поентира. Па дава тројка. Па Ван Ексел дава тројка. 33-31 за Спарс, ако убаво запишав.
  • Шек не е тој шо треба да биде, ама Данкан на спортивната страна си е стариот. 35-31, тајм аут, Шек седнува со 3 лични.
  • Вејд пак се обидува да биде главен фраер. Сака да биде Коби. Лекич употребува израз КРАДЛИВЕЦ.
  • Паркер се напали. Прекрасен потег, поени и лична над него, и 39-34 за гостите на три минути до полувреме.
  • И ВЕЈД ПАК СЕ ГЛУПИРА. Све некои дриблинзи, пасови..
  • Мора да се спомне Ева Лонгориа. Да и` го..
  • Хаслем упати патриотски шут, балетански потег, отиде нападот во неврат.
  • Бутот на Вејд наидува на коленото на Рашо. Болка, гнев, и Двејн се куропеца, ќе го мава судијата. Техничка, процедурално. Финли си го дава слободното, а Паркер дава после тоа, за среќа на Хит само два.
  • Вејд шитка. Сака да биде Коби.
  • Лична на Хаслем. Се спречка со Данкан. Обострана техничка. Прв пут глеам некој на Данкан да му суди техничка.
  • Оберто дава европски кош. Лекич вика дека бил манекен порано. Исто како Енко Каракаш.
  • Вејд, абе ко Коби да го глеам. Само шо Коби е победник.
  • Данкан скења 2 слободни. Полувреме. 49-38 за Сан Антонио.

Трета четвртина

  • Хаслим со шутче преку Данкан. Стандард, увек погаѓа од врв на рекет. Па Паркер со уште еден мајсторски влез. Чоече, Ева завршила работа.
  • Шек е ко друг играч. Рашо, иако со фаули, искача нак рај со него.
  • Ману дава тројка. Шек пак утиња. Боуен сменил позиција, дава шутче од средина.
  • Џеј Вил го прати Паркер со кросоувер и погоди скок шут. На другата страна Ману фаулиран во обид за три, ама даво само 2 слободни.
  • Шек конечно закуца, преку Нази Моамед, ама со мука. Едвај се одлепуе од земја.
  • Ману загњури. За 15 секунди, пак. Ама сеа го ебал зглобот. Реприза: ауууу, ко ја коа видов се потсетив на моето искуство, леле, болно.. го стапна.. не знам кого стапна, не е битно. Го изнесоа на раце. Толку од утакмицата. Можда и толку од сезоната. Можда и толку од кариерата. Пупупупу.
  • Џеј Вил набрзинка дава 2 од рекет. Вејд краде, сам до крај, дава, Спарси се плеткаат, Шек им дава 2+фаул, тајмаут, 58-52 Спарси, а беше и 14 едно време.
  • Шек по свое, си се гура, мене ми е бизарно. Паркер на другата страна прави муњевит влез, ама ништо.. Данкан офанзивен скок, фаулиран, дава 1 слободно.
  • ВЕЈД ПОВТОРНО ГЛУМИ ЅВЕЗДА.
  • Шек го уби Паркер со топка. Педерски. Ја би го казнил.
  • 4 минути до крај на 3. чет, Паркер дава 2 слободни за 64-54 за Спарси, 24 поена има до тогаш.
  • Зо го улепи Маркс, а Вокер на другата страна си утиња тројка.
  • Влага Брент Бери. Фризура Виетнам 1969. Искрцавање на маринците. Маскрот во Ми Лаи. Е таква фризура.
  • Паркер дава трица. Ева има добиено. Па на друго место покажува сила. Хехе.
  • Џеј Вил со поштен влез, го утиња дополнителното. 69-60 за Спарси.
  • Виетнам вади пилечи шут со пилечи грип.. Вејд на другата страна праи јак влез, а паркер му враќа со сок шут од врв на рекет.
  • Вејд ПОВТОРНО со некои ЕндУан финти, ама сеа успеа да извади пас до Алонзо, за негови лесни 2.
  • Паркер дава 2 слободни. 31 поен. 73-64 за Спарси.
  • Вејд нема дома Ева Лонгориа. Прави шалабајзерски влез, утиња, Маркс е фаулиран, си го достига просекот од 1 поен.
  • Флеш се пере со убаво шутче преку Брус Грдиот Боуен за 73-66 после третата..

Задња четвртина

  • Т.Д. дава 1 слободно.. Вокер на другата страна некоја шашма за 74-68.
  • Завладејува збунката, Вејд као нешто криви, демек не дека е глуп, сакат е, `Тоан конечно дава трица, Маркс го прати со еден лажњак Поузи, а Данкан изеде ќотече. Све тоа набрзинка.
  • Џеј Вил пак го изработи Паркер, 2+1. Само 2 разлика за Спарси, 76-74.
  • Шек осети крв. Го парализира Рашо и му поентираше. Ама одма изненаџење – РАШО химселф собра муда и упати хорог на другата страна, и то преку Шек, и за чудо, погоди. израмнување.
  • Шек на другата страна после една фрка закуца ко шо знае, ама не важи. Сепак, малце потсети на оној Шек шо на грбот на Коби зема 3 титули ;) (морав). Сепак, тајмаут за Грег. Се нервира старото.
  • Шек се исра со слободните, на другата страна Финли прекусо.. е сеа Шек не пропушта да поентира преку Радослав.
  • Вокер пак здува тројка. На толку шутирање, бар да научеше обрач да погаѓа. Се пере после тоа на влез. 80-78 за Мајами.
  • Шек пак. Грег више побеснува. Тајмаут.
  • Дебелиот ГО ЗАЛЕПИ Паркер. Ама ГО ЗАЛЕПИ. Сепак, Боуен си се вгнездил у ќушето и си даде тројка.
  • Вејд. 84-80
  • Виетнам. Тројка. 84-83.
  • Паркер. 85-84, Спарс. Се време му е на залижаниот да се курчи.
  • Шек разбива све. Утиња дополнителното. Ама сепак, разби све.
  • Ама одма ладен туш. 5та лична на Шек, и тоа грубо над Паркер. Паркер може изигра волшебно, ама изеде ќотек машки. Дава само едно слободно. 86-86.
  • Вејд пак сака да биде главен, се сере со некој неук ролинг, ама се извади со тајмаут.
  • Се десија работи, Боуен дава 2 слободни, некој од мајами утна, Паркер дава 2 за 90-86, Мајами пак прокоцкаа, вадат гз – Боуен сам утиња тројка (дека не беше од ќош, од косо беше). Вејд глуми Коби, ама утиња, има среќа, си даде од втора кош.
  • Напнато е.. и оп, РАШО. Преку Шек.
  • Рајли бара тајмаут да го изшамара Вејд.
  • Вродило со плод. Поени на Флеш, Спарси серат, Вејд ништо подобар, Шек го пере со офанзивен, ама и тој утиња. Мрско им е. Бери одма ги излади со тројка, 95-90, помалце од минута, тајмаут за Рајли, кој е огорчен.
  • Мајами ништо.. и Паркер ги запечати.. 30 секунди до крај. 97-90. Шек стратешки фаулиран, Рашо го избација. Си го утна дебелиот едното слободно..
  • До крај.. слободни фрлања.. тројка на Вејд.. ама џабе. 101 – 94. Паркер 38, Вејд 36. Паркер од поле феноменален, 13-18..

У глобала, просечна утакмица, пренапумпани имиња, али океј, битно е дека после финалето лани, и ја поглеав малце баскет. Се изненадив од тоа колку Шекил е мивка, а и Данкан не се виде баш, иако си заврши со дабл дабл. Главниот збор го имаа Паркер и Вејд, и Џејсон Вилијамс.

Сепак, за мене, клучен беше Виетнам Бери, кој даде 2 клучни тројки, а втората уствари беше нокаутирачкиот удар за Мајами. Сепак, ми симнувам капа на Тони Лонгориа, пошто волку ефикасна партија ја неам видено одамна (освен поентерскиот дел, имаше и 4 скока и 5 асистенции). Вејд пак, ме разочара, напреднал во вештината од лани, ама у мозокот се свел на најниско можно ниво.

Без респект кон Рајли, кон соиграчите, без грам несебичност. Само 1 асистенција и 5 загубени топки. Коби, можеби има понекогаш такви бројки, и несомнено и тој себичи, ама ги нема во екипата Шек, Вокер, Џеј Вил, Пејтон, па и Поузи и Алонзо. Тоа што ме зачуди кај Мајами, беше што играа со само 8 играчи, а ме импресионира играта на Зо. Можеби подреден, ама си ја заврши работата.

Значи, во првата утакмица на Спорт 4, Сан Антонио победи во Мајами со 101-94, Паркер постави личен рекорд во поени, но најбитно од се` е што Грег Попович го изгуби Џинобили.

И ГО МРАЗАМ ЕЛТОН ЏОН, ЈА МРАЗАМ КРИСТИНА АГИЛЕРА, ГО МРАЗАМ ЕЛВИС, ГИ МРАЗАМ НЕКОЛКУТЕ РЕКЛАМИ ОД ПРЕД 5 ГОДИНИ ШТО ГИ ГЛЕДАМ НА СЕКОЈА УТАКМИЦА..

ју меј нот билиб ит, бат ај билив ит.. или ИТ`С ОЛ ШУК АП.. уууу.. или пак.. МЕЈКС ДЕТ МАЧ СТРОНГЕР, ТЕНКС ФОР МЕЈКИНГ МИ ХАЈЕР, ОЈ ДА ТИ ГО КЛАВАМ, ТЕНКС ФОР МЕЈКИНГ МИ ФАЈТЕР.

* * * * * *

А сеа и ја да кажан нешто. Као, прво, честито губење невиност сезонава Шеп, редно време беше. И ја ја изгледав цела утакмица, и тачно, беше чиста просек. Сезонава сум гледал едно барем десетина подобри утакмици, али нема везе, важно е дека некој канал почна да дава, па унесреќените души:) као ти и Селектор коначно можете да глеате НБА он Тв.

Пошто исто како и на Шеп, а и веруем на доста од вас она синоќа им беше прво НБА искуство сезонава, нема да мрчам за коментарот, кој у најмала рака беше сумљив. Али, као што напиша Лаф у еден коментар подоле, сум глеал баскет на едно чудо јазици, така да не може Лекич, Љубо или кој сака да ми влијае на моето уживање. Ипак, за доброто на сите оние кои ипак им е потребен солиден коментар за потпуна нирвана, се надевам дека ќе се оправат, стварно се надевам.

Ако не, на даљинското увек го имате MUTE дугмето, кое коа стануе збор за наши коментатори, и тоа како е корисно.

Идеме на утакмицата. Сезонава доста пути ги глеав Мајами, најчесто без Шек, така да морам да застанам у одбрана на Вејд, кој Шеп фино го исплука погоре. Не дека не заслужуе да биде ркнат за она што го играше синоќа, али тоа беше една од најлошите негови партии од кога го знам Вејд, а момакот ипак убаци 36.

Што се тиче Шек, полека со плукањето по него, лејкербојс, ако малку пратевте синоќа, баш кога почнаа да играат преку него, Мајами вчера се доближи и на крај и изедначи. Супермен уште не фатил ритам по повредата, а и системот на Рајли уште е жива мистерија за сите у тимот. На крајот, не е Шек крив што за соиграчи ги има Ентоан “Ич не ми е голема глават” Вокер, Пејтон, Поузи и тако даље. За тоа е крив залижаниот.

Што ме носи и до главниот кривец никаквата игра на Хит, а тоа е Пет “Армани” Рајли, кого времето очигледно го прегазило. Никакво водство од негова страна, никаков авторитет да знае кога кој играч треба да повлече, а кој да се повлече. Плус, негова вина е што у тимот му се Вокер и Пејтон, кои никад не биле, нити знаат како да бидат суплементи на ударно дуо у екипа. Не е случајно што и двајцата немаат титули досега, и што Рајли после Лејкерси пред 20 години никад не освоил уште еден шампионски прстен.

Ако толку сакаше да го шутне Стен Ван Џереми, Пет, како паметен претседател тоа можеше да го направи уште летоска, па на негово место да го донесе Фил Џексон, кој сигурно нема да одбиеше пак да му биде тренер на Шек. Но, не, Пет не го направи тоа, зашто тоа ќе беше признание дека не го бива како тренер и дека Фил е за две класи бољи од него, што факат је.

Како и да е, сега има НБА на некоја наша ТВ и тоа е најбитното. А Мајами не треба да се отпише, затоа што секој тим што го има здрав Шек и ДВејд у екипа, не смее да се потцени. Иако, момците од Детроит сега изгледаат стварно страшно.

Шеп, не се љути, али морав да ставам слики, да го личи постот.
А, за крај, еве ја и причината за играта на Тончи. Поп сигурно сеа ќе ја моли да не му дава.
-
Каракаш

И за малце ќе заборавев: ајде сите заедно- Јудонис Хаслем, Јудонис Хаслем, Јудонис Хаслем, Јудонис Хаслем, Јудонис Хаслем, Јудонис Хаслем, Јудонис Хаслем, Јудонис Хаслем…

20 comments January 21st, 2006


Календар

October 2008
M T W T F S S
« Sep    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  

Архива

Категории