Posts filed under 'Лебронџилница'

Тмурно неделно сабајле

Нетси да ти биле лекот. Туку, Тревис Аутло во Булси?!?!?!

8 comments November 16th, 2008

Тешко без Нет

Што ти прави еден ден без нет. Фала, кејблтел…Повелете две видеа, првото е вчерашниот Топ 10 кој од оправдани причини не можев да го постирам, додека после него следува неделниот преглед на 10-те најатрактивни потези. Уживајте. Посебно во потезите на Леброн. Нормален пост - покасно.

4 comments November 14th, 2008

Идеме на преглед

Како почнаа да ги прават дневните Топ 10 листи на НБА ТВ, доста поинтересни се дневните прегледи на кои има и по некој поатрактивен потег од тие кои се на Топ 10. Плус, она што ич не ми се свиѓа на Топ 10 е тоа што ретко било кој потег го покажуваат два пати, од друг агол или успорено. Така, во зависност од тоа што е подобро, некои денови ќе оди прегледот, а некои Топ 10.

Има уште неколку ствари за кои мислев да пишувам, ама ај тоа нека биде покасно. Заедно со нашата група за ЕП.

3 comments November 12th, 2008

Две до четири недели

Две до четири недели е она што сабајлево го слушнаа со не баш големо воодушевување во Сан Антонио и Атланта. Посебно разочарување имаше во Аламо каде кај го загубија својот најдобар играч сезонава, него и загубија од не баш јакиот Мајами за продолжување на мизерниот старт. Сега без Ману и Тончи стварно не знам кого ќе победат Спарси. Тимчо е робот, но не е робокап.

Во Атланта на ист период го загубија Џош Смит, ама барем убедливо ги победија Канадиенси. Џош е битен фактор во Хоукси, но не е клучен, а посебно сезонава (до сега) ме импресионираа резервите Мо Еванс и Флип Мареј, кои не самл што целосно го надокнадија ефектот на Афрото гладно за гиро, него и им дадоа нова димензија на Хоукси. Можеби ќе биде малце потешко без Џош и сигурно нема уште долго да бидат без пораз, ама и тоа како има знаци за оптимизам во Џорџија, каде и арената почна да се полни.

Еве го и Топ 10 од синоќа, кој барем според мене е конечно првиот стварно добар и комплетен Топ 10 оваа сезона. Иако како и секогаш, во зависност од вкусот, некои позиции би биле сменети на листата

13 comments November 8th, 2008

55+49+41

Photobucket

Понекогаш бројките кажуваат многу повеќе од зборовите.

Тони Лонгориа: 55 поени….22-36 од игра, 2-3 за три, 9-10 за слободни, 7 скокови, 10 асиста, 4 заг.топки за 50 и пол минути.

Амари: 49 поени….17-21 од игра, 0-2 за три, 15-15 за слободни, 11 скокови, 6 асиста, 4 заг.топки, 5 ук.топки и 2 рампи за 44 минути.

Леброн: 41 поен….13-23 од игра, 0-2 за три, 15-16 за слободни, 9 скокови, 6 асиста, 5 заг.топки, 4 ук.топки за нешто помалце од 36 минути.

ПС: Хоукси: 3-0 :)

6 comments November 6th, 2008

За чудо - Винс

Add comment November 2nd, 2008

Видео частење

Толку време ме немаше. па викам ај да удрам едно видео частење. Првиот клип е “асистенцијата“ на Одом до Вујачиќ, кој онака, за комплетно зезање требаше да шутне. Вториот е задњата реклама на Најк за новата сезона со Леброн и неговата пудра, а третата е Коби во улога на рокер. Заедно со Мајкл Фелпс, Алекс Родригез и…Тони Хок.

8 comments October 31st, 2008

Previous Posts


Календар

November 2008
M T W T F S S
« Oct    
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930

Архива

Категории