Posts filed under 'Finals '08'
Газење поштено, до титула со стил.
Најава можда боља и од на Булс:
Малце патетичен микс од фан:
Скал Ирецот од драмите на Бекет:
Тоа е тоа. За многу години. Уште една сезона заврши.
И малце генгста со нашиот нов МВП на финалето:
June 18th, 2008
Некој го јаде бостанот на полувреме. Не знам дали ќе имам живци да ја догледам утакмицата. Утре полагам. Џејмс Поузи и Еди Хаус.. не.
Некој ако сака, нека напише свое видување. Ќе му објавиме, не е проблем..
Ај, кој нема среќа у баскет, има у љубов.. мрсно лето ќе биде ова за сите нас Лејкерс фанови на блогов!
* * *
И официјално, 131-92, Бостон ја освои јубилејната 25та титула.
June 18th, 2008
Зелениот бостан го обравме слатко!

Иако за момент си помислив дека се случува гејм 4 пак, Лејкерси се вратија и Бостан успеа да ја изгуби утакмицата. Гарнет е нај-не-клач играч на светот, а Пол Пирс многу се фура. Коби не игра на највисоко ниво, ама затоа Гасол се врати од мртвите. Фишер е ко коњ на ЛСД, ама Фармар е ѕвер. Дополнителна околност е неиграњето на Кендрик и играњето со пола нога на Рондо, како и чудното судење кое сепак мислам дека на крајот на денот ќе се испостави дека одело во прилог на Бостан.
За утакмицава немам што многу да кажам што не е кажано во коментарите под прошлиот пост.. мислам дека ќе се игра седма.. која ќе ја добијат Лејкерси.. се вративме психички.. Единствено ме плаши будењето од хибернација на Реј Џизс Ален, и надреалните способности на екстратерестријалниот Сем Кесел. Уствари шо тресам ја, 2 на гости против Бостан..
Инаку после она што се случи во четвртата утакмица, јас сеуште не сум опоравен, и све ми е некако ради реда.. синоќа дури не ни мислев да ја гледам утакмицата, дури и не ми ни значеше победата на Лејкерси..
Сега не знам што да напишам, неделава имам 5 испити во 5 дена, така што ако сакате малку за Политичка филозофија, може.. Сепак, еве тема за муабет: Пол Пирс го надигра Коби, а сепак Лејкерси тепаа.. што може да значи тоа?!
June 16th, 2008
[нема многу врска Чикаго со ова вечерва, освен Фил Џексон, ама иако ги мрзев, сепак таа најава мене ме асоцира на НБА финале многу повеќе од све друго]
Епа момци и девојки (знам бар 1 девојка што редовно прати МакНБА, не сме само пешкири, не се секирајте),
ВЕЧЕР Е ВЕЧЕРТА! ДЕНЕС Е ДЕНОТ! МАКЕДОНИЈА! Пуштете си го клипчето и читајте натака..
Секогаш кога некој тим ќе дојде до 3та победа во финале, знаете дека блиску е крајот на годинешната сезона, да не речам плејоф. Особено кога до таа трета победа стигнува во стилот на Селтикси во гејм 4. Особено кога се работи за вакво збунето финале како што е годинашното..
НоШ је дошаја до коску, за Лејкерси и компанија. Сонот може да им стане кошмар, да им се скрши филм, да им потонат сите бродови, да им пропадне годинешнава кампања, да им скисне..
Од друга страна, Гарнет, Пирс, Ален и другарите се соочуваат со остварување на вековниот стремеж на секој кошаркар - НБА прстенот. Вечер во Стејплс, некаде затскриен ќе биде комплетот за ручковање, пардон комплетот прстени, заедно со Лери О`Браен трофејот и трофејот за МВП на финале (треба да го добие Лион Поу). За да го најдат, ќе мора да поминат преку Лејкерси, Зенот и Џек Николсон. Преку првиве 2 ентитета може, ама со Џек Николсон никој не излегол на крај.
Како голем фан на Лејкерси го посакувам следново: ако треба Бостон да освои титула, нека ја земе уште вечерва, ем да ни ги скратат маките, ем да не мора да гледам прослава во Бостон. Нека ја земат и нека се носат.. АМА!
Надежта последна секнува, и јас верувам дека како што можеше Турците да направат тотален пресврт против Чешка вечерва, како што можеше Роки да го истепа Русинот, како што можеше Хјустон да ги тепа Орландо 4-0 во 1995, како што можеше Обама да ја победи Клинтоница, како што Циле донесе миљарда од Тајван, како што Косово стана независно, така и Лејкерси можат да извадат 4-3 со Бостон. Ништо не е невозможно.
Ајде!
June 15th, 2008
И сега, од каде да почнам. Имам…у ствари не ни знам колку имам време на располагање.
Сабајлево конечно за прв пат гледав како што треба еден меч од финалево и по она што го видов немам сомнеж кој тим е направен од шампионски материјал, а кој не. Да се направи онаков камбек и да се победи во гости е вистински испит на зрелоста за секој тим и со тоа паѓаат во вода сите оние прогнози и непишани правила дека тим кој е составен на брзина или т.н. Тим за една година не може да освои титула.
Колку што ме импресионираа Лејкерси со своето прво полувреме, толку повеќе ме импресионираа Селтикси со својата желба и решителност да докажат дека се подобри од тие први 24 минути кога губеа со минус 24.
Агресивноста, која ја немаше кај Пол Пирс во првиот дел (а и на Гејм 3) како одеднаш да му се врати, а со тоа се врати во ритам и цел тим. Немаше врска што Рондо не беше на ниво или пак што Кендрик Перкинс мораше да отиде во аут поради рамото. Како функционираше одбраната на Бостон, Лејкерси со својата летаргија во нападот кога се почна да паѓа во вода немаа никакви шанси.
Уште тоа тројките на Поуси со “криви нозе“ и клач поените на Реј Ален и Еди “црната дупка“ Хаус беа премногу за младите момци на Зенот.
Коби имаше една од оние партии кога им верува на соиграчите, што секогаш е добро, ама и онаква партија кога мисли дека кога сака може да влезе во ритам и да ги земе работите во свои раце. Нема што да се критикува човекот, за секој поголем успех потребни се најмалку двајца, а најчесто и повеќе играчи како што Бостон вчера покажа. А и да, сите тие момци треба да имаат муда, а кај Лејкерси немаше нешто многу тестостерон сабајлево.
Дали тоа ќе се смени догодина со Бајнам, не знам баш. Тоа е ептен далеку за муабет. Има време. Ептен има време, а и сега не е битно.
Серијата теоретски не е готова и се надевам дека ќе биде максимално интересна до самиот нејзин крај, иако е доста веројатно да не погледнам веќе ни еден меч до крајот, освен ако не проработи некоја собна антена која ќе фати МТВ1 како треба на клиника.
* * * * * * *
Во НБА се случија и некои други работи додека јас бев на инфузии, тромбоцити, крв и остали медикаменти, како на пример новите тренери на Феникс и Чикаго, ама за тоа стварно немам време…а ни снага.
* * * * * * *
Што се однесува до мене, ова е веројатно мој прв и последен пост во подолго време. Некако успеав да се шмугнам за да се ставам он-лајн и не можев да издржам, а да не чкрабнам нешто. Не сакам да ве давам со мојата состојба и тоа што ми се случи и што ми се дешава…и ќе ми дешава уште некое време. Супер е и што успеав да соберам сила и да најдам начин да ставам нешто на мојата МакНБА.
Оние што ги интересира, нема да бидам ОК уште некое време, а тоа може да потрае и со месеци. Но, во исто време убеден сум и дека на крајот ќе бидам ОК.
Things that don’t kill you can only make you stronger.
ПС: Шеп, сосема солидно си ја вршиш заменичката функција. Уживај.
ПС2: Поздрав до сите па се читаме во некои подобри времиња. Се надевам.
June 13th, 2008
Неам зборови. Тука имаше слика од Одом, кога го турив постов на полувреме. Сега веќе нема.
Кој нема среќа у баскет, има у љубов.
Инаку, 21 поен предност после прва четвртина што ја имаа Лејкерс е најголемата предност што некад некој тим ја имал после прва четвртина у историја на финалиња.
June 13th, 2008
Previous Posts