Posts filed under 'FInals '07'

Фотка на неделата 28 - 4/9….Сан Антонио шампион!!!

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Честито Спарси!

……………………………….

КРАЈ НА АГОНИЈАТА

Од настан кој беше исчекуван со голема возбуда низ целиот кошаркарски свет, НБА финалето не успеа во ниту еден аспект да ги оправда тие очекувања. Она што се најавуваше и се оствари - Сан Антонио доминираше во дуелот со недораснатиот противник, а сите ние бевме ускратени барем за една средба која може да го оправда епитот и тежината кои со себе ги носи Големото финале.
Нејсе. Секогаш има следна сезона и следно финале кои ќе се надеваме дека ќе ни ја донесат возбудата за која бевме ускратени во ова финале. Но, реално гледано, од старт не ни требаше да се надеваме дека младите и “зелени” Кавси ќе можат да се носат со таква тешка машинерија како што е Сан Антонио. Момците на Грег Попович во буквално секој сегмент на кошаркарската игра се за најмалку едно ниво поквалитетни од Кливленд и тоа го докажаа на дело во овие четири средби кои во основа и покрај по некој тесен резултат, не беа воопшто неизвесни.

Така беше и во петокот наутро. Иако Кавси се вратија во игра, па дури и поведоа во последната четвртина, јасно беше дека с$ што треба Спарси да направат е да останат фокусирани до крајот, што е една од нивните најсилни страни, и да го искористат своето искуство и квалитет да ја комплетираат “метлата” од чисти 4-0. Така и беше, а аргентинскиот тандем Џинобили - Оберто ладнокрвно во последните минути ја уби и последната трошка надеж на домашните фанови кои и покрај с$ максимално ги бодреа своите миленици. Данкан и покрај слабата партија во нападот си заврши работа со одличниот скок, а Тони Паркер, продолжи со своите прошетки низ рекетот на Кливленд на патот до трофејот за МВП на финалето. Мајкл Финли конечно се закити со титулата до која не можеше да стигне со Далас, а Роберт Хори ја продолжи својата неверојатна серија и сега има дури седум шампионски прстени во свој посед.

Сепак, и покрај големите заслуги на сите играчи, мора да му одаде почит на Попович, кој по оваа титула сигурно конечно ќе биде признаен како еден од најголемите тренери, не само на денешницата, туку и на сите времиња воопшто. Фактот дека само Ред Оербах, Џон Кундла, Пет Рајли и Фил Џексон се единствените со повеќе титули кажува с$.

Од другата страна, Кливленд и покрај понижувањето во ова финале нема за што многу да жали. Со тимот кој го имаат и овој пласман до последната пречка е огромен успех и уште една потврда за големата разлика во квалитет помеѓу Истокот и Западот. Леброн, колку и да го нарекуваат “Кинг Џејмс” ќе почека на своето крунисување, и барем за уште една сезона ќе мора да им се поклонува на вистинските кралеви чиј дворец се наоѓа во Аламо.

…………………………….

Стварно не знам што повеќе може да се напише за ова, едно од најслабите финалиња на сите времиња, од коментаров погоре кој ќе оди утре во весник.

Сепак, капа доле за еден од најдобрите високи играчи на сите времиња, Најдобриот Французин и најбрз ол-стар плеј во лигата, Најголемиот Аргентинец на сите времиња, Единствениот играч кој никогаш не бил дел од Бостон, а има седум титули, како и тренерот кој барем сега веќе нема да биде исклучуван од сите муабети за најголемите тренери евр…итд…

Како по обичај, МакНБА не престанува да функцонира и преку летото кога не се игра баскет во Америка. Баш напротив.

Плус, деновиве би требало да има и пост за мизеријата од спонзор на Работнички кој не ускрати сите за конечно гледање асални екипи.

14 comments June 15th, 2007

Вистински начин да ти почне денот

Ова малку подоле, како и текстот за Гејм 2, е коментарот кој утре ќе оди во “Мак.Спорт“. Иначе, немам многу време за пишување, а и после она сабајлево сигурен сум дека поголемиот дел од вас ја маваа главата во ѕид што останале до сабајле да гледаат таков ужас од утакмица.

Кој знае, можеби значи и нешто што еден ден ќе можеме на нашите деца и внуци да им кажуваме дека сме ја гледале во живо една од најлошите финални утакмици на сите времиња. Тоа дека е втора со најмалку поени на вечната листа е факт, а тимот кој претходно бил дел од финална средба со само 147 поени биле….погодувате, Спарси, од финалето 1999 и победата над Никси од цели 80-67.

Иако според многумина тоа финале е најружното во историјата на НБА, мислам дека ова актуелново, барем до сега, е далеку полошо од тоа во скратената сезона. Уствари, многу, многу полошо. Вакво нешто не би смеело да се случува во една НБА финале.

Мислам дека истата судбина ќе ги задесеше Кавси и да играа против Феникс или Далас (не тој против Г.Стејт), што е само потврда на огромната разлика во квалитет помеѓу двете конференции. Но, за тоа во некоја следна прилика, а можеби и во следниот број на ESPORT, од кој иначе новиот број веќе излезе во продажба.

Андерсон Варежао!

…………………………………..

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Непишано правило е дека одбраните освојуваат титули, што е делумно точно. Џабе ви е и најдобрата одбрана на светот доколку имате играчи кои не можат да погодат ништо во нападот, што секако е случај со Кавси. Не дека тие ја имаат најдобрата одбрана во НБА, но на третиот дуел навистина делуваа така, барем сe до самиот финиш на средбата.

Кливленд ги натскока Спарси и имаше повеќе поени од нив во рекетот, нешто што во поголемиот број случаи знае да биде доволно за победа, но не и кога ќе погодите само три од дури 19 обиди за три поени. Останува несфатливо зошто Кавси толку инсистираа на тој шут од надвор кога е јасно дека се една од најслабите шутерски екипи во лигата.

Одговор на тоа прашање донекаде е фактот дека имаат рудиментиран напад во кој единствена опција е да му се даде баскетот на Леброн и да се чека тој да искреира нешто. По двете средби во Сан Антонио некој во Кливленд требаше да сфати дека таквата тактика не пали против преискусните Спарси, а кога и на третиот дуел Џејмс немаше да успее да им избега на удвојувањата и утројувањата следеше шут на неговите соиграчи за три поени во последните секунди од нападот.

Што се однесува до самиот лидер на Кливленд, брзите три прекршоци како да ја убија во него желбата за надигрување па повеќе внимаваше да не направи нова лична отколку на тоа како да го одржи својот тим во игра. Кога требаше да биде агресивен во влезовите и разбивањето на удвојувањата, Леброн бегаше на осум-девет метри од кошот. Во последната четвртина, кога не беше во опасност од прерано завршување на средбата поради шест лични, тој почна да игра како што требаше цела средба, но тогаш и на два пати немаше среќа со положувањата кои излегоа од обрачот.

Да не го спомнуваме “бисерот” Варежао и неговиот непромислен влез кон кошот на помалку од половина минута до крајот со кој му ја запечати судбината на својот тим.

Ова беше средба која Кавси можеа и мораа да ја добијат. Нивниот многу поквалитетен ривал одигра една од своите најслаби партии до сега, Ману имаше само три поени со шут од игра 0-7, но искуството и смиреноста во финишот како многу пати до сега им ја донесоа победата и ги приближија на чекор до четвртата титула од 1999 година навака.

Сега останува да се надеваме дека четвртиот дуел кој се игра вечерва ќе ни го пружи тоа задоволство да изгледаме барем една квалитетна средба во ова финале кое во никој случај не смее да го носи префиксот “Големо”. Судејќи според овие три средби кои ги видовме до сега, тоа лесно може да остане неостварена желба на сите неутрални НБА фанови.

19 comments June 13th, 2007

Ќе биде борба вечер…(мора да биде ако Кавси сакаат да избегнат метла)

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

14 comments June 12th, 2007

Тони е бољи од Тони

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Tони Сопрано и компанија во неделата вечер тотално ги уништија Тони Паркер и остатокот од Спарси и Кавси додека овие ја играа досадната Гејм 2 во Аламо. Во исто време како и утакмицата на ХБО одела последната воопшто епизода од Сопранови, една од најдобрите серии на сите времиња и нормално, поголемиот дел од луѓето кои си имаат дома ТВ одлучиле да видат што ќе му се деси на дебелиот капо ди тути капи отколку тоа што ќе им се деси на Кавси во Тексас.

Не ги обвинувам. Да ја имав таа опција ништо чудно и јас да си свртев на тој канал по мизерното прво полувреме.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Поли Волнатс!!!

1 comment June 12th, 2007

Тексашки масакр…(буквално)

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Секој кој остана до рано наутро да ја следи втората средба пд големото НБА финале веројатно се покајал откако Спарси им одржаа уште една лекција по кошарка на Кавси. По овој втор дуел она што се пишуваше пред оваа серија станува кристално јасно, а тоа е дека Кливленд едноставно нема екипа која би можела да му се спротивстави на колективот на Сан Антонио и на неговото ударно трио. Нема кој да го чува Тони Паркер и да му ги ограничи влезовите во рекетот, а истиот проблем во одбраната Кливленд го има и со Тим Данкан и Ману Џинобили.

Дуелот на тренерите поминува според очекувањата, во целосна доминација на Грег Попович над својот “ученик” Мајк Браун, кој си го дозволи тој луксуз да го седне Леброн на клупа по само три минута игра на стартот поради две лични и средбата да ја загуби уште во првите 12 минути. Внесувањето во игра на Ерик Сноу во најмала рака е сомнително, исто како и на другите двајца ветерани Донјел Маршал и Дејмон Џонс кои можеби искомбинираа три тројки во камбекот на Кливленд, но во основа, исто како и Сноу, се тотално бескорисни и во одбраната и во нападот во кој се закотвуваат на тројка и не се мрдаат од таа позиција цел напад. Да не зборуваме за Лери Хјуз, кој пак беше стартер и пак беше тотално разочарување. “Вистински” пример за тоа како треба да игра некој кој заработува 14 милиони годишно.

Факт е дека веројатно и да останеше Леброн во игра во првата четвртина, Кавси нема да имаа шанси против многу посилниот ривал, а и самиот Џејмс, иако се трудеше, на моменти премногу грешеше за да му биде од помош на тимот. Сепак, тој мора да биде на теренот доколку Кливленд сака да се надева на било што добро. Тоа добро на втората средба беше само зачувувањето на честа и пораз од само 11 разлика. Тоа им беше максимумот во понеделникот наутро.

Во полуфиналето на Истокот, Кавси успеаја да ги елиминираат Пистонси откако беа во минус од 0-2, а и пред само година дена Мајами стана шампион откако финалето го стартуваше со два порази од Далас. Тоа само по себе им дава надеж дека би можеле да се вратат во игра и да направат чудо. Но, како што ги одиграа овие две средби со Сан Антонио, веројатно и само една единствена победа пред своите фанови ќе им биде како да ја освоиле титулата. С$ повеќе навистина би било чудо.

24 comments June 11th, 2007

Тексашки масакр…(за малце)

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Гејм 1 сигурно не исполни ничии очекувања, освен можеби на ретките фанови на Спарси. Но, па и не требаше да очекуваме нешто повеќе од тоа што го видовме сабајлево.

Спарси и Поп, како што се очекуваше целосно се сконцентрираа на затварањето на секое можно патче на Леброн кон кошот и за тоа заслужуваат многу поголемо признание од тоа што гледам дека им се дава по разни сајтови. Во скоро секој момент од средбата делуваше како да имаат играч плус на теренот, што кажува две работи. Кажува за нивната страшна одбрана, но и за неможноста на било кој друг од Кавси, или поточно на Мајк Браун да нацрта било каков напад во кој нема да се да се чека од Леброн. Можеби таквиот начин функционираше против Визардси, Нетси и Пистонси, ама нема да помине против Сан Антонио.

Веројатно дел од вината оди и на адресата на Џејмс, кој за прв пат во својата кариера не одговори на предизвикот. За очекување е негово будење во следните средби. Ви текнуе на десете поени во Гејм 1 со Пистонси?

Ама, проблемот не е Брон, него Хјуз и Ззззииииииии, кои синоќа беа тотално бескорисни. А и Браун ја усра со инсистирањето на Хјуз во трета четвртина кога Кавси беа разбиени, а јасно беше дека Лери нити има шанси да го чува Тони, нити може или знае да организира напад. Буби Гибсон мора да игра повеќе и очекувам на Гејм 2 можеби и да го видам во први пет. Саша Павловиќ беше борбен и заедно со Буби и Гуден можеби единствени играа нешто сабајлево, иако и нив ги немаше во периоди од средбата.

Доброто за Кавси е тоа што и покрај така бедна партија функционираше одбраната, а и поразот не е нешто страшен. Факт е дека ова е само 1-0 за Спарси и оваа, како и следната се утакмици кои и се очекуваше да ги добие Сан Антонио.

Со подобра партија од Леброн и поголема минутажа за Гибсон, за очекување е поинтересна втора средба.

ПС: Иначе, да, синоќа Кралот беше Тим Данкан, а лакејот на неговиот двор беше Леброн.

4 comments June 8th, 2007

Време е

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Ако некој пред стартот на сезоната, па и негде на нејзината средина или пред некои месец и пол ми кажеше да се кладиме дека Кавси ќе бидат дел од финалето, сега веројатно ќе живеев на улица или под некој мост.

Не дека ќе бев спречен да го ставам станот ако сакаше истиот тип да се клади и на Спарси како финалисти од Западот. Не дека не заслужуваат ни едните ни другите да се најдат таму, ама стварно не верував дека Леброн ќе го однесе Кливленд до првото финале. Веројатно во тоа удел имаат и повредените Визардси и слабиот Њу Џерси, како и ментално нестабилните Шид и Пистонси, како и фактот дека Кавси не налетаа на за нив најнезгодниот тим на Истокот, Мајами. Од друга страна, како што играше Мајами, веројатно ќе беа избацени и од ослабените Визардси.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Спарси од друга страна ми беа ОК, ама без шанси за финале на Западот покрај Далас и Феникс. Барем така беше до негде две недели после Ол-Старот кога пак покажаа дека својата права игра ја играат од март навака. И покрај тоа Санси и Мавси ми беа фаворити, посебно Санси, ама мајсторите на ментални колапси од Далас пукнаа ко тиква во прво коло, а Феникс, покрај тоа што немаше среќа, мораше да го плати цехот на слабата скок игра.

И, сега ги имаме двете екипи на кои ретко кој ставил пари во Големото Финале.

Не е никаква тајна дека Сан Антонио е голем фаворит, но и дека најголемиот дел неутрални баскет фанови ќе навиваат за Леброн и Кавси. На прв поглед стварно не знам како би можел Кливленд да стане шампион, посебно со оглед на сите плусеви кои одат во прилог на Спарси кога ќе се погледнат нивните состави и историја.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Од дуелот на плеј, во кој Тони би требал да направи смешка од Лери Хјуз (кој кутриот не е ни плеј, а веројатно ни самиот не знае што е), а рукито Буби Гибсон ќе мора да го брка Френчи по целиот терен, па до тој на двојка и четворка, како и тој на клупите и тренерите, Тексашаните и тоа како имаат голема предност. Зи би можел да донесе малку стабилност во рекетот, но ќе му биде доста тешко.

Да не го спомнувам Ману како убица од клупата. Феникс и Јута многу добро го знаат тоа.

Единствената предност е таа на ниско крило каде Леброн ќе си има работа со Дрти Боувен. Но, мислам дека ќе треба многу поголема магија од таа против Пистонси за Кавси да направат ново чудо. Пред се затоа што Спарси се неверојатно психички стабилна екипа, нешто што го црпат од смиреноста на Данкан, но и дисциплината на Попович.

Во текот на минатата, а и на оваа сезона Мајк Браун доста често беше цел на моите критики. Уствари, скоро и да немаше медиум кој на моменти не сакаше да види некој друг на клупата на Кавси. Не дека нешто ме убеди дека веќе не треба тоа да го правам со овој пласман на Кливленд во финалето, ама барем беше подобар во овој плеј-оф од Еди Џордан (кој ги немаше Аринас и Батлер), Лоренс “Хобитот“ Френк и Флип Сандрес, што можеби и не е некоја тешка задача.

Арно ама, сега ќе си има работа со некој многу поквалитетен од себе и со некој на кого му служеше три години. Попович можеби е еден од оние кои најмалку се спомнуваат во најразлични Топ 5 муабети на последниве десет години, но ако се гледа процентот на успешност тој си е суверено на врвот на таа листа. Тивкиот и скромен пристап на Спарси се пренесува и на Поп за кого нема да чуете ништо што нема врска со кошарката. Барем според мене, можеби и најголемата предност на Спарси во оваа серија е во имањето на Поп на клупата.

Ништо ново не би било да се каже дека Поп е за неколку класи бољи тренер од Браун, на кого мора да му се признае дека е добар дефанзивен стратег. Но, разликата меѓу нив е токму во тоа, додека Браун е добар во еден главен елемент од играта, Поп е одличен во двата. И, освен ако Браун не измисли некој нов напад во кој нема да чека се од Леброн, стварно не знам како оваа серија може да трае долго.

Но, не можам да ги отпишам Кавси и овој пат како што тоа го правам цела сезона. Нешто ми кажува дека ако им се поклопат коцките можеме да гледаме интересно финале на чиј крај Спарси ќе ја освојат својата четврта титула од 1999 навака.

ПС:Уште од пред некој ден ми се врти во глава колку се слични овој тим на Кливленд со тој на Филаделфија од 2001 година. Освен тренерите, скоро се им е исто, од осамениот суперстар до остатокот од тимот кој без него би бил најслаб во лигата. И двете екипи се силни дефанзивно, но во нападот имаат само една единствена опција. Дури и неупотребливиот Ерик Сноу кој игра плеј, а не знае да добаци до тројка, им е заеднички.

ПС1: За крај задњата реклама на Најк за Леброн. Во Орегон и тоа како тријат раце од пласманот во финалето, како и играта на Леброн во Гејм 5.

Се читаме утре.

ПС2: Уствари, еве го и клипот од првиот дуел на Спарси и Кавси сезонава во кој Данкан доби третман на лице од Леброн.

8 comments June 7th, 2007

Previous Posts


Календар

December 2008
M T W T F S S
« Nov    
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  

Архива

Категории