Posts filed under 'Fantasy NBA'

Пост 1111: Блекаут, Бело Чоколадо, Што прават Репторси и МакНБА Фентази, пак

Пак технички проблеми и пак блекаут на неколку дена. Неповторило се. Низ НБА почнаа тренинг-камповите, барем оној нивни дел кој се однесува на задолжителното сликање и интервјуа за медиумите. Некој има да се пофали со скроз нови дресови, како Орландо, Сакраменто, Њу Орлеанс…а се чека на дресот на Оклахома сити.

Некој има нов втор гостински дрес (Торонто), а некој има качено некое килце во мускули (Џош Смит, Рони Бруер, Оден…).

Марбери и Никси уште се тегават, а Еди Кари како по обичај се појавил предебел за тренинг-кампот.

Коби би требал да одмара од претсезоната кај Лејкерси, кај кои Зенот и Одом малце влегоа во “муабет“ за тоа дали овој е 6-ти играч или не. Оден малку го свитка зглобот, а Бен Гордон свесен дека нема да добие подобра понуда, ги прифати 6.4 мил. за да игра уште оваа сезона за Булси, па после, ако се докаже, следното лето да си бара тим кој че го плати колку што тој мисли дека вреди.

Но, можеби најнеочекувана вест беше таа за повлекувањето на Џејсон Вилијамс после 10 НБА сезони. Причините не се познати, а Џеј не ни заигра за Клиперси со кои потпиша пва лето. Сега станува јасно дека имало нешто што ги одбило тимовите без плеј од него (покрај нестабилноста во играта, нерезонските тројки во трк во контра и неиграњето одбрана) ова лето.

Сепак, Џеј заслужи клипче, барем за времињата поминати во Сакто, кога беше диригентот на едно од највозбудливите шоуа во лигата.

———————————–

Photobucket

Raptors Update: -

кампот е во Отава, промовирани се новите црни дресови (не се лоши) и новиот семафор во АСС вреден 8 милиони

- стигна фактурата за O’Neal (и за семафорот)

- ги кренаа цените за 50% - preseason понудата е слаба (NYK, MIN, CSKA, PHI).

Ќе одам против PHI, па ќе пишам некој збор и можеби некое season intro (ако најдам време) Не сум некој голем оптимист за оваа сезона. Причини:

- како ќе функционира тандемот Bosh - O’Neal (првиот е издишан од Олимпијадата, вториот генерално)

- бројките на Calderon ќе паднат, зошто нема вистински back-up (Ukic, Solomon) и ќе игра 35+ минути секоја вечер. Деновиве Solomon се покажа повеќе од Roko.

- Bargnani ми е сомнителен. Colangelo уште има верба во него, ама муабетот шо го кажа на радио дека повремено ќе игра на тројка заедно со Bosh и O’Neal (демек зона кога ќе играле) некако ме загрижува. Денес слушнав дека наводно доста ја подобрил дуел играта, креирањето сопствен шут,… се тоа треба да се потврди од ноември до април, да се надеваме и мај - Kapono треба да биде конзистентен во шутот… Moon од клупа. - нема добра двојка позади Parker Како и да е, стартери - Calderon, Parker, Kapono, Bosh, O’Neal; ротација - Bargnani, Moon, Humphries, Ukic, Adams; сенка - Solomon, Graham, ……. Jawai / Sampson.

Тактика за новата сезона: “The thing I’m telling our guys is, your first look is going to be inside, your second look is going to be inside and if they throw it back out, your third look is going to be inside. Then if they throw it out, then you shoot the basketball” - Sam Mitchell

————————————-

Photobucket

Еве ги и податоците за новото издание на МакНБА Фентази Лигата. Кој сака, бујрум.League Name: NBA Macedonia

Password: maknba.com.mk

League Type: Custom

Draft Type: Autopick Draft

Unique League Name: maknba

Scoring Type: Rotisserie

League ID: 27987

Custom League URL: http://basketball.fantasysports.yahoo.com/league/maknba

Bitno za registriranje na ligata e ID-to (27987) i passwordot.

Max Teams: 16

10 comments October 2nd, 2008

Фентази ни лигата

Photobucket - Video and Image Hosting

Чив тим се Надреалисти не треба да спомињам, нали? :-)

Имам пад од цели 11 поени задњиве недела дена ради повредите на Берон, Андреј и Херингтон, па си реков дај да ставам слика дури сум прв.

18 comments November 27th, 2006

Њујорк, Њујорк + Блек Мамба

Шеп напиша одличен текст за трејдот на Френчајз у Њујорк, дури ни ја немаше боље да го напишам:)) Така да, нема да го тупам за новата глупост у низа на Ајзеа Томас, кој како да е платен да ги уништи Никси, а не да ги врати при врвот на Истокот.
Лери Браун сега сигурно планира самоубиство.

Ако има малце мозок у тоа главата на Зик, тогаш тој уште вечер ќе трампа некој од дуото Марбери - Крафорд (ваљда вториов). АКО има мозок, нешто што ќе мора дополнително да се испита.

Единствен начин да се поправи Ајзеа е доколку ова се му е само еден дел од големиот план преку кој сака да стигне до Кевин Гарнет. Пази, има логика. Кога Кеј-Џи у лето ќе побара трејд, Никси ќе имаат еден куп солидни играчи да и понудат на Минесота, као на пример пакет: Френсис, Роуз и Фрај. Кој би го заинтригирал Мекхејл. Можда има нешто и у ова. Како и да е, Зик мисли дека Никси се у рибилдинг. Чудно, не сум видел тип кој е обнова, а кој нема ниеден драфт пик у следни 1000 години и кој е убедливо најскап у лига.

“New York has never been through rebuilding before. New York has never seen it. It can be an ugly process, it can be dirty, it can be bloody and, yes, sometimes it’s even embarrassing. But this is what it looks like. This is where we are. It’s necessary, what we are doing. Rebuilding is what we are committed to. It’s what we have to do to improve our team for the long term.” - Ајзеа, звани “12-ти септември”.

* * * * *

- Ерл Вотсон конечно избега од Денвер и се врати у клубот за кој играше пред три години. Покрај Вотсон, кој ќе се бори за место (најверојатно ќе му биде резерва) со Лук Риднур, Соникси ги добија и Брајон Расел и иден пик на Нагетси од 2.рунда, колку да се попуни трејдот.

Денвер у дилот у кој учествуваше и Портланд, го доби рибаундинг ѕверот Реџи Еванс, кој добро ќе им дојде, како и Рубен Патерсон и Чарлс Смит од Блејзерси.
Портланд од цел дил добија најмалце - Витали Потапенко и Вошон Ленард, кои барем ќе им го олеснат селари-капот у следниве две години, иако повеќе сакаа да се откачат од Ретлиф и Мајлс, али Ајзеа ги заеба испраќајки го Пени и неговите 15,8 милиони у Орландо за Френсис. Да, да, толку ќе лапне Пени оваа сезона.

* * * * *

Ај малце внимание да им посветиме на попаметни работи од Ајзеа и Никси:

- Мој фаворит за 2. дел од сезоната не се ниту Детроит, ниту Спарси, ниту Далас, ниту Мајами, туку Феникс. Да, да, Феникс. Знам како сега на некои од вас им се пуни срцето од среча. Нормално, само под еден услов - Амаре да се врати за кратко време у формата у која беше лани. Ако стварно биде така, тогаш сум сигурен дека Сан Ан и Далас мука ќе видат со нив. Како подлога на ова еве еден линк, а еве уште еден за моменталната состојба на ѕверот. Лепо, лепо.

* * * * *


- Ивица, кој обично пишува за Фентази НБА, ни прати малце поинаков текст. Еве го на клик

* * * * *


- Слика на вечерта: Вилкинс фемили на окуп.

* * * * *


- Бостон има нов играч.

* * * * *

- Некои работи не се мењаат. Можеш сељакот да го извадиш од село, ама не и селото од сељакот. Доказ за тоа е Дарк-О, кој не играше синоќа за Орландо ради само една причина. Момакот заспал на плажа додека се сунчал. Кутриот тој, наместо да тренира со тимот кој конечно му дава шанса и го вади од пеколот, тој си се сунча.

* * * * *


- За крај: Коби на насловната на најновиот број на SLAM. И после зашто го викале Блек Мамба. (ПС-Ова на сликата не е Мамба, затоа што таа е најотрoвна змија на светот, a никој не сакал да му даде такво нешто у раце на Коби).

6 comments February 23rd, 2006

Ол-Стар Фантазија - EAST

Еве го и Ивица со негов осврт на Ол-Стар селекциите, овој пат на Истокот, а откако ќе си ја провери и сметката, и на Западот:) Нормално, се е од аспект на доменот nа Ивица - Фентази лигите…

Да бидам и јас во All star тренд во наредниве неколку минути ќе ја окупирам вашата концентрација со учинокот на играчите учесници на овогодинешниот All star од фантази страна. Ќе почнам со Истокот:

1.Chaucey Billups

Феноменална сезона на Чонси во секој поглед. Заслужува да биде стартер. 18,7 поени надополнети со 8,5 асистенции. Шут за слободни нешто над 91%!!! Шутот од поле му е послаб (околу 42%), што е една од неговите ретки маани од фантази гледна точка заедо со релативно малиот број скокови (3,3) и украдени (0,7). Сепак, плеј е, а кога си во борба за секој поен во својата фантази лига добро е повремено да видиш дека твојот плеј направил 7 украдени топки.

2.Richard Hamilton

Рип, како и секоја сезона, не се истакна баш многу како фантази фактор. Ситуацијата со него (по дифолт) е ваква: има 21,6 поени и ништо друго вредно за да се спомене!!! 3,4 асистенции, 3,4 скока, 0,7 украдени… Почнуваа да ми звучи како да ги читам бројките на Салим Стадемаер. Можда шутира добро слободни (86%) и од поле (46%), ама би рекол дека и оваа сезона Хамилтон не е good value for the money. Може да се најдат подобри фантази SG во лигата кои истовремено се далеку помалку ценети и полесно се земаат.

3.Vince Carter

Ни Винс не е некој феноменален фантази играч затоа што во ниедна категорија нема да ви донесе значителен прогрес. Се наоѓа во топ 20-25 во многу категории, ама во топ 5 не е во ниедна. Тоа доволно отсликува што може да се очекува од фантази-Винс. Сезонава има просек од 24 поени и 6 скока, меѓутоа јас би очекувал многу повеќе од тип со неговите способности. Можеби малку оваа сезона изненадува со својата несебичност (има 4,5 асистенции), ама тоа се надополнува со големиот број неизнудени грешки (околу 3). Единствена предност на Винс е што пред почетокот на сезонава беше значително потценет, а рака на срце, не е лошо да ги добиваш неговите бројки од некој кој бил собран трета рунда на фантази драфт

4.Chris Bosh

Е Крис Бош е фантази играч од мој тип.Едноставно ми доаѓа топло околу срцето кога ќе видам дека мојот играч кој може да игра и на F и на C направил 23 поени и десет скока, а сето тоа со шут од поле 50%. Феноменално… А згора на сето тоа, тотално нетипично за високи играчи, Крис умее и да шутира слободни (просек 82%). Отсекогаш ме убивало кога ќе го добијам Шек или Бен Волис во тимот и знам дека ќе ја имам единицата од FG% без разлика на остатокот од тимот.

5.Allen Iverson

Ајверсон е станат мнооогу подобар фантази-фактор, а и играч воопшто откога одлучи дека некогаш може и да ја подаде топката и да направи асистенција. На почетокот на сезонава експлодира, а сега е во некој вегетативен период што се гледа и по резултатите на неговата Филаделфија. Има 33,3 поени по натпревар и 7,4 асистенции. Има стандарден шут од поле (45%) , а и слободни шутира просечно (80%). Да не се пишувам многу за играч за кој сите пишуваат ќе пробам да сумирам: Апсолутно никому не му е гајле колку украдени топки или било што друго има играч со просек од 33 поени, било тоа да е во фантази лига или во права кошарка. A.I. is the answer :-)

6.LeBron James

Пред некој месец напишав еден пост во кој го критикував ЛеБрон за себичната игра и слабиот шут од поле. ЛеБрон во меѓувреме се потруди да ме демантира и се испостави дека тој е еден од подобрите фантази играчи во лигата. Просек од 30,7 поени зачинет со 7 скока и 6,5 асистенции е супер фантази учинок. На сето тоа надополнување е неговиот шут од поле од 49% и просекот од скоро 2 украдени топки. Е сега, да не испадне дека мрчам, ама би сакал даа видам и просек на шут за слободни 90% (наместо 74%), а и не би било лошо да ги намали продадените топки (3,2 по натпревар). Во секој случај, не постои идеален фантази играч, ама ЛеБрон ако продолжи вака за некоја сезона ќе биде навистина блиска верзија на тоа… А и од Саша Павловиќ можда стане нешто покрај него :-) )

7.Shaquille O’Neal

Полека времето го нагризуваа и Шек… Не е веќе стариот добар Шек со 30 поени на натпревар и 15-16 скока. Моментално е на 20 поени и 10 скока,а тоа од сезона во сезона се намалува. Според многумина сеуште е најдобриот центар во НБА, ама јас веќе не сум дел од нив. Погледајте го само Крис Кејман… Да не испадне сега дека велам дека Кејман е подобар од Шек, ама сезонаваа во фантази тим порадо би го имал Кејман од Шек. А верувам и многумина би се сложиле со мене. Никој во својата фантази екипа не сака играч кој погаѓа 50% слободни фрлања. Плус во последно време Шек е некако многу склон кон повреди, а кога веќе тргнав да го споредувам со Кејман мора да истакнам дека Кејман е здрав како дрвосечач и тешко дека човечка рака ќе го повреди.

8. Paul Pierce

Да бидам искрен Пирс пред почетокот на сезонава ми беше еден од најантипатичните играчи во НБА, ама сезонаваа почнувам да го респектирам тоа што го работи. Има просек 26 поени и 7 скока, а не е лош и во асистенции (4,5). Да се разбереме, Пирс одеднаш не станал помалку себичен, туку покрај себе има и уште еден релативно добар играч (Рики Дејвис, а по трампата Шчербијак) па чичко Риверс најверојатно има издадено налог да не се шутираат по 30 шута на натпревар туку да се поделат со другарчето способно, исто како него, да даде 30 поени. Почнав да го респектирам од проста причина што почна да ги селектира шутевите и нема да го видите да има вечер со шут 6-25 - нешто што најмногу сум го мразел кај него. Е сега, turnovers се движат во за него стандардни размери (3,2), ама пак ако ви кажам кој е “водечки” во таа категорија- Стив Неш со 3,9 нема сигурно да си речете “Е сега нема да го земам Стиви во тим заради тоа”.
BTW: Не сум нешто баш најубеден дека Пирс заслужи да биде во Хјустон. Убеден сум дека Ред повеќе заслужува-барем е во тим што победува

9.Dwyane Wade

Breakthrough сезона за The Flash. Просек од 26,8 поени 5,9 скока и 6,9 асистенции сигурно не очекуваа и најголемите оптимисти пред почетокот на сезонава. Знае и да направи неколку украдени (има во просек по две), ама страшно многу ме фрустрира што не знае да шутира тројки (просек 12%). Па ако во фантази тим не добиваш тројки од својот најдобар играч од кого ли само можеш тоа да го очекуваш. Што е најлошо, Вејд не се ни труди да поработи многу на тој проблем. Има просек шутнато по една тројка на натпревар што е неверојатно малку за играч од негов калибар. Нека се огледа малку на другар му од Западот Kobe:-))

10.Ben Wallace

За Бен не би знаел што да кажам… Феноменален играч (голeм фан сум), ама s**t фантази играч. Има 12,3 скокови и 2,2 блока по натпревар и тоа е тоа… Неговите смешни 7 поени или уште посмешни 45% шут за слободни тешко дека ќе ви помогнат во освојување на вашата фантази лига. А за скокови и блокади мошете да си го земете и Назр Мохамед па ќе ви ги прави тие статистики. Ама бар Назр ќе го соберете во 10 рунда на драфт, а Бен можеби некому му падне во прва рунда.

11. Rasheed Wallace

Рашид е играчот што најмалку сакаше да биде избран на all star-от, ама што ќе прави, таков е животот. За Рашид не смеам да речам дека има просечна сезона само зараади тоа што игра во Детроит. Инаку, не сум нешто особено воодушевен од тоа што го прикажува: 15,3 поени и 6,6 скока. Сме виделе и подобри полусезони на Рашид во кои не бил избран само заради тоа што Порланд биле лузерски тим. Ама тоа ти е… Крајно просечен фантази играч без можност за подобрување на ситуацијата во поени (Чонси и Рип мора да шутнат повеќе) нити скокови (Бен собира се под кошот).
На крајот на краиштата требаше да го остават човекот да си се види со жената, а да го поканат Хауард кој игра феноменална сезона во Орландо.

12. Gilbert Arenas

Влезе тука на мала врата, а тоа воопшто не требаше да е така. Неговиот Вашингтон е со позитивен скор,а и не гледам можност да испаднат од плеј-оф трката. Аренас е еден од главните виновници за тоа бидејќи има просек од 28 поени и 6 асистенции со шут од поле 44%. Слободни шутира со 82% успешност. Според наведеново дефинитивно заслужува место на овој настан, а и место во вашите фантази тимови. Слабост оваа сезона, како и секоја од претходните, се изгубените топки (3,7). Меѓутоа, можеби некој примети во погорните делови од текстот, крајно тешко е да најдеш играч кој ќе има над 25 поени просек а просек turnovers под 3. Едноставно тие две работи не одат заедно. Што би рекле постарите “Кој работи- тој и греши”
Тоа се играчите кои ќе ги бранат боите на истокот, а за западната конференција пост ќе добиете во наредните неколку дена (зависно од мотивација).

4 comments February 7th, 2006

Конечно малце Fantasy NBA

Конечно еве го нашиот Фентази НБА гуру Ивица со пост за NBA Macedonia после баааги време. Нормално, како и секој, и овој пост има детална анализа на секој тим, но веројатно може да биде од помош и за оние фентази играчи кои играат по некои други лиги. Еве.

Дечки после дооолго време (месец и нешто) еве ме и мене со коментар околу развојот на настаните во нашата фантази лига. Можеби некои работи кои се случуваа во лигата во изминативе месец дена моја неактивност сум испуштил, ама во рамките на она што можам да го видам ситуацијата е ваква:

1.Zvezdara - Во изминативе два месеци екипава забележа огромен успех- моментално има 97,5 што е убедливо најмногу поени кои ги имал некој тим во НБА Македонија!! Го има Крис Бош кој стандардно ги дава своите 23 поени и 10 скокови, го има ЛеБрон кој е ЛеБрон, а го има и Мајкл Ред кој според мене не заслужува толкаво внимание од фантази гледна точка, ама секогаш може да донесе добар трејд со кој Звездара би не дотолчила во лигата уште пред да дојде нејзината половина. BTW: Риспект за феноменалните потези со кои ги доведе Мартин од Сакраменто, Кени Томас и Алонзо кој, иако не игра повеќе од дваесет минути на натпревар има просек од три блокади. Со такви играчи се добиваат фантази лиги. Споредните играчи се подеднакво битни, ако не и побитни од самите ѕвезди.
P.S. Од Заза веќе нема ефект. Му помина магијата

2.mac10 - Стратегијата која ја користи дечково наречена “Се што лета се јаде” никогаш не носела многу успех па сега живо ме занима како ќе се проведе… Во основа, нема квалитетен тим, го прибира во својот тим секој играч што ќе постигне над 20 поени на еден натпревар и се на се нема долго да трае. Доволно е да нема недела дена пристап на нет за да падне на седмо место. Чисто за да укажам каква е неговата стратегија ќе ги спомнам имињата на некои од играчите кои продефилирале низ неговиот тим: Франциско Елсон, Јохан Петро, Џоел П-нешто-ибила, Џумејн Џонс, Тео Ретлиф, Дејвид Весли… Не оди овој далеку вака. Ако промашам срам да ми е :-)

3.ekipata - Многу работи тргнаа на подобро за Дарко. Почнувајќи од трампата Стојаковиќ- Артест со која Стојаковиќ веројатно ќе ја оживее својата сезона, преку извонредната форма на Кармело и Мајк Џејмс до феноменалниот кам-бек на Џејлен Роуз, кој во еден момент од оваа сезона беше дел од најдебелата клупа на Торонто и на неверојатен начин се врати во ростерот и повторно си ги зема своите триесет и нешто минути по натпревар.Хаслем и Гасол се прилично стандардни, а Поузи прикажува се подобри партии(вчера имаше дабл-дабл со Кливленд). Добар избор беше и Џеф Фостер од листата на слободни играчи, кој малку од малку ќе ја закрпи најкритичната позиција на овој тим-центарската. Како непотребни во екипава ми изгледаат Смит од Милвоки и Вокер од Мајами… Им помина времето нив :-) . Што се однесува до трампата Мерион за Хаслем и Вокер еве прв ќе кажам дека гласав против бидејќи со таква трампа не би ни цветале рози на нас другите во лигава.

4.Vodnjanski Lisici - Бето е приказна сам за себе… Реши да се откажува од лигава и одлучи да го понуди Данкан на аукција. Интересот не беше нешто голем, најверојатно поради тоа што никој не ја сфати сериозно работата па Каракаш ќари и си обезбеди место меѓу првите три на крајот на сезоната (само како потсетување Амаре треба да се врати некогаш, а кога ќе се врати ќе се смени бодувањето во скокови и поени во полза на Каракаш- во тоа сум убеден). Друго за Бето не знам што да кажам освен тоа што му го реков и на Шепард: Бето врати се, се ти е простено :)

5.Cair Seirdzis - Веќе го споменав ова и погоре… Каракаш се покажа како најдобар ГМ од сите нас и го ќари Данкан за Френсис и Андре Милер. Воопшто не му е лоша трампава, особено со оглед на фактот дека Амаре напреднува во процесот на заздравување и дека кај и да е ќе се врати. Е после тоа ќе е интересно да видиме како ќе се смени структурата во поени и скокови. Супер потег беше доведувањето на Радмановиќ кој добива значително поголема минутажа отколку што добиваше кај Боб Вајс. Да не ја заборавиме и трампата Фишер за Колисон со која можеби не доби многу (Фишер и не е некој фантази фактор), ама сепак доби подобро од Колисон за кој сто пати имам кажано дека е стаклен тип, можда постаклен од Кириленко… колку и да звучи тоа неможно.

6.Ivica’s finest - Your’s trully, да биде искрен, не обраќаше многу внимание на тоа што се случува во НБА во последно време (последно што имам гледано се тие 81 на Коби). Причините се прилично познати- обврски према факултетот. Ама сега да не испадне дека плачам или нешто слично… Глевни проблеми кај мене се повреди. Во еден момент имав шест играчи кои не играа!!! Сеуште се мачам со Окафор и Кемби, Свифт и Вебер се во стилот денес играм-утре не, па некој мораше да настрада, а за жал тоа беше единствениот мој плеј Бревин Најт (кој, јасно, беше повреден пред некое време). Значи отворен сум за понуди на позиција плеј, ама само сериозни :) . И не можам уште нешто да си објаснам: Зошто кога и да понудам трампа, колку и да е добра за двете страни, експресно ми ја одбиваат?!? Па дајте луѓе малку хуманост покажете:). А многу ми е по ќеф да го имам Ричардсон во екипа…

7.Courtist - Како што ми гледа работава дечково не е баш најактивен, се логира само повремено и не би требало да претставува некој проблем во понатамошниот тек. Згора на се Марбери премина во класата стаклени играчи и многу мали се шансите да се добие нешто корисно за него во трампа. Јас лично би го зел чисто заради тоа што немам плеј:). Од останатите играчи има едно чудо промашени инвестиции како Чилдрес, Дампие а богами оваа сезона и Ентоан Џејмисон. Не гледам можност овој тим да заврши во први три, with all do respect за Паркер и Вејд.

8.max5 - Искрено речено не ја капирам потребата од Хаслем и Вокер во замена за The Matrix во овој тим… Не знам на кој начин би добил било што од трампата, освен од тоа што би го појачал Дарко неверојатно многу. И во макс5 повредите се фактор во поголема мера отколку што би требале да бидат па како резултат на тоа е и осмото место моментаално. Дариус Мајлс е повреден веќе долго време, Диогу по блесокот веднаш по враќањето се изгуби во сивилото на Голден Стејт, Алстон не мора ни да ви кажувам какви нервози ми има приредено оваа сезона- веќе имате читано, Тинсли не се смета ни за жив (нешто ко Бузер е и тој). Стивен Џексон е осамен во Индијана (ај ваљда сега од кога му дојде Стјаковиќ таму ќе има помалку вечери со шут од поле 5-23), а Кид и Картер си ја тераат работата, но се премалку за да направат овој тим да има подобар пласман.

9.KangMac - Типов ме нервира и нема да го удостојувам со анализа на неговиот тим, а и прилично сум сигурен дека не е првиот Кинез (или Кореанец или што ли веќе е) кој знае да чита кирилица.

10.bodan atletiko madrid - Бодан нешто бојкотира, нема поставено тим долго време па глупаво би било да коментирам што е добро а што е лошо во тим каде 10 играчи се бенчирани.

11 и 12. Двата стечај тима на Шепард - не морав ни да ги споменувам, ама ајде… колку да не рече Шепард дека како основач на блогов, воопшто не бил спомнат. Бар имаат 12 и 13 поени од изгубени топки:)))

3 comments February 3rd, 2006

Fantasy

Еве не пак со Ивица и НБА Фентази. Постов веројатно ќе ги интересира оние од нас кои ја играат нашата фентази лига. Мене ми се свиѓа постов, затоа што има двајца од Атланта у него:)

За да покажам дека не ве заборавам и во овие најтешки времиња за мојот суверенитет и студентски интегритет, ќе пробам да ви помогнам во изборот на играч од т.н. recycle bin, каде не ретко може да се најдат и прави инвестиции кои ќе му помогнат на вашиот тим по патот нагоре по табелата:). Иако нашиов recycle bin е доста лимитиран поради големиот број тимови, ќе пробам да извлечам нешто од него и да ви кажам зошто мислам дека припаѓа во некој од вашите тимови.


1.Josh Smith - Веќе не се ни сеќавам кој го исфрли од својот тим, а не би можел да речам и дека било грешка, ама според мене Смит би требало да припаѓа во нечиј ростер. Има просек 8,9 поени и 5 скока (никако незанемарливо ако се знае дека доаѓаат од играч кој ви игра на бек шутер). Има добар шут од поле (генерално затоа што сите негови поени се атрактивни забивања), а има и растечки тренд во неговите минути(41 односно 33 на последните два натпревари).
Кому би го препорачал: Тимови со малку поени од FG%, а кои се мачат и во скокови


2.Keith Van Horn - Keith will strike back!!! После стомачниот вирус има проблеми да се врати, а и враќањето на Стакхаус му одзема доста од минутажата, ама сметам дека Ван Хорн ќе се врати на своите 10 поени и 5-6 скока по утакмица. Внимание: ван Хорн е еден од ретките слободни играчи на листата кој е способен да даде над 20-25 поени
Кому би го препорачал: Тимови со малку поени. Негативен ефект: FG% (40%)


3.Darius Songaila- Го гледав со Феникс кога играа и стварно ме задоволи. Феноменален дабл-дабл, а не би ме зачудило и за брзо време да видиме уште пар такви од него. Има 7,7 поени и 3,3 скока по натпревар, ама нека не ве залажува тоа. На почетокот на сезоната имаше очајна минутажа, а сега започнува да се пробива и да си прави место во ростерот на Булси. Плус, Чендлер, кој е страшно многу подложен на повреди, е единствен висок играч во Чикаго кој нешто вреди па би очекувал дека Сонгаила до крај на сезона ќе има минимум барем по 30 минути игра.
Кому би го препорачал: Тимови кои страдаат од класични “No-висок играч” болести


4.Charlie Villanueva- Е Чарли наш дефинитивно не припаѓа во recycle bin. Има 12,4 поени и 5,5 скока просек и игра многу минути. Знаејќи дека Рафаел Араухо е стартен центар во таа екипа се ни стануваа јасно и единствен логичен заклучок е дека Вилануева само може да види повеќе, а не помалку минутажа. секој друг коментар на оваа тема е излишен.
Кому би го препорачал: Не верувам дека има тим во кој не би дошол добро, па затоа нема да специфизирам.


5.Salim Stoudamire - Од сега можам да ви кажаам дека од детево ќе биде нешто. Не добива многу минутажа (околу 20 минути) ама и тоа што го добива го користи мноогу добро. Има просек од 10 поени, а ќе ве изненади и со по некоја тројка. Немојте де очекувате многу асистенции или скокови ама моја претпоставка е дека до крај на сезона Салим ќе има натпревар со 25 поени.

Кому би го препорачал: Како што можете да видите од Стадемаер е нереално да се очекува нешто друго освен поени, па би рекол дека е наменет строго за екипи во недостиг на поени

Add comment January 5th, 2006


Календар

December 2008
M T W T F S S
« Nov    
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  

Архива

Категории