Posts filed under 'East'
Да не бидат три посебни поста на ден пред стартот на плеј-офот, ај во еден пост да им одадам почит на екипите кои оваа сезона го направија она што никој не го очекуваше од нив, барем не во ситуацијата во која се најдоа, во случајот на Хјустон и Визардси.
За серијата на Хјустон се пишуваше доволно, но кога ќе се фрли поглед наназад, тоа достигнување пак изгледа неверојатно. За тоа се заслужни ама баш сите во Хјустон, па и Јаоза, чива повреда ги натера другите играчи да сата повеќе од нивните моментални можности.
Повредата на Аринас на стартот на сезоната требаше да значи пад на Вашингтон на табелата на Истокот, а потоа повредата на Батлер требаше да биде конечниот удар за нивните плеј-оф амбиции. Наместо тоа, предводени од мене никогаш омилениот Џејмисон, а и Батлер кога не беше повреден, Визардси одиграа неколку одлични месеци во кои рамноправно се носеа со секого. Сега, со здрав Жилберто, Кавси тешко дека ќе ги поминат во прават рунда, а сигурен сум дека ни Бостон не е баш воодушевен што веројатно ќе си има работа со нив. Оваа сезона беше и потврда на тренерските квалитети на Еди Џордан, кој на некој апсурден начин покажа дека подобро се снаоѓа кога во тимот нема суперстар.
Сиксерси се тимот кој требаше да биде на дното на Истокот, а се најде на неговото седмо место на крајот од сезоната. Кога ќе се погледне нивниот состав, ова достигнување посебно добива на тежина, а оваа сезона е нова потврда на квалитетот за секогаш потценетиот Андре Милер и радничкиот пристап на тренерот Морис Чикс.
Всушност, овие три тима се потврда дека понекогаш можете и без две -три ѕвезди во тимот да остварите многу повеќе од тоа што се очекува од вас. Тоа што нема да се борат за титулата ич не го намалува нивниот успех.
April 18th, 2008
Најголемиот пресврт во историјата на лигата за некого можеби и беше очекуван, но имаше доста ликови кои се сомневаа во тоа дека Селтикси во една сезона можат од дното да стигнат до врвот на Истокот. И не само на Истокот, туку и до врвот на лигата со убедлив скор и со изненадувачка доминација во дуелите со тимовите од Западот.
Сепак, Кеј-Џи ефектот по се изгледа е нешто кое не смее да се занемари, исто како и фактот дека момакот прооаѓаше во Минесота. Факт е дека на Кевин му се потребни големи соиграчи за голем успех, (на кого не му требаат), но исто така е факт дека тој е најзаслужен за враќањето на кошарката во Бостон. МВП сезона покрај него има и Пол Пирс, кој дочека Бостон да биде пак елитен тим.
Но, игрите на Гарнет, Пирс и третиот член на Д Биг Три, Реј Ален, се она што можеше да се очекува уште во октомври. Она што изненади многумина е зрелоста во играта на Рејџон Рондо, кој според мене е еден од водечките кандидати за Мост Импрувд. Пријатно изненади и Кендрик Перкинс, како и камбекот на тренерските способности на Док Риверс. Тука е Лион Поу, кој имаше одлични задњи месец и пол од сезната, “Биг Бејби” Дејвис, кој на некои средби беше голем фактор, презимењакот на Реј, Тончи, кој се вклопи во улогата на дифенсив стопер, Поузи - кој се вклопи во улогата на 10. човек, Скалабрини - кој се вклопи во улогата на втора маскота на тимот покрај Лепраконот, Сем “И-Ти” Кесел, кој иако дојде касно, заедно со Пи-Џеј може да биде голем фактор во плеј-офот. Еди “црната дупка” Хаус си погоди тоа што требаше да погоди, а Скот Полард продолжи да си пушта брада на клупата и да се дружи со Скала.
После 20 години, Бостон пак живее за кошарката и го има статусот на еден од најголемите, ако не и најголемиот фаворит за титулата. Некој да го кажеше тоа пред година дена, ќе го стрпаа во истото жолто комбе во кое ќе ги носеа оние кои рекоа дека Хорнетси ќе бидат втори на Западот.
April 17th, 2008
Бидна. Деветте посни години завршија. Знам дека за многумина од вас тоа што Хоукси, кои имаат негативен скор, ќе играат во плеј-офот не значи ама баш ништо, посебно со оглед на тоа дека тие идат на Бостон во серија која сите очекуваат да заврши со чисти 4-0.
Не е битно, па и стварно да биде метла за Селтикси. Битно е што Атланта после доооолго време пак ќе го помириса плеј-офот и конечно пак ќе има полна и бучна арена барем две вечери по ред. Од времето на Дикембе, Стив Смит и Муки (1999), Хоукси не играле во плеј-офот кога после победата над Детроит паднаа со 0-4 против Њујорк. Тој тим на Атланта и не ми беше нешто посебно симпатичен, а уште се ежам кога ќе ми текне дека Тајрон Корбин беше стартна тројка тие години.
Рибилдингот траеше подолго од очекуваното, што е и нормално со оглед дека за Смит го добија Ајзеа Рајдер во трејд кој ги врати неколку години назад. Тоа што сега Рајдер е во апс доволно кажува со каков лик си имаа работа и кој требаше да биде нивниот лидер на стартот на овој милениум. Ситуацијата со газдите кои сакаа/не сакаа да дадат пари за нови играчи и кои се судрија за трејдот за Џо Џонсон само уште повеќе ги направи смешка низ лигата за малку сведувајќи ги на нивото на Клиперси на Истокот.
Сега воздухот е многу почист и иако мислам дека Биби не е идеалниот плеј за нив, индината е многу посветла. Џо би можел да биде малку погласен како лидер, Марвин би можел конечно да го покаже целиот свој потенцијал, Џош би можел помалку да шутира тројки, Чилдрес би можел да се ишиша, Биби да подели некоја асистенција плус…Вудсон да биде подобар тренер. Од Ал не барам ништо, момакот си е супер.
Доминик конечно може да се насмее.
* * * * * * *
ПС: Синоќа Милвоки и Чикаго одиграа средба со нулта тежина во која рукито кој ја расипа вечерта на Аринас пред некое време, Рамон Сешнс го направи она што не му пошло од рака на никој во историјата на Милвоки, па ни на Биг О. Момакот подели одлични 24 асистенции, а имаше и 20 поени и осум скокови. Свака част, Рамон.
April 15th, 2008
НБА ја лансираше плеј-оф кампањата, која конечно бега од онаа језива музика во позадина со слики кои се менуваат и која и кога ќе легнете да спиете ви се мота низ главата. Првата е за Истокот, и во неа се Леброн и Гарнет, веројатно затоа што не знаеле, а и немало кого да стават од Детроит кој би можел да му парира на Кеј-Џи.
Втората (подоле) е за Западот и во неа главни ликови се старите “пријатели“, кои се надевам дека годинава ќе се сретнат во плеј-офот, по можност во финалето на Западот.
April 9th, 2008
Синоќа Бостон и официјално обезбеди плеј-оф пласман со победата над најголемиот, и можеби единствен ривал на Истокот. Оваа победа е важна од аспкет што со неа сега Селтикси се тимот со предност на домашен терен во разигрувањето кога таму ќе се сретнат овие две екипи, нормално во случај до крајот Пистонси да не успеат да ги стигнат на табелата на бедниот Исток.
Потегот на вечерта, покрај 20 скокови на Кендрик Перкинс?…Повелете.
March 6th, 2008
Веста дека Шид ќе го замени Гарнет во Њу Орлеанс не израдува никого во Бостон, каде сите, вклучувајќи го и нивниот тренер Док Риверс, сметаа дека тоа слободно место требало да биде пополнето со друг играч од тимот со најдобриот скор во лигата - Реј Ален. Риверс и даде неколку изјави критикувајќи ја одлуката за селекција на Шид, што е сосема нормално за еден тренер да застане на страна на својот играч.
I understand them selecting him. They lost Kevin at the 4-5 (power forward-center) spot, and they needed a 4-5 to replace him … But I’m still not happy that Ray isn’t on the team. I just think he should have been taken in the voting (of the reserves by the coaches). He’s the guy on our team who’s had to sacrifice the most, and I don’t know why that sacrifice wasn’t recognized.
Но, дали тоа што тој се жртвувал за својот тим треба да значи дека треба да биде и награден за тоа со ол-стра селекција? Ако е така, тогаш Ману е првиот на кого треба да му се врачи таквата награда, затоа што со тоа што не се буни со одлуката на Поп да биде шести човек во Спарси, тој ја прави најголемата жртва во лигата. Во тоа колку е опасен Ману се уверија и Репторси синоќа, кога за промена беше стартер.
Е сега, друг е муабетот што реално, Реј не ни треба да се најде во Њу Орлеанс кога пред него има неколку други момци кои многу повеќе го заслужуваат тоа место, но со оглед на повредата на Карон Батлер, може да добие покана од Комишот, чисто за да им биде удоволено на Селтикси и нивниот најдобар скор.
Пред се, ако Батлер не игра, покани заслужуваат Хидо Туркоглу, па и Џош Смит. Замислете ги само Кид и Џош во иста петорка.
February 12th, 2008
Сите кои гласаа за местото на Гарнет во првите пет на Истокот во Њу Орлеанс веројатно се чувствуваат ограбени по веста дека Кеј-Џи поради повредата на стомачниот мускул, поради која не настапи на последните седум средби на Бостон, нема да игра на 57. Ол-Стар.
Да биде уште поинтересно, Комишот одлучи дека во недостиг на високи играчи на Истокот, местото на Гарнет треба да го заземе Шид, кој пред некоја недела јавно си го искажа својот став околу овој настан.
“I am not trying to go down there (New Orleans),” he said. “I am looking forward to those four days (off). I’ve been keeping a little eye on it, but better them (Howard and Shaquille O’Neal , who lead Wallace in the voting) than me.”
Не знам зашто, ама осеќам дека доколку Шек не завршеше во Феникс минатата недела, немаше да му заврши серијата од 14. ол-стар селекции по ред.
February 11th, 2008
Previous Posts