Posts filed under 'All-Star 2007'

Елвис Аринас

7 comments February 19th, 2007

Добро е, помина

Photobucket - Video and Image Hosting

Бидна. Сега можеме да и се вратиме на кошарката. Мислев да пишам нешто за 56. Ол-Стар, ама ѕвездиве не ми дадоа некоја инспирација сабајлево. Едноставно, ми помина времето кога се палев на вакви “утакмици“. Ја сум повеќе по кошарката.

- Кич до даска. Поинаку и не би можело да биде во Вегас, претстолнината на кичот и на скоро сите позначајни светски градби, нормално, во смалена изведба.

- Андроидот Вејн Њутон?!?! Вистински избор со оглед дека сите НБА фанови го слушаат типот и неговата музика. Само што тие фанови последен пат гледале баскет кога Расел и Вилт се бореле под кошот. Њутон изгледа како да му е чичко на Дата од Стар Трек.

- Испуцавање до максимум. Идиотот Еди Џордан со форсирањето на неговиот Аринас, на кого ништо не му одеше од рака. Џо Џонсон и го заборави на клупа.

- Ипак, потегот на вечерта сепак е на Аринас, но не во игра него кога им се убаци на типците кои куцаа за време на еден од тајм-аутите.

19 comments February 19th, 2007

The One and only…

10 comments February 18th, 2007

Боље од лани, Двајт е ограбен, камбек на Флајт, а можеби и на Дождовниот?

Photobucket - Video and Image Hosting

Понекогаш за некои работи е толку лесно да се зезаш, што ти станува неинтересно. Толку за стручниот “коментар“ на Сител.

Сепак, да не беа они (и Премиере), тешко дека ќе ја гледавме саботната Ол-Стар вечер, како што кажа стручњакот, во еден свој испад “Плати - па клати“. Што се однесува до плаќањето, можно е тие да платиле за саботната вечер, исто како што лани плати и Спорт4, ама од за јавноста непознати причини (мене познати) немаше слика и звук од петокот и саботата во Хјустон.

Она што се дешаваше синоќа секако дека беше многу подобро од тоа од лани во Тексас, а Баркли и Бавета се погрижија оваа Ол-Стар сабота да има нешто по што ќе се разликува од сите до сега. Покрај трката на 67-годишниот Бавета и 150 кила тешкиот Баркли, за мене најзабавен дел беше налепницата на Двајт на цели 390 см.!!!, како и симболиката на победата на девет и пол прстиот со куцањето преку Нејт Робинсон.

Иначе, сабајлево Нејт пак до некоја мерка го упропасти натпреварот со своето докажување на исправноста на одлуката за новото “Нејт Робинсон“ правило кое дозволува само две минути. Пак беше тужно да се гледа Нејтчо, ама и некако слатко. Настрана од тоа, Нејт имаше две солидни куцања. Ипак, Двајт заслужи повеќе. Посебно за налепницата.

Photobucket - Video and Image Hosting

Но, со такво жири, тешко дека било кој ќе добие 50-ка. Таа на крајот беше само како хепиенд за Џералд. И за целата вечер.

Иначе, друго ми беше муабетот. Имам некое претчуство дека Дождовниот ќе се јави вечер од Вегас. Како што спомнав и во постот подолу, тој беше и лани во Хјустон, а и за малку и ќе се вклучеше директно во програма за главната вечер. Арно ама, тоа не се деси. А не беа никакви технички проблеми во прашање. Проблемот повеќе беше, или е, човечки.

Нема врска, со оглед на тоа на што беа оставени НБА фановите кај нас синоќа (сабајлево), со исклучок на Џоле, кој се гледа дека се уште до некаде си прати што се дешава во НБА (иако качил некое килце), тие, т.е. вие заслужувате повеќе, а токму тоа “повеќе“ нема да ме изненади ако вечерва ни го пружи Дождовниот. Јас ќе гледам со оригинал коментар, ама ќе проверувам чат-пат на Сител да не го чујам добропознатиот глас.

Како допуна, ни се јави стручњакот за куцања, Флајт. И тоа од Амстердам:

Јас ја имав таа срека да не гледам на Сител. Бев у Амстердам па си изгледав нормален амерички пренос…Е тоа што пијачка беше минимум 5 евра, тоа е друго…

Пишувам за да искоментирам за куцањата - нормално…. После фарсата лани, единствениот логичен правец во кој можеше да се развива данк контест-от е шоуменшип принципот. Состојбата “Се е видено” која се врака на сцена по бескрајните пермутации на елементите на Ви-Си од 2000 во изминатите години, наложува уште еден идеен пресврт во данк историјата.

Нешто слично на појавата на трики-куцањата и ставањето на декстерити моментите на пиедестал на почетокот на 90-тите - неизбежна последица од повлекуванјето на Мајкл и Никеж од данк-сцената….

Како што и очекував, во отсуство на суперстар харизма која би можела да остави личен печат на контест-от, ама и како последица на хиперинфлацијата на атлетски способности (Двајт Хауард е монструм, Нејт Робинсон е висок 170 цм!!!, за Џералд Грин не ни зборам), тоцката на дискрепанца мора да се бара во логиката на шоуто, сосема прикладно за Лас Вегас…

Во таа смисла, свежо ми делуваше пристапот на Хауард, кој оддавајки и почит на њујоршката вертикал данк традиција, ги емулираше потфатите на Д Гоут и Вајлд Тинг…Можеби ќе беше усте покул ако залепеше стикер од Манигаот…Малце АБА шмек наспроти мувлосаната имагинација на НБА од 21 век… (Усте и не му дозволуваат да го подигне обрацот на 12 фот… Ебати системот, ебати…)

Џералд Грин во сличен стил го прошета Лас Вегас рециклирајки го Ди Браун, ама во исто време и цитирајки го Ракер-Парк пристапот - оној стритбол код - хед то хед челенџ-от, прерипувајки го симболички актуелниот првак…. Прекрасно….

Што се однесува до техничкиот аспект, ништо спектакуларно, одамна видени елементи, страшно недостасуваше изразит уан-лег џампер….. Ех, Флајт, Флајт….

Сепак очекував повеке од Грин….За нијанса послабо од настапот на МекДоналдс пред 2 години….

ПС: Голема штета сто веке нема никакви шанси на Слем Данк Контестот да ја гледаме најголемата атлета во НБА во моментов - Џош Смит….

4 comments February 18th, 2007

Вегас, бејби, Стерн - партибрејкерот и камбек на Дождовниот?

Photobucket - Video and Image Hosting

Ол-Стар викендов, барем за МакНБА ќе помине многу посмирено и поискулирано од лани. Без разлика што се игра во Лас Вегас.

Јас никогаш не сум бил во Вегас, ама од она што ми го кажувале тоа е еден од ретките градови во САД каде речиси се ти е дозволено, еден од ретките градови каде не може на секој чекор да се види полициски автомобил и еден од ретките т.е. единствениот каде можете да ги видите сите светски градби и чуда на едно место. Град кој во целост ја олицетворува американската мегаломанија, а и нивниот недостиг од национална историја. Нејсе.

Што се однесува на она што викендов ќе се случува во Томас енд Мек центарот, како што тргнаа да се откажуваат ѕвездите сигурно дома си седи Марк Медсен и чека Дејвид Стерн да го покани да замени некоја замена на друга замена. Нормално, како замена. Настрана од тоа што нема да ги има Нешти, Ајверсон, Бузер, Јаоза и Кид, остануваат доста спешл фаци кои сигурно ќе го направат овој Ол-Стар, прв во град без свој НБА клуб (но и град кој верувам дека во следните 5 години ќе си добие еден) нешто посебно. Кој не сака да биде главна фаца во Вегас?

Идеме по ред со она што ќе се дешава на 56-от Ол-Стар. Одма ја прерипувам најдосадната содржина (Шутинг Старс не ни ги рачунам) и прогнозирам победа на Софморсите. Ако има подосадна ревијална НБА утакмица од оваа, јас ја немам гледано. У пакет со ова го рипаме и Скилз… кој знам дека е направен под притисок на Плејстејшн, ама и стварно не му е местото на ваков голем настан.

Така, ги имаме двете класики, куцањата и тројки, кои одамна не се тоа.

Во моментов, шутирањето тројки е единствена дисциплина која има некој смисол и која не се сменила ич откога постои. Плус, редовно се пријавуваат имиња кои нешто значат во лигата. Што не е случај и со куцачите.

Стварно не ми е јасно како една дисциплина, која за доста фанови беше и синоним за НБА стигна до тој степен лани да се претвори во права фарса и смешка пред очите на целиот свет. Знам, тоа е процес кој се одвиваше со години, но знам и дека тоа можеше многу лесно да се спречи.

Едноставно, требаше фановите да можат да гласаат кого сакаат да видат како дел од натпреварот во куцање и тој да мора да се најде таму. Ако рече не, тоа ќе биде шамар за неговите фанови, а не верувам дека некој би сакал тоа да го направи. Наместо тоа, Стерн уште во жирито стави две фаци кои одбиваа и да ги одбранат титулите.

Ај, изборот на Винс за судија и не ме чуди, ама Коби? Типот не ни направи ништо посебно кога тепаше во куцање, а камоли да ми оценува вакво нешто. Се надевам дека нема го копира Кени Смит од лани, попаметен е од тоа.

Што се однесува до куцачите, ваљда Нејт Робинсон нема да биде под макази, па ќе видиме како победува некој кој стварно знае да закуца двапати, и тоа атрактивно од максимум три обиди. Гледам по многу блогови фаворит им е Џералд Грин, а и јас сум тука некаде. Тајрус би можел да направи нешто интересно, но после оние изјави мислам дека се му е џабе.

Photobucket - Video and Image Hosting

Тоа ни го остава Двајт Хауард, кој имал спремено нешто посебно….пази сеа….пируета на кош подигнат на 365 см.!!!! Арно ама, како по обичај, Стерн и компанија нема да дозволат да му се врати сјајот на куцањето и нема да дозволи такво нешто. Браво. Уште да го врати ново-стариот-нов баскет со кој не се игра од нова година.

Orlando sources report that Howard has been practicing a couple wicked maneuvers that might inject this dying competition with the ingenuity/originality it desperately needs. One is a 360 throwdown with the rim hiked to 12 feet, two feet higher than regulation. The other sets the rim at 11 1/2 feet and has Howard purportedly going between his legs with the ball in mid-air before flushing.

Проклет да си Дејвид Стерн. Овој викенд, па и овој натпревар во куцање треба да бидат забава за сите нас, во тоа е поентата. Тоа треба да биде претстава на креативноста, а не трагикомедија во која метро и пол нискиот аутсајдер станува херој прерипувајќи го својот идол од детството. Откако пред тоа закуца еднаш од 51651515547893 обиди.

Проклет да си. Двајт едноставно не требаше на никого да му кажува што планира и да проба да го направи тоа подигање на кошот на луди 365 см. пред самото куцање. Па нека го дисквалификуваат после тоа.

Ваљда ваквите ствари нема да го одбележат цел викенд.

Еве ги шансите на секој поединечно од ЅI.

ПС: Од Сител рекоа дека ќе почнат да даваат од вечер, значи комплетен викенд од Вегас. Прво инфо ми е дека ќе коментира стручњакот за баскет (и луѓе кои немаат фаца за тренери), но нема да ме изненади ако од нигде, и тоа сред Вегас, се појави Дождовниот. Можеби, то ест сигурно не знаете дека тој беше и лани во Хјустон, па и требаше да коментира од главната вечер. Арно ама, тоа не се деси.

Нека се деси годинава во Вегас.

27 comments February 17th, 2007

Џо Џонсон е Ол-Стар!

Photobucket - Video and Image Hosting

Да не биде само на Западот да се повлекуваат играчи, Џејсон Кид се откажа од настап во Лас Вегас, а неговото место чичко Стерн му го додели на Џо Џонсон. Добро е.

14 comments February 14th, 2007

Ексклузивно: НБА на Сител!!!

Photobucket - Video and Image HostingPhotobucket - Video and Image Hosting

Ексклузива. Како што лани во јануари најавивме старт на НБА преносите на некоја наша ТВ (тогаш Спорт 4), еве не и сега со најрадосната вест за сите локал НБА фанови: Од (најверојатно Ол-Старот) Сител ќе стане четвртиот ТВ дом на НБА кај нас.

99% сигурно.

Не сакам ни да помислам кој би можел да коментира, ама во моментов тоа е најмалку важно.

ПС: Ајверсон се приклучи на листата на играчи на Западот кои се повлекоа од играњето во Вегас викендов. Тоа значи дека настапот на Дерон Вилијамс е речиси сигурно. Прашање е кој кој ќе биде другата или вкупно четвртата замена која чичко Стерн ќе мора да ја именува деновиве.

АПДЕЈТ: Ни Дерон, ни бутур. Јута си го доби својот претставник, ама тоа си е Мемо Окур, кој го мења Неш и Ален, кој го мења Ајверсон. Како и што реков подоле, ако се укаже шанса чичко Стерн нема да пропушти да го викне Реј Ален, додека за Мехмед се во игра неколку фактори, а веројатно најважен е тој што оваа сезона освен Паркер и Дирк немам др. странци во Вегас. Глобализацијата на НБА е процес кој бара вакви потези.

Сепак, да не биде дека Мемо со игри не заслужил да се најде таму. Момакот е одличен задњиве месец дена, посебно по повредата на Бузер. Кога ќе се погледне реално, па и заслужува да биде меѓу Топ 16 на Западот сезонава. За Ален, и тој игра уште една просечна сезона за него, само што Соникси се бедни, а и беше повреден некое време.

Сега останува уште Кид да се повреди, па Стерн да не го викне Џо Џонсон.

16 comments February 13th, 2007

Previous Posts


Календар

December 2008
M T W T F S S
« Nov    
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  

Архива

Категории