Posts filed under 'All-Star 2006'
Мала анализа:
- Ќонсие Билапс е умешан у трговијата со бело робје. Наводно он го држи каналот Молдавија – Велешта.
- Крис Бош е вонземјанин кој е дојден на мисија да го уништи човечкиот род. За сега не му иде.
- Картер е airplane hijacker – бил умешан у 9/11. Многу високо лета, радар не го фаќа.
- Ричард Хемилтон е педофил. Имал харем од 4 годишни дечиња за задоволување на своите болни потреби. Снимил и дистрибуирал едно кило детско порно.
- Ајверсон е познат како семеен насилник. Ја има тепано жената, децата, кучето, баба му и комшијата.
- Леброн е познат у маало како рекетар шо на децата у основно им ги крадел џамлиите.
- Џермејн е три пати бркан од школо поради тепање на учителката. Неговата замена Аринас пак ја има истепано и чистачката.
- Шекил е замешан во трговијата со човечки органи. Специјалност му е корнење екстремитети и кршење кичми. Месар.
- Пол Пирс е генгста и е многу вешт со ножеви. За жал еднаш го збрцаа поштено.
- Двејн Вејд игра комар. Онака со коцки, у гетото. Понекогаш ќаруе, ама често знае да се искоцка.
- Бен Волис е избацивач. Прави проблем на врата. Учествувал у пуно тепачки и престрелки. Лежел затвор каде се набилдал ко стока.
- Рашид е исламист. Можно е да го пропушти Олстарот поради протестите против карикатурите на Мухамед. До сега има фрлено преку 50 рачни гранати на блискиот исток.
- Флип Сандерс е руски шпиун. КГБ. Не знам шо како, не прашувајте.
- Реј Ален е платен снајперист на НСА. Брррр. Викаат дека он го скинал Кенеди, а не Ли Харви Освалд.
- Елтон Бренд до сега има изедено 2 деца, третото го вари.
- Коби е силувач. Има силувано една плавуша, неколку плејоф утакмици и има иссилувано дури три титули.
- Данкан е поштен. Сепак, постои сомнеж дека соработува со италијанската мафија.
- Гарнет е највечи шверцер на рум, пури и банани. Ол араунд гусар.
- Гасоламабад со другар му Рашид протестира против карикатурите. Има поставено две автомобил-бомби во соработка со ЕТА.
- Мерион е избеглица од зоолошка. Има утепано човек со опасниот шут.
- Трејси Мекгреди е шиткач на крек, грас, хаш а често шитка и утакмици.
- Јао е преставник на кинеските тријади. Замешан е во шверцот на кинеска роба во Америка.
- Неш е лопов. Има до сега украдено 5 милиона долари во златни шипки, една МВП титула, а често краде топки и цели утакмици. Затоа морал да бега у Канада.
- Дирк е бивши СС-овец. Соработува со ККК. Нејќе црнци.
- Паркер е ПИМП. Моментално ја ПИМПува Ева Лонгориа. У Франција имал цела флота ПИМПачици. Умешан е и у порно индустријата.
- Ејвори Џонсон е ситен гегста од предградието. Обично у црква им краде од добротворниот прилог на поповите.
February 13th, 2006
Шеп најави пред некој ден, али пошто ги немав видено, нејќев да коментирам. Ама, Ол-Стар искуството следната недела ќе биде вистинска визуелна тортура кога на терен ќе истрчаат Исток и Запад у најружните дресови, по оние од Сан Антонио и Аризона прошлата деценија. Не ми е јасно зашто вакви експерименти со дресовите, зашто не си останаа на оние кои ги носеа преклани или па уште боље оние кои се носеа у Атланта. Бољи Ол-Стар дресови од тие апсолутно немало никад. Но, тоа ти е кога у секој поглед се настојува да се биде маркетиншки ориентиран, ваљда и заради тоа Штерн е толку успешен како комесар.
Освен гадните дресови, синоќа у НБА се одиграа едно чудо утакмици, а некои од нив секако беа одлични за гледање, многу бољи од Феникс - Сакраменто. Така, еве по нешто за секоја од 12-те средби:
- Кенјон Мартин конечно одигра една средба како што му личи на човек кој у следните пет години ќе заработи 70,9 милиони долари. Со 34 поени, Мартин и Нагетси ставија крај на серијата на Далас, која застана на баксузни 13 по ред.
- Фантастик Ол-Стар Фоур на Пистонси беа премногу за Орландо. Шид изгледа свесен дека тој е д од мен аут у Ол-Стар тимот на Истокот играше како да сака да покаже дека местото му е таму. Со 26 поени Шид, а и РИП и Чонси си ги потврдија селекциите, ама ако нешто ич не ми било јасно задњиве години, тоа е за кој *** го селектираат Бен Волас на Ол-Старот. Типот ич не е атрактивен, точно дека е дефанзивец од прва класа, (мада мислам дека неговите одбрамбени квалитети се преувеличени зошто цел тим игра одбрана), неговите офанзивни квалитети се равни на цреп или некое дрво, онака недоделкано. Тоа и го докажа и со Орландо, каде Двјат Хауард пак покажа дека неправедно беше изоставен. Ѕверот играјќи против Волас енд Волас убаци 19 поени и фати 17 скокови.
- Трвдината Њу Џерси падна, и тоа од шампионот. Кој и со грипозан Данкан си заврши работа и победи по осми пат по ред, а Нетси у мочуриштето изгубија по прв пут по 12-те победи, меѓу кои и над Детроит и Мајами.
- Аринас селекцијата од чичко Штерн ја прослави со 32, 8 и 10 против Кавси на Леброн. Ќе беше права неправда Гилберт да не играше у Хјустон. Исто како и Гилберт, и Пол Пирс у стил си ја прослави селекцијата, а немаше тешка задача против селото без кучиња од Портланд.
- Торонто го искористи малерот на Бобкетси и си победи у Шарлот. Уште да не победеа против тим у кој покрај Мека, Џералд Волас и Меј, не играа ниту Најт и Фелтон. Индијана го растури Голден Стејт. Њу Орлеахома и без Пол лесно си помина со бедните Никси. Андреј и Мемо, со помош од Харпринг, покажаа колку се за нигде сезонава Вулфси и колку се помал ефект на соиграчите има Кеј-Џи. У средбата која ја гледавме на ТВ, Санси покажаа дека тешко се игра со нив кога Неш ќе ги растрча. Сиетл конечно победи и без проблеми се справи со Хоукси. Клиперси продужија да не играат како Клиперси и победија со Мемфис, кај кој Ол-Старот Пау Гасол имаше у негов стил 16 и 9. Кој гласаше за него, а не за Мело, тоа уште не ми е јасно. Бренд со 44 кошеви му одржа лекција на брадосаниот Гасоламабад.
За крај, еве два нови клипа, односно две реклами. Првата е со Шек за 2К6 играта, а втората е одлична реклама за новите патики на Гарнет. Ако сте на дајл-ап, ќе се изнамучите, али вреди.За сите други - уживајте:
February 11th, 2006
UPDATE: Гилберт Аринас ипак ќе игра на Ол-Старот откако чичко Штерн му го даде местото кое се испразни со неиграњето на Џермејн. Ова е најбољиот избор на комесарот, затоа шт ќе беше жива неправда играчот кој ги држи сите конци у Визардси и кој има просек од 28.8 поени да не игра у Хјустон.
Кога сме кај снабсовите на Истокот, го нема ни Мајкл Ред, кој веројатно требаше да игра на местото на Пирс, кој иако има една од најдобрите статистички сезони, неговиот Бостон е за нигде. А, ако критериум им е успешноста на тимот, онда Ред мораше да биде поканет.
Ова ме носи и до играчот на кој ич не му е место таму, а и кој ако го прашате сигурно сега ги пцуе тренерите кои го изгласаа. Е, тука тие се водеа од критериумот успешност на тимот, па го земаа Шид, иако Двајт Хауард многу повеќе заслужи покана. Нема везе, Двајт у иднина сигурно ќе надокнади.
На Запад го нема Мело, што стварно не е фер за него. Дека не требало да го изберат Гарнет, не сум толку сигурен. Ако се гледаат бројките, на Брадата на Пау сигурно не и е место таму, а кога би било навистина сите да се бираат според игрите сезонава, не знам баш дали би имало место за Ти-Мек и Јао.
Еве ги комплетните состави за Хјустон следната недела. Не ги утнав многу у долниoт пост, а?
2006 EASTERN CONFERENCE ALL-STARS
1 #Chauncey Billups (Detroit)
4 #Chris Bosh (Toronto)
15 Vince Carter (New Jersey)
32 #Richard Hamilton (Detroit)
3 *Allen Iverson (Philadelphia)
23 *LeBron James (Cleveland)
7 *Jermaine O’Neal (Indiana) - Аринас на негово место.
32 *Shaquille O’Neal (Miami)
34 Paul Pierce (Boston)
3 *Dwyane Wade (Miami)
3 Ben Wallace (Detroit)
36 Rasheed Wallace (Detroit)
Head Coach: Flip Saunders (Detroit)
2006 WESTERN CONFERENCE ALL-STARS
34 Ray Allen (Seattle)
42 Elton Brand (L.A. Clippers)
8 *Kobe Bryant (L.A. Lakers)
21 *Tim Duncan (San Antonio)
21 Kevin Garnett (Minnesota)
16 #Pau Gasol (Memphis)
31 Shawn Marion (Phoenix)
1 *Tracy McGrady (Houston)
11 *Yao Ming (Houston)
13 *Steve Nash (Phoenix)
41 Dirk Nowitzki (Dallas)
9 #Tony Parker (San Antonio)
Head Coach: Avery Johnson (Dallas)
*denotes starter
#denotes first-time selection
February 10th, 2006
Вечерва пред дуелот Далас - Мајами ќе бидат прогласени резервите за Ол-Старот следниот викенд. Како и увек, знам дека тренерите нешто ќе укакааат и у Хјустон ќе игра некој на кој таму не му е место. Еве кој ќе веројатно ќе биде избран вечер…ваљда.
Шид
Ми текнуе на времето кога на Ол-Стар се појави Хорас Грент, или па Клиф Робинсон. Баш според истите принципи според кои тие двајца беа избрани, сезонава најверојатно ќе биде Рашид Волас, кој да нема забуна, се уште ми е еден од најомилените играчи у лига, иако у Детроит има сасвим поинаква улога од таа у Блејзерси. Но, колку и да ми е по ќејф Шид, признавам дека за него не треба да има место у Хјустон. Плус, Рашид е познат по тоа што ич не го боли за Ол-Стар и што на тој период гледа како на једина шанса да има малце слободно време за семејството. Ептен ќе му го накрши Штерн ако го викне како замена за Џермејн. Очекуем да се повлече ако го изберат:).
Ја без да трепнам би го избрал Двајт Хауард.
Чонси, РИП, Бен Волас
За првите двајца нема муабет. Тотално заслужено. За третиот и тоа колку има муабет, али јадниот Исток е толку тенок на центар, што има место и за еден цреп од типот на Бен. Барем малку да беше бољи сезонава Ззззззззззз, ќе можев да кажам дека он треба да игра, ама вака, Бен останува.
Пол Пирс
Бостон се за нигде сезонава, ама Пол игра уште една одлична индивидуална сезона и 5, Ол-Стар по ред нема да му избега.
Крис Бош
Најголема грешка ќе биде ако го нема Бош у Хјустон. Како што немаат високи играчи на Исток, Бош мора да игра, кој е бољи од него за на четворка, Вебер? Што ако Торонто се труби, и Хјустон не ги бива за … па Јао и Трејси пак ќе играат.
Винс
Винс ќе игра, иако у последниве месец дена не игра баш најбоље, тоа што го направи пред тоа му е доволен кредит кај тренерите. Мада е познат како играч кој не дава секогаш се од себе, а искрено, увек би избрал играч кој секој меч гине на теренот, отколку некој кој игра кога ќе му прдне.
За осми, т.е. седми го зимам Аринас овер Ред. Едноставно има нешто у него. Ај, ваљда Штерн кога ќе каже кого он бира на местото на повредениот Џермејн нема да ја оплеска. Мада чичко Штерн е познат по неговите издржани одлуки у вакви ситуации.
Нема да ги гледаме: Принс, Џејмисон, Вебер, Кид, Ззззззз и некој од погоре наведените.
Принс би бил премногу лижење гз на Пистонси, Џејмисон за разлика од сезонава е труба, Крис игра една од подобрите години у последно време, а на Зззззз добро ќе му дојде еден слободен викенд, да си се изнаспие човекот, додека Кид по сигурната селекција задњиве години, сезонава заслужи одмор.
WEST
Е, на Запад е правиот хаос, зашто освен крила тие немаат асални играчи на ниту една друга позиција. Баш заради тоа, ја без да му ја мислам за позиција ќе ги изберам резервите, од кои скоро сите се крила.
Дирк, Мерион и Бренд се но брејнери. Мавси, Санси и Клиперси (да, Клиперси)газат, а нивни МВП-а досега се Шон, Елтон и Новицки. Дирк мислам дека без проблеми ќе биде изгласан, исто како и Метрикс, али не сум толку сигурен за Елтон. Ипак, мислам дека за малку ќе помине некој.
Мело
Тој некој веројатно ќе биде Кармело, што ќе биде жива срамота, зашто баш ради него Нагетси се одржуваат у живот сезонава. Ја го зиам Мело ин а секнд.
Тони Паркер
Мора да има резервне плеј, а на Запад нема бољи за таа улога после Нешти од Тони Лонгориа. Спарси се со Далас најбољи на Запад, така да нема муабет против Тончи.
Гарнет
Кеј-Џи ја има една од најслабите сезони после подолго време, али тешко е да се замисли тренерите да не го изгласаат.
Кемби или Гасолaмабад
Пау не е центар, а на Запад му фали резервен центар. (Не дека имаат стартен центар). Кемби игра одлична сезона али повредите малце го закочија у јануари. пау е еден од најзаслужните за одличната сезона на Мемфис, али он не едушата на тој тим, кој мислам дека ќе паѓа како што ќе изминува сезоната. Знам дека можеби нема да ги изберат и двајцата, али ја гласам за Маркус. Ако го изгласаат Гасоламабад, онда мора да е до брадата.
Ален или Ричардсон
Мора да има и двојка, мада не би земал ни еден од овие двајца. Вака, боље Реј него ЏејРич, иако Вориорси имаат боља сезона од Сиетл. Ипак Ален има дугачок Ол-Стар стаж, а и не ми се веруе дека Штерн би го викнал у Хјустон само за да шутира тројки у сабота.
Нема да ги гледаме: Крис Пол, Ману, Берон и некој од овие горе.
Штета што у овој тим нема да има место за Пол. Права штета. Тоа не се однесува и на Ману и Берон.
February 9th, 2006
А? Детроит Пистонс, ма дај:) Синоќа Хоукси им го нанесоа по прв пут сезонава вториот пораз у серија на Пистонси уопште сезонава, по оној у Индијана минатиот викенд. Ги реши Џо Џонсон, д френчајз плејер. За разлика од Дио, кој е добар сезонава само зашто игра покрај еден Стив Неш, кој и од Раџа Бел и Еди Хаус направи играчишта. Со оглед на приликата, еве и прикладна песничка:
—————————————————————————————————–
Изгледа дека секое натпреварување на Ол-Старот освен најатрактивното е пуно со ѕвезди. По квартетот Неш, Леброн, Вејд и Пол за Скилз Челенџот, баш пре некоја минута ги прогласија тројкашите. Тоа се:
Квентин Ричардсон (ја брани титулата)
Чонси Билапс
Дирк Новицки
Џејсон Тери
Реј Ален
Раџа Бел
Би требало да биде страшно интересно, посебно ми е интересен да го видам Диркулес.
Кога сме кај тројките, еве и клипче од Крејг Хоџс, кој едно време доминираше у натпреварот у тројки. Можеби на помладите од вас не ви е познат типот, кој у основа не ни беше некое играчиште, ама имаше рука…
February 8th, 2006
Еве го и Ивица со негов осврт на Ол-Стар селекциите, овој пат на Истокот, а откако ќе си ја провери и сметката, и на Западот:) Нормално, се е од аспект на доменот nа Ивица - Фентази лигите…
Да бидам и јас во All star тренд во наредниве неколку минути ќе ја окупирам вашата концентрација со учинокот на играчите учесници на овогодинешниот All star од фантази страна. Ќе почнам со Истокот:

1.Chaucey Billups
Феноменална сезона на Чонси во секој поглед. Заслужува да биде стартер. 18,7 поени надополнети со 8,5 асистенции. Шут за слободни нешто над 91%!!! Шутот од поле му е послаб (околу 42%), што е една од неговите ретки маани од фантази гледна точка заедо со релативно малиот број скокови (3,3) и украдени (0,7). Сепак, плеј е, а кога си во борба за секој поен во својата фантази лига добро е повремено да видиш дека твојот плеј направил 7 украдени топки.

2.Richard Hamilton
Рип, како и секоја сезона, не се истакна баш многу како фантази фактор. Ситуацијата со него (по дифолт) е ваква: има 21,6 поени и ништо друго вредно за да се спомене!!! 3,4 асистенции, 3,4 скока, 0,7 украдени… Почнуваа да ми звучи како да ги читам бројките на Салим Стадемаер. Можда шутира добро слободни (86%) и од поле (46%), ама би рекол дека и оваа сезона Хамилтон не е good value for the money. Може да се најдат подобри фантази SG во лигата кои истовремено се далеку помалку ценети и полесно се земаат.

3.Vince Carter
Ни Винс не е некој феноменален фантази играч затоа што во ниедна категорија нема да ви донесе значителен прогрес. Се наоѓа во топ 20-25 во многу категории, ама во топ 5 не е во ниедна. Тоа доволно отсликува што може да се очекува од фантази-Винс. Сезонава има просек од 24 поени и 6 скока, меѓутоа јас би очекувал многу повеќе од тип со неговите способности. Можеби малку оваа сезона изненадува со својата несебичност (има 4,5 асистенции), ама тоа се надополнува со големиот број неизнудени грешки (околу 3). Единствена предност на Винс е што пред почетокот на сезонава беше значително потценет, а рака на срце, не е лошо да ги добиваш неговите бројки од некој кој бил собран трета рунда на фантази драфт

4.Chris Bosh
Е Крис Бош е фантази играч од мој тип.Едноставно ми доаѓа топло околу срцето кога ќе видам дека мојот играч кој може да игра и на F и на C направил 23 поени и десет скока, а сето тоа со шут од поле 50%. Феноменално… А згора на сето тоа, тотално нетипично за високи играчи, Крис умее и да шутира слободни (просек 82%). Отсекогаш ме убивало кога ќе го добијам Шек или Бен Волис во тимот и знам дека ќе ја имам единицата од FG% без разлика на остатокот од тимот.

5.Allen Iverson
Ајверсон е станат мнооогу подобар фантази-фактор, а и играч воопшто откога одлучи дека некогаш може и да ја подаде топката и да направи асистенција. На почетокот на сезонава експлодира, а сега е во некој вегетативен период што се гледа и по резултатите на неговата Филаделфија. Има 33,3 поени по натпревар и 7,4 асистенции. Има стандарден шут од поле (45%) , а и слободни шутира просечно (80%). Да не се пишувам многу за играч за кој сите пишуваат ќе пробам да сумирам: Апсолутно никому не му е гајле колку украдени топки или било што друго има играч со просек од 33 поени, било тоа да е во фантази лига или во права кошарка. A.I. is the answer

6.LeBron James
Пред некој месец напишав еден пост во кој го критикував ЛеБрон за себичната игра и слабиот шут од поле. ЛеБрон во меѓувреме се потруди да ме демантира и се испостави дека тој е еден од подобрите фантази играчи во лигата. Просек од 30,7 поени зачинет со 7 скока и 6,5 асистенции е супер фантази учинок. На сето тоа надополнување е неговиот шут од поле од 49% и просекот од скоро 2 украдени топки. Е сега, да не испадне дека мрчам, ама би сакал даа видам и просек на шут за слободни 90% (наместо 74%), а и не би било лошо да ги намали продадените топки (3,2 по натпревар). Во секој случај, не постои идеален фантази играч, ама ЛеБрон ако продолжи вака за некоја сезона ќе биде навистина блиска верзија на тоа… А и од Саша Павловиќ можда стане нешто покрај него
)

7.Shaquille O’Neal
Полека времето го нагризуваа и Шек… Не е веќе стариот добар Шек со 30 поени на натпревар и 15-16 скока. Моментално е на 20 поени и 10 скока,а тоа од сезона во сезона се намалува. Според многумина сеуште е најдобриот центар во НБА, ама јас веќе не сум дел од нив. Погледајте го само Крис Кејман… Да не испадне сега дека велам дека Кејман е подобар од Шек, ама сезонаваа во фантази тим порадо би го имал Кејман од Шек. А верувам и многумина би се сложиле со мене. Никој во својата фантази екипа не сака играч кој погаѓа 50% слободни фрлања. Плус во последно време Шек е некако многу склон кон повреди, а кога веќе тргнав да го споредувам со Кејман мора да истакнам дека Кејман е здрав како дрвосечач и тешко дека човечка рака ќе го повреди.

8. Paul Pierce
Да бидам искрен Пирс пред почетокот на сезонава ми беше еден од најантипатичните играчи во НБА, ама сезонаваа почнувам да го респектирам тоа што го работи. Има просек 26 поени и 7 скока, а не е лош и во асистенции (4,5). Да се разбереме, Пирс одеднаш не станал помалку себичен, туку покрај себе има и уште еден релативно добар играч (Рики Дејвис, а по трампата Шчербијак) па чичко Риверс најверојатно има издадено налог да не се шутираат по 30 шута на натпревар туку да се поделат со другарчето способно, исто како него, да даде 30 поени. Почнав да го респектирам од проста причина што почна да ги селектира шутевите и нема да го видите да има вечер со шут 6-25 - нешто што најмногу сум го мразел кај него. Е сега, turnovers се движат во за него стандардни размери (3,2), ама пак ако ви кажам кој е “водечки” во таа категорија- Стив Неш со 3,9 нема сигурно да си речете “Е сега нема да го земам Стиви во тим заради тоа”.
BTW: Не сум нешто баш најубеден дека Пирс заслужи да биде во Хјустон. Убеден сум дека Ред повеќе заслужува-барем е во тим што победува

9.Dwyane Wade
Breakthrough сезона за The Flash. Просек од 26,8 поени 5,9 скока и 6,9 асистенции сигурно не очекуваа и најголемите оптимисти пред почетокот на сезонава. Знае и да направи неколку украдени (има во просек по две), ама страшно многу ме фрустрира што не знае да шутира тројки (просек 12%). Па ако во фантази тим не добиваш тројки од својот најдобар играч од кого ли само можеш тоа да го очекуваш. Што е најлошо, Вејд не се ни труди да поработи многу на тој проблем. Има просек шутнато по една тројка на натпревар што е неверојатно малку за играч од негов калибар. Нека се огледа малку на другар му од Западот Kobe:-))

10.Ben Wallace
За Бен не би знаел што да кажам… Феноменален играч (голeм фан сум), ама s**t фантази играч. Има 12,3 скокови и 2,2 блока по натпревар и тоа е тоа… Неговите смешни 7 поени или уште посмешни 45% шут за слободни тешко дека ќе ви помогнат во освојување на вашата фантази лига. А за скокови и блокади мошете да си го земете и Назр Мохамед па ќе ви ги прави тие статистики. Ама бар Назр ќе го соберете во 10 рунда на драфт, а Бен можеби некому му падне во прва рунда.

11. Rasheed Wallace
Рашид е играчот што најмалку сакаше да биде избран на all star-от, ама што ќе прави, таков е животот. За Рашид не смеам да речам дека има просечна сезона само зараади тоа што игра во Детроит. Инаку, не сум нешто особено воодушевен од тоа што го прикажува: 15,3 поени и 6,6 скока. Сме виделе и подобри полусезони на Рашид во кои не бил избран само заради тоа што Порланд биле лузерски тим. Ама тоа ти е… Крајно просечен фантази играч без можност за подобрување на ситуацијата во поени (Чонси и Рип мора да шутнат повеќе) нити скокови (Бен собира се под кошот).
На крајот на краиштата требаше да го остават човекот да си се види со жената, а да го поканат Хауард кој игра феноменална сезона во Орландо.

12. Gilbert Arenas
Влезе тука на мала врата, а тоа воопшто не требаше да е така. Неговиот Вашингтон е со позитивен скор,а и не гледам можност да испаднат од плеј-оф трката. Аренас е еден од главните виновници за тоа бидејќи има просек од 28 поени и 6 асистенции со шут од поле 44%. Слободни шутира со 82% успешност. Според наведеново дефинитивно заслужува место на овој настан, а и место во вашите фантази тимови. Слабост оваа сезона, како и секоја од претходните, се изгубените топки (3,7). Меѓутоа, можеби некој примети во погорните делови од текстот, крајно тешко е да најдеш играч кој ќе има над 25 поени просек а просек turnovers под 3. Едноставно тие две работи не одат заедно. Што би рекле постарите “Кој работи- тој и греши”
Тоа се играчите кои ќе ги бранат боите на истокот, а за западната конференција пост ќе добиете во наредните неколку дена (зависно од мотивација).
February 7th, 2006
По вчерашното бавење со непотребни работи, време е да си се вратиме на причината поради која сите ние сме тука и поради која и постои овој блог. Она што веројатно веќе го спомнав неколку пати сеознава е дека Крис Пол е ѕвер, стварно ѕвер и дека ми е криво, барем сега, што Атланта не го лапна како 2. пик. Сеа, знам дека Џејсон Кид му одржа мала лекција кога го посети “мочуриштето” синоќа, али не е срамота да бидеш послав од еден Кид.
Ваљда знаете дека Пол е прогласен за играч на неделата на Западот, пазете, не руки на неделата, туку ИГРАЧ на неделата, и тоа на целиот Запад покрај едни Гарнети, Данкани, Диркулеси, 81-ови итн. Тоа не е мала ствар. Последен руки кој бил прогласен за играч на неделата беше Двејн Вејд сезоната 2003-04. Баш поради Пол, (и Бајрон Скот), раселените Хорнетси иако немаат дома сезонава, се најпријатното изненадување, вистинска фил гуд стори.
Но, колку што зборев за Пол, сезонава многу ретко го спомињав неговиот имењак од Торонто. Крис Бош е златото на Репторси и единствената причина поради која тие нема долго да бидат на дното на Истокот и поради која не мораат да жалат по Картер. Исто како и Пол, и Бош е прогласен за играч на неделата во својата конференција, во исто така јака кон конкуренција. Типот ако не ви текнува, беше 4. пик на драфтот 2003 год., еден повисоко од Вејд, а зад Леброн, Дарк-О и Мело.
Е, кога ќе ми текне на овој драфт почнувам да станувам сумњичав во Џи-Ем квалитетите на Џо Думарс. Знам дека тој го состави овој шампионски состав на Пистонси, но не смее да се заборави дека имаше ненормална среќа у скут од небо (Атланта) да му паде Шид, кој беше играчот кој Детроит од многу добар го направи одличен тим.
Ова ми е муабетот, по првата јок сезона на Дарк-О, Думарс не мораше да се вади што земал Србинот како 2.пик од проста причина што Пистонси станаа шампиони, но нешто покасно изјави дека не го земал Вејд само затоа што му требал висок играч. За тоа каков играч е Двејн, а каков Миличиќ не треба многу да се прави муабет.
Во текот на тоа лето, кога Џо почна да бара ветеран на “четворка” или “петка” стана јасно дека не верува во “квалитетите” на Дарк-О. Кога тогаш го прашаа зошто едноставно не го избрал Бош на драфтот, тој одговори дека тоа го направил само затоа што сметал дека Миличиќ ќе стане подобар од Бош?!?!?!
Оваа сезона е доволен показател за тоа колку исправна беше таа одлука на Думарс. Можете да ги замислите Пистонси со Бош у екипа. Сигурно дека кај нив ниту Вејд ниту тој ќе се развие во тоа што се сега (или можда ќе беше така), но сигурно ќе беа појаки со нив, отколку со Миличиќ, со кој се у минус.
И задње за Крис Бош, типот сезонава мора да биде Ол-Стар. Не знам како ќе одлучат тренерите и што ќе каже чичко Штерн, ама Бош мора да игра у Хјустон, а не би било незаслужено и да влета у први пет наместо Џермејн.
* * * * * *
Покрај ова, пред малку слушнав за можен блокбастер трејд у кој главната улога ја имаат-погодувате: Њујорк и Ајзеа Томас. Според “Њујорк Тајмс”, кој и не е баш некој легитимен извор за вакви работи, посебно по најавата за трејд на Френсис у Денвер пред некој ден у кој требаше да учествуваат и Никси, Кенјон Мартин ептен му е по вкус на Ајзеа. Не гледам зошто не би му бил, ги има сите предиспозиции за играч каков стално бара да собере Томас: Мартин е преплатен (90 милиони!?!?!), игра на “четворка”, сака да биде “тројка” а нема ниту техника, ниту шут за такво нешто.
* * * * * *
И задње, познати се и играчите кои ќе бидат дел од Скилз Челинџ. Четворката изгледа импресивно, а у неа се ланскиот шампион Стиви Неш, горенаведениот Пол и исто така погореспомнатите Леброн и Вејд. Би требало да биде интересно, барем да имаше волку ѕвезди и у тројки и куцања.
February 7th, 2006
Next Posts
Previous Posts