Posts filed under 'All-Star'

Со мало задоцнување, ај малце и за првото пребројување на гласањето за Ол-Стар петорките кои ќе ги видиме во февруари во Далас.
Ако постоеше било каква здрава логика никој од нас немаше да биде изненаден од тоа која фаца е втора во конкуренцијата на бекови на Западот, арно ама, по се изгледа гласовите кои се пребројуваат на старт се тие од Кина, зошто да беа и само гласовите од Хјустон, Трејси Мекгрејди немаше да биде втор, зад Коби. Или, момакот кој нема одиграно еден меч сезонава, а и нешто не сме го виделе посебно во последниве најмалку година и пол, има повеќе гласови од Крис Пол, Дерон Вилијамс, Стив Неш, Брендон Рој, Билапс итд…
Па и од Арон Брукс, кој многу повеќе од него заслужува место во Далас, ако веќе мора да се гласа за некој од Хјустон.
Можеби како во случајот со Јаоза, НБА требаше да го тргне и Трејси од ливлињата за гласање за да не се деси некоја глупост. Но, нормално, тоа е неизводливо, пред се затоа што Ти-Мек би требал да заигра сезонава. Не е сигурно дека тоа ќе се деси во Хустон, но сепак.
Верувам дека некаде до 20. јануари работите ќе се сменат и ако сака да биде дел од Ол-Старот Трејси тоа ќе може да биде само ако си купи карта.
Кога Ти-Мек ќе испадне од комбинација, ќе биде весело да се види кој ќе биде втор бек на Западот. како и кого потоа ќе изберат тренерите со оглед на конкуренцијата каква што ни од далеку нема на бек на Истокот.
Остатокот од гласањето е донекаде очекуван. Без Јаоза и оној кој не е центар е убедливо прв во таа конкуренција на Западот.
Чудно е што одличниот сезонава кај се подобрите Тандер, Дурант, е дури петти меѓу крилата, па дури и Пау е пред него. Прв и втор се Мело и Дирк и тоа не би требало да се смени, па Кевин реално може да очекува покана од тренерите.
На Исток, Гарнет некако успева убедливо да биде пред Бош, а зад Леброн. Вејд е очекуван лидер меѓу бековите, каде втор е Картер, а трет Аринас. И овде има голем лапсус со оглед на тоа дека Реј Ален, Дерек Роуз и, пази сеа, Ален Ајверсон WTF!?!?!?! имаат повеќе гласови од Џо Џонсон. Ако некој заслужува да биде во игра за место покрај Вејд, заедно со Џо тоа е Рондо.
Центар на Истокот е Двајт. Добро утро.
ПС: Последниве неколку дена изгледав неколку одлични средби кои се решаа буквално во последните секунди. Дирк беше ѕвер против Бобкетси, Инстант риплејот ги уништи Визардси дома против Индијана, одлична завршница имаа и Бакси и Блејзерси, Санси имаа среќа со Орландо, но истото не се случи и во Денвер, Вулфси сабајлево преку Флин ја изненадија Јута, а Мемфис, иако одличен, не успеа да ги изненади Селтикси…
December 15th, 2009
Проблем со серверите не оддалечи од терените едно 2-3 дена.
Веројатно сите го изглеавте Олстарот, а до сеа кој не го изгледа во живо, сто посто го фати репризно, или па глеал хајлајтс онлајн.
Не беше баш најинтересниот Олстар у питање, иако вака навидум, фино беше све..
Во моментов немам време а и инспирација поради терсенето сервери, а сакав да напишам една песничка за обединувањето на Коби и Шек, кое за мене беше како во бајка (фалеше коа им го даваа трофејот онака виножито, водопади, еднорози да почнат да шетаат). Во секој случај, местено или не (а факат чим ја тврдам дека е местено, значи стварно е), Штерн си направи убава реклама, а Шек и Коби си додоа уште една графа во биографиите.
Што се тиче самата утакмица – она што го спомнав уште во постот за изборот на резервите, а и после тоа коа Бош се повреди – дека Истокот нема висина, допринесе да се дешава разврат во нивниот рекет (затоа и Шек потсети на старите денови, коа го чуваше Рашард Луис).
Друга ствар; иако сум најголем Коби фан, не можам и да не му замерам на Мамбата дека апла се гледаше дека е дојден да се докажува. Ама го разбирам, па чак можда и да го оправдувам до негде. Факт е дека уште долго нема да го надмине Шек комплексот. Самото присуство на Шек му направи да се осеќа потишетно веројатно, и му роди желба да се докажува. Анксиозноста на Брајант можеше да се примети и по интервјуата и снимките и све што се случуваше. После фристајлот од летоска, коа Шек пееше “Kobe can’t do it without me” и нешо со “Kobe in my ass” или сл., малце почнаа да им се мењаат улогите. Ако Шекил беше “жртвата” на ароганцијата на Коби, сега Шек е баш злоставувач, шо му се сити на слабите моменти. Со неколкуте изјави дека Коби е најдобар, дека многу го почитува и со “The Big Legendaries” Дизелот проба да се искупи, ама тешко.. На пример, целиот муабет со тоа дека Коби му дозволил на Шек да го земе трофејот да им го покаже на децата дома, ја не глеам гест на доброќудност, туку гест “нејќам да иам ништо со тебе”. Самата изјава дека ова било Олстар ко Олстар, си поиграле, се забавувале и нема сеа да стануваат носталгични, кажува многу за ставот на Коби према работите.
Некои злобници коментираат дека и Шек имал мотив да се докажува, пошто можно е да биде трампан. Истото важи и за Амари, кој веројатно ќе заврши во Чикаго за Тајрус Томас и некоја боранија.
На Истокот, тазешишаниот старец Ајверсон имаше слаба минутажа, ама затоа се изнаиграа Ален и Луис. Дебито на Мо Вилијамс не беше ништо спектакуларно, уствари ништо немаше спектакуларно воопшто. ЛеБрон нешто се дивеше, ама ЛеБрон секогаш е здивен
И така, уствари ај доста за Олстарот, да нафрлиме само неколку трејд муабети:
- Чендлер трампан за Џо Смит и Крис Вилкокс во Оклахома (Џо Смит ќе биде првиот играч што играл за сите НБА тимови). Чендер даваше 8 кома нешто поени по натпревар, од кои по 6 беа од цепелини на асистенции од Крис Пол. Сега ваљда Вилкокс ќе се опроба?
- Сем Е.Т. Кесел трампан у Сакраменто за некој пик. Не дека ќе заигра.
- Картер можно е да му се приклучи на братучед му у Хјустон, у трампа у која би бил уклучен Рон Артест. Картер го бара и Сан Антонио, и тоа за него го нуди БРУС БОУЕН и Роџер Мејсон, кој е Џуниор. Го бара и Портланд.
- Кливленд сака да го донесе Ентоан Џејмисон. Го дава Шчербијак (и ја би го дал, ама не би го зел).
- Марк Кјубан е заинтересиран за сите.
- Се вртат имињата на Реф ЛаФренц, Бред Милер, Малик Роуз.. испукани куршуми..
И така, се надевам не ве избедира тоа што падна блогов у најинтересното..
February 17th, 2009
Блекаутиве некако ни станаа нормални, па чудно ми е кога ги нема подолго време. Некој би рекол дека задњиов се деси во погрешен момент, за Ол-Стар викенд, ама искрено, мене ми беше баш сеедно, исто како што на повеќето им беше она што се дешаваше во Аризона викендов.
Од исценираниот Супермен-КриптоНејт натпревар во забивање, до мизерните тројкаши, првото издание на Хорс кое беше жива утка, а наградата беше најсмешна, Скилзот во кој единствено вредно беше куцањето на Дерик Роуз, до главната вечер во која да не беа 11-те минути на вистинскиот Супермен на теренот и неговиот настап со Џабавоките во најавата, викендот ќе беше жива утка. Не дека вака не беше, но само уште еднаш покажа дека кога Шек ќе си отиде од лигата зад себе ќе остави толкава дупка која никој нема да може да ја надомести, ни половина од неа.
Во моето следење на НБА, кое годинава навршува некои 20 години немам видено лик кој има толкава харизма, поголема и од него самиот, и тип кој и покрај се што кажал и секого што навредил (на некој начин), никој не му е лут и сите уживаат во неговото друштво. Добро, освен можеби еден тип кој мораше да ја дели МВП наградата со него во Феникс. Уште сега гледам милионска понуда за аналитичар на ТНТ за Шек кога конечно ќе одлучи да каже – Доста беше.
Е сеа, ко-МВП титулата за Шек малку ги растопи тивките и неинтересни фанови во Феникс, за кои викендов и не беше нешто посебно. Цело време се знаеше дека Тери Портер ќе лета во понеделник, а и сите се прашуваа дали со него во некој друг клуб ќе одлета и Амари. До сега вториов не одлета никаде, а не верувам дека ќе се деси такво нешто, иако денеска малце се запржи муабетот за негов трејд во Торонто, кај другар му Мерион, Булси би го лапнале Бош, а Феникс, не знам, Тајрус Томас, Дру Гуден и две конзерви сардини. Сумњиво.
Иначе, иако е лидер на моите Хоукси, морам да го спомнам Џо Џонсон и веројатно една од најлошите Ол-Стар претстави во историјата. Станувам престар за сите овие Ол-Стар скаламуции.
Иначе, ова е ептен фришко: Хорнетси го трампаа Тајсон Чендлер во Оклахома за Крис Вилкокс, Џо Смит и ситно. Така, веројатно од економски причини, Џорџ Шин уште еднаш го направи својот тим еден од кандидатите за висок пласман во средина на Западот. Тајсон беше душата на одбраната и на рекетот на Њу Орлеанс, а тоа ќе биде и во Оклахома. За него го добија Вилкокс, кој знае да набива бројки кога не треба и кој куца ко ѕвер само кога е сам и Смит, кој може да помогне, но и кој може да биде откупен, па да заврши во тим како Бостон или Кливленд.
Со овој трејд умре и најдобриот цепелин во лигата и сега на Пол му е останува да фрла цепелини до “скочниот“ и незаслужен Ол-Стар Вест. А може и Пеџа ќе фати некоја топка. Или не.
Толку, мојот најдолг пост после доооолго време.
February 17th, 2009
Олстаров вечерва се следеше на твитер од страна на главниот коментатор Шеп со помошниците Дарко Комуникации и Дасаф кој ни се приклучи на крајот. Може да видите детално што све се зборело на овој линк.
Еве отприлика како тоа изглеа срочено хронолошки:
- кулите близначки повторно заедно. иако кули близначки и не чини
- нба.ком пренос у живо со 4 камери. кај отиде технологијава
- аман више од детроит и сан антонио на шутинг старс
- Parker се посра
- капоно маа пинг понг?
- херис муња, роуз не е лош
- ауууу дерик роуз ама ја здрви за шампионско место брао брао го бива детето
- паркетов е грд, али бар сонцата имаат по 15-16 крака
- НБА од увек се грижела за доброто на човештвото, ете го боб лениe со штитениците
- роџер мејсон бил џуниор
- ќе се пуцаат тројки рафално, а у меѓувреме дебело дете свири саксофон + пак ме заебава преносот. спрајт рекламава не ја можам
- woona: #allstar2009 таглајнот на НБА не треба да биде where amazing happens. треба да биде “остваруваме”. организација еј..
- darko156: @woona #allstar2009 не смеат остваруваме, има tm. патем, како би било на англиски?
- woona: @darko156 #allstar2009 NBA. keepin’ it real
)
- реџи милер навија за дени гренџер. вика my pacer. дени му вика “не ми викај така, она така ме викаше” (пацер)
- кени смит вика мајк биби ако беше натпреваров у шутирање од едно метро внатре во тројката ќе победеше сигурно
- многу се духовити коментаториве на тнт. ми фали баркли само све да биде комплетно
- Биби здена една од табла
- иј, овој кук од мајами опасен
- ова шо ме дупи конекцијава се осеќам ко олстарот ко тепаше тим леглер у тројки а ја местев антена. која ли година беше тоа
- пејтон навија за рашард, вика ние го драфтуевме у сиетл. ми фали сиетл. не можам да поднесам нба без сиетл суперсоникс
- гренџер е играч онаков ко шо играч комплетен треба да биде. број 33, мускулест, симпатичен, кратко ишишан и елегантен
- роџер мејсон кој е џуниор цел истетовиран со лоша фризура. се смее, радосен е.
- градоначалникот на сакраменто, кеј џеј назад у феникс
- Kapono од топ позиција сите ги уфрли вкупно 16. иде у финале
- капоно може да се прости од третата по ред титула. боље беше у прва рунда него у финале
- флоридско дерби. рашард го кутна капоно, ама со 15 поена арам да му е ако победи. ако тепа кук кој ќе го слуша кени смит
- ко што реков, флоридско дерби. израмнети се на 15 кук и рашард. него догодина идам ја да пуцам тројки. срамота ова, 15 у финале
- каков грд шут има овој рашард луис кој го прати на тројкиве нека се лечи
- му се згазија од смеење на рашард. седум. у маало се даваат поише од седум на пиво коа играат старците со мешљаци
- кук тепаше. жива бафтаана. едвај влезе у тајбрејк, а у тајбрејк коа противикот дава СЕДУМ, не ни мора да шутираш за да победиш
- спрајт се рекламира со бомбаши самоубијци
- по гасол у дрес се шуња (тоа на тв пренос не се глеа, ама плеер камера го фаќа). веројатно со руди нешто ќе мучка
- колку лош музички настап.. не знам шо е поентата да потплатиш публика да рипа да се шутка
- darko156: @woona кои се несреќиве бе? #allstar2009 не фатив
- може да се дава аплауз на преносов. штета што не може да се дава свиреж
- @darko156 некој бенд сумњив непознат #allstar2009
- нејт робинсон и двајт хауард се глупираат на најавата. двајт стварно го имитира шек.
- го прашуваат двајт што ќе праиш вечерва, вика “не знам”
- нејт робинсон има грди патики
- руди тапа ај сеа да го видиме малото
- нејт тренирал
- двајт сумњив
- што би рекле мтв коментатори. доста тактизирање во првата рунда забивања
- двајт со врски
- руди највише се замара со контестов
- гасол и фернандез се мачат
- кени смит вика “аматеризмот на шпанија, цела земја”
- исклучително тежок обид на фернандез, надвор од време
- од 10-ти обид стварно јакоооо ама судии педери го оштетија руди
- мрчење смит, у паника
- не е фер ова на смит врска немаше. ист број бодови како фернандез
- нејт робинсон го стапна чендлер. да не му скрши пршлен само
- на двајт не му даваат да го дигне кошот, па си донесе нов
- нејт се маскираше у криптонит, масовно куцање
- двајт со гнасно куцање
- aaaaaa, нејт преку двајт, вау
- нејт криптонитот, го рипна супермент. леле го рипна не ми се веруе. ко винс картер шо го рипна французот.
- леброн се пријави за догодина да куца
- сеа фали двајт место со баскет да закуца со нејт робинсон
- пак ме ебе конекција, ми раскажува @darko156 како двајт закуцал од слободни со две раце
- дресот на двајт со ликра
- типов на алфа е оток невиден. ко на борис трајковски погребот да го коментира!!!
- Нејт Робинсон победник 52% гласови од публика
- немогуче, криптонитот појак од супермен. нејт робинсон тепаше. чекам сеа хајлајтс да ги видам куцањата на раат
- нејт му се плаши на леброн, вика догодина ако више мора, ќе куца
- коментаторт на Алфа не сфати дека Нејт е зелен заради криптонит. мисли дека е заради sprite
И така..
ПС: Брејкинг њуз. Ален Ајверсон се шишал и нема више корн роус.
February 15th, 2009
Еве една кул најава, со ствари позајмени од 1986:
Кој е кој? Прашање е сега (Џамир Нелсон е Џордан, Ајверсон е Ајзеа, Двајт е Мозес Мелоун, другото не знам)
А еве и една пољута најава:
А и една пософт:
* * *
Синоќа се одржа традиционално безвезе дуелот меѓу дебитантите и софморите кој традиционално го добија софморите и на кој традиционално Кевин Дурант постигна 46 поена и му беше доделен традиционалниот трофеј МВП на натпреварот. Во дуелот неосновано наречен “Руки Челинџ” (предизвик?! кој црн предизвик), бројката 46 е новиот рекорд, а очекуваме догодина ОЏ Мејо или Бизли кога ќе бидат софмори и кога ќе ги плескаат новите дебитанти да го оборат.
Хајлајтс од текмата:
Она што беше интересно, беше “тренерската” улога на Двајт Хауард:
Вечер се куцањата, тројките, скилс челинџ и тие другите рубрики кои не можам никако да ги запамтам.
За главната утакмица најава покасно.
February 14th, 2009
Насловот кажува се. Изгледа петок 13-ти не е само мит. Иначе, секоја чест за рекордот на Дурент од 46 поени на средба на која никој жив не игра одбрана и на која би требало да гледаш малку да се зезаш и да ги разигруваш и соиграчите.
Барем го има Доминик.
Вечер е она подоброто во однос на синоќа, а за тоа утре. Ај хоуп.
February 14th, 2009
Точно, Рајли и Коланџело договорија трејд, ама не оној кој го посакуваа фановите на Мајами. И не со тој Коланџело со кој посакуваа. (Иако постариот Коланџело веќе не е дел од Санси, тој сепак има мал удел во организацијата). Вака. Залижаниот избрза и како што најавив пред две-три недели го собра Џермејн О’Нил од Торонто заедно со месечарот Џамарио во размена за Мерион и Маркус Бенкс, пакет кој исто така беше испратен во Мајами од Феникс во дилот за Шек.
До вчера се зборуваше дека Мајами и Рајли се во игра за трејд на Амари на Флорида, дил во кој би учествувал и Мемфис. Покрај тоа, ако не успееја со Амари, Рајли и компанија требаше да бидат во игра за Бред Милер од Кингси во размена за Мерион.
Сега, Ол-стар викендот почна со сензационална вест која и не е нешто сензационална. Само што не знам колку добива Мајами со ова, посебно ако се земе во предвид здравјето на Џермејн и неговиот договор. Да го задржеа Мерион, кој дефинитивно не се вклопуваше таму и кој докажа дека колку и да мрчи не го бива за повеќе од трета опција, барем ќе му го отпишеа договорот во лето и ќе тргнеа по Бузер на пример. Исто ќе беше и со Бред Милер, кој е слободен во лето, акој нема да пружи помалце од Џермејн.
Вака, летово нема шанси да го добијат Бузер и ќе мора да се молат во колената на Џермејн да издржат до крај на сезона.
Репторси од друга страна ќе го пробаат Мерион кој би можел подобро да се вклопи кај нив, ако не успее експериментот, тогаш летово ќе имаат пари за некој солиден слободен играч (Бузер, Дејвид Ли?).
Толку од мене, Ол-Стар најавата ќе ја оставам на расположението и слободното време на Шеп. Од мене и ова е многу со оглед на моменталната ситуација. А колку имам да пишам за некои теми како Амари и Санси и сл. Ќе биде.
********
Уште само ова. Откако И-Ти Кесел пред некоја сезона почна да си ги истакнува гениталиите после секој голем потег, тоа оваа сезона се префрли на еден куп играчи низ лигата, од Коби, Одом, трампаниот Мерион итд…
Од кај потекнува овој мушки гест? Еве од каде:
February 13th, 2009
Previous Posts