Posts filed under 'Aмар-корд'
Бргу после Атланта, и Лејкерси го доживеаа првиот пораз оваа сезона, така да после нешто повеќе од две недели немаме тим со совршен скор. Можеби не очекував дека баш Пистонси, и тоа баш во Ел-Еј ќе ги победат Лејкерси, ама сигурно никој не ни очекуваше дека Нагетси ќе слават синоќа сред Бостон. па уште и Хоукси изгубија во Њу Џерси, Санси со препородениот Шек, без Нешти и со просечен Амари тепаа во Сакто, а Грег Оден го имаше првиот НБА дабл-дабл, иако Блејзерси изгубија во Њу Орлеанс.
Не ми е јасно, но веројатно тука игра факторот Аделман, ама Рокетси изгубија во Аламо од Спарси без Точни и Ману со Данкан и еден куп НБА просеци.
И нормално, Далас уште нема победа дома, а вкупно има скор 2-7.
Камбек на почетокот на текстот, Пистонси сигурно чувствуваат потреба да им покажат на сите дека после овој трејд се само посилни, што и ќе бидат кога ќе им се врати назад и Мекдајс за месец дена. Против Бостон пукнаа, ама како што Ајверсон ќе се воигрува со новите соиграчи, така и ќе бидат поопасни. Не викам дека можат да одат до крајот, ама начинот на кој функционираат мозоците на Рашид и Ајверсон се уште се енигма, така да ако им се спојат жичките тие можат да изненадат секого.
Плус, тоа би било одлично збогување пред пензија за Шид, кој сум сигурен дека ќе се пензионира ако Детроит ја освои титулата. Но, има време за тоа.
Топ 10 не ставам, зашто не го бива, исто како и прегледот.
November 15th, 2008
Понекогаш бројките кажуваат многу повеќе од зборовите.
Тони Лонгориа: 55 поени….22-36 од игра, 2-3 за три, 9-10 за слободни, 7 скокови, 10 асиста, 4 заг.топки за 50 и пол минути.
Амари: 49 поени….17-21 од игра, 0-2 за три, 15-15 за слободни, 11 скокови, 6 асиста, 4 заг.топки, 5 ук.топки и 2 рампи за 44 минути.
Леброн: 41 поен….13-23 од игра, 0-2 за три, 15-16 за слободни, 9 скокови, 6 асиста, 5 заг.топки, 4 ук.топки за нешто помалце од 36 минути.
ПС: Хоукси: 3-0
November 6th, 2008
Како некој да се сомневаше во целава работа. Да, Америте немаа доволен број квалитетни високи играчи, ама затоа ги имаа Леброн, Вејд и Коби. Па после и Пол, Хауард и Бош. И што е најважно, за разлика од минатите натпреварувања кога тие гледаа да направат состав со кој би им се прилагодиле на интернационалните правила и ФИБА стилот на игра, овој пат тие си ја играа својата, НБА, игра, покажувајќи каде се игра најдобрата и најатрактивната кошарка на светот и каде играат најголемите светски ѕвезди.
Тоа мене лично никогаш не ми било спорно, ама има такви кои со се срце му се радуваа на секој неуспех на Америте изминативе години, не согледувајќи го фактот дека после Сиднеј, Америте до сега немаа испратено вистински НБА тим на едно натпреварување. Ви текнува само на првите пет од Атина пред четири години? Марбери, Ајверсон, Џеферсон, Одом и Данкан. И се тоа под водство на Лери Браун. Не знам дали воопшто треба да се коментира оваа петорка, посебно не тоа дека прв плеј беше Марбери, тројка - Џеферсон, а на четворка го имаа Одом, кој според многу од фановите на Лејкерси, не смее тоа да биде ни во својот тим.
Но, да ги баталиме нив. Муабетот е за оваа група момци сега, која што е најстрашно можеше да биде уште посилна (Амари, Гарнет?). Не сакам да мислите дека сум некој амерофил (тоа е зборот, нели?), но едноствано мора да им се симне капа на најдобрите. Исто како што мора да им се признае на одличната борба на Шпанците, кои дадоа се од себе, а и го немаа Калдерон. А и Аргентинците, кои ги газеа Литванците и заслужено се трети. Кога се повреди Ману во полуфиналето, не ми беше страв дека ќе гледаме слабо полуфинале, туку ми бепе страв дека тим како Литванија ќе биде трети. Но, одличниот на овие ОИ, Делфино и Скола играа и за Ману.
Следните ОИ се 2012 во Лондон, но пред тоа имаме СП за две години на кое сум сигурен дека Америте ќе гледаат да си ја вратат двојната круна. Судејќи според младоста на овие момци и желбата и енергијата која ја покажаа, тоа и нема да биде така тешко.
August 24th, 2008
Можеби сабајлево Мекдајс според играта не личеше на оној Мекдајс од пред страшните повреди, но бројките дефинитвно беа оние старите. Не знам колку се сеќавате на стариот Дајс, оној кој се убиваше од куцања и атрактивни потези во Денвер и Феникс пред да му отиде коленото на стартот на овој милениум. Човекот беше Амари пред Амари и ги навикна луѓето во Аризона на комбинација од страшен плеј и неверојатен атлет на четворка кој по потреба често играше на петка.
Тоа што воопшто игра, па уште и на нивото од сабајлево, е неверојатен податок за Дајс, кој целосно го смени својот стил на игра за да остане во лигата.
May 27th, 2008
Уште откако ја изгубија првата средба на начинот на кој ја изгубија, се плашев дека Санси нема да можат да се вратат во серијата со Спарси. Од една страна, не можев да го видам квалитетот на двете страни од теренот кој го имаа Спарси, а од друга, мислев дека менталниот ефект од губење на добиена утакмица на гостински терен, меч кој може да биде клучен за серијата, е психичка пречка која тимот на Бркот нема да може да ја надмине.
На крајот се покажува дека и двете работи држат вода, а она што посебно е евидентно во оваа серија е дека колку и да сакаат сите неутрални НБА фанови Феникс да иде понатаму, Санси едноставно не се направени од материјалот потребен за еден тим да стане шампион.
Прва огромна дупка во тимот е одбраната, посебно таа на надворешните позиции, која најскромно речено е мизерна. Нешти е човек во години кој нема сила да се троши и во нападот и во одбраната и пак да биде свеж на крајот. Тој е најдобриот шутер на Феникс и кога тој е уморен, Санси ретко имаат шанса за победа против тим како Сан Антонио. Нешти синоќа мораше цела вечер да го брка Паркер во одбраната, која никогаш ни не му била некоја посилна страна.
Плус, бранењето на блокот е ужасна слабост на Феникс, па така да иако на Тончи му го затворија патот кон рекетот, момакот имаше максимална слобода да си шутира од својата омилена полудистанца. Екипи кои се горди на својата одбрана не дозволуваат такво дежа-ву цела вечер.
Самопрогласениот најдефанзивец во Аризона Бел, Барбоса, Гиричек, Диао и Амари исто така не знаат многу што е тоа одбрана, нити се трудат да научат.
Втората голема дупка во Феникс е поврзана исто со Неш, кој за да биде ефикасен во нападот, мора да не се замара премногу во одбраната. Сабајлево, Паркер го бушеше, па Нешти немаше сила да игра напад и беше страшно надигран од Лонгорија. Кога на тоа ќе се додаде прљавштината наречена Боувен која го пратеше Неш во секој чекор и неспособноста на другите да повлечат, се станува јасно. Тоа што Барбоса имаше најдобра партија до сега беше само случајност.
Исто така, тактиката на Феникс пред оваа серија беше да се лимитира ефектот на барем еден од Топ триото на Спарси, нешто во што сабајлево исто така бедно потфрлија. Тончи - Тимчо - Ману искомбинираа 84 поени со шут од игра од 33-52 и од слободни од 13-15.
Сите тие хендикепи и силината на противникот, како и неговиот тренер, се нешто со што Санси не можат да се справат. Доколку следната сезона сакаат да бидат во било каков муабет за можна титула, летово ќе мора да има некои сериозни промени, како во пристапот на тимот, така и во барање на епизодисти кои ќе помогнат да се понесе теретот, посебно во одбраната, но и во нападот, каде Феникс е крајно предвидлив.
И да, Неш не шутна ни една тројка сабајлево.
* * * * * * *
Мечот во Филаделфија не го гледав, но секоја им чест уште еднаш на Сиксерси, кои не престануваат да изненадуваат. Андре Милер веќе не смее да биде еден од најпотценетите играчи во лигата, додека честитки заслужува и Морис Чикс, кој барем до сега се покажува како двапати подобар тренер од Флип, што веројатно и не е тешка задача.
Пистонси имаат тенденција да играат слабо со незвучни имиња, но ваквите партии немаат оправдување. Ќе биде интересно во Гејм 3.
Бај д веј, кај е Чонси?
April 26th, 2008
Што сега, Санси? Што откако Спарси длабоко ви влегоа во главата и ви покажаа дека можат во секој поглед со вас. Што откако вие како еден од најдобрите офанзивни тимови во лигата давате 61 поен во првото полувреме, а потоа само 11 во третата четвртина, и тоа пет од нив преку шестте слободни кога Поп се реши малце да ја испроба среќата со Хек-А-Шек тактиката.
Причините за поразот се исти како и на Гејм 1, само што овој пат Санси немаа проблеми со личните на Шек и Амари, но и немаа сила да ја направат завршницата незивесна. Да не зборам за тоа дека пак не можеа да ја задржат предноста од првото полувреме, која овој пат изнесуваше плус 14, а по бедата од третата четвртина стигнаа до минус 13.
И пак, Нешти (само да играше барем малце одбрана) и Шек не се криви, па не е ни Амари, иако момакот не знае што е одбрана. Данкан повеќе си имаше работа со Шек, а тоа значеше јоктур 40 поени. Арно ама, кога немате бекови кои барем ќе пробаат да го задржат својот чувар, кога го имате самопрогласениот дефанзивец Раџа Бел, не баш паметниот и без муда Борче Диао и ужасниот во оваа серија, како и против скоро сите елитни тимови оваа сезона, Леандро Барбоса, нема што да барате во Аламо. Да не зборам дека Грент Хил беше повреден и дека клупата е потенка од г’з папир на Евреин (без навреда).
Следните две ќе бидат многу потешки за играње за Феникс, отколку за Спарси и ќе биде чудо на крајот Санси да бидат тие кои ќе идат даље.
Исто ко што не ми се верува дека мизерните Мавси ќе најдат решение за МВП-то Крис Пол, кој по 30-15 од Гејм 1, која беше негово плеј-оф деби, се поправи на 32-17 во Гејм 2. Кид, who?
Другиот ѕвер живее на Флорида и синоќа ја имаше втората 20-20 средба во овој плеј-оф. Иако среќата која го пратеше Хидо и неспособноста на Бош го спасија Орландо, нивната иднина во оваа серија, како и овој плеј-оф целосно е во рацете на Двајт, а тоа и не се така лоши раце за да ја ставиш својата иднина во нив. Само се ми мириса на мучни две во Канада за Орландо.
April 23rd, 2008
И пак исто. Санси водеа, гинеа, имаа неколку шанси за победа и на крајот пак го попија од Спарси. Како што спомнав во коменарите претходно, против Сан Антонио не смеете да си дозволите премногу почетнички грешки и нерешителност кога играте тесна завршница. Поп е препаметен стратег, а Ману и Тимчо се преискусни за да не знаат да ве казнат.
Психата според мене е еден од главните фактори во оваа серија, а својата во моментов изместена Санси ќе мораат да ја поправаат во Гејм 2, која не мора да биде, но може да биде клучна за нив. Имањето на Шек може ги направи малку ментално посилни (како и во рекетот), но паметната игра во завршницата и кошаркарска интелигениција се нешто што еден играч не може да го смени. Плус, Мајк Д’Антони, колку и да е заслужен за револуцијата во Феникс, не е тренер од калибарот на Поп.
Доказ за тоа е нападот на крајот од рег. дел во кој сите се сконцентрираа на Ману, а Финли беше тој за кој беше нацртана акцијата и кој убаци тројка за изедначување. Санси имаа напад за победа, ама во него одеа преку Леандро Барбоса?!?!? Да не зборам за тоа дека претходно Амари изгуби топка на 93-90 за својот тим, топка која не смееше така лежерно да ја држи кога го има Ману до себе и кога игра против Спарси. Амари пак направи глупа грешка кога проба да отиде преку Курт Томас правејќи го 6. фаул во напад и давајќи им напад на Спарси на 104-101 за Санси. Тука се дешава првата тројка на Тимчо сезонава кога сите се сконцентрираа на Ману кој отиде на влез.
Колку што беше изненадување трицата на Тимчо, за мене поголемо изненадување е тоа што Санси не знаат кога треба, а кога не да се направи фаул. Па имате три разлика во последните 10-15 секунди и вие не правите фаул за две слободни? Наместо тоа оставате противникот да одигра свој напад за тројка. Катастрофа. Од тренерска проценка до играчка интелигенција.
Да не зборам за тоа дека во некои од клучните моменти Санси одеа преку Барбоса и Диао, кој исто ко Амари направи голема грешка во финишот.
На крајот, џабе му на Нешти што е играчиште и на Шек што знае да го стави Данкан во џеб, макар и кога има пет фаули. Исто ко што му е џабе на Амари што дава 33 поени кога не игра ни грам одбрана и нема доволно во главата за да одигра паметно во нападот. За да се поминат Спарси е потребно нешто многу повеќе, а дали Санси го имаат тоа ќе видиме многу брзо.
* * * * * *
Другите три средби можеби беа интересни, но никако ко тој во Аламо. Крис Пол покажа зошто може да биде МВП, откако во својата прва плеј-оф средба ги реши поискусните Мавси, Јута очекувано го доби ослабениот Хјустон во гости, додека мрчењето и грубата игра на Визардси и ненаше некој посебен ефект над Леброн.
April 20th, 2008
Previous Posts