Posts filed under 'Финале 2006'

Фајналс Микс…. + анализата на Чоте

Ајзеа го одложи текстов за еден ден, но време е да се даде последен поглед на 60-то НБА финале, кое зависи од која страна гледате е едно од најдобрите во последно време или пак уште еден случај за conspiracy теоретичарите.

(Малку ќе одам рендомли од ствар на ствар за финалето, али ќе ме сконтате, после преку 200 ноќи без спиење…израчунав негде околу 220 утакмици…малку ми е чудно што ќе си легнувам пред изгрејсонце).

Ја сум негде измеѓу. Не сакам да гледам како титули се решаваат со слободни, слободните треба да бидат составен дел од играта, но не на начин на кој цела сезона би се сведувала на изведување слободни од страна на еден играч и тоа на две средби по ред.

Тоа што Вејд испуца преку 20 слободни на две средби од финалето, а тоа факат се нема десено никад, е нешто што фановите на Далас и Кјубан никако не можат да го сварат. Факт кој оди на нивната воденица е и тој дека Ајверсон сезонава беше лидер по бројот на изведени слободни (Коби е втор), а тој цела сезона изведе преку 20 слободњаци на само четири средби (кога Коби убаци 81 поени тој шутна 20 слободни).

Е сеа, знам дека ова звучи како Вејд незаслужено да се најде таму каде што момакот е сега, што у никој случај не е вистина. Вистината е дека додека другите се мислеа и не знаеа како да ја свртат средбата во своја корист Двејн едноставно беше фром анадр планет.
Кога требаше да се оди на шут - тој си погодуваше, кога требаше асистенција - тој си наоѓаше слободен соиграч, кога се кршеше резултатот - тој знаеше дека треба да тргне на влез и да изнуди што може повеќе контакт, свесен дека судиите ќе дувнат фаул, иако имаше и доста ситуации во кои Двејн не го доби тој суперстар третман.

Факт е дека во ова финале Флеш покажа муда какви сме виделе ретко кога досега, посебно не на вакво ниво. Вејд на грб ги качи сите старци од пензионерскиот од Мајами и ги однесе таку каде што сами никад не можеа да стигнат кога беа у најдобри години баш поради тој факт - што немаа доволно големи муда (дел од муабетов нормално не е Шек).
Факт е дека сите бевме сведоци на пишувањето на историјата на НБА, нешто за што сигурен сум дека ќе им раскажуваме на нашите деца, внуци, итд…

* * * * *

За да се сфати како стигнавме до тука и до ситуација слободните да решаваат треба да се вратиме некои шест-седум години назад кога чичко Штерн одлучи и дефинитивно да ги избаци од лигата момците и фаулите од типот на Оукли, Лејмбир, Мејсон, Родман, Махорн итд…

Комишот воведе неколку измени меѓу кои кључна беше хендчекинг фаулот надвор од рекетот со кој им се даде максимална слобода на момците како Вејд, Коби, Ајверсон, Трејси и др., за да им биде уште полесно, секој погруб контакт кога тие момци ќе влезеа у рекет беше окарактеризиран како непотребна грубост и значеше суспензија. На времето тие фаули беа само тн. “машки” фаули, сега се фаули за у затвор.

Добар пример е фаулот на Стекхаус над Шек, за кој порано никој немаше да лапне суспензија, па уште у финале?!?!

Ваков третман пред 20 години да имаа Мајкл, кога Бед Бојси буквално на секој негов влез одеа да му скинат глава или Доминик, кој и без тоа го држи рекордот за 23-23 уфрлени слободни на една утакмица сигурно ќе имаа просеци од преку 40 поени.

“I really got involved to outlaw all the handchecking and all the beating up of guys on the perimeter, so now the game’s gotten a lot smoother, so you’ve got superstars like Dwyane Wade, LeBron James, Dirk Nowitzki who can take the ball to the hoop without all of that old Knicks ball, the old Pat Riley stuff, where they’d just beat up on people” - изјава која Марк Кјубан ја даде на “Летерман” кога серијата се пресели во Мајами. Веројатно сеа си ја мава главата у ѕид.

* * * * *

Веројатно држи вода фактот дека е потребно искуство, посебно на клупата за да се освои титулата. Колку и да не ми се свиѓа начинот на кој залижаниот ги водеше Хит.

Сите забелешки на неговите потези губат на тежина кога ќе се сфати дека токму Рајли, заедно со Флеш ја одигра најголемата улога во освојувањето на титулата со тоа што целосно го стави у мал џеб Ејвори Џонсон, кој се изгуби после две средби и три и пол четвртини.

Улогата на мотиватор, по која уствари Рајли е и најпознат, тој ја изигра оскаровски, убедувајќи ги своите момци дека се способни да се вратат од 0-2 и велејќи им дека на 20.06. ќе ја освојат својата прва титула.

Ејвори после ова може слободно може да си ја врати наградата за Коуч оф д јир, затоа што недозволиво е за некој како него да не сфати дека му е подобро да престане да го утројува Шек и конечно да му посвети повеќе внимание на Вејд.
Нели е подобро еден од триото мрцини Диоп, Дампие и Мбенга да го пази еден на еден Дизелот (колку и да е тоа немогуче за нив) и секогаш кога Шек ќе ги поминеше и ќе се најдеше у позиција да поентира да направеа фаул.

Можда Ејвори не примети дека Шек е труба на слободни. Кој знае. Тој имаше 18 фаули да подели на Шек, а наместо тоа Мавси цело време го праќаа Вејд на слободни.


Проблем ми е и лидерството у Далас, каде барем до финалето Диркулес покажа дека конечно си ги пронашол мудата и знае што му треба да стане шампион. Ви текиња на серијата со Сан Антонио и растурањето од шутирање слободни на Дирк, што е многу слично со тоа како Вејд ги смска у финалето?

Тој Новицки го снема негде на патот од Феникс за Далас и не се врати до крај. Можеби избричената глава и брада ќе му помогнат да сфати колку бил блиску - за влакно.

А и што да очекуваш од екипа у која најплатен играч е Кит Ван факинг Хорн…

* * * * *

Никад не ми се верувало дека екипа у која стартен плеј е Џејсон Вилијамс, а уште па на тројка почиња Ентоан Вокер ќе успее да помириса финале, а камоли да стане шампион. Ама, веројатно тоа е Вејд-Шек ефектот.

Свака им част на Зо и Пејтон на првите титули, посебно поради тоа што и двајцата одиграа голема улога. Уште ми е у глава куцањето на Зо на крај на прво полувреме и секоја од петте блокади у Гејм 6.

Па уште како се тресеше на земја како да има напад…пример за тоа како се игра со цело срце…и еден бубрег.

* * * * *


Шек, колку и да според некои хејтери не делуваше така, одигра огромна улога во освојувањето на титулата. Со самото тоа што беше во игра и што у секој напад беше у2 и у3јуван тој отвараше простор да играат сите, а посебно Флеш.

Сега, Шек спободно може да каже дека го исполнил ветувњето кое им го даде на сите у Мајами кога пред две лета стигна во градот. Тој стана шампион без Коби покрај себе, иако мора да се признае дека тој тоа не го оствари на начинот на кој го замислуваше или посакуваше.

Од друга страна, Коби сакаше да ја освои титулата на ист начин на кој тоа го направи Вејд - со надминување историски дефицит со игри за историја, правејќи се сам кога се крши резултатот и докажувајќи дека тој е главната фаца у тимот.

Тоа што Шек свесно целата моќ му ја проследи на Двејн сигурно уште повеќе го полудува Коби, за што веројатно и не е потребно многу напор.

Начинот на кој заврши сезоната на Коби, со тоа што по медиумите беше повикан за неуспехот на Лејкерси во клучната седма со Феникс, кога во цело второ полувреме имаше само три шутеви од игра кога најмногу им требаше на своите помошници.

Кога на тоа ќе се додаде фактот дека Двејн е ѕверот кој успеа од 0-2 да сврти едно НБА финале во 4-2 за својот тим, па тоа што Двејн без проблеми успеа од менторот на Коби, Шек да направи втора опција и на крај тоа што сите почнаа да го споредуваат со идолот на Брајант, Мајкл химселф…веројатно му дава силни мотиви на Коби за следната сезона, познавајќи го каков его-манијак е.

Едвај чекам да ги видам неговите дуели со Двејн следната сезона кои сигурно ќе бидат класика и ќе се најавуваат како што тоа до оваа година беа најавувани двобојите на Коби и Шек. Едвај чекам.

* * * * *

Во продолжение…РЕКАПИТУЛАЦИЈА НА ШЕЕСЕТОТТО НБА ФИНАЛЕ by Chote, кој е најнова аквизиција на МакНБА тимот. Бето, уште не си ја аксептовал поканата која ти е пратена пред месец и кусур. Ај така.

(Иначе, морав малце да ги преуредам задњиве два текста затоа што си реков дека тоа што го пишав у петокот ќе биде задњи пост за финалето. Плус, Шеп многу, т.е. ич не го средил текстот, па морав малце да го излектурирам. Чоте, пази со дупли спејс у будуќе:). Донт вори, ги префрлив и коментарите. Сеа со текстот на Чоте добијате дупла доза НБА фајналс рикеп и тоа подвлечено со жуто - К.)


НБА сезоната заврши. Имаме нов шампион, “нов-нов”. Ретко кој очекуваше ваков расплет, особено по почетното водство на Далас во финалнава серија. Но, се случи чудо. Се срушија многу НБА рекорди и се прекинаа многу традиции.

Најбитно од се, НБА се издигна, не знам како да го објаснам тоа, ама НБА е повторно интересна за гледање, барем за мене. Се разбира не на исти начин интересна како што на пример беше во времето на Џордан и компанија (месо-боранија-К.), но не е досадна како што беше пред 4-5 години.

Веројатно најдобро ќе ја опишам новонастанатата ситуацијата ако кажам дека се поставија нови стандарди. Многу добро го кажа тоа Лекиќ, кој за наша среќа ги коментираше сите натпревари од финалето.

Она по што најмногу ќе го паметиме финалево е секако Двејн Вејд, кој израснува во феноменален играч. За мене тој отсекогаш бил подобар од Леброн и Мело, играчи со кои најчесто го споредуваат.

Вејд експлодираше кога беше најпотребно, Вејд покажа особини на исклучително зрел играч кога беше најпотребно.

Голема заслуга тука има и стариот лисец (што би рекол З.Михајлов) Пет Рајли, кој успеа да ги постави работите така за да извлече максимум од составот што му беше на располагање и затоа што успеа да ги постави работите така за талентот на Вејд дојде највеќе до израз кога беше најпотребно.

Иако морам да признам, на моменти тактиките негови ми беа чудни.

Во привјуто на финалево што јас го пишав споменав дека една од причините поради кои Мајами е во предност е токму Двејн Вејд. Да бидам искрен, во никој случај не мислев на оваа предност што Вејд му ја донесе на Мајами во финалево. Ова што се случуваше ретко кој можеше да го предвиди. Човекот е чудо. Човекот на раце го однесе Мајами до титулата. Во него има потенцијал, различен од оној на Леброн или на Мело или пак на Коби. Човекот е едноставно различен од супердобрите играчи како овие споменати погоре. Мислам дека имаме чест да гледаме раѓање на една легенда. Иако сум веројатно сеуште под импресии од се она што се случуваше во финалето, сигурен сум дека Двејн Вејд е играч со вонсериски потенцијал.(Така е).

Во привјуто на финалето, исто така, кажав дека очекувам Шек да биде главен. Но, не беше така. Ни блиску до тоа што јас го очекував. Според мене, освен експлозијата на талентот на Двејн Вејд во финалево, друг многу битен момент што стана кристално јасен во последнава недела е падот во формата на со сигурност најголемиот активен играч во НБА. Станува јасно дека Шек остаре.

Факт е дека сеуште нема играч во НБА што може да го чува еден на еден, но исто така очигледно е дека колената на Шек попуштаат и он неможе да издржи повеќе од 30 минути на паркет. А и во тие 30. минути не е оној стариот, го нема оној жар и желба и секако не е физички спремен за да пружа партии какви што пружаше за Лејкерс на пример.

Во наредниве неколку сезони, Шек се повеќе и повеќе ќе се потпира на неговата харизма и искуство. Ние можеме само да уживаме во неговата игра, во играта на најголемиот активен играч во НБА во моментов и по неколку години да им кажуваме на децата за него. Шек беше втора виолина во финалево, како што и самиот си призна на крај. Во секој случај, вистинска привилегија за Вејд се околностите во кои тој “расте” како играч - Пет Рајли и Шекил О’Hил, не може да посака подобри тутори.

Во привјуто исто така реков дека очекувам старците во Мајами да гризат. Така и беше. Морнинг потсети на најдобрите денови од неговата кариера, јас не сум го видел толку мотивиран. Пејтон исто така изигра солидно за минутите што му беа доделени, а и за кондицијаита што ја има. Пејтон го реши третиот (одлучувачки) натпревар.

Останатите ветерани и не прикажаа кој знае што. Не ми е јасно како може Џејсон Вилијамс, 7 години да игра во НБА и при тоа да не созрее 5%, да не се надгради 5%. Истите глупости што ги правеше во Сакраменто на времето, па потоа и во Гризлис ги прави и сега, на тотално ист начин. Ептен е за никаде.

Секако треба да се спомене и Вокер, кој имаше голем удел во победата во последниов меч и исто така огромен удел во двата први порази на Мајами во финалната серија. Исто така Вокер даде огромен придонес за победата во третиот или четвртиот натпревар кога последните минути ги помина на клупа (ко што одлично забележа Енко - Седи бе:)).

Поуси и Хаслем треба да се споменат, епизодни но битни улоги одиграа двајцата. Да сум јас тренер на Мајами, секако Поуси би играл пред Вокер, а Пејтон пред Вилијамс, без разлика на годините и лошата физичка подготвеност на последниот.
Како и да е, патетиката на Морнинг, Пејтон па и на Вокер конечно им се исплати,(за разлика од Мелоун), тие сега ќе се пензионираат спокојно, со шампионски прстен на раката.

Далас ја изигра најдобрата сезона до сега. Јас пред почетокот на плејофот прогнозирав дека ќе играат во финале. Тоа и се случи. Сепак, искуството (поточно неискуството) си го направи своето. Дирк и компанија запреа кога беше најпотребно. А беа многу блиску. Не беа во состојба да се вратат по поразот во третиот натпревар.
Јас мислам дека во тимот на Далас има потенцијал и мислам дека сеуште не го кажале последниот збор.

Ејвори е одличен тренер, а доколку го задржат костурот на тимот верувам дека можат и повеќе од ова што го направија оваа сезона. Едино ако на лудакот Кјубан,(кој има фаца на лудак, се понаша како лудак и лудачки им аплаудираше на Мајами на крај) љубовта кон Маверикс му спласне, па дигне раце од нив. Сепак, мислам дека шансите за тоа се многу мали.

Риспект за Ејвори, Дирк, Тери, Хауард а и за останатите од тексашкиот тим. Направија навистина многу. Сега се поискусни за едно финале, а тоа може многу да им биде од корист во иднина.

* * * * *

Долго, а? За крај, една од најдобрите НБА најави евр…

(од следната недела почнуваме да се занимаваме со драфтот)…

18 comments June 23rd, 2006

Top of the world

Мајами е новиот шампион, колку и да тоа изгледаше како невозможна мисија по двете први средби во Далас.

Мајами го има Двејн Вејд, кој во моментов слободно можеме да кажеме дека е најдобриот играч во лигата.

Мајами го има Шекил О’Нил, кој кога пред две години пристигна во клубот им вети на фановите шампионска парада.

Мајами го има Пет Рајли, кој кога пред 11 сезони застана на кормилото гарантираше титула.

Мајами го има својот долгогодишен симбол Алонзо Морнинг, кој конечно, по неколку сезони исполнети со агонија стигна до заслужената цел.

Мајами ги има Гери Пејтон и Ентоан Вокер, кои по многу неуспешни обиди си го најдоа своето место под сонцето на Флорида и се закитија со своите први шампионски прстени.

Мајами, барем до следното време ова лето, во свои раце го има “Лери О’Браен” трофејот и во следните година дена ќе биде мерило за успех и тим кој другите 29 НБА екипи ќе се обидуваат да го симнат од тронот.

Преку 36 поени на МВП-то на финалето - Вејд, дабл-дабл ефектите на Јудонис Хаслем, Ентоан Вокер и енергијата на Алонзо, Мајами ја одигра својата веројатно најдобра средба на гости сезонава за победа од 95-92 сред Далас и крај на серијата од 4-2 во нивна корист.

Формулата која ја донесе титулата на Флорида беше формирана пред две лета, а минатото претрпе неколку измени од страна на Рајли.

Покрај ангажирањето на неколку ветерани, минатото лето се изврши и прераспределба на улогите која беше евидентна во овој плеј-оф и посебно во ова финале.

Шекил веќе не е најдобриот играч на Мајами, откако шестата средба ја заврши со само девет поени, а финалето со просек од 13.7 по натпревар.
Лидер на Хит сега е Вејд, кој со просек од 34.7 поени сосема заслужено беше прогласен за МВП на финаето и кој повторно, кога делуваше како да Мајами пак ќе падне во Тексас, беше тука да ја одигра улогата на спасител.

Секогаш кога гостите ќе паднеа во дупка, Двејн беше тука да ги извади. Почнувајќи од седумте поени во серија кога Далас поведе со 26-12 на стартот, па се до петте слободни во последните две минути со кои ја запечати титулата.

Сепак, на оваа средба не беше само Вејд тој кој го носеше Мајами. Тука беа изненадно добрите партии на Хаслем и Вокер, тимската игра на Шек и огромната желба за победа на Морнинг кои едноставно беа премногу за загубените Мавси.

Мајами е новиот шампион, колку и да тоа изгледаше како невозможна мисија по двете први средби во Далас.

(Текст за у новини)

Add comment June 21st, 2006

Going all the Wade…Cuban - the Psycho и 20 години потоа


Класика или класичен неуспех?

Така ќе биде оценета Гејм 5, само зависи која страна ќе го оценува. Јас сум дел од помногубројните кои на Гејм 5 гледаат како на вистинска класика, (иако на моменти имаше тешки грешки на некои играчи за кои ќе си помислиш дека е немогуче да се дешаваат у едно финале).

Мавси нормално, по овој пораз ќе продолжат со плачење, нешто што во голема мерка го правеа по суспензијата на Стекхаус, иако мислам дека многу попаметно и на Ејвори и на сите сега ќе им биде со камбекот дома да успеат да си направат камбек и на самодовербата со која ги згазија Мајами у првите две.

Мада, сега серијата е тотално различна и Вејд, Шек и дружбата не се истиот тим од тие две средби од Далас…

…(По пауза од некои 4 саати)…

Иначе, според Марк Кјубан, кој беше бесен пред утакмицата, уште побесен у тек на утакмицата и црвен како рак откако заврши утакмицата, не беше спорниот фаул кој судиите му го свирнаа на Дирк над Вејд тоа што ја реши средбата, нити пак глупиот потег на Хауард да викне тајм-аут.

Според Кјуб пресудно беше она што се деси некоклу секунди пред да биде фаулиран Вејд, кога Мајами од туѓата половина ја убаци топката у игра враќајки ја на својата половина.

Признавам, кога го видов застанав и си го помислив она “Чекај малце!?!?” (со “Рик Аделман кога се крши резултатот” фаца), ама судејќи според тоа што никој освен Кјуб не се пожали изгледа дека тоа е дозволено у НБА.

Кај нас знам дека не е дозволено, ама пак кај не се ни игра кошарка, така да…


Откако Вејд ги убаци двете, а поради тајм-аутот после првото слободни Далас мораше да почнува од под својот кош, наместо од пола терен, Кјубан неколку минути останал на теренот бунејќи се кај судиите, записничката маса, па дури и онака, како муле, без зборови, бесно гледал накај Штерн кој бил у близина. Психо.

У тој филм продужил и Дирк, кој на пут до соблекувална почнал да удира ствари по путот при што настрадал еден невин и недужен статичен точак кој морал да се соочи со бесната десна 73-ка на Швабата.


“What am I saying to you right now, dog? Please, don’t come off on me right now because I’m going to come off on you, and I’m not in a great mood right now. Get out of my face, man. Get out of my face” - Џош Хауард.

Покрај тоа што ја направи глупоста поради која, доколку Далас го изгуби финалето веројатно ќе биде запаметен до крајот на кариерата, Џош Хауард под својата слика на Јаууу е главен виновник за поразот на Мавси од 1010-100.

Не знам за вас, ама мене Девин Херис страшно ме потсеќа на Тајрон Лу од финалето 2001 , а и доста бргу се искачува на “Најмрзок играч” листата.

И на крај Двејн, кој беше феноменален вчера, барем во финишот, иако на моменти ми изгледаше дека служи како спасител за непостоењето никаква тактика на Рајли.
После таа партија сабајлево, Вејд е еден од само 6-те играчи кои на три средби по ред од финалето убациле најмалку по 35 поени. Другите се:

Dwyane Wade 2006
Shaquille O’Neal 2000, 2002
Allen Iverson 2001
Michael Jordan 1993
Rick Barry 1967
Elgin Baylor 1962

Како тоа да не е доволно, па со 21 убацено слободно Вејд стана и рекордер според број на уфрлени слободни у една финална утакмица.

Момците од Yay! имаат интересна дилема:

As great as Wade has been, for some reason our thoughts drift to Shaq, and what would be going on right now had he been able to trim down and take a backseat to Kobe Bryant like this.

If he had, the Lakers would be on their way to title number six, in all likelyhood. The way players were flocking to Shaq/Kobe, they’d have gotten Michael Finley, Nick Van Exel, and all the rest, don’t you think? Are Laker fans angst-ridden?

Хмммммммммм….

Лајла, Kатја, Касандра, Ники, Кате, Брук, Керликс, Ешли, Сузи…???

* * * * *

Оф д фајналс топик: Драфтот кој ќе се одржи у Њујорк следната недела ќе обележи 20 години од еден од најлошите драфтови у историјата на НБА.

За тоа имам пишувано и порано, a смртта на Лен Бајас kако повод за сеќавање на типот, но и на многу други контроверзии кои ги разбуди неговата смрт, ја искористија за текст Спортс Илустрејтед и момците од Селтикс блог, кои веројатно најмногу ја почувствуваа трагеијата на нивниот 2.пик

21 comments June 19th, 2006

СтекАУТ, 155238-от камбек на Мајкл и White(ептен)HotGirls

Како да не им беше доста што од скоро 3-0 паднаа на 2-2, Мавси на утрешниот Гејм 5 ќе мора да се снаоѓаат без Стекхаус, кој беше суспендиран од страна на лигата за мушкиот фаул над Шек вчера сабајле. Еве го и клипот:

Па изјавата на Дизелот за фаулот:

“My impression was my daughters tackle me harder when I come home. You know, I’m one of the last players from the old school, and you know, you just have to take a hard foul like that and keep on moving. It actually felt pretty good to get hit like that. Thank you, Jerry, I appreciate it.”

А онда и реакцијата на тотално небитниот во оваа серија и во кошаркарскиот свет воопшто - Дарел Армстронг, за ненадејната машкост на помалку небитниот Ентоан Вокер:

“You’ve got heroes like Antoine Walker coming up feeling like he’s got to say something. For what? He hasn’t fought one time in this league. All of the sudden you’re getting brave?”

Како и да е, ова е уште еден удар врз и онака отидената у бунар самодоверба на Далас, пред се затоа што Стек им е главното оружје од клупата која у ова разигрување одигра огромна улога во доаѓањето до финалето, па и во двете победи дома на стартот од серијата со Мајами.

(Сликава може да ја ставите и како Волпејпр)

Ипак, ова не го мења фактот дека притисокот да се добије Гејм 5 е на Мајами, кој верувам дека не сака да одлета за Тексас со дефицит од 2-3, посебно не со пораз против ослабените Мавси на кои така само ќе им се врати самодовербата која ја изгубија некаде на старт на последната четвртина у Гејм 3.

Пет Рајли, а и сите фанови на Њујорк многу добро си знаат дека ни со 3-2 пре две задњи у гости не се знае ништо, посебно по фијаското со последните две утакмици од финалето 1994 кога Њујорк благодарение на Џон Старкс рикна у Хјустон.

Едно е и тоа како извесно, а тоа е дека ќе имаме кошарка што и единствено праведно за овој плеј-оф и екстра утакмиците кои ни ги понуди. Екипите и тренерите добро си се прочитаа едни со други сега се сведува на тоа кој има поголенми МУДА, односно кој е поголем Мудоња.

Последен пат кога Дирк имаше така бена партија како задњава у Мајами, уште на следната убаци 50 поени. Онака ми дојде, не мора да значи ништо…

Еве една прича која како да се повторува скоро секоја година, нормално у различни пакувања. Капа доле за мајка му на Џејсон Тери, која го следи својот син и покрај тоа што докторите не и го препорачуваат тоа.


Пред стартот на финалето Марк Кјубан се нарече себеси БЛОГЕР, и тоа еден од подобрите, што мислам дека со оглед на тоа дека човекот нема леб да јаде му дава добра основа да биде такво нешто.

Сепак, после двата колапси на Далас у Мајами, Марк кој вети дека ќе постира секој ден, а понекад и на полувремињата од утакмиците ми е нешто многу тивок. Баш поради тоа момците од Farlane, му спремија писмо на најкул газдата у НБА. А, еве го линкот до блогот на Кјубан, кој кај нас у линкови го има уште од првиот ден на МакНБА.

Иначе, Жаре уште растура со своите клипови.

* * * * *

Можеби ви е чудно колку малце внимание му се посветува на новиот камбек на Мајкл во лигата, овој пут пак у слична улога како таа од Вашингтон, само што нема да се брука на теренот и ќе има поголеми овластувања во кошаркаpските операции на Бобкетси. Не знам дали ова би требало да ги радува или исплаши фановите во Шарлот.
Прв потег на Мајкл: Трејд со Лејкерси на кои ќе им го даде пикот на овој драфт и Мека Окафор за Квами Браун и Лук Волтон. Се зезам, Лејкерси не би го дале Волтон за Мека.

Еве и како момците од Wizznutzz, гледаат на целата работа.

* * * * *

Ај малце да се заблажиме. Не знам за вас, али знам за мене и за Шеп дека плесачиците или такозваните чирлидерки на Мајами на секоја пауза ни будат блудни фантазии. Сеа ми станува криво што Мајами ја нема предноста на домашен терен па да гледавме уште две утакмици на Флорида.

Ако има седум меча ќе биде мрско од Мајами Грлс да се премине на девојките од Далас, кои веројатно се едни од најслабите у лигата у својата работа. Така ќе мора стварно да остануваме до сабајле само поради кошарката.


За да знаете за што во зборам, еве ви линк до галерија која ќе ви го отвори очите и разубави денот (нормално, ако ги гледате само девојките од Мајами). Ва-ва-ви-ваааааа!!!

10 comments June 17th, 2006

Двејн го изwadе Мајами


Бу-ја. Баш кога си помислив дека еден од најдобрите плеј-офови у задњиве 15-20 години ќе заврши на најмрскиот можен начин Двејн Вејд сејвд д деј или сабајлето, како сакате.

Првите три четвртини беа на добар пат да ми ја убијат секоја желба за кошарка, а онда сите можни коцки се поклопија за Мајами и буквално секој играч даде свој допринес у победата и бегањето од провалијата од 0-3.

Најголем придонес нормално, покрај Двејдвејн, даде Ентоан Вокер со своето седење на клупа у задњите шест-седум минути кога Мајами се врати у живот.

Капа доле за Јудонис, кој одигра со една рака.
Капа доле и за Пејтон кој конечно, покрај две-три добри одбрани у серијата успеа да погоди кога беше најважно. Капа доле и за Џејсон Вилијамс, кој иако нема појма од одбрана, погоди тројка со која тргна лавината наречена Вејд.

Капетина доле за Шек чии две погодени слободни у финишот ја подигнаа самодовербата на неговите пајташи. Ова не е мала ствар, човекот шутира слободни под 50%, а у првите две имаше бедни 2-16. Сабајлево Дизелот погоди 4-6.

Да не го тупам со тоа колку голема партија одигра Двејн и колку таа сигурно ќе остане запишана заедно со некои од најголемите на сите времиња у финалето, еве ви текст од Вашингтон Пост, кој нали, би требал да биде неутрален.

Само едно, тоа што вчера Вејд го направи ги имаше сите предуслови да стане класика. Типот две недели се мучи со дехидрација и некој гаден грип. Како тоа да не беше доста па Шек у пад му налета на коленото, колку го здоболе му се виде по суратот до крај на утакмица, а и по тоа дека денес не можел да тренира.

Мајами беше у дупка која ќе значеше неповратни 0-3. Неговиот Бетмен беше пак немоќен против утројувањата на Мавси. У иста петорка со него игра и Ентоан Вокер.

Е сеа, ако Далас си ги смска следниве две, што и ќе биде ако одигра како у првите три сабајлево, онда партијава на Двејн малце ќе изгуби на тежина, што рака на срце не би било праведно кон момакот.

Ама, ако Рајли не сфати дека Вокер не може да го чува Хауард (а кого може?) и дека наместо него треба да старта Поузи, кој целосно го затвори Џош у 4-та, онда на Мајами не му се пише добро.

Од друга страна, Ејвори мора да смисли нешто да го затвори Вејд, откако у претходниве цела негова екипа работеше успешно на планот да се лимитира Шек. Не дека Вејд може да се затвори, ама со обрнувањето поголемо внимание и на него онда се отвара простор за д Биг Фела или па за помошниците на дајнамик дуото.


Не смее да се забраве дека целиов пост до тука ќе можеше да се фрли у вода ако Дирк не заборави како идеше текстот на омилената му песма од тинејџ деновите. Како не беше Хаселхоф на трибина па да му шепне.

Истиот кикс на другата страна и со помалце време го направи и Вејд, ама па тој се извади со огромната украдена на последниот обид за цепелин на Далас. Едно не ми е јасно, зашто мораше Дирк да го изведува тој аут, нели ќе беше подобро тој да беше у игра за да одвлече внимание на двајца играчи на Мајами за полесен цепелин за продолжеток? Едно објаснување е неговата висина со која може да фрли пас преку секого, ама пак…

(ОВА Е НАШ 401 ПОСТ!!!)
* * * * *
Shep: а еве што х`мка Новицки коа пуца слободни (КЛИПОТ МОРА ДА СЕ ВИДИ)Хукд он а филин.. ајм хукд он а филин.. Евровизија..

* * * * *

Има и некои други ствари кои деновиве се дешаваат низ лига, а најинтересни се пред-драфт камповите и тазе руморсите за некои од поголемите фаци у лига. Една е за тоа дека Кингси сакаат да го лапнат Гарнет, иако Мекхејл изјави дека нема шанси да го трампа својот најбољи вук, а другата е дека даните на Одом у Ел-Еј може да се избројани и дека би можел да заврши у Чикаго у размена за 2. и 16. пик. Има уште, ама за нив кога ќе заврши финалето.

* * * * *

И за крај, омилениот дел на Шеп од Гејм 3…


13 comments June 14th, 2006


Календар

October 2008
M T W T F S S
« Sep    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  

Архива

Категории