Posts filed under 'Секоја чест'

Шампионски пост: Секоја чест Селтикси

Газење поштено, до титула со стил.

Најава можда боља и од на Булс:

Малце патетичен микс од фан:

Скал Ирецот од драмите на Бекет:

Тоа е тоа. За многу години. Уште една сезона заврши.

И малце генгста со нашиот нов МВП на финалето:

12 comments June 18th, 2008

Секоја чест…Сиксерси - Визардси - Рокетси

Photobucket

Да не бидат три посебни поста на ден пред стартот на плеј-офот, ај во еден пост да им одадам почит на екипите кои оваа сезона го направија она што никој не го очекуваше од нив, барем не во ситуацијата во која се најдоа, во случајот на Хјустон и Визардси.
За серијата на Хјустон се пишуваше доволно, но кога ќе се фрли поглед наназад, тоа достигнување пак изгледа неверојатно. За тоа се заслужни ама баш сите во Хјустон, па и Јаоза, чива повреда ги натера другите играчи да сата повеќе од нивните моментални можности.

Повредата на Аринас на стартот на сезоната требаше да значи пад на Вашингтон на табелата на Истокот, а потоа повредата на Батлер требаше да биде конечниот удар за нивните плеј-оф амбиции. Наместо тоа, предводени од мене никогаш омилениот Џејмисон, а и Батлер кога не беше повреден, Визардси одиграа неколку одлични месеци во кои рамноправно се носеа со секого. Сега, со здрав Жилберто, Кавси тешко дека ќе ги поминат во прават рунда, а сигурен сум дека ни Бостон не е баш воодушевен што веројатно ќе си има работа со нив. Оваа сезона беше и потврда на тренерските квалитети на Еди Џордан, кој на некој апсурден начин покажа дека подобро се снаоѓа кога во тимот нема суперстар.

Photobucket

Сиксерси се тимот кој требаше да биде на дното на Истокот, а се најде на неговото седмо место на крајот од сезоната. Кога ќе се погледне нивниот состав, ова достигнување посебно добива на тежина, а оваа сезона е нова потврда на квалитетот за секогаш потценетиот Андре Милер и радничкиот пристап на тренерот Морис Чикс.

Всушност, овие три тима се потврда дека понекогаш можете и без две -три ѕвезди во тимот да остварите многу повеќе од тоа што се очекува од вас. Тоа што нема да се борат за титулата ич не го намалува нивниот успех.

9 comments April 18th, 2008

Секоја чест…Селтикси

Photobucket

Најголемиот пресврт во историјата на лигата за некого можеби и беше очекуван, но имаше доста ликови кои се сомневаа во тоа дека Селтикси во една сезона можат од дното да стигнат до врвот на Истокот. И не само на Истокот, туку и до врвот на лигата со убедлив скор и со изненадувачка доминација во дуелите со тимовите од Западот.

Сепак, Кеј-Џи ефектот по се изгледа е нешто кое не смее да се занемари, исто како и фактот дека момакот прооаѓаше во Минесота. Факт е дека на Кевин му се потребни големи соиграчи за голем успех, (на кого не му требаат), но исто така е факт дека тој е најзаслужен за враќањето на кошарката во Бостон. МВП сезона покрај него има и Пол Пирс, кој дочека Бостон да биде пак елитен тим.

Но, игрите на Гарнет, Пирс и третиот член на Д Биг Три, Реј Ален, се она што можеше да се очекува уште во октомври. Она што изненади многумина е зрелоста во играта на Рејџон Рондо, кој според мене е еден од водечките кандидати за Мост Импрувд. Пријатно изненади и Кендрик Перкинс, како и камбекот на тренерските способности на Док Риверс. Тука е Лион Поу, кој имаше одлични задњи месец и пол од сезната, “Биг Бејби” Дејвис, кој на некои средби беше голем фактор, презимењакот на Реј, Тончи, кој се вклопи во улогата на дифенсив стопер, Поузи - кој се вклопи во улогата на 10. човек, Скалабрини - кој се вклопи во улогата на втора маскота на тимот покрај Лепраконот, Сем “И-Ти” Кесел, кој иако дојде касно, заедно со Пи-Џеј може да биде голем фактор во плеј-офот. Еди “црната дупка” Хаус си погоди тоа што требаше да погоди, а Скот Полард продолжи да си пушта брада на клупата и да се дружи со Скала.

После 20 години, Бостон пак живее за кошарката и го има статусот на еден од најголемите, ако не и најголемиот фаворит за титулата. Некој да го кажеше тоа пред година дена, ќе го стрпаа во истото жолто комбе во кое ќе ги носеа оние кои рекоа дека Хорнетси ќе бидат втори на Западот.

15 comments April 17th, 2008

Секоја чест…Хорнетси

Photobucket

Пред некои шест месеци секој кој ќе спомнеше дека Хорнетси имаат шанса да се борат за врвот на Западот или пак дека на крајот од сезоната ќе бидат втори во многу посилната конференција, ќе му викнеа жолто комбе.

Но, момците на Бајрон Скот не само што до последен миг беа во игра за првото место на Западот, туку и на крајот ја освоија титулата во најјаката дивизија во лигата. И тоа пред триото од Тексас - Сан Антонио, Далас и Хјустон. Е тоа е стварно нешто.

Крис Пол покажа дека е зрел да биде лидер на еден силен тим, Дејвид Вест излезе од анонимноста во голем стил и патем стана ол-стар играч, Тајсон Чендлер по кој знае кој пат покажа дека Џери Краус, а и неговиот наследник во Чикаго, немаат поим од она пто би требало да биде нивна работа, Пеџа се врати на нивото кое беше некогаш и се најде во идеален клуб за него каде тој нема да ја глуми улогата на лидер, нешто за што никогаш не го бивало, Мо Пит избега од Торонто и си најде тим во кој може да се вклопи, Џенаро Парго ја истакна кандидатурата за најдобра резерва на плеј, но и на двојка, а иначе и тој во пакет со Тајсон дојде во Њу Орлеанс, Бонзи си ја пронајде минутажата и може да да биде нивни џокер во плеј-офот…и на крај, Скот покажа дека израсна во голем тренер изминативе неколку години, исто како што и покажа дека за неговите тимови да бидат конкурентни потребен му е елитен плеј. Тоа секако е Крис Пол, најдобриот плеј во НБА во моментов.

Секоја чест, Хорнетси за фантастичниот успех, кој кога ќе се погледне малку пошироко е најголемиот подарок што тие можеа да му го дадат на својот град и фанови, кои се уште се немаат вратено во нормала.

24 comments April 16th, 2008

Секоја чест…Хоукси…(Конечно!)

Photobucket

Бидна. Деветте посни години завршија. Знам дека за многумина од вас тоа што Хоукси, кои имаат негативен скор, ќе играат во плеј-офот не значи ама баш ништо, посебно со оглед на тоа дека тие идат на Бостон во серија која сите очекуваат да заврши со чисти 4-0.

Не е битно, па и стварно да биде метла за Селтикси. Битно е што Атланта после доооолго време пак ќе го помириса плеј-офот и конечно пак ќе има полна и бучна арена барем две вечери по ред. Од времето на Дикембе, Стив Смит и Муки (1999), Хоукси не играле во плеј-офот кога после победата над Детроит паднаа со 0-4 против Њујорк. Тој тим на Атланта и не ми беше нешто посебно симпатичен, а уште се ежам кога ќе ми текне дека Тајрон Корбин беше стартна тројка тие години.

Рибилдингот траеше подолго од очекуваното, што е и нормално со оглед дека за Смит го добија Ајзеа Рајдер во трејд кој ги врати неколку години назад. Тоа што сега Рајдер е во апс доволно кажува со каков лик си имаа работа и кој требаше да биде нивниот лидер на стартот на овој милениум. Ситуацијата со газдите кои сакаа/не сакаа да дадат пари за нови играчи и кои се судрија за трејдот за Џо Џонсон само уште повеќе ги направи смешка низ лигата за малку сведувајќи ги на нивото на Клиперси на Истокот.

Сега воздухот е многу почист и иако мислам дека Биби не е идеалниот плеј за нив, индината е многу посветла. Џо би можел да биде малку погласен како лидер, Марвин би можел конечно да го покаже целиот свој потенцијал, Џош би можел помалку да шутира тројки, Чилдрес би можел да се ишиша, Биби да подели некоја асистенција плус…Вудсон да биде подобар тренер. Од Ал не барам ништо, момакот си е супер.

Доминик конечно може да се насмее.

* * * * * * *

ПС: Синоќа Милвоки и Чикаго одиграа средба со нулта тежина во која рукито кој ја расипа вечерта на Аринас пред некое време, Рамон Сешнс го направи она што не му пошло од рака на никој во историјата на Милвоки, па ни на Биг О. Момакот подели одлични 24 асистенции, а имаше и 20 поени и осум скокови. Свака част, Рамон.

14 comments April 15th, 2008


Календар

December 2008
M T W T F S S
« Nov    
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  

Архива

Категории