Posts filed under 'Постови од кабина'

“Како да изгубиш“ by Џорџ Карл и Кавси

karl

Еве ме и мене.

Јас па за разлика од Шеп имам сосема различен поглед за некои од стварите кои се дешаваа во првите две средби од конф. финалиња, посебно на таа во Ел-Еј. Имав пишано и подолг пост на таа тема, ама сега, откако работава забајати малце, ќе удриме само по некоја кратка констатација за двете средби, па од утре, здравје, по старата шема.

За мене најголем виновник за изгубената средба на Денвер е човекот на сликата погоре. Карл до сега има докажано дека можеби е тренер кој ќе однесе силен тим (ако му се погоди) до пред финале, а еднаш и до финале, ама никогаш до крајот. И секогаш за тоа му требал еден играч кој ќе биде тренер на теренот и еден кој ќе биде стрелец суперстар. Така беше и во Сиетл, па во Милвоки и е сега во Денвер.

Нагетси ја имаа победата во раце, но лошите одлуки на Карл во финиш им ја одземаа таа победа. Со кој памет се става Ентони Картер да изведува аут во решавачки напад кога во таа ситуација го покрива за две глави повисокиот Одом? Да не зборам за тоа дека Картер во тие моменти не ни требаше да биде во игра, зошто не ти носи ништо позитивно, ни офанзивно, ни дефанзивно.

Секоја чест на Коби и Мело на фантастичните партии и одличниот машки дуел.

luis-slavi

Вторава средба вечер ќе биде показател за тоа дали Нагетси се стварно предизвик за Лејкерси, кои не беа сјајни на првата средба. Тоа дека можат да ги добијат е факт, само треба да бидат водени многу подобро од тренерски аспект. А и онакви глупави фаули како оној на Мартин на крајот над Коби се стварно показател на ниска интелигенција на Кенјон.

Не дека Бајнам е нешто попаметен.

Што се однесувс до Кавси и Орландо, конечниот резултат стварно беше изненадување. Посебно по она фуриозно прво полувреме на Кливленд. Но, не знам дали пак Двајт, Хидо и Луис на една средба ќе одиграат така добро сите тројца. Исто како што не знам баш дали Леброн може на секоја средба да биде таков ѕвер како сабајлево.

Едно е сигурно, а тоа е дека играњето на само осум средби во нешто повеќе од месец дена не делува баш најдобро на Кавси, кои немаа никаков ритам во второ полувреме во кое пак Хидо, Луис, па и остатокот од Орландо погодуваа од секоја позиција.

А и Орландо не е Детроит, или пак десеткуваните и немоќни Хоукси. Ова е првиот вистински тест за фаворитот на Истокот, кој го паднаа на старт. Да видиме како ќе продолжи тестирањето.

Онаа извикана одбрана на Кавси ја немаше никаде, а нападот беше тотално импотентен, со исклучок, нормално на ѕверот, кој на крај сепак не издржа. Сепак, мислам дека работите ќе бидат поинакви на следната средба, освен ако не станува збор за нешто посериозно кај Леброн.

Има уште доста да се пишува и за двете средби, ама некако сега не ми е баш актуелно.

Се читаме утре…

4 comments May 21st, 2009

Туркиш пица за шампионот

Photobucket

Пишав и пост за Орландо-Бостон, ама се изгуби некаде…
Во кратки црти:

- Заморот го стигна Бостон после маратонот со Булси и сега овој со Орландо.

- Гарнет и тоа како ќе биде гладен следната сезона, но прашање е колку ќе издржи коленото.

- Пирс и Ален можат да ги одморат старите коски, Рондо сега има време за психијатар, а Глен Дејвис за диета.

- Пирс не е лидер кога го нема Кеј-Џи да му чува грб.
- Селтикси сепак, добија нешто од оваа серија, а тоа е клупа за следната сезона.

- Баркли и Кени Смит се зезаа на сметка на Хидо на полувреме, дека не требал да јаде пица пред вака важна средба, откако камерите го покажаа Хидо како си мцка во соблекувална парче пица.

- Како одигра Хидо, верувам дека сега пред секоја средба ќе јаде пица.

- Одличен шут и одбрана на Орландо, кој мислам дека ќе ни даде и поинтересна серија отколку Бостон.

- Баш Хидо и Рашард Луис треба да бидат лидерите на Орландо против Кливленд. Двајт нека си ја врши должноста на доминатор во рекетот. Ко сабајлево.

- Арно ама, Зиииии ќе гледа да го вади надвор со својот шут од дистанца.

- Конечно, пак ќе го видиме Леброн. Во среда.

17 comments May 18th, 2009

Сите весели во Холивуд, но треба да се и во Хјустон…

Photobucket

Рокетси одиграа како екипа која е без своите двајца најдобри и единствени ол-стар играчи и како тим кој во составот нема центар. Брукс, Лендри, Хејс, Лаури и Вејфер одиграа во согласност со нивните имиња и репутација. Артест одигра во согласност со својата лудост. Батие не можеше повеќе. И тоа е тоа за Рокетси.

Сепак, никој не очекуваше таа група на момци предводена од Аделман да стигне до седма средба со Лејкерси, добивајќи две над фаворитот после повредата на Јаоза.Тоа е нешто со што Лејкерси треба да се занимаваат пред дуелот со Денвер. Лејкерси кои, конечно, ја искористија огромната предност во висина и доминираа во рекетот против пренискиот противник.

Што се однесува до Хјустон, тие немаат за што да жалат. После ова што го покажаа во овој плејоф, треба само да се молат да ги заобиколат повредите следната сезона, нешто што кога се тие во прашање никако да им појде од рака.

Photobucket

Но, ако останат здрави, ако Трејси игра барем на половина од тоа што знае, Јаоза се наметне како лидер и му се ограничи слободата во напад на Артест, Рокетси ќе бидат ептен опасни. Една година искуство плус за Брукс и Лаури е голем добиток, посебно ако овие двајца развијат и некакви плејмејкерски квалитети.

За Лејкерси има време, ќе се пишува. Да ги видиме со Денвер, кој е тотално различна екипа од Хјустон.

1 comment May 18th, 2009

R.I.P. Вејмен Тисдејл

Photobucket

Повозрасните од вас сигурно се сеќаваат на Вејмен Тисдејл. Ако не во овој дрес на кој е на сликава, тогаш сигурно во оној на Санси каде беше една од клучните резерви на тимот на кој лидер беше Чарлс Баркли.

Денеска, на 44 години, Тисдејл ја загуби битката со ракот на коските. Пред некое време му беше и ампутирана едната нога, но ни тоа не помогна, ниту пак лечењето. А, како тој се бореше со сето тоа. Со музика. И покрај болеста, тој успреа да издаде џез албум, а според многумина, за музика го биваше во најмала рака еднакво како и за кошарка.

Колку да се знае дека не зборуваме за било каков играч, Вејмен остана запаметен како еден од најдобрите колеџ играчи на сите времиња и како играч на Оклахома имаше просек од 25.6 поени и 10.1 скокови со реализација од игра од 58%, беше втор пик на драфтот 1985 година, веднаш зад Јуинг, избран од Индијана, а играше и за Кингси и Санси.

Што е уште поважно, Вејмен ќе остане запаметен како голем човек, нешто што секогаш го потврдуваа оние кои играа со, но и против него.

4 comments May 15th, 2009

Фаворити-my ass, Пак седмица за Бостон, Созревањето на Мело и Нагетси и Дени-MIP

Photobucket

Убаво си кажа Зенот пред некој ден, дека тимот му е како Др. Џекил и Мр. Хајд, не знаеш кое лице ќе го покаже и кога. А како што покажа ланското финале и како што пожаува овој плејоф, Лејкерси многу повеќе наликуваат на мирниот доктор.

Photobucket

Така, сосема е нормално што сите после онаа бедна партија сабајлево почнаа да се сомневаат во нивната улога на фаворит на Западот, улога која им беше доделена уште пред да почне плејофот и улога која реално, до сега со ништо не ја оправдаа.

Според секоја здрава логика Лејкерси не би требале да играат седум средби со Рокетси, не со овие Рокетси, кои сега го немаат ни Јаоза. Па и со Јао здрав, никој не очекуваше вакво нешто.

Но, Лејкерси играат ужасна транзициона, па и понекога позициона одбрана. Нападот, кога нема да се растрчаат од старт им е импотентен во долги серии. Никако не знаат како да ја искористат големата предност во рекетот. Па така радници како Лендри, Скола и Хејс, свака им част на сите тројца, царуваат во рекетот со својата борбеност.

Моника Гасол нешто се труди, ама со рикање не се постигнува ништо. Сепак, важно за разлика од некои други – се труди.

Иначе, Хјустон игра без центар!

Photobucket

Коби е посебна приказна и на него не би трошел зборови, Во овој плејоф уште не видов ништо од него, но во недела ќе мора да заигра во согласност со кредитот кој го носи со себе.

Секоја чест и за Арон Брукс и за Рик Аделман, а за Батие и остатокот на тимот на Рокетси, па и за лудилото на Артест.
Сега?

Пак Ел-Еј за седма средба. Ако некој ми каже дека очекуваше вакво нешто пред да почне оваа серија, па и со здрав Јаоза, ќе му кажев дека нешто не е во ред со него. Како и секој друг нормален.

Photobucket

Но, Рокетси се ЕКИПА која никогаш не се предава, па и кога ќе загубат со минус 40 и играат без своите двајца најдобри играчи, а Лејкерси уште не го докажале она со што сите ги китат.

Сите очекуваат победа на Ел-Еј во недела, што е сосема ОК. Се друго ќе биде едно од најголемите изненадувања во историјата на НБА. Но, ако пак се појави добриот доктор, можеби Мутомбо онака, во одело и со баскетот во раце ќе се витка и рика по паркетот во рекетот во Лос Анџелес.

Photobucket

Двајт бараше повеќе топки во рекетот од Ван Ганди. Нешто од тоа и доби, само не во финишот кога се решаваше победникот. Сепак, Двајт беше многу подобар од претгодните дуели. Нормално, кога се се решаваше главни беа Луис и Хидо, со единствениот добар потег цела средба, тројката пред крај. А, и Алстон одигра доста зрело.

Тактиката на Ван Ганди да го остави Рондо да игра (16 скокови!), ама затоа да ги затвори другите, пред се Ален и Хаус и тоа како се исплатеше. Слабиот шут на Реј само им беше од помош.

Пирс повлече малце во задња, ама касно, а и утна две слободни во клучен момент.

Сигурен сум дека сите посакуваа седма средба во Бостон, која и ја добивме. Само нека биде понеизвесна од таа со Булси. А и нешто заборавивме на продолженија, зашто да не не потсетат.

Photobucket

Со мало закаснување, од објективни причини. Нагетси, за разлика од Лејкерси покажаа како се затвара серија и ги решија Мавси за некој неочекуван ден плус одмор. Мело, конечно, почна да игра како што треба, а причина за тоа е нормално што покрај себе го има Чонси.

Џорџ Карл, конечно, си го најде тимот кој му лежи, како и плејот кој ќе биде тренер на теренот. Нагетси се опасни, посебно во транзиција, било да е во напад или одбрана. Клупата им е и тоа како солидна и можат да бидат незгоден противник за секого. Ако некој до сега не ги сфати озбилно, мислам дека е време за тоа.

Photobucket

За Далас пак, мислам дека е време за обнова на тимот, а на тоа е свесен и самиот Кјубан. Но, дали ќе направат целосен ремонт или не, ќе видиме. Во финишот на сезоната и плејофот покажаа дека има потенцијал, но потребни се нови лица, а за да се дојде до нив ќе мора да се жртвуваат некои од сегашните.

Дали ќе остане Кид и по која цена? А и тој не е решение за на плеј со своите години. Што со Џош Хауард? И како да се пополни клупата и да се засилат во рекетот и да му се олесни на Дирк?

Тоа се нивни проблеми со кои ќе се расправаат летово.

* * * * * * *

Photobucket

Некој го бараше Дени Гренџер? Условите се такви да за многу награди не стигнав да пишувам или анализирам, ама Дени си ја заслужи апсолутно, можеби Девин Херис да продолжеше до крај како ја започна сезоната ќе му замрсеше сметки, ама вака Дени, како лидер на Индијана, е заслужен MIP.

Кој знае, со неколку паметни потези Пејсерси догодина би можеле да се борат за плејоф. Задоволен, МакПацер? :)

17 comments May 15th, 2009

А, што друго? + Магичен колапс

Photobucket

Зар некој очекуваше нешто друго. Од што знаев што ќе се дешава, не ја ни изгледав цела, односно, во позадина го слушав коментарот на ТНТ. А, и тоа траеше некаде до 3. четвртина.

Лејкерси, конечно, одиграа како треба и како се очекува од нив против тимот против кој се фаворити и кој игра без своите двајца најдобри играчи. Без едниот се навикнаа да играат, ама без вториов нема да иде така лесно. Сепак е преголема дупката во рекетот, било во нападот, било во одбраната без Јаоза, па и Пау со своето рикање ала-Моника Селеш делува како мажиште.

Photobucket

Сега од Лејкерси очекувам да ја завршат серијата во Хјустон, Се друго ќе биде еден гооолем чекор назад за нив. И да, нема потреба од некоја посебна минутажа за Дерек Фишер.

Photobucket

Многу поинтересно беше во Бостон, каде шампионот уште една еднаш покажа карактер, додека Орландо покажа што ти значи кога немаш играш за одлука. Малце и судиите зезнаа работа со она пипнал-не пипнал обрач на крајот, ама мора да се признае дека играчите на Орландо не знаеа што со себе во последните две минути. Одиграа многу добри 44-45 минути и дозволија се да падне во вода во финишот.

Па уште Двајт прима топка во последни секунди да пуца слободни!?!?! Што мајка бараше во игра човекот, воопшто?

Атмосферата во Бостон и од Марбери успеа да направи фактор, а за Биг Бејби и да не збориме.

Ќе биде весело во Орландо, а јас лично посакувам седма средба, онака, за уживање.

9 comments May 13th, 2009

Гужва во Тексас + Нов одмор за Леброн и Кавси

Photobucket

Во што се претвори серијава помеѓу Далас и Денвер? Едно чудо груби фаули, технички, навреди вон терен, дури и ѓаѓање на девојката на Мело, вреѓање на девојка му на Мело, дури и од самиот “фраер“ Кјубан се вклучи во циркусот со навреди на сметка на Кенјон Мартин упатени директно кон мајка му.

Тоа ја фрли во сенка одличната четврта средба и партиите на Мело и посебно Дирк, кој за разлика од Гејм 3 одигра како од него се очекува во последна четвртина. Дали е прекасно за Мавси, веројатно, но да не беше онаа дубиозна одлука на судиите да не свират фаул од Рајт над Мело пред решавачката тројка на претходната средба, за што Лигата се извини!?!?!?, лесно можеше да биде 2-2. Кој знае, иако и синоќа Нагетси можеа да слават.

Photobucket

Вака, Мавси се уште во голема дупка и одат во Колорадо, каде работите се менуваат, а и каде сигурно Нагетси после однесувањето на Кјубан и фановите на Далас ќе имаат посебен мотив да ја затворат серијата. Со оглед на не баш здравите зглобови на Хауард, шансите на Мавси и не се нешто посебно големи. Како тргнале, само да нема некоја тепачка.

Photobucket

Во Атланта пак, Леброн и дружбата си се изборија за нов одмор во однос на конкуренцијата. Леброн овој пат не беше ѕвер, ама пак беше доволно добар за да биде пресилен за Хоукси, а и остатокот од тимот покажа зошто Кавси не се само Леброн. Скокаа и погодуваа кога беше најпотребно, а посебно добро функционираше одбраната.

Посебно засилување за Кавси оваа сезона, нормално, покрај Мо Вилијамс, е Делонте Вест, кој по кој знае кој пат покажа зошто е стартер кај Мајк Браун. Покрај одличната одбрана, момакот одлично се вклопува во офанзивните шеми и знае да си креира свој шут, а и игра со голема самодоверба, нешто што од Леброн се слева на цел тим. А и одличен потег е ставањето на Варежао во први пет на местото на јадачот на селари капови Бен Волас.

Photobucket

Делонте “Prison Break“ Вест

Нормално, собирањето на Џо Смит на мини-пазарот не е на одмет. Кој знае колку ли се каат во Бостон што не почекаа малку, туку се избрзаа со Мајки Мур.

Хоукси од друга страна покажаа дека не можат да се носат со елитни тимови и дека иако има напредок во однос на лани, тоа не значи ништо ако летово не се поработи на некои од проблемите кои беа апла видливи во овој плејоф. Прво се мачеа со не баш силниот Мајани, за да бидат смачкани од Кавси.

Кој знае, можеби Кавси се навистина толку силни што би ги смачкале и Бостон или Орландо, ќе видиме, ама начинот на кој ги одиграа овие четири средби не дава надеж за подобра иднина. Без разлика дали имало повредени или не.

Проблем е клупата, каде ги имаат само Еванс, Мареј и Заза. Можеби ќе им се врати и Чилдрес, ок. Ама, немаат резервен плеј, а летово ќе мораат да се занимаваат и со тоа дали да го задржат Биби кој е слободен. Мајк изјавува дека сака да остане, ама не верувам дека ќе сакаат да го задржат по сегашната цена од 15 мил., која реално е превисока.

Марвин е ограничен слободен играч. Џо едноставно не е тип на лидер. Потребни се искусни и докажани момци, плејоф ратници. Кој знае, можеби е потребен и нов тренер, со Вудсон можеби го постигнаа максимумот, па и трејд да се размрдаат малце работите без да се уништи младото јадро на тимот.

Photobucket

За крај нешто убаво и од Атланта.

ПС: “This team has a Jekyll and Hyde in it, a little bit, I’ll admit that,” Jackson told the Los Angeles Times.

3 comments May 12th, 2009

Previous Posts


Календар

March 2010
M T W T F S S
« Feb    
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  

Архива

Категории