Posts filed under 'Пол'

Флеш-инг

90040758ND016_HEAT_WIZ

Само што заврши НБА маратонот. На брзина по нешто од секој меч кој целосно или делумно го изгледав:

- Рон Артест отсега на МакНБА ќе го среќавате под прекарот ДИБЕК.

- Рокетси се екипиште, во вистинска смисла на зборот. Нема индивидуалци и сите млади момци (во основа млади) се 100% посветени на системот на Аделман. И без Јаоза, и без Ти-Мек, па и без Дибекот, Хјустон е подобар тим од лани, посебно од ментален аспект.

- Коби ги игра најдобрите години од својата кариера.

- Фишер не може да чува ни дупло побавни плејмејкери од Брукс.

- Хејс, Лендри, Скола, Батие – прави борци.

- Визардси никако немаат среќа со повреди. Вчера им се повреди и Мајк Милер, кој со неколку потези и тоа што играше со повредено рамо докажа дека не е Мишел Милер.

- Вејд, по кој знае кој пат, покажа дека е дел од НБА елитата. Знам дека многумина го спомнуваат Коби во иста реченица со Мајкл, но начинот на кој Вејд се движи, посебно откако ќе даде кош, е жива копија на Мајкл. Не пораснал џабе Двејн во Чикаго.

- Аринас се врати, барем во играчки смисол. Но, делува доста поианков, а најчудно е што скоро ич да не зборува кога е на теренот или за време на тајм-аут.

- Гарнет се испопали што Селтикси победија, едвај, против слабите Вулфси.

- Џони Флин од Минесота и Тајрик Еванс од Кингси се интересни дебитанти.

- Олексеј Печеров!

- Пирс не се одлепува од земја.

- Возраста на крај може да биде фактор кога се во прашање Селтикси.

- Рајан Андерсон од чиста додавка за да се пополни трејдот на Винс, стана доста битен играч за Орландо.

- Нешто слабо блокади годинава за Двајт.

- Пол е играчиште. Штета што е во Хорнетси.

- Диркулес после она против Јута, се посра во Њу Орлеанс.

2 comments November 5th, 2009

Иднината е “зелена“ на Рондо

90040720

Hornets point guard Chris Paul had to be held back after Sunday’s loss to the Celtics when he tried to enter Boston’s locker room.

Paul and Celtics point guard Rajon Rondo both received technical fouls after exchanging words in the second quarter.

A неколку часа после оваа случка, и новата победа на Бостон, следи ова…

The Boston Celtics and Rajon Rondo have reached an agreement on a contract extension for five years and guarantees at least $55 million.

Така, иако Орландо одигра одлично во Канада и без Картер, Луис и Пјетрус го доби тимот на Хидо, иако Мело продолжува да игра како МВП и иако О-Џеј Мејо ја имаше одлична партија пред во тимот да се врати Ајверсон и да му ја расипе сезоната, Рондо успеа да биде главна вест. Иако не ни беше најдобар во својот тим во победата над Хорнетси.

Последниот плејоф, во кој Рондо покажа дека може да биде дел од НБА елитата на плеј секако дека му ја качи цената и токму поради тоа Селтикси чекаа до последен момент пред да го потпишат. Се надеваа на помала сума, но иднината на клубот си има своја цена, посебно ако се знае возраста на остатокот од тимот.

Во истиот плејоф кој го спомнав, можевме да видиме и една друга страна на Рондо која на ретко кој, освен на фановите на Бостон, му се допадна. Тоа беше напаста и провокаторот Рондо, кој по некоја “случајност“ не заработи никаква поголема казна или пак суспензија за своите глупости.

Како и да е, во иднина ќе гледаме уште многу дуели меѓу Пол и Рондо, како и на другите млади плејмејкери во Лигата со Ражон. Судејќи според реакцијата на обично мирниот Пол, кој тргнал кон соблекувалната на Бостон за да се дообјасни со Рондо, ќе биде весело. Многу весело.

7 comments November 2nd, 2009

Се разгоре Хибачито, Рон-Рон ги гледаше прстените, Кеј-Џи доби афро-братче

Кој преку P2P, кој преку NBА League Pass, кој на Џастин ТВ, синоќа си се снајде и го испоштува стартот на новата НБА сезона, нешто на што се чекаше откако Лејкерси полесно од очекувањата ја освоија титулата минатиот јуни.

Нормално, централен, покрај церемонијата на прстенување на Лејкерси, беше дуелот на Кавси и Селтикси, дуо кое заедно со Орландо ќе царува на Истокот, исто како и лани. И уште од старт Бостон покажа зошто поголем дел од НБА аналитичарите и екс-играчи ги гледа во Големото финале, а добар дел од нив и како нови шампиони. Нормално, патот до враќање на тронот води преку Холивуд, но барем на хартија, а синоќа и во Кливленд, Селтикси делуваа навистина опасно.

За потсетување, тие лани имаа старт од 27-2 пред да се повреди Гарнет, без кого го изнамачија следниот шампион на Истокот, Орландо. Сега Кеј-Џи делува здраво, иако не е на 100%, а како плус главоболка на конкуренцијата Бостон е појак и за двете страшни фризури, Афрото на Рашид, како и за Муфлонот на Маркиз Дениелс.

Кавси од др. страна верувам дека ќе пробаат да направат трејд за несреќниот во Оукленд Стивен Џексон, затоа што очајно им треба лик кој покрај Леброн може сам да креира во нападот. Шек не е за втора опција, но може да биде корисен, а пакет од Џексон + Туриаф би можел да ги убеди Кавси да се откажат од Илгаускас.

Мо Вилијамс редовно се губи против големи екипи, додека Делонте Вест се уште е изгубен.

Она што исто така ја одбележа вечерта синоќа беше и камбекот на Agent Zero, кој го распали Хибачито сред Далас каде Визардси покажаа дека можат да бидат најголемото изненадување сезонава.

Хјустон и Портланд одиграа нови четири досадни четвртини.

Лејкерси без Пау, но со разбудениот Бајнам + Коби стартуваа со победа со новите прстени на раце. Барем сите освен Артест, кој можеше само да гледа како новите соиграчи се китат. Да не биде без ич, тој си ја накити главата со еден куп глупости, чисто да им конкурира на Шид и Дениелс за најгадна фризура.

ПС: Клипот е дел од промо кампањата на TNT. И, по милионити пат, има ли профи лига која е подобро презентирана преку клипови и останати медиуми од НБА?

4 comments October 28th, 2009

Групњак привју…Кој е втор на Западот?

Вечер стартува новата сезона (кое клише интро)…а со оглед на тоа дека освен за Хјустон и Торонто немавме ваш текст за некоја друга екипа, (Шеп ќе ја прави најавата за Лејкерси, ја за Хоукси), после оној текст за четирите екипи од Дното на Западот, следат два “Групњаци, еден за Западот и еден за Истокот. Некој ќе добие повеќе.  некој помалку реченици…Идеме, не по некој посебен ред:

pop

САН АНТОНИО – Знам дека голем број НБА фанови се надеваа дека ланската плејоф елиминација беше последното што ќе го видиме од овие Спарси, но трејдот, па пензионирањето на големиот Брус Боувен не ја поремети визијата на Поп за максимумот на оваа генерација. Данкан намали килажа, Ману е здрав, а Тони е Тони. Покрај нив сега ги имаат и Ричард Џеферсон и Антонио Мекдајс на двете најкритични позиции од лани. Да сум фан на Лејкерси би се замислил во врска со Спарси. Да сум фан на Денвер, би се исплашил од Спарси.

kris-andersen-brada

ДЕНВЕР – Последната реченица од делот за Сан Антонио најдобро ја опишува сезоната за Нагетси. Тие остануваат еден од фаворитите за пласман во финалето на Западот, но ќе биде потешко од лани. Ги нема Клеиза и Џонс, но има некои нови фаци кои би требале да ги заменат солидно, со поголема минутажа за Смит. Мело е во најдобрата форма, барем физички, од било кога и се ќе биде во негови раце ако сака да ги стигне другарчињата од својата драфт генерација Леброн и Вејд.

90445066JA003_BASKETBALL_HALL_OF_FAME_INDUCTION_WEEKEND

ЈУТА – Ова лето требаше да биде турбо за Јута, но наместо тоа во Солт Лејк Сити беше мирно како што и може да се очекува од мормонскиот главен град. Бузер остана, иако може да се деси да го трампаат сезонава. Остана и Милсеп, како и Мемо, додека не успеаја да се откачат од неупотребливиот Кириленко, кој и понатаму им го цица селари-капот. Дерон останува најдобар играч, плејофот е достижен, ама тоа е се. Најдобар потег ова лето беше примањето во Спрингфилд на Стоктон и вечниот Џери Слоун.

kris-pol-trening

ЊУ ОРЛЕАНС – Ланската сезона беше големо спуштање на земја за Хорнетси, тимот кој требапе да има светла иднина. Крис Пол останува МВП кандидат, добар дел од тимот е сменет, но се уште го немаат оној квалитет плус за нешто поголемо. Се откачија од Чендлер, го имаат Емека, кој почна да им оди на нерви на новите соиграчи, Пеџа и понатаму зима пари за ништо, Вест е една од подобрите “четворки“ во лигата, Скот може да добие отказ сезонава.

dirk-forgetting_we_believe

ДАЛАС -Најактивни ова лето, заедно со Спарси, беа Мавси, кои одиграа паметно не чекајќи го Летото 2010 за кое се спремаат сите. Остана Кид, но Дирк сега покрај себе ги има и Мерион и Дру Гуден. Заедно со Џош Хауард прават интересна петорка која може да игра клучна улога на Западот. Не дека ќе бидат шампиони, ама изгледаат доста подобро од лани.

КЛИПЕРСИ – Кога се изгледаше дека ќе биде поубаво, дека ланската сезона ќе биде далечно минато и дека повреда веќе нема да биде збор кој ќе се слуша кај секогаш вториот тим во Ел-Еј, Брадата на Берон пак остана сама. Барем на стартот на новата сезона. Блејк Грифин го повреди коленото и ќе го нема некои месец и пол, а тоа значи нови маки за Данливи. Сепак, оваа сезона ќе биде подобра од ланската. Полоша не може, иако кога се Клиперси во прашање, се е можно.

ГОЛДЕН СТЕЈТ – Какo она We believe да беше пред мнооогу години, Дон Нелсон пак се скара со некој од играчите. Стивен Џексон се откажа од капитенската лента и побара трејд. Рендолф, Мороу и Кари можат да изненадат многумина, а интересно ќе биде да се види и Монтеј. Ќе играат брза кошарка, а на крајот плејофот пак ќе го гледаат од дома.

ПОРТЛАНД – Лани успеаја да стигнат до плејофот, но таму изгореа поради незнаење. Оваа година се малце постари и поумни, а и Грег Оден, конечно, делува како да фаќа залет. Главен потег беше ангажманот на Андре Милер, кој би требал да им донесе стабилност на плеј, додека најмногу среќа имаа кога нивните милиони ги одби Туркоглу. Интересни за гледање и тим на иднината.

sansi_knowing

ФЕНИКС – Викаат дека пак ќе трчаат, дека ќе играат како кога беа дел од НБА елитата. Арно ама, Неш е постар, Амари е осамен во рекетот, Хил е уште постар од Неш, а Џентри не е Д’Антони. Имаат понекоја светла точка, но факт е дека полека, но сигурно станува тажно во Аризона. Штета.

2 comments October 27th, 2009

Конечно, Денвер, конечно, Мело…Тажниот Крис, Војна во Атланта и Фејкерот Вејд?

Photobucket

15 години. Толку чекаа во Денвер за втора рунда од плејоф, од она рикање на Дикембе со баскетот на паркет во рекетот на Соникси и големото изненадување. Иронично, тренер на тие Соникси беше баш Џорџ Карл, кој сега на Мело му ја донесе втората рунда за прв пат во кариера.

Photobucket

После она историско табање на претходниот меч мислам дека на сите им беше јасно дека Хорнетси немаа шанси за нешто повеќе. Одиграа едно полувреме како треба, првото, и тоа беше се од нив. Тимот на иднината од пред 12 месеци, одеднаш стана тим на кој ќе му требаат и тоа какви промени ова лето.

Нивната игра беше целосно прочитана, Нагетси покажаа како се игра против Крис Пол, а освен на моменти Вест, и тоа ретки моменти, немаше некој друг да повлече. Кога не игра Пол, не игра никој. А кутриот Пол не можеше повеќе, му се гледаше тоа на секоја средба од оваа серија, цела сезона го носи тимот и на крај е нормално дека не издржа. Никој во оваа лига не освоил ништо сам.

Следен за Денвер е Далас со кој има 4-0 оваа сезона, ама не би се палел многу на тој сезонски скор, посебно со начинот на кој игра Далас. Всушност, брзо ќе видиме како стојат работите и во таа серија.

Photobucket


А, во Атланта, вистинска војна. Серијата во која немаме средба под 10 разлика на крај, барем има еден куп атрактивни моменти, а после синоќешниот дуел и еден куп технички, намерни и не баш некои големи симпатии едни кон други на противниците. Ако, така и треба да биде, сепак е ова плејоф.

Хоукси им одржаа лекција на Мајами синоќа, лекција од тимска кошарка. Играа одлична одбрана, се движеа во нападот, правеа блокови, излегуваа од нив, покриваа…На старт го удвојуваа Вејд, после го оставија да игра на 20 разлика, знаејќи дека сам не може да ги победи. Џо конеќно одигра лидерски, а Биби конечно сфати дека треба да почне да го напаѓа рекетот на Мајами. И се тоа без Марвин Вилијамс, а и без Ал Хорфорд, кој се повреди после само 11 минути на терен после еден сендвич фаул од Џонс и Вејд (ко у крстозбор – види фотос :) ).

Ако ни еден од овие двајца, посебно Хорфорд не може да игра на следната средба, би можело да биде тешко за Хоукси, но и Мајами има свои проблеми. А и како што реков порано, кога Мајами и нивните потпросечни играчи не шутираат како Дрим Тим, тогаш тие се сосема просечна екипа. Што од друга страна е комплимент за тренерот Ерик Сполстра и Вејд што ги донесоа до тука.

Photobucket

Кога сме кај Вејд, полека момакот почнува да ми станува сумњив. Мислам, на некои им е сумњив и им е фејкер уште од финалето со Далас, кога на него беа судени 14831 фаул, ама во оваа серија стварно премногу време поминува лежејќи на паркетот, наместо да лета по него. И често пробува да намести некого на фаул, ама сега тоа и не му оди до толку, иако судиите пак наседнуваат.

Не викам дека не ја удри главата од паркет по оној дуел за топка со Смит, ама остана да лежи ко да е мртов. А имаше сила за намерна лична над Еванс или пак за сендвичот над Хорфорд после тоа. Да не зборам за тоа дека имаше сила и делуваше свежо во трета чет. кога се распуца на минус 20 ко ништо да не било. Стануваше после секој дуел без проблеми. А после тоа имаш изјави како го боли грбот, рамото, коленото и кој знае што друго. Другите мислиш не ги боли после цела сезона, па ќутат.

Некако ми се претвара во тип на играч, од тој аспект, како Пол Пирс, што и не е баш позитивно. Ако играш, играј и ќути. Не ми лежи по терен по цело време, не му личи на суперстар ко тебе такво нешто.

ПС: За обидот на Џош Смит за куцање меѓу нозе, не знам што да кажам. Да му успееше, арената ќе експлодираше, вака, покажа дека е уште незрел за некои работи. А тоа дека неговиот потег само ги налутил игачите на Мајами пред следната средба. Голема работа. Па и треба да се лути и да дадат се од себе да не им заврши серијата на нивни терен. И со и без тој потег на Смит.

14 comments April 30th, 2009

Кога Коби е Коби

Photobucket

Ете, и вистинскиот Коби се појави во овој плејоф. После онаа мизерна трета партија и за очекување беше и тој да се разбуди, и тоа како да се разбуди. Лејкерси одиграа одлична средба покажувајќи дека им нема рамен на Западот, иако рака на срце, настрана од Коби им фати шутот и на сите други, па така од секоја позиција погодуваа и еден Шенон Браун, Лук Волтон и мрскиот и мрсен во главата Вујачиќ.

И секоја чест за Зенот за ставање на Одом како стартер и седнување на Бајнам на клупа. Против Јута, а и воопшто, мислам дека тоа е подобро решение. Лани без Бајнам стигнаа до Финале, сега мислам дека им е само потребен како помош во рекетот, ништо повеќе. Иако верувам дека во зависност од сериите кои следуваат Зенот би можел да го врати во први пет.

Јута се бореше, но толку им е силата. Не можат секоја вечер Бузер и Вилијамс да гинат по преку 40 минути без некој друг да повлече, а камбекот на Мемо не го ни рачунам за камбек, зошто јасно беше дека човекот не е подготвен за игра, ма колкава желба и да имал.

За Хоукси нема многу да пишувам, да, беа бедни, ма какви бедни, мизерни, но Мајами повторно одигра како Дрим Тим, погодувајќи ја секоја тројка што требаше, фаќајки го секој скок што требаше и на крај во такви момци како Мун, Џејмс Џонс, Чалмерс итд. стануваат фаци.

Атланта има плеј со едно чудо плејоф искуство кој не ја ни пренесува топката, а камоли организира играта, одлучија да не го удвојуваат Вејд, всушност не ни играа одбрана на Вејд, кој пак погодуваше луди шутеви и во напад немаш движење на топката. Како што на полувреме се смееа Кени Смит и Баркли…“дрибл, дрибл, дрибл, дрибл…“, тоа им беше целата игра во напад.

А Џермејн како стварно да ја нашол Фонтаната на Младоста во Саут Бич. или така ми се чини ради бедните партии на високите момци на Хоукси.

Најинтересното во целата работа е што доколку некои топки за Мајами не тргнат на нивна воденица на следната средба, епизодистите си одиграат како што и обично играа и не одиграат со таква енергија и прецизност, со конечно добра партија на Хоукси, тие можат да ја изедначат серијата во понеделник.

Но, како што сега стојат работите, не знам баш дали е изводливо. За такво нешто им треба и здрав Марвин Вилијамс, а тој е повреден. Кој ќе повлече и ќе стане нивни лидер, да се развика малце во соблекувална и на терен, не знам, не гледам таков лик во тимот. Единствено Вудсон да им удри ќутеќ.

И реков нема многу да пишувам за Хоукси.

Во другите две Џош Хаурд покажа дека е икс-факторот во серијата со Спарси, пак. Исто како што Данкан и Паркер покажаа дека не можат се сами и дека без Ману тешко ја поминуваат и прва рунда. Колку само им фали Ману на Спарси.

Хорнетси пак покажаа дека не можат да се носат со Денвер. Пол мораше да изгине на терен, имаа ефект од клупа, Вест малце се разбуди и Нагетси, кои не одиграа нешто сјајно, пак беа во игра до задња секунда. Тајсон беше труба, ма колку и да се опоравувал од повреда, сега некако ја сфаќам идејата за негов трејд, ама во Оклахома не дозволија да ги зезнат. За дедо Пеџа, да не зборам.

5 comments April 26th, 2009

Хеј, Џо + Smooth дели лекции

Photobucket

Кога иде, иде. Мајами го оствари она по што дојде во Атланта со неколку рекорди. За прв пат двајца играчи на еден ист тим на иста плејоф средба убација по шест тројки (Вејд и Кук) и си погодија клупски рекорд од 15 тројки од 26 обиди, а и за два имаа преку 55%. Со таков шут тешко дека се губи, посебно што добар дел од тие тројки ги погодија баш кога Хоуксисе обидуваа да се вратат во игра.

Секогаш кога Атланта ќе се доближеше, Кук или Вејд погодуваа за три, и тоа беа добро чувани. Точка на се беше тројката на Вејд со звук на сирената на неколку минути пред крај, преку Џо Џонсон од некои осум метри, па уште од табла.

Е сеа, кога сме веќе кај Џо, човекот сосема непотребно си презема преголема одговорност врз себе во последната четвртина и тоа, заедно со шутот на Мајами, доста им наштети на Хоукси. Погоди една голема тројка, ама во неколку ситуации, што е нетипично за него, беше себичен, (на што укажуваат и 0 асистенции на крај) и наместо да асистира, одеше сам против сите во рекетот на Мајами.

Го имаше расположениот Биби сам на тројка, ама јок, отиде на влез, го имаше Џош Смит под кош, ама јок, се дигна на тројка, го имаше пак Биби сам, ама јок, тргна на кош, го фаулираа, па ги утна и двете слободни. Штета, зошто Хоукси не изиграа лошо.

Уствари, не знам дали Хоукси изиграа слабо или пак ваков шутерски Мајами со разбуден Џермејн О’Нил во рекетот синоќа ќе победеше против било кого и да играше…

Како и да е, имаме уште една 1-1 серија, а тоа значи подолга и поинтересна прва рунда.

Ај сега да видам што се дешавало во Денвер…

Photobucket

Таму нов масакр на Хорнетси, нова слаба партија на Крис Пол и на цел тим на Њу Орлеанс, нова страшна вечер од Билапс и уште еден доказ за тоа каков трејд направи Денвер оваа сезона. Чонси пак му одржа лекција на Пол, нешто што ретко кој го очекуваше пред стартот на оваа серија. Но, не само Чонси, цел тим на Денвер игра за класа подобро од Хорнетси кои делуваат тотално изгубено.

Без Пол на она негово ол-стар ниво, нема никој друг да ги извади од калта. Во најавите го спомнував скокот како нивен главен проблем, ама испадна дека е тоа само дел од нивната мака. Со таа игра која играа сабајлево, не верувам дека можат да ги добијат двете дома. Т.е. со таква игра не добиваат ни една дома.

И уште нешто за Чонси, две средби по ред човекот нема загубена топка, а има 68 поени и 12 асистенции плус шут за три од 12-15!
ПС: Орландо изедначи, Двајт си ја доби наградата, па имаше мизерна партија пред да направи шест лични.

ПС1: Како да изненади некого тоа што Дерик Роуз е Руки на Годината…или па Џејсон Тери најдобар Шести. Конгретс на двајцата.

4 comments April 23rd, 2009

Next Posts Previous Posts


Календар

July 2010
M T W T F S S
« Jun    
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031  

Архива

Категории