Posts filed under 'Ние и Лекиќ'

Фајналс Микс…. + анализата на Чоте

Ајзеа го одложи текстов за еден ден, но време е да се даде последен поглед на 60-то НБА финале, кое зависи од која страна гледате е едно од најдобрите во последно време или пак уште еден случај за conspiracy теоретичарите.

(Малку ќе одам рендомли од ствар на ствар за финалето, али ќе ме сконтате, после преку 200 ноќи без спиење…израчунав негде околу 220 утакмици…малку ми е чудно што ќе си легнувам пред изгрејсонце).

Ја сум негде измеѓу. Не сакам да гледам како титули се решаваат со слободни, слободните треба да бидат составен дел од играта, но не на начин на кој цела сезона би се сведувала на изведување слободни од страна на еден играч и тоа на две средби по ред.

Тоа што Вејд испуца преку 20 слободни на две средби од финалето, а тоа факат се нема десено никад, е нешто што фановите на Далас и Кјубан никако не можат да го сварат. Факт кој оди на нивната воденица е и тој дека Ајверсон сезонава беше лидер по бројот на изведени слободни (Коби е втор), а тој цела сезона изведе преку 20 слободњаци на само четири средби (кога Коби убаци 81 поени тој шутна 20 слободни).

Е сеа, знам дека ова звучи како Вејд незаслужено да се најде таму каде што момакот е сега, што у никој случај не е вистина. Вистината е дека додека другите се мислеа и не знаеа како да ја свртат средбата во своја корист Двејн едноставно беше фром анадр планет.
Кога требаше да се оди на шут – тој си погодуваше, кога требаше асистенција – тој си наоѓаше слободен соиграч, кога се кршеше резултатот – тој знаеше дека треба да тргне на влез и да изнуди што може повеќе контакт, свесен дека судиите ќе дувнат фаул, иако имаше и доста ситуации во кои Двејн не го доби тој суперстар третман.

Факт е дека во ова финале Флеш покажа муда какви сме виделе ретко кога досега, посебно не на вакво ниво. Вејд на грб ги качи сите старци од пензионерскиот од Мајами и ги однесе таку каде што сами никад не можеа да стигнат кога беа у најдобри години баш поради тој факт – што немаа доволно големи муда (дел од муабетов нормално не е Шек).
Факт е дека сите бевме сведоци на пишувањето на историјата на НБА, нешто за што сигурен сум дека ќе им раскажуваме на нашите деца, внуци, итд…

* * * * *

За да се сфати како стигнавме до тука и до ситуација слободните да решаваат треба да се вратиме некои шест-седум години назад кога чичко Штерн одлучи и дефинитивно да ги избаци од лигата момците и фаулите од типот на Оукли, Лејмбир, Мејсон, Родман, Махорн итд…

Комишот воведе неколку измени меѓу кои кључна беше хендчекинг фаулот надвор од рекетот со кој им се даде максимална слобода на момците како Вејд, Коби, Ајверсон, Трејси и др., за да им биде уште полесно, секој погруб контакт кога тие момци ќе влезеа у рекет беше окарактеризиран како непотребна грубост и значеше суспензија. На времето тие фаули беа само тн. “машки” фаули, сега се фаули за у затвор.

Добар пример е фаулот на Стекхаус над Шек, за кој порано никој немаше да лапне суспензија, па уште у финале?!?!

Ваков третман пред 20 години да имаа Мајкл, кога Бед Бојси буквално на секој негов влез одеа да му скинат глава или Доминик, кој и без тоа го држи рекордот за 23-23 уфрлени слободни на една утакмица сигурно ќе имаа просеци од преку 40 поени.

“I really got involved to outlaw all the handchecking and all the beating up of guys on the perimeter, so now the game’s gotten a lot smoother, so you’ve got superstars like Dwyane Wade, LeBron James, Dirk Nowitzki who can take the ball to the hoop without all of that old Knicks ball, the old Pat Riley stuff, where they’d just beat up on people” – изјава која Марк Кјубан ја даде на “Летерман” кога серијата се пресели во Мајами. Веројатно сеа си ја мава главата у ѕид.

* * * * *

Веројатно држи вода фактот дека е потребно искуство, посебно на клупата за да се освои титулата. Колку и да не ми се свиѓа начинот на кој залижаниот ги водеше Хит.

Сите забелешки на неговите потези губат на тежина кога ќе се сфати дека токму Рајли, заедно со Флеш ја одигра најголемата улога во освојувањето на титулата со тоа што целосно го стави у мал џеб Ејвори Џонсон, кој се изгуби после две средби и три и пол четвртини.

Улогата на мотиватор, по која уствари Рајли е и најпознат, тој ја изигра оскаровски, убедувајќи ги своите момци дека се способни да се вратат од 0-2 и велејќи им дека на 20.06. ќе ја освојат својата прва титула.

Ејвори после ова може слободно може да си ја врати наградата за Коуч оф д јир, затоа што недозволиво е за некој како него да не сфати дека му е подобро да престане да го утројува Шек и конечно да му посвети повеќе внимание на Вејд.
Нели е подобро еден од триото мрцини Диоп, Дампие и Мбенга да го пази еден на еден Дизелот (колку и да е тоа немогуче за нив) и секогаш кога Шек ќе ги поминеше и ќе се најдеше у позиција да поентира да направеа фаул.

Можда Ејвори не примети дека Шек е труба на слободни. Кој знае. Тој имаше 18 фаули да подели на Шек, а наместо тоа Мавси цело време го праќаа Вејд на слободни.


Проблем ми е и лидерството у Далас, каде барем до финалето Диркулес покажа дека конечно си ги пронашол мудата и знае што му треба да стане шампион. Ви текиња на серијата со Сан Антонио и растурањето од шутирање слободни на Дирк, што е многу слично со тоа како Вејд ги смска у финалето?

Тој Новицки го снема негде на патот од Феникс за Далас и не се врати до крај. Можеби избричената глава и брада ќе му помогнат да сфати колку бил блиску – за влакно.

А и што да очекуваш од екипа у која најплатен играч е Кит Ван факинг Хорн…

* * * * *

Никад не ми се верувало дека екипа у која стартен плеј е Џејсон Вилијамс, а уште па на тројка почиња Ентоан Вокер ќе успее да помириса финале, а камоли да стане шампион. Ама, веројатно тоа е Вејд-Шек ефектот.

Свака им част на Зо и Пејтон на првите титули, посебно поради тоа што и двајцата одиграа голема улога. Уште ми е у глава куцањето на Зо на крај на прво полувреме и секоја од петте блокади у Гејм 6.

Па уште како се тресеше на земја како да има напад…пример за тоа како се игра со цело срце…и еден бубрег.

* * * * *


Шек, колку и да според некои хејтери не делуваше така, одигра огромна улога во освојувањето на титулата. Со самото тоа што беше во игра и што у секој напад беше у2 и у3јуван тој отвараше простор да играат сите, а посебно Флеш.

Сега, Шек спободно може да каже дека го исполнил ветувњето кое им го даде на сите у Мајами кога пред две лета стигна во градот. Тој стана шампион без Коби покрај себе, иако мора да се признае дека тој тоа не го оствари на начинот на кој го замислуваше или посакуваше.

Од друга страна, Коби сакаше да ја освои титулата на ист начин на кој тоа го направи Вејд – со надминување историски дефицит со игри за историја, правејќи се сам кога се крши резултатот и докажувајќи дека тој е главната фаца у тимот.

Тоа што Шек свесно целата моќ му ја проследи на Двејн сигурно уште повеќе го полудува Коби, за што веројатно и не е потребно многу напор.

Начинот на кој заврши сезоната на Коби, со тоа што по медиумите беше повикан за неуспехот на Лејкерси во клучната седма со Феникс, кога во цело второ полувреме имаше само три шутеви од игра кога најмногу им требаше на своите помошници.

Кога на тоа ќе се додаде фактот дека Двејн е ѕверот кој успеа од 0-2 да сврти едно НБА финале во 4-2 за својот тим, па тоа што Двејн без проблеми успеа од менторот на Коби, Шек да направи втора опција и на крај тоа што сите почнаа да го споредуваат со идолот на Брајант, Мајкл химселф…веројатно му дава силни мотиви на Коби за следната сезона, познавајќи го каков его-манијак е.

Едвај чекам да ги видам неговите дуели со Двејн следната сезона кои сигурно ќе бидат класика и ќе се најавуваат како што тоа до оваа година беа најавувани двобојите на Коби и Шек. Едвај чекам.

* * * * *

Во продолжение…РЕКАПИТУЛАЦИЈА НА ШЕЕСЕТОТТО НБА ФИНАЛЕ by Chote, кој е најнова аквизиција на МакНБА тимот. Бето, уште не си ја аксептовал поканата која ти е пратена пред месец и кусур. Ај така.

(Иначе, морав малце да ги преуредам задњиве два текста затоа што си реков дека тоа што го пишав у петокот ќе биде задњи пост за финалето. Плус, Шеп многу, т.е. ич не го средил текстот, па морав малце да го излектурирам. Чоте, пази со дупли спејс у будуќе:). Донт вори, ги префрлив и коментарите. Сеа со текстот на Чоте добијате дупла доза НБА фајналс рикеп и тоа подвлечено со жуто – К.)


НБА сезоната заврши. Имаме нов шампион, “нов-нов”. Ретко кој очекуваше ваков расплет, особено по почетното водство на Далас во финалнава серија. Но, се случи чудо. Се срушија многу НБА рекорди и се прекинаа многу традиции.

Најбитно од се, НБА се издигна, не знам како да го објаснам тоа, ама НБА е повторно интересна за гледање, барем за мене. Се разбира не на исти начин интересна како што на пример беше во времето на Џордан и компанија (месо-боранија-К.), но не е досадна како што беше пред 4-5 години.

Веројатно најдобро ќе ја опишам новонастанатата ситуацијата ако кажам дека се поставија нови стандарди. Многу добро го кажа тоа Лекиќ, кој за наша среќа ги коментираше сите натпревари од финалето.

Она по што најмногу ќе го паметиме финалево е секако Двејн Вејд, кој израснува во феноменален играч. За мене тој отсекогаш бил подобар од Леброн и Мело, играчи со кои најчесто го споредуваат.

Вејд експлодираше кога беше најпотребно, Вејд покажа особини на исклучително зрел играч кога беше најпотребно.

Голема заслуга тука има и стариот лисец (што би рекол З.Михајлов) Пет Рајли, кој успеа да ги постави работите така за да извлече максимум од составот што му беше на располагање и затоа што успеа да ги постави работите така за талентот на Вејд дојде највеќе до израз кога беше најпотребно.

Иако морам да признам, на моменти тактиките негови ми беа чудни.

Во привјуто на финалево што јас го пишав споменав дека една од причините поради кои Мајами е во предност е токму Двејн Вејд. Да бидам искрен, во никој случај не мислев на оваа предност што Вејд му ја донесе на Мајами во финалево. Ова што се случуваше ретко кој можеше да го предвиди. Човекот е чудо. Човекот на раце го однесе Мајами до титулата. Во него има потенцијал, различен од оној на Леброн или на Мело или пак на Коби. Човекот е едноставно различен од супердобрите играчи како овие споменати погоре. Мислам дека имаме чест да гледаме раѓање на една легенда. Иако сум веројатно сеуште под импресии од се она што се случуваше во финалето, сигурен сум дека Двејн Вејд е играч со вонсериски потенцијал.(Така е).

Во привјуто на финалето, исто така, кажав дека очекувам Шек да биде главен. Но, не беше така. Ни блиску до тоа што јас го очекував. Според мене, освен експлозијата на талентот на Двејн Вејд во финалево, друг многу битен момент што стана кристално јасен во последнава недела е падот во формата на со сигурност најголемиот активен играч во НБА. Станува јасно дека Шек остаре.

Факт е дека сеуште нема играч во НБА што може да го чува еден на еден, но исто така очигледно е дека колената на Шек попуштаат и он неможе да издржи повеќе од 30 минути на паркет. А и во тие 30. минути не е оној стариот, го нема оној жар и желба и секако не е физички спремен за да пружа партии какви што пружаше за Лејкерс на пример.

Во наредниве неколку сезони, Шек се повеќе и повеќе ќе се потпира на неговата харизма и искуство. Ние можеме само да уживаме во неговата игра, во играта на најголемиот активен играч во НБА во моментов и по неколку години да им кажуваме на децата за него. Шек беше втора виолина во финалево, како што и самиот си призна на крај. Во секој случај, вистинска привилегија за Вејд се околностите во кои тој “расте” како играч – Пет Рајли и Шекил О’Hил, не може да посака подобри тутори.

Во привјуто исто така реков дека очекувам старците во Мајами да гризат. Така и беше. Морнинг потсети на најдобрите денови од неговата кариера, јас не сум го видел толку мотивиран. Пејтон исто така изигра солидно за минутите што му беа доделени, а и за кондицијаита што ја има. Пејтон го реши третиот (одлучувачки) натпревар.

Останатите ветерани и не прикажаа кој знае што. Не ми е јасно како може Џејсон Вилијамс, 7 години да игра во НБА и при тоа да не созрее 5%, да не се надгради 5%. Истите глупости што ги правеше во Сакраменто на времето, па потоа и во Гризлис ги прави и сега, на тотално ист начин. Ептен е за никаде.

Секако треба да се спомене и Вокер, кој имаше голем удел во победата во последниов меч и исто така огромен удел во двата први порази на Мајами во финалната серија. Исто така Вокер даде огромен придонес за победата во третиот или четвртиот натпревар кога последните минути ги помина на клупа (ко што одлично забележа Енко – Седи бе :) ).

Поуси и Хаслем треба да се споменат, епизодни но битни улоги одиграа двајцата. Да сум јас тренер на Мајами, секако Поуси би играл пред Вокер, а Пејтон пред Вилијамс, без разлика на годините и лошата физичка подготвеност на последниот.
Како и да е, патетиката на Морнинг, Пејтон па и на Вокер конечно им се исплати,(за разлика од Мелоун), тие сега ќе се пензионираат спокојно, со шампионски прстен на раката.

Далас ја изигра најдобрата сезона до сега. Јас пред почетокот на плејофот прогнозирав дека ќе играат во финале. Тоа и се случи. Сепак, искуството (поточно неискуството) си го направи своето. Дирк и компанија запреа кога беше најпотребно. А беа многу блиску. Не беа во состојба да се вратат по поразот во третиот натпревар.
Јас мислам дека во тимот на Далас има потенцијал и мислам дека сеуште не го кажале последниот збор.

Ејвори е одличен тренер, а доколку го задржат костурот на тимот верувам дека можат и повеќе од ова што го направија оваа сезона. Едино ако на лудакот Кјубан,(кој има фаца на лудак, се понаша како лудак и лудачки им аплаудираше на Мајами на крај) љубовта кон Маверикс му спласне, па дигне раце од нив. Сепак, мислам дека шансите за тоа се многу мали.

Риспект за Ејвори, Дирк, Тери, Хауард а и за останатите од тексашкиот тим. Направија навистина многу. Сега се поискусни за едно финале, а тоа може многу да им биде од корист во иднина.

* * * * *

Долго, а? За крај, една од најдобрите НБА најави евр…

(од следната недела почнуваме да се занимаваме со драфтот)…

18 comments June 23rd, 2006

Мадафака искуство

Еве ме, после еден ден добро спиење и средување впечатоци (не дека имав нешто многу време да ги средувам).
У мое оправдано отсуство, Шеп степд-ап и ме покриваше дури ја не рекламирав на ТВ:)

Мислев да напишам еден баааги долг пост, али коа боље ќе размислам, стварно нема што многу да се објаснува. Можноста да се најдам таму во студио и да бидам дел од коментарот на еден цел Ол-Стар викенд збори за себе. Збори за мене. Збори за Спорт4 и Лекиќ. Посебно за доблеста да соработуваме по малкуте плукања тука.

Токму затоа, како што тој мене ми се заблагодари у живо пред сите, еве и ја на мој терен (пошто у весник не можам), му викам – Фала на Дејан Лекиќ и Спорт4 што ми овозможија да им помогнам:), да бидам дел од нешто така големо.
Иначе, соработката со Спорт4 ТВ ќе продолжи!

Лично за мене ова беше мадафака искуство, нешто што веројатно ќе го памтам заувек. Имав прилика за прв пат да видам како се работи една таква емисија у живо, како се работи таков пренос, ствари кои стварно ми беа непознати. Ствари како слика, звук, тон, техника, траса и сл. кои не знаев дека можат да имаат толкаво влијание врз преносот. Ствари кои се учат со тек на време.

Како кога на некој кој цел живот е со, не знам, фудбалот (и на кој новинарството му е професија), ќе му дадете можност да биде гостин при коментар у живо на финале на лига шампиони,(Лацио-Баерн:))) или финале на СП.

Мадафака.

За да не биде сув постов, еве и 4 клипчиња за дешавки поврзани со Ол-Старот, со кои и ќе го завршиме кавериџот од овој викенд и ќе се вратиме на поважните работи – играњето кошарка и фаќањето боље место за плеј-офот.
Бтв: Шеп! Свака в газ за темплејтот мајсторе:)

Парт 1: Муабетот на Баркли, Кени и ко. Пазете ја опкладата на крајот од клипот.
Парт 2: Што мумљал Коби у тек на средбата.
Парт 3: Куцањата, кои за жал по фарсата по 18154-те обиди на Нејт, изгубија на атрактивност. И немаше ниедно крвничко куцање.
Парт 4: Медиа денот у петок. Снимено со аматерска камера, не кажуем чива. Попуштете глас.

ПС: Се скинав од барање инфо за следните Топ 10 у, сеа више Топ 60 ол-тајм играчи. Ништо нигде. Јок. Нада. Ц. Ни кај типовите кои бираа кај нив на ТВ (ТНТ), ни на НБА, нигде ничега. Ако некој има инфо нека прати.
ППС: Го ѕирнавте нашиот Пауер ренкинг подоле?

31 comments February 21st, 2006

Леброн Пистонс


Јас ја праев сликава ;)

И така помина уште едно Олстар доживување, коа ќе остане запаметено како дебитирањето на Енко пред пошироката јавност. Нормално, и доблеста на Дејан Лекиќ, и закопувањето на секирата со МакНБА.

Ај да не лижам :)

Утакмицата помина рапаво. Имаше од се` по нешто, и акробации, и финти, и неизвесност, и бламажи. Наместо да праам некаков си рекапитулар, ќе истресам неколку свежи впечатоци.

Прво, преку таквото ми е од лежерности. Ај дебитантите, ги разбирам. Ај сабота вечер, и тоа разбирам. Ама на што личеше тегавењето по терен на одредени ликови.. башка распрдениот Трејси Мекгрејди со стегачот преку очи.. као он нешо навреден, дава изјави цело време како имал мучнина, и сеа сите треба да го тешат, и он таков утешен да дае 43 поена.

Пак околу тие 43 – Коби пред утакмица дава изјава дека не сакал да дава 43 за новинарите у весниците да имаат за што да пишуваат. ДАТИБАМ ГЛАВУЧОТ!

После тоа, СО КОЈ ОБРАЗ, АМА СО КОЈ ОБРАЗ тој Флип Сандерс се осмели да го приреди хоророт на кошарката коа ги убаци неандарталците од Детроит. Мислам, ај не лежерност, ама тоа на шо личеше? Ко шо приметив, на крај на трета, 2 минути кош не видоа Западњаците, а нешо слично и у прва четвртина се деси. Ма ја не знам зашо не го избраа и Принс, и Делфино, и Мекдајс, ма цел Олстар у Детроит да се одржува. Но, тоа е тоа. Ко шо Грчка е европски шампион, така и овие смуковите ја разрушија целата концепција.

Многу сумњиво беше што Аринас пројде цели 6 минути на паркет. А Бен 18. А Рашид само 5. Тој Бен е музејски експонат за кромањонец шо лови диви животни и ги јаде, им ја дере кожата и се замотува у неа.

Мерион ај шо не знае да шутира.. уствари шо ќе го зборам. Трет стрелец на Западот беше (?!) Ама затоа можам да упатам еден апел до Картер да ги артикулиса тоа куцањата. Ај еднаш, ама два пати!

Леброн, добар беше. МВП. Алал да му е. Заслужено. Али ко шо вика другар ми Џедајот, многу личи на дедо.

Мао Це Тунг, јасно ми беше каква партија ќе пружи уште кога се измрда така растревожено на почеток, мислев се скрши. Шекил пак, си се наметна ко фаца бр. 1, ама шпиунски го изеде од Коби, ем еднаш ко му се ишуња меѓу нозе, а еднаш ко го залепи, па од риспект му судеа фаул. Е дебели, дебели, да си останеше у ЛА..

Ева Лонгориа не се виде. Затоа пастувот и` пуцаше 3-8 од поле и имаше 5 изгубени топки. Гасоламабад, прав феномен. За 14 минути, 0 поени и 12 скока. И каква банана, дупла, попи од гореспоменатиот кромањонец, па то страва и ужас у цела Шпанија.

Гарнет, 1-9 од поле. Може он и боље.

Крис Бош, 8 поена со 8 скока, а генерацискиот му Вејд 9-11 од поле. Мож требаше да се продумаат околу МВП.. пошто Флешот на крај си го дае решавачкиот поен по офанзивен скок.

Одговорот е 5-14. Ужас. Али поголем ужас од дресовите.. ау, очобол.. па то се мешаат бои, па то коцкасти бројки, па то стегачи преку очи, абе РГБ фестивал..

Иначе Ејвори Џонсон официјално влага у категорија за најпискав глас евр. Ко да му стаиле јастог у гаќи. Башка фармерски изговор: „Јеао, хеиеј Јеао! Пик`н рол, Јеао“

Пол Пирс нека ургира да го трампаат у Детроит, му се уарни со тоа бандата да игра. Чонси, стабилно, 15 поена, 4 скока и 7 асистенции за 11 минути. Браво. РИП, онака, колку да се рече.

Стив Неш у знакот на Коби Брајант – 2 поена, 5 скока, 6 асистенции. Тоа дека химната на Канада беше у сенка на америчката од Дест`ни`с Чајлд (хихи ова со апострофиве).

За тоа дека Бренд е дојден да се надигрува ми стана јасно од почеток. Ете зашо Клиперси се јаки. Алал и нему.

Реј Ален, 0-7 за тројка. Пензија? Едино тоа куцањето на почеток, малце душа покажа.

Данкан 15 поена и 10 скока, 6-7 од поле. И 5 изгубени топки, али океј е, роботски, то шо се бара тоа си учини.

Али, целосно, добра утакмица. Само ја мора да искритикувам. Еве ко шо ќе мавнам отворена критика дека Енко и Дејан беа премногу оптоварени со МВП.. али се прифаќа, шо. А тие пораките, епа сакате да глеате Олстар, мора и некој да го плати.. капитализмус.

А да, Бевета е исти Јеремие од Алан Форд само без цвик!

Конечно: победа на Источните, МВП Леброн Ноктогризачот Џејмс, најмлад у историјата шо го добил тоа чкартното навидум кристално трофејче шо ќе му фаќа прашина у витрина додека штама на трибина, абе тоа милина, нокти гриза ко грисина, елегантен ко балерина, пливај Делфина и сл. Иначе, ако Коби на крај даеше некоја тројка, он ќе требаше да си биде МВП, а не тоа говедото Мекгрејди кој од прв напад тргна да брка рекорди.

Епа ТиМек, шо ми е мило да знаеш.. со туѓи перја нема китење. Најатрактивен момент се подразбира дека беше последниот поен на Коби, со дриблингот и фејдавеј шутчето.. а нормално дека на полувреме не беше до таа мера лош ко шо Енко Кобимрзецот го престави, туку се фокусираше на тимска игра. Па на полувреме имаше 4-4-5, а ако фатеше да пуца ко луд сите ќе го кудеа дека е болно себичен. Дипломатија.

А ја нормално дека се зезам, попушта концентрација, побогу, 6:20 е.

Ако на постов нема слики, значи ме мрзело да ги ставам.

И ДА, НЕ Е САМО ЕНКО МАКНБА, ДА ВИ ГО КЛАМ. ПОБОГУ, ЈА СУМ ОСНИВАЧ!

14 comments February 20th, 2006

Saturday Night Резил

Ол Фарс Викенд.

ФАРСА!

Првин, симпатичен момент на МекКарти и химната. Кај нас ќе ја пеел Тони Симич. Така се шпекулира.

Океј, почна, прво биднаа шутинг старс. Нема шо да се дрви, лежерна и глупа активност, у која не знам шо бара Меџик (шутинг стар? боље у Скилс Челинџ да го пратеа), не знам шо бара мерион со тоа камењарското шо му го нарекуваат ШУТ (Мерион и шут? шутинг стар? тоа фрлање камења е, не е шут). Ај бидна, Тони Лонгориа и екиапта си тепаа.

Скилс Челинџ – срамота, сите испогрешија сем Вејд на крај. Господинот МВП се изрезили, ја побрзо ќе напраев, мислам срамота, никаква дисциплина ко шо вика Бето, ни возбуда, ни ништо, ко шо вежбавме со сталките на тренинг, со таа разлика шо овие ги глеа цел свет.

Тројки – добро бе, целта на тројките е да се погодува, а не да се утиња. Капак на све – Дирк, инаку мојот фаворит, успеа да влезе у финале благодарејќи на тоа што задњата шарена ја утера после истекот на времето. Натака сосема коректно си тепаше, ама пак, си го расипа впечатокот.

И куцањата.

Прв момент – Џош Хајфлаинг Смит – сосема „просечно“ се џитна со две од рекет (не беше тоа од слободни, ја нагази, а башка и изглеаше млитаво). Знам дека ќе ме кара Флајт75, али грешка му беше на Џош она со лентата.

Стварно. Сите помислија дека ќе рипа од таму. А дека судиите го зезнаа, го зезнаа. Тоа куцање е за 45, минимум. После тоа, у финалето, нема шо да се полемизира – Нејт Робинсон се измачи, онака гревче, му се смееја другиве, сапунска опера у режија на Џет Кени Смит, буквално провидна местенка.

Капак на све стаи Игуана кој после двете МАЕСТРАЛНИ изведби, коа требаше да настапи со нешто ново, изведе куцање кроз нозе, шо е досега видено 15-16 пати, во изведба на Рајдер, Коби, Картер, Џеј Рич, Дезмонд Мејсон, Амари Стадемаер, Леброн и Принс лани на Руки вс Софморс, Хеликоптер од ЕндУан, па дури и од тој белецот,
Русинот, шо не ми текиња као се вика.

Коа требаше да го срози раскоканиот копиљ, он така лефтерно си ја закуца, а па жирито хоштаплерско, за 1 бод го зезнаа. Свака част за Нејт за сите до едно куцања (сите беа кул, па дури и она со Q) ама и баба ми ќе закуцаше после толку обиди.

Следната година саботната вечер нека си ја снимаат у студио, нека си ги намонтираат куцањата, нека ни ги пуштат само. Се сложувам дека куцањата на Нејт можеби севкупно беа подобри од Игуана, ама НЕДОПУСТЛИВО е по толку обиди да има шампионот.

Нека ви текне како само лани го исвиркаа Крис Бирдмен Андерсен, како преклани победи Фреди Џонс благодарејќи на промашувањата на Џеј Рич, а исто така, нека се има во предвид како и она иако млитаво, сепак сосем поштено забивање на Смит у првата рунда, само заради грешка у залет (не се ни одрази) беше обесправено со 41 поен.

Бедна саботна вечер. Единствено добриот коментар на ѕвездата на МакНБА Блогтротерс, Енко а.к.а Каракаш вредеше да се следи. Ко за Софмор, беше бољи од коа беше Руки :)

ПС. Една статија на НБАдрафт.нет вика дека иако официјално се води као 175, Нејт Робинсон е 168 цм висок (weaknesses делот). Затоа Спад Веб е повисок. Таа евиденција е изглеа илеџење за да се протне у амерички фудбал (пошо Нејт освен као добар кошаркар беше и добар фудбалер).

ППС. Да, пропуст беше шо Енко и Лекич не ги кажаа правилата за неограниченост со време и со обиди (нешто што е кобно по убавината на овој турнир, шо се виде и вчера). Еве и ја конструктивна критика.

15 comments February 19th, 2006

Игуана МВП и Каракаш ко-коментаторот

И така почна Олстарот.

Доаѓам синоќа поднапиен дома, нешо на ХХЛ глуп порниќ, на нет живо пиле нема, и ај се паркирав пред ТВ. Конечно почиња забавата на Спорт4. Се исфрла Лекиќ у кадар, а покрај него еден згоден млад мрк дечко, онака, као бил највечи познавач на НБА. Како не бе, ја шо сум? Нема врска, тоа беше вашиот и нашиот Каракаш, бивши манекен, наркоман, ветеринар и тутуноберач, а сега НБА стручњак :) Од почеток малце трема шо е неизбежно, али после тоа мислам дека се уклопи у шемата шо ја има Лекиќ за овие натпревари – муабет околу Лигата, за среќа овој пат без „пикантерии“. Енко, палец од мене (зборевме после на телефон, делевме импресии до 6 сабајле, ова е успех како за блогот МакНБА, така и за спортот, па и за Македонија воопшто). И тоа, онака, мило ми е шо ги надминавме разликите со Дејан, и ни успеаа терористичката стратегија. Се зезам бе, све спонтано дојде.

Инаку, утакмицата знаев дека ќе биде тапа. Имено, и` приоѓам вечерта не една цура, и прв муабет нешо ова она, и не знам како се деси да се спомене книги и сл., и бичов ми вика „ја не читам книги, никад не сум читала“. Ма да ја млатнеш со мокра чорапа. Нејсе, после таков муабет, нема шанси да се глеа добра утакмица.

Ова уствари може да биде еден апел до Лигата и Дејвид Штерн: нека биде тоа стандардна утакмица, нека има правила ко за нормална утакмица, и да глеам малце акција. Ми текиња бе коа играа само дебитанти, исток вс. запад, милина, то борба, дух натпреварувачки, Коби коа дае 30 поена рекорд, онака, Дејмон Стадемаер пред тоа, абе УТАКМИЦА. Вчера глеав само недоквакани пилиштарци шо се натпреваруваа кој поѓупски потег ќе напраи и кој поише ќе се исцепа. Да сакав тоа да глеам, ќе си пуштев ЕндУан Микстејп некој.

Значи – утакмицата беше неконцепцуализирана акција, фрка, хаос, брканица, мижитатара, генг бенг, оргија, букаке, скет, снаф, бдсм, фистинг, фетиш, бич, нига, мадафакинг бич ес нига, ху лет д догс аут, гет лоу, ин д клаб, таг лавин, маф дајвин и све, само кошарка не. Копиљаци шо идете на блогот, вие не треба тоа да глеате. Ќе добиете грешна слика дека мајмуните у ЗОО се кошаркари.

ОК, у една таква попара најснаодлив беше Игуана мадафака, кој сем тоа шо леташе и прелетуваше, убаци и по некое шутче, покажа вештина со топка, се исцепа ко да е од гето, али у глобала си заработи тоа трофејчето. Рукијата беа тоталка индолентни, Чарли Ви изигра океј иако после прва четвртина си напраи куропрч и мудомрс пауза. Крис Пол на моменти го немаше, на моменти он беше ненадминлив.. абе ај, шо анализирам ја ова, боље ќе идам да анализирам маалски баскет – поише смисла има.

Игуана МВП

Ај да видиме шо ќе каже коментаторот.
—————————————————————————————————–
Ко-коментаторот сез:(онака, озбилно)
А бе, се се деси некако апансаз. Дури ја спремав Ол-Стар најавата за викенд бројот на весникот, на работа ми се јави Лекиќ и ме покани кај него на кафе (нешто што ја и Шеп му го ветивме минатата недела, ама немавме време да го исполниме). Редовните посетители на блогов знаат за нашата ситуација со Дејан и неговите факти у претходните преноси, така да, не беше мала ствар кога тој лично се јави да ме покани.
Отидов, направивме муабетче, кое од пет минути се претвори во саат време, ме прошета низ Спорт4, кое за разлика од тоа што очекуев, беше доста добро средена ТВ.
Како колега, ми кажа дека ќе му биде чест јас да бидам дел од петочната вечер и така бидна.
Е сеа, ја не се спремав за преносот сабајлево, ама ич. Пред се зашто имав некои други обврски до кај десет. Нема везе, отидоив таму и се договоривме пошто утакмицата и онака увек е тапа, барем за вистинските баскет фанови, да си праиме, онака, лежерен муабет за НБА и се околу неа. Као шо знаете, ја немам проблем со тоа. Пљус, стигнав и да ја промовирам МакНБА на ТВ за време на доста гледан настан. Ватевр. Малку беше вуна на стартот, кога ми кажаа дека прво ќе идеме у кадар, што и сигурно се примети по моето здркување кога Лекиќ ме претстави. Признавам, некоја минута имав почетничка трема, ипак и ја бев руки на ТВ. Али, после минута-две се беше ОК и барем мене од оваа гледна точка, а и според луѓето, од кои најголемиот дел не ни знаеа дека ќе се најдам таму, се поминало ОК.
Ја ќе се глеам после на снимка (ако не заспијам) па дури онда ќе бидам стварно критичен кон себе. Шеп, барем се изназборев за Вилануева, а?
И Шеп, не ги лажи луѓето, манекен не сум бил никад.
Постот погоре е со убедливо најмногу досега порно појмови.
Се слушаме вечер па…

24 comments February 18th, 2006

До Лекич и троловите: Зошто фаќаме забелешки?

Приметувам дека има пар мрчила што не` судат зашто сме фаќале забелешки на преносите на Спорт4. А се јави и Дејан Лекич, и искрено, мило ми е што тој не` чита.

И да не заборавам, откако постов ќе стапи на сила, ќе се пристапи кон отстранување на сите тролања од анонимуси.


Еве сеа неколку рандом точки во врска со тоа:

1. Ова е БЛОГ. Водејќи се од мотото, к** ми е, блог ми е, јас тука ако сакам можам да постирам апсолутно ШТО САКАМ. Никој нема право да се меша во уредувањето. А тоа што сме меѓу најпосетуваните мак-блогови, значи дека уредувачката политика за сега е добра.

2. Е сега, значи ни текнало да ги фаќаме грешките на Лекич, и во согласност со 1., сме ги постирале. Исто така, во согласност со 1., јас не ни морам да ставам тука оправдување зошто тоа го правиме. Еве, ја ќе бидам доблесен да објаснам зашто, највеќе заради тие што не тролаат, ни пцујат мајка и слично. Не дека се многу, ама се јави и ценетиот Лекич, па и него да му стане јасно зошто ова го правиме.

3. Забелешките многу малку се однесуваат на граматички, лингвистички или логички грешки. Дури и на транскрипцијата многу малку пажња посветуваме, единствено таму кај што е очигледно замеруваме. Нашите забелешки се однесуваат на ФАКТИ, Дејане. ФАКТИ. Ганд Арена никогаш не била срушена. Тоа е НЕВИСТИНА, а знаеш како е синонимот за невистина, и како е глаголот за кажување невистини.

4. Е сега, ако ги исправаме твоите грешки, ти тоа не го сфаќај одма како напад. Тоа што грешките не се премолчуваат, првенствено треба да ти стимулира СОВЕСТ за понатаму. Пошто се декларираш за професионалец, се` тоа треба да биде ПРОФЕСИОНАЛНО изведено. А тоа подразбира кажување на ТОЧНИ информации.

5. Наместо да има испади со вонаби цинични коментари како „ако мислите дека сте подобри, повелете да коментирате“, би можел да речеш ФАЛА, ВЕТУВАМ ДЕКА ЌЕ СЕ ПОПРАВАМ ЗА ДОБРОТО НА ГЛЕДАЧИТЕ. Никој нејќе да ти ја земе работата. А тоа не значи дека ако нема конкуренција дека треба ти да тераш по свое, без нималку респект.

6. Значи, само оптимистички. Прв добар чекор беше она за Јао. Значи, го имаш читнато блогов. Ние нудиме малку поинакви и поинтересни информации. Значи ако не` листаш поредовно, ќе имаш што да кажеш :) И уште ако почнеш да кликаш од страна, ќе видиш што имаат стручњаците да кажат, па замисли колку респект би стекнал ако во преносот кажеш: „Според Стив Кер, …“. И пак, не дека си ти лош, ама зошто да не се подобриш?

7. И на крај, зошто не не` цениш? Не те девалвираме, напротив. Ти помагаме. А види и со месеци наназад, колку пати рекламиравме дека Спорт4 ќе дава кошарка, благодарејќи на „инсајдерски“ муабети.

8. Дејане, ако имаш нешто да ни кажеш, те советувам тоа да го сториш по пат на мејл. Еве, ова ни е официјалниот мејл на блогот. Така, твојата реакција би стасала кај што треба, не би била изложена на сеирџиската јавност, не би се сомневале дали си тоа ти или не. Ако инсистираш, ќе го објавиме писмото без да скратиме точка.

И на крајот, во духот на конструктивноста: НИЕ НЕ СМЕ ПЛУКАЧКИ БЛОГ. Ние сме макНБА блог, најконструктивен, најкреативен, со најубав темплејт, со една мала симпатична заедница со која си коментираме и си сеириме. А мислам, дека имаме и доволно кредибилитет, затоа што тројцата администратори на блогот, сме инволвирани во печатените медиуми. Особено Каракаш и Двр Будр, на кои тоа им е професија. Јас уште сум руки.

28 comments February 6th, 2006

Успаванка + Top 10 All-Time Greatest dunks (најдоле)

Веројатно ја гледавте вчера Хјустон-Сиетл, која до толку беше успаванка утакмица што заспав на старт од 2.полувреме и не ја догледав. Кога сабајле го видов резултатот, ич не ми беше криво што не останав со шкорчиња у очи до сабајле, како многу пути досега. За оваа утакмица не вредеше да се прави такво нешто.


По неколку пати сезонава имав прилика да ги гледам и двата тима, и тоа у многу поразлични изданија од тие синоќа. Од тимот на Соникси кој го водеше картаџијата Боб Вајс, па до Сиетл без суспендираниот Ален и со понекоја минута за Радмановиќ и ниедна за Роберт Свифт, па до овој на Боб Хил, у кој ротацијата е скроз изменета, ама резултатите си остануваат исти. Ваљда за да се деси нешто поголемо, потребни се посериозни потези.

Што се тиче Рокетси, ги гледав и со Ти-Мек и Јао заедно (како синоќа), но и без двајцата или па без еден од нив. Плус, на ниедна утакмица што ги гледав сезонава не сум ги видел комплетни, на старт фалеше само Алстон, онда Мекгрејди, па се врати Рејфер, ама у аут отиде Јао, а и Дерек Андерсон и така по ред. Синоќа од побитните играчи не играше само Дерек (не, Џон Бери не е битен играч) и како играа, од тоа што го изгледав, Хјустон малку заличи на тимот на кој сите му предвидуваа борба за врвот на Западот. Ама само малку. Мислам дека комбинацијата на играчи и тренер кај нив тотално не ја бива и дека само прашање на време е кога у Хјустон ќе сфатат дека со дефанзивно ориентираниот Ван Грампи и офанзивно ориентираниот Ти-Мек тешко ќе ги вратат златните години од пред една деценија + 1-2 години.

Плус, Ганди никако да пронајде начин да го искористи максимално Јао, никако, што е права штета.

* * * * * *

А сеа малце за коментарот, кој за разлика од претходните средби беше нешто бољи. Али, барем у 1. полувреме, кога се уште бев свесен, беа кажани неколку ствари кои, барем јас мислам така, некој кој коментира НБА не смее да ги утне.
Со должна почит колега, знам дека го читаш ова…

- Соникси не беа на почетокот од 90-те дел од НБА Финалето. Освен ако прошлата деценија не започна со 1996 год. Тоа и типови со многу помалку НБА познавања од тебе го знаат.

- Спомна дека од 1994 год., кога изгубиле од Хјустон, Никси никад пак не дошле блиску до НБА Финалето?!?!?!!? Онда, кој играше против Сан Антонио у Финалето 1999 год?

- Видиш, не сум знаел дека Стромајл Свифт во Хјустон дошол од Вашингтон. Се си мислев дека до лани играше у Мемфис.

- За ова не знам баш, али дури гледав, ниеднаш не спомна чив син и чив внук е Демиен Вилкинс. Ако си се исправил во 2. полувреме, свака част. Ако не, татко му е Џералд, екс-НБА играч кој постарите фанови го памтат како играч на Њујорк, додека чичко му е Доминик Вилкинс, за кој не треба објаснување.

- Operation: Yao Ming. Да, да…

- И за крај најголемиот кикс. Колисон бил 4. пик на драфтот веднаш зад феноменалното трио Леброн, Мело, Вејд. Боже! Еве како изгледаше драфтот 2003 год.:

1.Cleveland – Lebron James
2.Detroit – Darko Milicic
3.Denver – Carmelo Anthony
4.Toronto – Chris Bosh
5.Miami – Dwyane Wade
6.LA Clippers – Chris Kaman
7.Chicago – Kirk Hinrich
8.Milwaukee – TJ Ford
9.New York – Mike Sweetney
10.Washington – Jarvis Hayes
11.Golden State – Mickaël Pietrus
12.Seattle – Nick Collison

Нема смисол нели?

* * * * * *


У други НБА вести, Ајзеа Томас пак почна да тера у свое. Само не знам дали трејдот за Џален Роуз од Торонто е потег со кој сака да ги заташка муабетите дека се обидел сексуално да малтретира некоја госпожа вработена у MSG, или па сака уште повеќе да го заглави селари-капот на Никси и да си заработи отказ. Роуз можда малце ќе ги мрдне, ама многу малце. А тоа не вреди 16,7 милиони долари!?!?!!? колку Роуз ќе лапне следната сезона. Плус, на Антонио летово му истекуваше договорот, а со него у Торонто го испратија и нивниот пик од 1.рунда на следниот драфт. Go, Isaiah!

* * * * * *

За крај, малце куцања, кои идат заедно со претхониот мој пост, за текстот на Фил Тејлор. Само стиснете плеј и уживајте…

22 comments February 4th, 2006

Previous Posts


Календар

March 2010
M T W T F S S
« Feb    
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  

Архива

Категории