Posts filed under 'Нештињо'
Ова пред синоќешнава Гејм 2 во Аламо. Да се надеваме дека надежите за брејк на Санси (кои пропуштија голема можност во Гејм 1) нема да се распрснат како Нешти на паркетот.
Иначе, ова е уште една во низата одлични рекламни кампањи на Најк за своите ѕвезди, а патиките на Нешти, во согласност со еко-просветленоста на човекот кој ги носи, се целосно изработени од рециклирани материјали.
April 22nd, 2008
И пак исто. Санси водеа, гинеа, имаа неколку шанси за победа и на крајот пак го попија од Спарси. Како што спомнав во коменарите претходно, против Сан Антонио не смеете да си дозволите премногу почетнички грешки и нерешителност кога играте тесна завршница. Поп е препаметен стратег, а Ману и Тимчо се преискусни за да не знаат да ве казнат.
Психата според мене е еден од главните фактори во оваа серија, а својата во моментов изместена Санси ќе мораат да ја поправаат во Гејм 2, која не мора да биде, но може да биде клучна за нив. Имањето на Шек може ги направи малку ментално посилни (како и во рекетот), но паметната игра во завршницата и кошаркарска интелигениција се нешто што еден играч не може да го смени. Плус, Мајк Д’Антони, колку и да е заслужен за револуцијата во Феникс, не е тренер од калибарот на Поп.
Доказ за тоа е нападот на крајот од рег. дел во кој сите се сконцентрираа на Ману, а Финли беше тој за кој беше нацртана акцијата и кој убаци тројка за изедначување. Санси имаа напад за победа, ама во него одеа преку Леандро Барбоса?!?!? Да не зборам за тоа дека претходно Амари изгуби топка на 93-90 за својот тим, топка која не смееше така лежерно да ја држи кога го има Ману до себе и кога игра против Спарси. Амари пак направи глупа грешка кога проба да отиде преку Курт Томас правејќи го 6. фаул во напад и давајќи им напад на Спарси на 104-101 за Санси. Тука се дешава првата тројка на Тимчо сезонава кога сите се сконцентрираа на Ману кој отиде на влез.
Колку што беше изненадување трицата на Тимчо, за мене поголемо изненадување е тоа што Санси не знаат кога треба, а кога не да се направи фаул. Па имате три разлика во последните 10-15 секунди и вие не правите фаул за две слободни? Наместо тоа оставате противникот да одигра свој напад за тројка. Катастрофа. Од тренерска проценка до играчка интелигенција.
Да не зборам за тоа дека во некои од клучните моменти Санси одеа преку Барбоса и Диао, кој исто ко Амари направи голема грешка во финишот.
На крајот, џабе му на Нешти што е играчиште и на Шек што знае да го стави Данкан во џеб, макар и кога има пет фаули. Исто ко што му е џабе на Амари што дава 33 поени кога не игра ни грам одбрана и нема доволно во главата за да одигра паметно во нападот. За да се поминат Спарси е потребно нешто многу повеќе, а дали Санси го имаат тоа ќе видиме многу брзо.
* * * * * *
Другите три средби можеби беа интересни, но никако ко тој во Аламо. Крис Пол покажа зошто може да биде МВП, откако во својата прва плеј-оф средба ги реши поискусните Мавси, Јута очекувано го доби ослабениот Хјустон во гости, додека мрчењето и грубата игра на Визардси и ненаше некој посебен ефект над Леброн.
April 20th, 2008
Шорт привју на она што стартува вечерва, а завршува за скоро два месеци. Она што според многумина е стартот на вистинската НБА сезона и кога и оние кои не гледаат многу НБА заседнуваат пред телевизорите, зашто знаат дека подобар баскет од овој нема да можат да видат никаде.
Тоа е посебно така на Западот оваа сезона, каде од првата рунда има ѕверски дуели, а оној меѓу за Шек појаките Санси гладни за одмазда и чемпот сигурно дека е најдоброто нешто што можевме да го добиеме вака рано.
Дали Шек ќе биде она што конечно ќе пресуди во корист на Феникс? Дали Хори пак ќе го легне Нештињо? Дали Тимчо Роботчо, како и секогаш кога е во прашање плеј-офот, ќе заигра со целосно нов чип? Дали Френчи Лонгориа пак ќе се шета низ рекетот на Санси? Дали Ману ќе биде Man-o? Дали Боувен пак ќе користи лакти, клоци, ќе штипе и ќе гризе без да биде казнет? Дали Амари ослободен од било каква суспензија ќе биде ѕверот од пред некоја година? Дали…?
Кој и да ја помине оваа серија мислам дека ќе биде страшен до самиот крај, иако ваквите серии можат и да ви ја исцицаат целата енергија, како физички, така и емотивно. Мислам дека Шек ќе биде многу покорисен отколку што беше Мерион против Спарси, а Кактусот тоа го покажа и во двата сезонски дуели против Сан Антонио.
Сепак, Тимчо е тип кој може секого да заглави во проблеми со лични, така да Шек ќе мора да се пази да не поминува повеќе време на клупата отколку на теренот. Во тој случај, Санси немаат шанса.
Иначе, насловот, а и сликата најавуваат финале кое јас би сакал да го видам, а и мислам дека ќе се случи, освен ако Спарси/Санси не ги замрсат работите. Со оглед на тоа, а и времето кое го немам, финале Бостон - Лејкерс, за прв пат по 1987 година. Финале кое на крајот мислам дека ќе го добијат Селтикси за прва титула по 22 години.
А кога сме кај првава рунда, еве ги моите пикови:
Даље идат: Бостон (4-0), Детроит (4-1), Вашингтон (4-2), Орландо (4-3)
Лејкерс (4-1), Јута (4-2), Феникс (4-3…би сакал), Њу Орлеанс (4-3...такоџе би сакал, иако некако ми мириса дека Мавси ќе го направат она што Вориорси им го направија нив лани.)
ПС: Иначе, горната слика со Меџик и Бирд веќе некое време ја имам како постер, но никако да најдам време да ја урамам, иако не знам ни каде би ја закачил.
April 19th, 2008
На помалку од десет дена пред крајот на сезоната, мислам дека е време да ги промовирам моите кандидати за МВП и за ROY.
Прво со она што мене повеќе ми значи, како еден од ретките фанови на Атланта на планетава.Ал Хорфорд за “Руки на Годината“! Знам дека Дурент има подобри бројки (од аспект на постигнати поени), но Ал е многу важен дел од тим кој (би требал) ќе игра плеј-оф, и тоа по пауза од цели девет години.
Момакот е блиску до дабл-дабл просек и игра позрело од многумина на негови години. Без него Хоукси немаше да бидат во позиција да го држат во канџи осмото место на Истокот. Дурент е единствениот противкандидат, кој веројатно и ќе ја лапне наградата. Но, улогата на Кевин и на Ал е сосема различна во два тима со тотално различни амбиции.
Додека Ал не е прва ѕвезда во Хоукси, и покрај тоа успева да има добри бројки, Дурент пак има тотална слобода на секоја средба на Соникси, без некоја последица ако било што згреши, а имаше едно чудо грешки и слабо партии оваа сезона во која Сиетл е еден од најбедните тимови во лигата.
По некој глас заслужуваат и Ал Торнтон и Џамарио Мун.
* * * * * * *
Со ова знам дека многу од вас нема да се сложат, ама…Крис Пол за МВП!.
Да. Коби и Лејкерси се страшни сезонава, исто како и Бостон со Кеј-Џи, но додека имаше понекој кој тоа го очекуваше од нив до одреден степен, нема тип кој може да ме убеди дека верувал дека Њу Орлеанс на недела дена до крајот на сезоната ќе биде на врвот на Западот пред Сан Антонио, Феникс, Далас, Лејкерси, па и пред Хјустон и Денвер. Причината за тоа е едноставна и се вика - Крис Пол. Секој кој го гледал момакот оваа сезона знае за што зборувам, а Пол дефинитвно е најдобриот плеј во лигата оваа сезона, и тоа во конкуренција на момци како Нешти, Кид и Дерон Вилијамс.
Е сега, и покрај ова некако не ми се верува дека наградата ќе му биде дадена на Пол. Се ми мириса на Гарнет, како главен за рекордниот препород на Бостон (што е навистина така) или па Коби, како поправање за грепките од минатото. Леброн нема шанси, иако има страшни бројки. И тоа е тоа.
April 8th, 2008
По се изгледа Далас сепак ќе игра во плеј-офот, што донекаде е и добра работа со оглед на тоа кои им се конкуренти како и начинот на кој Мавси вчера одиграа во Аризона. Јас лично очекував победа на Санси за задржување на притисокот и чекорот во борбата за што подобро место на Запад, а и беше така во првите три четвртини.
Но, во задњата Далас го направи она што не му успеа ниту еднаш против некоја силна екипа од кога го добија Кид - тие тепаа во тесна утакмица и тоа со феноменална игра во задњите 12 минути во кои им одржаа лекција и во нападот, но и во одбраната на Санси. Посебно ме ипресионираше начинот на кој Кид го затвори Нешти, кој беше ужасен во таа задња четвртина. Од мизерен шут, до непромислени одлуки во нападот, ранливост во одбраната и чисто немање никаква идеја што со топката во нападот, нешто што навистина ретко се дешава.
Без него, се изгуби и Амари, кој беше ѕвер до последните 12 минути. Тој мораше да вади надвор, сам да креира и да шутира од неизградени позиции, нешто што сите знаеме како завршува, дури и со подобри играчи од него.
Сега, Санси ќе се потат за подобро место, посебно откако и Хорнетси, Спарси, Лејкерси и Хјустон си славеа во гости.
Далас, од друга страна, иако уште не е дел од плеј-офот, со една нога е таму…или боље кажано, со левиот зглоб на Дирк е таму.
* * * * * *
Денвер пак, киксна втора вечер по ред што доволно кажува за нивниот ментален капацитет како тим. Нешто за тоа си е крив и Џорџ Карл, но е се негова вина. Меѓу нив и Вориорси, стварно не знам кој би сакал повеќе да игра во плеј-офот. И едните и другите ми се пример како да не се игра кошарка, само што Нагетси имаат поизвикани имиња во тимот. Од Сиетл да примиш бе 151 поен!!! Па макр било по две продолженија. И тоа двајца дебитанти да ти убацат 72 поени!!! Тотално неприфалтиво, ама тоа може да им се деси само на Нагетси, кои самож една вечер претходно изгубија дома од Кингси кои играа без Артест и Милер.
Голден Стејт од тој аспект, трпи помалку критики, иако и тие губат ко (FTP) Грчка, затоа што играа во гости и со многу посилни екипи.
April 7th, 2008
По се изгледа навистина држи муабетот кој сите во Феникс го зборуваа по големиот трејд дека играњето покрај Шек ќе го направи Амари уште подобар играч. По синоќешните 41 и 14 против Денвер во фантастичната камбек-победа на Санси, нема сомнеж дека играњето покрај Дизелот и враќањето на својата природна позиција и тоа како влијаат добро на Амари кој во последно време се повеќе наликува на Ѕверот кој го паметиме од пред операциите на колената, посебно од онаа плеј-оф серија со Спарси кога го уби Тимчо Роботчо во директниот дуел.
И уште нешто за Феникс…покрај тенката клупа, не гледам друг проблем кој би можеле да го имаат во плеј-офот, освен можеби недостигот на клач-играч (покрај Нешти). Нормално, работите во многу ќе зависат од можните повреди, како за нив, така и за сите на силниот Запад, кој како што сега стојат работите можат да го освојат четири различни екипи. Единствено на Санси им останува да се надеваат со дуел од втората рунда, ако стигнат до таму, со…никој:) Мислев дека ќе има тим кој ќе им одговара, зошто знам дека не им лежат Хорнетси, ама кога ќе размислам поубаво, нема тим кој би сакале да го добијат во 2. рунда на вака ненормалниот Запад.
Како и да е, Ѕверот пак живее во Аризона, а тоа е страшно за сите конкуренти.
* * * * * *
Скромниот и реален Артест ги објаснува причините за лошата сезона на Сакраменто:
‘’It’s a failure. We have one of the best defensive players to ever play the game in myself. We have Brad [Miller] and Kevin [Martin], up and coming first and second team All-NBA guys, and we have some good point guards, so it’s a failure that we didn’t make the playoffs.'’
April 1st, 2008
Наместо било каков пост за изминатава луда недела во лигата..и наместо една фотка на неделата како по обичај, еве неколку слики кои го одбележаа вчерашниот НБА ден, кој ако ништо друго, сигурно е најлудиот во лигата после подолго време. Ејсон пак во дресот на Далас, за прв пат по минатиот век (милениум), The Big Cactus со деби баш против Лејкерси и баш против новиот сајдкик на Коби, Пау Гасол.
Со оваа средба Лејкерси само ја истакнаа својата кандидатура како еден од најсериозните кандидати за тронот на (пре)силниот Запад, но мислам дека и во Феникс немаат за што да жалат, зошто Шек покажа дека може да биде големо засилување за нив. Ако не се повреди. Што секако е едно големо - Ако.
И на крај, Биби во својата втора средба како дел од Хоукси играше во Сакраменто против Кингси.
February 21st, 2008
Next Posts
Previous Posts