Posts filed under 'НБА ин Масеоудониа'
Џаред ФРИ, Џоел ПРИЗИБИЛА, Дариус МИЛС, Тревис УТЛАВ (може и Отлав), ПАТ РЕЈЛИ…итд…
И иди ти после гледај НБА на наш канал и сфати ја таа ТВ сериозно…
Човек ќе си рече: “Ај, не е ова Сител, нема да има такви бисери ко тие на И-Ти (и неговиот статистичар)“..и додека нивото на интелигенција (спортска) е нормално на нешто повисоко ниво, сепак, бисерите со имињата на играчите не изостануваат. И тоа со само една утакмица неделно за која човек може да се спрема малце по малце цела недела. Да не зборам за тоа дека секој кој има некое базично познавање на англиски јазик не може така да ги изговара презимињата кои се издвоени најгоре.
Веројатно држи и она - “Каква публика, такви коментатори и такви телевизии“, но стварно ми е преку глава од елементарно непознавање на некои работи и тоталната непрофесионалност која ја имаме кај сите наши ТВ станици (освен можеби А1 со Англиско) при пристапот на покривањето на еден ТВ пренос. Голем дел од нив се жалат дека странските телевизии, како на пр. ХРТ, им ја краделе публиката, па направија се за да ја скинат од кабловска, но проблемот не е кај странците. Кај нив е решението како се врши еден пренос. Решение кое кај нас или не сакаат, или едноставно немаат доволно интелектуален капацитет да го пренесат на својата публика. Или она што најмногу ме плаши - Ама ич не им е гајле за публиката.
Кога сме веќе кај муабетов, како врв на тоталното непознавање на својата работа, пред неколку години, уште кога Лацио важеше за калчо гигант, тие играа во гости на Сан Сиро против Милан. Верувам дека поголемиот дел од вас се сеќава на Јап Стам и тоа каква појава беше Холанѓанецот во одбраната на Лацио. Коментаторот на тој меч на Телма, кој уште си коментира и уште тропа зелени, цело прво полувреме не примети дека Стам е на теренот и на неколку пати рече дека, иако бил во комбинација за први 11, поради некои си причини е на клупата за резерви. Клупата на Лацио ја покажаа неколку пати, ама Јап го немаше никаде. Се додека момакот не ја чепна стативата на Милан во 45 минута, “коментаторот“ не го примети Стам на теренот, иако беше единствениот крупен и ќелав тип во одбраната на гостите.
Инаку, што се однесува до синоќешниот меч, сета мизерија и ограниченост во играта на Мајами и кај нивниот тренер, за која доста се пишуваше тука, беа евидентни и синоќа. Исто како што беа евидентни и сите квалитети и зрелост на младиот тим на Блејзерси, нивниот лидер Рој и одличниот тренер Нејт Мекмилан.
January 19th, 2008
Не е никакво изненадување тоа што Леброн е прв на листата на маркетиншки најдобрите играчи. Кога се анализира целата листа од почетокот станува јасно дека зборуваме само за маркетиншкиот фактор, а тоа посебно станува евидентно кога ѓе ги видите момците кои се наоѓаат на местата бр. 9. и 10. Ји и Едуардо?!?!
Нормално, тоа не е толку несфатливо ако се знае од кои земји доаѓаат тие двајца и бројот на жители во тие земји. Ји и Јаоза се единствените претставници на најбројната нација на светот во НБА, додека единствен Мексиканец кој игра кај нивниот северен сосед е Нахера.
* * * * * *
Иначе, Далас конечно успеа да ги добие Вориорси синоќа, барем кога зборуваме за регуларен дел на сезоната. Не дека тоа значи нешто посебно во моментов, но секако дека им дава малце простор да дишат на Мавси. Можете да замислите што се ќе се пишуваше да изгубеа и забајлево.
* * * * * *
Вечер во 01:30 на МТВ1 - Мајами - Феникс. (Барем така најавија).
Вејд не игра сигурно, а можно е да го нема ни Амари кај Санси. Сепак, убаво ќе биде да се види како НБА се враќа на МТВ. Кога веќе збориме за тоа, не знам кој ќе коментира, али кој и да биде, ај да не го плукаме од старт, сигурно ќе му треба време да се ухода. Ако тоа не му успее после месец-два, плукањето е загарантирано. Како и да е, полошо од казната која ја имавме лани со И-Ти и аналитичарот не може да биде.
November 9th, 2007
“21 асистенција!?!?!“ - Тоа беше првата реакција кога го видов бокс-скорот на Хорнетси и Лејкерси. Ме зачудија и 36 поени на Пеџа, но не толку колку неговите десет тројки и 10-13 за три. Цела лига, како и фановите на Лејкерси, се навикнати да го гледаат Коби како се изживува над противничките играчи патем поставувајќи нови рекорди. Не и овој пат.
Чичко Џек, Гарсија и останатите во публиката мораа да гледаат како Пол и Пеџа си играат со Лејкерси правејќи ама баш се што ќе посакаат на теренот. Јасно е, и тоа сите ние го знаеме, како и самите Хорнетси, дека нема шанси тие да останат на врвот на лигата до крајот на сезоната (сега имаат најдобри 4-0!), исто како што не треба да се очекува дека Пол, а посебно Пеџа, можат да продолжат со вакви партии сезонава. Од Пол за очекување е да биде во игра за најдобар асистент, а ако барем во мал дел ја одржат оваа форма до април не гледам причина Хорнетси да ги заменат Вориорси во плеј-офот. И таму во 1. коло да се сретнат со Далас.
ПС: Ќе заборавев една многу битна ствар. Според вчерашната информација која ја добив од МТВ, тие 99% би требале да стартуваат со НБА преноси од овој петок. Да се надеваме дека нема да бидат оние 1% да не зезнат како многу пати до сега.
November 7th, 2007
И сеа, наместо да пишам што било поопширно за синоќешната утакмица во Кливленд, ќе го оставам Синдикалецот, кој е еден од ретките фанови на Детроит тука, да каже како тој ја виде Гејм 3.
Од она што јас го видов, во најголем дел се согласувам со Синди, само што воопшто не би ја спомнувал споредбата Мајкл-Леброн. Да не заборавиме дека Леброн има само 22 години. Тејк и авеј, Синди…
Ту Литл, Ту Лејт.
Она што денес го соопштуваат медиумите во Детроит, токму тоа си го помислив и синоќа во четвртата четвртина.. Не може да спиеш бе Чонси 36 минути и да се надеваш дека у задњи секунди ќе го решиш натпреварот.. Не иде тоа така. За воља на вистината ги погоди критичните шутеви во последната четвртина, но другите, пред се Тај и Рип го изневерија..
Тимот на Детроит изгледа расштрафено цела оваа серија. Не знам точно во што е проблемот, но мислам дека дееволуираа во нападот во тимот кој го водеше Лери Браун, а во одбраната заборавија се што тој тим можеше. Тој тим од 2004, би сонувал за прилики во кои игра одбрана во последните секунди за победа, гив ор тејк Бен. Овој тим сонува 36 минути и хибернира, се ослонува на што знам, некоја стара слава, и сака да шутира тројки во последните 3 минути за да го закопа противникот. Епа, no can do.
Гледајќи ја утакмицата ќе си помислите дека којзнае колку се јаки Кливленд. Мајк Џордан my ass. Кога ќе биде конзистентен во скок-шутот, клач играта, кога ќе има некое друго решение освен да ја забие со кичма у обрач, и ко ќе го изгуби тој Hollywood B production поглед у очите после секој поен, и КОГА ЌЕ ЗЕМЕ БАР ЕДНА ТИТУЛА, е тогаш ќе збориме за Мајлк Џордан. (btw ако постоеше некоја неправда околу no call-от на крајот на втората утакмица, вчера судиите надокнадија за сите пари)
Значи не се јаки, уметноста на Детроит е да прави фама од тимовите со кои игра, да прави играчишта од тапа играчи и сл. Мислам дека да ги пуштиш растрчанине деца од Чикаго против Кливленд ќе ги растргаат за вечера… Значи не се они јаки, колку што Детроит е слаб. Сите три утакмици е sub par.
Ете тој Детроит води 2:1, и ако дозволи да игра 7 утакмици до финале (под услов да отиде таму) ќе изгуби. Па дури и од Jazz.
Тешко ми е да го кажам ова, но изгледа Чонси Билапс не е веќе МВП-то од финалето. Сите чекаат да се појави, да блесне, да го закопа противникот, да го предводи тимот… но тоа упорно не се случува. Again and again. Можда веќе не е способен, и го има изгубено spark-от за такво нешто? Тоа е секогаш опција…
Мислам игра против Гибсон.. Не ни влагам у дискусија за квалитетите на играчот. Типот е руки и е физички инфериорен. Во 4 од 4 и пол ситуации пред 2 години Билапс би имал поени and one.
Рип беше трагичен. Не е негова работа да игра со топка, туку без неа.
Тај беше присутен, иако не типичното клач-богомолче кое убива тивко као нинџа.
Шид беше ѕвер, и покрај “фамозното” куцање. Во неговите најдобри години, Џејмс ќе акнеше на земја толку јако што ќе му пукаа пршлени у наредни 3 дена. У најдобар случај. Вака, на Шид му останува да се занимава со други работи, освен мерењето сили со атлетски фрикови. Да беше така ќе требаше да плаче у соблекувална пред серијата со Орландо (Хауард). Сите работи Шид си ги направи фино-лепо, and than some. Проблемот беше лоциран на друго место. Со сите работи кои се случуваа на теренот, Детроит утна 3 чисти како солза шутеви во последните минути. 3 x 2 = 6.
Вебер беше класика. Солиден.
Клупата, освен малце блесок не видовме ништо. Мекдајс е no show, и мислам дека така и ќе остане. Тешко дека сега ќе се разбуди, да беше до него, Детроит веќе ќе беа на одмор. На клупата има и едно друго човече кое е битно, а тоа Blue Eye Flippy. Неговиот Кијану-Ривс-со-врела-шипка-у-анус поглед, не е шампионски. Неговите одлуки, се у најмала рака чудни. Вчера Максил играше 1 и пол минута, Хантер ич, Дејвис ич и слично (додека Илгаускас пунеше кош). Мареј имаше фин учинок ама ништо спектакуларно.
И така.. Ако ја изгубат и наредната, Кавс ќе почнат да мислат дека овој пат стварно се рамо до рамо со Детроит. Плаши тоа што овој пат тоа ќе биде страшно блиску до вистината. Тоа е она ниво на тим, кој во овој дел од сезоната Сан Антонио би го тепал во 49 од 50 утакмици.
Преносот е жива смешка…
NBA Cares фондот си ја заврши работата, ама кошулата беше пак некој турбо-фолк фазон. Лоша логистика.. =)
Освен Ентони, тука беше и некој Ташон (или Рефик не знам). Салата прокиснуваше, у позадина свиреше “причај ми слатке глупости” додека се кршеше натпреварот, на полувреме се уверивме во квалитетите на Јасмина Мукаетова (она и NBA, каква еклектика), ниеднаш на некој не му текна дека тие фини девојчиња на паркетот не играат само за посетителите во салата, и дека понекогаш можеш и да слушнеш што им кажува тренерот на играчите наместо “THANKS FOR MAKING MEEE A FIGHTEEERRRRR OOOOOH OOOOH OOOOOOHHH”…
May 28th, 2007
Зззззззззззззззз…………страшно куцање на Леброн…………..зззззззззззззз………….куцање на Максил……………..зззззззззззззззззззззззззззззззз…решавачки шут на Шид, откако Сајд Шоу проба да изглуми фаул……………..ззззззззззз…………..Леброн пак не решава утакмица……………ни со асистенција, ни сега со положување…фаул немаше, зошто судиите цела утакмица дозволуваа контакт игра, ќе беше смешно да му свирнеа две слободни на ЛБ……………..Лери Хјуз или ХЈУЏИС!!! како што го викаше “коменаторот“ е труба, не погодува чист шут за два во последни секунди…………ззззз…………после Леброн им е крив………….ззззззззззззззззззззззззз……….тапа серија……………кој ќе гледа финале……….зззззззззззззз……………….
May 25th, 2007
Сан Антонио играше три, Јута - една четвртина. Сосема е јасно зошто Спарси победија, иако за разлика од серијата од Феникс немаше доминација во скокот, посебно не во офанзивниот. На Јута и фалеше втора, трета итн. опција во поголемиот дел од средбата, затоа што Бузер одигра само една четвртина. Дерон Вилијамс не можеше сам се да направи, иако одигра брилијантна партија.
Вторава средба, во која е познато дека Спарси знаат да се опуштат, може да биде клучна за серијата. Јута во овој плеј-оф покажа дека многу бргу знае да си ја научи лекцијата. Да се надеваме дека Џери Слоун им одржал, то ест уште им држи, предавање во соблекувалната.
Останува најдобриот потег на најдобриот играч на теренот како утеха за сите во Солт Лејк Сити.
ПС: Како што спомна Чоте во коментари подолу, стварно ми е жал за сите кои мораат да издржат цела утакмица со дуото од Сител. Она што е најтрагично е фактот дека сите помлади тинејџери кои за прв пат се среќаваат со НБА на ТВ дури и ќе си помислат дека оние двајца знаат што зборуваат. Трагично.
May 21st, 2007
(Барав клип од куцањето во фаца на Кириленко од страна на Брадата, ама уште никој не го аплоудувал).
Каква што беше и во серијата со Далас, атмосфера во Оукленд беше луда и за првата посета на Јута, а оној мерач на децибели го вадат само на неколку пати во десет години. Последен пат го имаше кога Сакраменто имаше своја НБА екипа и кога Кингси значеа нешто во лигата. Претходно, 1996-та се мереа со него децибелите во Сиетл, кој буквално може да остане без своја НБА екипа.
(Нормално, ние што гледавме на наш канал не можевме да чуеме ништо од таа атмосфера, а Орбит ЕСПН не даваа иако најавија на нивниот сајт. Буљаши. Изгледа немаа рисивер и декодер за и они да украдат пренос од Премиере. Тоа ти е. “Кој ќе си плати, тој ќе си клати“).
И во таква атмосфера сосема е разбирливо што се губат гостинските екипи и што Вориорси играат ко луди. 11-те тројки во првото полувреме сабајлево се изедначување на плеј-оф рекордот, а Берон конечно здрав и конечно во вистинскиот систем го покажува целиот свој потенцијал. И фала му за тоа.
ПС: Колку си само пати во текот на утакмицата сабајлево си реков, и тоа на глас:
Боже, каков е ова кретен!
May 12th, 2007
Previous Posts