Posts filed under 'Најави 2009-2010'

Не дека чекав на победата синоќа сред Бостон за да пишам привју за Хоукси, ама работите убаво си се поклопија. Момците на Вудсон ги гледам од стартната победа сезонава дома над Индијана и уште од старт ме убедија во она што го мислев – дека ова е најдобриот тим, од аспект на талент кој Атланта го имала во последните 20 години.
Се си е на место и единствено што може да ги спречи да се убацат во Топ 3 на Истокот ќе биде од ментална природа (или повреди). Баш тој можен проблем мислев дека ќе им се испречи синоќа на патот до победата во Бостон, ама ме демантираа. И тоа во голем стил. Со зрела игра од самиот старт, со доминација во скокот, посебно офанзивниот, во поените од контра и во негубењето глава кога Селтикси правеа серии за да им се приближат.
Разликата во овој тим и оној кој лани беше исплескан во втора рунда од Кавси е во тоа што Хоукси сега имаат вистински убиец од клупата во Џамал Крафорд, кој за сега се покажува како вистински потег добиен за ништо. Ако продолжи Џамал вака, ништо чудно да биде Најдобар шести. Токму ваква фаца им фалеше на Хоукси лани кога се губеа кога се менуваа петорките на теренот.
До сега се гледа неговиот целосен талент, а момакот не си е крив за релативно лошиот имиџ кој го имаше до сега. Не е тој крив што до сега во кариерата не играл за сериозен тим со јасна цел и со солиден тренер. Не е Џамал крив што си имал работа со Тим Флојд во Чикаго или пак не дај Боже со Ајзеа Томас во ТитаНикси и Дон Нелсон во Оукленд.
Второ големо засилување ова лето е Џо Смит, кој им го дава оној ветерански шмек и смиреност. Како замена во рекетот Џо е одличен до сега.

Во моменталниот одличен старт на Атланта голем удел има и сменетиот ментален пристап на Џош Смит, кој сезонава нема ниеден шут за три, што е вистинско изненадување. Џош се сконцентрира на одбраната и рекетот каде заедно со Хорфорд прави екстра скокачко-блокерски тандем.
Џонсон се води како лидер на овој тим и тоа ќе мора да го докажува сезонава, а посебно во плејофот. За сега добро му оди. Сличен третман има и Биби на кого сега му е многу полесно кога го има Крафорд покрај себе па на моменти има и петорка на теренот со Биби, Џонсон и Џамал.
Од Марвин очекувам напредок кој не го гледам за сега.
Рукито Џеф Тиг е потенцијал и може да биде од голема корист.
На крај. многу ќе зависи од и од вештината на Вудсон да извади максимум од овие момци. Ако не го направи тоа, тогаш сигурно ќе лета следното лето, како вистински јастреб.
November 14th, 2009
Џабе што викаме ќе правиме привју за Истокот и за дел од Западот, ама тоа во овој момент не може да помине ако претходно не направиме еден рикеп на се што се случуваше досега на стартот од ова сезона. Ќе гледам да се задржам само на оние тимови кои ми оставија најмногу впечаток досега или за кои мислам дека ќе бидат изненадување (пријатно или непријатно) во остатокот од сезоната, со тоа што Lakers пак намерно ќе ги изоставам, што ради онака навијачки, што ради Шеп, што ради Вујо, пардон Вучицата.

Phoenix:
Порано кога тврдев, дека секој тим со Shaq може да стигне комотно барем до финале на конференција, сезоните не ме демантираа. Арно ама сега работите стојат поинаку. Не толку поради дизелот, но можеби поради тоа што тимот не беше за него во вистинско време, во вистинска конференција. Како и да е, само што го баталија, Suns како да се препородија и направија пуздер, за моментално да застанат на чело на својата конференција, што не верувам дека по 7 одиграни натпревари многумина го очекуваа од нив. Не дека баш откачувањето од Shaq им овозможи да се вратат на run ‘n gun стратегијата (човекот, во Orlando, па и во Lakers и Miami докажа дека може да се вклопи во такви шеми), ама во секој случај кога не го обраа бостанот во петокот докажува дека со таква игра може секого да победат.
Клучно: Channing Frye, може да се каже дека конечно човекот ќе почне да напредува и ако не му се случат повредите што го спречија во тоа (како во Њујорк и Портланд), може да биде и еден од MIP кандидатите.

Houston:
Алал да им е, алал, … Од она што можев да го видам досега, гледам тим кој е подобар од оној кој ги изнамачи Lakers во ланскиот playoff. Немам доказ дека Lakers се зезнаа што го дадоа Ariza, но факт е дека во средина каде сите можат да бидат прва опција во напад, Trevor покажа дека може да биде многу покорисен отколку што беше во L.A. Сепак и без него мислам дека имаат доволно квалитетни борци за да надокнадат во голема мера било кое отсуство. Уште малку и ќе заборавам дека Yao и T-Mac воопшто играле во Houston. Единствено што не ми се допаѓа е Adelman, кој без разлика колку успех имале во сезоната, може многу гадно да ги зафркне во playoff, што со оглед на секогаш густата конкуренција на западот нема да им биде загарантиран.
Клучно: T-Mac, се си мислам дека неговото побрзо враќање ќе биде контрапродуктивно за тимот. Без разлика колку би бил веднаш спремен за игра во екот на сезоната, Adelman ќе мора да биде претпазлив и да не му дава веднаш голема минутажа и топка во раце при секој втор напад. Јас прво би го седнал на клупа десетина натпревари и би му давал максимум 10 минути, па потоа уште десетина натпревари до 20-ка од клупа, па ако се одвиваат работите на подобро, може понатака и во starting 5.

San Antonio:
Ako Suns пријатно изненадуваат, тоа дефинитивно не може да се каже за Spurs. Од тие натпревари што ги видов, посебно против Utah, делуваа многу бескрвно, освен ан моменти Parker. Добро, сеуште е рано, ама на новодојдени ветерани не треба да им биде тешко побрзо да се уиграат во јадрото (добро знаеме кој го сочинува) на Pop. А можеби проблемот е тоа што кај Spurs ветераните се веќе со големо „В“ и полека времето им одминува. На хартија имаат перфектен ростер, но ако се додадат тука и годините, нема да им биде се така розово (а и онака се им е во црно, бело и сиво) оваа сезона. Pop ќе мора повеќе да ги одмора главните играчи вклучително и Longoria, кој пред некој ден се повреди и не се знае каков ќе биде откако ќе се врати. Да не испадне после: „ете Bowen замина и затоа ништо не прават“.
Клучно: Manu, викаше дека после одморот што го имаше летово ќе биде подготвен за сезонава како никогаш досега, ама освен фаќањето на bat-от, нешто повеќе и не видовме. Ако тој не игра, ни Spurs не играат. Не знам дали сум еден од ретките што вака мислат, ама добро ги пратев Spurs во изминативе 10 години, посебно од 2002 од кога дојде Manu и тврдам дека тој, па потоа Duncan и Parker со нивните MVP трофеи, e најзаслужен за последните 3 титули. Да не објаснувам зошто, оние кои не ги прателе доволно Spurs и кои гледаат голи бројки нема да разберат.

Cleveland:
Уште една од оние „потврди“ дека се промениле времињата на непобедливоста што ја носеше со себе дизелот кога ќе дојдеше во нов тим. На стартот, мотото “win a ring for the king” се претвора во тежок task. Сепак, мислам дека досегашното немање на центар од негов тип во Cavs (додуша и никогаш немале ништо приближно, не сакам да чујам некој да спомне Daugherty или Williams) претставува проблем, така што сега не можат да ја приспособат играта на него. Lebron не е проблем, покажа многупати во досегашните натпревари дека може беспрекорно да функционира со Shaq. Проблем се типовите како Varejao, или бековите во ситуација кога Lebron не е на теренот. Првиот, не може да се извади надвор од рекет кога е Shaq во позиција и му носи човек плус беспотребно, а вторите не знаат добро да подадат од надвор кога дизелот добро ќе се намести. Но како што вика и самиот тој, сеуште нема причини за загриженост, има време за уигрување.
Клучно: Mike Brown, дефинитивно ако не знае да изгради офанзивна стратегија во која Shaq ќе има значајна улога и во која Lebron ќе има повеќе чисти ситуации, а не другите од тимот само да гледаат како се тепа за секоја топка и да оди во публика, тогаш треба да си оди. А ако не си оди тој, догодина Lebron треба да си замине доколку сака да остане запаметен како голем победник со голем број на прстени, а не да остане само најдобар играч во историјата на Cavs.

Toronto:
Гледам многумина тука на MakNBA рекоа дека Bargnani се здиве и ќе почне да напредува уште побрзо, плус дека тој е најзаслужен што Toronto до пред некој ден беше и на чело на Central. Арно ама не е баш така, се сеќавате колку беше продуктивен Howard во рекетот и колку лесни кошеви постигнуваше додека Turkoglu играше во Orlando. E сега тој Туркоглу го имаат Raptors и затоа Bosh и Bargnani се здивуваат на секоја утакмица со по 20-30 коша, а неретко и многу повеќе од тоа. Секоја чест на Calderon, не сакам него да го критикувам за ништо, ама Hedo е токму она што му требаше на овој тим. На натпреварите на кои го гледав иако не му одеше шутот, сепак успешно ги разигруваше соиграчите, посебно центрите.
Клучно: Bargnani, ако се вклопи уште подобро во стилот на игра на Turkoglu, тогаш може да биде уште поопасен како што тече сезонава. Тоа може да резултира и со награда за MIP за него и со второ коло од playoff за Toronto (под услов во прво да ги избегнат Cavs, Celtics и Magic), за нешто повеќе ќе им треба и многу среќа, тука ни Hedo не може да ги извади.

P.S. Потполно се согласувам со Енко за Hawks дека имаат еден од најдобрите состави досега и очекувам да им ги поматат сметките на главните конкуренти за врвот на истокот. Нема да ги коментирам повеќе за да не му ги урочам
November 9th, 2009
By Чоте
Ќе поминат многу години пред да се појави нов Реџи Милер. До тогаш, ова на сликата ќе биде најдоброто од Индијанаполис.
http://tinyurl.com/yfza42z
November 1st, 2009
Вечер стартува новата сезона (кое клише интро)…а со оглед на тоа дека освен за Хјустон и Торонто немавме ваш текст за некоја друга екипа, (Шеп ќе ја прави најавата за Лејкерси, ја за Хоукси), после оној текст за четирите екипи од Дното на Западот, следат два “Групњаци, еден за Западот и еден за Истокот. Некој ќе добие повеќе. некој помалку реченици…Идеме, не по некој посебен ред:

САН АНТОНИО – Знам дека голем број НБА фанови се надеваа дека ланската плејоф елиминација беше последното што ќе го видиме од овие Спарси, но трејдот, па пензионирањето на големиот Брус Боувен не ја поремети визијата на Поп за максимумот на оваа генерација. Данкан намали килажа, Ману е здрав, а Тони е Тони. Покрај нив сега ги имаат и Ричард Џеферсон и Антонио Мекдајс на двете најкритични позиции од лани. Да сум фан на Лејкерси би се замислил во врска со Спарси. Да сум фан на Денвер, би се исплашил од Спарси.

ДЕНВЕР – Последната реченица од делот за Сан Антонио најдобро ја опишува сезоната за Нагетси. Тие остануваат еден од фаворитите за пласман во финалето на Западот, но ќе биде потешко од лани. Ги нема Клеиза и Џонс, но има некои нови фаци кои би требале да ги заменат солидно, со поголема минутажа за Смит. Мело е во најдобрата форма, барем физички, од било кога и се ќе биде во негови раце ако сака да ги стигне другарчињата од својата драфт генерација Леброн и Вејд.

ЈУТА – Ова лето требаше да биде турбо за Јута, но наместо тоа во Солт Лејк Сити беше мирно како што и може да се очекува од мормонскиот главен град. Бузер остана, иако може да се деси да го трампаат сезонава. Остана и Милсеп, како и Мемо, додека не успеаја да се откачат од неупотребливиот Кириленко, кој и понатаму им го цица селари-капот. Дерон останува најдобар играч, плејофот е достижен, ама тоа е се. Најдобар потег ова лето беше примањето во Спрингфилд на Стоктон и вечниот Џери Слоун.

ЊУ ОРЛЕАНС – Ланската сезона беше големо спуштање на земја за Хорнетси, тимот кој требапе да има светла иднина. Крис Пол останува МВП кандидат, добар дел од тимот е сменет, но се уште го немаат оној квалитет плус за нешто поголемо. Се откачија од Чендлер, го имаат Емека, кој почна да им оди на нерви на новите соиграчи, Пеџа и понатаму зима пари за ништо, Вест е една од подобрите “четворки“ во лигата, Скот може да добие отказ сезонава.

ДАЛАС -Најактивни ова лето, заедно со Спарси, беа Мавси, кои одиграа паметно не чекајќи го Летото 2010 за кое се спремаат сите. Остана Кид, но Дирк сега покрај себе ги има и Мерион и Дру Гуден. Заедно со Џош Хауард прават интересна петорка која може да игра клучна улога на Западот. Не дека ќе бидат шампиони, ама изгледаат доста подобро од лани.
КЛИПЕРСИ – Кога се изгледаше дека ќе биде поубаво, дека ланската сезона ќе биде далечно минато и дека повреда веќе нема да биде збор кој ќе се слуша кај секогаш вториот тим во Ел-Еј, Брадата на Берон пак остана сама. Барем на стартот на новата сезона. Блејк Грифин го повреди коленото и ќе го нема некои месец и пол, а тоа значи нови маки за Данливи. Сепак, оваа сезона ќе биде подобра од ланската. Полоша не може, иако кога се Клиперси во прашање, се е можно.
ГОЛДЕН СТЕЈТ – Какo она We believe да беше пред мнооогу години, Дон Нелсон пак се скара со некој од играчите. Стивен Џексон се откажа од капитенската лента и побара трејд. Рендолф, Мороу и Кари можат да изненадат многумина, а интересно ќе биде да се види и Монтеј. Ќе играат брза кошарка, а на крајот плејофот пак ќе го гледаат од дома.
ПОРТЛАНД – Лани успеаја да стигнат до плејофот, но таму изгореа поради незнаење. Оваа година се малце постари и поумни, а и Грег Оден, конечно, делува како да фаќа залет. Главен потег беше ангажманот на Андре Милер, кој би требал да им донесе стабилност на плеј, додека најмногу среќа имаа кога нивните милиони ги одби Туркоглу. Интересни за гледање и тим на иднината.

ФЕНИКС – Викаат дека пак ќе трчаат, дека ќе играат како кога беа дел од НБА елитата. Арно ама, Неш е постар, Амари е осамен во рекетот, Хил е уште постар од Неш, а Џентри не е Д’Антони. Имаат понекоја светла точка, но факт е дека полека, но сигурно станува тажно во Аризона. Штета.
October 27th, 2009
Лагано, ден по ден, оваа недела пред стартот на новата сезона, како и првата недела од сезоната ќе гледам да ги фатиме сите екипи со најава, кој поголема, кој помала. Овој пост му е посветен на, како што вика насловот, квартетот екипи кои се на дното на Западот, Тандер, па и Мемфис на моменти, би можеле да изненадат многумина. Сепак, плејофот е само далечен сон за сите четири екипи.

Некако најмногу муабет летово се вртеше за Гризлиси од единствена причина што летово во градот на Елвис се пресели Ален Ајверсон, кој успеа да си најде екипа во која ќе истера една сезона, нема да биде ни блиску до плејоф, а камоли титула и со самото тоа очекувањата нема да бидат високи.
Човекот едноставно не сакаше да оди против својата слика за себе според која тој мора да биде стартер, по секоја цена, па макар тоа значело и стартер во првиот тим на локалниот Пензионерски Дом.
Сепак, Гризлиси се далеку од Дом за ветерани и одлуката да го донесат Ајверсон, а и Зеко Рендолф летово ми е тотална мистерија, Нормално дека со Ален сакаа да пополнат барем дел од празните места во арената, но не знам како можат тој и Зеко да влијаат позитивно врз развојот на младиот тим.
Проблемот со тренинзите на Ајверсон, како и големата потрошувачка на топки и незгодниот карактер на Зеко се токму спротивното од она што им требаше на Гризлиси. Наместо да го градат тимот околу Геј, Мејо и рукито Табит, во управата се решија на потег кој можеби ќе им донесе која победа плус (Можеби), но и оддалечи од некоја посветла иднина.
Зеко, а и Ајверсон во помала мерка, се познати како Црни Дупки и тоа најмногу ќе ги нервира Мејо и Геј, а со тоа не верувам ни дека ќе има некоја атмосфера во тимот.
Штета, а имаа предиспозиции за сезона-две да направат голем исчекор напред.

Грешката на Мемфис не ја направија во Оклахома сити, а ни во Сакраменто и Минесота. Таму си оставија доволно простор во селари-капот, дел од нив ослободија и плус простор ова лето, и во новата сезона во целост ќе се потпрат на своите млади играчи.
Најголемата ѕвезда во ова трио ја има Оклахома во Дурантула, кој сезонава може и до Ол-Стар, иако крилните позиции се најсилни на Западот.
Нема причина Кевин да има уште една одлична сезона, а заедно со него созрева и остатокот од тимот. Ќе направат понекое изненадување, но тоа е максимум. Во полоша состојба се Вулфси и Кингси, кои ги очекува долг пат до враќање на некои позиции кои ги имаа кон почетокот на овој милениум.
За овие четири, толку.
October 25th, 2009
Полека екипата на МакНБА се одзива на повикот за статии
Овој пат Мими познат како Turpis реши да ни пише за неговите Рокетси..
Не е се онака црно како што изгледа. Одлична година за правите фанови на Рокетс кои ќе уживаат во оваа сезона. Што ако го нема Yao? За T-Mac па ич никој не се секира иако самиот си најавува огромен камбек затоа што летово работеше со Tim Grover (трењерот со кој работеа сите мега-убер супер ѕвезди после некои повреди и кога паузираа).
И oнака откако двајцата се во ростерот на Рокетс не се изнаиграа многу заедно због жуљеви, криви колена и лошо кинеско млеко без калциум. Предвидено време за враќање на Стејси е после 23ти ноември кога му прават MRI на коленото.

Ron Artest замина во најголемиот ривал на Рокетс, тимот за кој навива пола држава (нешто ко со Манчестер Јунајтед, ко је најачи – за њега сам). Дојде Trevor Ariza на кој 10 тима му нудеа многу повише пари него Рокетс а неговата изјава околу тоа -
“I’m a Champion. I’m a Houston Rocket”. Нејќеше да ги заебе луѓето што му се јавија први а и ваљда зашто му понудија најдобри услови.

Најнапалени фановите на Хјустон се за детето познато под име Chase Budinger. Една од најголемите кражби на овој драфт одбран во втората рунда пред крај некаде. Малиот Air Bud – поранешен одбојкар со 40 инча вертикала и windmills куцања како сака летово во летната лига имаше неверојатни статистики. .944 за слободни, .681 од поле и неверојатни .727 за три поени.
Земаа уште еден пик под име Jermaine Taylor, дете со добри движења али којзнае дали ќе се покаже многу. Ги откупија правата од Atlanta за David Andersen (Аустралијанец), центар кој цел живот играше во Евролигата (со освоени 7 титули, ако не се лажам) на кој ќе му треба мало прилагодување во НБА, НО ако можеше Luis Scola да стане едно од најдобрите крила што да не може да напредува и Andersen.
Најбитното: тука се сите играчи кои ги играа последните 4 натпревари од серијата со Лејкерс. Знаат да играат добро, но знаат и ептен да усерат. Shane презема нова улога во тимот, не му е више задачата само да го чува најдобриот од противничката екипа, него и да шутира – нешто што неверојатно му тргна во претсезоната.
Го имаат и најнискиот можен центар Chuck Hayes.
Дечко за кој сите викаат дека не го бива во напад – но одличен во одбрана. Турбобрзиот Aaron Brooks ако има боља сезона од лани ќе стане еден од најдобрите плејмејкери во NBA. Факт. Одлични играчи од клупа се и крилото Landy и пенетраторот Lowry.
Го имаат и Brian Cook со договор од 3.5 милиони кој им го турија Memphis – сирот нема да види минута играње, ама ептен не го бива, да не му вредеше тој договор толку досега ќе го избацеа. Изглеа Brent Barry иде у пензија, а за 15то место во ростерот се “борат” Joey Dorsey и Pops Mensah-Bonsu.
Годинава една од 2 работи ќе се случи. Или ќе потонат толку многу и ќе имаат еден од првите три пика на драфт догодина или ќе станат најпријатното изненадување во NBA.
Највечи фан Рокетса од Куманово – Мими.
October 22nd, 2009
Ајде ќе заборавам за некое време дека сум „Лејкерџија“ и ќе се обидам да дадам објективен осврт на финалето, ко што Енко си даде за East полуфиналето Cavs-Hawks, со таа разлика што ќе го пишувам со насмевка до уши
Lakers апсолутно заслужија да ги добијат Magic, не толку поради каква-таквата разлика во квалитет, колку по смиреноста, искуството и концентрираноста во клучните моменти кога се кршеа резултатите. Тоа е веќе одлика на шампионски тим, нешто што не го покажаа против Rockets, на пример.

А Orlando го снајде судбината на Denver. Не знам зошто, но за начинот на кој го изгубија финалево ми се повлекува паралела со „дебаклот“ на Денвер на последните два натпревари. Плус и двата тима имаат по една извикана и пренапумпана ѕвезда во своите редови. Да не зборам и за тоа дека нивните, условно кажано први играчи, се и меѓу основните причини за поразите.
Сепак, им честитам и на Magic за извонредните игри што ги прикажаа во playoff-ов, а пред се заради тоа што ги ставаа дури како трета опција во сите комбинации за источниот патник во финалето после Boston i Cleveland. А со начинот на кој победуваа им ги затнаа муцките на сите кои мислеа дека за да победуваш тим кој има една мегаѕвезда или два суперстара, мора да имаш соодветен одговор на тие позиции за нив, а не колектив кој ќе ја анулира нивната доминантност, притоа воопшто да не зависи од својата, повторно ќе потенцирам – условно кажано, ѕвезда. Само да потсетам, Philadelphia успејаа да ја добијат и без Howard.

Нејсе, доволно дискутиравме и преку post-овите и низ коментарите зошто некој победил, а некој изгубил, така што сега е излишно да се повторувам. Подобро би било да видиме што можат Lakers да извлечат од оваа победа, a што Magic од овој пораз.
Раководството на Lakers и покрај опиеноста од големиот успех, сепак ќе има жешко лето пред себе. А тоа се состои од спроведувањето на планот – како да се задржи тимот што победува, ако веќе не може да се подобри? Атмосферава која се создаде по медиумиве последниве два дена по финалево ме потсети на Чикаго после освојувањето на петтата титула во 1997, кога се проширија шпекулации дека главните протагонисти (читајте Michael и Phil) ќе го напуштат клубот. Тогаш Jordan викаше дека ќе остане само ако остане Phil, Зенот пак, велеше дека ќе остане само ако Michael потпише, Rodman „скокаше“ дека ќе си оди ако не останат првиве двајца, Pippen бараше повеќе пари, ама пак условуваше со останување на на јадрото на клубот и така се во круг.
Сега имаме ситуација во која Зенот заради здравствени причини (а можеби после „десеткава“ и преку глава му е од се) остава простор дека нема да биде повеќе на кормилото, па затоа Ariza почна да се прави Rodman, а Lamar Pippen во своите барања за останување, а и Walton тука некаде се меша со условувањата (само не знам по која основа има г’з да поставува услови имајќи в предвид кој фактор е – уствари извини Luke, солидно си одигра во минутите што ти ги дадоа). Само Kobe е мирен и сигурен дека ќе остане, па оди дотаму и дека ќе ја заврши кариерата во L.A. Тоа дека ќе остане уште некоја сезона може да се каже и за Pau, но само со овие двајца не се прави шампионски тим.

Што според мене треба да направат Buss, Kupchak & Co? Ако можат да им ги исполнат сите барања на Lamar и Ariza, а мислам дека нема многу и да бараат и дека ќе бидат среќни што воопшто играат во докажан шампионски тим. И толку, друго не би менувал ништо. Сепак тимот кој што победува не треба да се смени, барем не до почетокот на сезонава, па после ќе се види како одат работите. Доколку нешто мора да се менува, би почнал од Вујо, Powell, Adam, Mbenga и кинезот, на пример. Првите двајца играа добро во еден дел од сезоната, ама во другиот дел, а посебно во playoff-ов ги снема тотално. Посебно ме разочара Vujacic, кој после одличните игри во ланското финале му предвидував уште поголем напредок. Но ќе видиме, ако остане Phil може пак да се оправи. А од Зенот и најмногу зависи дали ќе има repeat.
Реално гледано, многу е тешко тоа да се случи, и самиот Kobe тоа си го призна, со оглед на тоа дека има премногу голема конкуренција во последниве години, посебно на западот, па нема да е така лесно да се одбрани титулата како порано. Посебно што релативно млади тимови како Denver и Houston ќе бидат побогати за едно искуство од годинешните порази. Да не зборам за истокот каде гладта за прстен уште повеќе се зголеми кај Lebron, а и Howard гледајќи го славјето на Lakers намириса крв.
Orlando исто како и Lakers треба да задржи барем 80% од тимот и никако да го испушти од раце нивниот нај-clutch player – Hedo. Друго што можеби треба да смени е да се најде квалитетна четворка, барем како резервна опција за Lewis. И да го вратат малку Lee на клупа да учи, со тоа што френчито ќе го стават меѓу први пет. Во здравиот Nelson и backup-от му Skip 2 My Lou во бековската линија, како и во Ron Jeremy како „командант“, Orlando ги има сите потребни состојки за да се дојде до шампионскиот прстен наредната година. Нормално, многу работи нема да зависат од нив, туку и од противниците – читај Lebron.
Во очекување на посигурни информации од шпекулацииве што ги изнакажав претходно, ни останува да се занимаваме со драфтот што следи, но нема да трубам сега околу тоа, сепак специјалист е Енко.

Она што ми го привлече вниманнието покрај епилогот од финалево е тоа што на Wolves-и конечно почна да им доаѓа паметот и му удрија клоца на Франкенштајн. Ме чуди само што „играчишта“ како Foye и Madsen се ставиле во негова одбрана. Mchale во овие петнаесетина години, без разлика на која позиција беше во клубот, не само што не се прослави туку во комбинација со Jetson ги оштетија Wolves-и, а можеби и ги лишија од барем една титула. Не знам зошто многумина му го препишуваат нему бирањето на Garnett на драфтот 1995-та, a и самиот негов развој како играч, демек имал што да научи од најдобриот крилен играчи дотогаш, дрн, дрн, јариња. Ако не смени некое коло во главата, не знам Mchale што би правел по оваа клоца и дали некој друг клуб би го посакал во своите редови.
June 17th, 2009