Posts filed under 'Најави 2006-07'
Кога се во прашање каверите на Спортс Илустрејтед пред секоја НБА сезона (а било случај и во другите про спортови во САД), не им се пишува добро на тие кои ќе се најдат на насловна. Колку за илсутрација на ланскиот кавер со најавата за НБА сезоната заедно беа еден покрај друг Лери Бирд и Рон Артест. Сите знаеме како заврши нивното пријателство само месец дена во сезоната и како тоа влијаеше на сезоната на Индијана.
Оваа година момците во СИ решиле да одат на сигурно и да го разбијат малерот ставајќи три од најголемите млади НБА ѕвезди. Математиката е јасна: Може на еден да не му тртгне, може и на двајца, ама па на сите тројца?
Ја па мислам дека сезонава дефинитвно ќе го разбијат малерот затоа што сите тројца би требале да имаат страшни сезони.
Тоа го потврдува и Џон Холингер и неговата Топ 30 листа на најдобри играчи според т.н. PER. Ич не ме изненади тоа кој се наоѓа на прво место. “А има само 21 година!!!”, што би рекол еден наш НБА коментатор.
* * * * *
На ЕП до 20 год. во Измир, Ерсан Илјасова покажа дека заедно со Џенк Акјол (кој е пик на Атланта) се иднината на турската кошарка. Тоа доби своја потврда и меѓу големите момци у Јапан и не треба да чуди што Ерсан од новата сезона е дел од тимот на Милвоки. Откако ланската сезона ја мина најмногу во НБДЛ Ерсан се наметна како еден од најголемите Еуро-таленти. Можеби сезонава нема да добие некоја посебна минутаѓа, но времето е на негова страна.
Балканскиот печат во текот на тренинг-кампот го запечати и момакот кого во Атланта едноставно го викаат The Big Greek Fella.
* * * * *
Нова Гилбертологија која мора да се прочита.
* * * * *
“This so-called former Knick, who on draft night with millions of people watching had the audacity to take me to task on a player that I’m pretty sure he had never seen before in his life,” Thomas said. “But he stands on national television and he talks about a kid that he has absolutely no idea about. I’m glad that all of New York doesn’t think like Greg Anthony” - Ајзеа Томас на критиките на Грег Ентони на ЕСПН за драфт изборот на Реналдо Болкмен.
* * * * *
Од сите куцачи-гимнастичари кои се појавија задњиве пет-шест години мене веќе некое време нај-нај ми е Кадр Зиани. Тачно дека ова нема врска со НБА (и во основа ни со самата кошарка) ама секогаш е интересно да се види како некое типче со просечна висина за баскетџија куца преку десетина луѓе, Порше и сл. А можеби е само до името и тоа што сум од Чаир.
* * * * *
ПС: Ивица, собирај ги јаууу адресите на момците кои сакаат да бидат дел од Фентази лигата, па извести не кога ќе биде време.
UPDATE: Џош Хауард само што си ги доби своите 40 милиони за четири години кои почнуваат да важат од следното лето. Кјубан се освести на време.
October 19th, 2006
Warning: ЕНКО, САМО АКО СИ ГО ФАЌАЛ ПОСТОВ!
Сликовитост
Ова се сликите кои ги ветив а не бев у можност да ги ставам (ради јебената конекција) у постот за Најсериозниот кандидат за титулата 2006/2007.
Ребрендирање

Мала реминисценција / голем играчина
Џек Николсон влезе у игра [лоша монтажа]
October 17th, 2006
Шек, како и многу други играчи не го мириса новиот баскет. Очекував такви муабети од играчи како Квами Браун (кој и се жалеше) или Дени Фортсон, ама од Шек не. Изгледа годините си го направиле своето. Мислам дека муабетот ќе се заборави како ланскиот со дрес-кодот и за некој месец никој нема да го спомнува.
* * * * *
Зголемувањето на блог трендот на широко ја фати НБА и сега по ланските блогови на новинари, Џи-Емови, играчи, легенди итд…Сега имаме блогови на играчи за секоја дивизија посебно како некакви најави и слично. Еве ги дивизиите една по една и играчите кои се блогери.
Атлантик ; Централ ; Саутист ; Саутвест ; Нортвест ; Пацифик
Покрај тоа, еве и линк до еден одличен наменски блог во кој 30. различни блогери (некои и новинари) ќе пишуваат најава за својот тим. Некои веќе поминаа, а некои ќе бидат. Линкот ТУКА.
* * * * *
Пијаницата и ликот кој е совршен за реклама за антидепресиви - Вин Бејкер како-така успева да си најде клуб кој е спремен да му фрли некој долар. Задњи кои го собраа некогашниот ол-стар се Вулфси, кои и онака тенки сакаат со Вин да си ги решат муките. Кевин МекХејл знае дека ако не му успее овој потег, никој нема да го критикува и Вин ќе продолжи да оди по биртии. Ако успее, сите ќе го сметаат за паметен Џи-Ем и Вин слободно ќе може да си купи биртија во Минеаполис.
* * * * *
Спомнав у линковите до медиа-деј сликите, а гледам дека и новинарите од Шарлот му го дале истиот прекар на Валтер Херман. Или е тоа стварно Фабио?
Али тоа не е ништо со прекарот кој Хорхе Гарбахоса го доби во Торонто. Porn player?!?!?, Рон Џереми?!?!?. Го имаме наследникот на Стен Ван Ганди.
October 5th, 2006
Барем мене, најинтересен дел од стартот на тренинг-камповите ми е медиа дејот у кој може да се видат сите нови фаци на нови фаци итн. како позираат у некои опасни пози како створени за Фотошоп. По сликата на коби во мрската 24-ка еве линкови до некои од најинтересните слики од медиа дејот. Спремете се, има доста…You’r favorites?
Кој ли им кажал дека роботите знаат да играат Макарена?
Порно бркот не иде никаде.Разбра!
Да бе, и после ме праша за порно-источно германскиот брк.
Све је исто само Бена нема.
Клекнуваш вака…и го пушташ.Многу лесно.
Ќе им ги лапнам парите, а нема да бидат ни свесни. Да.
Да, ќе се вратам. Да. Да. Да.
Ма каков Шугар Реј.
И така, се спакува и си отиде, а ја дојдов овде по риба.
Кој те шишал? Бу-а-ха-ха-ха.
И Што викаш Крис, вака и го пушташ, а?.
Ray…is that you?.
Од онде Сталин го испрати Вронски у Сибир.
Па кај си ти бре Трајане.
Копа.
Многу сум јак.
Фабио во Шарлот!!!.
Српски генгста. Тешко му на Орландо.
Бонзи? Да, ќе го убијам кога ќе дојде во Сакто.
И викаш добро било у Мидл-рт?
Но комент.
Морав да се поправам за претходната слика, па се ишишав као Ирокез.
Кој? Бето? Поздрави го и ти, и кажи дека ќе му ја земам 45-та на Бо и ќе му ја дадам да ја носи.
Селтик.
Дадо Пршо!
Оваа ќе ја играш кец у кец.
Сезоната не ни почна, а Стефон и Стиви веќе почнаа да се тепаат за баскетот.
Но комент 2.
Nobody expects the Spanish inkvisition. Или така нешто, само без брада.
Зар и ти сине Кевине?
October 4th, 2006
Next Posts