Posts filed under 'Најави 2006-07'
Истокот го завршивме и по еден ден славење 501. пост и два дена мучење со хакерски упади на Масоните и пакување и товарење постови во камион, се враќаме на најавите за новата сезона по дивизии. Денес на ред - Southwest, која со Централ конкурира за приматот на најсилна дивизија годинава.
Идеме по ред…
1. Далас
2. Сан Антонио
3. Хјустон
4. Њу Орлеанс / Оклахома сити
5. Мемфис
Еве и зошто…
1. На Далас му фалеа уште шест и пол минути добра одбрана да стигнат до 3-0 во финалето. Но, Двејн Вејд го потпали менталниот колапс на Мавси по кој тие никако не се опоравија.
Летово Кјубан и Ејвори направија неколку потези кои би требале да го задржат Далас уште некое време во најтесниот круг екипи кои ќе се борат за првак на Западот. Ентони Џонсон ќе им донесе стабилност на плеј кога ќе се успори играта, а губитокот на Маркиз Дениелс мораше да се случи откако овој не успеа да вклопи во шемата на Ејвори. Летово на нови подолги договори Кјубан ги потпиша Дирк, Тери, Хауард и Тери кои по ланската лекција од Мајами би требале да бидат за една година попаметни и поспремни за одмазда.

2. Многу лесно може да се случи ако не се поколопат сите коцки во Далас, Спарси да си ја вратат дивизијата со која до скоро доминираа. Поп е познат по чувањето на главните ѕвезди за плеј-офот, но тоа можеби нема да биде случај и годинава затоа што трката за 1. место на Западот може да се покаже како клучна за во плеј-офот. Чиповите на Роботот се исчистени, зглобот на Лонгориа е ОК, а Ману конечно е здрав пак да стане Мано. Пазете се од досадниот Сан Антонио!
*
3. Во Хјустон сега сите веројатно фрлаат парички, стискаат палци и баат Рокетси конечно да немаат проблеми со повреди и Јао и Ти-Мек да бидат здрави цела сезона. Ако тоа биде случај, потпомогнати од Батие и Бонзи тие можат да бидат многу опасни и да земат скалп на било кој фаворит од Западот во плеј-офот. Само уште Подочњакот Ван Ганди да научи и по некоја офанзивна шема и во Хјустон би можеле да се вратата убавите 90-ти (од средината).
*
4. На многу листи Хорнетси се наоѓаат и пред Хјустон, што ми е малку претерано со оглед на тоа дека најзвучни имиња летово им беа Пеџа Стојаковиќ и Тајсон Чендлер. Тачно е дека и двајцата би требале да имаат скок во играта сезонава и дека заедно со Крис Пол и Дејвид Вест ќе прават солиден квартет, а тука се и Расул, Мејсон и пиковите од задњиот драфт. Сепак, ептен ѓе треба да им оди се на нивната воденица и во Хјуѕтон пак да проработи болницата за да стигнат до плеј-офот. Пол е ѕвер и иднината на плеј, ама веројатно му фали уште некоја сезона за да стане вистински лидер на тимот. Можда со камбекот догодина во Њу Орлеанс.
*
5. Додека цела Шпанија славеше во септември, цел Мемфис ја пцуеше и коридата, и кастањенитите, и Реал и Барса. Со повредата на Пау Гасол на СП во Јапонија и паузата до јануари следната година практично заврши сезоната за Гризлиси пред и да започне. Руди Геј (како бе вакво презиме?!?!) би требал да биде ОК за брзо време, ама без Брадата едноставно не иде. Вака први ѕвезди им се Мајк Милер, Еди Џонс и Дејмон Стадемаер, заедно со Леси -Стро Свифт. Ауч.
November 2nd, 2006
Атлантик е можеби беден, ама за таа титула сериозно кандидира и Нортвест. Дивизија во која го имаме најслабиот тим од лани, уште три тима кои не го ни помирисаа и еден кој лани само беше гостин во 1. рунда.
Сезонава тимовите од оваа дивизија на големо планираат камбек во плеј-офот, што не е случај само во Портланд каде се реални во врска со својот квалитет и можности.
На крајот табелата би требала да изгледа вака…
1. Денвер
2. Јута
3. Минесота
4. Сиетл
5. Портланд
Еве и зошто…
1. Мело во Јапан покажа дека е решен да докаже дека тоа што Вејд и Мело го престигнаа од драфт генерацијата 2003 е само лоша среќа. Според многумина кои ги пратеа Нагетси во текот на тренинг-кампот за очекување е страшна сезона на Мело и негова прва ол-стар селекција. Покрај него, нешто за докажување имаат и Кенјон Мартин и Нене, а тие заедно со Андре Милер, Маркус Кемби, Бојкинс и 21-годишниот Џеј-Ар Смит се единствените кои во оваа дивизија можат да стигнат до некои 45-50 победи. Плус, ептен се попунети под кош.
2. Во Јута лани беа задоволни од Дерон Вилијамс, но сезонава се очекува повеќе од наследникот на Стоктон (барем според позицијата). Ако Дерон стварно пркне како што најави во претсезоната, ако џигерот Мемо продолжи со игрите од лани и ако Бузер и Кириленко останат здрави, плеј-офот и максимално 1. рунда би можеле да се врата во Јута. Ако ништо, ради Џери Слоун. Човекот заслужил.
*
3. Кеј-Џи, Кеј-Џи, како не се опамети…Тој и Ајверсон тргнаа по патот на Јуинг, Доминик, Мелоун, Стоктон (пак) и Баркли и веројатно ќе бидат претставниците на оваа генерација кои нема никогаш да станат шампиони. Вулфси можеби летово направија неколку солидни потези, а времето ќе покаже дали трејдот Рој-Фој бил бољи за нив или за Портланд. Сепак, токму времето е нешто што Гарнет го нема и со 30 години полека му се намалуваат шансите за титула. Кои со Минесота се рамни на нула. Мајк Џејмс, па и Фој ќе помогнат, ама зимата пак ќе биде долга во Минеаполис…(кој патем ми ја има најмрската арена за гледање утакмици).
*
4. За задњите две места се мислам межу Сиетл и Портланд, али ради искуство и Реј Ален предност имаат Соникси. Ален и Луис би требале да ги држат во игра во поголемиот број средби, а Вилкокс и Риднур се солидни помошници.И тоа е се од нив, а крајот на сезоната за Роберт Вајти Свифт само уште повеќе ќе го отвори корзото во рекетот. Барем Реј ќе си брка тројкашки рекорди, а ништо чудно сезонава да биде задња во Сиетл.
*
5. Иако се жива мистерија и пак кандидати за најслаб тим, мене Блејзерси ми изгледаат дека ѓе бидат ОК…за неколку години. Паметно им беше драфтувањето на Рој, а и Олдриџ донекаде и тие двајца со другите млади играчи би требале да ја оправат работата во иднина. Сепак, ЏејлБлејзерс имиџот останува се додека не го трампаат Дариус Мајлс во Њујорк и Зеко Рендолф било каде, иако лани им беше прв стрелец и скокач. Таква црна рупа не му треба никому.
November 2nd, 2006
По Атлантик и Саутист, најавата по дивизии за Истокот се заокружува со најсилната дивизија, веројатно во цела лига - Централ.
Баш најавата за Централ го одбележува нашиот 501. пост од почетокот на NBA Macedonia пред некои година и четири месеци. Тоа значи дека претходниот пост е нумер 500, а тој пред него 499…Пивата, баклавите, јагнињата и другите честитки пратете ни ги по мејл.
На крајот табелата би требала да изгледа вака…иако со оглед на тоа дека е најјака дивизија ништо чудно некој тим да го прескокне другиот за место погоре. Тука не влегува Милвоки кој останува на дно.
1. Детроит
2. Кливленд
3. Чикаго
4. Индијана
5. Милвоки
Еве и зошто…
1.Летово премногу се зборуваше за тоа дека Пистонси веќе не се истата екипа без Бен Волас и дека без него немаат шанси да конкурираат за врвот на Истокот. Првата констатација држи вода, но втората и тоа како нема основа.
Да, Думарс не сакаше да фрла едно чудо пари на играч кој има 32 години, нема шут, не знае да погоди слободно и е тотално безопасен во напад. Ако некој знае колку вреди Бен тогаш тоа сигурно е Џо, кој и го донесе од Орландо во трејдот на Хил. Лани Бен мрчеше дека сака повеќе топки да одат преку него и да има поголема улога во нападот?!?!?!, од кој човекот факат е нема појма. На страна тоа што е одличен дефанзивец, мада и тука мислам дека добра одбранбена екипа не ја прави еден играч.
Како и да е, Детроит сезонава можеби нема да стигне до ланските 60+ победи, ама во основа и тешко дека било која друга екипа во Централ или на Истокот може до такво нешто. Бен си отиде, ама останаа сите други четири стартери кои се бољи играчи од Бен. Чонси и РИП, како и Шид и Принс ќе имаат поголема слобода во нападот, а и ќе сакаат да докажат дека можат да победуваат и без Бен. Добар потег беше потписот на Назр Мохамед, кој до сега има докажано дека е совршен за такви, епизодни улоги во рекет за добри тимови.
Исто како и лани, но и како преклани, нивна најголема болка е клупата и таа е нешто што би можело да ги спречи да стигнат до нова титула. Сепак, Мекдајс, Делфино, Хантер, Флип и Максиел и не се баш за фрлање и можат да дадат десетина добри минути.
Само да не им пресисааат стартерите кога ќе дојде време за плеј-офот.

2. Мислам дека не е паметно да се кладиш против Леброн кој од година во година докажува дека сета галама која се дигна околу него и тоа како е оправдана. Со него навистина се е можно и Кавси би требале да стигнат до 50 победи па и предност на домашен терен во 1.коло. Ако Леброн се здиви и ја одигра најдобрата сезона во кариерата можат и до финале на Исток.
Леброн, како и Гуден и Ззззззз под кошот не ми се проблем. Проблем ми е Лери Хјуз за кој пишував и во текот на плеј-офот, а и на ланската сезона дека не е добар избор за десна рака на Џејмс. Тоа лани многу се добро во тоа како Кавси победуваа дури беше повреден, а колку се мачеа и губеа кога Лери беше дел од тимот. Се надевам дека грешам за Хјуз.
Најголема им е дупката на плеј каде се уште им е стартер Ерик Сноу кој за жива глава не може да погоди од надвор. А и тренерот не им е нешто посебно искусен. Тоа може на крај скапо да ги чини.

3. Тоа што го мислам за Бен го напишав кај Пистонси, но тоа не значи дека тој нема да има влијание врз играта на Чикаго. Ќе има, само не големо. И без него Булси беа една од најдобрите дефанзивни екипи, а со него со право можат да бидат бр.1 во оваа категорија. Само, ми се чини дека во Чикаго малку закаснија со овој потег. Помина времето кога екипите кои имаа цврста одбрана и малку над просекот напад освојуваат титули.
Не ми влегува во глава наместо тие пари кои ги фрлија на Бен во Чикаго не се одлучија да убацат некој играч у трејд за легитимна НБА ѕвезда, нешто што очајно им фали. Верувам дека Гарнет и тоа како ќе сакаше да се врати дома во Чикаго, а и Вулфси ќе се загреаа за некој од младите играчи на Булси.
Нејсе. И без тоа овој тим е способен за големи нешта, ама во нив не спаѓа и пласман во финалето. За тоа им фали вистинска опција во нападот.
Држам палци во плеј-оф да се сретнат со Детроит.

4. Индијана би можела и погоре, ама дивизијава е ептен јака. Летово беа паметни и не го преплатија Пеџа и им го лапнаа за еден фишек сончоглед Ал Херингтон на Хоукси. Бирд е решен да направи брза и атлетска екипа и тоа му успева, само треба да се молат да не ги стрефат повреди, конечно да немаат проблеми со законот и имиџот и Џермејн конечно да израсне во лидер. Ако тоа не се деси, тогаш џабе им е и Лери да го соблече оделото и да заигра за нив.
Деловите од мозаикот се тука, само Џим Кери треба да ги уклопи.

5. Милвоки е жртва на јаката конкуренција. Направија неколку големи трејдови летово во кои се уште не може да се каже дали излегле како победници или не. Нова фаца е Вилануева, кого го добија за Ти-Џеј Форд, а и стигнаа да се откачат од Меглор кого го спакуваа во Порлтанд. Ред е машина за кошеви, ама освен него немаат некое постојано оружје. Андрија Богут поради повреда малку ќе паузира, ама лани не ми изгледаше како играч кој би можел да доминира. Повеќе на таков ми личи Чарли. Имаат доста добра покриеност на речиси сите позиции, ама играат во многу јака дивизија. А и Тери Стотс им е тренер.
* * * * *
Еве и по некој линк:
- Со тотално новиот гето лук и набиената мускулна маса Роберт Свифт летово вети дека ќе ги убеди сите во Сиетл дека не беше потрошен пик од 1. рунда пред две години. По задњава вест момакот ќе мора да почека уште една сезона за да докаже дека вреди. За жал.
- Оф…оф. Таман кога Спиди Клекстон се опорави од повредата, Марвин Вилијамс заработи идентична повреда која значи месец и пол до два пауза. Хоукси не би биле Хоукси кога не би им се случувале вакви работи.
- Вакви работи се случуваат и во НБА.
- И екипата на SI тргна по трендот правење своја топ листа на играчи. Ама за разлика од другите, на нивната Топ 20 листа прв не е Леброн, а богами ни Коби.
October 27th, 2006
Вчера ја имавме бедотијата од дивизија Атлантик, а денес остануваме на Истокот со привјуто на Southeast дивизијата. Во план ми беше Централ, ама Ивица пиша најава за Детроит така да најјаката дивизија на Истокот (можеби и лигата) ја оставив за утре.
На крајот табелата на Southeast би требала да изгледа вака, а подоле има и зошто.
1. Мајами
2. Вашингтон
3. Орландо
4. Атланта
5. Шарлот
Идеме по ред…
1. Мислам дека не треба многу објаснување зошто Мајами би требал без поголеми проблеми да ја освои својата дивизија, која ја освоија и лани и тоа без 100% здрав Шек во текот на целата сезона.
Годинава сите во редовите на шампионот се за една година постари, факт кој има позитивна конотација само во случајот на Двејн Вејд. Тоа што залижаниот ги задржа сите старци со кои војуваше лани може да се покаже како паметен, ама мене се ми се чини дека ќе се покаже како лош потег. Ипак, пред да се нападне Рајли мора да се знае дека селари-капот му е ограничен.
На Мајами и тоа како добро ќе му дојдеше некој шутер, а и плеј кој би го мењал, па и би му го земал местото на Џејсон Вилијамс. Вака, екипата е ОК, ама тешко дека со овој состав може да го повтори ланскиот успех. Ипак, не смее да се отпишува екипата која кај себе ги има Вејд и Шек и како што рече 1995 година Руди Ти: “Никогаш не го потценувајте срцето на шампионот!”

2. Е сеа, ако Мајами киксне и им се повреди на пример Вејд, Визардси се и тоа како способни да им го лапнат 1. место. Летово им отиде мазохистот Џефрис, кој прифати да биде дел од циркусот на Ајзеа, но тоа во Вашингтон го надокнадија со потписот на Дешон Стивенсон. Останаа тие што се најбитни и тоа Аринас, Џејмисон и Батлер, а Сонгаила тешко дека ќе им ги реши проблемите во рекетот. Баш таа дупка под кош ги спречува да направат нешто поозбилно, како на пр. финале на Исток, мада со лудиот Жилберто не би брзал да ги отпишам.

3. Е сеа, ако па Визардси кикснат и им се повреди на пример Аринас, Орландо и тоа како е способен да им го лапне 2. место. На Флорида почнуваат цела сезона без Стив Френсис, што само од себе е плус, а и сезона во која ѕверот Двајт Хауард би требал да доживее целосна промоција. Момакот ми е омилена фаца уште од пред да го драфтуваат кога беше средношколец на кој хоби му беше кршење табли на сликања за насловни на списанија и гарантирам дека ако не го сотре некоја повреда ќе доминира долго време во рекетот. Тука се и Џамир Нелсон, Хидо, Аројо, а и Редик, кој не би требал да биде некој посебен фактор како руки.
Грент Хил конечно нема да има притисок врз себе за успешен камбек, затоа што сите веќе дигнаа раце од него. Токму тоа може да се покаже како добро за Грент на кој му држам палци. Ако се врати барем на 50-60% на она што беше, Орландо ќе биде многу опасен.

4. Аааааа, моите Хоукси. Срце ме боли кога гледам како се мачат дома, а со насолзени очи ги гледа Доминик. Тоа нема многу да се смени ни сезонава, ама барем ќе бидат ептен интересни а гледање. Летово го трампаа Ал Херингтон и за него не добија ништо, а Били Најт тоа го објасни као ништо не им требало од Индијана. Како да не. Не им требал Тинсли, Јаске, Херисон или Фостер? Хмммм…
Да не биде така црно ги пополнија двете дупки на плеј и под кош со Спиди Клекстон, Лоренцен Рајт и 5.пик Шелден Вилијамс. Тука е Џо, кој конечно си се враќа на природната позиција и е еден од најуниверзалните играчи во лигата, а очекувам добри сезони и од Џош Смит и Марвин Вилијамс. Не го заборавајте ни соленката Чилдрес, а и Заза.

5. Бобкетси летово малку пораснаа и пуштија пубертетски бркчиња. Адам Морисон и тоа како ќе добие минутажа да покаже зошто беше НЦАА ѕвезда, а и има потенцијал тоа да го потврди.Мека е конечно здрав, исто како и Шон Меј и Џералд Волас. Фелтон би требал да има одлична сезона на плеј, а Шарлот ќе изненади многумина. Доста е.
* * * * *
Еве и уште по некој линк да не биде дека пишуваме само најави кога се дешаваат доста други интересни ствари пред стартот на сезоната.
- Фокс ја објави својата Топ 50 листа. Кој е прв? Нема да се изненадите.
- Џордан и Спајк Ли за прв пат соработуваа во 80-те кога Спајк го глумеше Марс Блекмон во рекламите со младиот Мајкл кој самиот ги режираше. Сега дојде редот на Мајкл да му одаде почит на Спајк. И тоа со посебни Џорданки со ликот на Спајк, а кои се комбинација на неколку ретро модели.
- Џи-Емовите на сите 30. екипи ги избраа Спарси за шампион и Леброн за МВП во новата сезона. Има уште по нешто.
- Најважните прашања кои се поставуваат пред стартот на сезоната.
- Лепотанот Двејн Вејд.
October 26th, 2006
Ивица од Прага, комесарот на МакНБА Фантази лигата (за која можете да се пријавувате уште некој ден) ни прати најава за неговите Пистонси. Мојот привју за Централ ќе следи утре.
By Ivica
Оваа сезона Пистонси (бар според мене) ја почнуваат како втори фаворити во Централ.
(ТУКА ИМАШЕ КЛИП СО БЕН ВОЛАС, КОЈ ЗАРАДИ ДОБРОТО НА СИТЕ ДЕЦА КОИ СЕГА ПОЧНУВААТ СО КОШАРКА И ЗАРАДИ КОШАРКАТА ВООПШТО НЕ МОЖЕВ ДА ДОЗВОЛАМ ДА БИДЕ ВИДЕН. ДЕЦАТА СЕ СЕПАК НАЈВАЖНИ - Каракаш)
Бен Волас, човекот кој последниве неколку сезони беше убедливо најдобриот одбранбен играч во НБА го напушти Детроит и потпиша за ривалот од дивизијата Чикаго. Не знам дали грешката беше во раководството на Детроит (читај:Думарс) или па Бен имаше толкава желба да си замине, ама знам дека Детроит нема да е ни отприлика она што беше последниве неколку сезони. Чонси, Шид и дружината дефинитивно нема да имаат 60 победи, а некако не сум баш сигурен и дека ќе бидат во првите 4 на Истокот.
Еден поглед на нивниот ростер за оваа сезона кажува се.
-Стартна петорка: Назр, Рашид, Принс, Хамилтон и Чонси
Во основа стартната петорка е единственото нешто кое не ме загрижува во тимот. Момците ќе дадат се од себе и ќе се повеќе од доволни за да обезбедат 50 победи. Е сега, за останатите победи ќе мора да истапи и некој од резервните играчи, а после првиот поглед на ростерот е јасно дека тука нема играчи кои се способни за такво нешто. Единствено МекДајс, а можда и Флип Мареј може да пружи добра партија, ама за него тоа се вика откога почна да игра во лигава, а јас на ниедна партија не сум видел да бил фактор. Значи работата на клупата од Детроит е “од црна-поцрна”.
Со само 6 и пол играчи кои се способни да се носат со најсилните тимови во лигата Детроит ќе има мноогу проблеми во играта и често ќе доаѓа во ситуација да е без решение (како што беше случај лани со Мајами). Најверните фанови на Детроит, повеќе од немоќ се надеваат на breakthrough сезона на Делфино, Дупри, Максиел или пак на рукито Блелок, ама сите сме свесни колку е таквата можност реална опција.
Од сево ова единствено што можам да заклучам е дека Детроит ќе е цврст тим во поголемиот дел од регуларниот тек на сезоната и дека ќе биде многу тешко да се тепа во Обурн Хилс, ама како што ќе се ближи плеј-офот, така поуморни ќе бидат главните 5 (не вклучувам тука повреди, недај Боже:)) и така послаби партии ќе пружа целиот тим.
Фактот што играат на Исток, каде има мноогу слаби тимови, донекаде им обезбедува плеј-оф место, ама за нешто повеќе од тоа Думарс ќе мора да се заангажира и да донесе уште некој квалитетен играч. Мое предвидување за оваа сезона е прво или евентуално второ коло плеј-оф.
Од Фантази гледна точка мои фаворити од Детроит ќе се Назр Мохамед и Антонио МекДајс. И двајцата ќе бидат драфтувани ниско, а ќе имаат и минутажа и можности да станат Фантази фактор.
October 26th, 2006
За разлика од лани, кога на секој тим му беше даден по еден посебен, бааги долг пост, годинава работите малку се успорија па немавме време за пишување подолги најави - комада 30. Што поради тоа што јас и онака пишувам најави за секој тим посебно за Мак.Спорт, а што поради тоа што Шеп последниве недела дена се дружеше со другарка и на Кондолиза Рајс.
Нормално, тоа не значи дека немавме најави кои дел од МакНБА тимот си ги напиша за своите тимови и во ист стил ќе следат уште најмалку две и тоа Голден Стејт и Њу Џерси.
Шеп направи сериозна најава на можеби најслабата дивизија во лигата - Нортвест, иако мој фаворит за најлузерска дивизија од која во новата сезона ништо чудно да имаме само еден плеј-оф тим e бедниот Атлантик. До старт на сезоната ќе имаме по една најава за секоја дивизија, а честа да стартуваме со нив ја има баш тој, мизерниот Атлантик.
Еве како мислам дека ќе изгледа на крај табелата во Атлантик…и зошто. Мада што се однесува до оваа дивизија единствено нешто што изгледа сигурно во моментов е новата титула на Нетси.
1. Њу Џерси
2. Торонто
3. Њујорк
4. Филаделфија
5. Бостон
Идеме по ред…
1. Њу Џерси има една од најдобрите први петорки во лигата и едно од најдобрите триа во Кид-Картер-Џеферсон. Летово не направија многу за да си ја пополнат дупката во рекетот и поправат проблемите со скокот, а не мрднаа ни од средување на клупата која лани не ја ни имаа. На драфт го собраа Маркус Вилијамс кој еден ден би требал да го наследи Кид, а ги прибраа и стално раселените Еди Хаус и Мајки Мур. Имаат солидна одбрана и еден од подобрите млади тренери во хобитот Френк и за среќа играат во Атлантик каде тимовите треба да се среќни што нема испаѓање од лига.

2. Можеби според некој ова е висок пласман за Репторси, ама не смеам против тим кој го составил помладиот Коланџело и евро-клапата на чичко Штерн. Со селекцијата на Барњани, па потписот на Андоре Џр, - Гарбахоса и враќањето во Америка на МВП на Евролигата задњиве две години добија вистински интернешнл шмек. Бош има потенцијал да стане ѕвер (или Ти-Рекс?), а тука е и ултра брзиот Ти-Џеј Форд, а и Мо Пит. Рашо не го спомнувам многу. Мрзок ми е.
3. Да беа во некоја друга дивизија ќе ги ставев на дно, ама конкуренцијата во Атлантик за таа титула е голема. Не очекувам ништо посебно од Њујорк и Ајзеа, но ако биде според најавите, дека ќе играат брза кошарка во стилот на Феникс, барем ќе бидат интересни за гледање. Одбрана е само сон, а покрај толку бекови Томас изјавува дека нема да има класичен плеј.
Ипак, плеј-оф нема што ќе значи и клоца за Ајзеа на крај на сезона. Штета. Им фали уште Дариус Мајлс.

4. Ова место може на крајот да биде окупирано и од Никси и Репторси, а и од Бостон кој е едно место подоле. Зошто баш тука ги ставам Сиксерси? Ради годините во кои влагаат нивните главни играчи, т.е. играч - Ајверсон. Вебер е постар за една сезона, а колената ги изгуби одамна. Корвер, Игудала и остатокот од дружбата е далеку од талент кој еден ден би го заменил Ајверсон. Грешка што беше што летово не го трампаа, а следното лето ќе биде уште потешко да се направи такво нешто. Чикс не го биваше ни во Портланд, а ни во неговата Фила.
Жал ми е за Ален.

5. Оербах, Расел и Кузи уште некое време ќе останат главните фаци на секоја средба во Бостон. Пол Пирс лани имаше страшна сезона која ради мизерните Селтикси остана незабележана. И тој како и Ајверсон можеби требаше на време да си ги спакува коферите и да побара трејд. Ако се повторат задњиве две години, тоа веројатно и ќе се случи.
Тука е и Бен Стилер Шчербијакјакаоќпухиугујак, а не е за фрлање ни Делонте Вест. Многу се збори за Рејџон Рондо, кој импресионирал со играта во претсезоната и е дел од младиот бран во кој се и братучед му на Марбери, Себастијан Телфер, кој дојде од Портланд, па Перкинс, Џеферсон, Ален, Гомес итд. Момци кои ќе созреат кога Пирс ќе има 35 години.
October 26th, 2006
Северозападот е најмрската, убедливо најмрската дивизија за оваа година. Бидејќи нивната антипатичност оди до таму да не можам ниту да се сетам кои тимови играа во оваа дивизија, решив со еден удар тие неколку муви да ги сотреме и да се препуштиме на метафизичкиот пост на Флајт за Голден Стејт кој со нетрпение го очекуваме, како и привјуто на Бетомир за Њу Џерси, а можеби и Ивица конечно ќе се приземји од фантазиите и ќе чкртне нешто за де-бен-волис-ираните Пистонси.
Би почнал со Сиетл Сони (кс) Плејстејшн.
Слика бр. 1: Роберт Свифт
На хартија Сиетл има потенцијал. Лук Риднор и Ерл Вотсон на кец, Реј Ален и замена му Карим Раш, Рашад Луис, Крис Вилкокс и подивениот Роберт Свифт. Звучи ко солидна екипа која знае да пружи пеколна одбрана, имаат powerhouse у рекет у Вилкокс (и Фортсон на клупа), опасни од надвор, и сл. Башка се отарасија од Радмановиќ (ама не знаат дека у Лејкерс ќе стане единствениот европеец подобар од Новицки).
Но во пракса, Сиетл ќе бидат ништо подобри од лани. Еве и зашто.
Слика бр. 2: Реј Сидарта
Реј Ален западнал во Нирвана, како што може да се види од слика 2. Во Сиетл! Крист Новоселич вода да му носи.
Сликата имплицитно ни кажува дека во себе Реј доживува едно спинување на вредностите; како материјалното полека попушта пред духовното; а возвишеноста пред борбеноста. Освен што може да се очекува Реј да медитира на утакмици, сосем изгледно е дека неговата посветеност на теренот полека ќе почнува да бледнее.. Шо значи, тим, на кој клучниот играч (не го спомињајте Луис, он никогаш нема да биде лидер, ноу метер хау гуд хи ис), е во години, и полека го губи дражот (по кој го памтиме у Милвоки), нема шанси за просперитет. Пириод.
Ондак По(р)тланд.
Cлика бр. 3: Портланд
Након то Јута.
Слика бр. 4: Јута, дефинитивно не е Џез, џезот е у Универзална
За Минесота ШумскиВуци може да се изразиме и со збор:
Қазақстан (Қазақстан Республикасы) — Еуразия құрылыпының қақ ортасында орналасқан мемлекет. Солтүстігінде Ресей Федерациясымен (6 467 км), оңтүстігінде Түрікменстан (380 км), Өзбекстан (2 300 км) және Қырғыз (980 км) республикаларымен, шығысында Қытаймен (1 460 км) шектеседі, батыста Каспий теңізімен, оңтүстікте Арал теңізімен шайылады. Жер көлемі — 2717,3 мың шаршы километр. Жұрт саны 15301,4 мың (2006 шілде 1). Оның 9 008,0 мың немесе 58,9 % қазақтар құрайды. Республикада 131 ұлт пен ұлыстың өкілдері тұрады. Елордасы — Астана қаласы. Әкімшілік жағынан 14 облысқа бөлінеді. Мемлекеттік тілі — қазақ тілі.
Е сега, останува за Денвер уште, ама ај може они у посебен пост попосле.
October 22nd, 2006
Кога се во прашање каверите на Спортс Илустрејтед пред секоја НБА сезона (а било случај и во другите про спортови во САД), не им се пишува добро на тие кои ќе се најдат на насловна. Колку за илсутрација на ланскиот кавер со најавата за НБА сезоната заедно беа еден покрај друг Лери Бирд и Рон Артест. Сите знаеме како заврши нивното пријателство само месец дена во сезоната и како тоа влијаеше на сезоната на Индијана.
Оваа година момците во СИ решиле да одат на сигурно и да го разбијат малерот ставајќи три од најголемите млади НБА ѕвезди. Математиката е јасна: Може на еден да не му тртгне, може и на двајца, ама па на сите тројца?
Ја па мислам дека сезонава дефинитвно ќе го разбијат малерот затоа што сите тројца би требале да имаат страшни сезони.
Тоа го потврдува и Џон Холингер и неговата Топ 30 листа на најдобри играчи според т.н. PER. Ич не ме изненади тоа кој се наоѓа на прво место. “А има само 21 година!!!”, што би рекол еден наш НБА коментатор.
* * * * *
На ЕП до 20 год. во Измир, Ерсан Илјасова покажа дека заедно со Џенк Акјол (кој е пик на Атланта) се иднината на турската кошарка. Тоа доби своја потврда и меѓу големите момци у Јапан и не треба да чуди што Ерсан од новата сезона е дел од тимот на Милвоки. Откако ланската сезона ја мина најмногу во НБДЛ Ерсан се наметна како еден од најголемите Еуро-таленти. Можеби сезонава нема да добие некоја посебна минутаѓа, но времето е на негова страна.
Балканскиот печат во текот на тренинг-кампот го запечати и момакот кого во Атланта едноставно го викаат The Big Greek Fella.
* * * * *
Нова Гилбертологија која мора да се прочита.
* * * * *
“This so-called former Knick, who on draft night with millions of people watching had the audacity to take me to task on a player that I’m pretty sure he had never seen before in his life,” Thomas said. “But he stands on national television and he talks about a kid that he has absolutely no idea about. I’m glad that all of New York doesn’t think like Greg Anthony” - Ајзеа Томас на критиките на Грег Ентони на ЕСПН за драфт изборот на Реналдо Болкмен.
* * * * *
Од сите куцачи-гимнастичари кои се појавија задњиве пет-шест години мене веќе некое време нај-нај ми е Кадр Зиани. Тачно дека ова нема врска со НБА (и во основа ни со самата кошарка) ама секогаш е интересно да се види како некое типче со просечна висина за баскетџија куца преку десетина луѓе, Порше и сл. А можеби е само до името и тоа што сум од Чаир.
* * * * *
ПС: Ивица, собирај ги јаууу адресите на момците кои сакаат да бидат дел од Фентази лигата, па извести не кога ќе биде време.
UPDATE: Џош Хауард само што си ги доби своите 40 милиони за четири години кои почнуваат да важат од следното лето. Кјубан се освести на време.
October 19th, 2006
Warning: ЕНКО, САМО АКО СИ ГО ФАЌАЛ ПОСТОВ!
Сликовитост
Ова се сликите кои ги ветив а не бев у можност да ги ставам (ради јебената конекција) у постот за Најсериозниот кандидат за титулата 2006/2007.
Ребрендирање

Мала реминисценција / голем играчина
Џек Николсон влезе у игра [лоша монтажа]
October 17th, 2006
Шек, како и многу други играчи не го мириса новиот баскет. Очекував такви муабети од играчи како Квами Браун (кој и се жалеше) или Дени Фортсон, ама од Шек не. Изгледа годините си го направиле своето. Мислам дека муабетот ќе се заборави како ланскиот со дрес-кодот и за некој месец никој нема да го спомнува.
* * * * *
Зголемувањето на блог трендот на широко ја фати НБА и сега по ланските блогови на новинари, Џи-Емови, играчи, легенди итд…Сега имаме блогови на играчи за секоја дивизија посебно како некакви најави и слично. Еве ги дивизиите една по една и играчите кои се блогери.
Атлантик ; Централ ; Саутист ; Саутвест ; Нортвест ; Пацифик
Покрај тоа, еве и линк до еден одличен наменски блог во кој 30. различни блогери (некои и новинари) ќе пишуваат најава за својот тим. Некои веќе поминаа, а некои ќе бидат. Линкот ТУКА.
* * * * *
Пијаницата и ликот кој е совршен за реклама за антидепресиви - Вин Бејкер како-така успева да си најде клуб кој е спремен да му фрли некој долар. Задњи кои го собраа некогашниот ол-стар се Вулфси, кои и онака тенки сакаат со Вин да си ги решат муките. Кевин МекХејл знае дека ако не му успее овој потег, никој нема да го критикува и Вин ќе продолжи да оди по биртии. Ако успее, сите ќе го сметаат за паметен Џи-Ем и Вин слободно ќе може да си купи биртија во Минеаполис.
* * * * *
Спомнав у линковите до медиа-деј сликите, а гледам дека и новинарите од Шарлот му го дале истиот прекар на Валтер Херман. Или е тоа стварно Фабио?
Али тоа не е ништо со прекарот кој Хорхе Гарбахоса го доби во Торонто. Porn player?!?!?, Рон Џереми?!?!?. Го имаме наследникот на Стен Ван Ганди.
October 5th, 2006
Previous Posts