Posts filed under 'Навивање'

Бостан Селтик го јадеше бостанот

Зелениот бостан го обравме слатко!

Иако за момент си помислив дека се случува гејм 4 пак, Лејкерси се вратија и Бостан успеа да ја изгуби утакмицата. Гарнет е нај-не-клач играч на светот, а Пол Пирс многу се фура. Коби не игра на највисоко ниво, ама затоа Гасол се врати од мртвите. Фишер е ко коњ на ЛСД, ама Фармар е ѕвер. Дополнителна околност е неиграњето на Кендрик и играњето со пола нога на Рондо, како и чудното судење кое сепак мислам дека на крајот на денот ќе се испостави дека одело во прилог на Бостан.

За утакмицава немам што многу да кажам што не е кажано во коментарите под прошлиот пост.. мислам дека ќе се игра седма.. која ќе ја добијат Лејкерси.. се вративме психички.. Единствено ме плаши будењето од хибернација на Реј Џизс Ален, и надреалните способности на екстратерестријалниот Сем Кесел. Уствари шо тресам ја, 2 на гости против Бостан.. :)

Инаку после она што се случи во четвртата утакмица, јас сеуште не сум опоравен, и све ми е некако ради реда.. синоќа дури не ни мислев да ја гледам утакмицата, дури и не ми ни значеше победата на Лејкерси..

Сега не знам што да напишам, неделава имам 5 испити во 5 дена, така што ако сакате малку за Политичка филозофија, може.. Сепак, еве тема за муабет: Пол Пирс го надигра Коби, а сепак Лејкерси тепаа.. што може да значи тоа?!

20 comments June 16th, 2008

Предизвик!

[нема многу врска Чикаго со ова вечерва, освен Фил Џексон, ама иако ги мрзев, сепак таа најава мене ме асоцира на НБА финале многу повеќе од све друго]

Епа момци и девојки (знам бар 1 девојка што редовно прати МакНБА, не сме само пешкири, не се секирајте),

ВЕЧЕР Е ВЕЧЕРТА! ДЕНЕС Е ДЕНОТ! МАКЕДОНИЈА! Пуштете си го клипчето и читајте натака..

Секогаш кога некој тим ќе дојде до 3та победа во финале, знаете дека блиску е крајот на годинешната сезона, да не речам плејоф. Особено кога до таа трета победа стигнува во стилот на Селтикси во гејм 4. Особено кога се работи за вакво збунето финале како што е годинашното..

НоШ је дошаја до коску, за Лејкерси и компанија. Сонот може да им стане кошмар, да им се скрши филм, да им потонат сите бродови, да им пропадне годинешнава кампања, да им скисне..

Од друга страна, Гарнет, Пирс, Ален и другарите се соочуваат со остварување на вековниот стремеж на секој кошаркар - НБА прстенот. Вечер во Стејплс, некаде затскриен ќе биде комплетот за ручковање, пардон комплетот прстени, заедно со Лери О`Браен трофејот и трофејот за МВП на финале (треба да го добие Лион Поу). За да го најдат, ќе мора да поминат преку Лејкерси, Зенот и Џек Николсон. Преку првиве 2 ентитета може, ама со Џек Николсон никој не излегол на крај.

Како голем фан на Лејкерси го посакувам следново: ако треба Бостон да освои титула, нека ја земе уште вечерва, ем да ни ги скратат маките, ем да не мора да гледам прослава во Бостон. Нека ја земат и нека се носат.. АМА!

Надежта последна секнува, и јас верувам дека како што можеше Турците да направат тотален пресврт против Чешка вечерва, како што можеше Роки да го истепа Русинот, како што можеше Хјустон да ги тепа Орландо 4-0 во 1995, како што можеше Обама да ја победи Клинтоница, како што Циле донесе миљарда од Тајван, како што Косово стана независно, така и Лејкерси можат да извадат 4-3 со Бостон. Ништо не е невозможно.

Ајде!

24 comments June 15th, 2008

Песна за Лејкерси

ден два три пројдени без сон
ден два, ставив римајндер на телефон
за да станам и да ја изгледам текмата
право да си признам
пекмез мислев станал бајнум петката
на лејкерси млад, и стап
набилдан и јак
мужина јачина муда ко пајажина на пружина
ги изеде сонцата ко за ужина
куцања скокови блокови лактови ги покоси
мускули бре црнечки со амари брише патоси
им ги исклоца размрданите газови
ги згазија ги сведоа на пацови

а коби што да кажам абе вонземски талент
потење и напор, па не играме балет
него тотален баскет од кој крцка паркет
избор на потези ко во голем супермаркет
еј ролинг или кросовер на дупе бута
отсвртување и преку рака пеес шута
за два, за три, за осумдесет поени
џабе нешти, деновите се избројани

ни зад мтв коментатор ни зад лош тв прием
лузерот од феникс не не не може да се скрие
еј барбоса земи фати срп и коса и да косиш
трева пакувај во снопови да носиш
коњи на поило и лисја тутуни да редиш
мерион моеш комотно за во музеј да си средиш
во некоја поставка за каменото доба да си седиш
ко дома
праисторија, да запалиш огин пробај
со стапче, со камен, ко скинер гола вода
со горена брада бодибилдер
и глодар

и џабе ви е све
кога го имаме фишер на плеј
да испумпува со лева
а задожен да дига џева
број седум ламар одом
и оној радманович ко кондом
а тревор ариза
ех грент хил е во криза
испи спрајт во фаца
суетата го гриза

џабе што да редам кога убо си се виде
лејкерси најјаки абе лејкер сум до гуша
допрва наше време иде
за новиот шоутајм светот нека слуша

20 comments December 26th, 2007


Календар

December 2008
M T W T F S S
« Nov    
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  

Архива

Категории