Posts filed under 'Месечарење'
Газење поштено, до титула со стил.
Најава можда боља и од на Булс:
Малце патетичен микс од фан:
Скал Ирецот од драмите на Бекет:
Тоа е тоа. За многу години. Уште една сезона заврши.
И малце генгста со нашиот нов МВП на финалето:
June 18th, 2008
Некој го јаде бостанот на полувреме. Не знам дали ќе имам живци да ја догледам утакмицата. Утре полагам. Џејмс Поузи и Еди Хаус.. не.
Некој ако сака, нека напише свое видување. Ќе му објавиме, не е проблем..
Ај, кој нема среќа у баскет, има у љубов.. мрсно лето ќе биде ова за сите нас Лејкерс фанови на блогов!
* * *
И официјално, 131-92, Бостон ја освои јубилејната 25та титула.
June 18th, 2008
Зелениот бостан го обравме слатко!

Иако за момент си помислив дека се случува гејм 4 пак, Лејкерси се вратија и Бостан успеа да ја изгуби утакмицата. Гарнет е нај-не-клач играч на светот, а Пол Пирс многу се фура. Коби не игра на највисоко ниво, ама затоа Гасол се врати од мртвите. Фишер е ко коњ на ЛСД, ама Фармар е ѕвер. Дополнителна околност е неиграњето на Кендрик и играњето со пола нога на Рондо, како и чудното судење кое сепак мислам дека на крајот на денот ќе се испостави дека одело во прилог на Бостан.
За утакмицава немам што многу да кажам што не е кажано во коментарите под прошлиот пост.. мислам дека ќе се игра седма.. која ќе ја добијат Лејкерси.. се вративме психички.. Единствено ме плаши будењето од хибернација на Реј Џизс Ален, и надреалните способности на екстратерестријалниот Сем Кесел. Уствари шо тресам ја, 2 на гости против Бостан..
Инаку после она што се случи во четвртата утакмица, јас сеуште не сум опоравен, и све ми е некако ради реда.. синоќа дури не ни мислев да ја гледам утакмицата, дури и не ми ни значеше победата на Лејкерси..
Сега не знам што да напишам, неделава имам 5 испити во 5 дена, така што ако сакате малку за Политичка филозофија, може.. Сепак, еве тема за муабет: Пол Пирс го надигра Коби, а сепак Лејкерси тепаа.. што може да значи тоа?!
June 16th, 2008
Но, знае да прави многу други работи. Меѓу другото, да освојува и титули. Или пак да се потруди за тоа.

Коби пуца слободно
Прво, ги прифаќам замерките за тоа дека дури и во регуларна сезона имаше повеќе постови на блогов, него ли за време на големото финале, стварно Големо со големо Г, особено додека ги глеаме клиповите со Џабар, Меџик, Бирд, Мекхејл, Чембрлен, Расел, или ај, се додека не влезе во игра Џејмс Поузи.
Меѓутоа, додека Енко е на листата на повредени, мојот капацитет е толку. Шо да праам, и мене ми фалат постови. Затоа и пишувам. И да ве потсетам, кој има желба, идеја, можда некој веќе напишал нешто, а сака да му биде објавено - maknba на gmail точка com.

“Тапа брат, а..”
Е сеа - утакмицата мрскотија жива.. згора на се’ ја глеав опиен пошто ми беше апсолветнска, и впечатокот ми е.. не знам, лош, многу лош. Како тврдокорен навивач на Лејкерси, пак ќе повторам дека не сум задоволен од тоа како се одвиваат работите, и дека само публиката, и факторот Кобијачич, условен и од збунетоста на Гарнет и Пирс доведоа до 2-1.
Гасол и Одом се гледа дека се борат, меѓутоа, како да им фали присебност. Како да им фали идеја. Како да им фали.. секс. Не знам, Гасол на моменти изгледа жалосно. Одом изгубено. Доколку не се вратат, не праиме ништо.
Одбрана - прилично конфузна, а нападот без врска (важи и за двете екипи). Лоша селекција на шут, зицери, од друга страна тимска игра ама па без ефект, како да не се осеќаа природно на теренот повеќето од играчите. Коби изигра величествено, ама утна триесет и осум слободни. Мислам дека да играв американка со него вчера, ќе го тепав. На крајот, сепак, си презеде одговорност, и во манир на МВП си кажа што како..
Сепак, да беше тесно, тие четириесет и три слободни фрлања кои ги промаши, можеа да бидат злокобни.

Ракун
Бостон пак, полека заличуваат на истите тие што се мачеа со Атланта. Циклично играње, играат па паѓаат, па играат, па пак паѓаат, па ги нема, па ги има, па некој од клупа изненадува, па некој од Дуо Трио го снемува.. Гарнет јас го мрчам, но пак имаше солидна ол араунд партија, иако може он боље (се виде на претходните утакмици). Пол Пирс Вистинска ко да се исплаши од родниот град, или па ко да мислеше дека е 4-0 па сеа само треба да им ја дадат титулата. Док Риверс е добар тренер, Фил Џексон на моменти мислам дека појма нема што прави.
Како и да е, мора да го поздравиме Фацата на оваа утакмица, неговата мажественост, Саша Вујачич! Напален, изгубен, како Халбери Фин кога пловеше по Мисисипи, така младото Словенче, со леснотија трчаше по паркетот во Стејплс, и му фати шут, и не се сопре. Како кинеска копија на Стив Неш. Како Росицки во Борусија Дортмунд. Како пеперутка.

Саша Вујачич со Вујомобилот
* * *
Мојот впечаток е дека ова што го гледаме во текот на целата сезона и плејофот, е само една голема случајност во ситуација кога сите тимови се израмнети и во ситуација кога некои кампуси како на пример овие два, изненада се набилдаа со играчини, и сега сеуште трагаат по свој идентитет. Енко пред некое време запиша на блогов за една дискусија што ја имавме, дека Селтикси 08 се како Лејкерси со Мелоун и Пејтон - прејаки, ама врска немаат што праат. Тоа сеуште важи за нив. Меѓутоа и Лејкерси 08 се ист таков тим, иако се работи само за еден “новајлија” (леле го мрзам зборов!) и евентуално стариот вук Фишер. Уствари Лејкерси се суштински нова екипа, бидејќи функционираат на друга матрица. Беа долг период стабилни, и првиве три утакмици од финалето конечно на површина им изби најголемата слабост - немањето заеднички дух. Синоќа на теренот имаше жолти играчи кои се бореа, и жолти играчи кои гледаа ко мулиња, што е многу подобро од првите две утакмици, кога на моменти и тие што се бореа стануваа мулиња под дејство на другите.
И сеа една дебилна прогноза за исходот понатаму: ако се опраат и двата тима - Лејкерс во 7, ако се опраат само Лејкерс - Лејкерс во 6, ако остане вака - Бостон во 6, а ако се опраи само Бостон - Бостон во 5. Баба Ванѓа вода да ми носи значи.
June 11th, 2008

ден два три пројдени без сон
ден два, ставив римајндер на телефон
за да станам и да ја изгледам текмата
право да си признам
пекмез мислев станал бајнум петката
на лејкерси млад, и стап
набилдан и јак
мужина јачина муда ко пајажина на пружина
ги изеде сонцата ко за ужина
куцања скокови блокови лактови ги покоси
мускули бре црнечки со амари брише патоси
им ги исклоца размрданите газови
ги згазија ги сведоа на пацови
а коби што да кажам абе вонземски талент
потење и напор, па не играме балет
него тотален баскет од кој крцка паркет
избор на потези ко во голем супермаркет
еј ролинг или кросовер на дупе бута
отсвртување и преку рака пеес шута
за два, за три, за осумдесет поени
џабе нешти, деновите се избројани
ни зад мтв коментатор ни зад лош тв прием
лузерот од феникс не не не може да се скрие
еј барбоса земи фати срп и коса и да косиш
трева пакувај во снопови да носиш
коњи на поило и лисја тутуни да редиш
мерион моеш комотно за во музеј да си средиш
во некоја поставка за каменото доба да си седиш
ко дома
праисторија, да запалиш огин пробај
со стапче, со камен, ко скинер гола вода
со горена брада бодибилдер
и глодар
и џабе ви е све
кога го имаме фишер на плеј
да испумпува со лева
а задожен да дига џева
број седум ламар одом
и оној радманович ко кондом
а тревор ариза
ех грент хил е во криза
испи спрајт во фаца
суетата го гриза
џабе што да редам кога убо си се виде
лејкерси најјаки абе лејкер сум до гуша
допрва наше време иде
за новиот шоутајм светот нека слуша
December 26th, 2007
(ONCE AGAIN: Ова како интро…Се молат сите блогери, сајтови и сл., кои не имаат во своите линкови да ја сменат старата адреса со новата ни дома. Благодариме. AGAIN!…Иначе, овие два-три дена немаше нешто посебно постови поради преселбата на сегашниот наш сервер на два нови, посигурни и постабилни во земја бааги далеку од нас.
Со оглед на тоа дека изминува првиот месец од новата сезона, во следните неколку дена малку ќе Месечариме со издвојување на некои од главните, не-толку главните и мрските фаци и тимови од првите 30 дена…
Почнуваме со Истокот и тимот кој барем за сега суверено си го држи првото место во својата конференција - Орландо. Вака весели во Дизниленд веројатно не биле од летото 2000 кога ги лапнаа во речиси ист ден и Грент Хил и Трејси Мекгрејди (сите знаеме како заврши тоа), а можеби па и од времето кога Шек и Пени беа страв и трепет низ лигата.
Орландо има нова главна фаца во ѕверот Двајт Хауард на кого кога ќе се размавта со бицепсите, трицепсите и рамењата никој не може да му фати скок. Баш заради тоа момакот е прв скокач во лигата и со право иднината на лигата во рекетот. Тие што се со NBA Macedonia од нејзиниот старт знаат дека Двајт го најавував како следна голема фаца уште од неговиот почеток, а тоа полека се остварува. Доказ за тоа беше и СП, а и првиот месец од новата сезона.
Покрај Ѕверот, Орландо има солиден микс на млади играчи и искусни фаци кои барем за сега одлично ги вклопува во целина Брајан Хил. Грент Хил (пу, пу, пу…) конечно е здрав (и жив) и е лидер на младите момци. Задача во која му помагаат и Тони Бети, па и Хидо и Аројо. Баш Порториканецот со Џамир Нелсон прави солиден тандем на плеј, а од помош сезонава е и Кион Дулинг. Од корист е и Дарк-О, но се уште не покажал нешто со што би ги заслужил тие 60 милиони кои ги побара пред две недели за продолжување, а не е лош, посебно во одбраната ни Тревор Ариза. Лош, и за сега неупотреблив (освен за сликања) е Џеј-Џеј Редик, на кого многумина и онака не му предвидуваа некоја посебна НБА кариера по добрата игра на Дјук.
Тоа е за Орландо, најдобиот тим на Истокот по првите месец дена и тим со една од најсветлите иднини во моментов. Дизниленд пак стана интересен.
November 30th, 2006

|
Данкан е ровит, Ева Лонгориа растура, и не смее да се заборави на најдолгата клупа во лигата. Ме изненадуе Оберто. Уште Финли да блесне ко шо може, кој ќе им фати крајот.
- Ja ќе им фатам крајот. Јок бе, не може Спарси да се први, ц. Засега у нашиов пауер ренкинг мора да се први Пистонси, знам дека ти се мрски после Ол-Старов, али заслужија. Мислам дека до крај на сезона нема да станат први у лига. Море, нема да станат ни први на Запад.
Ама…Ева е стварно добра. - Каракаш. |
|

|
Со глас како Ејвори на клупата, мора да го слушаш, иначе кој ќе го трпи да ти се дере по цел ден. Шала на страна, пружаат пеколна одбрана. Диркулес стана незадржлив.
- Ела-бееемааа. Сакав да кажам вакво нешто кога го слушнав у етер, али ај ептен на ТВ бев. Свака част у прва цела сезона на клупа. Ејвори ќе ги намучи своите Спарси. |
|

|
Ова само фиктивно се подоле. Ама осеќам дека ќе се повреди некој од првите пет, па ќе го папаат. Непромислено си го дадоа Аројо, а не треба да се заборави дека изгубија 3 од 5, вклучувајќи го тука и натпреварот со Хит кај шо Вејд им расплака мамичето.
- Се слагам за Карлос. Али, како што пишав погоре, за тоа досега заслужија 1. место. Се уште најбоља екипа у лига. |
|

|
Амари кај и да е ќе се врати. Замислете тогаш. Неш пак, има боља сезона од ЕмВиПиската. Барбоса е најдобар тројкаш. Џемс Џонс е моуст импрувд. Раџа Бел е исто јак тројкаш. Неш навистина ги прави другите подобри.
- Нешти е пак МВП. Одамна не памтам некој да прави такви играчишта од пацери на такво ниво. Со СТАТ у екипа ќе бидат страшни!, само да фати ритам ѕверот. |
|

|
Со Вејд и Шек у екипа, не смее подоле од топ 5 да се стаат. Ама со Вокер, Пејтон, Џеј Вил – никако у топ 4.
- Слагам се. |
|

|
Бренд игра мушки, а Магети настапи само на 13 средби до сега. Уште да драфтуваа некој што не е Јарослав, ќе ги иселеа Лејкерси од Стејплс.
- Можеби и вака ќе ги иселат. Бренд не знае да игра поинаку. Уште И-Ти да продолжи да игра како до сега и Кори Шпагети да се врати, е тогаш ќе биде интересно. Не ми се веруе, Клиперси одма после топ 5. |
|

|
Леброн е ѕверка, ама ко екипа не се доволно зрели да идат погоре.
- Леброн е екипата! Зззззз ја проспа сезонава, Дејмон и Маршалот се изгубија негде на патот до Кливленд, а стаклените прстиња на Лери Хјуз ги чинеа бољи пласман. |
|

|
Полека заличуваат на екипа која ги поседува Винсенити и Кид. Нено Крстич е закон!
- Нено е д мен. Винс и Џеферсон се фаците, уште Кид да почне да игра како некад. Можда се чува за плеј-оф. |
|

|
Кармело игра јака сезона, ама они се добро ситуирани на Запад благодарејќи на шупачката конкуренција у Нортвестот.
- Не е само поради конкуренцијата шупачка. Се изнамучија со повреди и пак се на врв на дивизија. Мело го изеде за Ол-Стар селекција, но комплетни се страшни за секој конкурент. |
|

|
После Данкан, Крис Пол е уште еден супериорен продукт на Вејк Форест школата. Спиди Клекстон, е уште едно изненадување. Еби се Катрина!
- Раселените вака високо, а? Сасвим заслужено. Пол е иднината на плеј. Но хурикејн кен стоп ми. Разбра, Кате? |
|

|
Гасоламабад се повампири, иако на Олстарот имаше сомнителен настап. Сепак, се осеќа отсуството на Стадемаер. Мора да се средат.
- Ел Завагасол се спастри малце за Олстарот, али пак не ми е некако муж у игра. Бен го изеде пред 3 милијарди? луѓе. Само брада не завршува работа. Потписот на Чаки можеби ќе ја спаси сезоната. |
|

|
Резултатски подобри и од Вашингтон и од Милвоки, ама без Џермејн тешко да напредуваат. Да се молат да се врати што поскоро.
- Џим Кери се докажа у овие две сезони како најбољи тренер у лига за вадење максимум од просечни играчи. Сеа со Пеџа у улогата на Реџи би требало да мрднат, иако без Џермејн не прават ништо. |
|

|
Добар скор, арно ама многу се слаби во дуели со јаките екипи. Ќе клизаат надоле.
- Ќе клизаат. |
|

|
Играат топло-ладно, но благодарејќи на стабилноста на Аринас се прилично конкурентни на Истокот.
- Тоа кажува доста за Гилберто, но и за Истокот. |
|

|
Коби.
- Да. |
|

|
Игудала почиња да се развива. Ајверсон мора да биде растеретен. 33 поена и 8 асистенции секоја вечер се многу за мало истепано човече кое полека ги одминува најдобрите свои години.
-Премногу. Но, Крис има солидна сезона а никој не збори за тоа. Игуана мислам дека ќе почне да напредува дури догодина. Немаат одбрана. |
|

|
Мемо е оската на нивната игра. Уште Лузер и Кириленко да се стегнат, мож да пркнат. Дерон Вилијамс мора да добие повеќе минути.
- Мемо со џигерицата е ѕвер сезонава и ја би го ставил на Ол-Стар на местото на Бин Гасол. Уште Калашњиковот да фати ритам и да не зависат од Милт Паласио на плеј, ете ги у плеј-оф. |
|

|
Берон е здрав, ама некако се мачат. Шубе.
- Почнаа добро, али кратерот у рекет, а и увек на повреди подложниот Берон ги уназадија. Шурбе. |
|

|
Сем Луол Денг, немаат некоја светлина.
-Имаат Глас на светлина. Како немаат. Бен и капетан Кирк им се главните фаци, се друго е супортинг кест. Тешко со само нив двајца да бидат добри како лани. Барем играат еден куп средби дома у следниов период. |
|

|
Со Рон Артест мрднаа малце. Уше да оздрават скроз и ко нови ќе бидат.
-Со Рон-Рон се мрднаа малце. |
|

|
Кеј-Џи си игра по свое, малце послаб од порано, Трики Фрики Рики кобајаги ќе му поможи, а Јарич кај иде, малер сее.
- Ништо од нив. Бегај од таму Кевинеееее!!!!!!! |
|

|
На Трејси не му е до кошарка. Мож и на Јао.
- На Јао никад не му било до кошарка. Многу високо си ги ставил. Подоле, доста подоле. |
|

|
Со Воли мож ќе сменат малце концепција, а и ќе му отворат место на Пирс да биде клач.
- Зулендер ги освежи, али ќе им треба многу повеќе од Пол и лепраконите у сала да се вратат у живот. |
|

|
Ален иде надоле, заоѓа, иако го величаат, Рашард е збунет, Крис Вилкокс може да им помогне, ама ќе си завршат вака, утепани.
- Подолеее. |
|

|
Крис Бош експлодира, Чарли Ви изненадува позитивно, ама се` друго смрди.
- Бош и Колина се иднината на Торонто. Сезонава е рибилдинг, али има надеж. |
|

|
Френчајз преживува траума. Ете им го сеа Миличич, може ќе ги спаси.
- Тешко нив ако чекаат Дарк-О да ги спаси. Среќа што го имаат Двајт. Деновите на Френсис се одбројани. |
|

|
Најмистериозниот тим у лигата. Онака, ко за у „Нерешени мистерии“, лесна му земја на Роберт Стак.
- Замисли го чичана од Нерешени мистерии како почнуе со најава - Тие беа на чекор до финалето 2001 година, но по неколку години во лигата, ги снема од д фејс оф д рт. Дали се во Сибир кај предците на Мониа и Кријапа или у Казакстан кај Борат. Ноу уан ноус. Хеф ју син дем?
И покрај се , свака част за Нејт. |
|

|
Надежни. За со Харлем Глобтротерс или ЕндУан Миксејп Кру.
- Него што. Повисоко од ова друже, барем по последните десет утакмици. |
|

|
Без Емека, толку.
-Мека им е душата, а Џералд и најт останатото. Со сталните повреди не можат боље. |
|

|
11 Септември не е најлошото нешто што му се десило на Њу Јорк. Ајзеа Томас е полош. Ај шо се безнадежни, ама нивниот догодишен пик е во рацете на Џон Пексон и Булси. А сеа копиљот Нејт ќе долее уште малце его. Лери Браун ќе заплаче до крај на сезона. Сигурно.
-Нека заплаче. Така и му треба кога лета по пари. Жал ми за фановите на Никси. |
February 20th, 2006