Posts filed under 'Лето 2008'

За наш мерак, скоцкано и Заза за мир

Photobucket

Сите го претставија тоа како одмазда, иако тоа не е. Сепак е плескање на јужњаците кое барем мене, а верувам и на повеќето од вас, ми направи ептен ќеф. Јужњаците се тим кој не може да се носи со овој состав на САД, а и онаа победа која се деси во Саитама е нешто што би им пошло од рака еднаш во 100 обиди.

Јужњаците едноставно немаат сила под кошот со која би можеле да ги успорат Америте или пак да го стават нивниот единствен центар во проблеми со лични. Вака, и Крис Бош доминираше во рекетот покрај неподвижниот 160-килаш Софоклис и другиот им центар со мутава фаца.

Баш заради тоа она што се игра утре е вистинскиот тест за силата на Америте, зошто светскиот првак е вистинскиот противник кој ги има сите елементи кои можат да бидат проблем за момците на Кшижевски. Мечот  не е решавачки, ама носи голема психолошка тежина со себе.

Од другото што се дешаваше вчера (а јас не можев да го следам со пост вчера од оправдани причини), Русите и Литванците одиграа меч кој беше пример како се игра без никаква концепција, посебно не во нападот, додека коцкасите кои ги пофалив претходно беа скоцкани од страна на дружината на Ману. Аргентина, како по обичај, има јак тим, ама мислам дека нема да стигнат до финале само заради многу послабата клупа од порано. До пред година дена тип како оној Гозналес ќе немаше место во овој тим.

————————-

На малку посериозна нота, единствениот Грузиец во НБА, Заза Пачулиа, во обид да се апелира за мир во својата земја се појави и на СNN каде јасно укажа на тоа што се дешава во Грузија и кој е крив за целата ситуација. Но, ко што викаат старите “сила Бога не моли“. Ќе биде интересно кога ќе играат Атланта – Јута сезонава.

Photobucket

ПС: Мо Вилијамс во Кливленд, Џенаро Парго во Динамо Москва

12 comments August 15th, 2008

Летот продолжува

Photobucket

Добро е. Конечно една брза и паметна одлука на управата на Атланта, откако групата од 2365341 газди на тимот не губеа ни еден ден во пронаоѓањето едногласно решение за задржување на својата иднина. Откако Мемфис му понуди 58 милиончиња на Џош Смит за пет години. Понуда на која веројатно рекоа АМИН во Џорџија, каде се плашеа дека ќе мораат да го одврзат ќесето малку повеќе за да го задржат Смит (70 мил. како Чикаго со Денг).

По загубата на имењакот на Смит, Чилдрес (или Чајлдрес – како го имаше по некои од нашиве весници), Хоукси не смееја да си дозволат да го изгубат и Смит, зошто тоа ќе значеше дефинитивно враќање во подрумот на Истокот каде беа долго време. Вака, тие остануваат еден од тимовите кои ќе се борат за последните плеј-оф места во својата конференција со цела сезона со Мајк Биби на плеј и позрели млади играчи.

6 comments August 9th, 2008

Кој?

Главното прашање е на самиот старт од клипот, мада и остатокот вреди да се изгледа. Чисто ради Мајкл (и двете куцања на крајот од Најголемиот на негови 45. години).

Кај мене нема сомнеж кој би бил бољи со двајцата во најдобри години, мада кога би размислил малку подобро, можеби би требало да има.

Знаеме дека овде врие од фанови на Кобстерот, мада има и добар дел од претставници на генерацијата на Мајкл. Нека почне препукувањето.

29 comments August 2nd, 2008

Јаоза и Трејси добија (лудо) друштво

Photobucket

Еве фанови на Рокетси, конечно добивте и трета ѕвезда во тимот. Можеби не ви се исполни желбата да го трампаат Трејси, ама и ова би требало да заврши работа.
Ништо од Артест во лејкерси или Мајами. Кингси решија да тргнат по патот на Мемфис и некои други екипи во последно време и да се откажат од еден од своите најдобри играчи (ако не и најдобриот) за скоро ништо за возврат. Барем ништо во моментов.

Сега Рон-Рон пак ќе игра за Аделман, но и ќе прави опасно трио со Јаоза и Трејси. Едно име кое никој сабајлево не го спомнува во ниеден текст по нетов е тоа на Шејн Батие, кој како да заборавија дека воопшто е дел од Хјустон. Овој трејд значи дека репрезентативецот ќе биде резерва, нема друга алтернатива. Рон би го земал неговото место,  Трејси би играл на двојка со Скола и Јаоза во рекетот. Плејмејкерските должности остануваат на Скип ту мај Лу. Мада некако ми мириса дека Рокетси би можеле да направат уште еден трејд во кој би го искористиле Алстон или Батие за некој екстра плеј, иако нема многу такви низ лигата кои се достапни преку трејд.

Рокетси во Рон добиваат екстра дефанзивец кој би требал да им помогне, и тоа многу, против опасните ниски крила и бекови на Западот. Иако и Батие важи за добар дефанзивец, тој не е во класата на еден на еден дефанзивци како Рон. Исто така, би требал да му отвори простор во нападот на Трејси, затоа што Рон не е само дефанзивец и не е бос кога станува збор за нападот. Со оглед на тоа дека Аделман е тренер кој знае да се справува со ликови како Рон, ова би можел да биде доста корисен трејд за Хјустон.

Кога сме кај тоа “ликови како Рон“, Артест во последно време покажа знаци на смирување, иако имаше проблеми со девојка му/жена му и со прегладнувањето на неговите питбули. Но, тоа нема многу врска со она што се дешава на теренот. Плус, новиот предизвик би требал да му даде посебна желба за докажување.

Кингси го добија она што го сакаа. Не сакаа лик како Одом со дебел договор кој ќе ги заглавеше, него само флексибилност во селари капот следното лето, нешто кеш плус драфт избор. И двете страни си го добија тоа што го бараа.

Западот стана уште посилен.

14 comments July 30th, 2008

Вујомобилот и даље ќе вози низ Холивуд

Ова можеби и не е најнова вест, но останувањето на Вујо во Ел-Еј морав да го поврзам со една друга работа спомната во претходниот пост. Тоа е фактот дека сега се повеќе играчи ќе почнат да ја користат Европа како средство да извлечат подобар договор од своите НБА клубови.

Вујо од Лејкерси доби 15 мил. за три години, што е сума која рака на срце никогаш немаше да ја добиеше во Европа, па ни од некој руски клуб. Лејкерси едноставно не смееја да си дозволат да загубат уште еден епизодист после Клингонецот кој отиде во Оукленд.Слична финта баш на Вориорси им направи Биедринс, кој потпиша на шест години вредни цели 67 мил. долари!!!

Сега во Стејплс можат да здивнат зошто ќе продолжат да го гледаат најголемиот квалитет на Вујо:

10 comments July 28th, 2008

Афрото ќе лапа гиро и ѕаѕики, Атланта го лапна…суфлакито

Photobucket

Кога Комишот зборуваше за Европска НБА дивизија, веројатно не мислеше на тоа уште ова летго еден куп играчи да ја напуштат НБА и да се преселат во ненормално богатите руски и грчки клубови за пари кои веројатно никогаш немаше да ги добијат во Америка. Но, ако до некаде е и нормално Нахбар, Делфино, Брезец, Наваро…да се вратат во Европа, крајно чудна и можеби револуционерна е одлуката на Џош Чилдрес да ја прифати понудата на Олимпијакос, откако Хоукси не му ја исполнија желбата да направат потпис трејд.Останува нивното право врз него кога ќе одлучи да се врати дома.

Чилдрес, кој со афрото ги покрива клемпавите уши, е ограничен слободен агент, но затоа што тој заминува во ФИБА тим, Атланта нема никакво право да ја изедначува понудата на тимот од Пиреа. Што значи овој негов потег и дали ќе има некаков ефект, ќе видиме во иднина, но факт е дека Џош е првиот млад и талентиран НБА играч кој не е руки или ветеран, кој се одлучува на ваков чекор.

Ова е уште едно бизарно поглавје во скорешната историја на Атланта и загуба на важен играч од клупата. После ова тие мораат да го потпишат Џош Смит на нов, богат договор. Мораат.

10 comments July 23rd, 2008

OKC Thunder…само името им е опасно

Photobucket

Познато е името на единствениот тим кој до сега беше безимен во лигата. Тоа што се без идентитет останува, а и без некој тим кој ќе влее страв кај противникот. Името Thunder нема многу да им помогне во тоа. Боите и логото уште не се познати.

9 comments July 20th, 2008

Next Posts Previous Posts


Календар

July 2010
M T W T F S S
« Jun    
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031  

Архива

Категории