Posts filed under 'Лето 2008'
Последниве неколку дена ама баш ништо посебно не се дешаваше во НБА, па затоа и Врба и нашите момци останаа главен пост на подолго време. А и заслужија. Плус, луфтата во НБА дешавките (како и малце подобрата здравствена состојба) ја искористив да ја напишам најавата за новата сезона (при крај сум) за ЕСпорт, каде од следниот месец и самата НБА прави камбек.

Од она што се случуваше последниве неколку дена, секако дека гласините околу иднината на Стефон Марбери беа топ тема, а веста за пензионирањето на Шариф Абдур-Рахим помина како и кариерата на Риф, без доволно внимание од медиумите, иако момакот со својот талент, па и со своите игри, барем до пред две-три години, го заслужуваше тоа. Од играчка гледна точка, Риф беше една од најкомплетните “четворки“ во Лигата одреден период, но имаше кај него една ствар која секогаш ми пречеше, посебно кога беше дел од Хоукси. Момакот едноставно не беше роден за лидер, а токму тоа неколку екипи го очекуваа од него. Кога сите сфатија дека од тоа нема ништо, веќе беше предоцна. Коленото си ја направи непоправливата штета, за на крај да биде и главна причина за неговото пензионирање по 12 НБА сезони.
Ми текнуе на една утакмица која ја гледав во живо, можеби зашто средбите на Атланта на ТВ последниве 10 години беа ретки ко брадата на Шеп, во која Риф целосно го растури Данкан, а Хоукси го изненадија тогаш големиот тим на Спарси…Среќна пензија, Риф, веројатно ќе имаш пари за лекови за хроничните болки во коленото.
———————-
Го спомнав и Марбери, на кого типично за Њујорк, еден ден ќе му биде откупен договорот, следниот Волш изјавува дека тоа нема врска, за потоа Стеф да си каже дека нема да се согласи на никаков откуп - само трејд или да му ги исплатат сите пари кои му остануваат од договорот, па да си биде слободен играч.
“There wouldn’t be no negotiation,” Marbury said. “They’re going to give me all my money. … If they want to waive me and give me all my money, fine. If not, I’ll try to help this organization win the championship. They told me to come to camp in the best shape of my life, and I did that. But I don’t want to be in a place I’m not wanted.”
Тешко фраериште.
Како опции, ако стварно дојде до заминување од Никси, на различни места видов дека се спомнуваат различни екипи, од кои добар дел немаат апсолутно никаква логика. Како на пример Сан Антонио, каде Попович никогаш не би си дозволил да си има работа со некој како Стефон. Истото се однесува и на Бостон, кој нема потреба да ја менува шампионската хемија, а тука е и “пријателството“ уште од Минесота со Гарнет. Иако сменет Марбери би можел да биде интересен во зелено.
Се спомнуваат и Клиперси, кои веќе ги имаат Берон и Џејсон Вилијамс, како и рукито Ерик Гордон на таа позиција, а и Булси во некаков трејд за Бен Гордон. Не знам само кој можел воопшто да помисли на таква алтернатива кога на Чикаго би му останале Роуз и Хајнрих.
Сево ова го остава Мајами како единствена реална опција. Немањето никаков плеј е голем проблем за тимот на Споелстра, па Марбери би можел да биде некакво решение за таа дупка во тимот. Плус, таму нема да се очекува да биде прва ѕвезда. Се знае кој е газда во Мајами.
———————-
За крај новите гостински дресови на Милвоки (како втора опција). Од кај отидоа на црвено, не знам, ама важно го немаат она еленот на тоа гадниот темно зелен дрес кој го фураа во времето на Биг Дог.
Плус, новиот дрес на Орландо, кој ги врати пижама линиите од 90-те.
ПС: А и Аринас нема да игра веројатно во првите два месеци од сезоната, ако не и повеќе. Добро за него што се согласи летово наместо 127 да им земе 111 милиончиња на Визардси.
September 25th, 2008
По се изгледа не е луд само Бен Гордон и неговиот менаџер. Во истата категорија спаѓаат и Ендрју Бајнам и неговиот менаџер. Лудиот тандем од Лејкерси бара максимални 80 милиони долари?!?!?!?! пред недокажаниот млад центар со проблематично колено следното лето да стане ограничен слободен играч.
Не викам дека еден ден Бајнам нема да ги заслужува тие пари, но во овој момент тоа е чиста лудост, посебно ако се земе во предвид колку заработуваат некои многу поголеми имиња и подобри играчи од него. Таквите барања му успеаја ова лето на менаџерот на Игудала во Филаделфија, но мислам дека во Лос Анџелес нема да се брзаат со одлука за Бајнам, барем не до следното лето. Не се ваљда до толку луди.
————————–
Иначе, кога смекај Лејкерси, Коби се олади од операцијата на малиот прст откако дозна дека паузата би можела да трае до три месеци или 20 средби од стартот на новата сезона. Колку е оваа одлука паметна, ќе видиме, посебно ако се земе во предвид ризикот од влошување на повредата сред сезона па пауза од некои 30-40 средби кога е најкритично.
“When the doctors told me recovery from a procedure could be 12 weeks, I just decided now was not the time to have surgery, What it really came down to for me is that I just didn’t want to miss any time ‘punching the clock’ for the Lakers, given all we are trying to accomplish as a team this NBA season.”
September 10th, 2008
Не лажел само менаџерот на Гордон, него и новиот “спасител“ на Вориорси, Монтеј Елис. Момакот, кој се повреди посериозно ова лето откако потпиша дебел шестгодишен договор вреден 66 мил. долари (тие три шестки сигурно имаат нешто врска со ова), од страв ја лажел управата на клубот за својата повреда.
Зошто лажел? Затоа што ако по некој случај се случи да не може да продолжи да игра, Вориорси можат слободно да му го раскинат договоот. Ипак, не верувам дека Монтеј нема пак да заигра. Сепак, ваквите повреди во текот на летото кои не се дешаваат на баскет знаат да бидат опасни за еден клуб. Тоа добро го знаат Булси после Џеј Вилијамс и Лук Лонгли.
—————————–
Ги убивме Португалциве. Ама стварно ги убивме. Само така момци!
September 7th, 2008
Одамна немало Фотка на неделата, а? Овие двајца, чии кариери се неверојатно и постојано поврзани заслужуваат многу повеќе од само тоа, но за сега останува на ова - нивната заедничка фотка од Спрингфилд каде станаа жители на Хол оф Фејм.
Во минатото овде повеќе се пишувало за Хаким, отколку за Јуинг, но веројатно ќе има некој пост во иднина и за Пет.
September 6th, 2008
Не немаше неколку дена поради некои т.з. технички проблеми, ни јас самиот не знам какви. Но, тоа не е битно сега, битно е да се продолжи во стариот ритам. Или нов, ако се земе во предвид темата, а тоа се постојаните шпекулации и вистински преселби на играчи од НБА (некои не баш битни, освен можеби Чилдрес) во “наш“ правец.
Последниот пример за вистинска шпекулација се муабетите кои овие недела дена се вртеа по нетот за тоа дека ЦСКА е подготвена да го потпише Бен Гордон, кој уште верува дена вреди 12 мил. по сезона, барем како НБА играч. Сега, после разните гласини кои беа пласирани по разните медиуми испаѓа дека Русите никогап не ни биле загреани за кутриот Гордон, а тоа го потврди и нивниот директор Андреј Ватунин.
После испадна дека целата приказна била нарачана од самиот менаџер на Гордон кој очигледно очаен побарал услуга од еден грчки новинар, кој па веднаш го откри изворот на својата неточна информација. Потег кој уште повеќе го стави во небрано Бен, кој никако да сфати дека не вреди толку колку што си умислил и за кого единствена опција да избега од Чикаго, кој пак му имаше понудено 59 мил. за шест години, е преку потпис-трејд, нешто што често е комплицирано да се оствари, посебно со играч како Гордон кој е ограничен слободен агент.
Плус, идејата за потпис за европски тим и не е нешто посебно бистра ако се земе во предвид дека и за една година во Чикаго, Гордон ќе стави во џеб повеќе пари отколку за една сезона далеку од дома. Па, ако стварно мисли дека вреди толкави пари (оние 12 мил. по сезона), нека го докаже тоа оваа сезона како играч на Булси. Тогаш верувам дека нема да има проблем да ги добие, иако чисто сумњам дека после оваа сезона ќе се најде некој и со понуда од 59 мил.
“I guess it’s safe to say I’ve played my last game in a Bulls uniform,” Gordon said. Gordon, who has led the Bulls in scoring the past three seasons, said his agent, Raymond Brothers, has been speaking with other teams about sign-and-trade possibilities. […]
[Brothers] said the only certainty is Gordon will not sign the Bulls’ one-year qualifying offer of $6.4 million.
А ваквите изјави го стваат Бенчо само во уште полоша положба во целата ситуација, И него, и неговиот лажго менаџер.
———————————–
Денес играат нашите против Португалците. Она што дозволивме да ни се деси во Рига не смее да се деси на наш терен, каде барем судиите треба нам да ни бидат наклонети. Иако, не ги кривам нив за поразот таму. Никој не ни е крив кога не знаеме да погодиме слободно кога е најпотребно. Посебно клучни беа првите две на Мираковски во рег. дел. Изгледа е многу полесно да се биде играчиште во Мак. лига. Денеска е шанса за поправен. Пораз значи и адио Полска во вака мизерна група.
September 6th, 2008
Како некој да се сомневаше во целава работа. Да, Америте немаа доволен број квалитетни високи играчи, ама затоа ги имаа Леброн, Вејд и Коби. Па после и Пол, Хауард и Бош. И што е најважно, за разлика од минатите натпреварувања кога тие гледаа да направат состав со кој би им се прилагодиле на интернационалните правила и ФИБА стилот на игра, овој пат тие си ја играа својата, НБА, игра, покажувајќи каде се игра најдобрата и најатрактивната кошарка на светот и каде играат најголемите светски ѕвезди.
Тоа мене лично никогаш не ми било спорно, ама има такви кои со се срце му се радуваа на секој неуспех на Америте изминативе години, не согледувајќи го фактот дека после Сиднеј, Америте до сега немаа испратено вистински НБА тим на едно натпреварување. Ви текнува само на првите пет од Атина пред четири години? Марбери, Ајверсон, Џеферсон, Одом и Данкан. И се тоа под водство на Лери Браун. Не знам дали воопшто треба да се коментира оваа петорка, посебно не тоа дека прв плеј беше Марбери, тројка - Џеферсон, а на четворка го имаа Одом, кој според многу од фановите на Лејкерси, не смее тоа да биде ни во својот тим.
Но, да ги баталиме нив. Муабетот е за оваа група момци сега, која што е најстрашно можеше да биде уште посилна (Амари, Гарнет?). Не сакам да мислите дека сум некој амерофил (тоа е зборот, нели?), но едноствано мора да им се симне капа на најдобрите. Исто како што мора да им се признае на одличната борба на Шпанците, кои дадоа се од себе, а и го немаа Калдерон. А и Аргентинците, кои ги газеа Литванците и заслужено се трети. Кога се повреди Ману во полуфиналето, не ми беше страв дека ќе гледаме слабо полуфинале, туку ми бепе страв дека тим како Литванија ќе биде трети. Но, одличниот на овие ОИ, Делфино и Скола играа и за Ману.
Следните ОИ се 2012 во Лондон, но пред тоа имаме СП за две години на кое сум сигурен дека Америте ќе гледаат да си ја вратат двојната круна. Судејќи според младоста на овие момци и желбата и енергијата која ја покажаа, тоа и нема да биде така тешко.
August 24th, 2008
Сите го претставија тоа како одмазда, иако тоа не е. Сепак е плескање на јужњаците кое барем мене, а верувам и на повеќето од вас, ми направи ептен ќеф. Јужњаците се тим кој не може да се носи со овој состав на САД, а и онаа победа која се деси во Саитама е нешто што би им пошло од рака еднаш во 100 обиди.
Јужњаците едноставно немаат сила под кошот со која би можеле да ги успорат Америте или пак да го стават нивниот единствен центар во проблеми со лични. Вака, и Крис Бош доминираше во рекетот покрај неподвижниот 160-килаш Софоклис и другиот им центар со мутава фаца.
Баш заради тоа она што се игра утре е вистинскиот тест за силата на Америте, зошто светскиот првак е вистинскиот противник кој ги има сите елементи кои можат да бидат проблем за момците на Кшижевски. Мечот не е решавачки, ама носи голема психолошка тежина со себе.
Од другото што се дешаваше вчера (а јас не можев да го следам со пост вчера од оправдани причини), Русите и Литванците одиграа меч кој беше пример како се игра без никаква концепција, посебно не во нападот, додека коцкасите кои ги пофалив претходно беа скоцкани од страна на дружината на Ману. Аргентина, како по обичај, има јак тим, ама мислам дека нема да стигнат до финале само заради многу послабата клупа од порано. До пред година дена тип како оној Гозналес ќе немаше место во овој тим.
————————-
На малку посериозна нота, единствениот Грузиец во НБА, Заза Пачулиа, во обид да се апелира за мир во својата земја се појави и на СNN каде јасно укажа на тоа што се дешава во Грузија и кој е крив за целата ситуација. Но, ко што викаат старите “сила Бога не моли“. Ќе биде интересно кога ќе играат Атланта - Јута сезонава.
ПС: Мо Вилијамс во Кливленд, Џенаро Парго во Динамо Москва
August 15th, 2008
Previous Posts