Posts filed under 'MJ23'

UberClutch

Лејкерси и Селтикси се доказ дека нема вистина во зборовите на сите кои викаат дека не можеш да убациш во поголема брзина кога ќе посакаш. Нивните игри во плејофот се доказ за тоа.

Бостон посебно беше тим во кој никој не веруваше, група на старци плус Рондо која одигра ужасен втор дел од сезоната, се влечкаше по теренот и губеше средби дома од тимови кои не би смееле ни да помислат на победа против нив. Сите се сомневаа во коленото на Гарнет, во годините на Реј и Шид, во способноста на Пирс. Само Рондо беше изземен од целиот муабет. Кавси и Орландо беа фаворити, но се лизнаа, пред се зошто ја немаа таа глад, желба, интензитет, искуство и на крај на краевите, знаење како се стига до финалето.

Лејкерси беа фаворити на Западот, но и тие сезоната не ја одиграа најсјајно, со повремени падови по кои сите се сомневаа дека можат до титулата. Коленото на Бајнам, невклопувањето на Артест и други приказни, а пред се не баш добрата клупа го мачеа Фил, а и Коби изнареди еден куп ситни повреди. И на крај сето тоа немаше врска и уште еднаш ќе го гледаме најславното финале во историјата на НБА, а можеби и на спортот воопшто.

И околу оној муабет дека не можеш да убациш во повисока брзина кога ќе посакаш…Коби тоа го докажуваше цела оваа серија со Феникс, а посебно во задњава синоќа кога докажа дека е најдобар closer денес и еден од најдобрите на сите времиња.

Исто така и Селтикси одиграа за ниво повисоко, ниво на кое се префрлија по онаа брука дома во третата средба со Кавси кога Леброн сам ги победи и кога сите ги отпишаа. Никој не веруваше дека го имаат тоа во себе, освен оние кои се најважни во целата работа, а тоа се токму тие.

Секоја чест за Санси кои дадоа се од себе, ама не можеа против неверојатнио Кобстер, иако Вујачиќ добро се потруди да им помогне.  Зборовите на Алвин Џентри после средбата кажуваат се:

Was that Kobe or was that Michael? He’s the best player in basketball, and I don’t think it’s even close”.

Add comment May 30th, 2010

Нешто је труло у држави Охајо

Готово. Заврши и последната серија од втората рунда. Веројатно не како што многумина од нас очекуваа, но сепак, со оглед на тоа каква бизарна серија ни приредија Кавси и Селтикси, среќен сум што нема да гледаме мајсторка. Но, иако серијата заврши, мислам дека таа и тоа што во неа се дешаваше е само почеток на она што сосема незаслужено ќе ги преокупира сите НБА медиуми и ќе фрли сенка врз конференцсиките, а можеби и врз големото финале.

Веројатно последниве неколку дена на сите им дојде преку глава од сите муабети за тоа што им се случило на Кавси и на Леброн посебно, но тоа сигурно ќе продолжи и следниве денови, зачинето со приказните и шпекулациите за она што никој не го знае, а тоа е иднината на Леброн.

Ќе се слушаат разни анализи, зошто го снема Џејмс во последните три средби од серијата со Бостон. Некој ќе се јави со оправдувања како лактот му бил повреден, иако тоа сигурно не е причина за слабата игра.

Ќе чуеме и муабети дека човекот не е победник и дека е себичен лик кој наместо да го споредуваме со Мајкл Џордан, би требало всушност да го споредуваме со Вилт Чембрлен, кој пумпаше неверојатни бројки, но на крај не остави зад себе многу титули.

Некој ќе го обвини Мајк Браун дека е слаб тренер….т.е. сите ќе го обвинат Мајк Браун дека е слаб тренер и нема многу да згрешат. Нормално, ниту за секој неуспех не е целосно виновен тренерот, ниту пак за секој успех се заслужни само играчите, но кај Кавси е евидентно дека се тим без играден било каков офанзивен систем  освен тој да му се даде топката на Леброн па да видиме што ќе се случи. Можеби тоа пали во рег. сезона и против просечни тимови, но против екипи како Орландо и Бостон, како што покажаа и последниве разигрувања, тоа не поминува.

Браун заслужува отказ и тоа е факт, но потребни се и некои други промени.

Менаџментот на Кавси, иако некои го пофалија, не направи нешто многу паметни потези со цел да го опкружи Леброн со квалитетни соиграчи. Шек не беше добра идеја, Мо Вилијамс не е “Пипенот“ кој му треба на Леброн, Џејмисон не е лик кој некогаш играл за плејоф победник, нити лик кој знае сам да креира во нападот…итн…иако некои од нивните играчи се борци, тоа е премалку ако се нема талент за големи серии и големи победи.

На крај малку за Леброн, зошто ова ќе биде последен пат, барем се надевам, дека ќе му се обрати било какво внимание на МакНБА, се додека не заврши плејофот во кој играт ликови кои многу повеќе го заслужија тоа.

Дали ова беше последна негова средба за Кавси? Не знам, како што не знае ни никој друг, па веројатно ни самиот Џејмс. Факт е дека нешто беше труло кај него и Кавси по она газење на Селтикси сред Бостон за 2-1 во серијата. На минатата средба сите викавме дека дигнал раце од тимот, затоа што навистина така делуваше, и според изјавите потоа и според говорот на телото кој покажуваше целосна незаинтересираност. Синоќа беше нешто подобар, но недоволно за да заличи на оној Леброн кој сите го знаеме. Нешто се случува со него, но што никој не знае. И нема да знаеме се додека не се одлучи за својата НБА иднина.

Токму поради тоа викам дека ќе биде уште полошо по ваквиот крај на оваа серија, пред се затоа што медиумите од некои други градови, очајни и гладни за пак да бидат релевантни ќе отекуваат со приказни како Леброн е нивната следна голема ѕвезда. Други ќе најавуваат дека може да оди ваму или таму, додека сите фанови во Кливленд и самиот град ќе бидат најголемо заложници на неговата конечна одлука.

Таквото внимание кон него најмалку го заслужуваат најдобрите четири тима кои останаа да се борат за титулата и затоа, барем на МакНБА,  нема да го тупиме со ЛеБакл…овај, Леброн.

ПС: Барем една ствар беше позитивна за Џејмс синоќа, а тоа е дека за разлика од лани, овој пат после поразот се поздрави со противникот.

2 comments May 14th, 2010

UGLY

Уффф. Како и секој од вас, така и јас, а верувам и секој кој воопшто ја гледаше Гејм 5 помеѓу Кавси и Селтикси во Кливленд,  се уште не можам да поверувам што им се деси на Кавси. По средбата истото го изјавуваа и играчите на Бостон, па и тренерот Док Риверс, кој рече дека едно е да победиш во вака клучна средба во гости, но сосема друго е да го прегазиш тимот кој доминираше со лигата во регуларниот дел од сезоната. Тоа е сосема неочекувано.

Но, слични изјави не дојдоа и од другата, прегазената страна. Она што ме зачуди беше смиреноста и индиферентноста со која единствениот лик од кој зависи успехот или неуспехот на Кливленд се однесуваше на пресот по средбата. Во зен состојба, како да се работи за уште еден пораз во рег. дел од сезоната, Леброн даваше идиотски изјави, како не е страшно, како сите ви Кливленд и во тимот биле разгалени од негова страна последниве години, па така што имал само седум слаби партии во тој период, тоа не било негова вина, туку на очекувањата кои сите ги имаат во него.

На Фејсбук го постирав линкот за текстот на Војнаоровски на Yahoo, кој одлично ја опишува целата аура околу Џејмс, уште од самиот негов влез во лигата, но во исто време ја опишува и неговата личност, неговото его кое во некои ситуации повеќе им штети, отколку што им е од корист на Кавси, а во оваа ситуација најмногу му штети на самиот Леброн.

Не знам, или барем јас не можам да се сетам, кога некој играч од групата со која редовно го споредуваат Леброн, после пораз во клучна плејоф средба, давал такви изјави и делувал така мирно. Ми текнува на Мајкл, на Лери, на Меџик, па и на Коби и Шек кои во такви ситуации изгледале бесно на прес, префрлајќи ја целата вина за поразот врз себе, а понекогаш и на остатокот од тимот, пред се со цел тоа да не се повтори во следната средба. Овој повеќе му ја мисли, како и добар дел други ѕвезди, како ќе изгледа на прес, отколку што ќе каже.

Уште една ствар. Отсекогаш ме фрустрирало кога сум гледал како еден неверојатен талент останува во сенка на своето его и умисленоста на тоа дека е подобар од сите други. Без тоа да го докаже со шампионски прстени, учеста во големото финале или носење на тимот на својот грб низ секоја рунда до конечната цел. Тоа веројатно е од истата причина поради која најголемиот дел од нас им се восхитува на ѕвездите во било кој спорт – неверојатниот талент кој е уживање да се гледа кога е на својот врв и кој е недостижен за сите нас обични смртници.

Така, во минатото ме фрустрирале и не сум можел да ги сфатам, меѓу другите  Винс Картер, Ален Ајверсон и Трејси Мекгрејди, како се расфрлаат со својот талент. На моменти тоа се однесувало и на некои други ѕвезди кои со тек на време сфатиле дека светот не се врти околу нив и сонцето не изгрева од нивниот задник. Токму тие денес се дел од муабетите за најдобри на сите времиња или пак во најмала рака, имаат шампионски прстен како доказ за тоа.

Леброн е можеби поталентиран од сите кои сме имаше задоволство да ги видиме до сега, но начинот на кој се однесува е навистина фрустрирачки. Како и начинот на кој во свои раце ја држи веќе некое време судбината на Кавси. Можеби ќе се освести, можеби и не, одговор кој ќе се дознае многу бргу. Ако не утревечер, тогаш сигурно ова лето.

8 comments May 12th, 2010

Иво ги виде Коби и Пау, ама не и Џек

(Одамна  не сме имале некој наш човек  од САД да ни испрати понекоја фотка  и неколку реда текст за начинот  на кој си поминал на НБА средба. По Теко, Петар и Гоце Вељановски , во дружбата која ја збогатува  МакНБА со пост од он д фејс оф д плејс  е Иво Андов, кој барем едно јасно ни става до знаење – дека нити ги сака Лејкерси, а уште помалку Коби. И тоа е во ред, затоа што, иако за некои работи можеби не се согласуваме (за некои пак, целосно се согласуваме), МакНБА секогаш имала доволно место за различни мислења и за вакви, уникатни доживања кои се тука за да ни го доближат нам, на оние кои не можат да отидат на НБА утакмица, посебно плеј-оф, какво е тоа искуство. Следен во низата би требал да биде Шепард, но за тоа наскоро. Сега е редот на Иво)…

Иако  живеам во Сиетл, викендов бев на гости во Лос Анџелес малце на шетња во сончева Калифорнија. Недела сабајле стануеме со девојка ми, немаме никаков план, кога гледам Бакси губат “ко Грчка“ од Атланта и коментаторот ја најавуе првата утакмица на Л.А. против Јута за саат и пол. Мене очи ми се ококоруваат, девојка ми се спрема у невидено време, а јас за 5 минути наоѓам два билета на stubhub и off we go.

Не ни гледам кај се билетите, важно најефтините билети ги плаќам со Пеј Пал, застануваме на Figueroa & 2nd да ги подигнеме, и десет блока подоле до Стејплс Центар, кој иначе е дел од област во даунтаун Л.А. наречен Л.А. Лајв, во кој спаѓаат Стејплс, Нокиа Плаза, ЕСПН Зоун, Кино со 30-тина сали и уште што ти не. Финтата било да има катче во Даунтаун Л.А. кај што можеш да шеташ и да се чувствуваш безбедно. Одма до Стејплс е и Риц Карлтон хотелот, според мене најубавата зграда во тој дел. Баш саботата, вечер пред утакмицата ние шетавме онака на сладолед во ЛА Лајв и испадна наредното утре да одиме на утакмица таму.

Стигаме пред Стејплс и навијачи на Лејкерс уште од сабајлето пијани се дерат ко дебили. Не треба многу време да сфатиш дека репутацијата која ги следи навивачите на тимот во златно не е незаслужена. Чим влеговме ни фрлаат маица у фаца у стил НОСИ ЈА ОВАА КЕ ГО ПРАИМЕ СТЕЈПЛС WHITE OUТ. Пази да не. 20% од цела арена ја облекуе маицата, 80% поминале ептен дугачко време пред огледало да се дотераат па ја користат маицата да забришат подот коа ке го истурат пивото. Или коа ке повратат. Ја опнавме маицата еднаш само на крај да се сликаме,. И толку.

Гага маицата вика “One Win At A Time”. Уште од кога ја видов, веднаш и правам ремикс во глава, како мене повеке би ми се допагала.


Не знам дали го гледавте најавувањето на играчите, ама кога го најавија Коби дечково онака, cocks as fuck – ноншалантно оди полека до Гасол и компанија ко да го разбудиле од спиење и не ни мисли да пипне баскет, а не па да игра плејоф меч. Ах, кај ми е пиштолот кога ми треба
J .

Седиштата, како што очекував, 5-6 реда од ѕидот најгоре. Уџумајлија. Но, Стејплс е одлично направен – доста стрм, па можеш пак добро да гледаш утакмица.

Прв напад, Дерон паѓа ко да изместил рамо. Сепак, се враќа у игра и сам ги чува Лејкерси wihin reach првите 3 четвртини. У меѓувреме, Гасол докажува дека е класа, Коби не го ни приметуваш, а тој насобрал дваесетина со доста ефективно шутирање, и Стејплс почнуе да се буди. Ондак влага Милсеп, ги превзема работите во свои раце, и Јута одеднаш е во водство. Во Стејплс тишина ко да им го опнале од позади, само јас почнувам конечно да се радувам, девојка ми цело време буцкајки ме да не почнам тепачка со некој од селјачиштата околу мене. Јес да е она родена на пола саат од Лос Анѓелес, ама ги мрзи Лејкерси колку и јас. Одеднаш се чувствувам ко да сум веруел во Joseph Smith целиот свој живот, и сум Јута во срце. Му се вртам на еден што ми јаде гомна и му викам “time for a little <del>jizz<del> jazz in your face”.

Сепак, играчите на Јута, не знаат кош да дадат коа треба на крај и Одом фаќа офанзивен скок и ги дотепуе. Не знаеш дали да се упуцаш сам или да го упуцаш новиот член на фарсата што е Кардашиан фемили.

Приметуем една доста интересна ствар – НБА утакмица во Стејплс е дефинитивно preview на градот Холивуд – ентертејнмент, ентертејнмент, ентертејнмент. 90% ентертејнмент, 10% кошарка. Роуз Гарден е светлосни години напред, па Рип Сити не знае да заќути цела уткамица и нон-стоп цела публика е фокусирана на Блејзерси. Соникси, иако играа во најлошата арена во историјата на НБА, имаа ненормална посветеност – луѓе коментираа повеке на одбрана, отколку на напад. Во Л.А., селебрити камерата добива повеке аплаузи од Коби енд ко. За мене тоа е разочарувачко.

На излагање застануваме да се сликаме пред статуата на Меџик и се прашувам кај ке ја стават таа на Кобе? Дали ке биде скоро, но не баш иста како таа на Јоки пред Јунајтед Центар?

Ако биде така ондак ќе биде ептен потврда за тоа каква кариера имаше големиот Коби Брајант – а wannabe Мајкл Џордан што никогаш не си пронајде свој стил и свое место во историјата на НБА. Како ми изгледа ке биде запамтен по две работи – Мr. Clutch и Мr. Selfish Rapist. Штета.

Things I think I think:

1. Забележав многу дресови од Вилт, Карим и Меџикг на утакмицата. Ми се свиѓа што барем некои во Л.А. знаат да ја ценат историјата на Лејкерси, не само сегашниот успех.

2. Jack Nicholson was not in the building. WTF?!?!?

3. Гледајќи ги Л.А. во живо, човек може многу полесно да го види “нападот триаголник” на Текс Винтер. Кога имаш passer како Гасол, триаголникот е поезија во движење. Пред некоја недела Спортс Илустрејтед имаше одлична статија за Гасол, од која најмногу ми остана дека ко мал, коа дознал дека Меџик има ХИВ, се решил да стане доктор и да најде лек. Дечкото уште иде по болници денес и седи во операциона сала со доктори да научи што може повеке.

А каков  беше смешен, жгољав во Охрид за младинското првенство, се секавате?

Толку од мене и за крај, off-course…

…BEAT L.A!!!!!

6 comments May 5th, 2010

“Мајкл, и ти малку да пробаш од твојот ‘лек’”

Што поради лични причини, а што и поради тоа што во последните недела дена, со исклучок на дуелот минатата недела помеѓу Кавси и Селтикси (кој помина во лесна доминација на Лебронси), МакНБА влезе во фаза на хибернација. Хибернација која за среќа беше само моментална и од која ме разбудија Хоукси.

Баш вчера мислев да шкртнам пост за новиот камбек на Мајкл, овој пат како сефте во неговата кариера со звање  мнозински сопственик на еден НБА клуб, кога Хоукси се вмешаа во приказната. Поточно, Џо Џонсон кој му покажа на Мајкл како се губи од неговиот “лек“. Безброј пати Џордан ги решаваше противниците со поени во последните секунди, за синоќа да види како е да се најдеш на другата страна. Овој пат не како играч, туку како газда.

Благодарение на NBA League Pass (и на двајца мои пријатели) сезонава ја изгледав скоро секоја средба на Хоукси, покрај многу други, и ги научив како играат со кој противник и како се однесуваат во различни ситуации. Тесните завршници и продолженијата, без разлика на противникот, не им се силна страна, но синоќа, за среќа, беше поинаку. Најзаслужен за тоа е Џо кој се врати во тимот по кратката пауза и беше клач кога беше најпотребно. Чисто колку да види Мајкл како е. А и да се одржи третата позиција на Истокот.

Да биде ситуацијата уште поиронична, Џо е еден од ретките играчи, избрани лично од Мајкл, кој на своите стопала го има последниот модел патики од брендот Jumpman.

5 comments March 20th, 2010

Фотка на неделата 78 (2.) – 25 000

kobi 98

Само два дена по големото постигнување на Шек, играчот чива кариера засекогаш ќе се поврзува со Дизелот, и обратно го оствари своето голем достигнување. Во дуелот со Кавси, Коби стана најмладиот играч со 25 000 поени зад себе, тренд на “Најмлад играч со ***** поени““кој од самиот старт на кариерата го следи и кој веќе почнува да го наследува Леброн.

Инаку, кога во јуни 1996 година Шарлот (Хорнетси) го избраа како 13. пик, а веднаш потоа го испратија во Лос Анџелес во размена за Владе Дивац, многумина не ја гледаа големината која во себе ја криеше Коби. Во тоа време и не беше некој голем тренд да се драфтуваат средношколци, но сето тоа се смени после Кеј-Џи и Коби. Сега тој трејд помеѓу Хорнетси и Лејкерси делува смешно, иако и Шарлот измолзе некоја солидна сезона од Владе.

Сепак, Кобстерот, и покрај сите споредби и обвинувања за копирање на Мајкл, е приказна сам за себе, некои го сакаат, а некои го мразат, но нема збор дека дечкото кога ќе се спушти завесата ќе влезе во секоја дискусија за “Најголем на сите времиња“.

А она што е најстрашно, уште не сме виделе се од него. Исто како и од неколку други имиња во Лигата, на кои сепак тој им е лидер.

ПС: Само што ја изгледав Кавс-Лејкерс, во која Коби беше добар, но не и остатокот од Лејкерси, барем не кога беше најпотребно против Кливленд без Мо Вилијамс (месец дена пауза најмалку). Баш заради тоа очекувам вечер експлозија во Њујорк.

3 comments January 22nd, 2010

Фотка на неделата 78 – 28 000

shaq ruki

Веста е од вчера, но се “печеше“ цели 17 и пол години, од првиот ден кога НБА го запозна Шекил О’Нил. Сликата е од руки сезоната на Шек, кога тој на светот му се претстави како доминантна сила каква немало од времето на Вилт Чембрлен. Го паметам од LSU и од стартот на неговата кариера и слободно можам да кажам дека пред него, а уште повеќе по него јас немам видено таква појава на теренот. И тоа само од физички аспект. Чиста доминација. Да не зборуваме за неговата уникатна харизма која нема да може да се достигне и доколку денес се спојат персоните на еден куп НБА ѕвезди.

Уникатен во секој поглед, Шек завчера против Торонто стигна до својот 28 000. поен во кариерата. Да ги убацуваше слободните малку попрецизно, како што рече и самиот тој, сега ќе го славеше својот 30 000. поен. Но, никој не е совршен.

ПС: Пред него се, и скоро сигурно ќе останат Карим, Карл Мелоун, Мајкл и Вилт. Па и не е така лошо друштво, иако во следните десет години очекувам некои денешни главни фаци да го престигнат.

8 comments January 21st, 2010

Next Posts Previous Posts


Календар

July 2010
M T W T F S S
« Jun    
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031  

Архива

Категории