Posts filed under 'MJ23'
Главното прашање е на самиот старт од клипот, мада и остатокот вреди да се изгледа. Чисто ради Мајкл (и двете куцања на крајот од Најголемиот на негови 45. години).
Кај мене нема сомнеж кој би бил бољи со двајцата во најдобри години, мада кога би размислил малку подобро, можеби би требало да има.
Знаеме дека овде врие од фанови на Кобстерот, мада има и добар дел од претставници на генерацијата на Мајкл. Нека почне препукувањето.
August 2nd, 2008
Првиот контакт со Лејкерси го имав преку една маица на брат ми со Меџик на неа. Уште не знам од каде успеа да ја ископа во тие времиња кога НБА беше нешто за што сме слушнале дека се игра во Америка каде црнците рипале по еден метар и каде се играла “атомска кошарка“.
Не долго после гледањето на таа маица, се запознав и нешто подобро со тоа кои се Лејкерси и кој е Меџик. Нормално, тогаш, при крајот на 80-те не можеше да знаеш за Меџик, а да не знаеш за Лери Бирд, а со самото тоа и за Бостон.
По автоматизам, секој кој имаше било каков контакт со овие двајца сањаше да има Конверс Вепонсици на своите нозе, нешто што кусо потоа се смени кога земаа замав едни патики со лого на тип со раширени нозе на нив.
За нас, кои сме запознаени што значеа за НБА овие два тима (најмногу преку ВХС касети кои беа и емитувани на “Недељно поподне“) и нивното ривалство од 80-те, ова финале секако дека буди некакви емоции.
За себе знам дека, како и поголемиот број на луѓе кои ги знам, (тогаш) навивав за Лејкерси секогаш кога тие играа со Бостон, иако во основа нивното ривалство почна да оди по надолна линија со растот на Мајкл во Чикаго и Бед Бојси од Детроит (или Бед Блу Бојси - како што еднаш кажаа на МТВ).
Шоутајмот, осмехот и но-лук додавањата на Меџик беа нешто прекрасно за гледање за разлика од мрската методика на Бостон и нивниот лидер со селски сурат, неговата десна рака која личеше на брат му на Франкенштајн и центарот кој сите го викаа поглавица.
Кој да знае дека токму тие Селтикси беа вистински пример како треба да се игра кошарка. Типична за Истокот. Исто како што таа на Лејкерси беше типична за Западот.
Сега, 20 години подоцна работите стојат слично. Бостон е тимот кој има големо трио и инсистира на цврста одбрана, додека Лејкерси на моменти знаат да бидат вистински шоутајм за гледање.
Мене лично, пошто сум неутрален меѓу овие два тима, ова финале ќе ми биде милина за гледање, и тоа не само поради боите на дресовите и паркетите кои будат некои детски емоции.
ПС: Уште ја имам гореспоменатата маица, само што сега наместо црна е светло сива и без ракави.
June 2nd, 2008
По сабајлево Бостон остана единствената екипа која е (или беше) дел од втората рунда без победа во гости. Со оглед на минутите кои ги изиграа Гарнет, Реј и Пирс на последниве средби, а и вкупно во разигрувањето, нема да ме зачуди ако Лебронси ја искористат шансата и ги решат Селтикси во one and done ситуација.
Него, муабетотне ми е најдосадната серија во втората рунда него клиниката која ја презентираа сабајле Лејкерси сред Солт Лејк Сити. Се си функцонираше како чвицарски часовник кај момците на Зенот кои од старт ја избација публиката од игра, а потоа лагано си ја одржуваа предноста од 10-15-17 разлика. Задоцнетиот финиш на Јута само го намали резултатот кој ич не е реален на односот на силите, барем не во оваа Гејм 6.
Кога и да тргнеа домашните, Лејкерси имаа одговор. Нормално, тука помогна и лошата вечер на скоро цел тим на Јута кој како да не беше ментално спремен за предизвикот. Утките од чисти позиции и тројките од неизградени позиции се нешто што не смеете да си го дозволите против силен противник. Да не зборам за добрата одбрана на Дерек над Дерон, кој сепак се потврди како вистинскиот лидер на тимот на Јута пред кој е светла иднина. За нивна несреќа, иста таква иднина имаат и Лејкерси, кои исто така својот дом го имаат на Западот.
За жал, колку и да ми е омилен лик Слоун, човекот пак, и после десет години пак го папаше од Зенот.
Според мене, и колку што можам да се сетам, од мојот старт на следење НБА, вистинските екипи биле тие кои тепале во вакви ситуации во шести средби на гостински терен. Нека ви текне само на Булси на Џордан, или пак претходно на Бостон на Лери или Лејкерси на Меџик. Ова сега се Лејкерси на Коби кои конечно играат како тим и се во одлична позиција за враќање на тронот.
Еве и некоја фотка од сабајлево…
May 17th, 2008
НБА ја лансираше плеј-оф кампањата, која конечно бега од онаа језива музика во позадина со слики кои се менуваат и која и кога ќе легнете да спиете ви се мота низ главата. Првата е за Истокот, и во неа се Леброн и Гарнет, веројатно затоа што не знаеле, а и немало кого да стават од Детроит кој би можел да му парира на Кеј-Џи.
Втората (подоле) е за Западот и во неа главни ликови се старите “пријатели“, кои се надевам дека годинава ќе се сретнат во плеј-офот, по можност во финалето на Западот.
April 9th, 2008
Кога сме веќе во филмот “Реклами“, по лошата нова кампања за задњиот модел на Коби, еве ја задњата за задњото издание на најпопуларната патика на сите времиња која одамна е повеќе од обична патика.
It’s not about the shoes — Become Legendary
ПС: Ова е друга варијанта за најновите Џорданки…
February 28th, 2008
Наместо било каква најава за она што ќе се дешава вечерва, првиот Ол-Стар викенд кој имав прилика да го гледам (на VHS) и кој останува, барем за мене, најдобриот Ол-Стар на сите времиња. Како саботната вечер, така и тоа што се случуваше и во неделата.
ПС:Само што шампион во куцање не беше оној кој си ја заслужи титулата. Јеби га, Чикаго беше домаќин.
ПС2: ЧИКАГО - ПОЛ - ПЕЏА - ГЕЈ
February 16th, 2008
Знам, сликава не е баш најнова, ама кога веќе се познати четворицата момци кои оваа година ќе се натпреваруваат во летање во Њу Орлеанс, вреди да се потсетиме на оние кои се вистинските шампиони во оваа категорија, посебно триото постари легенди кои го обележаа патот за новите геренарции, пред се двајцата момци кои ја имаат таа чест да бидат со нив на оваа слика.
Место во овие пет нема никогаш да има било кој друг, посебно не никој од овие четири играчи кои оваа година ќе куцаат, а од кои единствено Двајт е вистинска НБА ѕвезда, а Геј има потенцијал тоа да стане.
За овогодинешново натпреварување, има време до 16.02. Ќе пишуваме…
January 22nd, 2008
Previous Posts