Г-динот Доминик Вилкинс вчера наполни 50 години. Среќен роденден за човекот кој го смени начинот на кој денес се гледа на забивањата и чив наследник, барем во тој аспект, се уште не се нашол. Нормално, Ник беше многу, многу повеќе од The Human Highlight Film, но за тоа во некоја друга прилика.
До сега поголемиот дел од вас веројатно го видел некаде на Нет потегов на Коби кој е прва ствар за која се зборува на скоро секој НБА сајт/блог. Сосема нормално, зошто до сега имам видено вакво нешто само еднаш претходно, а сигурен сум дека поголемиот дел од вас ова го гледаат по прв пат.
Кога го видов овој потег на Коби веднаш ми текна на Лери Бирд и нешто слично што нему му појде од рака пред 23 години. Прочепкав по нетот и најдов потврда дека уште добро ме служи меморијата. Разликата помеѓу тој шут на Лери и овој на Коби е во тоа што тој на Бирд не важеше.
Веројатно смениле некое од правилата или пак и судиите, исто како и сите останати за момент останале со отворени усти, зачудени од тоа на што сведочат.
Фотографијата, барем за мене, отсекогаш имала посебен шмек. Посебно тие од 80-те години. Веројатно за тоа причина се фактот дека тогаш, единствен начин да видиш некоја од НБА ѕвездите беше или во списание од типот на Темпо или Кош кога посебна фешта беше кога имаше екстра постер или пак во ретките ТВ снимки со лош квалитет и со неколку неделно задоцнување во неделното спортско попладне.
Нормално, допринос за фасцинацијата со фотките од таа ера, но и потоа има и фактот дека тогаш немаше ЈуТјуб или слични сервиси кои денес ја прават НБА 100% достапна во секој момент.
Токму поради тоа, а и поради 50. роденден на Меџик, ми текна дека некаде имав фотки од човекот кои не би требале само да седат по фолдери. Еве некои од нив, а ништо чудно во иднина да има и од некоја друга фаца од таа ера.
Има уште од Меџик, ама тоа во некоја друга пригода.
Како на вакво нешто би реагирале денес Коби, Вејд, Леброн и остатокот од НБА елитата. Под претпоставка дека во денешната НБА би имало место за некој како Бил Лејмбир.
Кога се уклучив сабајлево на Њу Орлеанс – Денвер, откако ја изгледав победата на Хоукси во Мајами, мислев дека има некоја грешка со скорбордот. 105-55!?!? Задња четвртина!?!? Арената скоро празна. На теренот се резерви, а Карл ги чува Клеиза и Смит кои гио докрајчуваат Хорнетси.
Останав да догледам до крај една единствена причина – коментаторите на НБА ТВ кои се зезаа на сметката на Хорнетси и кои навиваа за Денвер за да можат на своите внуци да им раскажуваат дека ја коментирале средбата со најголема разлика. На крај испадна дека беше изедначен негативниот плејоф рекорд, што значи дека ќе имаат за што да раскажуваат.
Каков пад за Њу Орлеанс. Од тим кој лани се носеше седум средби со шампионот и кој требаше оваа сезона да биде уште подобар, тие станаа смешка. Претходно пишував за сите нивни слабости, ама ова е…немам зборови. Сега одат уште во Денвер каде на две средби беа истабани и стварно не знам со каков ментален склоп ќе влезат на тој дуел. Никој не вика дека се е можно, но ова ќе биде баш чудо ако успеат да се извадат.
Јас, и да сум фан на Хорнетси, не би сакал да ги видам пак дома после она сабајлево.
Во постот за претходниот гаден пораз на Хоукси во Мајами спомнав дека Хит на последните две средби шутираат како Дрим Тим и дека ако тоа не се повтори и ако Хоукси покажат малку енергија и желба да го удвојуваат Вејд и да покријат на тројка кога треба, можат, конечно, да победат една плејоф средба во гости. И бидна. Клучен беше добриот старт.
Мајами направи една серија, ама Хоукси беа паметни и максимално ја успорија играта. Немаше веќе она дрибл, дрибл, дрибл во нападот, топката одеше од човек до човек и иако имаше грешки, тие се исправаа во одбраната. Помогна и добриот скок, предводен од грузискиот гангстер Заза, кој од клупа собра 18 скока на кои додаде и 12 поени.
Нормално, Мајами не шутираше тројки и слободни со ненормален процент како на претходните две и некои фаци како Кук и компанија изиграа како што им доликува. Само Џејмс Џонс матеше вода. Џермејн ОК, Вејд почна да го стига заморот од носење на тимот цела сезона. Делуваше уморно, иако да не беше тој резултатот ќе беше како претходната средба, само во корист на Атланта. Не беше убав меч за гледање, ама убав резултат. Сега можеби и Марвин Вилијамс ќе се врати за Гејм 5.
Клупата на Мајами цели два поени! Вејд 1-8 за три со неколку бунари и за два!
За Лејкерс-Јута, очекувано, само ми фали оној килер инстинкт на Лејкерси. Дали им е досадно кога ќе поведат убедливо па се опуштаат за на крај да им дозволат на противниците да се приближат, не знам, ама мислам дека е тоа нешто со што Зенот ќе се занимава деновиве. За Јута, следува дооолго лето со оглед на тоа дека дури девет играчи можат да станат слободни, меѓу кои и Бузер, Окур, Милсеп и Корвер.
Кој знае, можеби му е доста и на Џери Слоун.
ПС: Иначе, Леброн серијата со Детроит ја заврши со просек од најмалку 30 поени, 10 скокови и 7 асистенции, приклучувајќи им се на Оскар Робертсон и Лери Бирд како единствени со таков ефект во една серија. Чисто онака, да се знае. Знам, знам дека беше против Пистонси.
Факт е дека сезонава е целосен камбек на старите суперстар позиции на Вејд, кој е единствен кој ќе биде спомнат во евентуалните МВП дискусии покрај Коби и Леброн. И можеби Двајт. Мечот со Чикаго беше само уште една потврда на тоа, а посебно тројката за победа и 48 поени, 12 асиста, 6 скокови, 4 украдени и 3 блокади.
Иначе, во последниве 23 години само еден човек имал најмалку 40п.,12ас. и 3бл. и тоа Мајкл Џордан. Партии пак од по 48 п и 12ас. во истиот тој период имале само двајца: Лери Бирд и, пази сеа, Стефон Марбери.
* * * * * * * *
Петар праша дали фаулот на Ариза над Руди беше за намерна од втор степен. Еве го клипот, па секој нека си каже што мисли, објективно, не навивачки.
Ако е нешто, тогаш за мене овој фаул е – тотално непотребен. На толкава разлика и во таква фаза од средбата стварно нема потреба од такво нешто. Факт е дека е нешто поблага верзија од онаа на Глен Дејвис над Варежао од петокот, фаул кој од втор беше преоценет како фаул од прв степен од страна на Лигата, иако требаше да си остане на втор степен.
Знам дека за Ариза некои од вас ќе кажат дека само направил погрешна проценка при обидот за блок, ама не се битни проценките, туку последиците кои настануваат по нив.
Мене лично повеќе ми смета реакцијата на Ариза после фаулот, а изгледа истото го мисли и Рој:
“I wasn’t as mad until I seen Trevor’s reaction to the foul,” said Brandon Roy after Portland’s win.
“That’s what sparked everybody. That’s a tough foul, but don’t start acting tough after you draw a hard foul like that. That’s what I was more upset about, more than the foul. That’s the maddest I got in a while,” Roy added.
“I usually try and keep a cool head about it, but he (Ariza) started bucking about it and I was upset because my guy is laying there on the ground and you’re talking trash. I was pretty upset about it.”
* * * * * * * *
За крај, свака част за Пол Пирс кој во неделата стана трет стрелец во клупската историја на Бостон. Да беше некој друг клуб немаше да биде некоја посебна фора, ама Селтикси се познати по тоа дека нивните ѕвезди целите или речиси целите свои кариери носеле зелено. Ова е актуелната топ тројка на Бостон, откако Пирс го помина Поглавицата на трето место. Како стојат работите, Хондо е сигурен прв, ама Лери и тоа како е достижен за Пирс.
1. John Havlicek – 26,395
2. Larry Bird – 21,791
3. Paul Pierce – 18,248