Posts filed under 'Дражен'
Посетата на Загреб минатата недела не беше заради нешто убаво, но на крајот сепак успеав да ја искористам за нешто убаво…иако и тоа убаво ми остави некој горчлив вкус во устата. Тоа посебно се однесува на 10-минутниот документарец кој ни го пуштија, иако бевме единствени посетители во музејот во тој момент, а филмот се пушта само за групни посети. Секој кој бил таму и го гледал знае за што зборувам, а за оние кои не биле, ќе се обидам да ви доловам со неколку збора.
Филмот, како и целиот музеј, е посветен на неколкуте фази на Дражен, пред се на клупските и репрезентативната (со СФРЈ и Хрватска). Се сконцентрира на најпознатите наслови по локалните медиуми, најпознатите клипови и најголемите признанија од секоја фаза одвоено. Си има и свој посебен вовед и свој посебен епилог, а се добива на уште поголема тежина кога знаете дека на само неколку метри од вас седи мајка му на Дражен.
Со мама Бисерка се запознав и направив мал муабет, иако во најголема мерка ни самиот не знаев што да ја прашам, веројатно од сета стравопочит кон Дражен и кон мајката на еден таков великан. Таа беше среќна што среќава некој од Македонија, која секогаш ја памти по убави работи и која, како што кажа мама Бисерка - Отсекогаш имала посебно место во срцето на Дражен.
Медалите, последните патики, сите дресови кои ги носел, личната карта која ја имате на сликата, а која беше издадена на 07.06.1983 год. и истекуваше на истиот датум десет години подоцна, истиот датум кога загина, сите признанија, за кои немаа доволно место да ги сместат во музејот и сите сеќавања и чувства кои целиот тој микс ги предизвикува ми беа доволни да ја издржам таа посета, иако не бев во најдобра физичка кондиција.
Сепак, кој знае кога пак ќе ми се пружи можност пак да го видам Домот на Дражен и да се запознаам со жената која го роди Најголемиот европски играч на сите времиња.
October 13th, 2008
Посетата на Загреб (затоа ме немаше) ја искористив да тркнам до Музејот на Дражен и таму да се запознаам со мајка му на Петро. За целото искуство ќе пишувам подоцна…или утре. Иначе, ова на сликата се патиките од задњиот негов меч.
За сите слики кои успеав да ги чкрапнам (со мобилен) КЛИК ТУКА.
October 12th, 2008
Ова му доаѓа нешто како ре-принт, ама не е.
Од добро познати причини, изминатиот 07.06. не можев да го направам она што го правев секој 07.06. од постоењето на МакНБА, а тоа е одбележувањето на денот по кој вече ништо не беше исто во светот на кошарката. Денот кога не напушти најголемиот европски играч, кошаркарскиот Моцарт - Дражен Петровиќ. Веќе имам доста пишувано за мојата поврзаност со Петро и што тоа ми значи мене, а и на цела една генерација малку постара од мене.
Оваа година беа обележани цели 15 години како светот е посиромашен за Дражен.
Како потсетник, текстот кој лани ми го испрати Џиги, кој е малку постар од мене и кој беше дел од онаа генерација која буквално растеше со Петро.
In Jiggy’s words:
14 години… (сега се веќе 15.)… Човече, сеуште го памтам денот потоа. Тогаш вестите споро патуваа.
Сабајлето отидов да купам леб и се сретнав со комшијата Свето кој ми се смееше неколку дена претходно дека сме губеле (Македонија) од Ајвар Кузма, Герт Куламае и остала Естонска братија и од смешниот Мурешан и уште посмешните Романци. Тоа беше веднаш после Вроцлав и првиот настап на Македонија со Пеце, Медиќ, Боцевски, Михајловски, Перо Настев, Давитков, Сотировски, Ристо Јаневски…со Ацика на клупа. Комшијата ми кажа за Дражен, а јас онака во невера, помислив, овој појма нема, кој знае кој Петровиќ загинал во сообраќајка.
, искрено, помислив, можда е Ацо.. а ми текна и на Бобан Петровиќ, еден одличен играч на Партизан и Олимпија, инаку од Чачак мислам.
Ако не се лажам, Дражен еден од последните настапи во кариера го имаше против Македонија, последниот кош од слободно, 20-ти на мечот, ако добро памтам.
Со другите копиљаци у маало на кош само за тоа зборевме. Еј, Дражен бе, не е могуќе.. Не игравме, не знам зошто. Не ни шутиравме, па, да не бидам патетичен, ама мислам и дека не го ни погледнувавме обрачот. Стоевме под кошот, а баскетот го држевме под нога. Стоевме и зборевме за тоа дека немаше потреба да оди во НБА, затоа што Европа остана осакатена во тие години без него.
Па после Мисирот рече дека ќе потпишуел за Олимпијакос наводно, демек, доста се докажуел со црнците, ќе мавнел добра пара у лаганица живот. Он читаше Журнал.
Еј, абе не е можно дека женска го возела и убила. Можда нашиве новинари грешно пренесуваат, можда е у кома и ќе се разбуди. Мајка му на Цвик не вика од прозор, на вести покажале 3-4 фотографии од сударот у Германија. Камионџијата го колневме као смртен непријател, крвник.
Тие 3-4 слики ги памтам и ден денес до детал. Со пробиената банкина и шлеперот од другата страна на автопатот со 6 ленти. Дожд и магла. Луѓе во жолти шушкавец јакни, полицајци ли, пожарникари ли..
Останавме до долго во ноќта на кошот, замислувајќи си дека сега Америка сега нема кој да ја тепа. Макар и во егзибициски меч, Дражен беш клучот за се. Потоа муабетот прејде на бескрајното одбројување на идеалните 12 во репрезентацијата на екс-Југославија, која сигуно би го победила дрим-тимот една година претходно.
Тогаш, не му давав на Боксер да ги става Галис и Сабонис во тимот како појачања, а дилемата Даниловиќ или Комазец, да бидам искрен ми стои и денес кога размислувам за кошарката што ја вдишувавме во 80-те. Останатите беа неприкосновени, Дражен, Перасовиќ, Ѓорѓевиќ, Кукоч, Паспаљ, Здовц, Вранковиќ, Дивац, Савиќ, Раѓа и Зоки Јовановиќ.
Утредента веќе беше скршена секоја дури и микроскопска надеж. Ги видовме Ацо, Јоле и Бисерка во црно и во солзи. Соочувањето со вистината беше болно, доволно нам тогаш, копиљаци од маалски асфалт, да ни покаже колку е безвреден и чуден животот.
За такви играчи душа боли и ден денес…
July 9th, 2008
Од самиот старт на МакНБА (со редовни постови) пред цели три години, секој 07.06. го одбележуваме денот кога не напушти најголемиот европски играч, кошаркарскиот Моцарт - Дражен Петровиќ. Веќе имам доста пишувано за мојата поврзаност со Петро и што тоа ми значи мене, а и на цела една генерација малку постара од мене. Следната година ќе бидат цели 15 години како светот е посиромашен за Дражен.
Линк до текстот на kosarka.hr, посветен на Петро.
In Jiggy’s words:
14 години.. Човече, сеуште го памтам денот потоа. Тогаш вестите споро патуваа.
Сабајлето отидов да купам леб и се сретнав со комшијата Свето кој ми се смееше неколку дена претходно дека сме губеле (Македонија) од Ајвар Кузма, Герт Куламае и остала Естонска братија и од смешниот Мурешан и уште посмешните Романци. Тоа беше веднаш после Вроцлав и првиот настап на Македонија со Пеце, Медиќ, Боцевски, Михајловски, Перо Настев, Давитков, Сотировски, Ристо Јаневски…со Ацика на клупа. Комшијата ми кажа за Дражен, а јас онака во невера, помислив, овој појма нема, кој знае кој Петровиќ загинал во сообраќајка. Тогаш, искрено, помислив, можда е Ацо.. а ми текна и на Бобан Петровиќ, еден одличен играч на Партизан и Олимпија, инаку од Чачак мислам.
Ако не се лажам, Дражен еден од последните настапи во кариера го имаше против Македонија, последниот кош од слободно, 20-ти на мечот, ако добро памтам.
Со другите копиљаци у маало на кош само за тоа зборевме. Еј, Дражен бе, не е могуќе.. Не игравме, не знам зошто. Не ни шутиравме, па, да не бидам патетичен, ама мислам и дека не го ни погледнувавме обрачот. Стоевме под кошот, а баскетот го држевме под нога. Стоевме и зборевме за тоа дека немаше потреба да оди во НБА, затоа што Европа остана осакатена во тие години без него.
Па после Мисирот рече дека ќе потпишуел за Олимпијакос наводно, демек, доста се докажуел со црнците, ќе мавнел добра пара у лаганица живот. Он читаше Журнал.
Еј, абе не е можно дека женска го возела и убила. Можда нашиве новинари грешно пренесуваат, можда е у кома и ќе се разбуди. Мајка му на Цвик не вика од прозор, на вести покажале 3-4 фотографии од сударот у Германија. Камионџијата го колневме као смртен непријател, крвник. Тие 3-4 слики ги памтам и ден денес до детал. Со пробиената банкина и шлеперот од другата страна на автопатот со 6 ленти. Дожд и магла. Луѓе во жолти шушкавец јакни, полицајци ли, пожарникари ли..
Останавме до долго во ноќта на кошот, замислувајќи си дека сега Америка сега нема кој да ја тепа. Макар и во егзибициски меч, Дражен беш клучот за се. Потоа муабетот прејде на бескрајното одбројување на идеалните 12 во репрезентацијата на екс-Југославија, која сигуно би го победила дрим-тимот една година претходно. Тогаш, не му давав на Боксер да ги става Галис и Сабонис во тимот како појачања, а дилемата Даниловиќ или Комазец, да бидам искрен ми стои и денес кога размислувам за кошарката што ја вдишувавме во 80-те. Останатите беа неприкосновени, Дражен, Перасовиќ, Ѓорѓевиќ, Кукоч, Паспаљ, Здовц, Вранковиќ, Дивац, Савиќ, Раѓа и Зоки Јовановиќ.
Утредента веќе беше скршена секоја дури и микроскопска надеж. Ги видовме Ацо, Јоле и Бисерка во црно и во солзи. Соочувањето со вистината беше болно, доволно нам тогаш, копиљаци од маалски асфалт, да ни покаже колку е безвреден и чуден животот. За такви играчи душа боли и ден денес…
June 7th, 2007
Само како инфо: Тони Паркер ја предводи цела лига у процент на реализација од рекет!?!?!? Тоа е ваљда резултат на муабетот кој го направи со Грег Поповиќ пред почетокот од сезоната у кој Поп му кажа да не ни помислува да шутира повеќе од една тројка по утакмица, барем не додека не го поправи шутот за три.
Онака ми текна…Што НБА дресови имате?
Никад не сум поштуел посебно НБА дрес, иако увек сум сакал да имам еден. Не сум ги купувал затоа што се ограничени за носење, ваљда затоа повише имам фудбалски дресчиња него НБА. Сега кога ќе ми текне, криво ми е што не купуев дресови, ако не за носење барем онака, чисто колекционерски. Ипак, да не се жалам, не сум баш за нигде, имам цели два дреса, али два вредни. Еве ги на слики, сигурен сум дека ги немате у ваша колекција (или се лажам, а?). Хауевр, тој од Дражен ми е единствениот купен дрес у живот, додека тој од Јао вероватно никад не би го купил, а ми е поклон дури од Хонг Конг (али кога ќе размислам боље, баш е кул).
Освен тоа, још једно питање: Има ли некој од вас НБА трејдинг кардс?
December 28th, 2005