Posts filed under 'Легенди'

Омрсување после 17 години постење

horford i buzer

Пред 17 години Албумот на годината го имаше Ерик Клептон со својот Unplugged, Unforgiven на Клинт Иствуд доби Оскар за најдобар филм, а истата година светлото на денот го видоа и филмски класици како Шиндлеровата Листа, Филаделфија, Пијано и страшно добриот In the name of the Father.

Светот го напуштија имиња како Одри Хепберн, Федерико Фелини, Френк Запа, Дизи Гилеспи и на само 23 години – Ривер Феникс.

Истата таа година најдобри на Вимблдон беа Штефи Граф и Пит Сампрас, а повозрасните меѓу вас сигурно добро се сеќаваат на финалната серија меѓу Чикаго и Феникс во која МВП-то на рег. сезона Баркли, иако даде се од себе, не можеше да го спречи три-питот на Булси. Тројката на Пексон во шестата средба ги закопа атрактивните Санси.

Е сеа, постов не е посветен на ништо од гореспоменатото, туку на 13.02. истата таа 1993. година кога со своите 43 поени Доминик Вилкинс им донесе победа на Хоукси од 121-112 сред Солк Лејк Сити.

Од тој датум, па се до синоќа, т.е. цели 17 години, колку што имаат некои од вас кои ја следат МакНБА, Хоукси не успеваа да полетаат во посетите на главниот град на мормоните.

17 години. Пост кој ни најголемиот верник не би го издржал.

“It’s about time. The last time our team won here, I was just a little kid watching Dominique and dreaming I might play in the NBA someday.” – изјави Џо Џонсон, кој убаци 28 поени (11 во задња чет.) за победа на Атланта од 105-100.

Мало олеснување можеби беше изненадувачкото неиграње на Дерон Вилијамс, кој има ситна повреда, но и без него сезонава Јута оствари неколку важни победи. Уште поголема станува оваа победа за Хоукси ако се знае дека момците на Слоун во последните десет средби имаа само еден пораз, од Лејкерси без Коби.

Што се однесува пак до Хоукси, тие продолжуваат со својот “Мистер Џекил и доктор Хајд“ пристап. Оваа средба беше крај на турнејата од четири гостувања на Западот која ја завршија со скор 2-2, иако лесно можеше да се  случи тој скор да биде 4-0. Во Феникс беа изедначени до самиот крај, но направија неколку грешки во финишот, додека во Оукленд во неделата имаа +17 по три четвртини и пак дозволија да загубат од групата граѓани наречени Вориорси.

Сепак, факт е дека ако некој може да се заплетка во главното трио на Истокот, тоа се Хоукси, кои кога се фокусирани можат да победат секого и секаде. Па дури и во Солт Лејк Сити.

Add comment February 23rd, 2010

Продолжен одмор за Аринас + другите лоши момци

arinas so flaster preku usta

Веројатно никого не изненади веста дека Комишот го суспендирал Аринас (и Критентон во пакет) до крај на сезоната. Ова, и покрај големата глупост на Жилберто, не е најдолгата суспензија во историјата на НБА, но причина за тоа може да биде и самиот факт дека нечии други глупости се случиле порано во сезоната од оваа на Аринас.

Еве ден поглед на најдолгите суспензии до сега:

Рон Артест – 73 средби:

Причината добро позната. Малце поагресивното гушкање и поздравување со фановите на Пистонси на трибините на Обурн Хилс, наместо ако нешто му пречеше да се измереше со Бен Волас, кој уствари и ја започна целата работа со својот груб фаул над Рон.

Латрел Спривел – 68 средби:

Вратот на Пи-Џеј Карлисимо си знае најдобро. Прв и последен пат играч да нападне тренер. После ова Карлисимо си остана просечен тренер, но сите почнаа да бегаат од Спривел.

Гилберт Aринас – 50 средби:

Ова е тазе и добро познато. Колку што направи глупсот, Жилберто го изнервира Комишот кој од него направи пример за сите вакви идни прекршоци.

Стивен Џексон – 30 средби:

Другарот на Рон во горенаведеното дело. Има и суспензија од седум средби за пукање со пиштол во воздух пред ноќен клуб во Индијанаполис.

Kермит Вашингтон – 26 средби:

Ретро момент за кој повозрасните имаат слушнато. Удар кој за малце ќе го убиеше Руди Томјанович – играчот. Удар кој ја уништи кариерата на Кермит.

Џермејн О’Нил – 15 средби:

Третиот дел од дружината на Пејсерси која дивееше во Обурн Хилс.

Денис Родман – 11 средби:

Кој би рекол, само 11 средби. И тоа за удирање на фоторепортер во Минеаполис на најнезгодното место.

ПС: Интересно е да се види дека на листата нема многу од оние кои би очекувале да ги видиме, а посебно тоа што нема ни еден член на Бед Бојси. Родман неговата глупост ја направи како играч на Булси.

Add comment January 28th, 2010

Било некогаш…

drazen

Полека поминува цела една деценија во која речиси и да немаме битен НБА играч кој доаѓа од некоја од екс-Ју земјите. Она што некогаш беше можеби и најдобра кошаркарска школа на светот, сега е сведено на едно ниско ниво. Многу ниско во однос на она на кое беше некогаш, но и ниско и во секој друг смисол. Посебно во однос на остатокот од Европа, кој некогаш беше далеку назад, но кој во добар дел сега доминира.

Да, репките на Србија и Словенија беа добри на последното ЕП, а малку се разбуди и Хрватска, но кога ќе се погледне големата слика, во Европа има една вистинска сила, неколку кои тоа посакуваат да бидат, но немаат квалитет за таков потфат и остатокот, кој и не нешто импресивен.

Но, темата не ми беа репките, барем не директно. Муабетот ми е немањето на индивидуален квалитет на овие простори. Суша која трае веќе подолго време. Мојата генерација, како и таа малку постара од мене растеше со големи имиња. Дражен, Кукоч, Раџа, Даниловиќ, Паспаљ, Дивац, Ѓорѓевиќ…и уште доста играчишта. Некои од нив, пред да тргнат да ја освојуваат Европа, а некои и Америка, дури и некои од нас имаа среќа да ги видат во живо, во Парк. Таква чест денес, и покрај поголемите можности за патување и сл. тешко дека имаат нашиве деца. Што е жалосно.

SKOK broj 6 - 02-10-1991 divac

Факт е дека денес нема ИГРАЧ кој е од некоја од бившите Ју-републики. И тоа го нема веќе некое време. Било да зборуваме за некој кој игра во Европа или пак за некој кој игра во НБА, (иако да вредеше некој ќе му фатеше око на некој НБА скаут).

На овој пост, кој планирав да го шкртнам одамна, ме потсетија Марко Лима Јариќ и Роко Лени Укич, кои станаа последните кои се вратија во Европа. Откако ни Роко, а уште помалку Марко добија шанса, си се спакуваа и се вратија таму каде колку-толку ќе играат. И додека Јариќ тешко дека ќе биде ѕвезда и од нешто голема корист за својот тим, Роко останува талент кој еден ден може да се врати во НБА. Еден ден.

По нивното заминување од екс-Ју во НБА останаа девет играчи, бројка која речиси сигурно нема да се зголеми следната сезона.

90041846LM020_NUGGETS_HORNETS

Од тие десет фаци, ниту една не е лидер на својот тим, а единствен со ол-стар настап зад себе е Пеџа Стојаковиќ. Нешто што веќе нема да се повт0ри. Пеџа е се уште дел од Хорнетси, затоа што поради повредите и неконстантноста, никој не сакаше да дила за њего со Њу Орлеанс. Бројките од оваа сезона (11.3 п. и 3.4 ск.) кажуваат за тоа колку е од корист за својот тим.

Пеџа е предводник за квартетот Срби во овие десет. Бројка која добива плус еден ако се додаде Саша Павловиќ (3.7  п. , 2.0  ск.), кој иако е Црногорец, пред две години изјави дека сака да игра за Србија.

Останатите петорица се Словенци, што значи дека немаме Хрвати, кои порано редовно имаа барем еден свој претставник, додека ние и Босанците сме во сосема друг лонец    од кој тешко дека наскоро ќе извадиме, макар и греач на клупа во НБА.

90041349LM025_CAVS_THUNDER

Радмановиќ (6.7 п. и 4.8 ск.), Крстиќ (8.2п. и 4.9 ск.) и Миличиќ (2.0 п. и 2.2 ск.) се останатите тројца Срби, додека Словенија ја има петорката Удрих (12.7 п., 2.5 ск., 4.0 ас.), Драгиќ (7.7 п., 2.1 ск., 2.3 ас.), Вујачиќ (2.3 п., 1.1 ск.), Брезец (0.8 п., 1.7 ск.) и Нестеровиќ (4.0 п., 2.2 ск.).

Кога ќе се спојат сите нивни просеци нема да се добие ниту просекот на еден Леброн.

Од овие десет, 100% е сигурно дека Дарк-О летово ја завршува својата несреќна НБА авантура, а ништо чудно да му се приклучи и Брезец, кој не се изнаигра во Филаделфија. Некој добар збор не заслужуваат ниту Вујачиќ, кој полека го губи кредитот кај Фил, кој се повеќе ги форсира Фармар и Браун од клупа. Рашо, кој и онака не беше од некоја корист и порано. Павловиќ, кој иако се труди, не успева да се избори за поголема минутажа ни во тим како Минесота.

Нешто подобар од оваа група е Радмановиќ, кој де игра, де не игра во лудите ротации на Дон Нелсон.

90043348CP022_Golden_State_

Оние кои си направија кредит и за следната сезона се Удрих, кој е добра алтернатива на Тајрик во Сакто, Драгиќ, кој одлично го мења Неш и сезонава покажува голем напредок во однос на лани и Крстиќ, кој иако не доминира нешто посебно во рекетот е важен дел од едно од најголемите изненадувања оваа сезона. Нормално, тука е и Пеџа, барем додека не му истече договорот.

Се на се, ако се земат во предвид и талентите од екс-Ју кои сонуваат еден ден да заиграат во НБА, ќе се изначекаме дури еден ден повторно не видиме некој кој барем малку ќе потсетува на Дражен или Тони. За некоја сјајна генерација каква што беше и последната заедничка на СФРЈ не станува ни збор.

8 comments January 25th, 2010

Фотка на неделата 78 (2.) – 25 000

kobi 98

Само два дена по големото постигнување на Шек, играчот чива кариера засекогаш ќе се поврзува со Дизелот, и обратно го оствари своето голем достигнување. Во дуелот со Кавси, Коби стана најмладиот играч со 25 000 поени зад себе, тренд на “Најмлад играч со ***** поени““кој од самиот старт на кариерата го следи и кој веќе почнува да го наследува Леброн.

Инаку, кога во јуни 1996 година Шарлот (Хорнетси) го избраа како 13. пик, а веднаш потоа го испратија во Лос Анџелес во размена за Владе Дивац, многумина не ја гледаа големината која во себе ја криеше Коби. Во тоа време и не беше некој голем тренд да се драфтуваат средношколци, но сето тоа се смени после Кеј-Џи и Коби. Сега тој трејд помеѓу Хорнетси и Лејкерси делува смешно, иако и Шарлот измолзе некоја солидна сезона од Владе.

Сепак, Кобстерот, и покрај сите споредби и обвинувања за копирање на Мајкл, е приказна сам за себе, некои го сакаат, а некои го мразат, но нема збор дека дечкото кога ќе се спушти завесата ќе влезе во секоја дискусија за “Најголем на сите времиња“.

А она што е најстрашно, уште не сме виделе се од него. Исто како и од неколку други имиња во Лигата, на кои сепак тој им е лидер.

ПС: Само што ја изгледав Кавс-Лејкерс, во која Коби беше добар, но не и остатокот од Лејкерси, барем не кога беше најпотребно против Кливленд без Мо Вилијамс (месец дена пауза најмалку). Баш заради тоа очекувам вечер експлозија во Њујорк.

3 comments January 22nd, 2010

Фотка на неделата 78 – 28 000

shaq ruki

Веста е од вчера, но се “печеше“ цели 17 и пол години, од првиот ден кога НБА го запозна Шекил О’Нил. Сликата е од руки сезоната на Шек, кога тој на светот му се претстави како доминантна сила каква немало од времето на Вилт Чембрлен. Го паметам од LSU и од стартот на неговата кариера и слободно можам да кажам дека пред него, а уште повеќе по него јас немам видено таква појава на теренот. И тоа само од физички аспект. Чиста доминација. Да не зборуваме за неговата уникатна харизма која нема да може да се достигне и доколку денес се спојат персоните на еден куп НБА ѕвезди.

Уникатен во секој поглед, Шек завчера против Торонто стигна до својот 28 000. поен во кариерата. Да ги убацуваше слободните малку попрецизно, како што рече и самиот тој, сега ќе го славеше својот 30 000. поен. Но, никој не е совршен.

ПС: Пред него се, и скоро сигурно ќе останат Карим, Карл Мелоун, Мајкл и Вилт. Па и не е така лошо друштво, иако во следните десет години очекувам некои денешни главни фаци да го престигнат.

8 comments January 21st, 2010

Сафра

Го нема Леброн, ниту пак било кое битно НБА име. Без навреда за Џералд Волас, кој единствен од оваа група и има некаква НБА вредност и кавлитет еден ден (можеби и годинава) да биде дел од главната Ол-стар вечер. Лани Леброн се испрде…и спомна дека ќе куца во Далас. Се спомнуваше и дека Доминик го убедува Џош Смит на камбек доколку Леброн навистина куца. Па и Двајт се спомнуваше последниве недели. Ама јок, ц.

Наместо тоа ги имаме Валас, Шенон Браун, еден од Ерик Гордон/Демаркус ДеРозан и сафрата наречена Нејт Робинсон. Во клипот погоре е последниот вистински натпревар во куцање со имиња кои значат нешто и кој слободно може да се нарече – историски.

Nate Robinson of the New York Knicks will attempt to become the first three-time winner of the slam dunk competition when he defends his title in Dallas. Robinson will compete against the Charlotte Bobcats’ Gerald Wallace and the Los Angeles Lakers’ Shannon Brown.

The Toronto Raptors’ DeMar DeRozan and the Los Angeles Clippers’ Eric Gordon will compete in the NBA All-Star Slam Dunk-In, a single-round slam dunk competition that will be held at halftime of the Rookie Challenge.

LeBron James announced during last year’s dunk contest that he would compete this season, but he is not scheduled to appear. Many have speculated that LeBron would be allowed to compete up until the start of the contest, should he change his mind.

11 comments January 18th, 2010

Топ 10 за 50-та на Ник

Г-динот Доминик Вилкинс вчера наполни 50 години. Среќен роденден за човекот кој го смени начинот на кој денес се гледа на забивањата и чив наследник, барем во тој аспект, се уште не се нашол. Нормално, Ник беше многу, многу повеќе од The Human Highlight Film, но за тоа во некоја друга прилика.

Нек се угоде…

Add comment January 13th, 2010

Previous Posts


Календар

March 2010
M T W T F S S
« Feb    
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  

Архива

Категории