Posts filed under 'Играчи'

Штета

Photobucket

Родни Роџерс - човекот со едно од најимпресивните торза во историјата на НБА ја доживеа таа судбина да биде парализиран од рамењата надолу. Така јавуваат медиумите од САД. Родни паднал возејќи се со својот АТВ или кај нас попознат како КвадБајк.Уште еден доказ дека играчки од типот на мотори или такви, КвадБајкови нема да ти донесат ништо добро.

Искрено, жал ми е за Родни, но исто така би ми било жал кога вакво нешто би му се десило на било кого. Во сите екипи во кои играше Род, а ги имаше доста, тој важеше за голем пријател со соиграчите и некој кој никогаш не правеше проблеми. Според она што може да се прочита во линкот погоре, се чини дека така скромен и секогаш подготвен да помогне останал и по крајот на кариерата. Род беше дел од неколку трампи за играчи кои станаа попознати по него, но барем за мене ќе остане засекогаш запаметен како играчот со една од најискрените насмевки и секако, одлично развиеното торзо. Се надевам дека оваа негова ситуација нема да трае долго и дека пак ќе застане на нозе.

3 comments December 4th, 2008

There Can Only Be One

21 comments June 14th, 2008

Дивац се “смири“

by Retry

Изминатиов викенд (сосе петокот) трае т.н. (од страна на организаторот) “хуманитарен спектакл“ на официјалното збогување на Vlade со играњето кошарка (барем) на официјални средби, што е доволен повод во овој, како што рече Енко, тапа кошаркарски период, барем малку да му се посвети внимание.

Според мене, настанот е хуманитарен, бидејќи Vlade одлучи да се прости на малку понеобичен начин од оној на останатите спортисти од ваков калибар се простуваат, а го доживувам како спектакл не поради фактот што има журки, турнири, отворање музеи и слично, туку поради имињата (посебно дел од поранешните и актуелните NBA фаци) кои ќе земат учество и кои се специјално поканети.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Sasha who?

Под знак прашалник ми се единствено две работи. Првата, по која основа Pop допатува во Београд, и втората, како успеа Sasha Vujacic во таа цела една година помината со Vlade во Lakers да му стане толку добар пријател, со што би заслужил специјален третман од страна на организаторот и да биде ставен во ранг со, на пример, другиот, вам секако многу попзнат, Sasha. Како и да е, барем Scot Pollard ќе може да се пофали дека конечно некој му го препиша епитетот NBA ѕвезда, а згора на тоа на еден од турнирите беше пријавен за шутирање на трици !!!

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket
NBA ѕвезда

Сепак не ми е толку муабетот да пишувам за самиот чин на одбележувањето на повлекувањето на Divac (на интернет врие од информации за тоа), туку да се осврнам на моите впечатоци за неговата играчка кариера, која ја пратев речиси целосно, ако како почеток го земам неговото деби за репрезентацијата на SFRJ. Се надевам многумина ќе се сложат со мене.

Нормално, не мислам да издвојувам се и сешто од неговото кошаркарско патешествие, секако повеќето настани во кои Vlade бил главен актер ви се добро познати, без разлика на генерацијата на која припаѓате. На крајот од 2001 или почетокот од 2002 година, во периодот на реизлегувањето на списанието Showtime, Љупчо ми покажа една ствар која успеал да ја ископа, а и мене ме запрепасти како голем љубител на “Политикин Забавник“ (не овој сега што искача, туку неговиот претходник, СФРЈ-скиот).

Нормално не обраќав внимание на рубриките како “Писма“, туку повеќе ме занимаа Паја Патаци, Хогари, Хи-Мени, кошарки, фудбали, музики, …, а и да сум обрател внимание или сум бил премал да сфатам (јес да според татко ми една од првите работи што сум ги прочитал дури и пред да сум научил да читам :D било баш “Политикин Забавник“) или едноставно човекот (поточно детето) у тоа време никој не го знаел(о), а и со право пошто бил од некое си место Пријепоље (така ли се викаше J ).

Го пренесувам како што стои таму од збор до збор (скенираната форма е малку нечитлива, а и “папирусот“ би се распаднал), се рабира без ќ-то и ѓ-то J :

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

НЕЌУ ВИШЕ ДА РАСТЕМ!

Имам 14 година, а висок сам 188.5 цм. Интересује ме постоји ли било који начин за заустављање мог вртоглавог раста? Молим што прецизнији одговор.

Владе Дивац, Пријепоље

Одговор: Да бисмо могли било што да ти одговоримо, морамо много више да знамо. Питање је, рецимо, дали је твој раст заиста вртоглав? Можда јесте, а можда су твоји родитељи високи. Ти си сад у пубертету, кад хормони “раде“ па се брже расте. Али да не нагаѓамо, најбоље је да се обратиш школском лекару који ќе на основу прегледа и потребних анализа реќи дали је у питању вртоглав или нормалан раст.

Политикин Забавник 1.11.1982

Лошо му одговориле, да сум бил уредник у тоа време би му рекол да почне да игра баскет, па да иде у репрезентација, па да се пријави на драфт у NBA, па да го земат Lakers, … А можда и го послушал одговоров и отишол кај лекарот, па овој му го кажал истото, абе судбина, шта ќеш.

http://youtube.com/watch?v=XukzRQxmjBs

колку се сакале Divac и Drazen

За првпат, високото, слабичко дете го видов на натпреварите за репрезентацијата на СФРЈ на светското во Шпанија 1986, иако сликите ми се малку повеќе замаглени, сепак се сеќавам како постариве коментираа кога Југославија го загуби полуфиналето од “Сабониси“: “… кај му ја дадоа топката на детево, па што го повикале за репрезентација, чиј син си ти, …“ и со тоа и мене ми стана материјал за потсмевање, поготово што имаше некаква изгубена фаца, која со некоја брчка повеќе ја задржа и до денес.

А вистина дотогаш Vlade си напукал каква-таква километража низ југословенскиот кошаркарски свет, во Елан, Слога, Партизан. И можеби затоа ми изгледаше како изненадување што игра за репрезентација бидејќи уште у тоа време имав некаква одбивност спрема Партизан било да станувало збор за кошарка, фудбал или било кој друг спорт, па секогаш гасев телевизор кога пренесуваа некој “партизански тим“.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

“репрезентативен Divac“

Подоцна испадна дека се работи за голем талент кого америте одма го пикираа, а у тоа време тешко беше да се оди у NBA, дури и за ѕвезди како Petro и Marciulionis, па се слушаа коментари, што по медиуми, што на улица, дека штом иде у NBA па уште и у Lakers, онда мора да е јак играч, или пак, лесно е за таквите високи играчи да идат у NBA, потешко е за бековите, итн. Во контекст на тоа често у маало се вртеше еден муабет, како на еден егзибициски натпревар пред почетокот на Divac-овата дебитантска сезона, у една контра Vlade сам, наместо да скуца, лагано си положил, што и не е нешто страшно, но тогаш веќе пензионираниот Kareem откако го видел тоа, по натпреварот му “залепил една“ на играчот од кого не се очекувало да биде негов наследник, но барем донекаде да ја попуни празнината што настанала под кошот на Lakers со неговото заминување.

После испадна и дека муабетот бил вистина, а Vlade потрошил доста време со Jabbar на тренинзите со цел да стане поексплозивен под кошот.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

дуел на 5-ки, против Lambeer

http://youtube.com/watch?v=a9QX-Vzz3Po Vlade vs. Bulls

Така Vlade заедно со Magic стана еден од виновниците што досега сум верен навијач на Lakers, иако и пред да дојде кај езерџиите, веќе некоја година ми беа омилен тим. А неговата игра беше за мене пријатно изненадување поготово у playoff-от кога у финале на западот беа совладани тогашните фаворити Portland, и у финалето на NBA против Chicago, во услови кога беа повредени Scott и Worthy, па тој мораше да игра втора виолина у својот тим покрај Magic.

Просекот од 18.2 поени, 8.8 скокови и 2.4 блокади беше веднаш зад Magic-овиот во финалните 5 утакмици, и комплетно ги надигра Grant и Cartwright. Успехот на Divac беше уште поголем што и низ сезоната успешно се носеше со тогашните противнички центри (ако знаеме дека во тоа време имаше голема конкуренција на позицијата C), во период кога еден Petro уште се мачеше закован на клупата и немаше буквално никаков придонес за тимот за кој настапуваше. Неговиот полухорог шут се почесто почна да се спомнува низ маало и веќе почна да си го цементира статусот на “наша“ ѕвезда и по распаѓањето на Југославија. А така се случуваше и пошироко. По повлекувањето на Magic и Worthy тимот на Lakers остана да се гради околу нови дечки, но пред се околу Divac, и иако не ги постигнуваа успесите од времето на Showtime-от, сепак им правеа многу проблеми во playoff-от на јаките тимови од западот.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket
Vlade у не-Lakers тим

Многу ми падна жал кога го трампаа во Hornets за некоја сеуште недокажана средношколска ѕвезда (за среќа, после се докажа), иако знаев дека со Shaq во тимот ќе биде само негова замена. И излезе добро за него бидејќи воопшто не падна во формата, а и беше главниот виновник заедно со Rice и Mason што повторно го дигнаа тимот на нозе и го однесоа во playoff-от.

Епизодата со Kings беше неговиот најзрел период од играњето во NBA, кога и беше најблиску до титулата, во што го спречи неговиот поранешен тим. Во тој период (крајот на ’90-ите и почетокот на новиот милениум), човекот со загубена фаца имаше статус на татко и во Sacramento и во репрезентацијата.

Речиси сите негови соиграчи изјавуваа дека тој е столбот на екипата, дека тој е човекот кој ментално ги засилува и ги мотивира. Последните две сезони во Sacramento полека годините почнуваат да го запираат и за првпат по дебитантската сезона остварува просек на поени помал од 10 (и во двете сезони по 9.9). Последната сезона во NBA ја поминува повеќе симболично (можеби и заради Shaq J ) враќајќи се во тимот каде што и го започна патешествието во најсилната лига во светот, настапувајќи само на 15 натпревари.

Со тоа можеби сакаше да каже дека сепак во Lakers го поминал најдобриот период во NBA, иако големи пријателства и убави спомени стекна и во Kings, што го потврдува и доаѓањето на Stojakovic, Webber, Jackson и Pollard во Београд деновиве.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

повторно каде што припаѓаше

Многумина ќе го паметат повеќе по малерите како од 1986 на светското (губењето на топката во последните секунди против СССР), 1995 во полуфиналето на западот (пормашените слободни фрлања во последната минута против Spurs), 2002 во финалето на западот (ненамерно исфрлената топка до Horry во последните секунди против Lakers), 2002 на светското (промашените слободни во финалето против Аргентина), … отколку по успесите.

http://youtube.com/watch?v=WV3nfHqdptg

баксуз

Некои ќе го паметат и како единствен играч покрај Hakeem и Kareem кој во кариерата постигнал барем 13000 поени, 9000 скокови, 3000 асистенции и 1500 блокади, иако статистики од типот на постигнување на барем 11982 поени, 10897 скокови, 6897 асистенции и 1387 блокади воопшто не ми се допаѓаат. Но верувам дека добар дел го делат мојот впечаток дека Vlade Divac е неверојатно ретка интелигентна кошаркарска фигура, и без разлика на ситуацијата во која се наоѓал секогаш го давал својот максимум.

Никогаш не бил ниту класична ѕвезда ниту класичен “носач на цигли“, туку комплетен играч што тимот за кого играл го правел многу подобар отколку без него и секогаш го правел конкурентен. Неговите пасови, хороци, емоции и дрски потези (како забивањето у фаца на Mourning по претходно добиената блокада во истиот напад, и кошот од свртување против Shaq) секогаш ќе ми останат врежани во мозокот. Сигурно сега на репрезентацијата на Србија добро би и дошол играч како Divac па да се искоренат натрупаните девијантни појави (читај миличичи).

А за останатите кои појма немаат за што зборам можеби е најдобро да го посетат recently отворениот музеј на Vlade во родното Пријепоље, каде и јас лично планирам некогаш да отидам.

http://youtube.com/watch?v=_AbpT7VzKZo

трибјутот од Kings-и

14 comments September 24th, 2007

Френчајз но мор

Јас и Шеп уште првата секунда по трејдот на Френсис од Орландо во Њујорк, тоа го оценивме како пропаст. Но, кој не слуша нас.

Photobucket - Video and Image Hosting

Сега по се изгледа Стиви ќе стане само уште еден во низата играчи на Њујорк (Мутомбо, Џ.Роуз, Mo Тејлор…) кои ја имале таа чест да им биде откупен договорот според кој заработувале колку што е и буџетот на некоја банана република, како нашава.

Но, тоа не е мој проблем. Она што мене не ми е јасно е - Како е можно еден играч за толку кратко време да падне толку ниско?

Мислам, не зборуваме за некој кој имал само една-две добри сезони во лигата, па потпишал дебел договор на превара. Не случајно прекарот на Стиви му беше Френчајз, а кога играше во Рокетси беше еден од најкомплетните комбо бекови во лигата, често со просек од преку 20 поени и над пет скокови и асистенции.

Јасно на сите им беше дека Орландо е оштетен со трампата во која го пратија Мекгрејди во Хјустон за Стиви, неговиот најдобар другар Мобли и Келвин Кејто, но Ти-Мек си бараше трејд, а во таква ситуација е многу тешко да се најде тамам компензација преку трејд. Видете ги само Сиксерси сезонава со Ајверсон, или Лејкерси со Шек пред некое лето.

Мене Стиви, барем до последната сезона во Хјустон, ми беше еден од поомилените НБА играчи. Не само поради тоа што можеше буквално се да направи на теренот, него и поради тоа што редовно беше некако во сенка на другите, попознати фаци од поголемите клубови. Некако ми беше аутсајдер во секоја приказна, а тие, нели, секогаш се попривлечни да се навива за нив.

Photobucket - Video and Image Hosting

Арно ама, уште во првиот момент кога Френсис почна да отсуствува од утакмиците на Рокетси поради неразјаснети причини, а во секој извештај беше наведувано дека причината се главоболки - знаев дека има нешто. После тоа се испостави дека Стиви навистина имал проблеми со мигрена, но и дека одбивал да биде третиран од тимските лекари. Тоа само уште повеќе го направи сомнителен за сите во Хјустон. Тоа и неможноста никако да ги издигне Рокетси над првата рунда, иако рака на срце, имаше феноменален просек од некои 29, 7, и 9 (мислам) во онаа серија со Лејкерси пред три години.

Кога па уште изјави дека ако го трампаат другар му Мобли тој не би сакал да остане во Хјустон, тука почнаа сите приказни дека момакот не е сериозен. Да не зборувам за оние злобните во кои се трачаше дека можеби се и нешто повеќе од само другарчиња со Катино.

Бидна трејдот на Флорида и во првата сезона Стиви беше доста добар. Но, само што уследи втората сезона во Орландо почнаа проблемите. Да не спомнувам и дека и се налути на управата на клубот кога го трампаа Катино?!?!?

Тука некаде падот на Френсис започнува, а кулминира со трејдот во Никси - рупата за играчи како него. Во немилост на Браун, миленик на Ајзеа и сосема разбирливо со оглед на тоа каква улога имал во клубовите во кои играл порано, неспособен да се навикне на Никси. Нешто на што не може да му се замери со оглед дека таму тешко дека некој може да се вклопи.

Оваа година Френсис е повеќе дух, отколки НБА играч. И тоа што го изигра како да не го изигра. Никој не го видел, ни приметил. Сега веројатно следува и откуп и подолг период без клуб, затоа што со повредено колено тешко дека некој ќе го поптише.

Photobucket - Video and Image Hosting

Јас искрено, сакам да го видам стартиот Френчајз, ама ни еден играч не успеал да застане на нозе после чистилиштето наречено Њујорк. Да се надеваме дека тој ќе биде исклучок.

10 comments February 27th, 2007

20 илјадараки

Photobucket - Video and Image Hosting

Сабајлево Ајверсон стана само 30-от играч во историјата на лигата со најмалку 20 000 поени зад себе. Покрај тоа, тој со 713 средби до сега е шести на кој тоа најбргу му пошло од рака. Еве и линк на кој ги имате другите пет легенди побрзи од Ален, како и сите 30 играчишта со 20 илјадарки во кариерата.

Свака част, мајсторе!

ПС: Да чујам мафијашките имиња два поста подолу, како и вашето мислење за Далас или Феникс?

8 comments January 24th, 2007

Фотка на неделата 10 - Каде сега?

Photobucket - Video and Image Hosting

Пошто немаше ништо за клоцата за неупотребливиот Вебер од Сиксерси, ај да утепам две муви со еден удар. На сликата го имаме Вебер во времето кога значеше нешто во лигата и кога барем делумно ги оправдуваше милионите кои си буташе во перница. Делумно, затоа што никогаш не беше материјал на играч кој ќе биде лидер и кој ќе ги однесе Кингси таму каде браќата Малуф мислеа дека може да ги однесе.

Филаделфија нормално дека не сакаше да фрла во бунар уште некои десетина милиони оваа и ненормални 22 милиони следната сезона. Повеќе пари од буџети на некои банана-републики. Вака, двете страни се договорија на откуп и Крис е слободен играч, а Сиксерси можат да си го продолжат процесот на реконструкција кој започна со трампата на Ајверсон.

Што се однесува до Вебер, Детроит, Далас, Мајами и Орландо, а можда и Лејкерси се тимовите во кои тој би сакал да заигра, а и кои го бараат. Најверојатен е потписот со Детроит, поради корените кои ги има во Мичиген, но ништо чудно ако се одлучи за Мајами, со кој ќе биде поблиску до титулата него со Пистонси.

Далас мислам дека е само желба на Крис и ништо повеќе, а Орландо би можел, ама мислам дека нема да поптпише ветеран кој би ја скратил мината на, можеби не на Двајт, ама на Дарко - да. Плус, имаат многу “добро“ искуство со играчи склони на повреди. Лејкерси после повредите на Квами, Одом и Мим веројатно би сакале да го видат Крис во жуто, а и типот не би имал проблеми да се вклопи во триаголникот на Фил. Сепак, со оглед на неподвижноста тешко дека ќе се вклопи и во дефанзивните шеми на Фил.

Така, ни остануваат Детроит и Мајами. Одлуката е на Вебер, кој не дека е целосно истрошен и сигурно има што да понуди за квалитетна екипа, ама па и не е играч на кој било клуб би одлучил да фрла пари. Посебно не 20 милиони.

6 comments January 12th, 2007

А Мело?

Photobucket - Video and Image Hosting

Дали е доволно една глупост да ти ги уништи шансите да бидеш Ол-Стар?

Тоа ќе го дознаеме за некои 20-тина дена кога ќе бидат познати и резервите за во Вегас. Во игра за крилните места на резерви на Западот се Бузер, Новицки, Мерион и Џош Хауард, а и Зек Рендолф како лидер на единствениот лузерски тим од овие фаци. Можда и Елтон Бренд. Тројца од нив, заедно со Мело, во пакет со стартерите кои би требало да бидат Гарнет и Данкан, ќе се журкаат во Вегас. .

Дирк дефинитвно е сигурен и би требал без сомнеж да биде и стартер на местото на Тимчо, барем според тоа како игра сезонава, а и лани и преклани… Е сеа, Бренд - не верувам, ипак Клиперси се далеку од ланската форма, а и Елтончо некако ми игра под стандардите кои сам си ги постави последниве години. Зеко е ОК, ама па Блејзерси се бедни, а и тој не ми е лик за на Ол-Стар, иако 100% ми е лик за во Вегас..

Хауард е десната рака на Диркулес, исто како и Мерион во комбо со Амари на Нешти во Феникс, еден од нив сигурно патува, али кој, не знам. Мој тип - Метрикс. Подолго му е резимето. А и покомплетен играч е и има повеќе што да понуди од Џош на спектакл каков што е Ол-Старот. Јас да одлучувам, ни еден од нив не би го пратил во Вегас, нивното место би го дал на Бузер, кој со Дерон Вилијамс е газда во Јута сезонава..

Како трето крило после Дирк и Бузер, доаѓаме на темата, би го испратил Мело. Ипак одигра 26 средби до сега на кои стигна до 1.место на листата на стрелци со просек од 31.6 поени. Има доста играчи кои поради повреди настапија на толку, ако не и помалку утакмици, а и кои имаат послаби сезони, а кои ќе бидат во игра за место во Вегас. За мене Ол-Старот отсекогаш бил место каде ќе се соберат најголемите НБА фаци, а не она во што се претвори во последно време со ликови како Бен Волас за стартери. .

Мело без никаков сомнеж е една од Топ 20 ѕвезди во лигата, а ако толку им смета на тренерите бруката на Мело од Њујорк, нека се сетат на нивната брука лани кога не го избраа за место во Хјустон, иако момакот целосно си го заслужи тоа.

Свој став има имаат и на CNNSI.

1 comment January 10th, 2007

Previous Posts


Календар

December 2008
M T W T F S S
« Nov    
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  

Архива

Категории