Posts filed under 'Играчи'

Технички проблеми не спречија да ја опееме неделната Олстар бајка која и не беше толку бајкеста

Проблем со серверите не оддалечи од терените едно 2-3 дена.

Веројатно сите го изглеавте Олстарот, а до сеа кој не го изгледа во живо, сто посто го фати репризно, или па глеал хајлајтс онлајн.

Не беше баш најинтересниот Олстар у питање, иако вака навидум, фино беше све..

Во моментов немам време а и инспирација поради терсенето сервери, а сакав да напишам една песничка за обединувањето на Коби и Шек, кое за мене беше како во бајка (фалеше коа им го даваа трофејот онака виножито, водопади, еднорози да почнат да шетаат). Во секој случај, местено или не (а факат чим ја тврдам дека е местено, значи стварно е), Штерн си направи убава реклама, а Шек и Коби си додоа уште една графа во биографиите.

Што се тиче самата утакмица – она што го спомнав уште во постот за изборот на резервите, а и после тоа коа Бош се повреди – дека Истокот нема висина, допринесе да се дешава разврат во нивниот рекет (затоа и Шек потсети на старите денови, коа го чуваше Рашард Луис).

Друга ствар; иако сум најголем Коби фан, не можам и да не му замерам на Мамбата дека апла се гледаше дека е дојден да се докажува. Ама го разбирам, па чак можда и да го оправдувам до негде. Факт е дека уште долго нема да го надмине Шек комплексот. Самото присуство на Шек му направи да се осеќа потишетно веројатно, и му роди желба да се докажува. Анксиозноста на Брајант можеше да се примети и по интервјуата и снимките и све што се случуваше. После фристајлот од летоска, коа Шек пееше “Kobe can’t do it without me” и нешо со “Kobe in my ass” или сл., малце почнаа да им се мењаат улогите. Ако Шекил беше “жртвата” на ароганцијата на Коби, сега Шек е баш злоставувач, шо му се сити на слабите моменти. Со неколкуте изјави дека Коби е најдобар, дека многу го почитува и со “The Big Legendaries” Дизелот проба да се искупи, ама тешко.. На пример, целиот муабет со тоа дека Коби му дозволил на Шек да го земе трофејот да им го покаже на децата дома, ја не глеам гест на доброќудност, туку гест “нејќам да иам ништо со тебе”. Самата изјава дека ова било Олстар ко Олстар, си поиграле, се забавувале и нема сеа да стануваат носталгични, кажува многу за ставот на Коби према работите.

Некои злобници коментираат дека и Шек имал мотив да се докажува, пошто можно е да биде трампан. Истото важи и за Амари, кој веројатно ќе заврши во Чикаго за Тајрус Томас и некоја боранија.

На Истокот, тазешишаниот старец Ајверсон имаше слаба минутажа, ама затоа се изнаиграа Ален и Луис. Дебито на Мо Вилијамс не беше ништо спектакуларно, уствари ништо немаше спектакуларно воопшто. ЛеБрон нешто се дивеше, ама ЛеБрон секогаш е здивен

И така, уствари ај доста за Олстарот, да нафрлиме само неколку трејд муабети:

  • Чендлер трампан за Џо Смит и Крис Вилкокс во Оклахома (Џо Смит ќе биде првиот играч што играл за сите НБА тимови). Чендер даваше 8 кома нешто поени по натпревар, од кои по 6 беа од цепелини на асистенции од Крис Пол. Сега ваљда Вилкокс ќе се опроба?
  • Сем Е.Т. Кесел трампан у Сакраменто за некој пик. Не дека ќе заигра.
  • Картер можно е да му се приклучи на братучед му у Хјустон, у трампа у која би бил уклучен Рон Артест. Картер го бара и Сан Антонио, и тоа за него го нуди БРУС БОУЕН и Роџер Мејсон, кој е Џуниор. Го бара и Портланд.
  • Кливленд сака да го донесе Ентоан Џејмисон. Го дава Шчербијак (и ја би го дал, ама не би го зел).
  • Марк Кјубан е заинтересиран за сите.
  • Се вртат имињата на Реф ЛаФренц, Бред Милер, Малик Роуз.. испукани куршуми..

И така, се надевам не ве избедира тоа што падна блогов у најинтересното..

5 comments February 17th, 2009

Ж’т грд брк, или “се сеќава ли некој на Адам Морисон?” + тројки ќе шутираат секакви ликови

Некако све се погодуе да се поврзани вестиве со Лејкерси. Фил Џексон овој пат си имал (или па не) работа со Мајкл Џордан.
Имено, денес Л.А и Шарлот направија трампа у која Радмановиќ беше испратен во Бобкетси, а Адам Морисон и Шенон Браун дојдоа во Калифорнија.

Прашање на време беше кога Радман и од овде ќе го набркаат. После “сноубордот” лани, и “гужва беше” оваа сезона, а и тоталната нестабилност која му е главна карактеристика, ц.к. на Лејкерси веројатно се сети дека таков играч може само да им одмогне у походот до титулата и затоа, многу логично, се ослободија од него.

Меѓутоа, како на Лејкерс фан, мене многу поинтересни ми се двата лика кои дојдоа во тимот него ли Радман.

Прво, Адам Морисон, најмрсниот брк у историјата на НЦАА, НБА и пошироко.

У акција:

Али денес се има уљудено, а и РАТМ фан е, и затоа мора да го поштуеме:

Него, муабетот е дека Адам Морисон, кој беше супер-ѕвезда у тимот на Гонзага у сезоната 2005-06, шибаше тројки и све со ред, доби награда за Колеџ Играч на годината, у НБА го снема. Беше драфтуван ко трет пик на драфтот кој бар ја го памтам ко драфт на кој многу НЦАА ѕвезди беа избрани, али кој од кој поголема пропаст. Сепак, таа година (6ти пик) излезе еден Брендон Рој, Руди Геј (8ми), Рондо (21ви) и толку. Ај да речеме дека и Олдриџ (2) и Барњани (1) оправдале колку толку високиот избор.  Другото све пропало. Шо знам, Редик, Шелден Вилијамс, Џош Бун, а ете и другиот што има удел у трампата, Шенон Браун беше избран на тој драфт.

Што се тиче Морисон, он уствари имаше солидна руки сезона, ама се повреди, па испушти цела сезона, и никако да се врати на старите патеки. Циниците не забораваат да спомнат дека неговиот избор на драфтот е “првиот потег на Џордан како оперативец на Шарлот”.. а и во право се’. Како и да е, највише што може Морисон во Лејкерси, да убаци по некоја тројка.

Шенон Браун ми е тотална непознаница.

Радмановиќ у Шарлот пак.. ________________.

Од другите вести: Ко што Ритрај кажа у коментари, жири-комисијата на Леброн му го поништи трипл-даблот против Никси пошто демек едниот скок не бил негов него на Биг Бен. На Крис Вебер му го повлекоа дресот у Сакраменто (цел пост за тоа да клаам не ми иде). Милвоки ќе прогласи стечај пошто до крај на сезона нема да ги има ни Богут, ни Ред, ни Риднаур. Рашид може да биде трампан, а Мекдајс има шанси да биде стартер за Детроит. Кевин Дурант го доби Грег Оден во нивниот прв дуел. Бостан после вториот пораз од Лејкерси не си дозволи да затера пак на лошо и ги тепаа Никси.

Иначе, објавено е кој ќе пуца тројки. Актуелниот шампион Капоно ќе се такмичи со Рашард Луис (да не му биде џабе идењето у Феникс), Мајк Биби од Атланта, сумњивиот Деквон Кук од Мајами (на фотос), ѕверот Гренџер од Индијана и Роџер Мејсон од Сан Антонио.

4 comments February 8th, 2009

Орландо со само тројца играчи на Олстар

Олстар играч

Резерви на Исток:

F – Chris Bosh, Toronto Raptors. Па и место му е на Олстар. Торонто не дека се некој сјај оваа сезона (жива тапа), ама Бош си е стандардно квалитетен и атрактивен.
F – Rashard Lewis, Orlando Magic. Жива дубара. Не е избран зашто е он лично нешто надпросечен, ами зашто неговиот тим растура. А во неговиот тим многу побитен е, да речеме, Хидајет Туркоглу. Место него требаше да биде избран Игудала.
F – Danny Granger, Indiana Pacers. Гренџер игра феноменална сезона иако не може да го спречи тонењето на Индијана, далеку од плејоф. Експлозивен, агилен, рипа, скока, шутира, трча, а и го личи.
F – Paul Pierce, Boston Celtics. МВП на финале и предводник на актуелниот шампион и најдобриот тим во Лигата. Мене лично ме нервира, ама ќе беше криминал ако не го избереа.
G – Devin Harris, New Jersey Nets. Момакот игра фантастично. После Неш, уште еден пример за њухот на Марк Кјубан. Може да има добри цепелини со Двајт и Гарнет и сл.
G – Jameer Nelson, Orlando Magic. Е овој само ради цепелините со Двајт му го оправдувам изборот. Пак “Туркоглу” аргументот би го употребил тука, ама да не се повтарам. А ако више одиме према тоа чив тим како игра, можда можеше на негово место да биде избран Мо Вилијамс.
G – Joe Johnson, Atlanta Hawks. Лидер на Атланта, а на Атланта изненадно добро им до сеа. Немам замерки.

Запад:

C- Shaquille O’Neal На општо задоволство, Шек и Коби пак заедно. Бар за една утакмица. Шекот освен што е име, има и добри бројки оваа сезона.
F- Pau Gasol. Лејкерси газат, а после Коби, Гасол е човекот. Иако никад не се уклопува на Олстар утакмици, мораше да биде избран.
F- David West. Оваа сезона е послаб од лани, а и Њу Орлеанс не е толку доминантен (лани беа први на Запад ова време, сеа не се први ни у дивизија). Ако на Запад не играше Ал Џеферсон, ондак ќе можеше да се проголта ова. Па можда и Кармело, кој синоќа се врати со феноменална партија.
F- Dirk Nowitzki. Пошто пото избор, како и неколку други. Немецот си игра стандардно на ниво, иако Далас оваа сезона веќе не е елита, да не речам може да не биде ни плејоф.
G- Tony Parker. Сан Антонио никако да опаднат у форма, а годинава Паркер е скроз препороден (фамилијарен чоек е сеа). Ме нервира, ама шо да му праиме.
G- Chauncey Billups. Сите викаат дека он го препородил Денвер. А и го личи на Олстар.
G- Brandon Roy. Новата генерација Блејзерси се јаки, а лидер им е Рој. Тамам.

Сума сумарум, среќа ги нема ни Ји Ли ни Брус Боуен. Малце досаден ми се глеа тимов на Западот. Мислам, Данкан, Јао, Пау, Дирк, Паркер, Чонси, Вест наспроти Двајт, Леброн, Гарнет, Гренџер, Џонсон, Вејд.. неспоредливо. Исток ќе тепа пак.

8 comments January 31st, 2009

Штета

Photobucket

Родни Роџерс – човекот со едно од најимпресивните торза во историјата на НБА ја доживеа таа судбина да биде парализиран од рамењата надолу. Така јавуваат медиумите од САД. Родни паднал возејќи се со својот АТВ или кај нас попознат како КвадБајк.Уште еден доказ дека играчки од типот на мотори или такви, КвадБајкови нема да ти донесат ништо добро.

Искрено, жал ми е за Родни, но исто така би ми било жал кога вакво нешто би му се десило на било кого. Во сите екипи во кои играше Род, а ги имаше доста, тој важеше за голем пријател со соиграчите и некој кој никогаш не правеше проблеми. Според она што може да се прочита во линкот погоре, се чини дека така скромен и секогаш подготвен да помогне останал и по крајот на кариерата. Род беше дел од неколку трампи за играчи кои станаа попознати по него, но барем за мене ќе остане засекогаш запаметен како играчот со една од најискрените насмевки и секако, одлично развиеното торзо. Се надевам дека оваа негова ситуација нема да трае долго и дека пак ќе застане на нозе.

6 comments December 4th, 2008

There Can Only Be One

21 comments June 14th, 2008

Дивац се “смири“

by Retry

Изминатиов викенд (сосе петокот) трае т.н. (од страна на организаторот) “хуманитарен спектакл“ на официјалното збогување на Vlade со играњето кошарка (барем) на официјални средби, што е доволен повод во овој, како што рече Енко, тапа кошаркарски период, барем малку да му се посвети внимание.

Според мене, настанот е хуманитарен, бидејќи Vlade одлучи да се прости на малку понеобичен начин од оној на останатите спортисти од ваков калибар се простуваат, а го доживувам како спектакл не поради фактот што има журки, турнири, отворање музеи и слично, туку поради имињата (посебно дел од поранешните и актуелните NBA фаци) кои ќе земат учество и кои се специјално поканети.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Sasha who?

Под знак прашалник ми се единствено две работи. Првата, по која основа Pop допатува во Београд, и втората, како успеа Sasha Vujacic во таа цела една година помината со Vlade во Lakers да му стане толку добар пријател, со што би заслужил специјален третман од страна на организаторот и да биде ставен во ранг со, на пример, другиот, вам секако многу попзнат, Sasha. Како и да е, барем Scot Pollard ќе може да се пофали дека конечно некој му го препиша епитетот NBA ѕвезда, а згора на тоа на еден од турнирите беше пријавен за шутирање на трици !!!

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket
NBA ѕвезда

Сепак не ми е толку муабетот да пишувам за самиот чин на одбележувањето на повлекувањето на Divac (на интернет врие од информации за тоа), туку да се осврнам на моите впечатоци за неговата играчка кариера, која ја пратев речиси целосно, ако како почеток го земам неговото деби за репрезентацијата на SFRJ. Се надевам многумина ќе се сложат со мене.

Нормално, не мислам да издвојувам се и сешто од неговото кошаркарско патешествие, секако повеќето настани во кои Vlade бил главен актер ви се добро познати, без разлика на генерацијата на која припаѓате. На крајот од 2001 или почетокот од 2002 година, во периодот на реизлегувањето на списанието Showtime, Љупчо ми покажа една ствар која успеал да ја ископа, а и мене ме запрепасти како голем љубител на “Политикин Забавник“ (не овој сега што искача, туку неговиот претходник, СФРЈ-скиот).

Нормално не обраќав внимание на рубриките како “Писма“, туку повеќе ме занимаа Паја Патаци, Хогари, Хи-Мени, кошарки, фудбали, музики, …, а и да сум обрател внимание или сум бил премал да сфатам (јес да според татко ми една од првите работи што сум ги прочитал дури и пред да сум научил да читам :D било баш “Политикин Забавник“) или едноставно човекот (поточно детето) у тоа време никој не го знаел(о), а и со право пошто бил од некое си место Пријепоље (така ли се викаше J ).

Го пренесувам како што стои таму од збор до збор (скенираната форма е малку нечитлива, а и “папирусот“ би се распаднал), се рабира без ќ-то и ѓ-то J :

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

НЕЌУ ВИШЕ ДА РАСТЕМ!

Имам 14 година, а висок сам 188.5 цм. Интересује ме постоји ли било који начин за заустављање мог вртоглавог раста? Молим што прецизнији одговор.

Владе Дивац, Пријепоље

Одговор: Да бисмо могли било што да ти одговоримо, морамо много више да знамо. Питање је, рецимо, дали је твој раст заиста вртоглав? Можда јесте, а можда су твоји родитељи високи. Ти си сад у пубертету, кад хормони “раде“ па се брже расте. Али да не нагаѓамо, најбоље је да се обратиш школском лекару који ќе на основу прегледа и потребних анализа реќи дали је у питању вртоглав или нормалан раст.

Политикин Забавник 1.11.1982

Лошо му одговориле, да сум бил уредник у тоа време би му рекол да почне да игра баскет, па да иде у репрезентација, па да се пријави на драфт у NBA, па да го земат Lakers, … А можда и го послушал одговоров и отишол кај лекарот, па овој му го кажал истото, абе судбина, шта ќеш.

колку се сакале Divac и Drazen

За првпат, високото, слабичко дете го видов на натпреварите за репрезентацијата на СФРЈ на светското во Шпанија 1986, иако сликите ми се малку повеќе замаглени, сепак се сеќавам како постариве коментираа кога Југославија го загуби полуфиналето од “Сабониси“: “… кај му ја дадоа топката на детево, па што го повикале за репрезентација, чиј син си ти, …“ и со тоа и мене ми стана материјал за потсмевање, поготово што имаше некаква изгубена фаца, која со некоја брчка повеќе ја задржа и до денес.

А вистина дотогаш Vlade си напукал каква-таква километража низ југословенскиот кошаркарски свет, во Елан, Слога, Партизан. И можеби затоа ми изгледаше како изненадување што игра за репрезентација бидејќи уште у тоа време имав некаква одбивност спрема Партизан било да станувало збор за кошарка, фудбал или било кој друг спорт, па секогаш гасев телевизор кога пренесуваа некој “партизански тим“.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

“репрезентативен Divac“

Подоцна испадна дека се работи за голем талент кого америте одма го пикираа, а у тоа време тешко беше да се оди у NBA, дури и за ѕвезди како Petro и Marciulionis, па се слушаа коментари, што по медиуми, што на улица, дека штом иде у NBA па уште и у Lakers, онда мора да е јак играч, или пак, лесно е за таквите високи играчи да идат у NBA, потешко е за бековите, итн. Во контекст на тоа често у маало се вртеше еден муабет, како на еден егзибициски натпревар пред почетокот на Divac-овата дебитантска сезона, у една контра Vlade сам, наместо да скуца, лагано си положил, што и не е нешто страшно, но тогаш веќе пензионираниот Kareem откако го видел тоа, по натпреварот му “залепил една“ на играчот од кого не се очекувало да биде негов наследник, но барем донекаде да ја попуни празнината што настанала под кошот на Lakers со неговото заминување.

После испадна и дека муабетот бил вистина, а Vlade потрошил доста време со Jabbar на тренинзите со цел да стане поексплозивен под кошот.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

дуел на 5-ки, против Lambeer

Така Vlade заедно со Magic стана еден од виновниците што досега сум верен навијач на Lakers, иако и пред да дојде кај езерџиите, веќе некоја година ми беа омилен тим. А неговата игра беше за мене пријатно изненадување поготово у playoff-от кога у финале на западот беа совладани тогашните фаворити Portland, и у финалето на NBA против Chicago, во услови кога беа повредени Scott и Worthy, па тој мораше да игра втора виолина у својот тим покрај Magic.

Просекот од 18.2 поени, 8.8 скокови и 2.4 блокади беше веднаш зад Magic-овиот во финалните 5 утакмици, и комплетно ги надигра Grant и Cartwright. Успехот на Divac беше уште поголем што и низ сезоната успешно се носеше со тогашните противнички центри (ако знаеме дека во тоа време имаше голема конкуренција на позицијата C), во период кога еден Petro уште се мачеше закован на клупата и немаше буквално никаков придонес за тимот за кој настапуваше. Неговиот полухорог шут се почесто почна да се спомнува низ маало и веќе почна да си го цементира статусот на “наша“ ѕвезда и по распаѓањето на Југославија. А така се случуваше и пошироко. По повлекувањето на Magic и Worthy тимот на Lakers остана да се гради околу нови дечки, но пред се околу Divac, и иако не ги постигнуваа успесите од времето на Showtime-от, сепак им правеа многу проблеми во playoff-от на јаките тимови од западот.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket
Vlade у не-Lakers тим

Многу ми падна жал кога го трампаа во Hornets за некоја сеуште недокажана средношколска ѕвезда (за среќа, после се докажа), иако знаев дека со Shaq во тимот ќе биде само негова замена. И излезе добро за него бидејќи воопшто не падна во формата, а и беше главниот виновник заедно со Rice и Mason што повторно го дигнаа тимот на нозе и го однесоа во playoff-от.

Епизодата со Kings беше неговиот најзрел период од играњето во NBA, кога и беше најблиску до титулата, во што го спречи неговиот поранешен тим. Во тој период (крајот на ’90-ите и почетокот на новиот милениум), човекот со загубена фаца имаше статус на татко и во Sacramento и во репрезентацијата.

Речиси сите негови соиграчи изјавуваа дека тој е столбот на екипата, дека тој е човекот кој ментално ги засилува и ги мотивира. Последните две сезони во Sacramento полека годините почнуваат да го запираат и за првпат по дебитантската сезона остварува просек на поени помал од 10 (и во двете сезони по 9.9). Последната сезона во NBA ја поминува повеќе симболично (можеби и заради Shaq J ) враќајќи се во тимот каде што и го започна патешествието во најсилната лига во светот, настапувајќи само на 15 натпревари.

Со тоа можеби сакаше да каже дека сепак во Lakers го поминал најдобриот период во NBA, иако големи пријателства и убави спомени стекна и во Kings, што го потврдува и доаѓањето на Stojakovic, Webber, Jackson и Pollard во Београд деновиве.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

повторно каде што припаѓаше

Многумина ќе го паметат повеќе по малерите како од 1986 на светското (губењето на топката во последните секунди против СССР), 1995 во полуфиналето на западот (пормашените слободни фрлања во последната минута против Spurs), 2002 во финалето на западот (ненамерно исфрлената топка до Horry во последните секунди против Lakers), 2002 на светското (промашените слободни во финалето против Аргентина), … отколку по успесите.

баксуз

Некои ќе го паметат и како единствен играч покрај Hakeem и Kareem кој во кариерата постигнал барем 13000 поени, 9000 скокови, 3000 асистенции и 1500 блокади, иако статистики од типот на постигнување на барем 11982 поени, 10897 скокови, 6897 асистенции и 1387 блокади воопшто не ми се допаѓаат. Но верувам дека добар дел го делат мојот впечаток дека Vlade Divac е неверојатно ретка интелигентна кошаркарска фигура, и без разлика на ситуацијата во која се наоѓал секогаш го давал својот максимум.

Никогаш не бил ниту класична ѕвезда ниту класичен “носач на цигли“, туку комплетен играч што тимот за кого играл го правел многу подобар отколку без него и секогаш го правел конкурентен. Неговите пасови, хороци, емоции и дрски потези (како забивањето у фаца на Mourning по претходно добиената блокада во истиот напад, и кошот од свртување против Shaq) секогаш ќе ми останат врежани во мозокот. Сигурно сега на репрезентацијата на Србија добро би и дошол играч како Divac па да се искоренат натрупаните девијантни појави (читај миличичи).

А за останатите кои појма немаат за што зборам можеби е најдобро да го посетат recently отворениот музеј на Vlade во родното Пријепоље, каде и јас лично планирам некогаш да отидам.

трибјутот од Kings-и

14 comments September 24th, 2007

Френчајз но мор

Јас и Шеп уште првата секунда по трејдот на Френсис од Орландо во Њујорк, тоа го оценивме како пропаст. Но, кој не слуша нас.

Photobucket - Video and Image Hosting

Сега по се изгледа Стиви ќе стане само уште еден во низата играчи на Њујорк (Мутомбо, Џ.Роуз, Mo Тејлор…) кои ја имале таа чест да им биде откупен договорот според кој заработувале колку што е и буџетот на некоја банана република, како нашава.

Но, тоа не е мој проблем. Она што мене не ми е јасно е – Како е можно еден играч за толку кратко време да падне толку ниско?

Мислам, не зборуваме за некој кој имал само една-две добри сезони во лигата, па потпишал дебел договор на превара. Не случајно прекарот на Стиви му беше Френчајз, а кога играше во Рокетси беше еден од најкомплетните комбо бекови во лигата, често со просек од преку 20 поени и над пет скокови и асистенции.

Јасно на сите им беше дека Орландо е оштетен со трампата во која го пратија Мекгрејди во Хјустон за Стиви, неговиот најдобар другар Мобли и Келвин Кејто, но Ти-Мек си бараше трејд, а во таква ситуација е многу тешко да се најде тамам компензација преку трејд. Видете ги само Сиксерси сезонава со Ајверсон, или Лејкерси со Шек пред некое лето.

Мене Стиви, барем до последната сезона во Хјустон, ми беше еден од поомилените НБА играчи. Не само поради тоа што можеше буквално се да направи на теренот, него и поради тоа што редовно беше некако во сенка на другите, попознати фаци од поголемите клубови. Некако ми беше аутсајдер во секоја приказна, а тие, нели, секогаш се попривлечни да се навива за нив.

Photobucket - Video and Image Hosting

Арно ама, уште во првиот момент кога Френсис почна да отсуствува од утакмиците на Рокетси поради неразјаснети причини, а во секој извештај беше наведувано дека причината се главоболки – знаев дека има нешто. После тоа се испостави дека Стиви навистина имал проблеми со мигрена, но и дека одбивал да биде третиран од тимските лекари. Тоа само уште повеќе го направи сомнителен за сите во Хјустон. Тоа и неможноста никако да ги издигне Рокетси над првата рунда, иако рака на срце, имаше феноменален просек од некои 29, 7, и 9 (мислам) во онаа серија со Лејкерси пред три години.

Кога па уште изјави дека ако го трампаат другар му Мобли тој не би сакал да остане во Хјустон, тука почнаа сите приказни дека момакот не е сериозен. Да не зборувам за оние злобните во кои се трачаше дека можеби се и нешто повеќе од само другарчиња со Катино.

Бидна трејдот на Флорида и во првата сезона Стиви беше доста добар. Но, само што уследи втората сезона во Орландо почнаа проблемите. Да не спомнувам и дека и се налути на управата на клубот кога го трампаа Катино?!?!?

Тука некаде падот на Френсис започнува, а кулминира со трејдот во Никси – рупата за играчи како него. Во немилост на Браун, миленик на Ајзеа и сосема разбирливо со оглед на тоа каква улога имал во клубовите во кои играл порано, неспособен да се навикне на Никси. Нешто на што не може да му се замери со оглед дека таму тешко дека некој може да се вклопи.

Оваа година Френсис е повеќе дух, отколки НБА играч. И тоа што го изигра како да не го изигра. Никој не го видел, ни приметил. Сега веројатно следува и откуп и подолг период без клуб, затоа што со повредено колено тешко дека некој ќе го поптише.

Photobucket - Video and Image Hosting

Јас искрено, сакам да го видам стартиот Френчајз, ама ни еден играч не успеал да застане на нозе после чистилиштето наречено Њујорк. Да се надеваме дека тој ќе биде исклучок.

10 comments February 27th, 2007

Previous Posts


Календар

March 2010
M T W T F S S
« Feb    
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  

Архива

Категории