Posts filed under 'ЕвроБаскет'
Пред да се нафрлам на нешто друго, на кусо да ја анализираме ждрепката од Полска изминатиов викенд која ни ја донесе толку “посакуваната“ Грција во групата за ЕП, заедно со Хрватска и Израел.
Знам дека некои од играчите, па и медиумите кај нас го посакуваа нашиот јужен сосед во група, но јас сигурно не сум еден од нив. Читам сега дека ќе сме ја искористеле мотивацијата во дуелот со Грците, дека имаме посебна причина за победа, како да забораваме дека и тие ќе си имаат свои посебни мотиви. Како да забораваме дека зборуваме за тим кој е еден од најдобрите во Европа и кој има играчи во скоро секој најдобар тим од Евролигата.
Да бевме во некоја група за квалификации - тогаш ОК, и јас ќе сакав да играме со нив, посебно во Скопје пред преполна арена која цело време ќе ори “Ма-ке-донија, Ма-ке-донија“, па макар изгубеле. Ама вака, во Полска, каде ние ќе имаме десетина навијачи, а тие веројатно многу повеќе, не ми е ќејфот што ни се паднаа.
Но, тоа е еден меч, а ние шансата ќе си ја бараме против другите две селекции кои според мене можат да се добијат, нормално, ако играме како што треба и ако добро се подготвиме пред ЕП. Ни Хрватска, ни Израел не се непобедливи, а и немаат некој квалитет од типот на Грција. Тоа што Хрватите после долги години на задњите ОИ се вратија во горниот дом ич не ме плаши, зошто нивната игра лесно може да се прочита, а и немаат некој лидер или класа играч од кој би се плашеле. Подобри се на тренерски план, како и секогаш, ама тоа не мора да биде пресудно. Така.
* * * * * * * *
- “Ендрју Богут е уствари Ерика Дампие со брада“ - Шек после одличната партија против Богут и Бакси.
После оваа изјава ми дојде да се запрашам - Зошто сите драфтот 2005 го гледаат како најголема утка на Атланта? Знам дека изборот на Марвин Вилијамс со 2. пик не беше баш сјаен потег, ама момакот има потенцијал кој сите во Џорџија чекаат да излезе на површина. Тогаш на Хоукси очајно им беше потребен плеј, ама управата се одлучи за Марвин наместо за некои си таму Крис Пол или Дерон Вилијамс. Тоа нормално е грешка, но дали е уште поголема грешка што Бакси го избраа Богут како 1. пик?
Гледајќи го Андрија станува јасно дека дечкото нема каде веќе да напредува и дека откако е влезен во лигата пред три и пол години тој не е нешто многу подобар играч сега. Во Милвоки секако дека, како и во Атланта, сега ќе сакаа да можат да го вратат времето и да го соберат Пол (или Дерон), но барем за мене, а гледано и според тоа каде се наоѓаат сега во своите конференции, Бакси направија далеку поголема грешка од Хоукси на тој драфт.
* * * * * * * * *
ПС: Да, сликата е како најава за дербито на Истокот вечер. Кој би рекол дека Хоукси би играле дерби во својата конференција, но факт е дека овој тим кој го имаат конечно почна да созрева. Нормално, не очекувам победа против шампионот, посебно не без Џош Смит, ама овој старт од 6-0 е нешто што никој не го очекуваше. Како и партијата на Ал Хорфорд синоќа во Чикаго.
November 12th, 2008
Би ни требало многу простор и време кога би почнале да зборуваме за средбите низ историјата на Русите и Германците. Да не потсети дека некои работи не се забораваат, тука е Дирк, кој на дуелот со Јута ја покажа својата “љубов“ кон обидот на Кириленко за лесни два.
Ако за оној фаул на Шек викав дека е за исклучување, овој за каде е? За во некој Гулаг, мејби.
March 5th, 2008
Честито титула!
На еден куп сајтови пишува дека ова е прва за Русите по пауза од 22 години. Податок кој не ми е јасен, посебно ако се знае дека Русија како самостојна суверена држава не постои толку време. Пред 22 години некои момци по име Сабонис, Куртинаитис, Волков итд. играа една земја шампион која се викаше СССР. Нешто како онаа нашана СФРЈ.
September 17th, 2007
Како бргу некој од “Идниот Бил Расел, Дејвид Робинсон итд. голем центар“ може да стане “Идниот Ралф Семпсон“ или не дај Боже - “Идниот Сем Боуви“?
Само прашајте го Грег Оден.
Сигурен сум дека споредбите со Боуви ќе бидат нешто што ќе се убиеме од слушање во следниве неколку дена, ако не и во текот на целата сезона, но мислам дека на момакот сепак треба да му се даде шанса да докаже дека не е д некс Семи Буи, ко што го викаат некои.
Пред некои месец дена читав интервју со Оден и првата работа која од него ја заклучив беше колку нетипичен лик за НБА играч и идна ѕвезда е момакот со лик на старец. Скромен, начитан и ептен паметен во секоја своја изјава. Не дека немаше изјави својствени за некој на негова возраст, но на прашањата на кои ќе очекуваш детси одговор, тој даваше интелектуални одговори несвојствени за некој на 19 години.
Можеби поради тоа ми е и уште покриво за веста дека момакот ќе ја пропушти цела сезона поради операција на коленото (десно). Хируршки зафат кој го имаат поминато доста НБА играчи и кој ја уништил кариерата на добар дел од нив. Сепак, некое непишано правило е дека колку играчот е помлад, шансите за камбек се поголеми. Пример за тоа се Амари Стадемаер и Зек Рендолф. Но, тука е и еден Дариус Мајлс да замати вода. Од ветераните кои го поминале ова Кид си тера без проблеми, но истата среќа ја немаа Пени Хардевеј, Алан Хјустон и Крис Вебер.
Како и да е, ова е огромен удар не само врз Блејзерси, туку и самата НБА која се подготвуваше за нова ера во својот развој од која Оден и Дурент требаа да бидат доста важен дел.
И знам, сега сите ќе се прават паметни како знаеле за тоа дека Оден бил подложен на повреди и како од прв ден се знаело дека Дурент ќе биде бољи играч. Мај ес, знаеле.
Но, има една доста добра причина за фановите на Портланд да не бидат толку очајни. Со екипата која ја имаат веројатно со Минесота и Сиетл од Западот и уште понекој од Истокот ќе бидат пак во игра за првиот пик и следната сезона, па може да се деси за 2008-09 во тимот да имаат двајца дебитанти и тоа и двајцата први пикови. Е тоа би било утеха.
Да се надеваме дека ова ќе биде истата приказна како во случајот на Амари.
ПС: Синоќа го убедував татко ми дека Русите се страшно паметни што на плус два прават фаул над Борче, а после и Тончи. Бев убеден дека, познавајќи ги двајцата, нема шанси да погодат две слободни. Така и бидна, а Френчите не ни заслужуваат да идат даље со таква баскетџиска екипа без никаква скок игра и без било каков барем малку постојан шут од надвор, а ни за слободни. Не дека Русите се многу јаки, ама тоа ти е Еуробаскет. За газењето на Швабите мислам дека нема што да се коментира. Тоа беше јасно како ден дека ќе се случи.
September 14th, 2007
Ме немаше некое време, па ајде на брзинка да фрлиме поглед на некои ствари кои се десија
последниве неколку дена…
Д Биг Зен Мастер си го доби своето заслужено место во Спрингфилд и веднаш почнаа муабети за тоа - Кој е најголемиот тренер во историјата на НБА? Според некои анкети што ги сретнав најголемиот број на фанови смета дека таа титула му припаѓа на чичко Фил, нешто со што лично и јас се сложувам, иако секогаш кога се прави такво нешто, односно се споредуваат две големини од иста бранша, но од две различни ери во игра се фактори кои споредбите ги прават невозможни. Но, едно е сигурно - Фил Џексон е најголемиот тренер во модерната ера.
Во согласност на пригодата, на Ес-Ај направија пригодна галерија со фотки на Зенот.
Како ПС на ова горе за Фил, Доминик одржа говор при претставувањето на новите жители на “Куќата на Славните“, а ова чисто како потсетување на самиот Ник на најголемата средба во неговата кариера.
* * * * * *
НБА им даде неколку нови слободи на своите судии кога е во прашање употребата на прегледување на снимките, така што сега тие ќе имаат повеќе време да го откријат вистинскиот виновник за секоја мешаница или тепачка. Уште да им текнеше да ги прегледуваат сите одлуки во последните минути кои можат да влијаат на покривањето или не на хендикепот кај обложувачите. Така ќе нема шанса за нов Тим Донахи
* * * * * *
Америте си се прошетаа низ Вегас конечно играјќи како што од нив и се очекува. Со вистински подготовки за Пекинг мислам дека и на ОИ, освен можеби Еспања, нема да им има рамни.
* * * * * *
На Еуробаскет се игра една од најбедните кошарки кои сум ги видел до сега, ама барем резултатите се тесни, иако кога ќе се собере збирот на поени на една средба тој е еднаков на тој на едно НБА полувреме. Да не зборам за Грцине на кои им требаат две утакмици да искомбинираат стотка. Пријатно изненадување - Словенија и Литванија, непријатно - Турција.
Сепак, кога зборуваме за Турците, па и сите останати балканци се мора да се прими резерва затоа што зборуваме за тимови во кои емоциите се многу поизразени од фокусот на конечната цел.
* * * * * *
Дарко си лапна казна од 40 илјадарки за неговата сочна изјава после поразот од Грците. Она што е поважно од целиот муабет е дека во Мемфис уште сега не се среќни од речникот на Миличиќ. Таму си мислеле дека добиваат скромен европски центар подготвен да каже се со својата игра на теренот, а не некој со уличарски речник и исто такво однесување.
Убаво ми рече Арсиќ - “Тешко им на нив со него“, кога му кажав дека Дарко го потпишале Гризлиси.
* * * * * *
Во врска со муабетот за Фил малце погоре, тренерот си застана на страната на Коби во врска со тоа дека на Лејкерси им требаат многу поквалитетни играчи од тие кои ги имаат. Тоа уште повеќе ги става во тесно Мич Купчак и газдата Џери Бас, кои немаат шанси сега кога сите возови поминаа да донесат ол-стар играч во Ел-Еј. Иначе, Коби слободното време го искористи за промоција на својата нова колекција по најголемиот пазар - Далечниот Исток.
Се читаме, се надевам почесто…
September 10th, 2007
Time is not on my side…
Во отсуство на време еве две клипчиња поврзани со ЕП во Еспања. Првиот стана веќе познат, а се однесува на елоквентноста на Дарко после поразот од Грција. Што викаше другар ми Дарко(сосема случајно имаат исти имиња) - Два факултета си се два факултета!
* * * * * *
Во вториов клип главни фаци се двајца момци кои за разлика од Дарко уште се дел од ЕП и кои се многу поцивилизирани од вториот пик на драфтот 2003 год. Ко да е тоа многу тешко.
PS: Ненад, немам време да ти одговорам на постот:)
September 6th, 2007
ЕП почна пред два дена и иако е прерано за било какви заклучоци, како и остатокот од светот, останувам на тоа дека ова ЕП е на Шпанците да го изгубат. Единствени конкуренти би требале да им бидат Грците, ама тие ми се како темппирана бомба - можат до крај, ама можат и да пукнат како тиква ако не им тргне како што сакаат. Тоа дека се најголеми глумци и плачковци одамна е познато, исто како и фактот дека Шпанија и без Пау Гасол ги згази лани во финалето на СП.
Од другите, ги гледав двете до сега утакмици на Французите во кои петлите ич не ме импресионираа. Тие се некако најбаскетчиска екипа во која се се сведува на игра еден на еден и давање на топката во рацете на Тони Паркер, кој до сега одлично си ја завршува работата.
Хрватска слаба, како што и очекував. Турција - мизерна. Литванија - солидна. Словенија - пријатно изненадување. Србија - бедотија. Русите - ништо посебно. Италија - микс на млади и стари во кои Барњани уште си го бара местото. Има време, уште е рано за некои подетални заклучоци.
Иначе, Ритрај го спомна судењето на мечот Грција - Србија, за кое свој коментар имаше и Дарк-О “Мозокот“ Миличиќ.
- “Ubit ću suce gdje god da ih nađem. Mogu se je…., ako imaju kćer poje… ću je bez obzira na to što ima, poj…. ću im mame, u usta i odostraga“
Сочно.
September 5th, 2007