Posts filed under 'Д-Вајт'

Имаш Heart…и имаш Heart-less

Првото беше на дело синоќа во Солт Лејк Сити, а второто, сосема очекувано во Атланта.

Едно нешто што знаете дека секогаш ќе го добиете од тимовите на кои тренер е Џери Слоун е целосна посветеност, борбеност и гинење во секоја одбрана и секој напад, всушност човекот таков бил и како играч и тој свој фајтерски карактер успева целосно да го пренесе на сите состави на Јута кои до сега, повеќе од две децении, ги тренира.

Можеби Јута сега е во дупка од 0-3, но синоќа беа многу блиску до победа и до продолжување на серијата за уште најмалку една средба. На крај, малку среќа им беше потребна за сефте против шампионот, кој од друга страна, веројатно е благодарен за оваа серија токму со тимот на Слоун кој од нив го вади максимумот.

Тоа беше посебно случај синоќа. Сите кликаа за Лејкерси, и стартерите и клупата, освен изгубениот Бајнам кој за 20 минути во игра успеа да остане на нула поени. Одличен тест пред дуелот со Санси.

Од друга страна, нити срце, нити знаење како треба да се одигра, па на крај, нити пак муда да се носат со Орландо во првата средба дома по двете плескања на Флорида. На крај, цела арена сосема заслужено ги исвирка, испраќајки порака до управата на клубот дека летово се потребни промени. Прв кој треба да лета е тренерот, кој можеби како и тимот, е добар за регуларната сезона, но е жива утка за во плеј-оф.

Потоа, сериозно треба да се размисли за договорот на Џо Џонсон, кој пред месец дена за многумина беше играч за максимален договор, но мислам дека со овие партии против Орландо, па и Милвоки, си ја спушти цената. Но, за тоа кога ќе дојде време. Орландо гази до финале на Исток и делува како тим решен да го поправи ланскиот ефект.

3 comments May 9th, 2010

Иста приказна во ново пакување

Кога ќе ти се случи нешто лошо, логично е веќе следниот ден да ти биде подобар. Не дека нешто многу добро ќе ти се случи, туку од причина што не може да ти биде така лош како претходниот.

По оние -43 во првата средба јасно беше дека што и да случи синоќа во Орландо ќе биде напредок за Хоукси. И тоа им е единствената утеха после вториот пораз, овој пат не толку убедлив, но веројатно подеднакво обесхрабрувачки за сите нивни фанови.

Откако во првата средба издржаа некои 12-15 минути, синоќа Хоукси издржаа цели 38-40 минути против актуелниот шампион на Истокот. Но, тоа беше се од нив. Кој знае, можеби во Гејм 3 ќе издржат 45 и ќе гледаме тесна завршница, а во Гејм 4 ќе бидат во секој поглед на теренот цели 48 минути па ќе видиме и една нивна победа. Повеќе не може ни да се очекува. Единствено што можат, ако продолжат вака, е за разлика од лани кога Кавси ги збришаа во втора рунда, да остварат една победа. Сепак, и тоа е некаков напредок.

За да се добие плеј-оф серија, а потоа и да се направи нешто многу поголемо, цел тим мора да биде максимално фокусиран на целта, да дава се од себе и да гине за секоја топка. Ментални колапси не се дозволени. Можеби, чисто на талент и квалитет во првата рунда и ќе успеете да се извадите, но тоа не пали од 2. рунда па до крај.

За разлика од првиот дуел, Хоукси покажаа нешто плус синоќа, но старите болки се уште прават жуљеви кои не им дозволуваат да бидат конкурентни до крај. Посебно ме чуди начинот на кој се однесува Џош Смит. Не дека го сметам за посебно паметен играч, но дечкото на моменти делува, дури се одвива играта, како да рола ганџа на некоја плажа на Јамајка, а не како да е сред плеј-оф средба. На моменти се буди, но сето тоа е недоволно.

Џо Џонсон е приказна сам за себе и доколку продолжи со вака бедни партии мислам дека значително ќе си ја намали цената и дека ќе се види вистината дека всушност тој не е еден од најпотцентите играчи во лигата. Не му останува уште многу време да го поправи впечатокот.

Штета за Ал Хорфорд, кој ми омилен лик во тој тим и кој цело време гине на терен играјѓи вон својата природна позиција и борејќи се со повисоки и често посилни момци во рекетот.

И сево ова погоре за тимот кој загубил. Веројатни затоа што, како што верувам дека е случај и со Мајк Вудсон, страшно фрустрирачки е да гледаш тим кој е страшно талентиран како игра така бедно и на моменти мизерно, и во напад и во одбрана. Посебно играчот кој би требал да биде нивни лидер, но не е ни далеку од тоа.

За Орландо, нема што да се каже освен се најдобро. Точно е дека се мачат во одредени моменти кога Двајт не е на теренот. Но, тоа се кратки моменти. Можеби и судиите малку го претеруваат со  толерирањето на лактањето и постојаното свирење на секој контакт над Двајт, нешто што беше сосема спротивно во серијата со Шарлот. Но, и доколку бидат објективни судиите, сепак не верувам дека Хоукси имаат нешто поголеми шанси во оваа серија.

Секоја чест за Џамир Нелсон, кој за плус 10 си го поправи просекот во плејофот во однос на сезонскиот, како и на Рашард Луис, кој се повеќе личи на оној играч кој беше во Сиетл.

8 comments May 7th, 2010

Yes-Roy-Blazers, No-Clutch-Cats, No-Flying-Hawks, No-Kobe-Lakers

Постов требаше да биде тазе, вруќ, ама поради веќе добро познатите проблеми со МакНБА, малце се излади, но верувам дека сепак е доволно тазе за да биде интересен. Како плус на сето тоа некој ни го хакнал името во браузер банерот, мора да се Грци коа не им се свиѓа она NBA Macedonia.

98357839SF017_SUNS_BLAZERS

Синоќа ги изгледав првите две средби и баш кога се подготвував да шкртнам нешто во врска со нив, видов дека истекол и тој еден ден неделно кога од дома можам да се логирам на МакНБА. Така да, наместо за првите две ова е пост за сите четири вчерашни средби. Но, ај да почнам баш со првиот дабл-хедер.

За победата на Орландо сред Шарлот и водството од 3-0 нема што многу да се зборува или анализира. Бобкетси едноставно ниту го имаат потребното плеј-оф искуство, ниту пак го имаат квалитетот потребен да се носат со Орландо. Прогнозите дека Двајт Хауард би можел да биде лимитиран офанзивно во оваа серија до сега се остваруваат, но тоа воопшто не им пречи на Џамир Нелсон и компанија да покажат дека шампионот на Истокот не е само Двајт.

98272851KS024_MAGIC_BOBCATS

Синоќа средбата влезе во тесна завршница во која и Мајкл се попали покрај клупата на Шарлот, но тој вчера единствено можеше да им помогне да влезеше во игра и на него да одеа последните напади во кои Бобкетси беа очајни. Сега  веќе е доцна и им нема помош.

Во Портланд беше подеднакво тесно, но некако многу поинтересно и повозбудливо. Што поради фантастичната публика, што поради live or die играта на Блејзерси, но веројатно најмногу поради тотално неочекуваниот камбек во тимот на Брендон Рој, само осум дена по операцијата на лигаментите на коленото?!?!?!?!?!?!

Толку време следам баскет и не сум слушнал дека некој за само осум дена успеал данаправи камбек после артроскопија на коленото и сјебани лигаменти. Можеби играта на Рој не беше она што беше клучот за победата на Блејзерси, но неговото влегување во игра во првата чет. беше вистински “Вилис Рид“ момент кој ги дигна Блејзерси и ушт повеќе ја запали и онака бучната публика.

Со разбудениот Ламаркус Олдриџ, Батум, Бејлис и Џуан “Геријатрија“ Хауард, Блејзерси изедначија на 2-2 за тотално заборавање на поразот во Гејм 3. Сега имаме серија која ќе трае најмалку 6 средби, нешто што пред нејзиниот старт ретко кој мислеше дека ќе се деси, посебно поради повредата на Рој.

98410106SC029_Hawks_Bucks

После тие два трилери кои се решаваа во последните минути, следеа две средби од кои очекував многу, но на крај испаднаа едни од најдосадните во ова разигрување. Тоа посебно се однесува на преопуштените Хоукси кои беа згазени во Милвоки. Нешто што можеби и требаше да сеочекува со оглед на тоа дека Скот Скајлс – К’нето е тренер на Бакси.

Во Оклахома пак, шампионот го удри гром и заглушен од неверојатната бучава се враќа во Холивуд со 2-2 и многу дилеми. Најголемата е – Што се случи синоќа со Коби?

Знам дека Фил сакаше малку да го одмори за да го има свеж во последната четвртина, но претходно треба да се дојде до тесна завршница. Завршница за каква што можеа само да сонуваат синоќа по газењето од Тандер.

По средбата Коби, кој во првата чет. немаше ниеден шут, а за 32 минути застана на 12 поени со шут 5-10. Задњата чет. не се ни појави во игра, а добар дел од неа помина и во соблекувалната, одмарајќи ги со лед на нив своите колена. По средбата го кажа ова:

98165380DV025_LOSANGELES

“I was managing the game just exactly how I wanted it. Unfortunately, it got away from us by them getting out in transition and getting those buckets. I wasn’t able to do what I normally do at the end of the game, close games out. But I felt pretty good about the way I was managing.”

Се осеќал добро? Менаџирал? Зенот е менаџерот на Лејкерси и сигурен сум дека по тоа синоќа дека не се чувствува баш најдобро.

10 comments April 25th, 2010

Силно светнал плеј-оф ден

Силно светнал ден. Барем на МакНБА. Кога јас можам да ја отворам и да се логирам, верувам дека можат повеќето од вас, односно секој кој го чита овој текст.

Проблемите со серверот малку не осакатија кога станува збор за детални најави за секоја плеј-оф серија посебно, така да ова ќе биде комплетен привју за она што стартува вечер и што ветува да биде, како и неколку години наназад, т.е. како што и често е случај со НБА плеј-офот, спектакл.

Тоа посебно е случај на Западот каде имаме страшна изедначеност, која малку се изремети со повредата на Брендон Рој која ги исфрли Блејзерси од секој муабет за можен пласман во 2. рунда. Сепак со оглед на тоа какви к’ниња и кој им е тренер, како и тоа дека сезонава се научија да играат без разлика кој им е повреден, верувам дека ќе дадат се од себе во серијата со Санси.

amari faca-0111

Од друга па страна, мило мие што баш ваквиот преполовен Портланд оди на Санси, кои имаат можност лежерно, со малку посилен тренинг, да се загреат убаво за втората рунда. Токму Санси, иако никој не ги става во кругот на фаворити, можат да бидат најпријатното изненадување ова разигрување. Но, нивниот недостиг од квалитетни играчи во рекетот, со исклучок на Амари, може да се покаже како хендикеп во евентуален дуел подоцна со Далас или Лејкерси.

Исто така, како клучна за нив може да биде повредата на Робин Лопез, кој можеби не е некое играчиште, но од Ол-старот навака, во кој Феникс беше еден од најдобрите 4. екипи беше многу важен во “ослободувањето“ на Амари кој можеше комотно да оперира на “четворка“. Сега уште повеќе работите ќе зависат од Амари, но и од играта во рекетот на ликови како Амундсон или Фрај, кој секоја прилика ја користи да избега од рекетот, ако знаат да го стават на центар.

dankan i dirk1-1604

Ако серијата меѓу Блејзерси и Санси не ветува некој спектакл, тоа не се однесува на останатите три кои имаат потенцијал да бидат класици. Тоа посебно се однесува на добрите “пријатели“ Спарси и Мавси каде се е можно ако проработи машината на Поп, Лонгориа и Ману полудат и биде форматиран Тимчо Роботчо во својата стара добра верзија. Сепак, Мавси остануваат фаворити, дури и за пласман во конференциско финале, но некако ми се екипа без завршница  во која ако Дирк не е клуч, некако ми се губат покрај силни екипи. Ако им се погледне составот имаат еден од најкомплетните ростери во цела лига, а многу може да зависи од новите фаци Батлер и Хејвуд, кои можат да бидат Икс-факторот во овој плеј-оф.

Повредите, како и кај Блејзерси, можат да бидат клучни и во серијата меѓу Јута и Денвер, серија во која двете екипи влегуваат со свој хендикеп. Кој е поголем многу бргу ќе се види. Од една страна, Бузер влегува повреден, додека Кириленко би требал целосно да ја пропушти серијата. Од друга страна, и Кенјон Мартин нецелосно опоравен ќе биде дел од првите пет на Нагетси, но страшен минус може да биде отсуството на Џорџ Карл.

Гледам дека не се зборува многу за тоа, но имав прилика неколку пати да ги гледам Нагетси без Карл на клупата и тие делуваа изгубено во тесни завршници, губејќи неколку средби кои мораа да ги добијат. Неседењето на Карл на клупата е исто како Поп да не може да ги води Спарси, Фил-Лејкерси или па било кој друг тренер својата екипа. Токму поради тоа, а и поради тоа што од другата страна седи таква тренерска легенда како Слоун, не знам што да мислам за оваа серија, која може да ја добие било кој од двата тима. односно оној кој најдобро ќе ги покрие своите хендикепи.

durent na zemja

Пик на сите Лејкерс-фанови, што е нормално, но и на сите Лејкерс-хејтери кои се исто така бројни, ќе биде таа меѓу шампионот и Оклахома сити. Слабата форма на Лејкерси во последните месец дена во кои делуваа како да си го загубиле “моџото“, како и чудото од дете сезонава Кевин Дурент, се причина за прогнози за изедначена серија. Изедначеност која јас лично не сум толку сигурен дека ја има. Да, Дурент е страшен млад играч кој има добра подршка од исто така младите соиграчи кои се способни да изненадат секого.

Но, во серија од подобар од седум не знам колку можат да се носат и со Зенот и со Лејкерси. Опоравувањето на Бајнам добро ќе им дојде на Лејкерси, но и без него тие се големи фаворити, барем против Тандер пред кои ако останат заедно е иднината. Единствено нешто што ми е криво е тоа што Лејкерси сега не играат со Соникси на Дурент, а не со Тандер.

(Овде требаше да биде остатокот од плеј-офот најавата, посветен на Истокот, но нешто се изремети и ми се избриша тој дел од постот. Така да, само на кратко):

karter klupa

Кавси и Хоукси се јасни фаворити, додека поизедначени треба да бидат сериите меѓу Орландо и Шарлот и Бостон и Мајами. Бобкетси имаат микс од млади и искусни играчи предводени од докажан тренер и добро се покриени во рекетот со момци кои можат да ги поделат фаулите врз Двајт Хауард, од чија игра многу ќе зависи. Но, можеби и многу повеќе од Двајт, работите ќе зависат од Џамир Нелсон, Рашард Луис и најмногу од Винс Картер и од тоа колку тој ќе биде гладен за успех и поправање на својот имиџ.

Мајами исто така има сила за изненадување, пред се поради и Вејд и добрата полс Ол-Стар форма, како и несигурните, стари и на моменти немоќни Селтикси. Бостон останува фаворит, но сега веќе ја нема таа моќ како од пред две години.

Тоа е тоа. 947 зборови се сосема доволно со оглед на подолгата пауза поради заладените односи со нашиот сервер. Врска која се надевам ќе остане стабилна барем до крајот на разигрувањето.

9 comments April 17th, 2010

Hawk flying high

90044143SC022_MAGIC_HAWKS

Пет натпревари во низа од кои дел се Хоукси се решаваат во последната минута, најчесто во последните секунди. Како фан на Атланта, кој ги следи цела оваа сезона таквата низа знае да биде доста напната. За некоја среќа, Хоукси како изминува сезоната учат како да се однесуваат во одлучувачки напади. Не дека го совладале тоа, но одат на подобро, односно полека учат од своите грешки. Можеби тупењето преку Џо Џонсон би требало да се елиминира уште малку, но ќе им текне и тоа.

Скорот во претходните четири средби во низава беше 2-2. Две победи дома, против Шарлот (задња секунда во ОТ преку шутот на Џо) и Сан Антонио (исто така ОТ, со добра одбрана и двата поени на Хорфорд на 30 секунди до крај) и два поради во гости, во Торонто (средба без Џо, во која Бош ги реши на две секунди до крај, иако Хоукси беа подобри цела средба) и Милвоки (иако водеа во поголемиот дел со плус десет, Хоукси се изгубија во последните минути).

Но, без сомнеж најважна средба од овие пет беше таа сииноќа дома против конф. ривал и ноќната мора последниве две години – Орландо. Ако има еден тим кој ги газел, ама буквално газел Хоукси последниве две сезони, тоа е Орландо. Без решение за Двајт и нивниот шут за три, Хоукси мака мачеа со нив како со никој друг. А кога некој ве гази на тој начин сето тоа полека добива психолошка природа. Затоа секоја победа против нив знае да биде клучна од ментален аспект.

Тоа и се деси синоќа. Иако пак се загубија во последните десет минути од средбата и одржуваа каков-таков плус од линијата за слободни, Хоукси успеаја да го добијат Орландо на најсладок можен начин и на начин кој целосно се совпаѓа со нивниот начин на игра – со куцање во последна секунда. Нормално, од Џош Смит, кој имаше претходно неколку шанси за таква слична завршница, ама ги упропасти. Не и овој пат.

Што поради лошто градење на Рашард Луис, што поради тоа што Двајт отиде на Џо, но пред се поради атлетицизмот на Смит, Хоукси одлетаа со победа која може да им ја разбие таа ментална бариера која ја имаат кога ќе се сретнат со Орландо. Тоа може да биде многу битно ако се сретнат пак, некаде во мај.

ПС: Упали постов за Бакси :)

15 comments March 25th, 2010

Кавси, Зи, Ајверсон, Ти-Мек, Супермени, Џез и Тандер

90043631SC014_Cavs_Bobcats

Неколку ствари кои се десија или околу кои се врти некој муабет последниве неколку дена:

- По трејдот за Џејмисон, Кавси имаат скор 0-3. Но, тоа не треба да залажува никого. Два од тие порази беа против Денвер, во овде веќе спомнатата средба за историја и вчера во Орландо, каде Кавси имаа шанса за победа, но Орландо останува нивниот најголем ривал на Истокот. Во поразот во Шарлот Џејмисон имаше не баш добро деби, но се поправи на Флорида и покажа дека може да биде многу важен играч за Кливленд во иднина.

Од голема важност за Кавси ќе биде и евентуалниот камбек на Зи по откупот на договорот од страна на Визардси, нешто што треба да се деси во следните неколку дена. После тоа следува пауза од 30 дена за Илгаускас, па враќање на теренот. Нормално, сите очекуваат пак да заигра за Кавси, но денеска се појави муабет според кој доколку НБА утврди дека постоел претходен договор помеѓу Зи и Кливленд за негово враќање, Комишот ќе ја блокира таа варијанта, па Зи ќе мора да бара друг клуб. Не дека во тој случај не би имало интерес за него, но убеден сум дека Илгаускас едвај чека да се врати во Кливленд, а и многу им е потребен на Кавси за во плеј-офот.

* * * * * * *

- Сиксерси се подготвуваат да ја прекинат соработката со Ајверсон откако овој пак го напушти тимот. Ајверсон не настапи ни на Ол-Старот поради здравствените проблеми на ќерка му, но на Сиксерси им здосадило од неговот “играм-не играм“, а и онака не го постигнаа саканиот ефект со неговиот камбек во градот.

* * * * * * *

90043652NL018_OKLAHOMA_CITY

- Ти-Мек одигра една средба за Никси и сите тоа го прогласија за камбек на Успаниот. Некако до сега во неговата кариера Трејси никогаш не успеал да ме убеди во неговата “големина“ во која некои веруваат. Причината е едноставна, човекот никогаш ништо не освоил или пак добил плеј-оф серија. Сега во Њујорк, со оглед на тоа дека и онака беа очајни и освен Дејвид Ли и немаа асален играч, веруваат во ренесанса со Трејси. Тој пак почна да изјавува дека е подготвен да заработува и минималец за следната година да остане во ТитаНикси ако тие успеат да донесат две големи ѕвезди.

Башка, му лежи системот на Бркот каде не мора да се замара во одбрана и слободно да си фаќа ритам во нападот.

* * * * * * *

- Т.н. “Супермен“ дуел на Флорида покажа дека, колку и да е инфантилен и без смисол самиот дуел, Шек и тоа како може да се носи со Двајт. Медиумите, но и самиот двајт малку повеќе ја напумпаа целата Супермен работа, која не легна кај Шек, па во неколку преноси самиот Реџи Милер изјави дека Шек го замолил да не го внесува во таков муабет, затоа што тој е единствениот и оригинален НБА Супермен.

Додека Двајт не освои титула, и тоа не една, и не почне да доминира на начинот на кој Шек доминираше од својата прва НБА средба, Дизелот останува единствениот со таа титула.

* * * * * * *

- Двете најопасни екипи во НБА во моментов не се ни Кавси, ни Лејкерси, ни Бостон, Денвер или Орландо. Таа титула им припаѓа на Оклахома сити и Јута кои во последните десет средби имаат скор 10-1. Посебно ме импресионираат Дурант и дружбата, кои ако продолжат вака ќе бидат голем проблем во плеј-офот за било кого. Тандер во плеј-оф? Кој би помислил пред стартот на сезонава.

1 comment February 22nd, 2010

All-Star(тери)…Добра, лоша и заебана вест

istok all star

Ги имаме Ол-Стар петорките за во Далас следниот месец и до некаде поголемиот број НБА фанови, барема оние пореалните при гласањето, односно оние кои погледнале барем една средба оваа сезона, се задоволни од тоа како на крајот испаднаа работите.

Како во многу случаи, имаме една добра, една лоша и една онака, зезната вест.

Добрата секако е фактот дека Нештињо успеа на крај да го претрка Мекгрејди и да спаси голем срам (или пак комишот замижил на едно око) срам за НБА лик кој цела сезона има изиграно 45 минути да биде стартер.

Лошата е нереалноста при гласањето и тоа што наместо оние кои заслужуваат, како Џо Џонсон или Рондо, во првите пет на Истокот е лик кого на старт од сезоната го избркаа од Мемфис, каде беше резерва, кој после тоа изјави дека ќе се пензионира, за на крај да заигра за Филаделфија која и не процвета со него. Старата слава си го направи своето и Ајверсон се најде меѓу стартерите на Истокот.

west all star

Остатокот од петорките е прилично реален.

А да, заебаната вест. Штета за Дирк кој долго време беше второ крило на Западот. Но, некако Тимчо успеа да го претрка во фото-финиш. Така, Амари кој не игра центар ќе биде стартен центар на Западот, а на крило ќе игра Тимчо кој за својот тим игра на центар.  Знам, заебано, посебно за Диркулес, кој игра одлична сезона со своите Мавси.

Некој може да се побуни и дека има место и за Дурент, но тешко дека би го убацил некој место Кармело, Тимчо, па и Дирк. Сепак, иднината е во рацете на Дурент кој е вистински лидер на изненадувањето од Оклахома сити.

Јас лично би го ставил Бош во први пет на Исток на местото на истрошениот и сезонава пак повредениот Кеј-Џи. Бош игра далеку подобра сезона, како и лани, од Гарнет и местото му е првата петорка, но како и во случајот со Ајверсон, старата слава си го направи своето, иако Гарнет вреди многу повеќе од Ален.

Резервите ќе бидат познати за недела дена, а до тогаш ќе имаме време за муабет кој треба, а кој не треба да се најде во Далас.

7 comments January 22nd, 2010

Next Posts Previous Posts


Календар

July 2010
M T W T F S S
« Jun    
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031  

Архива

Категории