Posts filed under 'Драфт 2009'

Драфтот не донесе никаква новост, а тоа и се очекуваше со оглед на квалитетот на понуденото. Никој не очекуваше да се случи нешто посебно интересно и како што се очекуваше како прв беше избран Блејк Грифин, кој ќе се обиде да не се вклопи во мизеријата наречена Клиперси.
По Грифин и онака се очекуваше да уследи еден куп пикови кои никој не може да ги предвиди, па така, Мемфис си најде замена за Дарко, кој заврши во Никси, во Хашим Табит, додека европскиот талент нумето уно Рики Рубио од сигурен втор пик заврши како петти и тоа кај Минесота.
Од аспект на клима, исто ко да игра во својата Шпанија. А ако му се верува на татко му на Рики, многу лесно може да се случи момакот и да остане во Еспања.
Се на се, ова е драфт кој не заслужува некоја посебна анализа, а дали ќе ни донесе барем еден-два олстар играчи во иднина, останува да видиме.
Она што многу е поинтересно се трампите кои се десија овие неколку дена, како и оние за кои се зборуваше и кои би можеле да се десат.
* * * * * *

Гледам по коментарите дека не сте ме разбрале околу она “иднината на Хидо на Флорида“. Не дека тој не може да игра со Винс во први пет, туку тоа дека управата на Орландо нема ни волја, ни сила да ги има под свое договорот на Картер и оној кој го посакува и бара Хидо.
Не дека Винс е ефтин, ама тој има уште две години договор, додека Хидо би требал да биде потпишан на пет години за најмалку 50-55 милиони. Сума која на Орландо не му се дава за 30-годишен играч.
Тоа значи дека Хидо скоро сигурно ќе облече нов дрес следната сезона, а некако најлогична опција за него ми е Портланд, кој и почна да ослободува место во селари-капот со трејдот на Серџо Родригез во Кингси. Некако ми е и вистиннски играч за Блејзерси, Туракот, кој би го растеретил Рој во нападот. Уште да успеат да го добијат Кирк Хајнрих во трејд, и ете ги Блејзерси пак како најнезгоден тим во лигата.
June 26th, 2009

После секое финале, некако по традиција почнуваат да кружат едно чудо шпекулации во врска со разни трејдови, кој кого ќе драфтува, кој ќе го трампа својот пик итд…
Како вовед во интересен драфт, а и лето, е муабетот дека во Аризона се подготвени да трампаат секого освен Стив Неш. А ако дојде добра понуда, зошто не и него. Од аспект памет зад ваквиот пристап, мислам дека нема што да му се замери на Стив Кер. Посебно ако се знае дека Нешти и онака е слободен следното лето, а и добар плеј не се наоѓа така често.
Задња шпекулација е дека Минесота и Феникс разговараат за можна размена на Ал Џеферсон и Амари Стадемаер, а Санси би го добиле и 6. пик на следниот драфт. Ова не е ништо ново, но ново е тоа дека и двата клуба бргу ја заташкаа целата работа. Откако Вулфси си изјавија дека во никој случај не би се откажале од Ал, се јавија и Санси со изјави од типот дека Амари и онака не би го пратиле во Минесота.

Од аспект на трејд, мислам дека овој не би му користел многу ни на едниот, ни на другиот клуб, можеби во поголем плус би биле Санси, но иако Вулфси во пост-Франки ерата се подготвени за блокбастер потег, мислам дека не би ризикувале со Амари.
Но, можеби Визардси би пробале. Како една од можните дестинации на Амари, кого Кер изгледа решил да го трампа, се спомнува и Вашингтон, иако Визардси не можат да понудат нешто така квалитетно како Вулфси. Можеби еден од тандемот Батлер-Џејмисон, плус 5. пик.
Колку тоа би ги задоволило во Аризона, не знам баш, ама се случувале и почудни работи. Плус, за очекување е во следните неколку недели, ако не се деси трејд на Амари во меѓувреме, да се убацат уште неколку клуба во целата равенка.
Јас би пробал со Џош Смит и Атланта да правам дил, ама тоа е малку веројатно.
Кога веќе го спомнав Џејмисон, се врти муабет дека тој би можел да заврши во Кавси во размена за Павловиќ и Бен Волас, кој би се пензионирал летово. Не ја разбирам логиката на Визардси, но секако ја разбирам таа на Кавси, на кои им треба тип на искусно крило кое ќе може да се носи со Рашард Луис или пак со Хидо.
И сега спојката за крај, Санси и Кавси, кои божем договарале трејд на Шек во Кливленд, ама запнало околу тоа што треба да го понуди Ден Гилберт. Кавси ја имаат истата понуда како за Џејмисон, ама Санси го сакаат и Делонте Вест, од кој вицешампионот на Истокот не планира да се откаже.
За старт на летово, доста.
ПС: А мислев да го спомнам и Трејси во Никси.
June 19th, 2009
Уф, колку не можам да пишувам. Ама, викам, ај да удрам еден пост од кабина.
Пошто овој период во НБА понекогаш знае да биде екстра интересен, а понекогаш па тотално монотон, а за жал се дешава второво, викам дај да го видиме барем на слика момакот кој ќе биде прв пик на следниот драфт. Има и видеа по ЈуТјуб со неговите атрактивни куцања.
Јас Блејк Грифин за прв пат го заприметив пред некое време на оние МекДоналдс турнири за најдобри средношколци кога ја освои титулата за најдобар забивач. Солиден беше и на главниот меч, но барем тогаш не одаваше некој впечаток дека ќе стигне до тоа за него да се зборува како за сигурен прв пик еден ден.
Сепак, неговиот напредок, како и разводнетата конкуренција на колеџ го ставија дечкото во таква позиција. Е сеа, негова несреќа е што ќе заврши во тим како Кингси, Клиперси, Тандер, Мемфис или Визардс, екипи кои во добар дел немаат играчи од негов профил.
Некои според агресивноста и атрактивноста во играта го споредуваат со Амари, додека има такви кои во него гледаат млад Чарлс Баркли или пак до некаде и играч од типот на Бузер, што и не ми е некаква споредба.
ПС: Знам дека трае борба за осмото место на Западот, каде навивам за Феникс, како и за распоредот од 2-8 во истата конференција, а слично е и на Исток од 5-8, ама некако нема драж во таа борба.
March 28th, 2009