Posts filed under 'Драфт 2007'

Оден: “Се гледаме догодина“

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Како бргу некој од “Идниот Бил Расел, Дејвид Робинсон итд. голем центар“ може да стане “Идниот Ралф Семпсон“ или не дај Боже - “Идниот Сем Боуви“?

Само прашајте го Грег Оден.

Сигурен сум дека споредбите со Боуви ќе бидат нешто што ќе се убиеме од слушање во следниве неколку дена, ако не и во текот на целата сезона, но мислам дека на момакот сепак треба да му се даде шанса да докаже дека не е д некс Семи Буи, ко што го викаат некои.

Пред некои месец дена читав интервју со Оден и првата работа која од него ја заклучив беше колку нетипичен лик за НБА играч и идна ѕвезда е момакот со лик на старец. Скромен, начитан и ептен паметен во секоја своја изјава. Не дека немаше изјави својствени за некој на негова возраст, но на прашањата на кои ќе очекуваш детси одговор, тој даваше интелектуални одговори несвојствени за некој на 19 години.

Можеби поради тоа ми е и уште покриво за веста дека момакот ќе ја пропушти цела сезона поради операција на коленото (десно). Хируршки зафат кој го имаат поминато доста НБА играчи и кој ја уништил кариерата на добар дел од нив. Сепак, некое непишано правило е дека колку играчот е помлад, шансите за камбек се поголеми. Пример за тоа се Амари Стадемаер и Зек Рендолф. Но, тука е и еден Дариус Мајлс да замати вода. Од ветераните кои го поминале ова Кид си тера без проблеми, но истата среќа ја немаа Пени Хардевеј, Алан Хјустон и Крис Вебер.

Како и да е, ова е огромен удар не само врз Блејзерси, туку и самата НБА која се подготвуваше за нова ера во својот развој од која Оден и Дурент требаа да бидат доста важен дел.

И знам, сега сите ќе се прават паметни како знаеле за тоа дека Оден бил подложен на повреди и како од прв ден се знаело дека Дурент ќе биде бољи играч. Мај ес, знаеле.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Но, има една доста добра причина за фановите на Портланд да не бидат толку очајни. Со екипата која ја имаат веројатно со Минесота и Сиетл од Западот и уште понекој од Истокот ќе бидат пак во игра за првиот пик и следната сезона, па може да се деси за 2008-09 во тимот да имаат двајца дебитанти и тоа и двајцата први пикови. Е тоа би било утеха.

Да се надеваме дека ова ќе биде истата приказна како во случајот на Амари.

ПС: Синоќа го убедував татко ми дека Русите се страшно паметни што на плус два прават фаул над Борче, а после и Тончи. Бев убеден дека, познавајќи ги двајцата, нема шанси да погодат две слободни. Така и бидна, а Френчите не ни заслужуваат да идат даље со таква баскетџиска екипа без никаква скок игра и без било каков барем малку постојан шут од надвор, а ни за слободни. Не дека Русите се многу јаки, ама тоа ти е Еуробаскет. За газењето на Швабите мислам дека нема што да се коментира. Тоа беше јасно како ден дека ќе се случи.

16 comments September 14th, 2007

Интересно

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Драфтот помина и ради него останав буден до 4 сабајле. За разлика од ласната монотонија, овој драфт стварно беше интересен, што поради играчите и трампите, што поради коментарите и анализите со кои беа исполнети паузите.

Оден очекувано заврши во Портланд, исто како и Дурент во Сиетл. и на двајцата веднаш им беше ослободен простор за напредок со трампањето на двајцата најголеми потрошувачи на топки во екипите, Зек Рендолф. т.е. Реј Ален.

Ален заврши во Бостон, а Зеко во Њујорк, што наиде на овации во публиката. Ајзеа заслужува честитки за овој потег и Никси сега и официјално ја имаат најдебелата и можеби и најдобрата комбинација на крилен центар и центар. Плус, Ајзеа се откачи од Френсис.

Само ме плаши комбинацијата на Зеко и ноќниот живот во Њујорк.

Атланта заврши одлична работа со Хорфорд и Ло, а Бруер ми е малце чуден избор за Минесота, исто како што Ји е за Милвоки. Кинезот не се ни радуваше кога разбра дека Бакси го избрале.

Шарлот го избра Брендан Рајт, а малце покасно дознавме дека тој ќе игра за Голден Стејт од каде Бобкетси го добија Џејсон Ричардсон. Трејдов е ок и за двата тима. Џордан во Ричардсон доби бек кој знае да убаци 20 поени по утакмица, а Вориорси се отарасија од бекот кој беше вишок во офанзивната шема. Брендан е поефтин и е голем талент на четворка.

Доста е.

2 comments June 29th, 2007

Јоаким Миљоски

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Ноа друже, оделото ти е ок. Мислам, интересно и сосема различно од сите други момци кои играа на сигурно со класични одела. Ми се свиѓа и лептир машната, треба храброст за тоа. Задњи кого го памтам по лептир машна е Јане Миљоски.

Ама бе, пријателе, осмехот и фризурата?!?!? Изгледаш каколик од некој цртан филм. Уствари, Андерсон Варежао доби конкуренција во тоа кој ќе биде “Сајдшоу Боб“ во НБА.

Ќе биде весело кога Бен Волас и Ноа ќе ги распуштат косите на тренингот н Булси.

5 comments June 29th, 2007

Ален остана “зелен“

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Бостон го доби Реј Ален од Сиетл кој дефинитивно тргна по патеката на обнова на тимот од корен. Тоа и не е така лошо кога го имате Дурент да ја градитер иднината врз него. А и Џеф Грин нема да им дојде лошо. Само, малку ми е чудно тоа што и двајцата играат на иста позиција.

Што се однесува на Селтикси, мислам дека тредјов им е ОК. Сепак го добија најдобриот шутер во НБА, иако тој наскоро полни 32 години. Во комбинација со Пирс и Џеферсон и дел од младите момци Бостон би можел да биде интересен за гледање.

Негооо, кој ќе мора да се откаже од 34-та?

Add comment June 29th, 2007

Драфт и други муабети

Последниве недела дена се стварно луди, посебно ако им се верува и воопшто им се обрнува внимание на 456 561 302 шпекулации кои се појавија за така кратко време. Вечерва е кулминацијата по која сите ќе можеме конечно да се вратиме во нормала откако скоро ни една од најавените големи трампи нема да се случи. Јас намерно не постирав ништо во врска со шпекулациите за Гарнет, Амари, 3. пик, 11. пик и тако даље.

Ајде набрзинка само да им посветам малку време на сите гласини кои ко зајаци се множат деновиве.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

- Држам среќа за трејдот на Амари во Атланта кој би им го донел Гарнет на Санси, а Минесота би си ги добила 3. и 11. пик на Хоукси, плус Заза Пачулиа и Ентони Џонсон. Последните информации се дека нема ништо од дилов, а ако е вистина дека Стив Белкин ја кочи целата работа сигурен сум дека жив ќе го запалат во Атланта.

Минесота е таа која ја инијацира целава работа, што ми е и разбирливо со оглед на тоа дека со тоа тие би ги имале 3., 7. и 11. пик на драфтов кој би требал да биде еден од најбогатите оваа деценија.

Логиката на Феникс се базира врз Неш и прозорот за освојување на титулата кој се врзува со кариерата на Стиви. Затоа е и логичен трејдот за Гарнет, кој во моментов, а и следниве две-три години ќе биде покомплетен играч на Феникс, каков и што им треба за да го поминат Сан Антонио

- Атланта ја поврзуваат и со трејд на 11. пик во Сиетл (ако не биде горниов трејд) во размена за Лук Риднур. Хобитот би го решил проблемот на плеј, но не сум сигурен дали е баш најпаметен потег со оглед на тоа дека уште не е докажан и Атланта со тој пик може да го собере Ејси Ло.

- Трејдот пак на Гарнет во Лејкерси е на цели еден посто шанси да се случи. Минесота многу јасно изјави што сака за возврат за својот суперстар, а тоа сигурно не е Ламар Одом и неговите 27,4 милиони за следните две години.

- Никој не сака да игра за Бостон, така да не треба да се очекува трејд на Гарнет или Џермејн О’Нил во Селтикси кои најверојатно нема да го трампаат 5. пик. Нема да ме чуди наскоро Пол Пирс да си побара трампа.

- Кога сме кај Џермејн, а и Лејкерси од малце погоре, исто така мали се шансите О’Нил да заврши во Ел-Еј. Причината е што Купчак нејќе да се откаже од Бајнам, а и Пејсерси нешто многу-многу не го сакаат Одом. Поголеми се шансите Пејсерси да го трампаат Џермејн или некој друг играч со цел да бираат високо во првата рунда.

- Девин Херис за 6. пик на Милвоки?!?!? Не ми се верува. Што можат Мавси да добијат од ова освен да загубат играч кој е одлично надополнување за Тери.

- Шарлот би можел да го трампа својот пик.

- Ова не е шпекулација, туку вистина. Винс Картер останува со Нетси до 2011. Не ми е јасна логикава на овој потег на Њу Џерси, ама можеби во план имаат трејд на Џеферсон за Рендолф и уште некој потег со кој ќе бидат конкурентни на Истокот. Сепак, 60-65 милиони за Винс за само четири години е премногу.

- Оден е прв пик.

13 comments June 28th, 2007

Драфт 2007 Спешл - Центри

Непишано правило е дека доминантните центри доаѓаат еднаш на пет, а често и десет години. По Јао Минг 2002 година, следен кој со својот потенцијал го заслужи статусот на иден доминантен центар е Грег Оден, кој со оглед на тоа дека тешко се наоѓа квалитетно решение за оваа позиција најверојатно ќе биде избран и како прв пик.

Покрај своето веќе сега спремно НБА тело, Оден располага и со богат арсенал на пост движења, солиден шут од дистанца и поеднакво е добар и со левата и со десната рака. Уште поголемо внимание му обезбедија неговите дефанзивни квалитети и чувството за блокада кои би му помогнале веднаш на тимот кој би го избрал во одбраната на рекетот.
Како плус за Оден е и неговата изградена личност и скромност поради што многумина го споредуваат со Тим Данкан.

Уште само Ноа е потенцијал кој привлекува внимание на оваа позиција. Синот на познатиот екс-тенисер Јаник Ноа минатата сезона слободно можеше да биде избран како прв пик, но се одлучи да ја одбрани НЦАА титулата со Флорида, што и му појде од рака, но во исто време и му ја намали вредноста. Плус за Ноа се неговата енергичност и борбеност на теренот кои ги користи да ги надокнади недостатоците во играта.

Тој нема да биде главен играч во ниту една НБА екипа, но би можел да биде солидно засилување за екипа која веќе ги има речиси сите елементи да се бори за висок пласман.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

1. ГРЕГ ОДЕН

Роден на 22.01.1988 во Бафало, Њујорк

Висина/Тежина: 213 см., 127 кг.

Колеџ: Охајо Стејт

НБА споредба: Дејвид Робинсон

2. ЈОАКИМ НОА

Роден на 25.02.1985 во Њујорк, Њујорк

Висина/Тежина: 211 см., 103 кг.

Колеџ: Флорида

НБА споредба: Тајсон Чендлер

3. СПЕНСЕР ХЕЈВС

Роден на 28.04.1988 во Сиетл, Вашингтон

Висина/Тежина: 211 см., 114 кг.

Колеџ: Вашингтон

НБА споредба: Бред Милер

4. ТИАГО СПЛИТЕР

Роден на 01.01.1985 во Блуменау, Бразил

Висина/Тежина: 211 см., 107 кг.

Тим: Тау Керамика

НБА споредба: Пи-Џеј Браун/Фабрисио Оберто

5. АРОН ГРЕЈ

Роден на 07.12.1984 во Ајмус, Пенсилванија

Висина/Тежина: 215 см., 127 кг.

Колеџ: Питсбург

НБА споредба: Бред Милер

4 comments June 27th, 2007

Драфт 2007 Спешл - Крилни центри

Иако нема кандидат за првиот пик, позицијата на крилен центар можеби има најбогата понуда на идни ѕвезди и високи избори на овој драфт. Од Брендан Рајт, кој би можел да биде избран веднаш зад Оден и Дурент, тука е и Ал Хорфорд од двократниот шампион Флорида кој би можел да направи разлика во рекетот за тимот кој би ги избрал и кој лесно може да биде трет пик, во зависност од тоа дали Атланта ќе се одлучи за него или за Рајт. Како варијанта е Хоукси со тој свој избор да се одлучат и за плејот Мајк Конли.

Најдобрите четворица крилни центри во оваа драфт генерација речиси сигурно ќе бидат избрани меѓу првите десет, а покрај Хорфорд и Рајт, голем интерес привлекува “новото кинеско чудо” Ји Џианлиан, за кого ниту еден од скаутите сe уште не е сигурен дали има 19 години (како што тврдат кинеските спортски власти) или пак 22 години, како што тврди остатокот од светот.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

1. Ал Хорфорд
Роден на 03.06.1986 во Пуерто Плата, Доминик.република
Висина/Тежина: 208 см., 124 кг.
Колеџ: Флорида
НБА споредба: Хорас Грент/Карлос Бузер

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

2. Брендан Рајт
Роден на 05.10.1987 во Нешвил, Тенеси
Висина/Тежина: 208 см., 95 кг.
Колеџ: Северна Каролина
НБА споредба: Крис Бош

3. Ји Џианлиан
Роден на 27.10.1984 во Шенжен, Кина
Висина/Тежина: 213 см., 104 кг.
Тим: Гуандгонг Тајгерс
НБА споредба: Пау Гасол

4. Џеф Грин
Роден на 28.08.1986 во Хајатсвил, Мериленд
Висина/Тежина: 203 см., 107 кг.
Колеџ: Џорџтаун
НБА споредба: Ламар Одом

5. Џош Мекробертс
Роден на 28.02.1987 во
Висина/Тежина: 207 см., 122 кг.
Колеџ: Дјук
НБА споредба: Крис Вебер

6 comments June 27th, 2007

Previous Posts


Календар

December 2008
M T W T F S S
« Nov    
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  

Архива

Категории