Posts filed under 'Драфт'

Будење во последен момент во Ел-Еј + Роуз или Бизли?

Photobucket

Сабајлево не гледав баскет, така да не можам да пишувам што се случувало во Ел-Еј, ама како што гледам по разни сајтови и бокс-скорови, било ептен интересно во Холивуд. Будењето на Коби во второто полувреме значелo и будење на Лејкерси кои биле во дупка и од 20 поени. Дали за тоа е виновен предолгиот одмор (како што е кај Пистонси) или не, не знам, мада ми се чини дека е така.

Разликата меѓу Детроит и Лејкерси е во тоа што Пистонси немаат играч како Коби кој може одеднаш да преземе контрола врз една средба во свои раце.
Уморот ги стигна Спарси дури во второто полувреме, посебно во последната четвртина кога имаа беден шут и за два и за три. За очекување е доколку Паркер и Данкан го носеле тимот во претходниот тек од средбата, Ману да биде тој кој ќе ја преземе одговорноста во свои раце во последен период, ама очигледно дека сабајлево Ману не беше тој од последните средби, нешто за што тој му даде заслуга на Саша Вујачиќ и неговата одбрана.

Одом и Фишер под просек, иако од Фишер не ни очекувам да биде некој посебен фактор во оваа серија. Барем не како што беше против своите лански другари од Јута, посебно против Дерон Вилијамс. Одом пак, ќе мора подобро од осум поени и исто толку скокови. Посебно кога е чуван од типови како Оберто и Курт Томас.

Толку од средбата која не ја гледав.

* * * * * * *

Иначе, вчера не и одвоив место на Драфт лутријата, веројатни поради фактот дека немавме таленти од типот на Оден или Дурент, а можеби ни од типот на Хорфорд. Лани луртијата беше тука пратена детално поради можноста моите Хоукси да бираат први или втори (иако не ја утнаа ни со третиот пик), а овој пат тие немаа ни свој пик во лутријата. Нивниот пик од првата рунда оди кај Феникс, како дел од трејдот Џонсон - Диао, што е уште една причина за мавање глава во ѕид на Санси, кои лани Атланта да немаше Топ 3 пик, ќе го добиеше нејзиниот избор. Да не ги ни споредувам пак Џо и Борче.

Photobucket

Кога сме веќе кај Лутријата, Булси испаднаа невидени гзлаци откако со само 1,7% шанси стигнаа да бираат први. Тимовите кои се тепаа кој ќе има послаб скор пак извисија како и лани, што е уште еден аргумент против т.н. тенкинг кои го практикуваа некои екипи.

Што се однесува до Булси, тие сега треба да се одлучат дали да го изберат Дерек Роуз или Мајкл Бизли. Тоа ќе зависи од потребите на Чикаго и желбата на управата да направи некој трејд ова лето за конечно да заличат на тим способен за големи нешта.

Трејд на Хајнрих и Гордон, посебно на првиот ако се избере Роуз, е неизбежен ова лето. Денг мора да се задржи, исто како и Носиони, иако тој им е една од најголемите мамки за трејд, па може да испадне жртва. За трејд се спакувани и Хјуз и Гуден, ама кој да ги земе. Може да лета и Тајрус.

Ако се избере Бизли, тогаш Хајнрих сигурно останува, ама се создава нов пирамида ефекат. Како и да е, би требало да имаме интересно лето во Чикаго.

Коцките се тука, само треба да се најде некој да ги посложи, мада се сомневам дека за тоа е способен Пексон, кој успеа преклани да го пропушти Ламаркус Олдриџ за да го добие Тајрус Томас.

ПС: Нафрлано, знам…

5 comments May 22nd, 2008

Лутрија

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Помина доволно време од Драфт лутријата за да се средат било какви впечатоци, ама и после скоро 18 часа од дешавките во околината на Њу Џерси, неколку работи ми се измешани.

Нормално дека сум среќен што Атланта успеа да си го задржи пикот откако го добија 3. пик, да беше едно место погоре ќе го лапнеше Феникс и ќе станеше уште појак. Е сега, кога останаа Хоукси со Сиетл и Портланд, имаа најголеми шанси за 1. пик, ама непредвидливоста на лутријата оваа година се покажа во најдобро светло. 3. пик е стварно добар, и тоа секоја година, ама не знам дали е толку добар во драфтот во кој ги имате Грег Оден и Кевин Дурент. Добар е и 11. пик кој Атланта го доби од Индијана од трејдот на Ал Херингтон, а доколку тој пик беше во топ 10 Пејсерси ќе си го задржеа.
Портланд ќе бира прв, што веројатно е и ОК со оглед на тоа дека лани тие го имаа најслабиот скор ама не го добија 1. пик. Сиетл ми е мрзок, а посебно Лени Вилкенс, така да селекцијата како втори можеби и ќе им помогне на Соникси во останувањето во Сиетл.

Иако сите викаат дека Портланд ќе го драфтува Оден, мислам дека Блејзерси убаво ќе размислат пред да ја донесат таа одлука. Не дека Оден не заслужува да биде прв, него поради составот на играчи кој го имаат. Дурент би им ја пополнил единствената позиција на која немаат голем талент, додека со Оден би трпеле минутите на Ламаркус Олдриџ. Освен ако не се направи трејд со Зек Рендолф.

Сиетл ќе го ланпе тој што ќе остане, а Дурент би им бил идеална замена за Рашард Луис, кој не верувам дека од следната сезона ќе биде дел од Соникси.

И така доаѓаме до Атланта, која стварно не знам кого ќе избере. Има добра опција за робусен скокач во Ал Хорфорд, а можеби и ќе биде нешто од Ји Џианлиан. Ама, според мене, можеби би било подобро да се спакуваат 3. и 11. пик и тие да бидат трампани за некој поискусен играч. Можеби и да се додаде некој од сегашните млади играчи па да се рипне едно место погоре на драфтот. Се е можно, иако Џи-Емот на Хоукси не ми влевав никогап доверба.

Најголеми лузери годинава се Бостон и Мемфис, и ако мене ме прашувате, нека им е. И двете екипи во доста средби од вториот дел од сезоната свесно не даваа се од себе за да стигнат до Оден или Дурент, ама тоа им се одби од главата. Нека се тешат со шампионските банери во Бостон. Мемфис пак нема со што да се теши, ама па за нив ич не ми е криво.

ПС: За Јута и Сан Антонио и Гејм 2 стварно нема потреба да се пишува. Како што спомна Ритрај во еден коментар, а и како што пишав за утрешниот весник - Дежа ву. Ако покрај Бузер и Дерон не се најде трет играч со муда во Јута, серијата ќе заврши многу побрзо од предвиденото, а и дупките во одбраната како да не знаат како да ги затворат и како да се казнети да ги повторуваат своите грешки.

ПС2: Убаво беше пак да се види ослабениот Доминик.

10 comments May 23rd, 2007

Пинг-понг иднина

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Вечер е драфт лутријата која за некои екипи знаела да значи целосно нова, многу посветла иднина, а за други знаела да значи неоснована надеж базирана на играчи кои ни криви ни должни биле напумпани како идни големи ѕвезди пред да стапнат во НБА.

Така, за секој Леброн Џејмс имало еден Первис Елисон, за секој Тим Данкан имало еден Квами Браун, за Ален Ајверсон - Ендрју Богут, за Елтон Бренд - Џо Смит, за Јао Минг - Мајкл Оловокенди итд…и тоа само од последниве десетина година.

Оваа година нема да се деси некој од второнаведените ликови од погоре, затоа што Грег Оден и Кевин Дурент се момци кои навистина имаат потенцијал да станат големи НБА ѕвезди. Е сеа, ќе видиме кој ќе ја има среќата на пинг-понг топчињата да стигне до 1. и 2. пик и да лапне еден од нив двајца.

Мемфис во моментов има најголеми шанси за тој 1. пик кој ќе го претворат во Оден, а во Бостон се молат дека тие иако се со најголеми шанси да бираат втори, да ја имаат таа среќа да го лапнат Оден. И да не се случи тоа, Селтикси ќе бидат среќни и со Дурент. Само да не им се повтори 1997 година кога веќе беа спремни да си го присвојат 1. пик со кој би го избрале Данкан и тоа би значело враќање на кошарката во Бостон. Имам некој филм дека после десет години пак ќе им се повтори тој малер.

Што се однесува до мене, нормално, сакам Атланта да добие еден од првите три избори, по можност 1. или 2. разбира се. Се под 3. пик ќе му припадне на Феникс. Хоукси го имаат пикот на Индијана, ама па само ако тој не биде во Топ 10. Значи, навивам за 1. и 11. пик на Атланта со кои би ги лапнале соиграчите од Охајо Стејт, Оден и Мајк Конли џуниор. Мераци.

18 comments May 22nd, 2007

Оден и Дурант - двете нови големи фаци

Ај малце за следните НБА ѕвезди, кои ради новото ограничување на лигата, минатото лето не можеа да бидат дел од драфтот (и веројатно да бидат 1. и 2. пик).

Ако повеќето од вас веќе знае за Грег Оден, како следниот голем центар, тогаш веројатно помал број слушнал за Кевин Дурант. Момакот често го споредуваат со Ти-Мек, а неговата последна партија за Тексас влезе во историјата на својата НЦАА дивизија.

Уствари, и двајцата се убедливи први два пика како прогноза за следниот драфт. Само што нешто во последно време Оден се предомислува и вика дека му е убаво на колеџ. Го сфаќам.

Еве клипче од Оден и Дурант…

ПС: Не знам за вас, ама мене Оден ми изгледа како да има 40 години.

ПС1: Ова е пост во исчекување на вечерашната вест за Ол-Стар резервите.

5 comments February 1st, 2007

Scelta Numero Uno Sulla Brutta Copia Relativa a Quest’anno…. + со допуна: Драфт Најт Рикеп

или дрн-дрн јариња. Еве мене шо ми остаи фпечаток:

  • Лазањата Барњани е прв во Торонто.
  • По(р)тланд направи милион дубари. Ламаркус во Блејзерси за Тајрус Томас и Крјапа. Себастиан Телфер и Тио Ретлиф ојдоа во Селтикси за Реф ЛаШпенц и Ден Цвикау и умешаа пикови, мада мене уште ми е нејасно.
  • Бркот во Шарлот.
  • Руди Геј во Хјустон.
  • Редик во Орландо.
  • Џош Бун во Њу Џерси.
  • Џејмс Летечи Вајт исто во Џејл Блејзерс ко прв пик на втора рунда.
  • Коста Перович во Голден Стејт.

Другото е мрско.

Допуна бај Каракаш:
Толку од мрскотијата на Шеп, кој и без да го гледа драфтот сконта дека е за нигде. Ја морав да ја изгледам цела прва рунда за да сфатам колку е овој драфт мрзок, али и да сфатам колку не ги бива за ништо типците од ЕСПН, кои можат слободно да им носат вода на Чак, Кени и друштвото од ТНТ.

Иначе, признавам, ова ми беше прв драфт изгледан у целост и ако вака е секоја година ќе размислам дали и за следниот ќе останам буден до 4 и пол сабајле. Ај, ептен беше топло, па и онака не се спиеше, а X-Zone одамна немаме на кабловачка.

Така, му ја заседнав накај еден и пол пред ТВ, земав шише вода и почнав да ги слушам момците од ЕСПН како мелат….и мелат….и мелат.

На почеток ми беше ОК, зашто у основа знаев малку за оваа драфт класа, посебно за момци како Томас, Фој, Рој итд. Ама, после некоја минута, кога типовите почнаа да се повторуваат, а Стивен Скриминг Смит, (кој како мал паднал у буре со течен адреналин), почна да пробува да биде духовит, мене почна да ми станува мрско.

Ако му е за верување на ЕСПН тимот буквално секој од првите осум пика е ѕвер, кој или сега или за година-две ќе биде играчиште во НБА. Нормално, секој играч беше претставен со микс од најдобри потези у кој дури и еден Саер Сене од Пепинстер изгледаше како Хаким у млади дани (значи-Аким).

Настрана без везе преносот, никој не се изненади кога Штерн го викна Барњани да му се прикључи на сцена како 1.пик. Андреа промрморе нешто на италијански, а “аналитичарите” одма почнаа да викаат како тоа е добар пик, ама и дека од него никад нема да биде НБА ѕвезда.

По селекцијата на Баџо уследи прав хаос у кој после некои десетина минути се изгубија и момците од ЕСПН и самиот Штерн, а веројатно најзбунети беа у Портланд кој направи еден куп трампи со кои ама ич не му помогна на тимот.

Како што ги читаше пиковите комишот, одма јавуваа дека тој е трампан таму, а оној онаму. Чикаго си го доби Тајрус Томас, а и му направи дубара на Портланд земајќи го Олдриџ како втор за да им го дадат на Блејзерси кои со Томас мораа да им го дадат и Кријапа.

Мајкл не се коцкаше со 3.пик и го избра најспремниот НЦАА играч на драфтот - Бркот Морисон. Најјезив момент у миксот за Адамчо беше како седи на клупа у тајм-аут и си шиба инсулинска инјекција. Ако не сте знаеле, момакот е шеќераш. Иначе, Адам е фаца, ФАЦА! Доказ е и клипов. Обратете пажња на бркот.

Моите Хоукси не трејдуваа и го земаа Шелден Вилијамс, нешто што беше најавено уште пред некоја недела. Колку и да сакав да земат плеј, нив ги немаше у некој избор на овој драфт, а Шелден е мрга која имаше одличен дабл-дабл на Дјук. Плус, тој е прв блокер у историјата на универзитетот и два пути беше најдефанзивец, нешто што очајно и треба на Атланта.

Потоа продужи целиот хаос у кој не се знаеше кој пие, а кој плаќа, а на изненадување на сите еден Маркус Вилијамс, кој е најбољи плеј у оваа класа падна се до 22. место.

Најинтересно у МСГ беше кога Никси дојдоа на ред да бираат. Додека скоро сите, па и Спајк Ли го извикуваа името на М.Вилијамс, Штерн објави дека Њујорк го бира Реналдо Болкмен по што одма уследи штама у салата.

Никој жив не знаеше кој е типот, но кога аналитичарите кои исто така беа шкирани, почнаа да објаснуваат дека Болкмен е тип за у 2. рунда, и тоа за пред крајот, почнаа серијата свирежи и скандирања Fire Isaiah!!!. Ситуација која не се смири некои десетина минути. А до сабајлево единствената ствар у која Зик беше колку-толку добар беше драфтот.

По се изгледа се си има свој крај…у Њујорк. Еве ја целата ствар, ама снимена од страна на еден фан на Нетси, кои поради глупоста на Ајзеа стигнаа да си ги земат и Вилијамс и Бун.

Друго нешто не ми фати око. Лејкерси го земаа Фармар кој како средношколец беше еден од подобрите во САД, ама малце се изгуби на УКЛА. Ипак, мислам дека тоа е добар пик за нив. Рундата ја затвори кој друг ако не Портланд со изборот на Британецот Филенд, кој му поклони фудбалски дрес од Англија на Штерн кога овој му го даде капчето на Блејзерси.

То би било то од драфтот, а деновиве би требало да има и анализа на понекој од топ пиковите. За крај ѕирнете го клипов и типот кој жога бонито на него.

8 comments June 29th, 2006

Драфт збунка, Црната Кутија на чичко Штерн и раперот Рајли

Кај сум у дилема дали сите ние живееме у иста држава, исто така апсолутно неам појма кој ќе биде 1. пик на утрешниот драфт. Нешто у што не сум единствен, а веројатно ни самиот Брајан Коланџело до последен момент нема да знае кого ќе избере, откако изјави дека се уште се мисли меѓу двајца момци.

Барем за сега типот вика дека нема никаква намера да го трампа својот прв пик, за кој па и нема некој посебен интерес со однос на тоа дека на овој драфт нема играч како на некои претходно кој уште у првата своја сезона може да направи голема разлика.

Коланџело веројатно се мисли меѓу Андреа Барњани и Ламаркус Олдриџ, иако не би ме изненадило на крајот да се одлучи и за Адам “Бркот” Морисон.

Од одлуката на Торонто целосно ќе зависи дали драфтот ќе продужи по текот кој другите екипи го посакуваат или пак Репторси ќе започнат домино-ефект у кој секој ќе мора да бира не според претходните планови, туку според тоа што ќе им остане на масата.

Така, ако Коланџело не го лапне Барњани, онда шпагетата може слободно да падне до 5. или 6. пик, пред се поради тоа што после Коланџело нема многу Џи-Ем-овци кои се убедени дека ќе биде играч од момакот од Рим.

Ја лично баш Андреа го имам најмногу гледано од овие момци кои се топ фаци на драфтот, додека другите ги имам фатено чат-пат, недоволно да видам што се крие у нив. Од она што го слушам, најкомплетен играч е Морисон, кој уште сега е спремен за НБА, што не може да се каже за другите момци.

“Бркот” има факат страшен шут и одлично се движи без топка, плус на тоа тој од мал се мучи со дијабетисот што секако ќе го направи класична палома-шмрк прича за Америте.

По вкус на скаутите им е и Ламаркус Олдриџ, кој многу потсеќа на својот ментор Крис Бош, иако у сите најави го споредуваат со Џермејн О’Нил. Ја пред некое време читав интервју со Олдриџ у кое се гледа дека момакот е скромен тип од Тексас кој располага со голем потенцијал да стане играчиште, што не би требало да биде проблем со оглед на одличниот ворк етик.

Иначе, мок-шмок драфтови не правиме.

Остатокот од момците се мистерија и од нив може, ама па и многу лесно може да не биде играчи. Ништо чудно овој да биде еден од оние драфтови на кои пик избран од 10-30 место да постигне многу повеќе од поголемиот дел од играчите избрани пред него.У продолжение следи најава на Топ 5-те талентите на овој драфт, која утре ќе се појави и у весник:

1. Ламаркус Олдриџ
Роден на 19.07.1985 год. во Далас
210 см., 106 кг.
Универзитет: Тексас
Го споредуваат со: Џермејн О’Нил

Олдриџ располага со сите физички предиспозиции кои се бараат во од еден висок играч во НБА. Тој и покрај својата височина е екстремно брз и подвижен
и во зависнот од потребите може да игра и на “четворка” и на центар. Покрај тоа Олдриџ е одлично кошаркарски поткован, нешто што ретко се гледа денес меѓу младите играчи, а освен во нападот знае да одигра одлично и во одбраната каде главна карактеристика му се атрактивните блокади. Веројатно најголем потенцијал на драфтот.

2. Андреа Барњани
Роден на 27.10.1985 во Рим, Италија
213 см., 102 кг.
Клуб: Бенетон (Тревизо)
Го споредуваат со: Дирк Новицки

Барњани е типичен европски играч за кој сонуваат НБА скаутите. Тој е висок, подвижен, има брз прв чекор и одличен шут за играч со својата височина. Во негов прилог оди и тоа што за разлика од другите европски играчи Андреа игра нетипично добра одбрана. Плус е чувството за тимска игра изградено во системот на Еторе Месина. Она за што му се забележува е недоволната мускулна маса за да се бори во рекетот со НБА ѕверовите, иако и Дирк кога дојде во лигата ја имаше сличната градба.

3. Адам Морисон
Роден на 20.07.1984 во Спокејн
202 см., 90 кг.
Универзитет: Гонзага
Го споредуваат со: Ричард Хамилтон

НЦАА лигата одамна немаше видено играч со такво чувство за игра како Морисон, кој е по вкусот на речиси секој НБА тренер. Главна карактеристика на Адам е тоа што тој е одличен стрелец, но покрај тоа него го красат и многу други работи, како брзиот прв чекор кој во комбинација со шутот го прави екстра тежок за чување. Не е загарантирано дека тој еден ден ќе стане голема НБА ѕвезда, но сигурно дека во вистинскиот систем ќе биде Ол-стар играч.

4. Тајрус Томас
Роден на 17.08.1986 во Батон Руж
203 см., 98 кг.
Универзитет: ЛСУ
Го споредуваат со: Тајсон Чендлер

Доколку се погледнат физичките способности и височината во НБА има малку играчи кои можат да му парираат на Томас. Покрај тоа што има еден од најголемите одрази воопшто во САД, Тајрус се движи како бек и е многу подобра верзија на Тајсон Чендлер и Стромајл Свифт. Главна негова карактерстика се атрактвните забивања и блокади. Како минус му се наведува тоа што доцна почнал да игра организирано кошарка, како и се уште неизградениот шут.

5. Брендон Рој
Роден на 25.07.1984 во Сиетл
198 см., 94 кг.
Универзитет: Вашингтон
Го споредуваат со: Ману Џинобили

Рој отсекогаш бил на листата на најталентирани млади играчи, но дури на последната година на колеџ тој целосно го покажа својот потенцијал на еден од најкомплетните млади играчи. Главно оружје на Рој е влезот за кој колеџ екипите немаа решение, а има и одличен шут од дистанца.

Како плус му се наведува и добриот преглед на теренот и малиот број на загубени топки. Од тоа дали ќе успее да се префрли на плеј во многу ќе зависи кој тим ќе го избере и дали ќе успее во НБА.

Факат е дека драфтот знае да биде и место каде се прават тешки грешки, а галеријава на Ес-Ај ни покажува дел од глупостите на Џи-Ем-овите. (Обратете внимание на Тод Фулер и момците кои беа избрани после него).

* * * * *

Е сеа, дилемата, т.е. трилемата да биде комплетна, НБА денеска лансираше промо материјал во кој само се кажува дека утре ќе биде отворена Црната кутија во која се содржани доста ствари кои ќе изненадат многумина. Мене прво на памет ми падна крајот на Seven, само што можда сега ќе ја видиме внатре главата на Ајзеа. А?

* * * * *

Коа сме кај Ајзеа, ако главата не му се најде у кутијата, онда типот има рок од една година да го среди хаосот кој сам си го направи во Њујорк или стварно ќе му лета главата, ама фигуративно.

Газдата на Никси, Џејмс Долан конечно се разбуди од неколку годишната кома и му даде ултиматум од 365 дена на Томас. Или ќе ги среди работите или ќе лета. Поштено.

Ја типувам дека нов надимак на Ајзеа ќе биде Брдмен, може и Чучулига, ако се побуни другар ни Андерсен.

* * * * *

Знам дека има еден куп драфт деј дубари кои се спомнуваат у моментов, а у нив ништо помалце па имињата на Ајверсон, Гарнет, Џермејн, Мерион, Луис, Бузер и Шцјасдбасбукијак. Мислам дека нема ништо од сите најави, барем не утре вечер, иако се погласен е муабетот дека деновите на Ален у Фила се одбројани, само уште да му најдат екипа у која би го трампале.

Ќе видиме, сите тие иде-не иде муабети ми се ептен мрски, онакви, као за у мало на клупа.

* * * * *

Знам дека реков дека више нема да пишуваме за финалето, ама ќе беше штета на го ѕирневте клипов. Толку.

16 comments June 27th, 2006

Мок драфт шабанерија + Реџи в пензија

Вечер на Спорт 4, ќе ја следиме Детроит - Милвоки (од 2 или 3, не знам дал е поместено времето во САД).. еве привју за утакмицата, а најавен е нов коментатор, непознат на нашата јавност. Не е поврзан со МакНБА, но му пожелуваме убава и успешна работа.

* * * * *

Се ближи драфтот, богати, а мие абер немаме од НЦАА овде. Еве го мок драфтот на Хупсхајп, во кој ко нивен фаворит е наведен Тајрус Томас, кој го иам видено пар пути, и освен што е инзвонреден атлета не ми остаил впечаток. Споредба со Тајсон Чендлер?! :( „Плачковците“ се проектирани малце потаке, Морисон на 4то и Редик на 11то. Они па споредени со Хемилтон и Ред? Мислам, Ред и Редик ради презимето.. али друго нема?!

* * * * *

И нбадрафт.нет го ставиле ко прв Томас (тоа значи дека нема да биде прв, а го споредиле со друг прв пик, Кенјон Мартин), а тука Морисон е втор (ради бркот, а зиглеа ради името е спореден со Лери Бирд?!?!?!?). Редик го бутнале на 16 место (веројатно ради мизерниот настап на Турнирот, но најлошото следи допрва - го споредуваат со Дражен!!!).

* * * * *

Знам дека сте без коментар после ова, па да ве орасположам.. еве ја, домаќинката:

* * * * *

ОК, знам дека сеуште сте без коментар. Затоа еве малце за нешто што се дешаваше синоќа во Индијана, освен поразот на Пацерите од Зајдисонцата.

Дресот на Реџи беше дигнат, таму негде, високо, во Консико, покрај Роџер Браун, Џорџ МекГинис, Мел Дениелс и 529-ката на Слик Леонард.

Еве ја и страницата посветена на Реџи, а во продолжение клипче од церемонијата и топ-5 моментите од неговата кариера.

7 comments March 31st, 2006

Проколнатата Генерација 1986

Синоќа ја гледав задњата утакмица од 1. плеј-оф коло 1986 година меѓу Бостон и Чикаго и покрај одличните 63 поени на Мајкл Џордан у поразот по двете продолженија, почна низ глава да ми се мота драфт генерацијата од таа година, која не долго после таа утакмица се бираше у Њујорк.
Најбоља илустрација за тоа колку “добра” беше таа генерација кажува дека од оваа гледна тачка, најбољи играч испадна дека тогаш беа играчите од втората рунда Марк Прајс, Денис Родман и Џеф Хорначек и 8.пик Рон Харпер. Се друго, беше за у бунар. (Нормално, освен Дражен и Сабас).
Почнав да ја споредувам таа со некои други слаби генерации, али мислам дека со право Генерацијата 1986 останува најслаба и попозната како Проколната Генерација. Еве и зашто:

Прва рунда:
1.пик: Бред Доерти (Кливленд) …Бред можеше да биде еден од најдобрите високи играчи у лига, ама повредите го направија преспор за такво нешто. Ипак, и како таков играч успеа да биде меѓу подобрите високи крила-центри у првите пет-шест години у лига. Ипак, имаше потенцијал за многу повеќе.


2. Лен Биас (Бостон)…Умре само 12 саати по драфтот…од оувердоуз. Ако ви текнуе на филмот “Heaven is a playground”, ликот кој го викаа The Truth беше делумно базиран баш на Биас. Да не претераше со славење, веројатно ќе беше суперстар.

3. Крис Вошбурн (Голден Стејт)…Како и Биас, и Крис имаше навика да шмркне понекоја линија. За негова среќа, тоа не го уби, али затоа му ја уби кариерата.

7. Рој Тарпли (Далас)…На сите кои го гледале Тарпли им беше јасно дека тој има талент да стане четворка на ниво на еден Баркли или Мелоун. Али, како и кај Биас и Вошбурн, љувавта кон кокаинот беше преголема. Се враќаше у лига после суспензиите за шмркање, али никад не се исчисти.

12. Џон Вилијамс (Вашингтон)…предебел да се мрдне.

24. Арвидас Сабонис (Портланд)…Можеше да биде најдоминатниот играч у историјата на кошарката. Но, му отидоа колената. И без нив беше колку-толку добар играч. Знам дека ова за оние од вас кои не го знаат Сабас од тогаш звучи смешно, али распрашајте се кај постарите.

13. пик од 3.рунда таа година беше и Дражен Петровиќ, кого го избра Портланд. Што му се деси на Петро знаеме сите…

2. Рунда и не беше толку лоша:

1.пик у 2. рунда беше Марк Прајс, кого го избра Далас…Не се изнаигра у Мавси, ама кога отиде у Кливленд стана еден од најдобрите плејмејкери у лига. Јас најмногу го памтам како тип кој не знаеше да утне слободно, а ни за три. Ако ми текнуе, една сезона шутираше слободни со 96%. Болна работа.

3.пик Денис Родман – Детроит…Ликот и делото на Денис мислам дека ви се добро познати.

5.пик Џони Њумен – Њујорк..и него го сотреа повреди, али у оној период кога беше здрав, беше прва опција на Никси, а потоа и на Нетси.

6.пик Нејт МекМилан – нормално, Сиетл

22.пик – Џеф Хорначек – Феникс…Мислам дека и Хорни ви е познат, ако не по друго барем по времето кога играше за Јута против Булси у финалињата 1997 и 1998 година. Нормално, и по моронскиот гест што го правеше кога шутираше слободни.

7 comments January 2nd, 2006


Календар

October 2008
M T W T F S S
« Sep    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  

Архива

Категории