Posts filed under 'Дневен Топ 10'

Никаков Топ 10 за никаков Ол-Стар петок

Насловот кажува се. Изгледа петок 13-ти не е само мит. Иначе, секоја чест за рекордот на Дурент од 46 поени на средба на која никој жив не игра одбрана и на која би требало да гледаш малку да се зезаш и да ги разигруваш и соиграчите.

Барем го има Доминик.
Вечер е она подоброто во однос на синоќа, а за тоа утре. Ај хоуп.

Add comment February 14th, 2009

Цепелини

Конечно добар Топ 10. Посебно е добар “потегот“ на Делонте.

5 comments December 13th, 2008

(Из)Летот на Пистонси

На НБА ТВ, Рон-Рон е прв, а Ариза и Коби се десети. На ЈуТјуб каналот на НБА, Рон-Рон е трет, а Ариза и Коби се први, а и има уште неколку потези на кои тука не им е место. Со тоа продолжува огромната разлика на паралелните дневни топ видеа од една иста работа. Нема врска, важно нешто да се гледа. И онака најшмекерски е потегот на Дре Милер.

9 comments December 6th, 2008

Црвени рози

Една ствар не ми е јасна. Зошто ама баш никогаш оној Топ 10 кој го гледам на НБА каналот на ЈуТјуб нема ништо заедничко со Топ 5 кој го гледам на НБА ТВ? Ниту прегледите се исти. Добар пример е задњиов на кој на НБА ТВ Бајнам е прво место, а овде е бананата на Роуз над Дре Милер, која на Топ 5 е втора.

Малце во фрка деновиве со некои други обврски.

11 comments December 1st, 2008

Пи-Џеј…да, не и Еди, црвени Најки и камбекот на Вејд

Последниве неколку дена во НБА се актуелни тренерските промени. Мислам на тие во Оклахома сити и Вашингтон, двете екипи со катастрофален старт. Ако го очекував отказот за Карлисимо, кој и онака не мислев дека е добар избор за младиот тим уште лани, кога екипата која се викаше Сиетл Суперсоникс, малку ме изненади отказот на Еди Џордан. Човекот не е ни малку крив што Визардси имаа старт од 1-10, посебно не со оглед на тешките повреди на Жилберто и Брендан Хејвуд. Џордан ги однесе Визардси до плеј-офот задњиве четири години, па и лани кога исто така не можеа многу-многу да сметаат на Аринас. Управата да беше малку поспособна ќе му донесеше вистински засилувања на Џордан или ќе задржеше некој од играчите кои можеа да го менуваат Аринас додека е овој повреден. За тоа зборував во еден коментар на претходниот пост.

* * * * * * *

Од другите ствари, еве го Топ 10 од синоќешните мечеви во кој пак доминира Леброн. Кога сме кај Леброн,синоќа, слично како и во посетата на Њу Џерси пред некое време, медиумите беа опседнати со летото 2010. година и иднината на Џејмс во Кливленд. За тоа има време, но изгледа во Њу Џерси (Бруклин) и Њујорк немаат зошто да и се радувата на сегашноста, па гледаат година и пол во иднината. Мора да го имаат Хиро Накамура негде во офисот.

Целото внимание на медиумите во Медисон синоќа Леброн и Најк го искористија на најдобар можен начин – за промоција на спешл едишн од моделот на Леброн. Издание кое ме враќа на Ол-Стар МВП титулата на Скоти и неговите црвени Најки.

Photobucket

* * * * * * *

И, уште ова. Восочното издание на Жилберто малку ми го поремети планот, ама денес пак налетав на фоткава од Вејд како куца во фацата на Џермејн, фотка која сакав да ја ставам за “Фотка на неделата“. Иако не го дочека тоа, Вејд дефинитвно заслужува да се постира оваа фотка. Како потврда дека повредите се минато.

Photobucket

13 comments November 26th, 2008

Се врна Ману

Во недостиг на интересни теми за пост, коментар…етц…цццц..

7 comments November 25th, 2008

Ле Топ 10

3 comments November 23rd, 2008

Previous Posts


Календар

March 2010
M T W T F S S
« Feb    
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  

Архива

Категории