Posts filed under 'Дирклуес'

Пред да се пофали TNT – Вашите Аll-Star резерви…

bosh i deron-1608

Според неколку извори, нема да се исполни желбата на ТНТ да ја имаат ексклузивата околу комплетирањето на All-Star тимовите за главната вечер.

Ова колку за инфо. Иако малку ме чуди што Хорфорд добил предност пред Џош Смит. Јас не би го ставил Пирс, ама тоа е чисто субјективно. Иначе, серијата на ТитаНикси без свој играч која трае од 2001 год. продолжува. На Запад. Пау, кој иако едно време беше и повреден доби предност пред Кејмн. Нормално, зад Лејкерси да бидат со еден играч.

Па, резерви на Истокот се:

Џо Џонсон, Ал Хорфорд, Пол Пирс, Ражон Рондо, Дерик Роуз, Крис Бош и Џералд Волас.

На Западот таа улога ќе ја имаат:

Крис Пол, Диркулес, Дурантула, Пау, Рој и честито и на двајцата – Дерон Вилијамс и Зеко Рендолф.

ПС: Одамна ни се немаат случено три поста во еден ден.

ПС2: Знам, и јас сум разочаран што ги нема Дарко Миличиќ и Адам Морисон.

9 comments January 28th, 2010

All-Star(тери)…Добра, лоша и заебана вест

istok all star

Ги имаме Ол-Стар петорките за во Далас следниот месец и до некаде поголемиот број НБА фанови, барема оние пореалните при гласањето, односно оние кои погледнале барем една средба оваа сезона, се задоволни од тоа како на крајот испаднаа работите.

Како во многу случаи, имаме една добра, една лоша и една онака, зезната вест.

Добрата секако е фактот дека Нештињо успеа на крај да го претрка Мекгрејди и да спаси голем срам (или пак комишот замижил на едно око) срам за НБА лик кој цела сезона има изиграно 45 минути да биде стартер.

Лошата е нереалноста при гласањето и тоа што наместо оние кои заслужуваат, како Џо Џонсон или Рондо, во првите пет на Истокот е лик кого на старт од сезоната го избркаа од Мемфис, каде беше резерва, кој после тоа изјави дека ќе се пензионира, за на крај да заигра за Филаделфија која и не процвета со него. Старата слава си го направи своето и Ајверсон се најде меѓу стартерите на Истокот.

west all star

Остатокот од петорките е прилично реален.

А да, заебаната вест. Штета за Дирк кој долго време беше второ крило на Западот. Но, некако Тимчо успеа да го претрка во фото-финиш. Така, Амари кој не игра центар ќе биде стартен центар на Западот, а на крило ќе игра Тимчо кој за својот тим игра на центар.  Знам, заебано, посебно за Диркулес, кој игра одлична сезона со своите Мавси.

Некој може да се побуни и дека има место и за Дурент, но тешко дека би го убацил некој место Кармело, Тимчо, па и Дирк. Сепак, иднината е во рацете на Дурент кој е вистински лидер на изненадувањето од Оклахома сити.

Јас лично би го ставил Бош во први пет на Исток на местото на истрошениот и сезонава пак повредениот Кеј-Џи. Бош игра далеку подобра сезона, како и лани, од Гарнет и местото му е првата петорка, но како и во случајот со Ајверсон, старата слава си го направи своето, иако Гарнет вреди многу повеќе од Ален.

Резервите ќе бидат познати за недела дена, а до тогаш ќе имаме време за муабет кој треба, а кој не треба да се најде во Далас.

7 comments January 22nd, 2010

Далас е блиску

all-star west

Некако во стил на празнициве, и МакНБА западна во некоја летаргија. Не дека ништо не се случуваше, напротив, посебно беше “интересен“ Аринас и глупостите во соблекувалната на Визардси, но за тоа некој друг пат.

Она што наскоро ќе го доживее својот крај е гласањето за првите Ол-Стар петорки, а последното собирање гласови пак на површина ја исфрли глупоста кај голем број фанови материјализирана во Ален Ајверсон како втор бек на Исток и на Трејси Мекгрејди во истата улога на Западот. Ужас.

Мојот глас нема да смени ништо, но погоре е мојата прва петорка на Западот, а под овој текст се првите пет на Истокот. За некои веројатно чуден избор, посебно на центарската позиција во двете конференции, но едноставно не ми се одеше по ќејфот на поголемиот број фанови па да гласам за Двајт или Амари, кои воопшто не ме импресионираат сезонава, посебно првиот.

Затоа се одлучив за двајца млади момци во Вуна Гасол и Брук Лопез, кои гинат на терен секоја вечер и покрај тоа имаат доста добри бројки, онака, во сенка. Остатокот од петорките мислам дека е логичен избор кој не треба посебно да се објаснува. На Истокот има дефицит од бекови и крила , додека на Западот има суфицит на истите позиции, поради тоа, некој мораше да извиси.

all-star east

17 comments January 5th, 2010

Трејси и се заблагодарува на Кина

t-mac patiki

Со мало задоцнување, ај малце и за првото пребројување на гласањето за Ол-Стар петорките кои ќе ги видиме во февруари во Далас.

Ако постоеше било каква здрава логика никој од нас немаше да биде изненаден од тоа која фаца е втора во конкуренцијата на бекови на Западот, арно ама, по се изгледа гласовите кои се пребројуваат на старт се тие од Кина, зошто да беа и само гласовите од Хјустон, Трејси Мекгрејди немаше да биде втор, зад Коби. Или, момакот кој нема одиграно еден меч сезонава, а и нешто не сме го виделе посебно во последниве најмалку година и пол, има повеќе гласови од Крис Пол, Дерон Вилијамс, Стив Неш, Брендон Рој, Билапс итд…

Па и од Арон Брукс, кој многу повеќе од него заслужува место во Далас, ако веќе мора да се гласа за некој од Хјустон.

Можеби како во случајот со Јаоза, НБА требаше да го тргне и Трејси од ливлињата за гласање за да не се деси некоја глупост. Но, нормално, тоа е неизводливо, пред се затоа што Ти-Мек би требал да заигра сезонава. Не е сигурно дека тоа ќе се деси во Хустон, но сепак.

Верувам дека некаде до 20. јануари работите ќе се сменат и ако сака да биде дел од Ол-Старот Трејси тоа ќе може да биде само ако си купи карта.

Кога Ти-Мек ќе испадне од комбинација, ќе биде весело да се види кој ќе биде втор бек на Западот. како и кого потоа ќе изберат тренерите со оглед на конкуренцијата каква што ни од далеку нема на бек на Истокот.

Остатокот од гласањето е донекаде очекуван. Без Јаоза и оној кој не е центар е убедливо прв во таа конкуренција на Западот.

Чудно е што одличниот сезонава кај се подобрите Тандер, Дурант, е дури петти меѓу крилата, па дури и Пау е пред него. Прв и втор се Мело и Дирк и тоа не би требало да се смени, па Кевин реално може да очекува покана од тренерите.

На Исток, Гарнет некако успева убедливо да биде пред Бош, а зад Леброн. Вејд е очекуван лидер меѓу бековите, каде втор е Картер, а трет Аринас. И овде има голем лапсус со оглед на тоа дека Реј Ален, Дерек Роуз и, пази сеа, Ален Ајверсон WTF!?!?!?! имаат повеќе гласови од Џо Џонсон. Ако некој заслужува да биде во игра за место покрај Вејд, заедно со Џо тоа е Рондо.

Центар на Истокот е Двајт. Добро утро.

ПС: Последниве неколку дена изгледав неколку одлични средби кои се решаа буквално во последните секунди. Дирк беше ѕвер против Бобкетси, Инстант риплејот ги уништи Визардси дома против Индијана, одлична завршница имаа и Бакси и Блејзерси, Санси имаа среќа со Орландо, но истото не се случи и во Денвер, Вулфси сабајлево преку Флин ја изненадија Јута, а Мемфис, иако одличен, не успеа да ги изненади Селтикси…

14 comments December 15th, 2009

Кобстер, Леброн, па сите други

lebron i kobi

Според гласањето кое го спроведе реноминариот Sporting News, Коби се наоѓа на врвот на  листата на “50 најголеми НБА играчи на денешницата“. Во гласањето учествувале дури 107 познати фаци меѓу кои членови на Хол оф Фејм, НБА оперативци, активни играчи, тренери итн…

Коби добил 62 гласа за прво место, Леброн застанал на 34, а Вејд на 11 први места.

Е сега, нормално, како и со секоја листа така и со оваа, има некои работи со кои добар дел од вас не би се согласил, а ни јас нешто посебно не се согласувам. Сепак, мило ми е што има три играчи на Хоукси во овие 50.

Лично, чудни ми се позициите на еден куп играчи и за добар дел се наметнува прашањето дали некои минати заслуги играле улога, иако пак од друга страна за некои како тоа воопшто да не важи.

Некои фаци не би ни требале да се најдат на оваа листа и мислам дека е лесно да се примети кои се, посебно ако се земе во предвид тоа дека во нивните сопствени екипи не се главни ѕвезди.

Но, на крајот е битен само врвот на кој сосема заслужено, посебно после освоената титула си е Кобстер, иако Леброн му дише во врат и не сумњам дека наскоро ќе си ги заменат местата.

Еве ја комплетната листа:

1. Kobe Bryant, SG, Lakers
2. LeBron James, SF, Cavaliers
3. Dwyane Wade, SG, Heat
4. Dwight Howard, C, Magic
5. Tim Duncan, PF, Spurs
6. Chris Paul, PG, Hornets
7. Kevin Garnett, PF, Celtics
8. Dirk Nowitzki, PF, Mavericks
9. Carmelo Anthony, SF, Nuggets
10. Paul Pierce, SF, Celtics
11. Steve Nash, PG, Suns
12. Deron Williams, PG, Jazz
13. Tony Parker, PG, Spurs
14. Brandon Roy, SG, Trail Blazers
15. Yao Ming, C, Rockets
16. Shaquille O’Neal, C, Cavaliers
17. Pau Gasol, PF, Lakers
18. Chris Bosh, PF, Raptors
19. Amare Stoudemire, PF, Suns
20. Chauncey Billups, PG, Nuggets
21. Kevin Durant, SF, Thunder
22. Manu Ginobili, SG, Spurs
23. Jason Kidd, PG, Mavericks
24. Tracy McGrady, SG, Rockets
25. Joe Johnson, SG, Hawks
26. Derrick Rose, PG, Bulls
27. Ray Allen, SG, Celtics
28. Gilbert Arenas, PG, Wizards
29. Ron Artest, SF, Lakers
30. Vince Carter, SG, Magic
31. Danny Granger, SF, Pacers
32. Baron Davis, PG, Clippers
33. Devin Harris, PG, Nets
34. Ben Gordon, SG, Pistons
35. Al Horford, C, Hawks
36. Carlos Boozer, PF, Jazz
37. Nene, C, Nuggets
38. Rajon Rondo, PG, Celtics
39. Andre Iguodala, SG, 76ers
40. Josh Smith, PF, Hawks
41. Rudy Gay, SF, Grizzlies
42. Hedo Turkoglu, SF, Raptors
43. Lamar Odom, SF, Lakers
44. Shane Battier, SF, Rockets
45. Elton Brand, PF, 76ers
46. Richard Jefferson, SF, Spurs
47. O.J. Mayo, SG, Grizzlies
48. Charlie Villanueva, PF, Pistons
49. Michael Redd, SG, Bucks
50. Andrew Bynum, C, Lakers

4 comments December 4th, 2009

Dirkules saves the day

Едно од пријатните изненадувања оваа сезона, со оглед на тоа дека имаа и се уште имаат проблеми со повреди на своите стартери, се Мавси кои синоќа само заради Диркулес славеа над уште едно пријатно изненадување, Милвоки.

Зи Џерманот, кога сите во Милвоки мислеа дека ќе гледаат второ продолжение, погоди за два со звук на сирената и победа на Далас. Покрај него, голем удел во победата имаше и Кид, на кого му недостигаше еден поен за трипл-дабл, а Брендон Џенингс, иако пак имаше одлични бројки, презема врз себе малку поголем терет од тој кој во моментот може да понесе па сакаше сам во клучните моменти да ги добие Мавси.

Иначе, првото место во Лигата заедно со Феникс го делат Хоукси кои синоќа во одличен меч по втор пат сезонава ги добија Блејзерси. Руди Фернандез со својот одличен клач шут даде се од себе да ја расипе совршената домашна серија на Атланта, ама во продолжението Џо не дозволи сопка за Хоукси.

И нормално, во вечер кога се играа три средби, НБА ТВ ја даваше најслабата: Орландо-Шарлот, во која деби за Бобкетси имаше Стивен Џексон, а деби сезонава имаше Рашард Луис.

Управата на Вориорси и Дон Нелсон му ја плеснаа на Џексон со тоа што го пратија во тим кој е на исто, ако не и полошо ниво од Голден Стејт. А момакот сонуваше да заигра покрај Леброн или пак повторно покрај Тимчо Роботчо.

6 comments November 17th, 2009

Флеш-инг

90040758ND016_HEAT_WIZ

Само што заврши НБА маратонот. На брзина по нешто од секој меч кој целосно или делумно го изгледав:

- Рон Артест отсега на МакНБА ќе го среќавате под прекарот ДИБЕК.

- Рокетси се екипиште, во вистинска смисла на зборот. Нема индивидуалци и сите млади момци (во основа млади) се 100% посветени на системот на Аделман. И без Јаоза, и без Ти-Мек, па и без Дибекот, Хјустон е подобар тим од лани, посебно од ментален аспект.

- Коби ги игра најдобрите години од својата кариера.

- Фишер не може да чува ни дупло побавни плејмејкери од Брукс.

- Хејс, Лендри, Скола, Батие – прави борци.

- Визардси никако немаат среќа со повреди. Вчера им се повреди и Мајк Милер, кој со неколку потези и тоа што играше со повредено рамо докажа дека не е Мишел Милер.

- Вејд, по кој знае кој пат, покажа дека е дел од НБА елитата. Знам дека многумина го спомнуваат Коби во иста реченица со Мајкл, но начинот на кој Вејд се движи, посебно откако ќе даде кош, е жива копија на Мајкл. Не пораснал џабе Двејн во Чикаго.

- Аринас се врати, барем во играчки смисол. Но, делува доста поианков, а најчудно е што скоро ич да не зборува кога е на теренот или за време на тајм-аут.

- Гарнет се испопали што Селтикси победија, едвај, против слабите Вулфси.

- Џони Флин од Минесота и Тајрик Еванс од Кингси се интересни дебитанти.

- Олексеј Печеров!

- Пирс не се одлепува од земја.

- Возраста на крај може да биде фактор кога се во прашање Селтикси.

- Рајан Андерсон од чиста додавка за да се пополни трејдот на Винс, стана доста битен играч за Орландо.

- Нешто слабо блокади годинава за Двајт.

- Пол е играчиште. Штета што е во Хорнетси.

- Диркулес после она против Јута, се посра во Њу Орлеанс.

2 comments November 5th, 2009

Next Posts Previous Posts


Календар

July 2010
M T W T F S S
« Jun    
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031  

Архива

Категории