Posts filed under 'Гилбертологија'
Последниве неколку дена во НБА се актуелни тренерските промени. Мислам на тие во Оклахома сити и Вашингтон, двете екипи со катастрофален старт. Ако го очекував отказот за Карлисимо, кој и онака не мислев дека е добар избор за младиот тим уште лани, кога екипата која се викаше Сиетл Суперсоникс, малку ме изненади отказот на Еди Џордан. Човекот не е ни малку крив што Визардси имаа старт од 1-10, посебно не со оглед на тешките повреди на Жилберто и Брендан Хејвуд. Џордан ги однесе Визардси до плеј-офот задњиве четири години, па и лани кога исто така не можеа многу-многу да сметаат на Аринас. Управата да беше малку поспособна ќе му донесеше вистински засилувања на Џордан или ќе задржеше некој од играчите кои можеа да го менуваат Аринас додека е овој повреден. За тоа зборував во еден коментар на претходниот пост.
* * * * * * *
Од другите ствари, еве го Топ 10 од синоќешните мечеви во кој пак доминира Леброн. Кога сме кај Леброн,синоќа, слично како и во посетата на Њу Џерси пред некое време, медиумите беа опседнати со летото 2010. година и иднината на Џејмс во Кливленд. За тоа има време, но изгледа во Њу Џерси (Бруклин) и Њујорк немаат зошто да и се радувата на сегашноста, па гледаат година и пол во иднината. Мора да го имаат Хиро Накамура негде во офисот.
Целото внимание на медиумите во Медисон синоќа Леброн и Најк го искористија на најдобар можен начин - за промоција на спешл едишн од моделот на Леброн. Издание кое ме враќа на Ол-Стар МВП титулата на Скоти и неговите црвени Најки.
* * * * * * *
И, уште ова. Восочното издание на Жилберто малку ми го поремети планот, ама денес пак налетав на фоткава од Вејд како куца во фацата на Џермејн, фотка која сакав да ја ставам за “Фотка на неделата“. Иако не го дочека тоа, Вејд дефинитвно заслужува да се постира оваа фотка. Како потврда дека повредите се минато.
November 26th, 2008
Мислев да ставам едно фино куцање за Фотка на неделата, ама денес налетав на сликава на Гилберт Аринас и Гилберт Аринас, само од восок. Од славниот за изработка на фигури од восок - музеј Мадам Тисо, од некоја причина одлучиле дека е потребно во нивниот музеј во Вашингтон да ја постават токму фигурата на Аринас. Не на некоја од поголемите ѕвезди од него или пак некоја која сама по себе по големината би привлекувала поголемо внимание - Шек, туку на Аринас, кој веќе повеќе од година дена е целосно во аут.
Веројатно во долниот дел од сликата кој не се гледа има и протеза за колено од восок, како и клупа, одело и вреќа со лед, разбира се, се од восок.
ПС: Кога ли нашол време да позира?
November 21st, 2008
Последниве неколку дена ама баш ништо посебно не се дешаваше во НБА, па затоа и Врба и нашите момци останаа главен пост на подолго време. А и заслужија. Плус, луфтата во НБА дешавките (како и малце подобрата здравствена состојба) ја искористив да ја напишам најавата за новата сезона (при крај сум) за ЕСпорт, каде од следниот месец и самата НБА прави камбек.

Од она што се случуваше последниве неколку дена, секако дека гласините околу иднината на Стефон Марбери беа топ тема, а веста за пензионирањето на Шариф Абдур-Рахим помина како и кариерата на Риф, без доволно внимание од медиумите, иако момакот со својот талент, па и со своите игри, барем до пред две-три години, го заслужуваше тоа. Од играчка гледна точка, Риф беше една од најкомплетните “четворки“ во Лигата одреден период, но имаше кај него една ствар која секогаш ми пречеше, посебно кога беше дел од Хоукси. Момакот едноставно не беше роден за лидер, а токму тоа неколку екипи го очекуваа од него. Кога сите сфатија дека од тоа нема ништо, веќе беше предоцна. Коленото си ја направи непоправливата штета, за на крај да биде и главна причина за неговото пензионирање по 12 НБА сезони.
Ми текнуе на една утакмица која ја гледав во живо, можеби зашто средбите на Атланта на ТВ последниве 10 години беа ретки ко брадата на Шеп, во која Риф целосно го растури Данкан, а Хоукси го изненадија тогаш големиот тим на Спарси…Среќна пензија, Риф, веројатно ќе имаш пари за лекови за хроничните болки во коленото.
———————-
Го спомнав и Марбери, на кого типично за Њујорк, еден ден ќе му биде откупен договорот, следниот Волш изјавува дека тоа нема врска, за потоа Стеф да си каже дека нема да се согласи на никаков откуп - само трејд или да му ги исплатат сите пари кои му остануваат од договорот, па да си биде слободен играч.
“There wouldn’t be no negotiation,” Marbury said. “They’re going to give me all my money. … If they want to waive me and give me all my money, fine. If not, I’ll try to help this organization win the championship. They told me to come to camp in the best shape of my life, and I did that. But I don’t want to be in a place I’m not wanted.”
Тешко фраериште.
Како опции, ако стварно дојде до заминување од Никси, на различни места видов дека се спомнуваат различни екипи, од кои добар дел немаат апсолутно никаква логика. Како на пример Сан Антонио, каде Попович никогаш не би си дозволил да си има работа со некој како Стефон. Истото се однесува и на Бостон, кој нема потреба да ја менува шампионската хемија, а тука е и “пријателството“ уште од Минесота со Гарнет. Иако сменет Марбери би можел да биде интересен во зелено.
Се спомнуваат и Клиперси, кои веќе ги имаат Берон и Џејсон Вилијамс, како и рукито Ерик Гордон на таа позиција, а и Булси во некаков трејд за Бен Гордон. Не знам само кој можел воопшто да помисли на таква алтернатива кога на Чикаго би му останале Роуз и Хајнрих.
Сево ова го остава Мајами како единствена реална опција. Немањето никаков плеј е голем проблем за тимот на Споелстра, па Марбери би можел да биде некакво решение за таа дупка во тимот. Плус, таму нема да се очекува да биде прва ѕвезда. Се знае кој е газда во Мајами.
———————-
За крај новите гостински дресови на Милвоки (како втора опција). Од кај отидоа на црвено, не знам, ама важно го немаат она еленот на тоа гадниот темно зелен дрес кој го фураа во времето на Биг Дог.
Плус, новиот дрес на Орландо, кој ги врати пижама линиите од 90-те.
ПС: А и Аринас нема да игра веројатно во првите два месеци од сезоната, ако не и повеќе. Добро за него што се согласи летово наместо 127 да им земе 111 милиончиња на Визардси.
September 25th, 2008
Муабетот со тоа како милионите ја вртат НБА од претходниот пост, само продолжи да си тече сабајлево кога Жилберто Аринас и Крис Пол заедно инкасираа 179 милиони долари. Нормално, не одеднаш. (И нормално, кога зборувам за милиониве, не ја вртат тие само НБА, тие го вртат целиот спорт денес, но за тоа сме свесни одамна.)
Него, за новите договори на Аринас и Пол.
Факт е дека и двајцата можеа да добијат повеќе и од ова, ама факт е дека и и изиграа крајно паметно. Пол потпиша на само четири години за 68 милиони, што значи дека за четири години сигурно е слободен играч, кога би требал да биде во полна сила. Уствари, ако сака, Пол може да биде слободен и после третата сезона, со оглед на опцијата која ја има во свои раце да го раскине договорот после три години.
Ова е тренд на кратки, ама слатки договори кој го започнаа Леброн, Вејд, Бош и Кармело и кој е тотално спротивен од она што едно време гледаше да го направи секој малку подобар играч после две добро одиграни сезони. И е многу паметно нешто од младите момци, кои со ова се ставаат себеси во позиција да бираат чива понуда од преку 100 милиони покасно ќе ја прифатат. Повредите се секогаш ризик, но нема ништо во животот без ризик.
Аринас пак, можеше да земе максимални 127 милиончиња, но се одлучи за скромни 111. Не е типот толку луд ко што делува понекогаш. Ко што вика самиот…
“What can I do for my family with $127 million that I can’t do with $111 million?”
Вака, тој нема да биде сидрото кое ќе го влече бродот на Визардси надоле кога ќе им требаат пари за ангажман на едно добро засилување. Што им е секако битно, посебно сега кога ги обезбедија на подолго Аринас и Џејмисон, а ќе има ситно и за Батлер. Потрагата по некој кој колку-толку ќе ја спречи промајата во рекетот во Вашингтон почнува.
“I’m basically giving back $16 million. This is in line with what I’ve been saying the whole time. You see players take max deals and they financially bind their teams. I don’t wanna be one of those players and three years down the road your team is strapped and can’t do anything about it.”
Кој остана со најкратки раце од дилов на Аринас? Најголемите лузери до сега на пазарот, Вориорси, кои исто така имаа понуда од преку 100 милиони до својот екс-играч со цел да ја пополнат дупката по заминувањето на Берон. Вориорси имаат голема понуда и до Бренд, ама како што стојат работите, а и како што мислам, Елтон си останува во Лос Анхелес.
July 4th, 2008
И сеа би одело она селското…“Шо ви реков“…Ама стварно, одма кога видов дека Берон решил да се откажува од последната година, помислив дека тоа е така зашто сака да игра во Клиперси. Имало и такви типови…Како и да е, ќе биде интересно во Ел-Еј, посебно ако како лани, Би-Диди остане здрав за него неверојатни 82 средби.
NBA front-office sources told ESPN.com’s Marc Stein that Baron Davis has reached a verbal agreement with the Clippers on Tuesday night and will sign a new multi-year contract with the club after the league wide moratorium on signings and trades is lifted July 9.
Davis surprised the Warriors by opting out of the final season of his $17.8 million contract on Monday.
Sources told ESPN.com that Davis, 29, will receive a five-year deal worth an estimated $65 million.
“From a basketball standpoint it’s always been about winning for Baron,” his agent Todd Ramasar told the Los Angeles Times. “This presented a good opportunity to do that to pair him with Chris Kaman and Elton Brand is expected back.”
——————————
Е сега, Вориорси да не останат покуси, според Вашингтон Пост, му понудиле на Гилберт Аринас, својот екс-играч на кој некогаш не сакаа да фрлаат пари, цели 100 милиони долари. Иди па фати им го крајот. Мада и помислата на Жилберто во системот на лудиот Дон со играчите кои ги имаат сега без Берон не делува ни малку лошо.
The Warriors offered Gilbert Arenas a maximum-level contract, one that would pay him more than $100 million over five years.
July 2nd, 2008
Не е лесно да си Трејси Мекгрејди. Тип кој го нема никаде кога е најпотребно и кој никогаш во кариерата и покрај сите насловни, атрактивни потези и ол-стар настапи, во својата кариера ја нема поминато првата рунда од плеј-офот, нешто што нема да се смени ни оваа сезона. Делумно за тоа не си е крив самиот, кога има соиграчи кои реално гледано тешко дека би можеле да си најдат место во ротацијата на некои други екипи. Со исклучок на Батие и веројатно Боби Џексон, Јаоза и Алстон не се во игра затоа што стварно не се во…игра.
Тоа што сабјалево се дешаваше во Хјустон беше вистински показател по кој знае кој пат за тоа каков играч е Трејси, кој иако беше блиску до трипл-дабл беше веројатно најголемото разочарување за сите во арената. 0-4 од игра и само еден поен во задња четвртина, и тоа откако на Гејм 1 имаше 0-3 од игра во задњи 12 минути.
“I had no legs. I was on empty. Banging with Matt Harpring, trying to rebound, trying to make plays for my team, trying to score, playing 43 minutes. That’s a lot.”
И каква му е оваа изјава?
Серијата, која и пред да почне беше на некој начин готова, сега и стварно е готова, затоа што Јута сеознава ретко губеше дома каде има скор 37-4. Не ми се верува дека Хјустон има сили за чудо.
Барем играњето во ист тим со Јао на некои нивни играчи како Френсис и Батие им донесе ненормална слава во Кина.
* * * * * *
Во другата серија меѓу 4 и 5 носител, Кавси пак спротивно од очекувањата ги згазија алапачите Визардси со рекордни во својата плеј-оф историја плус 30, Сега, ако лигата одлучи да го казни Хејвуд со една средба неиграчње за фаулот над Леброн, не гледам начин како Вашингтон со својата промаја во рекетот каде го имаат само Хејвуд, дека може да ја добие Гејм 3.
Големото трио на Визардси беше бедно на оваа средба и се наметнува прашањето дали играњето на Аринас, кој ја нема познатата експлозивност од пред повредите, повеќе му штети на својот тим отколку што му користи?
Леброн ко Леброн. Ѕвероња.
April 22nd, 2008
Да не бидат три посебни поста на ден пред стартот на плеј-офот, ај во еден пост да им одадам почит на екипите кои оваа сезона го направија она што никој не го очекуваше од нив, барем не во ситуацијата во која се најдоа, во случајот на Хјустон и Визардси.
За серијата на Хјустон се пишуваше доволно, но кога ќе се фрли поглед наназад, тоа достигнување пак изгледа неверојатно. За тоа се заслужни ама баш сите во Хјустон, па и Јаоза, чива повреда ги натера другите играчи да сата повеќе од нивните моментални можности.
Повредата на Аринас на стартот на сезоната требаше да значи пад на Вашингтон на табелата на Истокот, а потоа повредата на Батлер требаше да биде конечниот удар за нивните плеј-оф амбиции. Наместо тоа, предводени од мене никогаш омилениот Џејмисон, а и Батлер кога не беше повреден, Визардси одиграа неколку одлични месеци во кои рамноправно се носеа со секого. Сега, со здрав Жилберто, Кавси тешко дека ќе ги поминат во прават рунда, а сигурен сум дека ни Бостон не е баш воодушевен што веројатно ќе си има работа со нив. Оваа сезона беше и потврда на тренерските квалитети на Еди Џордан, кој на некој апсурден начин покажа дека подобро се снаоѓа кога во тимот нема суперстар.
Сиксерси се тимот кој требаше да биде на дното на Истокот, а се најде на неговото седмо место на крајот од сезоната. Кога ќе се погледне нивниот состав, ова достигнување посебно добива на тежина, а оваа сезона е нова потврда на квалитетот за секогаш потценетиот Андре Милер и радничкиот пристап на тренерот Морис Чикс.
Всушност, овие три тима се потврда дека понекогаш можете и без две -три ѕвезди во тимот да остварите многу повеќе од тоа што се очекува од вас. Тоа што нема да се борат за титулата ич не го намалува нивниот успех.
April 18th, 2008
Previous Posts