Posts filed under 'Фотка на неделата'

Фотка на неделата 60 - Агент Восок

Photobucket

Мислев да ставам едно фино куцање за Фотка на неделата, ама денес налетав на сликава на Гилберт Аринас и Гилберт Аринас, само од восок. Од славниот за изработка на фигури од восок - музеј Мадам Тисо, од некоја причина одлучиле дека е потребно во нивниот музеј во Вашингтон да ја постават токму фигурата на Аринас. Не на некоја од поголемите ѕвезди од него или пак некоја која сама по себе по големината би привлекувала поголемо внимание - Шек, туку на Аринас, кој веќе повеќе од година дена е целосно во аут.

Веројатно во долниот дел од сликата кој не се гледа има и протеза за колено од восок, како и клупа, одело и вреќа со лед, разбира се, се од восок.

ПС: Кога ли нашол време да позира?   :)

5 comments November 21st, 2008

Фотка на неделата 58 и 59 - Солзите на Пирс и Летот на Иги

Со стартот на сезоната малце подзаборавив на Фотка на неделата, нешто што одеше цела мината сезона и по потреба во текот на летото. Затоа, еве две фотки кои мене ми се најдобри од првите две недели од новата сезона. При нивниот избор се мислев, дали да пресуди нешто симболично, како серија победи, трејд, нов дрес и сл. или пак чисто уметничкиот аспекат. Уследи компромис, така што….

Photobucket

Пол Пирс во солзи можеби на прв (а и секој друг) поглед и не е баш убава глетка, но има длабоко значење…

Photobucket

…додека куцањето на Игудала против Орландо нема никаква врска со слабите негови партии до сега или пак не баш сјајниот старт на Сиксерси. Фотката е едноставно екстра.

5 comments November 10th, 2008

Фотка на неделата 57 - Комплетирање на кругот

Photobucket

После десет години, пад во Б-Дивизијата и камбек меѓу подобрата половина на Еуро селекции, ете не повторно на едно ЕП. Кругот конечно комплетиран. Сега ќе ја чекаме ждрепката и ќе се молиме на некој, условно кажано, полесен противник. И нормално, ќе навиваме за нашите во Полска. Една сезона плус секако ќе им дојде супер на повеќето од нашите момци, освен можеби на момакот од сликата, кој ќе мора да се сочува некако за ЕП.

9 comments September 20th, 2008

Фотка на неделата 56 (спешл едишн) - Засекогаш поврзани

Photobucket

Одамна немало Фотка на неделата, а? Овие двајца, чии кариери се неверојатно и постојано поврзани заслужуваат многу повеќе од само тоа, но за сега останува на ова - нивната заедничка фотка од Спрингфилд каде станаа жители на Хол оф Фејм.

Во минатото овде повеќе се пишувало за Хаким, отколку за Јуинг, но веројатно ќе има некој пост во иднина и за Пет.

10 comments September 6th, 2008

Фотки на неделата 55 - Дабл…дабл

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Две муви со еден удар. Било да зборуваме за двете средби кои не ги коментиравме тука, било за камбекот на стариот Ману после мизерните први две средби од финалето на Западот.

Или пак за првата гостинска победа на Бостон после првиот пораз дома во овој плеј-оф. Триумф со кој Селтикси конечно покажаа дека имаат шампионски менталитет, нешто што вечерва може да добие само потврда. Или пак ќе се вратиме во Бостон со 2-2.

На враќање со 2-2 во Лос Анџелес ќе се надеваат и Спарси, кои исто така покажаа шампионски карактер преку Ману, но и преку Тимчо и неговиот 20-20 дабл-дабл и Тончи и неговите шетања низ рекетот. Кога овие тројца играат како синоќа, не им ни требаат другите момци во нападот, па така можат да си дозволат со нив на теренот да се најдат ликови како Боувен (кој наводно можел да го чува Коби, иако тоа никако да го видиме) и Хори, кој е тотално неупотреблив, било во одбрана, било во напад.

Толку. Кратко. Сега очекувам пофалби на сметка на “големиот играч“ Хори.

4 comments May 26th, 2008

Спешл фотки на неделата - МВП!

Слики наместо текст…(зошто ме мрзи да пишувам)

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

24 comments May 8th, 2008

Фотка на неделата 54 - If you build it, they will come…

Photobucket

Малку ми е шубе пишувањето пост кога знам дека нема да има кој што да искоментира на него (кој не знае зошто нека го види претходниот пост). Така, нема да пишувам ништо посебно, освен што ќе им одадам почит на Хорнетси и нивните фанови. Њу Орлеанс втора средба по ред го декласираше шампионот и тоа со ист рецепт, со изедначено прво и доминација во второто полувреме. Сега тие имаат 2-0 против Спарси, кои за последен пат губеле со 0-2, 2001 година кога Лејкерси ги збришаа со 4-0 во финалето на Западот.

Покрај одличните игри на Хорнетси, за поздрав се и фановите на Хорнетси кои 11-та средба по ред ја пополнија арената до последното место. Тоа не е мала работа за градот кој се уште во добар свој дел е под вода или е разрушен.

1 comment May 6th, 2008

Previous Posts


Календар

December 2008
M T W T F S S
« Nov    
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  

Архива

Категории